италијанска вечер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/italijanska-vecher/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jul 2024 07:41:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png италијанска вечер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/italijanska-vecher/ 32 32 Ансамблот „Маре Нострум“ го донесе барокот на „Охридско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ansamblot-mare-nostrum-go-donese-barokot-na-ohridsko-leto/ Mon, 22 Jul 2024 07:41:19 +0000 https://republika.mk/?p=799062

Музичкиот барок како најзначајна епоха во развојот на музичката уметност вчеравечер на „Охридско лето“ го донесоа членовите на ансамблот „Маре Нострум“ кои настапија во рамките на традиционалната Италијанска вечер на фестивалот.
Под диригентската палка на маестро Андреа Де Карло, настапија сопранот Џулија Болкато, контратенорот Данило Пасторе, баритонот Масаши Томосуги и тенорот Анџело Тестори. Публиката уживаше и во маестралната изведба на Маргерита Буратини на харфа, Џулио Фалцоне на теорбо, Томас Чигиони на виолончело, Серена Сегетини на виола да гамба и Амлето Матеучи на контрабас.
Фестивалот „Охридско лето“ ја организира Италијанската вечер со поддршка на Амбасадата на Италија во земјава и Италијанскиот културен институт во Белград. Амбасадорот Андреа Силвестри кој четврта година по ред ја отвора Италијанската вечер на „Охридско лето“ во магичниот византиски амбиент на црквата „Света Софија“ рече дека ова е можеби неговиот последен говор на фестивалот како амбасадор на Италија, но увери дека ќе ги задржи спомените, и како што кажа, магичните моменти доживеани токму на „Охридско лето“.
-Горд сум што придонесов заедно со мојата Амбасада за концертите на многу реномирани италијански уметници. И вечерва, таа традиција на извонредност ќе продолжи, благодарение и на напорите на Италијанскиот културен институт во Белград бидејќи ќе имаме задоволство да уживаме во изведбата на уникатниот италијански ансамбл „Маре Нострум“ под диригентската палка на маестро Андреа Де Карло. Ансамблот „Маре Нострум“ е еден од најоригиналните и најизненадувачките барокни ансамбли, веќе референца на римската барокна музика и особено на делата на големиот композитор Алесандро Страдела, истакна амбасадорот Силвестри.
Ансамблот „Маре Нострум“ основан во Рим од страна на диригентот и уметнички раководител Андреа де Карло важи за еден од најоригиналните и изненадувачки барокни ансамбли кои се посветени на изведбата на „стара“ музика со особен афинитет кон музиката од италијанските композитори, особено на оперите на Алесандро Страдела.

 

The post Ансамблот „Маре Нострум“ го донесе барокот на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Музичкиот барок како најзначајна епоха во развојот на музичката уметност вчеравечер на „Охридско лето“ го донесоа членовите на ансамблот „Маре Нострум“ кои настапија во рамките на традиционалната Италијанска вечер на фестивалот. Под диригентската палка на маестро Андреа Де Карло, настапија сопранот Џулија Болкато, контратенорот Данило Пасторе, баритонот Масаши Томосуги и тенорот Анџело Тестори. Публиката уживаше и во маестралната изведба на Маргерита Буратини на харфа, Џулио Фалцоне на теорбо, Томас Чигиони на виолончело, Серена Сегетини на виола да гамба и Амлето Матеучи на контрабас. Фестивалот „Охридско лето“ ја организира Италијанската вечер со поддршка на Амбасадата на Италија во земјава и Италијанскиот културен институт во Белград. Амбасадорот Андреа Силвестри кој четврта година по ред ја отвора Италијанската вечер на „Охридско лето“ во магичниот византиски амбиент на црквата „Света Софија“ рече дека ова е можеби неговиот последен говор на фестивалот како амбасадор на Италија, но увери дека ќе ги задржи спомените, и како што кажа, магичните моменти доживеани токму на „Охридско лето“. -Горд сум што придонесов заедно со мојата Амбасада за концертите на многу реномирани италијански уметници. И вечерва, таа традиција на извонредност ќе продолжи, благодарение и на напорите на Италијанскиот културен институт во Белград бидејќи ќе имаме задоволство да уживаме во изведбата на уникатниот италијански ансамбл „Маре Нострум“ под диригентската палка на маестро Андреа Де Карло. Ансамблот „Маре Нострум“ е еден од најоригиналните и најизненадувачките барокни ансамбли, веќе референца на римската барокна музика и особено на делата на големиот композитор Алесандро Страдела, истакна амбасадорот Силвестри. Ансамблот „Маре Нострум“ основан во Рим од страна на диригентот и уметнички раководител Андреа де Карло важи за еден од најоригиналните и изненадувачки барокни ансамбли кои се посветени на изведбата на „стара“ музика со особен афинитет кон музиката од италијанските композитори, особено на оперите на Алесандро Страдела.  

