истрага Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/istraga/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Nov 2024 09:53:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png истрага Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/istraga/ 32 32 ОЛАФ започна истрага за увоз на „ребрендирана“ руска нафта во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/olaf-zapochna-istraga-za-uvoz-na-rebrendirana-ruska-nafta-vo-eu/ Tue, 05 Nov 2024 09:53:01 +0000 https://republika.mk/?p=834280

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) започна истрага во врска со наводите дека некои земји под друг бренд во ЕУ препродаваат руска нафта, чиј увоз во ЕУ е опфатен со режимот на санкции против Русија.

Случајот се третира како обид за заобиколување на санкциите што ЕУ ги воведе кон Русија поради руската инвазија врз Украина. Забраната за увоз на руска нафта во Унијата беше воведена со пакетот санкции усвоен во февруари 2023 година.

Истрагата следи откако некои медиуми објавија дека милиони барели руска нафта најверојатно се пласираат на пазарот во ЕУ откако претходно биле „ребрендирани“ во други земји, меѓу кои и Турција и Бугарија.

Според наводите на „Политико“ на овој начин во изминатите 12 месеци во ЕУ била извезена руска нафта преку Турција, од што Русија заработила околу три милијарди евра. Овој трансфер на руска нафта под променет бренд на потекло, се вршел преку три турски пристаништа.

Дополнително, според истите тврдења, минатата година Русија заработила околу милијарда евра од пласман на своја нафта во ЕУ преку Бугарија.

„Политико“ наведува дека ова ги покажува креативните начини на кои Русија прави обиди за заобиколување на санкциите на ЕУ и ја штити својата трговија со фосилни горива, од која Москва обезбедува речиси половина од своите приходи.

Истрагата доаѓа во време на заладени односи меѓу Брисел и Анкара поради турската соработка со Русија и покрај обидите на Турција за делумно усогласување со американските санкции кон Москва.

The post ОЛАФ започна истрага за увоз на „ребрендирана“ руска нафта во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) започна истрага во врска со наводите дека некои земји под друг бренд во ЕУ препродаваат руска нафта, чиј увоз во ЕУ е опфатен со режимот на санкции против Русија. Случајот се третира како обид за заобиколување на санкциите што ЕУ ги воведе кон Русија поради руската инвазија врз Украина. Забраната за увоз на руска нафта во Унијата беше воведена со пакетот санкции усвоен во февруари 2023 година. Истрагата следи откако некои медиуми објавија дека милиони барели руска нафта најверојатно се пласираат на пазарот во ЕУ откако претходно биле „ребрендирани“ во други земји, меѓу кои и Турција и Бугарија. Според наводите на „Политико“ на овој начин во изминатите 12 месеци во ЕУ била извезена руска нафта преку Турција, од што Русија заработила околу три милијарди евра. Овој трансфер на руска нафта под променет бренд на потекло, се вршел преку три турски пристаништа. Дополнително, според истите тврдења, минатата година Русија заработила околу милијарда евра од пласман на своја нафта во ЕУ преку Бугарија. „Политико“ наведува дека ова ги покажува креативните начини на кои Русија прави обиди за заобиколување на санкциите на ЕУ и ја штити својата трговија со фосилни горива, од која Москва обезбедува речиси половина од своите приходи. Истрагата доаѓа во време на заладени односи меѓу Брисел и Анкара поради турската соработка со Русија и покрај обидите на Турција за делумно усогласување со американските санкции кон Москва.

The post ОЛАФ започна истрага за увоз на „ребрендирана“ руска нафта во ЕУ appeared first on Република.

]]>
М-НАВ: Отворена е истрага за безбедносниот настан на небото над Скопје на 7 септември https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/m-nav-otvorena-e-istraga-za-bezbednosniot-nastan-na-neboto-nad-skopje-na-7-septemvri/ Fri, 13 Sep 2024 09:34:33 +0000 https://republika.mk/?p=815963

Во пропишаниот рок, поднесена е пријава за безбедосниот настан на небото на Скопје што се случи на 7.месецов и отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините, информира денеска Давателот на навигациски услуги М-НАВ, по објавите за избегнат инцидент со судир на два авиона.

Од М-НАВ потенцираат дека таквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија.

На 7 септември во 18.30 часот поднесена е пријава за безбедосен настан во пропишаниот рок од извршителите кои работеле на засегнатиот сектор. Согласно правилата и пропишаните процедури, пријавата е регистрирана од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) и доставена до Агенцијата за Цивилно Воздухопловство. Исто така, согласно важечките процедури, од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините за настанот. Би сакале да укажеме дека ваквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија, служби и институции, согласно постоечките правни процедури, наведе М-НАВ во соопштение.

Претходно од АЦВ за МИА потврдија постапуваат по настан пријавен од Давателот на навигациски услуги М-НАВ.

Давателот на навигациски услиги М-НВ уредно го пријави настанот и АЦВ ќе постапи по истиот, изјавија од АЦВ.

Медиумите претходно објавија повикувајќи се на сајтот за следење летови Флајтрадар24, дека авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот.

Станува збор за авионот на „Туркиш ерлајнс“ на летот ТК1358 од Мадрид за Истанбул и авионот на „Санекспрес“ од турскиот крајбрежен аеродром Даламан за Лондон – Гетвик. Според Флајтрадар24, 30 секунди пред да се разминат двата авиона биле на иста висина од 36.000 стапки. Непосредно пред да се разминат, едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки. Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина, пишува порталот.

The post М-НАВ: Отворена е истрага за безбедносниот настан на небото над Скопје на 7 септември appeared first on Република.

]]>

Во пропишаниот рок, поднесена е пријава за безбедосниот настан на небото на Скопје што се случи на 7.месецов и отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините, информира денеска Давателот на навигациски услуги М-НАВ, по објавите за избегнат инцидент со судир на два авиона. Од М-НАВ потенцираат дека таквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија.
На 7 септември во 18.30 часот поднесена е пријава за безбедосен настан во пропишаниот рок од извршителите кои работеле на засегнатиот сектор. Согласно правилата и пропишаните процедури, пријавата е регистрирана од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) и доставена до Агенцијата за Цивилно Воздухопловство. Исто така, согласно важечките процедури, од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините за настанот. Би сакале да укажеме дека ваквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија, служби и институции, согласно постоечките правни процедури, наведе М-НАВ во соопштение.
Претходно од АЦВ за МИА потврдија постапуваат по настан пријавен од Давателот на навигациски услуги М-НАВ.
Давателот на навигациски услиги М-НВ уредно го пријави настанот и АЦВ ќе постапи по истиот, изјавија од АЦВ.
Медиумите претходно објавија повикувајќи се на сајтот за следење летови Флајтрадар24, дека авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот.
Станува збор за авионот на „Туркиш ерлајнс“ на летот ТК1358 од Мадрид за Истанбул и авионот на „Санекспрес“ од турскиот крајбрежен аеродром Даламан за Лондон – Гетвик. Според Флајтрадар24, 30 секунди пред да се разминат двата авиона биле на иста висина од 36.000 стапки. Непосредно пред да се разминат, едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки. Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина, пишува порталот.

The post М-НАВ: Отворена е истрага за безбедносниот настан на небото над Скопје на 7 септември appeared first on Република.

]]>
Нејасно е зошто двата авиона се нашле на иста висина во исто време: АЦВ почна истрага https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nejasno-e-zoshto-dvata-aviona-se-nashle-na-ista-visina-vo-isto-vreme-atsv-pochna-istraga/ Thu, 12 Sep 2024 20:30:11 +0000 https://republika.mk/?p=815841

Според сајтот за следење летови Флајтрадар24, авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот, пренесува сдк.мк. Станува збор за авионот на „Туркиш ерлајнс“ на летот ТК1358 од Мадрид за Истанбул и авионот на „Санекспрес“ за Лондон.

Според Флајтрадар24, 30 секунди пред да се разминат двата авиона биле на иста висина од 36.000 стапки. Непосредно пред да се разминат, едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки. Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина.

https://republika.mk/zivot/servisi/izbegnata-e-tragedija-dva-aviona-za-malku-ke-se-sudrele-na-neboto-nad-skopje/

Нејасно е зошто двата авиона се нашле на иста висина во исто време, односно дали станува збор за инструкции на контролата за летање или е грешка на пилотот.

Флајтрадар24 е глобална услуга за следење летови која обезбедува информации во реално време за илјадници авиони ширум светот.

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) потврди дека постапува по наводите дека за малку ќе се судреле два авиона на небото над Скопје на 7 септември.

Како што објаснуваат воздухопловните власти, тие мора да постапат по ваквите наводи. Според процедурата, првично известува М-НАВ, кој што е задолжен за контролата на летање, а потоа и АЦВ испитува дали станува збор за инцидент или за сериозен инцидент. Ако е, не дај боже, сериозен инцидент, се вклучува и Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти.

