источна европа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/istochna-evropa/ За подобро да се разбереме Sat, 07 May 2022 14:24:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png источна европа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/istochna-evropa/ 32 32 НАТО демне од воздух на границите со Русија и Украина: Секој ден по 30 ловци, извидувачки авиони и танкери ја следат руската армија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nato-demne-od-vozduh-na-granicite-so-rusija-i-ukraina-sekoj-den-po-30-lovci-izviduvachki-avioni-i-tankeri-ja-sledat-ruskata-armija/ Sat, 07 May 2022 14:31:05 +0000 https://republika.mk/?p=499085

Во време на руската воена операција во Украина, Северноатлантската алијанса значително ја зголеми својата борбена ефикасност на источните граници со Русија. Покрај копнените и поморските сили, зголемена е и воздушната компонента на НАТО, со посебен акцент на членките кои директно граничат со Русија и Украина.

Покрај борбената компонента, НАТО посебен акцент стави на платформите за извидување и набљудување кои летаат секој ден по 24 часа, набљудувајќи ја украинската граница, но и држејќи го Балтикот под контрола.

Како што информираат од оваа воена организација, секојдневно во воздухот има и по 30 борбени и извидувачки авиони, како и помошни авиони на небото. Освен од копнени бази, ангажирани се и авиони од носачи на авиони од дури три земји (САД, Франција и Италија), од нуклеарни до оние со конвенционален погон.

Дел од извидувачките авиони на нивните мисии над Источна Европа полетуваат од базата Ферфорд во Велика Британија, која ја користат и британските и американските воздухопловни сили.

На крајниот исток од Европа, особено од почетокот на војната во Украина, воздушната компонента е зајакната, пред се во Романија, која граничи со Украина и соседна Молдавија и Црното Море, додека во Бугарија авионите на Алијансата заедно со бугарската авијација вршат контрола на брегот на Црното Море.

Сите операции ги изведува и контролира Центарот за воздушни операции во Уедем во Германија.

На Балтикот, воздушниот простор на Естонија го чуваат белгиските и француските воздухопловни сили со авиони Ф-16, Мираж и Рафал. Воздушниот простор на Летонија и Литванија го обезбедуваат воздухопловните сили на Шпанија, Чешка и Полска со борбени авиони Ф-18, Еурофајтер Тајфун 2000, ЈАС-39 Грипен и Ф-16. Покрај полските ловци Ф-16, во воздушниот простор на Полска има и американски ловци Ф-35, Ф-15 и Ф-16, како и извидувачки борбени платформи придружени со авионски танкери KЦ 135 Р и KЦ 10.

Воздушниот простор на Унгарија и Словачка го контролираат борбени авиони на тие две земји, МиГ-29 СД и Јас-39 Грипен Ц.

За контрола и надзор на романскиот воздушен простор, освен романските воздухопловни сили со нивните ловци Ф-16 за патроли долж границата со Украина и Молдавија, ангажирани се и американските, британските и италијанските воздухопловни сили со Ф-35, Ф-15, Ф-16, како и борбени авиони Еурофајтер Тајфун 2000, кои подеднакво ги користат италијанската и британската авијација, а неодамна им се придружи и Португалија.

Во Бугарија, покрај нивното воздухопловство, кое поседува ловци МиГ-29, ангажирани се и холандски борбени авиони Ф-35.

НАТО детално ги наведе и сите типови авиони што ги користи воено-политичката алијанса за патролирање во Источна Европа.

Според последните информации, НАТО ангажирал вкупно 130 различни авиони во Источна Европа, чија цел, како што наведуваат од Алијансата, е да ја одвратат Русија од „зли мерки“, како и да ги заштитат сојузниците и членовите на Алијансата кои директно се граничат со Русија или се во близина на големи руски воени капацитети.

The post НАТО демне од воздух на границите со Русија и Украина: Секој ден по 30 ловци, извидувачки авиони и танкери ја следат руската армија appeared first on Република.