The post Ансамблот „Маре Нострум“ го донесе барокот на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
Италијанска вечер на „Охридско лето“ со ансамблот „Маре Нострум“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/italijanska-vecher-na-ohridsko-leto-so-ansamblot-mare-nostrum/ Sat, 20 Jul 2024 08:25:04 +0000 https://republika.mk/?p=798667

Во црквата „Св. Софија“ во Охрид вечерва во 21 часот концерт ќе одржи ансамблот „Маре Нострум“ од Италија. Ќе настапат: Џулија Болкато, сопран, Данило Пасторе, контратенор, Масаши Томосуги, баритон, Анџело Тестори, тенор, Маргерита Буратини, харфа, Џулио Фалцоне, теорбо, Томас Чигиони, виолончело, Серена Сегетини, виола да гамба, Амлето Матеучи и Аучија Аделаиде ди Никола, клавичембало и оргула. На програмата е „Санта Пелагија“, ораториум за четири гласа и контиуо од Алесандро Страдела.

Ансамблот „Маре Нострум“ во Рим го основал диригентот и уметнички раководител Андреа де Карло и важи за еден од најоригиналните и изненадувачки барокни ансамбли кои се посветени на изведбата на „стара“ музика со особен афинитет кон музиката од италијанските композитори, особено на оперите на Алесандро Страдела. По нивните високо оценети и наградувани снимени изданија, во 2013 година се раѓа проектот „Страдела“, колекција на ЦД-а со комплетните дела од овој композитор снимени за издавачката куќа Аркана. Сите посебни ЦД-а (серенади, опери и ораториуми) добиваат одлични критики и се признати од страна на меѓународната музичка јавност. Својот иновативен и истражувачки пристап Маестро Де Карло го презентира на бројни семинари, мајсторски курсеви и конференции и тој наскоро ќе биде издаден во печатено издание. Ансамблот на своите интерпретации им приоѓа студиозно и со долгогодишно посветено музиколошко истражување, кое резултира со нови печатени изданија на досега непознат нотен материјал, како и на критички едиции на веќе објавени музички дела.

The post Италијанска вечер на „Охридско лето“ со ансамблот „Маре Нострум“ appeared first on Република.

]]>

Во црквата „Св. Софија“ во Охрид вечерва во 21 часот концерт ќе одржи ансамблот „Маре Нострум“ од Италија. Ќе настапат: Џулија Болкато, сопран, Данило Пасторе, контратенор, Масаши Томосуги, баритон, Анџело Тестори, тенор, Маргерита Буратини, харфа, Џулио Фалцоне, теорбо, Томас Чигиони, виолончело, Серена Сегетини, виола да гамба, Амлето Матеучи и Аучија Аделаиде ди Никола, клавичембало и оргула. На програмата е „Санта Пелагија“, ораториум за четири гласа и контиуо од Алесандро Страдела. Ансамблот „Маре Нострум“ во Рим го основал диригентот и уметнички раководител Андреа де Карло и важи за еден од најоригиналните и изненадувачки барокни ансамбли кои се посветени на изведбата на „стара“ музика со особен афинитет кон музиката од италијанските композитори, особено на оперите на Алесандро Страдела. По нивните високо оценети и наградувани снимени изданија, во 2013 година се раѓа проектот „Страдела“, колекција на ЦД-а со комплетните дела од овој композитор снимени за издавачката куќа Аркана. Сите посебни ЦД-а (серенади, опери и ораториуми) добиваат одлични критики и се признати од страна на меѓународната музичка јавност. Својот иновативен и истражувачки пристап Маестро Де Карло го презентира на бројни семинари, мајсторски курсеви и конференции и тој наскоро ќе биде издаден во печатено издание. Ансамблот на своите интерпретации им приоѓа студиозно и со долгогодишно посветено музиколошко истражување, кое резултира со нови печатени изданија на досега непознат нотен материјал, како и на критички едиции на веќе објавени музички дела.