Од Македонска навигација (М-НАВ) не беа достапни за коментар дали е покрената истрага за инцидент, дали и какви мерки се преземени.

The post Нејасно е зошто двата авиона се нашле на иста висина во исто време: АЦВ почна истрага appeared first on Република.

]]>

Според сајтот за следење летови Флајтрадар24, авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот, пренесува сдк.мк. Станува збор за авионот на „Туркиш ерлајнс“ на летот ТК1358 од Мадрид за Истанбул и авионот на „Санекспрес“ за Лондон. Според Флајтрадар24, 30 секунди пред да се разминат двата авиона биле на иста висина од 36.000 стапки. Непосредно пред да се разминат, едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки. Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина. https://republika.mk/zivot/servisi/izbegnata-e-tragedija-dva-aviona-za-malku-ke-se-sudrele-na-neboto-nad-skopje/ Нејасно е зошто двата авиона се нашле на иста висина во исто време, односно дали станува збор за инструкции на контролата за летање или е грешка на пилотот. Флајтрадар24 е глобална услуга за следење летови која обезбедува информации во реално време за илјадници авиони ширум светот. Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) потврди дека постапува по наводите дека за малку ќе се судреле два авиона на небото над Скопје на 7 септември. Како што објаснуваат воздухопловните власти, тие мора да постапат по ваквите наводи. Според процедурата, првично известува М-НАВ, кој што е задолжен за контролата на летање, а потоа и АЦВ испитува дали станува збор за инцидент или за сериозен инцидент. Ако е, не дај боже, сериозен инцидент, се вклучува и Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти. Од Македонска навигација (М-НАВ) не беа достапни за коментар дали е покрената истрага за инцидент, дали и какви мерки се преземени.

The post Нејасно е зошто двата авиона се нашле на иста висина во исто време: АЦВ почна истрага appeared first on Република.

]]>
Австриска лекарка под истрага откако дозволила ќерка и да учествува во операција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avstriska-lekarka-pod-istraga-otkako-dozvolila-kerka-i-da-uchestvuva-vo-operatsija/ Tue, 27 Aug 2024 17:28:47 +0000 https://republika.mk/?p=810685

Австриска специјалистка по неурохирургија, чиј идентитет не е соопштен, е под истрага поради сомневање дека ѝ дозволила на својата 13-годишна ќерка активно да учествува во операција и да направи отвор во череп на пациент.

По несреќа во шума, која се случила во јануари оваа година, 33-годишен пациент бил пренесен во Универзитетската болница во Грац со сериозни повреди на главата, пренесува британски „Телеграф“. Хирургот тогаш ѝ дозволила на својата ќерка тинејџерка да учествува во операцијата, која вклучувала отворање на черепот на пациентот, пишува австрискиот весник „Кронен цајтунг“. Операцијата наводно поминала без компликации, но анонимна пријава со обвиненија стигнала до државното обвинителство дури во април. Потоа, полицијата во јули го информирала наводниот пациент за случајот.

„Кронен цајтунг“ пренесува дека таа и уште еден специјалист кој бил присутен за време на операцијата биле отпуштени.

Адвокатот на оштетениот, Петер Фрајбергер, изјави: „Лежиш таму, беспомошно, без свест и стануваш експеримент. Ова не би требало да биде возможно. Ова не би требало да се случи“. Тој додаде дека сите кои биле присутни за време на операцијата треба да понесат одговорност.

Адвокатот најави тужба против целиот тим кој присуствувал на операцијата и побара обештетување. Исто така, адвокатот додаде дека никој од болницата не стапил во контакт со пациентот за да се извини или објасни, што тој го смета за отсуство на почит.

Болницата во Грац изјави дека истрагата против хируршкиот тим е во тек, но дека нема конкретни докази дека ќерката на лекарката навистина учествувала во операцијата. Тие изразија длабоко жалење за инцидентот и упатија извинување.

The post Австриска лекарка под истрага откако дозволила ќерка и да учествува во операција appeared first on Република.

]]>

Австриска специјалистка по неурохирургија, чиј идентитет не е соопштен, е под истрага поради сомневање дека ѝ дозволила на својата 13-годишна ќерка активно да учествува во операција и да направи отвор во череп на пациент. По несреќа во шума, која се случила во јануари оваа година, 33-годишен пациент бил пренесен во Универзитетската болница во Грац со сериозни повреди на главата, пренесува британски „Телеграф“. Хирургот тогаш ѝ дозволила на својата ќерка тинејџерка да учествува во операцијата, која вклучувала отворање на черепот на пациентот, пишува австрискиот весник „Кронен цајтунг“. Операцијата наводно поминала без компликации, но анонимна пријава со обвиненија стигнала до државното обвинителство дури во април. Потоа, полицијата во јули го информирала наводниот пациент за случајот. „Кронен цајтунг“ пренесува дека таа и уште еден специјалист кој бил присутен за време на операцијата биле отпуштени. Адвокатот на оштетениот, Петер Фрајбергер, изјави: „Лежиш таму, беспомошно, без свест и стануваш експеримент. Ова не би требало да биде возможно. Ова не би требало да се случи“. Тој додаде дека сите кои биле присутни за време на операцијата треба да понесат одговорност. Адвокатот најави тужба против целиот тим кој присуствувал на операцијата и побара обештетување. Исто така, адвокатот додаде дека никој од болницата не стапил во контакт со пациентот за да се извини или објасни, што тој го смета за отсуство на почит. Болницата во Грац изјави дека истрагата против хируршкиот тим е во тек, но дека нема конкретни докази дека ќерката на лекарката навистина учествувала во операцијата. Тие изразија длабоко жалење за инцидентот и упатија извинување.

The post Австриска лекарка под истрага откако дозволила ќерка и да учествува во операција appeared first on Република.

]]>
Тајната служба на САД под истрага за обидот за атентат врз Трамп https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tajnata-sluzhba-na-sad-pod-istraga-za-obidot-za-atentat-vrz-tramp/ Wed, 17 Jul 2024 20:25:34 +0000 https://republika.mk/?p=797837

Генералниот инспектор на американскиот Секретар за внатрешна безбедност отвори истрага за начинот на кој Тајната служба го обезбедувала поранешниот претседател Доналд Трамп за време на митингот во Пенсилванија викендот на кој напаѓач се обиде да го убие.

Целта на истрагата, како што се наведува, е „да се разгледа процесот на американската Тајна служба за обезбедување на митингот на поранешниот претседател Трамп на 13 јули 2024 година“, без да се прецизира кога е отворена истрагата.

Претседателот Џо Бајден веќе наложи независна истрага за безбедносните мерки на митингот. Пукањето продуцира низа прашања за тоа како напаѓачот успеа да се качи на покрив од кој јасно го гледал поранешниот претседател кој беше погоден во уво.

Дваесетгодишниот Томас Метју Крукс беше на 135 метри од бината од која говореше Трамп кога отвори оган кон него. Во пресрет на митингот, Трамп доби засилено обезбедување поради закани од Иран.

Агенти на Тајната служба набрзо го обезбедија Трамп со жив штит и го симнаа од бината, а снајперист го ликвидира напаѓачот. Еден учесник на митингот беше убиен додека двајца други се наоѓаат во критична состојба.

Директорката на Тајната служба, Ким Читл порача дека ќе соработува и со конгресниот одбор кој го истражува пукањето. Нагласи дека и службата се обидува да утврди како дојде до нападот и да се осигура дека нема да се повтори.

The post Тајната служба на САД под истрага за обидот за атентат врз Трамп appeared first on Република.

]]>

Генералниот инспектор на американскиот Секретар за внатрешна безбедност отвори истрага за начинот на кој Тајната служба го обезбедувала поранешниот претседател Доналд Трамп за време на митингот во Пенсилванија викендот на кој напаѓач се обиде да го убие. Целта на истрагата, како што се наведува, е „да се разгледа процесот на американската Тајна служба за обезбедување на митингот на поранешниот претседател Трамп на 13 јули 2024 година“, без да се прецизира кога е отворена истрагата. Претседателот Џо Бајден веќе наложи независна истрага за безбедносните мерки на митингот. Пукањето продуцира низа прашања за тоа како напаѓачот успеа да се качи на покрив од кој јасно го гледал поранешниот претседател кој беше погоден во уво. Дваесетгодишниот Томас Метју Крукс беше на 135 метри од бината од која говореше Трамп кога отвори оган кон него. Во пресрет на митингот, Трамп доби засилено обезбедување поради закани од Иран. Агенти на Тајната служба набрзо го обезбедија Трамп со жив штит и го симнаа од бината, а снајперист го ликвидира напаѓачот. Еден учесник на митингот беше убиен додека двајца други се наоѓаат во критична состојба. Директорката на Тајната служба, Ким Читл порача дека ќе соработува и со конгресниот одбор кој го истражува пукањето. Нагласи дека и службата се обидува да утврди како дојде до нападот и да се осигура дека нема да се повтори.

