ИТ сектор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/it-sektor/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Nov 2024 13:04:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ИТ сектор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/it-sektor/ 32 32 Мицкоски по средба со МАСИТ Комората: Инвестираме во ИТ секторот бидејќи е важен за развој на економијата и државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-po-sredba-so-masit-komorata-investirame-vo-it-sektorot-bidejki-e-vazhen-za-razvoj-na-ekonomijata-i-drzhavata/ Wed, 06 Nov 2024 13:04:30 +0000 https://republika.mk/?p=834770

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на МАСИТ Комората и изрази благодарност до претседателката на МАСИТ Комората, бидејќи, како што нагласи, соработката и комуникација трае од пред неколку години уште кога како политичка партија ВМРО ДПМНЕ била во опозиција.

Секогаш сме имале конструктивни средби коишто произлегле многу идеи, предлози и средби коишто резултираат и со политики, понатаму коишто ние како Влада почнуваме или во периодот којшто следи ќе почнеме и ќе ги водиме.

Навистина е импресивен фактот дека како ИКТ индустрија имаме повеќе од половина милијарда евра извоз во 2023 година и тој претпоставувам продолжува да расте, тоа е нешто коешто додава вредност во нашата домашна економија, изјави Мицкоски.

Мицкоски кажа дека голем дел од оние коишто работат во ИКТ индустријата, тоа се повеќе од 20.000, а во 2023 година повеќе од 21.000 се вработените во ИКТ индустријата, се луѓе коишто останеле тука, дома, во Македонија и од тука се борат не само за своето семејство и својата егзистенција туку и за својата татковина.

Тие луѓе лично од мене имаат огромна почит нормално имајќи превид дека се дефицитарни и дека имаат поголема понуда и секогаш луѓето коишто останаа тука и коишто се борат за својата татковина од мене ќе ја имаат почитта и секогаш ќе имаат приоритет во политиките коишто ги води оваа Влада, а политиките на оваа Влада се да ги привлечеме младите коишто за жал ја напуштија да си се вратат дома и од тука заедно да се бориме да направиме нешто за татковината и мислам дека тоа Македонија го заслужува.

Денеска направивме еден рекапитулар на сето она коишто во минатото го говоревме, нормално добивме идеи, предлози коишто до сега биле дисфункционални, дел од тие и веќе ги имплементираме ќе ве потсетам пред нешто повеќе од една недела започнавме со оној проект на нудење услуги на граѓаните со коишто нема да има понижувања, шалтерски чекања итн. се сеќавате како беше кога се вадеа пасоши, лични карти, возачки дозволи. Ќе ве потсетам дека пред повеќе од една недела во Аеродром отворивме таква канцеларија која што нуди повеќе од 120 услуги, меѓу кои се и изводи од матичната книга на родените, стаж, катастарски услуги итн. и тоа продолжуваме да го правиме во други општини во државата, изјави Мицкоски по состанокот.

Дигитализацијата на општеството ја покажавме како наша амбиција со тоа што имаме посебно министерство за дигитална трансформација и навистина министерството работи посветено, за овие неколку месеци се направија навистина големи чекори напред. Очекувам така да се продолжи и во иднина. Не е доволно, денеска разгледавме неколку параметри, очекувам информатичката култура во државата да се зголемува да биде што повеќе достапна и што повеќе корисници да има, барем да го стигнеме европскиот просек, сега сме под тој европски просек. Јас како инженер лично го стимулирам тоа и ќе го поддржувам, тука не треба да имаме никаква дилема.

Овие средби се за нас од исклучително големо значење. Во периодот кој што следи ќе продолжат. Уште еднаш да искажам моја голема благодарност и до претседателката на МАСИТ Комората и на членките и на луѓето кои се дел од МАСИТ Комората и продолжуваме понатаму заедно да се движиме напред и да ја развиваме татковината, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски по средба со МАСИТ Комората: Инвестираме во ИТ секторот бидејќи е важен за развој на економијата и државата appeared first on Република.