The post Италијанска вечер на „Охридско лето“ со ансамблот „Маре Нострум“ appeared first on Република.

]]>
Врвно естетско доживување со тенорот Лечезе и пијанистот Хаса https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vrvno-estetsko-dozhivuvane-so-tenorot-lecheze-i-pijanistot-hasa/ Thu, 03 Aug 2023 11:14:30 +0000 https://republika.mk/?p=668246

Возвишено естетско доживување ѝ понудија на публиката италијанските уметници тенорот Џани Лечезе и пијанистот Екланд Хаса кои настапија на Италијанската вечер на фестивалот „Охридско лето“.

Италијанската вечер на „Охридско лето“ е традиционална и се одржува со поддршка од Амбасадата на Италија во Република Македонија. Амбасадорот на Италија во земјава, Андреа Силвестри рече дека оваа вечер е посебна бидејќи се одржува на големиот национален празник Илинден, а од друга страна пак, годинава се одбележуваат и три децении од воспоставувањето на македонско-италијанските дипломатски односи.

Оваа италијанска вечер на 63-то „Охридско лето“ е посебна бидејќи се одржува на Илинден и би сакал да ви го честитам националниот празник. Исто така, годинава  славиме 30 години од воспоставувањето на нашите дипломатски односи. Имаме одлична соработка во секое поле со Македонија и секогаш ја поддржуваме на патот кон нејзините евроатлански   аспирации. Од економски аспект,  ние секогаш сме  биле и ќе бидеме едни од најважните партнери за  трговија и инвестирање. И во однос на културата, сме многу активни, изјави италијанскиот амбасадор Силвестри.

Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, истакна дека годинава фестивалот има рекордна поддршка од страна на дипломатските претставништва во земјава.

Годинава имаме рекордна поддршка од дипломатските претставништва во земјава. Единаесет амбасади ги поддржаа нивните уметници, наедно и сите амбасадори со нивното присуство, нивните говори и со нивната голема благодарност кон фестивалот „Охридско лето“. Сметам дека тоа е многу важно за нашата култура и за нашите уметници кои понатаму воспоставуваат соработки и надвор од границите на нашата земја, рече директорката Поповиќ.

По вчерашната Италијанска вечер, вечерашната програма на фестивалот ќе биде во знакот на француската уметност со концертот за четирирачно пијано  на дуото Дезомбре-Леклер.

 

The post Врвно естетско доживување со тенорот Лечезе и пијанистот Хаса appeared first on Република.