The post Тајната служба на САД под истрага за обидот за атентат врз Трамп appeared first on Република.

]]>
Убиство по банална вербална расправија: Истрага против 21-годишен жител на Македонски Брод кој се сомничи за убиство на професионален војник на АРМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ubistvo-po-banalna-verbalna-raspravija-istraga-protiv-21-godishen-zhitel-na-makedonski-brod-koj-se-somnichi-za-ubistvo-na-profesionalen-vojnik-na-arm/ Tue, 16 Jul 2024 15:26:18 +0000 https://republika.mk/?p=797462

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишник од селото Суви Дол, Македонски Брод, кој се сомничи дека лишил од живот едно лице во двор на куќа во селото Калуѓерец, нанесувајќи му огнострелна повреда со куршум од ловна пушка.

Како што информираа попладнево од Јавното обвинителство на Република Македонија, за осомничениот постои основано сомнение дека сторил кривично дело - Убиство според член 123 став 1 од Кривичниот законик, а жртвата е професионален војник во АРМ.

Жртвата е 31-годишен професионален војник во АРМ, но повод за убиството е банална вербална расправија од приватна природа, стои во соопштението од ЈОРМ.

Оттаму дополнуваат дека надлежниот јавен обвинител доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

The post Убиство по банална вербална расправија: Истрага против 21-годишен жител на Македонски Брод кој се сомничи за убиство на професионален војник на АРМ appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишник од селото Суви Дол, Македонски Брод, кој се сомничи дека лишил од живот едно лице во двор на куќа во селото Калуѓерец, нанесувајќи му огнострелна повреда со куршум од ловна пушка. Како што информираа попладнево од Јавното обвинителство на Република Македонија, за осомничениот постои основано сомнение дека сторил кривично дело - Убиство според член 123 став 1 од Кривичниот законик, а жртвата е професионален војник во АРМ. Жртвата е 31-годишен професионален војник во АРМ, но повод за убиството е банална вербална расправија од приватна природа, стои во соопштението од ЈОРМ. Оттаму дополнуваат дека надлежниот јавен обвинител доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

The post Убиство по банална вербална расправија: Истрага против 21-годишен жител на Македонски Брод кој се сомничи за убиство на професионален војник на АРМ appeared first on Република.

]]>
ОЈО Скопје ја испитува сообраќајката на автобусот на ЈСП https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ojo-skopje-ja-ispituva-soobrakajkata-na-avtobusot-na-jsp/ Tue, 16 Jul 2024 08:45:46 +0000 https://republika.mk/?p=797286

Врз основа на поднесено писмено известување од МВР-СВР Скопје Одделение за увиди на сообраќајни незгоди, за настан во кој возач на автобус на ЈСП Скопје на 8 јули изгубил контрола врз возилото за јавен превоз, отишол во лево и удрил во бетонска жардиниера на булеварот „Гоце Делчев”, при што со телесни повреди биле евидентирани возачот на автобусот и двајца патници, Основното јавно обвинителство Скопје оформило предмет и презема дејствија за испитување на настанот.

Надлежниот јавен обвинител, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Македонија, ќе ги испита и наводите што се изнесени преку јавно искажани изјави од учесници во настанот и од други лица со кои се укажува на незаконитости во работењето на ЈСП Скопје, во поглед на исправноста и одржувањето на автобусот со кој се случи незгодата.

За таа цел е ангажирано вешто лице од областа на машинството и издадена е наредба за преземање мерки до МВР – Биро за јавна безбедност да обезбеди податоци и документација од ЈСП Скопје во однос на одржувањето, сервисирањето и исправноста на автобусот, како и организацијата на работниот процес. Согласно наредбата, во присуство на вештото лице ќе се изврши проверка на исправноста на автобусот. Дадени се насоки да се извршат и разговори со лица кои имаaт сознанија за настанот, се појаснува во соопштението.

The post ОЈО Скопје ја испитува сообраќајката на автобусот на ЈСП appeared first on Република.

]]>

Врз основа на поднесено писмено известување од МВР-СВР Скопје Одделение за увиди на сообраќајни незгоди, за настан во кој возач на автобус на ЈСП Скопје на 8 јули изгубил контрола врз возилото за јавен превоз, отишол во лево и удрил во бетонска жардиниера на булеварот „Гоце Делчев”, при што со телесни повреди биле евидентирани возачот на автобусот и двајца патници, Основното јавно обвинителство Скопје оформило предмет и презема дејствија за испитување на настанот. Надлежниот јавен обвинител, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Македонија, ќе ги испита и наводите што се изнесени преку јавно искажани изјави од учесници во настанот и од други лица со кои се укажува на незаконитости во работењето на ЈСП Скопје, во поглед на исправноста и одржувањето на автобусот со кој се случи незгодата.
За таа цел е ангажирано вешто лице од областа на машинството и издадена е наредба за преземање мерки до МВР – Биро за јавна безбедност да обезбеди податоци и документација од ЈСП Скопје во однос на одржувањето, сервисирањето и исправноста на автобусот, како и организацијата на работниот процес. Согласно наредбата, во присуство на вештото лице ќе се изврши проверка на исправноста на автобусот. Дадени се насоки да се извршат и разговори со лица кои имаaт сознанија за настанот, се појаснува во соопштението.

The post ОЈО Скопје ја испитува сообраќајката на автобусот на ЈСП appeared first on Република.

]]>
Истрага против сопругата на поранешниот претседател на Франција, Карла Бруни https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/istraga-protiv-soprugata-na-poraneshniot-pretsedatel-na-frantsija-karla-bruni/ Wed, 10 Jul 2024 07:24:16 +0000 https://republika.mk/?p=795149

Во Франција е отворена истрага против сопругата на поранешниот претседател Никола Саркози, Карла Бруни за нејзината поврзаноста со пари од Либија во претседателската кампања во 2007 година.

Пејачката е ставена под судска контрола поради евентуално влијание врз сведоците.

Аферата со Либија се фокусира на тврдењата дека парите за кампањата за претседателските избори на Саркози во 2007 година дошле нелегално од режимот на тогашниот либиски владетел Моамер Гадафи. Француско-либанскиот бизнисмен Зиад Такиедин во 2016 година изјави дека кон крајот на 2006 или на почетокот на 2007 година од Либија донел неколку куфери со милиони евра во Министерството за внатрешни работи во Париз, со кое во тоа време раководеше Саркози.

Такиедин првично се сметаше за главен сведок, но тој подоцна негираше дека Саркози добил пари од Либија. Поради тоа во 2021 година почна дополнителна истрага за да разјасни дали главниот сведок на обвинителството бил поткупен за да ја промени изјавата, како и за улогата на Бруни како контакт помеѓу Саркози и Такиедин.

The post Истрага против сопругата на поранешниот претседател на Франција, Карла Бруни appeared first on Република.

]]>

Во Франција е отворена истрага против сопругата на поранешниот претседател Никола Саркози, Карла Бруни за нејзината поврзаноста со пари од Либија во претседателската кампања во 2007 година. Пејачката е ставена под судска контрола поради евентуално влијание врз сведоците. Аферата со Либија се фокусира на тврдењата дека парите за кампањата за претседателските избори на Саркози во 2007 година дошле нелегално од режимот на тогашниот либиски владетел Моамер Гадафи. Француско-либанскиот бизнисмен Зиад Такиедин во 2016 година изјави дека кон крајот на 2006 или на почетокот на 2007 година од Либија донел неколку куфери со милиони евра во Министерството за внатрешни работи во Париз, со кое во тоа време раководеше Саркози. Такиедин првично се сметаше за главен сведок, но тој подоцна негираше дека Саркози добил пари од Либија. Поради тоа во 2021 година почна дополнителна истрага за да разјасни дали главниот сведок на обвинителството бил поткупен за да ја промени изјавата, како и за улогата на Бруни како контакт помеѓу Саркози и Такиедин.

The post Истрага против сопругата на поранешниот претседател на Франција, Карла Бруни appeared first on Република.

]]>
Отворена истрага против Марин Ле Пен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/otvorena-istraga-protiv-marin-le-pen/ Tue, 09 Jul 2024 20:51:24 +0000 https://republika.mk/?p=795108

Обвинителството во Париз отвори истрага за финансирањето на кампањата на Марин Ле Пен за претседателските избори во 2022 година. Истрагата, која следи по прелиминарните истраги, беше отворена минатата недела поради сомневање за проневера, фалсификување, измама и сомнително прифаќање заем, потврдија за Политико од канцеларијата на париското обвинителство.