]]>

Мицкоски: Со дигитална трансформација ВМРО-ДПМНЕ ќе направи комуникација помеѓу институциите во Македонија, ИКТ секторот државата ќе го стимулира https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-so-digitalna-transformatsija-vmro-dpmne-ke-napravi-komunikatsija-pomegu-institutsiite-vo-makedonija-ikt-sektorot-drzhavata-ke-go-stimulira/ Thu, 25 Apr 2024 10:35:12 +0000 https://republika.mk/?p=770912

„Цениме дека тоа што таму е содржано е практично нешто кое што ќе биде испорачано“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во подкатост „Каде се парите“ во однос на „Платформа 1198“.

Во своето гостување се осврна на дигитализацијата и ИКТ секторот.

Мора да имаме дигитална трансформација во Македонија ако сакаме да постигнеме 2 работи. А, тоа е зголемена економска активност со сите атрибути коишто таа ги содржи со себе задоволни клиенти задоволни инвеститори, добра економска и инвестициска средина итн. Значи зголемена економска активност кажано во неколку збора, појасни тој.

„И второто е да владее правото затоа што ќе едното со другото се надополнуваат. Нема да имате вие доверба кај потенцијалните инвеститори, без разлика дали се домашни или надворешни ако во државата не владее правото. Односно ако имаме еден зголемен транспарентен начин на комуникација со граѓаните на институциите. Од каде појдовме? Појдовме од проблемот со издавањето на патни исправи“, рече тој.

Со дигитална трансформација ВМРО-ДПМНЕ ќе направи комуникација помеѓу институциите во Македонија. Комуникацијата помеѓу институциите во Македонија не е само помеѓу државните институции, вертикалната комуникација. Туку и помеѓу државните институции, општините. Помеѓу државните институции, општините и граѓаните, помеѓу државните институции, општините, граѓаните и бизнисот.

Целта на дигиталната трансформација на Македонија е сето ова да биде во еден систем кој што меѓу себе ќе комуницира, посочи Мицкоски.

Тој додаде дека кога се зборува за дигитална трансформација се подразбира и политичка алатка, а тоа е дигитален попис. Дигиталниот попис е и политичка и социолошка алатка, но таа пак е потребна за да се има импут во економијата со што се располага како ресурс, човечки, интелектуален итн. Така што дигиталната трансформација во идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе има посебно место и ќе има посебно министерство за дигитална трансформација кое би требало да биде некакво продолжение на министерството за информатичка технологија и администрација, со тоа што администрацијата се уште се размислува, но најверојатно ќе конвегира кон решение да биде составен дел на министерството за локална самоуправа.

Околу темата за ИКТ сектор Мицкоски истакна – „Што се однесува до ова што го зборуваме ИКТ индустријата мислам дека тука треба и покрај тоа што тие велат не бараме ништо, државата како држава да стимулира и да најде начин како да ги стимулира бидејќи тука додадената вредност е огромна, нема трошок. Паметот е тука.

„Ќе треба време, нашиот план е дека до 8 години целосно ќе ја дигитализираме Македонија, до 8 години од почетокот, а првите две години ќе има значителен прогрес и ќе биде забележливо сето тоа. Сега јас го разбирам вашето прашање има предизвици со кои се соочуваме, а тоа е дека прво сите оние кои се дел од ИКТ индустријата многу малку сакаат да бидат дел од администрацијата бидејќи примањата се лимитирани, не се предизвик нели, не можете сега во администрација затоа што е инженер компјутерски да му дадете два пати, три пати повеќе плата од неговиот колега теоретски кажано правник. Има правила на игра и тој вели јас не сакам тогаш тука да работам во ова министерство, ќе одам во некоја компанија која може да ме плати ќе ми даде 2 – 3 илјади евра. И тоа е факт затоа ние треба да размислиме дали и веќе конвергираме кон една комбинација со тие две работи министерствата и генерално државната управа мора да имаат еден централизиран систем кој практично ќе служи како алатка и кои тие ќе го користат за да ги завршуваат овие работи, а тој централизиран систем ќе комуницира со аутсорсинг компанија која што пак ќе го заокружи целиот овој проект и тие треба да работат во синергија“, појасни тој.