]]>

Возвишено естетско доживување ѝ понудија на публиката италијанските уметници тенорот Џани Лечезе и пијанистот Екланд Хаса кои настапија на Италијанската вечер на фестивалот „Охридско лето“. Италијанската вечер на „Охридско лето“ е традиционална и се одржува со поддршка од Амбасадата на Италија во Република Македонија. Амбасадорот на Италија во земјава, Андреа Силвестри рече дека оваа вечер е посебна бидејќи се одржува на големиот национален празник Илинден, а од друга страна пак, годинава се одбележуваат и три децении од воспоставувањето на македонско-италијанските дипломатски односи.
Оваа италијанска вечер на 63-то „Охридско лето“ е посебна бидејќи се одржува на Илинден и би сакал да ви го честитам националниот празник. Исто така, годинава  славиме 30 години од воспоставувањето на нашите дипломатски односи. Имаме одлична соработка во секое поле со Македонија и секогаш ја поддржуваме на патот кон нејзините евроатлански   аспирации. Од економски аспект,  ние секогаш сме  биле и ќе бидеме едни од најважните партнери за  трговија и инвестирање. И во однос на културата, сме многу активни, изјави италијанскиот амбасадор Силвестри.
Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, истакна дека годинава фестивалот има рекордна поддршка од страна на дипломатските претставништва во земјава.
Годинава имаме рекордна поддршка од дипломатските претставништва во земјава. Единаесет амбасади ги поддржаа нивните уметници, наедно и сите амбасадори со нивното присуство, нивните говори и со нивната голема благодарност кон фестивалот „Охридско лето“. Сметам дека тоа е многу важно за нашата култура и за нашите уметници кои понатаму воспоставуваат соработки и надвор од границите на нашата земја, рече директорката Поповиќ.
По вчерашната Италијанска вечер, вечерашната програма на фестивалот ќе биде во знакот на француската уметност со концертот за четирирачно пијано  на дуото Дезомбре-Леклер.  

The post Врвно естетско доживување со тенорот Лечезе и пијанистот Хаса appeared first on Република.

]]>
Италијанска вечер на „Охридско лето“ со тенорот Лечезе и пијанистот Хаса https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/italijanska-vecher-na-ohridsko-leto-so-tenorot-lecheze-i-pijanistot-hasa/ Wed, 02 Aug 2023 20:05:54 +0000 https://republika.mk/?p=668064

Традиционалната Италијанска вечер на фестивалот „Охридско лето“ вечерва нуди концерт на извонредните уметници,  тенорот  Џани Лечезе и пијанистот Екланд Хаса кои ќе настапат под акустичните сводови на црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин, од 21 часот.

Лечезе е ученик на Вилијам Матеуци и Леоне Магиера.  Џани Лечезе дебитира  во операта „Палјачи“ од Р. Леонкавало во театарот во Пиза, по што настапува со истата улога  во Гросето, Пескара, Витербо  во рамки на театарските сезони и на фестивали. Неговата интернационална кариера го води на концерти и изведби на оперски претстави во Кина, Индонезија, В. Британија, Грција, Египет, Франција, Чешка, Полска, Јапонија, Кипар, Романија и Бугарија каде неговите изведби се проследени со позитивни одгласи од стручната критика и од публиката. Соработувал со некои од најголемите оперски ѕвезди на денешницата како: Катја Ричарели, Џанфранко Цечеле, Лео Нучи, Карло Коломбара, Пипо Баудо и Пјетро Бало. Во 2011 година е добитник на наградата „Тенор на новата генерација“ од Фондацијата на Арена ди Верона. Во 2018 година Лечезе е поставен за уметнички директор на фестивалот на отворено на сцената на Театарот „Каве ди Фантиано“ во Пулиа, Јужна Италија.

Екланд Хаса е роден во Тирана, каде што учел во уметничкото училиште „Јордан Мисја“ и Академијата за ликовни уметности. Стекнал различни специјализации во Италија и Германија, а меѓу неговите учители можеме да вклучиме имиња како што се Нихал Хакиу, Пранвера Чауши Кхорџи, Анита Тартарие и Лудвиг Хофман.

Наградуваниот уметник, соло пијанист во театарот за опера и балет во Тирана, решава да ја напушти Албанија во пострежимскиот период, преселувајќи се во Јужна Италија. Овде неговиот живот како музичар има различни, но подеднакво задоволувачки импликации: од 1995 година па наваму тој свири како солист и придружник на оперски пејачи во Театро Верди во Маргера, Театро Политеама Греко, Ла Фениче, Тито Шипа, Паисиело, Маскањи и многу други.