Во 2022 година, во нејзиниот трет обид да стане претседател, Ле Пен освои 41 отсто од гласовите во вториот круг, губејќи од актуелниот претседател Емануел Макрон. Истрагата сега ќе биде предадена на судија. Отворањето на истрагата дојде откако Националниот комитет за истрага на трошоците за кампањата (CNCCFP) го предупреди париското обвинителство за неправилности.

CNCCFP веќе забележа неправилности во претседателската кампања на Ле Пен во 2022 година, одбивајќи да ги врати парите за постери што беа поставени на автобусите, што беше протолкувано како кршење на правилата за рекламирање на кампањата.

Според АФП, Ле Пен инвестирала близу 11,5 милиони евра во нејзината неуспешна претседателска кампања во 2022 година. Ова не е прв пат Ле Пен да се соочува со вакви проблеми, бидејќи беа утврдени голем број неправилности и за време на нејзината претседателска кампања во 2017 година.

 

The post Отворена истрага против Марин Ле Пен appeared first on Република.

]]>

Обвинителството во Париз отвори истрага за финансирањето на кампањата на Марин Ле Пен за претседателските избори во 2022 година. Истрагата, која следи по прелиминарните истраги, беше отворена минатата недела поради сомневање за проневера, фалсификување, измама и сомнително прифаќање заем, потврдија за Политико од канцеларијата на париското обвинителство. Во 2022 година, во нејзиниот трет обид да стане претседател, Ле Пен освои 41 отсто од гласовите во вториот круг, губејќи од актуелниот претседател Емануел Макрон. Истрагата сега ќе биде предадена на судија. Отворањето на истрагата дојде откако Националниот комитет за истрага на трошоците за кампањата (CNCCFP) го предупреди париското обвинителство за неправилности. CNCCFP веќе забележа неправилности во претседателската кампања на Ле Пен во 2022 година, одбивајќи да ги врати парите за постери што беа поставени на автобусите, што беше протолкувано како кршење на правилата за рекламирање на кампањата. Според АФП, Ле Пен инвестирала близу 11,5 милиони евра во нејзината неуспешна претседателска кампања во 2022 година. Ова не е прв пат Ле Пен да се соочува со вакви проблеми, бидејќи беа утврдени голем број неправилности и за време на нејзината претседателска кампања во 2017 година.  

The post Отворена истрага против Марин Ле Пен appeared first on Република.

]]>
Холандските обвинители го истражуваат Букинг за рекламирање сместување во израелските населби https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/holandskite-obviniteli-go-istrazhuvaat-buking-za-reklamirane-smestuvane-vo-izraelskite-naselbi/ Thu, 23 May 2024 16:54:34 +0000 https://republika.mk/?p=781260

Холандските обвинители разгледуваат кривична пријава против платформата за изнајмување сместувачки капацитети (Букинг) Booking.com за рекламирање имот во израелските населби.

Холандската непрофитна организација СОМО (SOMO) соопшти дека поднела жалба до државниот обвинител во ноември заедно со три други групи за човекови права, но дека тоа не било претходно објавено.

Во жалбата, групите ја обвинуваат платформата за „профитирање од воените злосторства преку олеснување на изнајмувањето на викендички на земјиште украдено од домородното палестинско население“.

Booking.com соопшти дека не се согласува со наводите и дека нема закони со кои се забранува рекламирање сместувачки капацитети во израелските населби, додека низа американски закони би забраниле повлекување на инвестициите во регионот.

Населбите изградени на земјиште окупирано од Израел во војната на Блискиот Исток во 1967 година се сметаат за нелегални од повеќето земји, вклучително и Холандија.

The post Холандските обвинители го истражуваат Букинг за рекламирање сместување во израелските населби appeared first on Република.

]]>

Холандските обвинители разгледуваат кривична пријава против платформата за изнајмување сместувачки капацитети (Букинг) Booking.com за рекламирање имот во израелските населби. Холандската непрофитна организација СОМО (SOMO) соопшти дека поднела жалба до државниот обвинител во ноември заедно со три други групи за човекови права, но дека тоа не било претходно објавено. Во жалбата, групите ја обвинуваат платформата за „профитирање од воените злосторства преку олеснување на изнајмувањето на викендички на земјиште украдено од домородното палестинско население“. Booking.com соопшти дека не се согласува со наводите и дека нема закони со кои се забранува рекламирање сместувачки капацитети во израелските населби, додека низа американски закони би забраниле повлекување на инвестициите во регионот. Населбите изградени на земјиште окупирано од Израел во војната на Блискиот Исток во 1967 година се сметаат за нелегални од повеќето земји, вклучително и Холандија.

The post Холандските обвинители го истражуваат Букинг за рекламирање сместување во израелските населби appeared first on Република.

]]>
Истрага против „Рајанер“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/istraga-protiv-rajaner/ Thu, 18 Apr 2024 10:43:23 +0000 https://republika.mk/?p=767501

Италијанскиот антимонополски регулатор отвори истрага против авиокомпанијата „Рајанер“ за можна злоупотреба на доминантната позиција, која нанела „сериозна и непоправлива“ штета на туристичките агенции, другите превозници и патниците, објавија италијанските медиуми.

Според неофицијални извештаи, нискобуџетната авиокомпанија во неколку наврати ги блокирала физичките и онлајн тур-операторите да пристапат до понуди и попусти на нејзината веб-страница, откри регулаторот.

„Рајанер“, кој стана најголемиот италијански превозник, има рок од 8 дена да ги изнесе своите контрааргументи и да побара сослушување.

The post Истрага против „Рајанер“ appeared first on Република.

]]>

Италијанскиот антимонополски регулатор отвори истрага против авиокомпанијата „Рајанер“ за можна злоупотреба на доминантната позиција, која нанела „сериозна и непоправлива“ штета на туристичките агенции, другите превозници и патниците, објавија италијанските медиуми. Според неофицијални извештаи, нискобуџетната авиокомпанија во неколку наврати ги блокирала физичките и онлајн тур-операторите да пристапат до понуди и попусти на нејзината веб-страница, откри регулаторот. „Рајанер“, кој стана најголемиот италијански превозник, има рок од 8 дена да ги изнесе своите контрааргументи и да побара сослушување.

The post Истрага против „Рајанер“ appeared first on Република.

]]>
Истрагата покажала дека лекарот не бил убиен во неговиот автомобил, туку таму бил оставен https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/istragata-pokazhala-deka-lekarot-ne-bil-ubien-vo-negoviot-avtomobil-tuku-tamu-bil-ostaven/ Wed, 03 Apr 2024 09:27:15 +0000 https://republika.mk/?p=761618

Матичниот лекар Ацо Трповски бил убиен на друго место, а не во неговиот автомобил изјави за „Слободен печат“ утрово дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

За месец дена на територија на Скопје има два немили настани, убиството на лекарот Ацо Трповски и пукањето во Арачиново. Имавме приведено три лица, но лицата се пуштени на слобода поради недоволни докази. Според наши сознанија лицето не е убиено во автомобилот туку е донесено телото и оставено во автомобилот. Не се откриени мотивите за убиството, изјави Бојмацалиев за „Слободен печат“.

Лекарот Ацо Трпковски беше најден избоден и искрварен во неговиот автомобил на паркинг пред поликлиниката Железара на 21 март годинава.

 

The post Истрагата покажала дека лекарот не бил убиен во неговиот автомобил, туку таму бил оставен appeared first on Република.

]]>

Матичниот лекар Ацо Трповски бил убиен на друго место, а не во неговиот автомобил изјави за „Слободен печат“ утрово дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.
За месец дена на територија на Скопје има два немили настани, убиството на лекарот Ацо Трповски и пукањето во Арачиново. Имавме приведено три лица, но лицата се пуштени на слобода поради недоволни докази. Според наши сознанија лицето не е убиено во автомобилот туку е донесено телото и оставено во автомобилот. Не се откриени мотивите за убиството, изјави Бојмацалиев за „Слободен печат“.
Лекарот Ацо Трпковски беше најден избоден и искрварен во неговиот автомобил на паркинг пред поликлиниката Железара на 21 март годинава.  

The post Истрагата покажала дека лекарот не бил убиен во неговиот автомобил, туку таму бил оставен appeared first on Република.

]]>
ФФМ за истрагата со местење на натпревари: Целосно соработуваме со МВР https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ffm-za-istragata-so-mestene-na-natprevari-tselosno-sorabotuvame-so-mvr/ Fri, 29 Mar 2024 21:56:20 +0000 https://republika.mk/?p=760291

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) лиферуваше соопштение за полициската истрага која денеска беше спроведена во „Куќата на фудбалот“ во врска со наместени натпревари, истакнувајќи дека службите на ФФМ во целост соработуваат со Министерството за внатрешни работи (МВР).

https://republika.mk/sport/fudbal/ffm-tselosno-sorabotuvame-so-mvr/

Во соопштението на ФФМ се прецизира дека од страна на МВР биле „побарани информации кои првенствено се однесуваат на акти кои го регулираат натпреварувањето, записници од официјални натпревари во рамки на натпреварувања во организација на ФФМ и распоред од календарот на натпреварувањата во домашните првенства“.

