италија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/italija/ За подобро да се разбереме Sun, 25 Feb 2024 11:29:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png италија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/italija/ 32 32 Спалети им забрани на италијанските репрезентативци да носат „Плејстејшн“ на собир, ако им е здодевно ќе им смислува мали игри https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/spaleti-im-zabrani-na-italijanskite-reprezentativtsi-da-nosat-plejstejshn-na-sobir-ako-im-e-zdodevno-ke-im-smisluva-mali-igri/ Sun, 25 Feb 2024 10:56:52 +0000 https://republika.mk/?p=748069

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Лучијано Спалети, им забрани на своите избраници со себе да носат конзоли за играње кога ќе бидат на собир на националниот тим.

Некои играчи сигурно веруваа дека Спалети лае и не гризе, но не беа во право и сега треба да разјасниме некои работи. Отсега ќе го остават „Плејстејшн“ дома и повеќе нема да го носат со себе. Ќе им смислам мала игра за да им го одвлечам вниманието навечер. Ќе дојдат кај мене и ќе им давам задачи навечер ако не е им е интересен денот. Затоа што во репрезентацијата треба да останете на вистинскиот пат, да се концентрирате и да не се залажувате. Италијанците бараат кул и одговорен тим, цврст и храбар. Луѓето доаѓаат во репрезентацијата за да го освојат Европското првенство, а не да го освојат „Кол оф дјути“, изјави Спалети, за италијанските медиуми.

Репрезентацијата на Италија на Европското првенство 2024 во групната фаза ќе се сретне со Шпанија, Хрватска и Албанија.

Следниот натпревар Италијанците го играат на 22 март. Избраниците на Спалети ќе се сретнат со Венецуела во пријателски натпревар.

The post Спалети им забрани на италијанските репрезентативци да носат „Плејстејшн“ на собир, ако им е здодевно ќе им смислува мали игри appeared first on Република.

]]>

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Лучијано Спалети, им забрани на своите избраници со себе да носат конзоли за играње кога ќе бидат на собир на националниот тим.
Некои играчи сигурно веруваа дека Спалети лае и не гризе, но не беа во право и сега треба да разјасниме некои работи. Отсега ќе го остават „Плејстејшн“ дома и повеќе нема да го носат со себе. Ќе им смислам мала игра за да им го одвлечам вниманието навечер. Ќе дојдат кај мене и ќе им давам задачи навечер ако не е им е интересен денот. Затоа што во репрезентацијата треба да останете на вистинскиот пат, да се концентрирате и да не се залажувате. Италијанците бараат кул и одговорен тим, цврст и храбар. Луѓето доаѓаат во репрезентацијата за да го освојат Европското првенство, а не да го освојат „Кол оф дјути“, изјави Спалети, за италијанските медиуми.
Репрезентацијата на Италија на Европското првенство 2024 во групната фаза ќе се сретне со Шпанија, Хрватска и Албанија. Следниот натпревар Италијанците го играат на 22 март. Избраниците на Спалети ќе се сретнат со Венецуела во пријателски натпревар.

The post Спалети им забрани на италијанските репрезентативци да носат „Плејстејшн“ на собир, ако им е здодевно ќе им смислува мали игри appeared first on Република.

]]>
Албанскиот Парламент го ратификуваше договорот со Италија за мигранти https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanskiot-parlament-go-ratifikuvashe-dogovorot-so-italija-za-migranti/ Thu, 22 Feb 2024 10:54:57 +0000 https://republika.mk/?p=746916

На денешната пленарна седница, која траеше само седум минути, помеѓу свирежи и навреди, албанскиот Парламент, со 77 гласови „за“ го ратификува договорот со Италија за отворање на два прифатни центри на албанска територија за сместување лица фатени во обид илегално да дојдат на италијанскиот брег.

Договорот, за кој беше потребно одобрение од просто мнозинство, од 140-члениот парламент, помина со гласовите на пратениците на владејачката Социјалистичка партија и тројца пратеници на Партијата за правда и единство, при што опозицијата го бојкотираше гласањето.

Договорот, кој на 6 ноември минатата година, во Рим, го потпишаа албанскиот премиер Еди Рама и неговата италијанска колешка Џорџа Мелони, на 15 месецов го ратифкува и италијанскиот Сенат, со 93 гласа „за“ и 61 „против“.

Центри ќе функционираат во пристанишнот град Шенѓин и во Ѓадр, поранешна, сега напуштена воена база, и двата во околијата Лежа. Месечно ќе бидат сместувани три илјади мигранти или 36 илјади годишно.

Договорот има важност од пет години со можност за негово продолжување. Центрите, кои треба да профункционираат оваа пролет, за пет години, Италија ќе ја чинат над 650 милиони евра.

Италијанскиот Сенат договорот го ратификува на 15 месецов со 93 гласа „за“ и 61 „против“.

За разлика од овој, Предлог-законот за амнестија, беше повлечен од дневниот ред бидејќи не беа обезбедени потребните 84 гласови. Опозицијата пред седницата најави дека не го поддржува, обвинувајќи дека власта со овој закон се обидува да амнестира осудени функционери за корупција.

The post Албанскиот Парламент го ратификуваше договорот со Италија за мигранти appeared first on Република.

]]>

На денешната пленарна седница, која траеше само седум минути, помеѓу свирежи и навреди, албанскиот Парламент, со 77 гласови „за“ го ратификува договорот со Италија за отворање на два прифатни центри на албанска територија за сместување лица фатени во обид илегално да дојдат на италијанскиот брег. Договорот, за кој беше потребно одобрение од просто мнозинство, од 140-члениот парламент, помина со гласовите на пратениците на владејачката Социјалистичка партија и тројца пратеници на Партијата за правда и единство, при што опозицијата го бојкотираше гласањето. Договорот, кој на 6 ноември минатата година, во Рим, го потпишаа албанскиот премиер Еди Рама и неговата италијанска колешка Џорџа Мелони, на 15 месецов го ратифкува и италијанскиот Сенат, со 93 гласа „за“ и 61 „против“. Центри ќе функционираат во пристанишнот град Шенѓин и во Ѓадр, поранешна, сега напуштена воена база, и двата во околијата Лежа. Месечно ќе бидат сместувани три илјади мигранти или 36 илјади годишно. Договорот има важност од пет години со можност за негово продолжување. Центрите, кои треба да профункционираат оваа пролет, за пет години, Италија ќе ја чинат над 650 милиони евра. Италијанскиот Сенат договорот го ратификува на 15 месецов со 93 гласа „за“ и 61 „против“. За разлика од овој, Предлог-законот за амнестија, беше повлечен од дневниот ред бидејќи не беа обезбедени потребните 84 гласови. Опозицијата пред седницата најави дека не го поддржува, обвинувајќи дека власта со овој закон се обидува да амнестира осудени функционери за корупција.

The post Албанскиот Парламент го ратификуваше договорот со Италија за мигранти appeared first on Република.

