Италијанска кујна: традиција и иновации Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/italijanska-kujna-traditsija-i-inovatsii/ За подобро да се разбереме Tue, 14 Nov 2023 13:33:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Италијанска кујна: традиција и иновации Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/italijanska-kujna-traditsija-i-inovatsii/ 32 32 Италијанска гурмански магија во Limak Skopje Luxury Hotel https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/italijanska-gurmanski-magija-vo-limak-skopje-luxury-hotel/ Tue, 14 Nov 2023 13:33:45 +0000 https://republika.mk/?p=701463

Љубителите на пица, паста, различни видови на сирења, пршута и десерти, ќе имаат можност да уживаат во автентичните вкусови на италијанската кујна. На 21 ноември годинава, во Limak Skopje Luxury Hotel ќе се одржи специјална гала вечера на тема „Италијанска кујна: традиција и иновации“.

Настанот е дел од Неделата на италијанска кујна, а Limak Skopje Luxury Hotel го организира во соработка со Амбасадата на Италија и Конфиндустрија Cеверна Македонија.

Вкусните италијански специјалитети ќе ги приготват двајцата реномирани готвачи Џовани Маскари и Иван Паломби, а менито ќе вклучува предјадење типично за областа Емилија Ромања, која важи за гурмански центар, каде се вкрстуваат различните варијации на италијанската кујна, рижото со вргањ, пица и тирамису за десерт. Ќе се служи и италијанско пиво, додека автентичноста на Италијанската вечер ќе биде заокружена со традиционална италијанска музика.

Џовани Маскари е шеф со долгогодишно искуство, познат по својата суши пица и популарноста на социјалните мрежи. Неговиот профил на Инстаграм има речиси 1 милион следбеници. Иван Паломби во текот на студиите се посветил на откривање на различните јадења со ориз, а за време на неговата кариера соработувал со врвни италијански готвачи.

Италијанската кујна е една од најпознатите, чии специјалитети се широко прифатени во различни делови на светот. Покрај познатите тестенини, кои се подготвуваат со различни техники, италијанската кујна се издвојува и по богатите зачини кои даваат посебен шарм и автентичност на специјалитетите.
Италијанската гала вечер ќе се одржи на 21 ноември со почеток во 20.30 часот во Clover ресторанот на петтиот кат на Limak Skopje Luxury Hotel, каде можат да се добијат сите дополнителни информации.

The post Италијанска гурмански магија во Limak Skopje Luxury Hotel appeared first on Република.

]]>

Љубителите на пица, паста, различни видови на сирења, пршута и десерти, ќе имаат можност да уживаат во автентичните вкусови на италијанската кујна. На 21 ноември годинава, во Limak Skopje Luxury Hotel ќе се одржи специјална гала вечера на тема „Италијанска кујна: традиција и иновации“. Настанот е дел од Неделата на италијанска кујна, а Limak Skopje Luxury Hotel го организира во соработка со Амбасадата на Италија и Конфиндустрија Cеверна Македонија. Вкусните италијански специјалитети ќе ги приготват двајцата реномирани готвачи Џовани Маскари и Иван Паломби, а менито ќе вклучува предјадење типично за областа Емилија Ромања, која важи за гурмански центар, каде се вкрстуваат различните варијации на италијанската кујна, рижото со вргањ, пица и тирамису за десерт. Ќе се служи и италијанско пиво, додека автентичноста на Италијанската вечер ќе биде заокружена со традиционална италијанска музика. Џовани Маскари е шеф со долгогодишно искуство, познат по својата суши пица и популарноста на социјалните мрежи. Неговиот профил на Инстаграм има речиси 1 милион следбеници. Иван Паломби во текот на студиите се посветил на откривање на различните јадења со ориз, а за време на неговата кариера соработувал со врвни италијански готвачи. Италијанската кујна е една од најпознатите, чии специјалитети се широко прифатени во различни делови на светот. Покрај познатите тестенини, кои се подготвуваат со различни техники, италијанската кујна се издвојува и по богатите зачини кои даваат посебен шарм и автентичност на специјалитетите. Италијанската гала вечер ќе се одржи на 21 ноември со почеток во 20.30 часот во Clover ресторанот на петтиот кат на Limak Skopje Luxury Hotel, каде можат да се добијат сите дополнителни информации.

The post Италијанска гурмански магија во Limak Skopje Luxury Hotel appeared first on Република.

]]>