Во рамки на своите надлежности кои се однесуваат пред сè на заштита на интегритетот на натпреварувањето, ФФМ целосно соработува со МВР и органите на Министерството во тој дел, се наведува во соопштението.

The post ФФМ за истрагата со местење на натпревари: Целосно соработуваме со МВР appeared first on Република.

]]>

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) лиферуваше соопштение за полициската истрага која денеска беше спроведена во „Куќата на фудбалот“ во врска со наместени натпревари, истакнувајќи дека службите на ФФМ во целост соработуваат со Министерството за внатрешни работи (МВР). https://republika.mk/sport/fudbal/ffm-tselosno-sorabotuvame-so-mvr/ Во соопштението на ФФМ се прецизира дека од страна на МВР биле „побарани информации кои првенствено се однесуваат на акти кои го регулираат натпреварувањето, записници од официјални натпревари во рамки на натпреварувања во организација на ФФМ и распоред од календарот на натпреварувањата во домашните првенства“.
Во рамки на своите надлежности кои се однесуваат пред сè на заштита на интегритетот на натпреварувањето, ФФМ целосно соработува со МВР и органите на Министерството во тој дел, се наведува во соопштението.

The post ФФМ за истрагата со местење на натпревари: Целосно соработуваме со МВР appeared first on Република.

]]>
ЕУ води 203 истраги во Бугарија за злоупотреби на околу 900 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eu-vodi-203-istragi-vo-bugarija-za-zloupotrebi-na-okolu-900-milioni-evra/ Fri, 01 Mar 2024 10:45:46 +0000 https://republika.mk/?p=749969

Обвинителството на ЕУ денеска го презентираше извештајот за своите активности минатата година, во кој се наведува дека во Бугарија се водат 203 истраги поради сомнение за измама со 884,9 милиони евра од европскиот буџет.

Во 2023 година беа отворени 107 нови истраги за 405,2 милиони евра. Во оваа бројка пет инспекциски надзори се за измама со ДДВ со вкупна вредност од 28,2 милиони евра, покажуваат податоците.

Минатата година не е издаден ниту еден налог за заплена на имот, се додава во извештајот. Во истиот период без последици завршиле 16 увиди, а материјалите во 14 случаи се предадени на бугарскиот суд.

Од вкупно 225 пријави за сомневање за злоупотреба, 163 се поднесени од надлежните во Бугарија, 13 се од институции на ЕУ, 47 се од граѓани.

Според инспекциите на Европското обвинителство, минатата година во Бугарија биле отворени четири предмети, но немало ниту една правосилна судска одлука и ниту еден не е осуден.

Податоците покажуваат и дека половина од инспекциските контроли се однесуваат на предмети кои не се однесуваат на јавни набавки, речиси една третина се поврзани со сомневања за трошење со јавни средства, околу три проценти се поврзани со затајување ДДВ, шест проценти се поврзани со сомневања за корупција.

Најголемиот број истраги се однесуваат на работа со средства од европскиот буџет за кохезија, а потоа следат случаи поврзани со програми во земјоделството.

Севкупно, Канцеларијата на европското јавно обвинителство покрена над 330 истраги во ЕУ минатата година.

Проценетата штета во овие случаи за европскиот буџет е 11,5 милијарди евра, покажува извештајот.

The post ЕУ води 203 истраги во Бугарија за злоупотреби на околу 900 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Обвинителството на ЕУ денеска го презентираше извештајот за своите активности минатата година, во кој се наведува дека во Бугарија се водат 203 истраги поради сомнение за измама со 884,9 милиони евра од европскиот буџет. Во 2023 година беа отворени 107 нови истраги за 405,2 милиони евра. Во оваа бројка пет инспекциски надзори се за измама со ДДВ со вкупна вредност од 28,2 милиони евра, покажуваат податоците. Минатата година не е издаден ниту еден налог за заплена на имот, се додава во извештајот. Во истиот период без последици завршиле 16 увиди, а материјалите во 14 случаи се предадени на бугарскиот суд. Од вкупно 225 пријави за сомневање за злоупотреба, 163 се поднесени од надлежните во Бугарија, 13 се од институции на ЕУ, 47 се од граѓани. Според инспекциите на Европското обвинителство, минатата година во Бугарија биле отворени четири предмети, но немало ниту една правосилна судска одлука и ниту еден не е осуден. Податоците покажуваат и дека половина од инспекциските контроли се однесуваат на предмети кои не се однесуваат на јавни набавки, речиси една третина се поврзани со сомневања за трошење со јавни средства, околу три проценти се поврзани со затајување ДДВ, шест проценти се поврзани со сомневања за корупција. Најголемиот број истраги се однесуваат на работа со средства од европскиот буџет за кохезија, а потоа следат случаи поврзани со програми во земјоделството. Севкупно, Канцеларијата на европското јавно обвинителство покрена над 330 истраги во ЕУ минатата година. Проценетата штета во овие случаи за европскиот буџет е 11,5 милијарди евра, покажува извештајот.

The post ЕУ води 203 истраги во Бугарија за злоупотреби на околу 900 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Јапонците покренаа истрага за авионската несреќа на аеродромот во Токио https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/japontsite-pokrenaa-istraga-za-avionskata-nesreka-na-aerodromot-vo-tokio/ Wed, 03 Jan 2024 13:24:10 +0000 https://republika.mk/?p=729333

Јапонските сообраќајни власти покренаа истрага за судирот на патнички авион и авион на крајбрежната стража на аеродромот во Токио.

Инспекторите ги испитуваат јагленосаните остатоци од патничкиот авион, додека медиумите јавуваат дека полицијата истражува и можно професионално невнимание во овој случај.

Сите 379 лица во авионот на Japan Airlines беа евакуирани и спасени откако авионот се запали по несреќата при слетувањето на аеродромот Ханеда.

Пет од шесте членови на екипажот на авионот на крајбрежната стража што замина на мисија по земјотресот кај западниот брег на Јапонија загинаа. Капетанот преживеа, но беше тешко повреден.

Несреќите на пистата некогаш беа голем безбедносен проблем, но станаа многу поретки благодарение на модерната технологија и процедурите за надгледување на земјата, велат воздухопловните експерти.

Јапонските власти објавија дека засега не е јасна причината за несреќата.

The post Јапонците покренаа истрага за авионската несреќа на аеродромот во Токио appeared first on Република.

]]>

Јапонските сообраќајни власти покренаа истрага за судирот на патнички авион и авион на крајбрежната стража на аеродромот во Токио. Инспекторите ги испитуваат јагленосаните остатоци од патничкиот авион, додека медиумите јавуваат дека полицијата истражува и можно професионално невнимание во овој случај. Сите 379 лица во авионот на Japan Airlines беа евакуирани и спасени откако авионот се запали по несреќата при слетувањето на аеродромот Ханеда. Пет од шесте членови на екипажот на авионот на крајбрежната стража што замина на мисија по земјотресот кај западниот брег на Јапонија загинаа. Капетанот преживеа, но беше тешко повреден. Несреќите на пистата некогаш беа голем безбедносен проблем, но станаа многу поретки благодарение на модерната технологија и процедурите за надгледување на земјата, велат воздухопловните експерти. Јапонските власти објавија дека засега не е јасна причината за несреќата.

The post Јапонците покренаа истрага за авионската несреќа на аеродромот во Токио appeared first on Република.

]]>
Почната истрага за несреќата на аеродромот во Јапонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochnata-istraga-za-nesrekata-na-aerodromot-vo-japonija/ Wed, 03 Jan 2024 09:51:47 +0000 https://republika.mk/?p=729237

Еден ден по смртоносниот судир на јапонски патнички авион и авион на крајбрежната стража на аеродромот Ханеда во Токио, властите денеска започнаа истрага за несреќата.

Јапонскиот одбор за безбедност на транспортот (ЈТСБ), владината агенција одговорна за големи несреќи во кои учествуваат авиони, бродови и возови, почна да ги истражува јагленосаните остатоци, објави денеска јапонската новинска агенција Кјодо.

Вчера авион на Џапан ерлајнс при слетување се судри со авион на крајбрежната стража и двајцата се запалија.

Сите 379 патници на патничкиот Ербас А350 успеале да побегнат од запалениот авион без поголеми повреди, но пет патници од Бомбардиер ДХЦ8-300 загинале, а само капетанот бил спасен, но со тешки повреди. Пожарот на патничкиот авион бил изгаснат осум часа по запалувањето.