The post Мицкоски: Со дигитална трансформација ВМРО-ДПМНЕ ќе направи комуникација помеѓу институциите во Македонија, ИКТ секторот државата ќе го стимулира appeared first on Република.

]]>

„Цениме дека тоа што таму е содржано е практично нешто кое што ќе биде испорачано“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во подкатост „Каде се парите“ во однос на „Платформа 1198“. Во своето гостување се осврна на дигитализацијата и ИКТ секторот.
Мора да имаме дигитална трансформација во Македонија ако сакаме да постигнеме 2 работи. А, тоа е зголемена економска активност со сите атрибути коишто таа ги содржи со себе задоволни клиенти задоволни инвеститори, добра економска и инвестициска средина итн. Значи зголемена економска активност кажано во неколку збора, појасни тој.
„И второто е да владее правото затоа што ќе едното со другото се надополнуваат. Нема да имате вие доверба кај потенцијалните инвеститори, без разлика дали се домашни или надворешни ако во државата не владее правото. Односно ако имаме еден зголемен транспарентен начин на комуникација со граѓаните на институциите. Од каде појдовме? Појдовме од проблемот со издавањето на патни исправи“, рече тој. Со дигитална трансформација ВМРО-ДПМНЕ ќе направи комуникација помеѓу институциите во Македонија. Комуникацијата помеѓу институциите во Македонија не е само помеѓу државните институции, вертикалната комуникација. Туку и помеѓу државните институции, општините. Помеѓу државните институции, општините и граѓаните, помеѓу државните институции, општините, граѓаните и бизнисот.
Целта на дигиталната трансформација на Македонија е сето ова да биде во еден систем кој што меѓу себе ќе комуницира, посочи Мицкоски.
Тој додаде дека кога се зборува за дигитална трансформација се подразбира и политичка алатка, а тоа е дигитален попис. Дигиталниот попис е и политичка и социолошка алатка, но таа пак е потребна за да се има импут во економијата со што се располага како ресурс, човечки, интелектуален итн. Така што дигиталната трансформација во идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе има посебно место и ќе има посебно министерство за дигитална трансформација кое би требало да биде некакво продолжение на министерството за информатичка технологија и администрација, со тоа што администрацијата се уште се размислува, но најверојатно ќе конвегира кон решение да биде составен дел на министерството за локална самоуправа. Околу темата за ИКТ сектор Мицкоски истакна – „Што се однесува до ова што го зборуваме ИКТ индустријата мислам дека тука треба и покрај тоа што тие велат не бараме ништо, државата како држава да стимулира и да најде начин како да ги стимулира бидејќи тука додадената вредност е огромна, нема трошок. Паметот е тука.
„Ќе треба време, нашиот план е дека до 8 години целосно ќе ја дигитализираме Македонија, до 8 години од почетокот, а првите две години ќе има значителен прогрес и ќе биде забележливо сето тоа. Сега јас го разбирам вашето прашање има предизвици со кои се соочуваме, а тоа е дека прво сите оние кои се дел од ИКТ индустријата многу малку сакаат да бидат дел од администрацијата бидејќи примањата се лимитирани, не се предизвик нели, не можете сега во администрација затоа што е инженер компјутерски да му дадете два пати, три пати повеќе плата од неговиот колега теоретски кажано правник. Има правила на игра и тој вели јас не сакам тогаш тука да работам во ова министерство, ќе одам во некоја компанија која може да ме плати ќе ми даде 2 – 3 илјади евра. И тоа е факт затоа ние треба да размислиме дали и веќе конвергираме кон една комбинација со тие две работи министерствата и генерално државната управа мора да имаат еден централизиран систем кој практично ќе служи како алатка и кои тие ќе го користат за да ги завршуваат овие работи, а тој централизиран систем ќе комуницира со аутсорсинг компанија која што пак ќе го заокружи целиот овој проект и тие треба да работат во синергија“, појасни тој.
 