]]>
Возеа трактори и водеа крави низ град: Италијанските земјоделци демонстрираат против бирократијата и евтиниот увоз https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vozea-traktori-i-vodea-kravi-niz-grad-italijanskite-zemjodeltsi-demonstriraat-protiv-birokratijata-i-evtiniot-uvoz/ Tue, 06 Feb 2024 20:21:14 +0000 https://republika.mk/?p=741203

Италијанските земјоделци почнаа протести во Рим и Милано барајќи поедноставување на бирократските процедури и регулирање на евтиниот увоз на стоки што доаѓаат надвор од Европската Унија.

Земјоделците од земјоделските региони како Тоскана, со трактори маршираа на југ, кон главниот град, носејќи италијански знамиња и транспарентни „Без земјоделците нема храна“.

Одиме во Рим за да се соочиме со политичарите за да ги решиме нашите проблеми, изјави тосканскиот фармер Давиде Росати, пренесува „Гардијан“.

Демонстрантите кои стигнаа до Милано, во знак на протест, низ улиците на градот шетаа крави.

Од четврток почнува мобилизацијата. Ќе се собереме со возила на повеќе места во главниот град, изјави Данило Калвани, еден од водачите на протестите и шеф на движењето „Кра Агриколтори традити“.

Италијанските земјоделци на тој начин се приклучија на протестите што се одржуваат низ цела Европа, при што демонстрантите бараат повисоки цени за нивните земјоделски производи, како и намалување на влијанието на бирократијата.

Италијанските земјоделци се жалат дека еколошките мерки наметнати во ЕУ им ја намалиле конкурентноста во однос на земјоделците во Латинска Америка и од европските земји кои не се членки на ЕУ.

https://republika.mk/vesti/svet/italijanskiot-minister-za-zemjodelstvo-go-krena-glasot-protiv-politikata-na-eu-za-uvoz-na-proizvodi-od-zemji-koi-ne-se-chlenki-na-unijata/

The post Возеа трактори и водеа крави низ град: Италијанските земјоделци демонстрираат против бирократијата и евтиниот увоз appeared first on Република.

]]>

Италијанските земјоделци почнаа протести во Рим и Милано барајќи поедноставување на бирократските процедури и регулирање на евтиниот увоз на стоки што доаѓаат надвор од Европската Унија. Земјоделците од земјоделските региони како Тоскана, со трактори маршираа на југ, кон главниот град, носејќи италијански знамиња и транспарентни „Без земјоделците нема храна“.
Одиме во Рим за да се соочиме со политичарите за да ги решиме нашите проблеми, изјави тосканскиот фармер Давиде Росати, пренесува „Гардијан“.
Демонстрантите кои стигнаа до Милано, во знак на протест, низ улиците на градот шетаа крави.
Од четврток почнува мобилизацијата. Ќе се собереме со возила на повеќе места во главниот град, изјави Данило Калвани, еден од водачите на протестите и шеф на движењето „Кра Агриколтори традити“.
Италијанските земјоделци на тој начин се приклучија на протестите што се одржуваат низ цела Европа, при што демонстрантите бараат повисоки цени за нивните земјоделски производи, како и намалување на влијанието на бирократијата. Италијанските земјоделци се жалат дека еколошките мерки наметнати во ЕУ им ја намалиле конкурентноста во однос на земјоделците во Латинска Америка и од европските земји кои не се членки на ЕУ. https://republika.mk/vesti/svet/italijanskiot-minister-za-zemjodelstvo-go-krena-glasot-protiv-politikata-na-eu-za-uvoz-na-proizvodi-od-zemji-koi-ne-se-chlenki-na-unijata/

The post Возеа трактори и водеа крави низ град: Италијанските земјоделци демонстрираат против бирократијата и евтиниот увоз appeared first on Република.

]]>
Италијанскиот министер за земјоделство го крена гласот против политиката на ЕУ за увоз на производи од земји кои не се членки на Унијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/italijanskiot-minister-za-zemjodelstvo-go-krena-glasot-protiv-politikata-na-eu-za-uvoz-na-proizvodi-od-zemji-koi-ne-se-chlenki-na-unijata/ Tue, 06 Feb 2024 17:25:51 +0000 https://republika.mk/?p=740758

Италијанскиот министер за земјоделство, Франческо Лолобриџида, истакна дека неговата влада е посветена на одбрана на брендот „Произведено во Италија“ и дава целосна поддршка за агроиндустријата на земјата.

Министерот ги критикуваше политиките на ЕУ кои, според него, поттикнуваат намалување на домашното земјоделско производство во корист на увозот од земји кои не се членки на ЕУ.

Доста е од оваа политика! Ние сме мала нација и мора да го заштитиме нашето производство“, нагласи Лолобриџида.

Европа забележува експлозија од протести во последните недели од страна на земјоделците коишпто се кренаа против, како што велат, прекумерната бирократија и високите трошоци за гориво.

The post Италијанскиот министер за земјоделство го крена гласот против политиката на ЕУ за увоз на производи од земји кои не се членки на Унијата appeared first on Република.

]]>

Италијанскиот министер за земјоделство, Франческо Лолобриџида, истакна дека неговата влада е посветена на одбрана на брендот „Произведено во Италија“ и дава целосна поддршка за агроиндустријата на земјата. Министерот ги критикуваше политиките на ЕУ кои, според него, поттикнуваат намалување на домашното земјоделско производство во корист на увозот од земји кои не се членки на ЕУ.
Доста е од оваа политика! Ние сме мала нација и мора да го заштитиме нашето производство“, нагласи Лолобриџида.
Европа забележува експлозија од протести во последните недели од страна на земјоделците коишпто се кренаа против, како што велат, прекумерната бирократија и високите трошоци за гориво.

The post Италијанскиот министер за земјоделство го крена гласот против политиката на ЕУ за увоз на производи од земји кои не се членки на Унијата appeared first on Република.

]]>
Потпишан договор за заемно признавање на пензиите меѓу Италија и Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/potpishan-dogovor-za-zaemno-priznavane-na-penziite-megu-italija-i-albanija/ Tue, 06 Feb 2024 11:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=740952

По околу 10 години интензивни преговори, Италија и Албанија денеска го финализира меѓусебното признавање на социјалното осигурување, односно заемното признавање на пензиите.

Овој долгоочекуван договор за албанските граѓани кои живеат и работат во соседната земја, во Рим, го потпишаа министерот за надворешни работи на Италија Антонио Тајани и албанскиот министер за Европа и надворешни работи Игли Хасани. Се очекува имплементацијата да започне со околу четири илјади пензии годишно, а од година в година да продолжи да се зголемува. Една од главните придобивки е спојувањето на периодите за придонеси, објави Топ чанел.

Во врска со ова прашање реагираше и премиерот Еди Рама преку објава на социјалните мрежи наведувајќи дека од овој договор со Италија корист ќе имаат 500 илјади албански државјани во Италија и илјадници италијански државјани во Албанија.