Помалиот авион превезувал помош за преживеаните од серијата разорни земјотреси што ја погодија Јапонија на првиот ден од годината, од кои најсилниот беше со јачина од 7,6 степени.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска ја смири загриженоста дека катастрофата може да ја забави испораката на помош за погодениот дел од земјата.

Џапан ерлајнс соопшти дека „ќе соработува целосно со истрагата за овој немил настан“. Ербас ќе обезбеди и техничка помош на властите во истрагата. Авионот А350-900 бил стар само две години.

Сите писти на најпрометните јапонски аеродроми беа затворени на денот на несреќата, но оттогаш се повторно отворени, освен онаа каде што се случи несреќата. Од авиокомпанијата откажа повеќе од 40 летови од Ханеда во средата, а Ол Нипон ервејс исто така откажа десетици летови на аеродромот.

The post Почната истрага за несреќата на аеродромот во Јапонија appeared first on Република.

]]>

Еден ден по смртоносниот судир на јапонски патнички авион и авион на крајбрежната стража на аеродромот Ханеда во Токио, властите денеска започнаа истрага за несреќата. Јапонскиот одбор за безбедност на транспортот (ЈТСБ), владината агенција одговорна за големи несреќи во кои учествуваат авиони, бродови и возови, почна да ги истражува јагленосаните остатоци, објави денеска јапонската новинска агенција Кјодо. Вчера авион на Џапан ерлајнс при слетување се судри со авион на крајбрежната стража и двајцата се запалија. Сите 379 патници на патничкиот Ербас А350 успеале да побегнат од запалениот авион без поголеми повреди, но пет патници од Бомбардиер ДХЦ8-300 загинале, а само капетанот бил спасен, но со тешки повреди. Пожарот на патничкиот авион бил изгаснат осум часа по запалувањето. Помалиот авион превезувал помош за преживеаните од серијата разорни земјотреси што ја погодија Јапонија на првиот ден од годината, од кои најсилниот беше со јачина од 7,6 степени. Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска ја смири загриженоста дека катастрофата може да ја забави испораката на помош за погодениот дел од земјата. Џапан ерлајнс соопшти дека „ќе соработува целосно со истрагата за овој немил настан“. Ербас ќе обезбеди и техничка помош на властите во истрагата. Авионот А350-900 бил стар само две години. Сите писти на најпрометните јапонски аеродроми беа затворени на денот на несреќата, но оттогаш се повторно отворени, освен онаа каде што се случи несреќата. Од авиокомпанијата откажа повеќе од 40 летови од Ханеда во средата, а Ол Нипон ервејс исто така откажа десетици летови на аеродромот.

The post Почната истрага за несреќата на аеродромот во Јапонија appeared first on Република.

]]>
Разрешен е в.д. директорот на Конзерваторски центар Скопје бидејќи е под истрага за уништување на културно наследство https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/razreshen-e-v-d-direktorot-na-konzervatorski-tsentar-skopje-bidejki-e-pod-istraga-za-unishtuvane-na-kulturno-nasledstvo/ Sat, 16 Dec 2023 15:55:06 +0000 https://republika.mk/?p=723699

Министерката за култура го разрешила в.д. директорот на Конзерваторскиот центар Скопје Костантин Димитровски кој заедно со неколкумина други лица беше приведен под сомнение за уривање на хотелот „Ан хотел шар“ во Старата скопска чаршија кој е прогласен за културно наследство.

Од Министерството за култура за МИА потврдија дека директорот е разрешен и дека на негово место е назначена нова в.д. директорка.

Акцијата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и МВР беше спроведена во средата и во неа беше приведена група од деветмина која кршејќи неколку закони го урнала објектот кој се смета за културно наследство и е заштитен со закон. Според ОЈОГОКК причинета е штета од непроценлива вредност за државата, а Буџетот е оштетен за три милиони евра.

https://republika.mk/vesti/kultura/involviranosta-na-kadrite-na-sdsm-i-nejzinite-koalitsiski-partneri-vo-sluchajot-hotel-shar-an-organizirani-vo-kriminalna-banda-deluva-zastrashuvachki-reagiraat-od-komisijata-za-kultura-na-vmro-dpmne/

The post Разрешен е в.д. директорот на Конзерваторски центар Скопје бидејќи е под истрага за уништување на културно наследство appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура го разрешила в.д. директорот на Конзерваторскиот центар Скопје Костантин Димитровски кој заедно со неколкумина други лица беше приведен под сомнение за уривање на хотелот „Ан хотел шар“ во Старата скопска чаршија кој е прогласен за културно наследство. Од Министерството за култура за МИА потврдија дека директорот е разрешен и дека на негово место е назначена нова в.д. директорка. Акцијата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и МВР беше спроведена во средата и во неа беше приведена група од деветмина која кршејќи неколку закони го урнала објектот кој се смета за културно наследство и е заштитен со закон. Според ОЈОГОКК причинета е штета од непроценлива вредност за државата, а Буџетот е оштетен за три милиони евра. https://republika.mk/vesti/kultura/involviranosta-na-kadrite-na-sdsm-i-nejzinite-koalitsiski-partneri-vo-sluchajot-hotel-shar-an-organizirani-vo-kriminalna-banda-deluva-zastrashuvachki-reagiraat-od-komisijata-za-kultura-na-vmro-dpmne/

The post Разрешен е в.д. директорот на Конзерваторски центар Скопје бидејќи е под истрага за уништување на културно наследство appeared first on Република.

]]>
OJO: Истрагата за убиствата на Вања и Панче уште трае https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ojo-istragata-za-ubistvata-na-vana-i-panche-ushte-trae/ Sun, 10 Dec 2023 14:54:31 +0000 https://republika.mk/?p=721493

Основното јавно обвинителство Скопје повторно апелира во текот на истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски да не се шират непроверени информации кои можат да наштетат на постапката, но и дополнително да ја вознемират јавноста.

Основното јавно обвинителство Скопје е во постојана комуникација и размена на податоци со Институтот за судска медицина. Обдукцискиот наод се уште не е изготвен и доставен до обвинителството. Дејствијата на сите инволвирани се предмет на истрага во моментов за што секојдневно се прибираат вербални и материјални докази кои меѓусебно се споредуваат. Јавното обвинителство апелира во текот на истрагата да не се шират непроверени информации кои можат да наштетат на постапката, но и дополнително да ја вознемират јавноста, велат од ОЈО Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

За нивното убиство засега се осомничени шест лица, од кои пет се во притвор, а првоосомничениот се чека да биде екстрадиран од Турција.

The post OJO: Истрагата за убиствата на Вања и Панче уште трае appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје повторно апелира во текот на истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски да не се шират непроверени информации кои можат да наштетат на постапката, но и дополнително да ја вознемират јавноста.
Основното јавно обвинителство Скопје е во постојана комуникација и размена на податоци со Институтот за судска медицина. Обдукцискиот наод се уште не е изготвен и доставен до обвинителството. Дејствијата на сите инволвирани се предмет на истрага во моментов за што секојдневно се прибираат вербални и материјални докази кои меѓусебно се споредуваат. Јавното обвинителство апелира во текот на истрагата да не се шират непроверени информации кои можат да наштетат на постапката, но и дополнително да ја вознемират јавноста, велат од ОЈО Скопје.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември. За нивното убиство засега се осомничени шест лица, од кои пет се во притвор, а првоосомничениот се чека да биде екстрадиран од Турција.

The post OJO: Истрагата за убиствата на Вања и Панче уште трае appeared first on Република.

]]>
Многу нелогичности во исчезнувањето на Вања – како девојчето е изнесено од влез без никој да види, кој убива заложник без да побара откуп?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnogu-nelogichnosti-vo-ischeznuvaneto-na-vana-kako-devojcheto-e-izneseno-od-vlez-bez-nikoj-da-vidi-koj-ubiva-zalozhnik-bez-da-pobara-otkup/ Tue, 05 Dec 2023 18:31:49 +0000 https://republika.mk/?p=719837

По пронаѓањето на младата Вања Ѓорчевска и на фризерот Панче Жежовски од Велес, а особено по пресот на МВР и Обвинителството, се појавија многу нелогичности и прашања за нивното киднапирање и на начинот на кои се убиени. Дека многу работи не се поклопуваат потвдуваат и многу експерти, адвокати, криминолози.

Според нив, министерот Оливер Спасовски и обвинителот Гаврил Бубевски излегоа на прес поради притисок на јавноста иако многу работи не беа јасни или пак намерно ги криеја.

[caption id="attachment_719642" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption]

Тезата на кој начин, и поважното кога се убиени Вања и Панче, се врз основа на тврдењето на осомничените, што не мора да значи дека тоа е вистината. Можеби тие намерно ја вртат приказната во погрешен правец за друг да биде заштитен, или пак да се заштитат себеси, кога веќе некој е во бегство. Кој тоа може да го потврди, со оглед дека, барем до моментот на одржување на прес-конференцијата, резултатите од обдукцијата не беа пристигнати.

