источен плански регион Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/istochen-planski-region/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 14:24:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png источен плански регион Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/istochen-planski-region/ 32 32 Оштините од истокот бараат забрзување на изградбата на регионалната депонија кај светниколско Мечкуевци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/oshtinite-od-istokot-baraat-zabrzuvane-na-izgradbata-na-regionalnata-deponija-kaj-svetnikolsko-mechkuevtsi/ Fri, 23 Aug 2024 14:54:04 +0000 https://republika.mk/?p=809529

Да се откочи деценсикиот проект и кончено да се изгради регионалната депонија кај селото Мечуевци во Општина Свети Николе. 

Ова беше главна тема на третата седница на меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад на Источно Планскиот регион.

Претседателот на Советот на градоначалници на Источно Планскиот регион, Виктор Паунов потенцираше дека изградбата на регионална депонија кај светниколското село Мечкуевци е од големо значење за граѓаните од источниот и североисточниот регион, со што ќе бидат затворени големи број мини депонии кои секојдневно се создаваат.

Фазите коишто се завршени со имплементација и они кои што допрва треба да следат треба да се даде прецизни информации во однос на статусот и главниот дел, однонсо почетокот на реализација на проектот за изградба на депонија, односно Фабрика за управување со отпад или регионален центар за управување со отпад.

Заменик министерката за животна средина, Ане Лашкоска, вели дека проектот трае веќе цела една деценија, а во изминатиот месец добил на динамкика. Таа посочи дека обврските на министерството веќе се при крај, а очекуваат Европската комисија да ги одобри документите и тендерот да биде распишан во првата половина на месец септември.

По завршувањето на тендерот, следува евалуација и очекуваме изградбата на депонијата да заврши во рок од година и пол или две.Во меѓувреме остануваат уште некои мали обврски, кои што дел од оштините треба да ги завршат, но тоа би бил паралелен процес кој би се одвивал од страна на државата и општините. Се работи за еден исклучително важен проект за државата и за овој регион источниот односно северосисточниот, вели Лашкоска.

Изградбата на современиот систем за депонирање на отпад за двата региони се одвиваше во неколку фази и е вреден околку 40 милиони евра, со што 85% од средствата се од фондовите на ЕУ, а со 15% учествува на државата. Дел од проектот е завршен затоа што општините добија возила, а во моментот се одвиива фазата за добивање на канти за ѓубре и контејнери, а како за крај останува завршната фаза. Односно крајната реализација на проектот за изградбата на депонијата.

The post Оштините од истокот бараат забрзување на изградбата на регионалната депонија кај светниколско Мечкуевци appeared first on Република.

]]>

Да се откочи деценсикиот проект и кончено да се изгради регионалната депонија кај селото Мечуевци во Општина Свети Николе.  Ова беше главна тема на третата седница на меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад на Источно Планскиот регион. Претседателот на Советот на градоначалници на Источно Планскиот регион, Виктор Паунов потенцираше дека изградбата на регионална депонија кај светниколското село Мечкуевци е од големо значење за граѓаните од источниот и североисточниот регион, со што ќе бидат затворени големи број мини депонии кои секојдневно се создаваат. Фазите коишто се завршени со имплементација и они кои што допрва треба да следат треба да се даде прецизни информации во однос на статусот и главниот дел, однонсо почетокот на реализација на проектот за изградба на депонија, односно Фабрика за управување со отпад или регионален центар за управување со отпад. Заменик министерката за животна средина, Ане Лашкоска, вели дека проектот трае веќе цела една деценија, а во изминатиот месец добил на динамкика. Таа посочи дека обврските на министерството веќе се при крај, а очекуваат Европската комисија да ги одобри документите и тендерот да биде распишан во првата половина на месец септември.