]]>

Во време на руската воена операција во Украина, Северноатлантската алијанса значително ја зголеми својата борбена ефикасност на источните граници со Русија. Покрај копнените и поморските сили, зголемена е и воздушната компонента на НАТО, со посебен акцент на членките кои директно граничат со Русија и Украина. Покрај борбената компонента, НАТО посебен акцент стави на платформите за извидување и набљудување кои летаат секој ден по 24 часа, набљудувајќи ја украинската граница, но и држејќи го Балтикот под контрола. Како што информираат од оваа воена организација, секојдневно во воздухот има и по 30 борбени и извидувачки авиони, како и помошни авиони на небото. Освен од копнени бази, ангажирани се и авиони од носачи на авиони од дури три земји (САД, Франција и Италија), од нуклеарни до оние со конвенционален погон. Дел од извидувачките авиони на нивните мисии над Источна Европа полетуваат од базата Ферфорд во Велика Британија, која ја користат и британските и американските воздухопловни сили. На крајниот исток од Европа, особено од почетокот на војната во Украина, воздушната компонента е зајакната, пред се во Романија, која граничи со Украина и соседна Молдавија и Црното Море, додека во Бугарија авионите на Алијансата заедно со бугарската авијација вршат контрола на брегот на Црното Море. Сите операции ги изведува и контролира Центарот за воздушни операции во Уедем во Германија. На Балтикот, воздушниот простор на Естонија го чуваат белгиските и француските воздухопловни сили со авиони Ф-16, Мираж и Рафал. Воздушниот простор на Летонија и Литванија го обезбедуваат воздухопловните сили на Шпанија, Чешка и Полска со борбени авиони Ф-18, Еурофајтер Тајфун 2000, ЈАС-39 Грипен и Ф-16. Покрај полските ловци Ф-16, во воздушниот простор на Полска има и американски ловци Ф-35, Ф-15 и Ф-16, како и извидувачки борбени платформи придружени со авионски танкери KЦ 135 Р и KЦ 10. Воздушниот простор на Унгарија и Словачка го контролираат борбени авиони на тие две земји, МиГ-29 СД и Јас-39 Грипен Ц. За контрола и надзор на романскиот воздушен простор, освен романските воздухопловни сили со нивните ловци Ф-16 за патроли долж границата со Украина и Молдавија, ангажирани се и американските, британските и италијанските воздухопловни сили со Ф-35, Ф-15, Ф-16, како и борбени авиони Еурофајтер Тајфун 2000, кои подеднакво ги користат италијанската и британската авијација, а неодамна им се придружи и Португалија. Во Бугарија, покрај нивното воздухопловство, кое поседува ловци МиГ-29, ангажирани се и холандски борбени авиони Ф-35. НАТО детално ги наведе и сите типови авиони што ги користи воено-политичката алијанса за патролирање во Источна Европа. Според последните информации, НАТО ангажирал вкупно 130 различни авиони во Источна Европа, чија цел, како што наведуваат од Алијансата, е да ја одвратат Русија од „зли мерки“, како и да ги заштитат сојузниците и членовите на Алијансата кои директно се граничат со Русија или се во близина на големи руски воени капацитети.

The post НАТО демне од воздух на границите со Русија и Украина: Секој ден по 30 ловци, извидувачки авиони и танкери ја следат руската армија appeared first on Република.

]]>
Норвешка одбива да испрати војници во Источна Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/norveshka-odbiva-da-isprati-vojnici-vo-istochna-evropa/ Thu, 17 Feb 2022 09:03:55 +0000 https://republika.mk/?p=459671

Норвешка не планира да испрати дополнителни војници во Источна Европа кои би биле стационирани како дел од контингентот на НАТО.

Имаме ограничени ресурси. Наша најважна задача е да ја следиме ситуацијата на северот. И второ, придонесуваме како дел од силите на НАТО во Литванија. Немаме цел да ги шириме нашите сили на друго место - соопшти норвешкиот министер за одбрана, Од-Роџер Еноксен.