За ова говори Ленин Јовановски, кој е магистер по криминологија:

Признанијата на учесниците не смеат веднаш да се земат здраво за готово без разлика колку и да соодветсвуваат со некакви материјални докази зошто истите можеби да се и така наместени да изгледаат баш така. Нивните искази во побитниот дел се сведуваат дека така им кажал егзекуторот (планерот) , а тоа никако не мора да значи дека тој им ја кажувал вистината.

Дали тие се убиени со пиштол, од која далечина, дали можеби смртта на Вања настанала од задушување, она за кое говореше и Фросина Ременски, по што настанала таа паника кај киднаперите...Многу прашања се наметнуваат. Како настанала паниката кога јавноста не беше информирана за исчезнувањето на Вања?! Полицијата веќе презела одредени активности, мајката јавила. Но кој им јави на киднаперите дека полицијата веќе ја бара Вања?! Во јавноста таква информација немаше!

Во јавноста се коментираше дека наводно девојчето се задушило, па поради сознанија на киднаперите дека казната за задушување е доживотна, а за убиство со огнено оружје пониска, се решиле а истрелаат куршум како би дале впечаток дека се работи за убиство со пиштол. Го прашавме адвокатот Јанаки Митровски Дали задушување е потешко кривично дело од пукање со пиштол. Има информации дека девојчето е прво задушено па убиено?

[caption id="attachment_601519" align="alignnone" width="846"] Адвокат Јанаки Митровски[/caption]

Митровски вели:

Во услови кога настапила смрт методот е неважен. Но доколку се покаже дека не е пукано туку е задушена( што е малку веројатно бидејќи прострелна рана има) би се довела во прашање директната, но не и евентуална умисла да се убие девојчето.

[caption id="attachment_719706" align="alignnone" width="640"] фото Телма[/caption]

Симптоматичен е и начинот на кој била киднапирана малата Вања од зграда во Дебар Маало која се наоѓа на фрекфентна улица на самиот булевар „Илинденска“.

Зарем е логично во седум часот наутро кога возрасни одат на работа а деца на училиште некој да влезе во влезот каде Ваља живеела со мајката и сестрата и да ја врзе и пикне во вреќа за спиење. Се работи за девојче кое е високо 175 сантиметри и речиси е невозможно да биде изнесена од влезот во вреќа и пикната во возило без тоа никој да го забележи. И тука мора да се додаде фактот дека безбедноста во овој дел беше на повисоко ниво во периодот на грабнување на Вања, со оглед дека тоа беше главната сообраќајница која се користеше за време на Самитот на ОБСЕ кој започна два дена подоцна.

Една од тезите беше дека девојчето влегло во автомобилот само - веројатно поради тоа што во возилото имало некој кому таа му верува - еден од приведените во случајот, нејзиниот татко Александар. На прес-конференцијата Бубевски беше категоричен дека девојчето е грабнато во влез и во вреќа однесено во автомобил... Зарем тоа никој не може да го забележи?! Зградата нема подземен паркинг!

„Цитроенот“ слободно се шетал низ Скопје

Според тврдењето на Спасовски и Бубевски, Вања е киднапирана во „Цитроенот“ кој му припаѓа на Панче Жежовски, кој се водеше за исчезнат неколку дена претходно. Жежовски беше пронајден мртов, истиот ден кога е пронајдено и телото на Вања. Тезата е дека Жежовски е жртва за да се обезбеди возило за киднапирањето на Вања.

Да имате храброст да егзекутирате втора жртва со возило кое е сопственост на веќе убиено лице по кое полицијата трага мора да произлегува од висока моќ. Дали Жежовски имал некакви информации за плановите на Палевски и неговите соработници, поради што е убиен?! - пишува Ленин

Како е можно „Цитроенот“ слободно да се вози неколку дена без тоа да биде забележано од безбедносните камери?

„Прво навремено МВР ги преземало сите соодветни мерки од изјавите на министерот како што слушнавме денеска се издвојуваат низа недоследности и тука се отвора второто прашање а тоа е прашањето човек бил пријавен господинот Панче од Велес дека исчезнал но истовремено слушнавме како се кажа дека неговото возило не било пријавено за исчезнато што тоа се движело 4-5 дена во државата и којзнае какви кривични дела се сторени и третата суштинска дилема е на нас кои сме активни во политичките процеси, но зошто МВР и безбедносните служби систематски имаат дозволено и имаат толерирано една криминална група да се движи активно низ државата, да се претставува како медиумски создавач на мислење, да имаат пристап до веб страна која се преставува како медиум а тоа е Инфомакс каде што држат дебати заедно се таму неколку субјекти политички, вклучително и субјектот каде 4 членови и претседателот на партијата веќе не само осомничени туку и признаени за извршеното дело, тие се монструмите национални во оваа држава и сето тоа системски државата дозволува со години да функционира“, искоментира Тимчо Муцунски.

Токму возилото, велат извори од истрагата, дало насока како да се води истрагата. Проверувајќи го запаленото возило, следејќи го неговото движење преку камерите низ главниот град, се откриени лицата кои се поврзани со убиството на Вања.

 

https://republika.mk/vesti/makedonija/somnezhite-na-lenin-jovanovski-frlaat-poinakva-senka-na-dvokratnoto-ubistvo/

Чудни се и тврдењата на обвинителот Бубевски.Тој вели дека работите отишле во погрешен правец па затоа Вања е убиена иако првично требало за неа да бараат откуп. Но, во пријавата на мајката пари за откуп не се споменуваат туку само дека нејзината ќерка е исчезната.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bubevski-majkata-ne-bila-izvestena-za-otkupot-denes-ja-ochekuvame-prvata-krivichna-prijava/

Сепак најважниот одговор за овој случај треба да го даде таткото на Вања и дали тој е вклучен во киднапирањето на ќерката или пак само давал информации на сторителите со цел да извлечат пари од неговата поранешна сопруга за станот која неодамна го продала и за кој и Александар сметал дека му следува дел од парите.

Разговаравме со адвокатот Јанаки Митровски околу нелогичностите. Но сепак е воздржан од коментар додека не се добијат повеќе информации,

Сѐ уште како јавност имаме многу лимитирани информации, има многу шпекулации. Оттука не би можел да шпекулирам - ни одговори Митровски.

The post Многу нелогичности во исчезнувањето на Вања – како девојчето е изнесено од влез без никој да види, кој убива заложник без да побара откуп?! appeared first on Република.

]]>

По пронаѓањето на младата Вања Ѓорчевска и на фризерот Панче Жежовски од Велес, а особено по пресот на МВР и Обвинителството, се појавија многу нелогичности и прашања за нивното киднапирање и на начинот на кои се убиени. Дека многу работи не се поклопуваат потвдуваат и многу експерти, адвокати, криминолози. Според нив, министерот Оливер Спасовски и обвинителот Гаврил Бубевски излегоа на прес поради притисок на јавноста иако многу работи не беа јасни или пак намерно ги криеја. [caption id="attachment_719642" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption] Тезата на кој начин, и поважното кога се убиени Вања и Панче, се врз основа на тврдењето на осомничените, што не мора да значи дека тоа е вистината. Можеби тие намерно ја вртат приказната во погрешен правец за друг да биде заштитен, или пак да се заштитат себеси, кога веќе некој е во бегство. Кој тоа може да го потврди, со оглед дека, барем до моментот на одржување на прес-конференцијата, резултатите од обдукцијата не беа пристигнати. За ова говори Ленин Јовановски, кој е магистер по криминологија:
Признанијата на учесниците не смеат веднаш да се земат здраво за готово без разлика колку и да соодветсвуваат со некакви материјални докази зошто истите можеби да се и така наместени да изгледаат баш така. Нивните искази во побитниот дел се сведуваат дека така им кажал егзекуторот (планерот) , а тоа никако не мора да значи дека тој им ја кажувал вистината.
Дали тие се убиени со пиштол, од која далечина, дали можеби смртта на Вања настанала од задушување, она за кое говореше и Фросина Ременски, по што настанала таа паника кај киднаперите...Многу прашања се наметнуваат. Како настанала паниката кога јавноста не беше информирана за исчезнувањето на Вања?! Полицијата веќе презела одредени активности, мајката јавила. Но кој им јави на киднаперите дека полицијата веќе ја бара Вања?! Во јавноста таква информација немаше! Во јавноста се коментираше дека наводно девојчето се задушило, па поради сознанија на киднаперите дека казната за задушување е доживотна, а за убиство со огнено оружје пониска, се решиле а истрелаат куршум како би дале впечаток дека се работи за убиство со пиштол. Го прашавме адвокатот Јанаки Митровски Дали задушување е потешко кривично дело од пукање со пиштол. Има информации дека девојчето е прво задушено па убиено? [caption id="attachment_601519" align="alignnone" width="846"] Адвокат Јанаки Митровски[/caption] Митровски вели:
Во услови кога настапила смрт методот е неважен. Но доколку се покаже дека не е пукано туку е задушена( што е малку веројатно бидејќи прострелна рана има) би се довела во прашање директната, но не и евентуална умисла да се убие девојчето.
[caption id="attachment_719706" align="alignnone" width="640"] фото Телма[/caption] Симптоматичен е и начинот на кој била киднапирана малата Вања од зграда во Дебар Маало која се наоѓа на фрекфентна улица на самиот булевар „Илинденска“. Зарем е логично во седум часот наутро кога возрасни одат на работа а деца на училиште некој да влезе во влезот каде Ваља живеела со мајката и сестрата и да ја врзе и пикне во вреќа за спиење. Се работи за девојче кое е високо 175 сантиметри и речиси е невозможно да биде изнесена од влезот во вреќа и пикната во возило без тоа никој да го забележи. И тука мора да се додаде фактот дека безбедноста во овој дел беше на повисоко ниво во периодот на грабнување на Вања, со оглед дека тоа беше главната сообраќајница која се користеше за време на Самитот на ОБСЕ кој започна два дена подоцна. Една од тезите беше дека девојчето влегло во автомобилот само - веројатно поради тоа што во возилото имало некој кому таа му верува - еден од приведените во случајот, нејзиниот татко Александар. На прес-конференцијата Бубевски беше категоричен дека девојчето е грабнато во влез и во вреќа однесено во автомобил... Зарем тоа никој не може да го забележи?! Зградата нема подземен паркинг!