The post Мицкоски: Со дигитална трансформација ВМРО-ДПМНЕ ќе направи комуникација помеѓу институциите во Македонија, ИКТ секторот државата ќе го стимулира appeared first on Република.

]]>
Грковска: ИТ кадрите не смее да бидат третирани како администрација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-it-kadrite-ne-smee-da-bidat-tretirani-kako-administracija/ Sat, 04 Jun 2022 09:38:35 +0000 https://republika.mk/?p=510964

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, изјави дека ИТ кадрите не може и не смее да бидат третирани како администрација, затоа што тие тоа не се.

На овие кадри мора да им понудиме соодветни услови за да останат во системот, бидејќи без нив не е возможен напредок. Работиме на неколку модели коишто би требало да бидат решение за ИТ кадрите во државната администрација - вели Грковска.

При гостување во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77, Грковска оцени дека анализите што се направени преку ИТК Работната група се поразителни и покажуваат дека во државната администрација недостасуваат стручни лица во оваа област, а без нив нема напредок.

Таа нагласи дека процесот за дигитална трансформација на општеството мора да се работи системски, за предуслов за тоа е воспоставување на електронска лична карта која обезбедува електронска идентификација и електронски потпис, а услугите можат да се користат со еден профил.

Многу е важно во овој процес да бидеме внимателни, како држава не смееме да имаме повеќе парцијални решенија. Како држава ние уште во 2006 година се определивме за дигитална трансформација на општеството и тоа е наведено во ИКТ Стратегијата, која беше изгласана во Собранието - вели Грковска.

Таа додаде дека неминовно ќе дојде момент кога секоја институција ќе има електронски печат.

Тоа во целиот процес на дигитална трансформација на општеството ќе биде синхронизирано. Институциите и сега може да имаат електронски печат - изјави Грковска.

The post Грковска: ИТ кадрите не смее да бидат третирани како администрација appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, изјави дека ИТ кадрите не може и не смее да бидат третирани како администрација, затоа што тие тоа не се.
На овие кадри мора да им понудиме соодветни услови за да останат во системот, бидејќи без нив не е возможен напредок. Работиме на неколку модели коишто би требало да бидат решение за ИТ кадрите во државната администрација - вели Грковска.
При гостување во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77, Грковска оцени дека анализите што се направени преку ИТК Работната група се поразителни и покажуваат дека во државната администрација недостасуваат стручни лица во оваа област, а без нив нема напредок. Таа нагласи дека процесот за дигитална трансформација на општеството мора да се работи системски, за предуслов за тоа е воспоставување на електронска лична карта која обезбедува електронска идентификација и електронски потпис, а услугите можат да се користат со еден профил.
Многу е важно во овој процес да бидеме внимателни, како држава не смееме да имаме повеќе парцијални решенија. Како држава ние уште во 2006 година се определивме за дигитална трансформација на општеството и тоа е наведено во ИКТ Стратегијата, која беше изгласана во Собранието - вели Грковска.
Таа додаде дека неминовно ќе дојде момент кога секоја институција ќе има електронски печат.
Тоа во целиот процес на дигитална трансформација на општеството ќе биде синхронизирано. Институциите и сега може да имаат електронски печат - изјави Грковска.

The post Грковска: ИТ кадрите не смее да бидат третирани како администрација appeared first on Република.

]]>
Блидарус: Македонија има најголем и најбрз потенцијал за регионален раст во ИТ секторот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/blidarus-makedonija-ima-najgolem-i-najbrz-potencijal-za-regionalen-rast-vo-it-sektorot/ Wed, 12 Jan 2022 09:05:18 +0000 https://republika.mk/?p=443546

Македонија има најголем и најбрз потенцијал за раст во регионот. Со двоцифрен годишен раст на ИТ секторот (15 проценти) и голем број таленти во компјутерските науки, Скопје е најразумниот избор за отворање на наш Центар, вели Адриан Блидарус, сопственик на технолошката компанија специјализирана за дизајнирање и испорака на комплексни решенија и интегрирани платформи водени од податоци и вештачка интелигенција Софтелигенце.