Добра вест денеска од Рим, каде се потпиша финалниот документ од долгоочекуваниот договор за заемно признавање на социјалното осигурување. Директни корисници на овој договор се над 500 илјади албански државјани во Италија и илјадници италијански државјани во Албанија. Ви посакувам убав ден, пишува Рама.

Според Топ чанел, Италија е 17. земја со која Албанија има потпишано вакви договори, додека во процес на преговори е со 17 други земји.

По потпишувањето, Договорот ќе биде ратификуван од двете држави, во согласност со нивните соодветни процедури, а инструментите за ратификација ќе бидат разменети што е можно поскоро.

The post Потпишан договор за заемно признавање на пензиите меѓу Италија и Албанија appeared first on Република.

]]>

По околу 10 години интензивни преговори, Италија и Албанија денеска го финализира меѓусебното признавање на социјалното осигурување, односно заемното признавање на пензиите. Овој долгоочекуван договор за албанските граѓани кои живеат и работат во соседната земја, во Рим, го потпишаа министерот за надворешни работи на Италија Антонио Тајани и албанскиот министер за Европа и надворешни работи Игли Хасани. Се очекува имплементацијата да започне со околу четири илјади пензии годишно, а од година в година да продолжи да се зголемува. Една од главните придобивки е спојувањето на периодите за придонеси, објави Топ чанел. Во врска со ова прашање реагираше и премиерот Еди Рама преку објава на социјалните мрежи наведувајќи дека од овој договор со Италија корист ќе имаат 500 илјади албански државјани во Италија и илјадници италијански државјани во Албанија. Добра вест денеска од Рим, каде се потпиша финалниот документ од долгоочекуваниот договор за заемно признавање на социјалното осигурување. Директни корисници на овој договор се над 500 илјади албански државјани во Италија и илјадници италијански државјани во Албанија. Ви посакувам убав ден, пишува Рама. Според Топ чанел, Италија е 17. земја со која Албанија има потпишано вакви договори, додека во процес на преговори е со 17 други земји. По потпишувањето, Договорот ќе биде ратификуван од двете држави, во согласност со нивните соодветни процедури, а инструментите за ратификација ќе бидат разменети што е можно поскоро.

The post Потпишан договор за заемно признавање на пензиите меѓу Италија и Албанија appeared first on Република.

]]>
Тешка сообраќајна несреќа во Италија: Се судрија 20 возила, има загинати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/teshka-soobrakajna-nesreka-vo-italija-se-sudrija-20-vozila-ima-zaginati/ Mon, 05 Feb 2024 21:33:34 +0000 https://republika.mk/?p=740688

Тешка сообраќајна несреќа се случил на автопатот А21 меѓу Манербио и Понтевико во Италија. Во сударот учествувале 20 возила, а загинале двајца сопружници кои останале заглавени под двокатниот камион, јавува Анса.

Повеќе од 25 лица се повредени и пренесени во болници. Патот во правец на Кремона и Бреша беше затворен.

На местото на несреќата се запалиле три автомобили. Во судирот учествувале и два автотранспортери полни со возила. Жртвите останале заробени во своите автомобили, а маглата ги отежнала спасувачките операции.

Тоа не беше единствената сообраќајна несреќа денеска во регионот Емлија Ромања. Во истиот регион денеска се случиле вкупно 11 сообраќајни несреќи, а на А22 во областа Модена загинал возач на камион. Вкупно се повредени повеќе од 50 луѓе. Во една од сообраќајните незгоди се превртело возило кое превезувало цемент, кое блокирало четири сообраќајни ленти.

Повеќе од 20 возила за брза помош се на терен, а противпожарните екипи работат на извлекување на луѓето.

The post Тешка сообраќајна несреќа во Италија: Се судрија 20 возила, има загинати appeared first on Република.

]]>

Тешка сообраќајна несреќа се случил на автопатот А21 меѓу Манербио и Понтевико во Италија. Во сударот учествувале 20 возила, а загинале двајца сопружници кои останале заглавени под двокатниот камион, јавува Анса.
Повеќе од 25 лица се повредени и пренесени во болници. Патот во правец на Кремона и Бреша беше затворен.
На местото на несреќата се запалиле три автомобили. Во судирот учествувале и два автотранспортери полни со возила. Жртвите останале заробени во своите автомобили, а маглата ги отежнала спасувачките операции. Тоа не беше единствената сообраќајна несреќа денеска во регионот Емлија Ромања. Во истиот регион денеска се случиле вкупно 11 сообраќајни несреќи, а на А22 во областа Модена загинал возач на камион. Вкупно се повредени повеќе од 50 луѓе. Во една од сообраќајните незгоди се превртело возило кое превезувало цемент, кое блокирало четири сообраќајни ленти. Повеќе од 20 возила за брза помош се на терен, а противпожарните екипи работат на извлекување на луѓето.

The post Тешка сообраќајна несреќа во Италија: Се судрија 20 возила, има загинати appeared first on Република.

]]>
Седум мигранти во Италија силувале 13-годишно девојче, го натерале нејзиното момче да ги гледа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sedum-migranti-vo-italija-siluvale-13-godishno-devojche-go-naterale-nejzinoto-momche-da-gi-gleda/ Sun, 04 Feb 2024 16:52:58 +0000 https://republika.mk/?p=740254

Полицијата на сицилијанскиот град Катанија соопшти дека 13-годишното девојче, кое во четвртокот беше жртва на групно силување, идентификувало двајца малолетни напаѓачи.

Идентификацијата е направена откако се построиле седуммина осомничени, сите Египќани, додава полицијата.

Од друга страна, девојчето не успеало да ги идентификува преостанатите петмина кои наводно биле дел од таа група, тврдејќи дека не им ги гледала лицата и не сакала да обвинува невини луѓе, пренесува Анса.

Нив ги идентификувало 17-годишното момче на жртвата, кое наводно било принудено да го гледа силувањето додека групата го држела под закана.

Злосторството се случило во паркот на Вила Белини во Катанија, источнен брег на Сицилија, каде што жртвата била силувана од двајца осомничени додека другите гледале. Полицијата додала дека девојчето ги преколнувало силувачите да не ја повредат и да ја пуштат.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони во саботата изрази солидарност со девојчето и најави дека државата ќе обезбеди правда.

The post Седум мигранти во Италија силувале 13-годишно девојче, го натерале нејзиното момче да ги гледа appeared first on Република.