„Цитроенот“ слободно се шетал низ Скопје

Според тврдењето на Спасовски и Бубевски, Вања е киднапирана во „Цитроенот“ кој му припаѓа на Панче Жежовски, кој се водеше за исчезнат неколку дена претходно. Жежовски беше пронајден мртов, истиот ден кога е пронајдено и телото на Вања. Тезата е дека Жежовски е жртва за да се обезбеди возило за киднапирањето на Вања.
Да имате храброст да егзекутирате втора жртва со возило кое е сопственост на веќе убиено лице по кое полицијата трага мора да произлегува од висока моќ. Дали Жежовски имал некакви информации за плановите на Палевски и неговите соработници, поради што е убиен?! - пишува Ленин
Како е можно „Цитроенот“ слободно да се вози неколку дена без тоа да биде забележано од безбедносните камери?
„Прво навремено МВР ги преземало сите соодветни мерки од изјавите на министерот како што слушнавме денеска се издвојуваат низа недоследности и тука се отвора второто прашање а тоа е прашањето човек бил пријавен господинот Панче од Велес дека исчезнал но истовремено слушнавме како се кажа дека неговото возило не било пријавено за исчезнато што тоа се движело 4-5 дена во државата и којзнае какви кривични дела се сторени и третата суштинска дилема е на нас кои сме активни во политичките процеси, но зошто МВР и безбедносните служби систематски имаат дозволено и имаат толерирано една криминална група да се движи активно низ државата, да се претставува како медиумски создавач на мислење, да имаат пристап до веб страна која се преставува како медиум а тоа е Инфомакс каде што држат дебати заедно се таму неколку субјекти политички, вклучително и субјектот каде 4 членови и претседателот на партијата веќе не само осомничени туку и признаени за извршеното дело, тие се монструмите национални во оваа држава и сето тоа системски државата дозволува со години да функционира“, искоментира Тимчо Муцунски.
Токму возилото, велат извори од истрагата, дало насока како да се води истрагата. Проверувајќи го запаленото возило, следејќи го неговото движење преку камерите низ главниот град, се откриени лицата кои се поврзани со убиството на Вања.   https://republika.mk/vesti/makedonija/somnezhite-na-lenin-jovanovski-frlaat-poinakva-senka-na-dvokratnoto-ubistvo/ Чудни се и тврдењата на обвинителот Бубевски.Тој вели дека работите отишле во погрешен правец па затоа Вања е убиена иако првично требало за неа да бараат откуп. Но, во пријавата на мајката пари за откуп не се споменуваат туку само дека нејзината ќерка е исчезната. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bubevski-majkata-ne-bila-izvestena-za-otkupot-denes-ja-ochekuvame-prvata-krivichna-prijava/ Сепак најважниот одговор за овој случај треба да го даде таткото на Вања и дали тој е вклучен во киднапирањето на ќерката или пак само давал информации на сторителите со цел да извлечат пари од неговата поранешна сопруга за станот која неодамна го продала и за кој и Александар сметал дека му следува дел од парите. Разговаравме со адвокатот Јанаки Митровски околу нелогичностите. Но сепак е воздржан од коментар додека не се добијат повеќе информации,
Сѐ уште како јавност имаме многу лимитирани информации, има многу шпекулации. Оттука не би можел да шпекулирам - ни одговори Митровски.

The post Многу нелогичности во исчезнувањето на Вања – како девојчето е изнесено од влез без никој да види, кој убива заложник без да побара откуп?! appeared first on Република.

]]>
Патолог укажува дека е потребна дополнителна истрага за смртта на актерот Метју Пери https://arhiva3.republika.mk/scena/film/patolog-ukazhuva-deka-e-potrebna-dopolnitelna-istraga-za-smrtta-na-akterot-metju-peri/ Tue, 31 Oct 2023 08:09:55 +0000 https://republika.mk/?p=696534

Утврдувањето на точната причина за смртта на актерот Метју Пери во неговиот дом ќе бара дополнителна истрага пред да се донесе конечен заклучок.

Обдукцијата била завршена во неделата, според Одделот за форензички испитувања на округот Лос Анџелес, а се чекаат резултатите од токсикологија.

Патологот го ажурираше својот онлајн запис за Пери во неделата попладне, наведувајќи дека официјалната потврда за причината за неговата смрт е одложена.

Во случаите кога причината за смртта не може да се утврди во текот на обдукцијата, ќе се издаде одложена потврда додека не се завршат дополнителните анализи, се наведува во упатствата на патологот од Лос Анџелес.

Извршена е обдукција, но вештаците ги чекаат резултатите од токсиколошките извештаи за да ја утврдат причината за смртта на Пери, изјавија од Одделот за форензика за Си-ен-ен. Ваквите извештаи може да траат со недели.

Вештаците планираат да користат токсиколошки извештаи за да утврдат дали некои супстанции можеби придонеле за смртта на Пери.

Одделот за грабежи и убиства на полициската управа во Лос Анџелес ја истражува смртта на Пери, но извор од органите за спроведување на законот изјави за Си-ен-ен дека не постои сомневање за присилна смрт, односно убиство.

Според „Лос Анџелес тајмс“, кој цитира извори од органите на редот, Пери (54) бил пронајден мртов во својата када. „Нема очигледни знаци на траума,“ потврди портпаролот на полицијата во Лос Анџелес.

The post Патолог укажува дека е потребна дополнителна истрага за смртта на актерот Метју Пери appeared first on Република.

]]>

Утврдувањето на точната причина за смртта на актерот Метју Пери во неговиот дом ќе бара дополнителна истрага пред да се донесе конечен заклучок. Обдукцијата била завршена во неделата, според Одделот за форензички испитувања на округот Лос Анџелес, а се чекаат резултатите од токсикологија. Патологот го ажурираше својот онлајн запис за Пери во неделата попладне, наведувајќи дека официјалната потврда за причината за неговата смрт е одложена. Во случаите кога причината за смртта не може да се утврди во текот на обдукцијата, ќе се издаде одложена потврда додека не се завршат дополнителните анализи, се наведува во упатствата на патологот од Лос Анџелес. Извршена е обдукција, но вештаците ги чекаат резултатите од токсиколошките извештаи за да ја утврдат причината за смртта на Пери, изјавија од Одделот за форензика за Си-ен-ен. Ваквите извештаи може да траат со недели. Вештаците планираат да користат токсиколошки извештаи за да утврдат дали некои супстанции можеби придонеле за смртта на Пери. Одделот за грабежи и убиства на полициската управа во Лос Анџелес ја истражува смртта на Пери, но извор од органите за спроведување на законот изјави за Си-ен-ен дека не постои сомневање за присилна смрт, односно убиство. Според „Лос Анџелес тајмс“, кој цитира извори од органите на редот, Пери (54) бил пронајден мртов во својата када. „Нема очигледни знаци на траума,“ потврди портпаролот на полицијата во Лос Анџелес.

The post Патолог укажува дека е потребна дополнителна истрага за смртта на актерот Метју Пери appeared first on Република.

]]>