истражен центар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/istrazen-centar/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Oct 2022 15:23:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png истражен центар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/istrazen-centar/ 32 32 Почнува да функционира Истражниот центар при ОЈО Скопје, во тек е набавка на опрема https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-da-funkcionira-istrazniot-centar-pri-ojo-skopje-vo-tek-e-nabavka-na-oprema/ Wed, 05 Oct 2022 16:07:23 +0000 https://republika.mk/?p=557668

Истражниот центар при ОЈО Скопје полека почнува да функционира – има истражители и во тек е набавка на потребната опрема за форензика и финансиски истраги. Во функција веќе е ставен сериозен дел и до крајот на годината се очекува истражниот центар да биде 80 проценти функционален.

Како што информираат на брифинг во ОЈО Скопје, работата на истражниот центар во најголем дел се однесува на истраги од економски и финансиски криминал, кои се работат самостојно од истражителите и обвинителите кои постапуваат по предметите, а доколку е потребна асистенција се бара помош и од МВР и Управата за финансиска полиција.

Обезбедени се солидни простории. Комуникацијата меѓу истражителите и обвинителите е зголемена и тоа веќе се гледа за одредени предмети, како што е со предметот за болницата Жан Митрев, каде целосно ја работат истражителите од ОЈО Скопје - посочуваат од ОЈО.

Kако што најавија на брифингот, во следните месеци, во план е да се донесат истражители, односно стручни лица од областа на финансиски и компјутерски криминал и форензика.

Платите за овие нови истражители и стручни соработници не се проблем, бидејќи најчесто станува збор за преземање на вработени од МВР и Финансиска полиција.

Во нашата земја нема многу вакви истражни центри во рамки на обвинителствата и станува збор за неколку, како што се во ОЈО ГОКК и ОЈО Скопје.

The post Почнува да функционира Истражниот центар при ОЈО Скопје, во тек е набавка на опрема appeared first on Република.

]]>

Истражниот центар при ОЈО Скопје полека почнува да функционира – има истражители и во тек е набавка на потребната опрема за форензика и финансиски истраги. Во функција веќе е ставен сериозен дел и до крајот на годината се очекува истражниот центар да биде 80 проценти функционален. Како што информираат на брифинг во ОЈО Скопје, работата на истражниот центар во најголем дел се однесува на истраги од економски и финансиски криминал, кои се работат самостојно од истражителите и обвинителите кои постапуваат по предметите, а доколку е потребна асистенција се бара помош и од МВР и Управата за финансиска полиција.
Обезбедени се солидни простории. Комуникацијата меѓу истражителите и обвинителите е зголемена и тоа веќе се гледа за одредени предмети, како што е со предметот за болницата Жан Митрев, каде целосно ја работат истражителите од ОЈО Скопје - посочуваат од ОЈО.
Kако што најавија на брифингот, во следните месеци, во план е да се донесат истражители, односно стручни лица од областа на финансиски и компјутерски криминал и форензика. Платите за овие нови истражители и стручни соработници не се проблем, бидејќи најчесто станува збор за преземање на вработени од МВР и Финансиска полиција. Во нашата земја нема многу вакви истражни центри во рамки на обвинителствата и станува збор за неколку, како што се во ОЈО ГОКК и ОЈО Скопје.

The post Почнува да функционира Истражниот центар при ОЈО Скопје, во тек е набавка на опрема appeared first on Република.

]]>