]]>

Полицијата на сицилијанскиот град Катанија соопшти дека 13-годишното девојче, кое во четвртокот беше жртва на групно силување, идентификувало двајца малолетни напаѓачи. Идентификацијата е направена откако се построиле седуммина осомничени, сите Египќани, додава полицијата. Од друга страна, девојчето не успеало да ги идентификува преостанатите петмина кои наводно биле дел од таа група, тврдејќи дека не им ги гледала лицата и не сакала да обвинува невини луѓе, пренесува Анса. Нив ги идентификувало 17-годишното момче на жртвата, кое наводно било принудено да го гледа силувањето додека групата го држела под закана. Злосторството се случило во паркот на Вила Белини во Катанија, источнен брег на Сицилија, каде што жртвата била силувана од двајца осомничени додека другите гледале. Полицијата додала дека девојчето ги преколнувало силувачите да не ја повредат и да ја пуштат. Италијанската премиерка Џорџа Мелони во саботата изрази солидарност со девојчето и најави дека државата ќе обезбеди правда.

The post Седум мигранти во Италија силувале 13-годишно девојче, го натерале нејзиното момче да ги гледа appeared first on Република.

]]>
Во сообраќајна несреќа во Италија загинаа тројца болничари и пациент во судир на амбулантно возило и автобус со деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-soobrakajna-nesreka-vo-italija-zaginaa-trojtsa-bolnichari-i-patsient-vo-sudir-na-ambulantno-vozilo-i-avtobus-so-detsa/ Thu, 28 Dec 2023 08:28:59 +0000 https://republika.mk/?p=727363

Четири лица загинаа вчера откако амбулантно возило удри во детски автобус и се запали во тунел во близина на градот Урбино, во италијанската област Марке. Загинаа тројца болничари и еден пациент кои се превезуваа во болница со амбулантното возило, јавуваат италијанските медиуми.

Хеликоптер беше испратен од болницата во Анкона, главниот град на регионот Марке, но пристигна предоцна за да ги спаси животите на повредените.

Во несреќата не се повредени децата од автобусот од јужниот дел на тој регион.

 

The post Во сообраќајна несреќа во Италија загинаа тројца болничари и пациент во судир на амбулантно возило и автобус со деца appeared first on Република.

]]>

Четири лица загинаа вчера откако амбулантно возило удри во детски автобус и се запали во тунел во близина на градот Урбино, во италијанската област Марке. Загинаа тројца болничари и еден пациент кои се превезуваа во болница со амбулантното возило, јавуваат италијанските медиуми. Хеликоптер беше испратен од болницата во Анкона, главниот град на регионот Марке, но пристигна предоцна за да ги спаси животите на повредените. Во несреќата не се повредени децата од автобусот од јужниот дел на тој регион.  

The post Во сообраќајна несреќа во Италија загинаа тројца болничари и пациент во судир на амбулантно возило и автобус со деца appeared first on Република.

]]>
Маж од Косово осомничен за убиство на трудница од Италија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mazh-od-kosovo-osomnichen-za-ubistvo-na-trudnitsa-od-italija/ Wed, 20 Dec 2023 09:25:55 +0000 https://republika.mk/?p=724775

Пред влезната врата од својот дом брутално е убиена Ванеса Балан (27), трудница од Италија, а за делото е уапсен Б.Ф.(41), маж од Косово.

Ванеса била во третиот месец од бременоста кога осомничениот ја удрил неколку пати по лицето и ја избодел најмалку седум пати пред влезот на нејзината куќа во близина на Тревизо, пишува Телеграф.

Телото на трудницата го пронашол нејзиниот партнер кога се вратил од работа и веднаш ја алармирал полицијата. Тој бил во шок, но успеал да ѝ даде на полицијата корисни информации.

Веднаш била започната потрага по осомничениот, кој бил уапсен во вторникот вечерта.

Според партнерот на жртвата, осомничената била муштерија на супермаркетот „Еуроспин“, каде што до пред извесно време работела – пред да замине на породилно, бидејќи го чекала своето второ дете.

Како што пишуваат медиумите, тој често ја следел Ванеса, доаѓал на нејзиното работно место и ја малтретирал, а Ванеса во октомври го пријавила за демнење.

Осомничениот не сакал да одговори на прашањата на истражителите и бил однесен во затвор, додека полицијата се обидува да го открие мотивот за убиството.

 

The post Маж од Косово осомничен за убиство на трудница од Италија appeared first on Република.

]]>

Пред влезната врата од својот дом брутално е убиена Ванеса Балан (27), трудница од Италија, а за делото е уапсен Б.Ф.(41), маж од Косово. Ванеса била во третиот месец од бременоста кога осомничениот ја удрил неколку пати по лицето и ја избодел најмалку седум пати пред влезот на нејзината куќа во близина на Тревизо, пишува Телеграф. Телото на трудницата го пронашол нејзиниот партнер кога се вратил од работа и веднаш ја алармирал полицијата. Тој бил во шок, но успеал да ѝ даде на полицијата корисни информации. Веднаш била започната потрага по осомничениот, кој бил уапсен во вторникот вечерта. Според партнерот на жртвата, осомничената била муштерија на супермаркетот „Еуроспин“, каде што до пред извесно време работела – пред да замине на породилно, бидејќи го чекала своето второ дете. Како што пишуваат медиумите, тој често ја следел Ванеса, доаѓал на нејзиното работно место и ја малтретирал, а Ванеса во октомври го пријавила за демнење. Осомничениот не сакал да одговори на прашањата на истражителите и бил однесен во затвор, додека полицијата се обидува да го открие мотивот за убиството.  

The post Маж од Косово осомничен за убиство на трудница од Италија appeared first on Република.

]]>
Илон Маск: Имиграцијата не може да го реши падот на населението, луѓето треба да се потрудат да имаат деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ilon-mask-imigratsijata-ne-mozhe-da-go-reshi-padot-na-naselenieto-lugeto-treba-da-se-potrudat-da-imaat-detsa/ Mon, 18 Dec 2023 11:30:58 +0000 https://republika.mk/?p=724146

Имиграцијата не може да го реши падот на населението во индустријализираните земји, изјави Илон Маск, бизнисмен и сопственик на платформата „Х“, на политичкиот состанок Атреја, организиран од партијата Браќа на Италија, на чие чело е премиерката на оваа земја, Џорџа Мелони.

Маск ја наведе Кина како пример, тврдејќи дека земјата ќе изгуби 40 отсто од населението, пренесува Анса.

Мојот совет до светските лидери и сите луѓе е да се погрижат да имаат деца за да создадат нова генерација, порача сопственикот на „Тесла“, предупредувајќи дека културите на земјите како Италија, Франција и Јапонија се изложени на ризик да исчезнат.

Една од главните цели на владата на Мелони е да го сопре падот на населението во Италија, а нацрт-законот за буџетот за 2024 година содржи неколку мерки за поддршка на семејствата со деца.

Илон Маск нагласи дека Италија е добра земја за инвестиции, но дека компаниите се прашуваат дали има доволно луѓе за работа.

Маск, инаку, има единаесет деца со три различни жени.

The post Илон Маск: Имиграцијата не може да го реши падот на населението, луѓето треба да се потрудат да имаат деца appeared first on Република.