Пред неколку дена Норвешка соопшти дека планира да го зголеми присуството на силите на НАТО во Литванија.

Се работи за 50 до 60 војници. Нивниот престој во Литванија се очекува да трае околу три месеци. Пред се, ова е сигнал за солидарност за партнерите на Норвешка - изјави Еноксен во телевизиско интервју.

The post Норвешка одбива да испрати војници во Источна Европа appeared first on Република.

]]>

Норвешка не планира да испрати дополнителни војници во Источна Европа кои би биле стационирани како дел од контингентот на НАТО.
Имаме ограничени ресурси. Наша најважна задача е да ја следиме ситуацијата на северот. И второ, придонесуваме како дел од силите на НАТО во Литванија. Немаме цел да ги шириме нашите сили на друго место - соопшти норвешкиот министер за одбрана, Од-Роџер Еноксен.
Пред неколку дена Норвешка соопшти дека планира да го зголеми присуството на силите на НАТО во Литванија.
Се работи за 50 до 60 војници. Нивниот престој во Литванија се очекува да трае околу три месеци. Пред се, ова е сигнал за солидарност за партнерите на Норвешка - изјави Еноксен во телевизиско интервју.

The post Норвешка одбива да испрати војници во Источна Европа appeared first on Република.

]]>
СЗО предупредува на зголемувањето на бројот на заразени со корона вирус во Источна Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/szo-predupreduva-na-zgolemuvanjeto-na-brojot-na-zarazeni-so-korona-virus-vo-istochna-evropa/ Tue, 15 Feb 2022 14:26:33 +0000 https://republika.mk/?p=458930

Светската здравствена организација соопшти дека здравствените власти предупредуваат на зголемен број на инфекции со корона вирус во Источна Европа.

Во Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Русија и Украина, бројот на новозаразени е двојно зголемен во изминатите две недели.

Во регионот од 53 земји, што се протега од поранешните советски републики до Централна Азија, регистрирани се повеќе од 165 милиони случаи на инфекција и 1,8 милиони смртни случаи, вклучително и 25.000 само во изминатата недела.

СЗО апелира да се подобри стапката на вакцинација, која е помала во Источна Европа во споредба со остатокот од континентот.

Помалку од 40 отсто од луѓето постари од 60 години во Бугарија, Босна и Херцеговина, Киргистан, Украина и Узбекистан се целосно вакцинирани.

The post СЗО предупредува на зголемувањето на бројот на заразени со корона вирус во Источна Европа appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација соопшти дека здравствените власти предупредуваат на зголемен број на инфекции со корона вирус во Источна Европа. Во Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Русија и Украина, бројот на новозаразени е двојно зголемен во изминатите две недели. Во регионот од 53 земји, што се протега од поранешните советски републики до Централна Азија, регистрирани се повеќе од 165 милиони случаи на инфекција и 1,8 милиони смртни случаи, вклучително и 25.000 само во изминатата недела. СЗО апелира да се подобри стапката на вакцинација, која е помала во Источна Европа во споредба со остатокот од континентот. Помалку од 40 отсто од луѓето постари од 60 години во Бугарија, Босна и Херцеговина, Киргистан, Украина и Узбекистан се целосно вакцинирани.

The post СЗО предупредува на зголемувањето на бројот на заразени со корона вирус во Источна Европа appeared first on Република.

]]>
Бајден одобри дополнително распоредување американски војници во Источна Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-odobri-dopolnitelno-rasporeduvanje-amerikanski-vojnici-vo-istochna-evropa/ Wed, 02 Feb 2022 18:55:12 +0000 https://republika.mk/?p=453190

Американскиот претседател Џо Бајден формално одобри дополнително распоредување американски војници во Источна Европа, а Пентагон се очекува денеска да објави дека трупите ќе бидат распоредени „во следните денови“, изјавија американски официјални лица за Си-Ен-Ен.

Според извештаите на американските медиуми, околу 2.000 војници ќе бидат испратени од Форт Брег, Северна Каролина во Полска и Германија, додека уште 1.000 кои веќе се во Германија ќе бидат преместени во Романија.