Од 2000 година станува уметнички директор на Accademia Lirico – Pop “Albano Carrisi”, започнувајќи ја турнејата како пијанист што го однела во САД, Канада, Москва, Узбекистан, Бугарија, Романија, Шпанија, Франција, Малта, Германија, Холандија, Белгија, Данска, Норвешка, Шведска и сè уште низ целиот свет. Во 2007 година стана почесен граѓанин на градот Нардо. Работел за дискографските куќи Albano Carrisi production и 11/8 records. Тој е музички директор на театарот Пјетро Маскањи во Нардо и учествуваше како соработник Маестро во албумот „Кариси пее Карузо“. Соработувал со Инва Мула, Монсерат Кабале, Леонардо Грамења, Ева Големи, Маријана Лека, Емануела Ди Пјетро (директор на оперскиот хор во Лече), Армалдо Клоѓери и со различни уметници од различни музички жанрови. Во 2009 година беше протагонист на документарниот филм „Le note di Ekland“ на Антонио Д’Април.

The post Италијанска вечер на „Охридско лето“ со тенорот Лечезе и пијанистот Хаса appeared first on Република.

]]>

Традиционалната Италијанска вечер на фестивалот „Охридско лето“ вечерва нуди концерт на извонредните уметници,  тенорот  Џани Лечезе и пијанистот Екланд Хаса кои ќе настапат под акустичните сводови на црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин, од 21 часот. Лечезе е ученик на Вилијам Матеуци и Леоне Магиера.  Џани Лечезе дебитира  во операта „Палјачи“ од Р. Леонкавало во театарот во Пиза, по што настапува со истата улога  во Гросето, Пескара, Витербо  во рамки на театарските сезони и на фестивали. Неговата интернационална кариера го води на концерти и изведби на оперски претстави во Кина, Индонезија, В. Британија, Грција, Египет, Франција, Чешка, Полска, Јапонија, Кипар, Романија и Бугарија каде неговите изведби се проследени со позитивни одгласи од стручната критика и од публиката. Соработувал со некои од најголемите оперски ѕвезди на денешницата како: Катја Ричарели, Џанфранко Цечеле, Лео Нучи, Карло Коломбара, Пипо Баудо и Пјетро Бало. Во 2011 година е добитник на наградата „Тенор на новата генерација“ од Фондацијата на Арена ди Верона. Во 2018 година Лечезе е поставен за уметнички директор на фестивалот на отворено на сцената на Театарот „Каве ди Фантиано“ во Пулиа, Јужна Италија. Екланд Хаса е роден во Тирана, каде што учел во уметничкото училиште „Јордан Мисја“ и Академијата за ликовни уметности. Стекнал различни специјализации во Италија и Германија, а меѓу неговите учители можеме да вклучиме имиња како што се Нихал Хакиу, Пранвера Чауши Кхорџи, Анита Тартарие и Лудвиг Хофман. Наградуваниот уметник, соло пијанист во театарот за опера и балет во Тирана, решава да ја напушти Албанија во пострежимскиот период, преселувајќи се во Јужна Италија. Овде неговиот живот како музичар има различни, но подеднакво задоволувачки импликации: од 1995 година па наваму тој свири како солист и придружник на оперски пејачи во Театро Верди во Маргера, Театро Политеама Греко, Ла Фениче, Тито Шипа, Паисиело, Маскањи и многу други. Од 2000 година станува уметнички директор на Accademia Lirico – Pop “Albano Carrisi”, започнувајќи ја турнејата како пијанист што го однела во САД, Канада, Москва, Узбекистан, Бугарија, Романија, Шпанија, Франција, Малта, Германија, Холандија, Белгија, Данска, Норвешка, Шведска и сè уште низ целиот свет. Во 2007 година стана почесен граѓанин на градот Нардо. Работел за дискографските куќи Albano Carrisi production и 11/8 records. Тој е музички директор на театарот Пјетро Маскањи во Нардо и учествуваше како соработник Маестро во албумот „Кариси пее Карузо“. Соработувал со Инва Мула, Монсерат Кабале, Леонардо Грамења, Ева Големи, Маријана Лека, Емануела Ди Пјетро (директор на оперскиот хор во Лече), Армалдо Клоѓери и со различни уметници од различни музички жанрови. Во 2009 година беше протагонист на документарниот филм „Le note di Ekland“ на Антонио Д’Април.

The post Италијанска вечер на „Охридско лето“ со тенорот Лечезе и пијанистот Хаса appeared first on Република.

]]>