исцелитет. медена земја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/istselitet-medena-zemja/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Sep 2023 11:05:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png исцелитет. медена земја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/istselitet-medena-zemja/ 32 32 Бесплатни проекции на „Медена земја“ и „Исцелител“ во Кинотека по повод Денот на независноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/besplatni-proektsii-na-medena-zemja-i-istselitel-vo-kinoteka-po-povod-denot-na-nezavisnosta/ Mon, 04 Sep 2023 11:05:41 +0000 https://republika.mk/?p=678620

Филмовите „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов и „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески ќе имаат бесплатни проекции во Кинотеката, по повод Денот на независноста - 8 септември.

Од Кинотеката најавија дека на историски ден значаен за нашата држава, ќе ги проектираат двата филма кои ја одбележаа рецентната македонска кино продукција.

Двете остварувања ги поврзуваат неколку нишки. Меѓу нив се и самите наслови. Медот впрочем, е еден вид исцелителна храна. Но тоа настрана. Најважните поврзници меѓу двата филма се: прифатеноста од публиката, речиси универзално позитивниот прием кај критиката, потврдено со многубројни награди, соопштија од Кинотека.

Документарецот „Медена земја“ на фестивалот „Санденс“ под покровителство на прославениот актер и режисер Роберт Редфорд, доби три награди.

И филмот „Исцелител“ има подолга генеза на создавање. Авторот речиси една деценија осмислувал дали филмот да биде црна комедија, драма, социјална приказна. На крајот исцелител е сево ова, прецизно изрежирана кино творба, со впечатлива актерска игра, и суптилна музичка предлошка. На фестивалските проекции во различни краеви на светот, публиката со аплаузи, а критиката со пофалби го прифаќаше ова филмско остварување, се вели во соопштението на Кинотеката.

The post Бесплатни проекции на „Медена земја“ и „Исцелител“ во Кинотека по повод Денот на независноста appeared first on Република.

]]>

Филмовите „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов и „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески ќе имаат бесплатни проекции во Кинотеката, по повод Денот на независноста - 8 септември. Од Кинотеката најавија дека на историски ден значаен за нашата држава, ќе ги проектираат двата филма кои ја одбележаа рецентната македонска кино продукција.