]]>

Имиграцијата не може да го реши падот на населението во индустријализираните земји, изјави Илон Маск, бизнисмен и сопственик на платформата „Х“, на политичкиот состанок Атреја, организиран од партијата Браќа на Италија, на чие чело е премиерката на оваа земја, Џорџа Мелони.
Маск ја наведе Кина како пример, тврдејќи дека земјата ќе изгуби 40 отсто од населението, пренесува Анса.
Мојот совет до светските лидери и сите луѓе е да се погрижат да имаат деца за да создадат нова генерација, порача сопственикот на „Тесла“, предупредувајќи дека културите на земјите како Италија, Франција и Јапонија се изложени на ризик да исчезнат.
Една од главните цели на владата на Мелони е да го сопре падот на населението во Италија, а нацрт-законот за буџетот за 2024 година содржи неколку мерки за поддршка на семејствата со деца. Илон Маск нагласи дека Италија е добра земја за инвестиции, но дека компаниите се прашуваат дали има доволно луѓе за работа. Маск, инаку, има единаесет деца со три различни жени.

The post Илон Маск: Имиграцијата не може да го реши падот на населението, луѓето треба да се потрудат да имаат деца appeared first on Република.

]]>
Секое семејство губи до 80 евра: За време на божиќните празници Италијанците фрлаат 500.000 тони храна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sekoe-semejstvo-gubi-do-80-evra-za-vreme-na-bozhiknite-praznitsi-italijantsite-frlaat-500-000-toni-hrana/ Mon, 11 Dec 2023 18:51:03 +0000 https://republika.mk/?p=721885

Италијанците фрлаат 500.000 тони храна секоја година за време на божиќните празници. Како што соопшти италијанското непрофитно здружение на потрошувачи „Асутенти“, поради тоа, секое семејство ризикува да фрли до 80 евра во канта за ѓубре.

Покрај свежите производи како овошје и зеленчук, тестенините, рибата и вино се меѓу најчестите производи кои на Божиќ завршуваат во корпата за отпадоци.

Само во прехранбениот сектор, во Италија како отпад годишно се фрла храна вредна девет милијарди евра, од кои околу 6,5 милијарди се фрлаат само од италијанските домови.

Во просек, 524 грама храна по човек во Италија неделно завршуваат во ѓубре, што е приближно 75 грама дневно или 27,2 кг годишно.

Лебот и свежиот зеленчук се меѓу најчесто фрлените намирници во Италија, заедно со безалкохолните пијалоци, мешунките, свежото овошје и тестенините.

Во текот на минатата година едно италијанско семејство во канта во просек фрлило храна вредна 252 евра.

The post Секое семејство губи до 80 евра: За време на божиќните празници Италијанците фрлаат 500.000 тони храна appeared first on Република.

]]>

Италијанците фрлаат 500.000 тони храна секоја година за време на божиќните празници. Како што соопшти италијанското непрофитно здружение на потрошувачи „Асутенти“, поради тоа, секое семејство ризикува да фрли до 80 евра во канта за ѓубре. Покрај свежите производи како овошје и зеленчук, тестенините, рибата и вино се меѓу најчестите производи кои на Божиќ завршуваат во корпата за отпадоци. Само во прехранбениот сектор, во Италија како отпад годишно се фрла храна вредна девет милијарди евра, од кои околу 6,5 милијарди се фрлаат само од италијанските домови. Во просек, 524 грама храна по човек во Италија неделно завршуваат во ѓубре, што е приближно 75 грама дневно или 27,2 кг годишно. Лебот и свежиот зеленчук се меѓу најчесто фрлените намирници во Италија, заедно со безалкохолните пијалоци, мешунките, свежото овошје и тестенините. Во текот на минатата година едно италијанско семејство во канта во просек фрлило храна вредна 252 евра.

The post Секое семејство губи до 80 евра: За време на божиќните празници Италијанците фрлаат 500.000 тони храна appeared first on Република.

]]>
Секоја втора Италијанка била жртви на физичко или психичко насилство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sekoja-vtora-italijanka-bila-zhrtvi-na-fizichko-ili-psihichko-nasilstvo/ Fri, 24 Nov 2023 17:55:18 +0000 https://republika.mk/?p=716021

Повеќе од 12 милиони жени во Италија (речиси 51 отсто), на возраст од 18 до 84 години, биле жртви на физичко или ментално насилство барем еднаш во животот, но само пет проценти пријавиле што се случило, покажуваат резултатите од минатогодишната анкета на Институтот за клиничка физиологија при Националниот совет за истражување.

Денеска објавените резултати покажуваат дека над 2,5 милиони жени (10,1 отсто) изјавиле дека доживуваат психичко малтретирање, а 80.000 (0,3 проценти) навеле дека се физички малтретирани.

Истражувањето покажува дека жртви на насилство се претежно жени помлади од 60 години, со факултетски дипломи. И тие работат, нивните примања се просечни, во брак се и живеат со партнерот. Повеќе од половина од нив имаат деца.

The post Секоја втора Италијанка била жртви на физичко или психичко насилство appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 12 милиони жени во Италија (речиси 51 отсто), на возраст од 18 до 84 години, биле жртви на физичко или ментално насилство барем еднаш во животот, но само пет проценти пријавиле што се случило, покажуваат резултатите од минатогодишната анкета на Институтот за клиничка физиологија при Националниот совет за истражување. Денеска објавените резултати покажуваат дека над 2,5 милиони жени (10,1 отсто) изјавиле дека доживуваат психичко малтретирање, а 80.000 (0,3 проценти) навеле дека се физички малтретирани. Истражувањето покажува дека жртви на насилство се претежно жени помлади од 60 години, со факултетски дипломи. И тие работат, нивните примања се просечни, во брак се и живеат со партнерот. Повеќе од половина од нив имаат деца.

The post Секоја втора Италијанка била жртви на физичко или психичко насилство appeared first on Република.

]]>
Италија забрани производство и продажба на „култивирано месо“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/italija-zabrani-proizvodstvo-i-prodazhba-na-kultivirano-meso/ Fri, 17 Nov 2023 08:09:25 +0000 https://republika.mk/?p=702392

Италија го забрани производството и продажбата на „култивираното месо“, наведувајќи ги здравствените проблеми и потребата да се заштитат сточарите, дури и ако производот сè уште не е одобрен за продажба во ЕУ.

Во четвртокот, Италија стана првата земја во Европската унија што го забрани „култивираното месо“, произведено во лабораторија од клетки од животинско ткиво.

Законот за ова, кој го одобри Парламентот со закана со високи казни, забранува и опишување на протеините од растително потекло како „месо“.

Многу компании ширум светот продаваат „алтернативи за месо од растително потекло“ кои се рекламираат како решение за етичките прашања околу индустриското земјоделство и решение за животната средина, бидејќи сточарството е една од главните причини за емисиите на стакленички гасови.

Продажбата на „култивирано месо“ во моментов е дозволена во Сингапур и во САД, но не и во ЕУ, иако европските компании собраа средства за финансирање на истражување за тоа. ЕУ го смета „одгледуваното месо“ за „нова храна“ и како такво, како и секој нов производ, треба да добие одобрение за ставање во промет.