Оваа компанија, пред неколку месеци, основаше фирма во Македонија и најави дека ќе инвестира милион евра и ќе отвори сто работни места за ИТ професионалци преку изградба на Центар за испорака во Скопје.

Блидарус во интервју за порталот „Економија и бизнис“ (https://www.ekonomijaibiznis.mk/News.aspx?IdNews=24496) наведува дека компанијата има раст од 20 до 30 проценти годишно и оти опслужува компании од светска класа во финансиските услуги.

Нашиот тим порасна 25 проценти за помалку од една година. Нашата амбиција е да продолжиме да им служиме на нашите клиенти во Велика Британија, САД и Европа од она што сакаме да станеме Источноевропски центар на извонредност во финансиските услуги, да обезбедиме технолошки и консултантски услуги околу дигиталната трансформација водена од податоци и да бидеме препознаени за нашата извонредна експертиза во двете – технологија и области поврзани со бизнисот - вели Блидарус.

Kако што најавува, pредвидените милион евра, компанијата ќе ги вложи во обезбедување одлични услови за работа, пристап до најнова технологија, обуки и специјализирани курсеви за македонските колеги, кои ќе припаѓаат на голема група технолошки мајстори и ќе решаваат витални проблеми за глобални клиенти. Исто така, посочува, компанијата нуди решенија и на секоја банка, заемодавач, закупувач, осигурител, MGA или брокер ширум светот, но тоа значи дека секоја таква компанија во Македонија ќе може да има корист од нашите решенија.

Бидејќи нашите клиенти се глобални, не може да го исклучиме фактот дека некои од решенијата што ги имплементиравме во други земји можеби веќе работат во вашата земја. Да, верувам дека можеме и најверојатно ќе се ангажираме и ќе обезбедиме решенија за банките или осигурителните компании во Македонија. На овој начин, нашите колеги во земјава ќе можат да се гордеат што нивната работа влијаела врз нивниот секојдневен живот или животот на нивните семејства, кога комуницираат со својата банка, земаат нов кредит, изнајмуваат автомобил, купуваат ново осигурување или поднесуваат барање - вели Блидарус.

Во оваа насока, Блидарус наведува дека се потребни развивачи на софтвер, инженери за софтвер и податоци, архитекти за решенија, научници за податоци, лидери на тимови, проект менаџери и многу повеќе.

Најважните технологии на кои се фокусираме во моментов се .NET и технологијата поврзана со податоци и класичната (SQL) и најсовремената (Big Data, NoSQL, data lakes). Најчесто бараме луѓе кои имаат цврста основа во софтверското инженерство и работно искуство поврзано со облак технологиите. Ќе ги поддржиме и обучуваме да стекнат повеќе знаења и да се сертифицираат. Ова е нешто од кое сите имаат корист: нашите нови колеги, нашиот постоечки тим, компанијата и македонската ИТ индустрија, бидејќи знаењето останува кај луѓето - објаснува Блидарус.

The post Блидарус: Македонија има најголем и најбрз потенцијал за регионален раст во ИТ секторот appeared first on Република.

]]>

Македонија има најголем и најбрз потенцијал за раст во регионот. Со двоцифрен годишен раст на ИТ секторот (15 проценти) и голем број таленти во компјутерските науки, Скопје е најразумниот избор за отворање на наш Центар, вели Адриан Блидарус, сопственик на технолошката компанија специјализирана за дизајнирање и испорака на комплексни решенија и интегрирани платформи водени од податоци и вештачка интелигенција Софтелигенце. Оваа компанија, пред неколку месеци, основаше фирма во Македонија и најави дека ќе инвестира милион евра и ќе отвори сто работни места за ИТ професионалци преку изградба на Центар за испорака во Скопје. Блидарус во интервју за порталот „Економија и бизнис“ (https://www.ekonomijaibiznis.mk/News.aspx?IdNews=24496) наведува дека компанијата има раст од 20 до 30 проценти годишно и оти опслужува компании од светска класа во финансиските услуги.