исвиркување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/isvirkuvanje/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Sep 2022 14:11:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png исвиркување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/isvirkuvanje/ 32 32 Хелсиншки ги кара македонските навивачи, со исвиркувањето ги продлабочувале поделбите https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/helsinshki-gi-kara-makedonskite-navivachi-so-isvirkuvanjeto-gi-prodlabochuvale-podelbite/ Thu, 29 Sep 2022 14:11:53 +0000 https://republika.mk/?p=555715

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска преку соопштение го осудувија, како што го велат тие „говорот на омраза“ искажан на фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Бугарија. Според нив, тој има дополнителна тежина во контекст на актуелните политички односи.

Иако социјалните мрежи во последниве години станаа примарна арена на говорот на омраза во нашето општество, и понатаму не изостанува злоупотребата на спортските трибини за пласирање понижувачки и навредливи пораки мотивирaни од омраза. За жал, говорот на омраза заснован на етничка и национална припадност традиционално се излева на спортските натпревари, а единствено што се менува е субјектот на омраза на конкретен настан, во зависност од учесниците, велат од Хелсиншкиот комитет.

Со оглед на популарноста на спортските настани, според здружението, „загрижувачки е што таму изнесените пораки полни со омраза добиваат поголема видливост, вклучително и на традиционалните медиуми, а со тоа се зголемуваат и негативните ефекти од ваквиот говор“.

Токму такви последици, тврдат од Хелсиншки, имаат извиците и пораките од навивачите.

Разорните ефекти од јавно манифестираната омраза значат понатамошно продлабочување на поделбите и намалување на просторот за рационален и толерантен дијалог во рамки на општеството и во меѓусоседските релации, посочуваат во соопштение.

Хелсиншкиот комитет апелира до сите политички, спортски и други општествени чинители да се придружат во осудата на овој говор, и тоа да го сторат не само заради политичкиот момент, туку и за да се испрати јасна порака дека е неприфатливо ширењето омраза на јавни места и настани.

The post Хелсиншки ги кара македонските навивачи, со исвиркувањето ги продлабочувале поделбите appeared first on Република.

]]>

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска преку соопштение го осудувија, како што го велат тие „говорот на омраза“ искажан на фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Бугарија. Според нив, тој има дополнителна тежина во контекст на актуелните политички односи.
Иако социјалните мрежи во последниве години станаа примарна арена на говорот на омраза во нашето општество, и понатаму не изостанува злоупотребата на спортските трибини за пласирање понижувачки и навредливи пораки мотивирaни од омраза. За жал, говорот на омраза заснован на етничка и национална припадност традиционално се излева на спортските натпревари, а единствено што се менува е субјектот на омраза на конкретен настан, во зависност од учесниците, велат од Хелсиншкиот комитет.
Со оглед на популарноста на спортските настани, според здружението, „загрижувачки е што таму изнесените пораки полни со омраза добиваат поголема видливост, вклучително и на традиционалните медиуми, а со тоа се зголемуваат и негативните ефекти од ваквиот говор“. Токму такви последици, тврдат од Хелсиншки, имаат извиците и пораките од навивачите.
Разорните ефекти од јавно манифестираната омраза значат понатамошно продлабочување на поделбите и намалување на просторот за рационален и толерантен дијалог во рамки на општеството и во меѓусоседските релации, посочуваат во соопштение.
Хелсиншкиот комитет апелира до сите политички, спортски и други општествени чинители да се придружат во осудата на овој говор, и тоа да го сторат не само заради политичкиот момент, туку и за да се испрати јасна порака дека е неприфатливо ширењето омраза на јавни места и настани.

The post Хелсиншки ги кара македонските навивачи, со исвиркувањето ги продлабочувале поделбите appeared first on Република.

]]>
Бугарското МНР го осуди исвиркувањето на химната во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarskoto-mnr-go-osudi-isvirkuvanjeto-na-himnata-vo-skopje/ Tue, 27 Sep 2022 16:25:23 +0000 https://republika.mk/?p=554901

Бугарското министерство за надворешни работи го осуди исвиркувањето на бугарската химна на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Бугарија во Скопје.

Во изјавата на портпаролот на бугарското МНР и заменик министер за надворешни работи, Костадин Коџабашев, се наведува и дека „говорот на омраза кон Бугарија и Бугарите од трибините на националниот стадион во Скопје е недвосмислена негација на основните вредности на современите демократски општества и е во контраст со европските принципи и норми на однесување“.

Во соопштението се наведува и дека бугарското МНР ја зема предвид реакцијата на Министерството за надворешни работи на Македонија, кое го осудува говорот на омраза за време на фудбалскиот натпревар и истовремено ги повикува официјалните власти во Скопје да го направат тоа што е неопходно за искоренување на „антибугарската агресија во јавниот простор на земјата“.

Бугарското МНР потсетува и дека со Договорот од 2017 година и билатералните протоколи потпишани во 2019 и 2022 година, двете земји категорично се залагаат за преземање ефективни мерки против говорот на омраза. Исто така, се посочува дека зачувувањето на напредокот постигнат во последните месеци во политичкиот дијалог бара ваквите настани засекогаш да станат дел од минатото, за двете земји да отворат нова страница во односите, засновани на меѓусебно почитување и почитување и добрососедство.

The post Бугарското МНР го осуди исвиркувањето на химната во Скопје appeared first on Република.

