Источна Австралија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/istochna-avstralija/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Jan 2024 08:35:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Источна Австралија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/istochna-avstralija/ 32 32 Поплави во источна Австралија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poplavi-vo-istochna-avstralija/ Tue, 02 Jan 2024 08:35:20 +0000 https://republika.mk/?p=728861

Обилните дождови предизвикаа поплави во делови од источна Австралија, поплавувајќи патишта, отсекувајќи градови и оштетувајќи имот, додека властите ги советуваат жителите на ниските места да се евакуираат.

Во неколку региони во југоисточниот дел на Квинсленд и северниот дел на Нов Јужен Велс во последните три дена наврнала количина еднаква на најмалку два месеци врнежи.

Во Спрингбрук, Квинсленд, во последните 48 часа наврнале 514 милиметри дожд, што е двојно повеќе од просекот во јануари.

Заменик премиерот на Квинсленд Камерон Дик ги повика граѓаните да не патуваат додека не се стабилизира времето.

Се предвидува дека во следните 24 часа ќе наврнат и до 350 милиметри дожд, а Бирото за метеорологија издаде предупредување за над 250 километри широкиот Вајд Беј Бурнт регион на австралиската држава Квинсленд, но и за делот се наоѓа југоисточно од него.

Надлежните истакнуваат дека може да дојде до нагло излевање на реки и потоци од коритата и оти следните 24 часа се критични.

Во соседната австралиска држава Нов Јужен Велс, десетици луѓе беа спасени од кампови отсечени поради поплавите, кои обично се полни за време на празниците.

Одредени региони веќе беа погодени од невреме и претходно. Во декември, за време на божиќните празници, невреме усмрти 10 луѓе, а десетици илјади домови остави без струја. Околу 11.000 домаќинства се уште се без струја.

The post Поплави во источна Австралија appeared first on Република.

]]>

Обилните дождови предизвикаа поплави во делови од источна Австралија, поплавувајќи патишта, отсекувајќи градови и оштетувајќи имот, додека властите ги советуваат жителите на ниските места да се евакуираат. Во неколку региони во југоисточниот дел на Квинсленд и северниот дел на Нов Јужен Велс во последните три дена наврнала количина еднаква на најмалку два месеци врнежи. Во Спрингбрук, Квинсленд, во последните 48 часа наврнале 514 милиметри дожд, што е двојно повеќе од просекот во јануари. Заменик премиерот на Квинсленд Камерон Дик ги повика граѓаните да не патуваат додека не се стабилизира времето. Се предвидува дека во следните 24 часа ќе наврнат и до 350 милиметри дожд, а Бирото за метеорологија издаде предупредување за над 250 километри широкиот Вајд Беј Бурнт регион на австралиската држава Квинсленд, но и за делот се наоѓа југоисточно од него. Надлежните истакнуваат дека може да дојде до нагло излевање на реки и потоци од коритата и оти следните 24 часа се критични. Во соседната австралиска држава Нов Јужен Велс, десетици луѓе беа спасени од кампови отсечени поради поплавите, кои обично се полни за време на празниците. Одредени региони веќе беа погодени од невреме и претходно. Во декември, за време на божиќните празници, невреме усмрти 10 луѓе, а десетици илјади домови остави без струја. Околу 11.000 домаќинства се уште се без струја.

The post Поплави во источна Австралија appeared first on Република.

]]>