Италијанскиот министер за земјоделство Франческо Лолобриџида рече дека „култивираното месо“, „го раскинува благородниот однос меѓу земјата, човекот и работата што нè придружуваше со милениуми и ни овозможи да ја обработуваме земјата“.

Италијанската невладина „Меѓународна организација за заштита на животните“ смета дека новиот закон е непотребен „бидејќи “култивираното месо', сè уште не е одобрено за човечка исхрана во Европа и затоа не може да се пласира на пазарот“.

The post Италија забрани производство и продажба на „култивирано месо“ appeared first on Република.

]]>

Италија го забрани производството и продажбата на „култивираното месо“, наведувајќи ги здравствените проблеми и потребата да се заштитат сточарите, дури и ако производот сè уште не е одобрен за продажба во ЕУ. Во четвртокот, Италија стана првата земја во Европската унија што го забрани „култивираното месо“, произведено во лабораторија од клетки од животинско ткиво. Законот за ова, кој го одобри Парламентот со закана со високи казни, забранува и опишување на протеините од растително потекло како „месо“. Многу компании ширум светот продаваат „алтернативи за месо од растително потекло“ кои се рекламираат како решение за етичките прашања околу индустриското земјоделство и решение за животната средина, бидејќи сточарството е една од главните причини за емисиите на стакленички гасови. Продажбата на „култивирано месо“ во моментов е дозволена во Сингапур и во САД, но не и во ЕУ, иако европските компании собраа средства за финансирање на истражување за тоа. ЕУ го смета „одгледуваното месо“ за „нова храна“ и како такво, како и секој нов производ, треба да добие одобрение за ставање во промет. Италијанскиот министер за земјоделство Франческо Лолобриџида рече дека „култивираното месо“, „го раскинува благородниот однос меѓу земјата, човекот и работата што нè придружуваше со милениуми и ни овозможи да ја обработуваме земјата“. Италијанската невладина „Меѓународна организација за заштита на животните“ смета дека новиот закон е непотребен „бидејќи “култивираното месо', сè уште не е одобрено за човечка исхрана во Европа и затоа не може да се пласира на пазарот“.

The post Италија забрани производство и продажба на „култивирано месо“ appeared first on Република.

]]>
Земјотрес во Италија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zemjotres-vo-italija-2/ Tue, 14 Nov 2023 20:41:44 +0000 https://republika.mk/?p=701582

Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала денеска го погоди централниот регион на Италија, Марке.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на околу три километри јужно од Монтелпар во провинцијата Фермо, а се случил на длабочина од околу 21 километар, јавија локланите медиуми.

Земјотресот бил почувствуван во неколку градови долж италијанскиот јадрански брег.

The post Земјотрес во Италија appeared first on Република.

]]>

Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала денеска го погоди централниот регион на Италија, Марке. Епицентарот на земјотресот е регистриран на околу три километри јужно од Монтелпар во провинцијата Фермо, а се случил на длабочина од околу 21 километар, јавија локланите медиуми. Земјотресот бил почувствуван во неколку градови долж италијанскиот јадрански брег.

The post Земјотрес во Италија appeared first on Република.

]]>
Италија заплени околу 780 милиони евра од Ер-би-ен-би поради можно даночно затајување https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/italija-zapleni-okolu-780-milioni-evra-od-er-bi-en-bi-poradi-mozhno-danochno-zatajuvane/ Tue, 07 Nov 2023 13:46:57 +0000 https://republika.mk/?p=699226

Италијански судија нареди заплена на 779,5 милиони евра од европската филијала на Ер-би-ен-би (Airbnb) и тројца поранешни менаџери на компанијата во истрагата за можно даночно затајување, објави Обвинителството во Милано.

Државните обвинители се сомневаат дека Ер-би-ен-би на изнајмувачите не им наплатила данок од 21 отсто за сместување и не им ги вратила сумите на италијанските даночни власти, согласно законот од 2017 година.

Обвинителството посочува дека Ер-би-ен-би не ги намирила даночните обврски од 2017 до 2021 година.

Ер-би-ен-би се обиде да го оспори италијанскиот закон од 2017 година пред Европскиот суд, кој пресуди во корист на италијанската Влада.

Владата на премиерката Џорџа Мелони планира да ја заостри наплатата на даноците за краткорочно изнајмување на недвижности и најавува зголемување на даночната стапка од 21 на 26 отсто за издавачите.

The post Италија заплени околу 780 милиони евра од Ер-би-ен-би поради можно даночно затајување appeared first on Република.

]]>

Италијански судија нареди заплена на 779,5 милиони евра од европската филијала на Ер-би-ен-би (Airbnb) и тројца поранешни менаџери на компанијата во истрагата за можно даночно затајување, објави Обвинителството во Милано. Државните обвинители се сомневаат дека Ер-би-ен-би на изнајмувачите не им наплатила данок од 21 отсто за сместување и не им ги вратила сумите на италијанските даночни власти, согласно законот од 2017 година. Обвинителството посочува дека Ер-би-ен-би не ги намирила даночните обврски од 2017 до 2021 година. Ер-би-ен-би се обиде да го оспори италијанскиот закон од 2017 година пред Европскиот суд, кој пресуди во корист на италијанската Влада. Владата на премиерката Џорџа Мелони планира да ја заостри наплатата на даноците за краткорочно изнајмување на недвижности и најавува зголемување на даночната стапка од 21 на 26 отсто за издавачите.

The post Италија заплени околу 780 милиони евра од Ер-би-ен-би поради можно даночно затајување appeared first on Република.

]]>
Во Рим отворен луксузен ресторан за кучиња https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-rim-otvoren-luksuzen-restoran-za-kuchina/ Mon, 06 Nov 2023 09:20:30 +0000 https://republika.mk/?p=698698

Во Рим неодамна беше отворен луксузен ресторан за кучиња, чии сопственици веруваат дека кучињата мора да јадат како луѓе, пишува Гардијан.

На северот на Рим, Марко Турано, реши да ја спои својата страст за гостопримство со љубовта на неговата девојка кон кучињата. Вака се роди ресторанот Фиуто – прв во Италија кој служи кучиња.

-Ноеми е голем љубител на кучиња и си помисливме: зошто да не се обидеме да ги споиме нашите две страсти? Побаравме совет од експерти, меѓу кои и сопственици на ресторани, ветеринари и оние кои нудат исхрана на кучиња, ништо не оставивме на случајноста – вели Турано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ristoranti Roma (@pranzoceneroma)

 

The post Во Рим отворен луксузен ресторан за кучиња appeared first on Република.