Распоредувањето е знак на поддршка за сојузниците на НАТО кои се чувствуваат загрозени од воените потези на Русија во близина на Украина, велат американските власти.

Според американски медиуми, Бајден наредил да бидат распоредени вкупно 3.000 војници за да им помогнат на европските сојузници, објави претходно Волстрит џурнал. Пентагон оваа недела навести за можно распоредување американски трупи.

Војската на САД стави 8.500 војници на готовност минатата недела за да бидат подготвени да се распоредат во Европа доколку е потребно, за кусо време. Војниците ќе дејствуваат на билатерална основа со нивните земји домаќини, бидејќи НАТО сè уште нема активирано мултинационални сили за одговор.

The post Бајден одобри дополнително распоредување американски војници во Источна Европа appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден формално одобри дополнително распоредување американски војници во Источна Европа, а Пентагон се очекува денеска да објави дека трупите ќе бидат распоредени „во следните денови“, изјавија американски официјални лица за Си-Ен-Ен. Според извештаите на американските медиуми, околу 2.000 војници ќе бидат испратени од Форт Брег, Северна Каролина во Полска и Германија, додека уште 1.000 кои веќе се во Германија ќе бидат преместени во Романија. Распоредувањето е знак на поддршка за сојузниците на НАТО кои се чувствуваат загрозени од воените потези на Русија во близина на Украина, велат американските власти. Според американски медиуми, Бајден наредил да бидат распоредени вкупно 3.000 војници за да им помогнат на европските сојузници, објави претходно Волстрит џурнал. Пентагон оваа недела навести за можно распоредување американски трупи. Војската на САД стави 8.500 војници на готовност минатата недела за да бидат подготвени да се распоредат во Европа доколку е потребно, за кусо време. Војниците ќе дејствуваат на билатерална основа со нивните земји домаќини, бидејќи НАТО сè уште нема активирано мултинационални сили за одговор.

The post Бајден одобри дополнително распоредување американски војници во Источна Европа appeared first on Република.

]]>
Бајден: САД наскоро ќе испратат војници во Источна Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-sad-naskoro-kje-ispratat-vojnici-vo-istochna-evropa/ Sat, 29 Jan 2022 07:56:55 +0000 https://republika.mk/?p=450992

Американскиот претседател Џо Бајден доцна синоќа изјави дека „наскоро” ќе испрати мал број свои војници во Источна Европа поради тензиите со Москва околу Украина.

– Наскоро ќе испратам американски војници во источна Европа и земјите на НАТО. Не многу, истакна американскиот претседател пред новинарите додека излегуваше од авионот по враќањето од патувањето во Пенсилванија.

САД веќе имаат 8.500 војници кои се ставени во подготвеност за зајакнување на НАТО силите.

Бајден повтори дека не станува збор за испраќање американски војници во Украина, која не е членка на Алијансата

Испраќањето војници во источните земји претставува дополнително средство за притисок врз рускиот претседател Владимир Путин, за кого САД веруваат дека може да ја нападне Украина следниот месец.

The post Бајден: САД наскоро ќе испратат војници во Источна Европа appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден доцна синоќа изјави дека „наскоро” ќе испрати мал број свои војници во Источна Европа поради тензиите со Москва околу Украина.
– Наскоро ќе испратам американски војници во источна Европа и земјите на НАТО. Не многу, истакна американскиот претседател пред новинарите додека излегуваше од авионот по враќањето од патувањето во Пенсилванија.
САД веќе имаат 8.500 војници кои се ставени во подготвеност за зајакнување на НАТО силите. Бајден повтори дека не станува збор за испраќање американски војници во Украина, која не е членка на Алијансата Испраќањето војници во источните земји претставува дополнително средство за притисок врз рускиот претседател Владимир Путин, за кого САД веруваат дека може да ја нападне Украина следниот месец.

The post Бајден: САД наскоро ќе испратат војници во Источна Европа appeared first on Република.

]]>