]]>

Бугарското министерство за надворешни работи го осуди исвиркувањето на бугарската химна на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Бугарија во Скопје. Во изјавата на портпаролот на бугарското МНР и заменик министер за надворешни работи, Костадин Коџабашев, се наведува и дека „говорот на омраза кон Бугарија и Бугарите од трибините на националниот стадион во Скопје е недвосмислена негација на основните вредности на современите демократски општества и е во контраст со европските принципи и норми на однесување“. Во соопштението се наведува и дека бугарското МНР ја зема предвид реакцијата на Министерството за надворешни работи на Македонија, кое го осудува говорот на омраза за време на фудбалскиот натпревар и истовремено ги повикува официјалните власти во Скопје да го направат тоа што е неопходно за искоренување на „антибугарската агресија во јавниот простор на земјата“. Бугарското МНР потсетува и дека со Договорот од 2017 година и билатералните протоколи потпишани во 2019 и 2022 година, двете земји категорично се залагаат за преземање ефективни мерки против говорот на омраза. Исто така, се посочува дека зачувувањето на напредокот постигнат во последните месеци во политичкиот дијалог бара ваквите настани засекогаш да станат дел од минатото, за двете земји да отворат нова страница во односите, засновани на меѓусебно почитување и почитување и добрососедство.  

The post Бугарското МНР го осуди исвиркувањето на химната во Скопје appeared first on Република.

]]>
Битиќи: Исвиркувањето на македонскиот јазик го доживеав многу тешко https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bitikji-isvirkuvanjeto-na-makedonskiot-jazik-go-doziveav-mnogu-teshko/ Wed, 17 Aug 2022 17:35:43 +0000 https://republika.mk/?p=541486

Живееме во општество на голема недоверба, општество во кое меѓусебно не се почитуваме и се уште не сме дораснати да ги прифаќаме различностите, рече вечерва вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, коментирајќи го исвиркувањето на македонскиот јазик на прославата по повод 21-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.

Исвиркувањето на македонскиот јазик го доживеав многу тешко. Тоа ни покажува во какво општество живееме, во општество на голема недоверба, во кое не се почитуваме и се уште не сме дораснати да ги прифаќаме различностите. Јас сум еден од тие и ќе останам да се борам за концептот на „едно општество“, истакна Битиќи во гостувањето на Канал 5 телевизија.

На прашањето за барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се одржат предвремни избори, тој уште еднаш повтори дека во време на криза сите треба одговорно да се однесуваат.

Уште во 2020 година кога ми беше дадена можноста да бидам вицепремиер, кажав дека во период на криза сите треба разумно да се однесуваме. Сметам дека наместо да повикуваме на избори и референдум, треба заедно да седнеме и да видиме кои се решенијата за излез од кризата, нагласи Битиќи.

The post Битиќи: Исвиркувањето на македонскиот јазик го доживеав многу тешко appeared first on Република.

Маричиќ: Свирежите за македонскиот јазик не беа провоцирани и иницирани од ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-svirezite-za-makedonskiot-jazik-ne-bea-provocirani-i-inicirani-od-dui/ Mon, 15 Aug 2022 12:44:24 +0000 https://republika.mk/?p=540538

За вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, свирежите за македонскиот јазик, за време на таканаречениот „Peace Festival“ на плоштадот Скендербег во Скопје, не се иницирани од политички субјекти.

Организатор на фестивалот во чест на 21 годишнината од потпишување на Рамковниот договор беше Министерството за политички систем, а дел од публиката беше изреволтирана кога водителката на настанот, која прво зборуваше на албански, проговори и на македонски.

Провокации и обиди за дестабилизација имало и секогаш ќе има, но за разлика од пред пет години, денес тие ниту се иницирани, ниту се провоцирани, ниту се поддржани од кој било чинител од власта. Ние сигурно чекориме кон ЕУ, разумно, одлучно, со почит кон нам различните и во договор со нашите сограѓани, пријатели, другарки и другари, припадници на сите етникуми во нашата земја, дека нашиот пат напред е еден и заеднички. Со заемна поддршка ќе ги надминеме сите предизвици на овој пат, амбициозно и без застанување кон остварување на полноправното членство во Унијата, гласи објаснувањето на Маричиќ дадено за ДВ.

The post Маричиќ: Свирежите за македонскиот јазик не беа провоцирани и иницирани од ДУИ appeared first on Република.

Свирежите кои не се слушнаа на преносот, ама власта и тоа како ги слушна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/svirezite-koi-ne-se-slushnaa-na-prenosot-ama-vlasta-i-toa-kako-gi-slushna/ Tue, 02 Aug 2022 11:59:37 +0000 https://republika.mk/?p=536102

Свирежите на граѓаните на Мечкин Камен, кои МТВ ги прикри со спремно аудио:

https://republika.mk/vesti/makedonija/tache-sobra-publika-ama-mtv-pak-morashe-da-pushti-muzika-za-da-ne-se-slushaat-svirezite/

The post Свирежите кои не се слушнаа на преносот, ама власта и тоа како ги слушна appeared first on Република.

]]>

Свирежите на граѓаните на Мечкин Камен, кои МТВ ги прикри со спремно аудио: https://republika.mk/vesti/makedonija/tache-sobra-publika-ama-mtv-pak-morashe-da-pushti-muzika-za-da-ne-se-slushaat-svirezite/

The post Свирежите кои не се слушнаа на преносот, ама власта и тоа како ги слушна appeared first on Република.

]]>
Џабе ја појачувате музиката, се слуша дека ве свиркаат https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/dzabe-ja-pojachuvate-muzikata-se-slusha-deka-ve-svirkaat/ Tue, 02 Aug 2022 11:15:27 +0000 https://republika.mk/?p=536078

The post Џабе ја појачувате музиката, се слуша дека ве свиркаат appeared first on Република.

]]>

The post Џабе ја појачувате музиката, се слуша дека ве свиркаат appeared first on Република.

]]>