]]>

Во Рим неодамна беше отворен луксузен ресторан за кучиња, чии сопственици веруваат дека кучињата мора да јадат како луѓе, пишува Гардијан. На северот на Рим, Марко Турано, реши да ја спои својата страст за гостопримство со љубовта на неговата девојка кон кучињата. Вака се роди ресторанот Фиуто – прв во Италија кој служи кучиња. -Ноеми е голем љубител на кучиња и си помисливме: зошто да не се обидеме да ги споиме нашите две страсти? Побаравме совет од експерти, меѓу кои и сопственици на ресторани, ветеринари и оние кои нудат исхрана на кучиња, ништо не оставивме на случајноста – вели Турано.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Ristoranti Roma (@pranzoceneroma)

 

The post Во Рим отворен луксузен ресторан за кучиња appeared first on Република.

]]>
Кобна пица во италијански ресторан: Жената починала од труење, мажот се бори за живот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/kobna-pitsa-vo-italijanski-restoran-zhenata-pochinala-od-truene-mazhot-se-bori-za-zhivot/ Wed, 01 Nov 2023 16:08:33 +0000 https://republika.mk/?p=697163

Италијански пар отишол на пица во локален ресторан, следниот ден им се слошило, а целата ситуација завршила со смртен случај, објавуваат медиумите во таа земја.

46-годишната жена починала во вторникк наутро во болница, а нејзиниот 52-годишниот сопруг е хоспитализран и е во критична состојба. Според истражувањата, кобен бил ботулинот во маслото зачинето со чили пиперка.

Според пишувањата, двајцата имале главоболка, силни грчеви и повраќале и поради тоа итно биле хоспитализарни.

Обвинителството покренало истрага, а како најверојатна причина за труењето се наведува ботулин, токсин кој го лачи анаеробната бактерија Clostridium botulinum. Најчест начин на зараза е конзумирање на заразена храна, а смртоносен е бидејќи предизвикува парализа на мускулите.

 

The post Кобна пица во италијански ресторан: Жената починала од труење, мажот се бори за живот appeared first on Република.

]]>

Италијански пар отишол на пица во локален ресторан, следниот ден им се слошило, а целата ситуација завршила со смртен случај, објавуваат медиумите во таа земја. 46-годишната жена починала во вторникк наутро во болница, а нејзиниот 52-годишниот сопруг е хоспитализран и е во критична состојба. Според истражувањата, кобен бил ботулинот во маслото зачинето со чили пиперка. Според пишувањата, двајцата имале главоболка, силни грчеви и повраќале и поради тоа итно биле хоспитализарни. Обвинителството покренало истрага, а како најверојатна причина за труењето се наведува ботулин, токсин кој го лачи анаеробната бактерија Clostridium botulinum. Најчест начин на зараза е конзумирање на заразена храна, а смртоносен е бидејќи предизвикува парализа на мускулите.  

The post Кобна пица во италијански ресторан: Жената починала од труење, мажот се бори за живот appeared first on Република.

]]>
Италија ги заостри мерките на границата со Словенија: Војници во панцири и со оружје https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/italija-gi-zaostri-merkite-na-granitsata-so-slovenija-vojnitsi-vo-pantsiri-i-so-oruzhje/ Sun, 29 Oct 2023 09:45:13 +0000 https://republika.mk/?p=695960

Италија ги заостри мерките на границата со Словенија, а причината е зголемениот страв од тероризам. Покрај полицијата испратиле и вооружена војска, а камерите на RTL Danas ги снимиле во близина на границата во градот Муџа како го пренасочуваат сообраќајот.

Возилата кои доаѓаат од Италија се пренасочуваат од автопатот. Има полициско комбе кое е секогаш таму. Тоа е граничната полиција и секој ден има шест до осум полицајци во смена кои запираат сомнителни возила и ги проверуваат патниците. Тие го прават сето ова под будното око на армијата која е таму со комбе, а војниците имаат долги цевки, рече репортерот Петра Фабијан Капов. Не е чудно што армијата е вклучена во работата на контролата, продолжи репортерот, бидејќи и пред три години околу 50 војници ја набљудувале словенечката граница и движењето на илегалните мигранти.

Возилата одат без поголеми застанувања, нема метеж и метеж, се прегледуваат само сомнителни. Ова треба да потрае следните 10 дена. Иако се очекува овој рок да биде продолжен, дознаваме од разговорот со полицијата и армијата што тие самите не знаат да кажат до кога ќе трае оваа состојба, истакна репортерот.

Марко од Муџа во Италија вели дека мора да има граници меѓу земјите.

Кога дојдов во Хрватска, морав да имам документи за да кажам каде одам, што правам, колку пари имам. Така беше подобро, објасни тој.

А Роберт од Умаг рече дека не бил запрен на ниту еден пункт. „Нека биде онака како што бара ситуацијата. Во ред е за мене“, заклучил тој, пренесува Нет.хр.

The post Италија ги заостри мерките на границата со Словенија: Војници во панцири и со оружје appeared first on Република.

]]>

Италија ги заостри мерките на границата со Словенија, а причината е зголемениот страв од тероризам. Покрај полицијата испратиле и вооружена војска, а камерите на RTL Danas ги снимиле во близина на границата во градот Муџа како го пренасочуваат сообраќајот. Возилата кои доаѓаат од Италија се пренасочуваат од автопатот. Има полициско комбе кое е секогаш таму. Тоа е граничната полиција и секој ден има шест до осум полицајци во смена кои запираат сомнителни возила и ги проверуваат патниците. Тие го прават сето ова под будното око на армијата која е таму со комбе, а војниците имаат долги цевки, рече репортерот Петра Фабијан Капов. Не е чудно што армијата е вклучена во работата на контролата, продолжи репортерот, бидејќи и пред три години околу 50 војници ја набљудувале словенечката граница и движењето на илегалните мигранти. Возилата одат без поголеми застанувања, нема метеж и метеж, се прегледуваат само сомнителни. Ова треба да потрае следните 10 дена. Иако се очекува овој рок да биде продолжен, дознаваме од разговорот со полицијата и армијата што тие самите не знаат да кажат до кога ќе трае оваа состојба, истакна репортерот. Марко од Муџа во Италија вели дека мора да има граници меѓу земјите. Кога дојдов во Хрватска, морав да имам документи за да кажам каде одам, што правам, колку пари имам. Така беше подобро, објасни тој. А Роберт од Умаг рече дека не бил запрен на ниту еден пункт. „Нека биде онака како што бара ситуацијата. Во ред е за мене“, заклучил тој, пренесува Нет.хр.

The post Италија ги заостри мерките на границата со Словенија: Војници во панцири и со оружје appeared first on Република.

]]>
Уметнички слики и статуи од голи жени и од Богородица: Наследниците на Берлускони ја продаваат неговата скапа колекција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/umetnichki-sliki-i-statui-od-goli-zheni-i-od-bogoroditsa-naslednitsite-na-berluskoni-ja-prodavaat-negovata-skapa-kolektsija/ Mon, 23 Oct 2023 17:30:41 +0000 https://republika.mk/?p=694285

Наследниците на поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони, кој почина во јуни оваа година, планираат да се ослободат од неговата колекција слики за која сметаат дека е безвредна, а за која изнајмувањето на хангарот во кој се чуваат чини 800.000 евра годишно.

Исто така, проблемот го претставуваат и црвите кои се појавиле и уништуваат платна и рамки за слики, пренесува Италијанска „Република“.

Во големиот хангар има околу 25.000 слики и статуи купени на ноќни аукции, на кои Берлускони потрошил околу 20 милиони евра и на кои кои претежно се прикажани голи жени или, пак, Богородица.

Сепак, според експертите, вкупната вредност на сликите ја дава нивниот број, а не нивниот квалитет.

Од 25.000, можеби шест или седум се интересни“, оценуваат експертите за сликите.

Виторио Сгарби, уметнички критичар и близок пријател на Берлускони, вели дека принудата да се купуваат уметнички дела продадени преку ТВ аукции почнала сериозно во 2018 година како резултат на „непроспиени ноќи“.

https://republika.mk/vesti/svet/objaven-testamentot-na-berluskoni-eve-shto-im-ostavil-na-detsata-i-devojkata/

Берлускони зад себе остави империја која вклучуваше фудбалски клуб, имоти, јахти и неговиот главен имот - Медиасет, најголемата комерцијална мрежа во Италија, вредна повеќе од шест милијарди евра, главно за неговите деца, пишува „Гардијан“.

Тој оставил и 100 милиони евра на својата партнерка Марта Фасина, 100 милиони евра на неговиот брат Паоло и 30 милиони евра на Марчело Дел Утри, поранешен сенатор од неговата партија Форца Италија, кој отслужи затворска казна поради врски со мафијата.

Се верува дека семејството размислува да ја претвори во музеј вилата Сан Мартино, каде што Берлускони беше домаќин на деловни и политички состаноци, како и некои од неговите познати „бунга бунга“ забави.

The post Уметнички слики и статуи од голи жени и од Богородица: Наследниците на Берлускони ја продаваат неговата скапа колекција appeared first on Република.

]]>

Наследниците на поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони, кој почина во јуни оваа година, планираат да се ослободат од неговата колекција слики за која сметаат дека е безвредна, а за која изнајмувањето на хангарот во кој се чуваат чини 800.000 евра годишно. Исто така, проблемот го претставуваат и црвите кои се појавиле и уништуваат платна и рамки за слики, пренесува Италијанска „Република“. Во големиот хангар има околу 25.000 слики и статуи купени на ноќни аукции, на кои Берлускони потрошил околу 20 милиони евра и на кои кои претежно се прикажани голи жени или, пак, Богородица. Сепак, според експертите, вкупната вредност на сликите ја дава нивниот број, а не нивниот квалитет.
Од 25.000, можеби шест или седум се интересни“, оценуваат експертите за сликите.
Виторио Сгарби, уметнички критичар и близок пријател на Берлускони, вели дека принудата да се купуваат уметнички дела продадени преку ТВ аукции почнала сериозно во 2018 година како резултат на „непроспиени ноќи“. https://republika.mk/vesti/svet/objaven-testamentot-na-berluskoni-eve-shto-im-ostavil-na-detsata-i-devojkata/ Берлускони зад себе остави империја која вклучуваше фудбалски клуб, имоти, јахти и неговиот главен имот - Медиасет, најголемата комерцијална мрежа во Италија, вредна повеќе од шест милијарди евра, главно за неговите деца, пишува „Гардијан“. Тој оставил и 100 милиони евра на својата партнерка Марта Фасина, 100 милиони евра на неговиот брат Паоло и 30 милиони евра на Марчело Дел Утри, поранешен сенатор од неговата партија Форца Италија, кој отслужи затворска казна поради врски со мафијата. Се верува дека семејството размислува да ја претвори во музеј вилата Сан Мартино, каде што Берлускони беше домаќин на деловни и политички состаноци, како и некои од неговите познати „бунга бунга“ забави.

The post Уметнички слики и статуи од голи жени и од Богородица: Наследниците на Берлускони ја продаваат неговата скапа колекција appeared first on Република.

]]>
Италија пак ќе воведе контроли на границата со Словенија бидејќи илегално влегле 16 илјади мигранти https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/italija-pak-ke-vovede-kontroli-na-granitsata-so-slovenija-bidejki-ilegalno-vlegle-16-iljadi-migranti/ Wed, 18 Oct 2023 18:18:52 +0000 https://republika.mk/?p=692608

Италија денеска соопшти дека ќе го суспендира договорот за отворена граница со соседна Словенија, наведувајќи ја зголемената закана од тероризам во Европа поради конфликтот на Блискиот Исток.

Десничарската влада на премиерката Џорџа Мелони соопшти дека властите во североисточната погранична провинција Фруланија-Јулиска Краина од почетокот на годината идентификувале 16.000 луѓе кои илегално влегле во Италија преку границата со Словенија, последната станица на балканската рута која некои мигранти ja користат за да стигнат до Западна Европа.

Со 140.000 мигранти кои пристигнаа во Италија по море оваа година, бројот на илегални влегувања е зголемен за 85 отсто во споредба со 2022 година.

Италијанската Влада најави дека ќе ги врати граничните контроли од 21 октомври, на 10 дена.

Владата соопшти и дека антитерористичкиот комитет на Министерството за внатрешни работи ја испитува ситуацијата и дека тоа ја „потврдува неопходноста“ од зајакнување на италијанската граница.

Италија и Словенија се меѓу 26-те земји кои припаѓаат на Шенген зоната, најголемата зона за слободно патување во светот.

 

The post Италија пак ќе воведе контроли на границата со Словенија бидејќи илегално влегле 16 илјади мигранти appeared first on Република.

]]>

Италија денеска соопшти дека ќе го суспендира договорот за отворена граница со соседна Словенија, наведувајќи ја зголемената закана од тероризам во Европа поради конфликтот на Блискиот Исток. Десничарската влада на премиерката Џорџа Мелони соопшти дека властите во североисточната погранична провинција Фруланија-Јулиска Краина од почетокот на годината идентификувале 16.000 луѓе кои илегално влегле во Италија преку границата со Словенија, последната станица на балканската рута која некои мигранти ja користат за да стигнат до Западна Европа. Со 140.000 мигранти кои пристигнаа во Италија по море оваа година, бројот на илегални влегувања е зголемен за 85 отсто во споредба со 2022 година. Италијанската Влада најави дека ќе ги врати граничните контроли од 21 октомври, на 10 дена. Владата соопшти и дека антитерористичкиот комитет на Министерството за внатрешни работи ја испитува ситуацијата и дека тоа ја „потврдува неопходноста“ од зајакнување на италијанската граница. Италија и Словенија се меѓу 26-те земји кои припаѓаат на Шенген зоната, најголемата зона за слободно патување во светот.  

The post Италија пак ќе воведе контроли на границата со Словенија бидејќи илегално влегле 16 илјади мигранти appeared first on Република.

]]>