истепано дете Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/istepano-dete/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Feb 2024 13:04:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png истепано дете Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/istepano-dete/ 32 32 Девојчињата-тепачи ќе се гонат за насилство, притвор за тинејџерите кои претепаа и ограбија малолетник https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/devojchinata-tepachi-ke-se-gonat-za-nasilstvo-pritvor-za-tinejdherite-koi-pretepaa-i-ograbija-maloletnik/ Wed, 14 Feb 2024 13:04:53 +0000 https://republika.mk/?p=744072

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка спрема две деца во судир со закон на возраст од 15 години, за кои постои сомнение дека извршиле дејствија кои со закон се предвидени како кривично дело – Насилство по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ЈОРМ, двете малолетнички, на 9 февруари, на улицата „Мирослав Крлежа“ во Скопје, ја загрозиле сигурноста на друго девојче, вршејќи грубо насилство кон оштетената. Девојчињата најпрвин разговарале и започнале да се расправаат, по што двете ја фатиле оштетената и ја собориле на земја, па ја удирале со тупаници и клоци додека не ги раздвоил сведок на настанот. Со ова предизвикале телесни повреди кај девојчето, како и чувство на вознемиреност во јавноста.

Во текот на постапката јавниот обвинител предлага да се сослушаат децата во судир со законот и оштетената, како и сведоци на настанот, да се прибави вештачење на видот и карактерот на повредите, да се обезбедат снимки од сведоци на настанот, да се прибави мислење од Центарот за социјални работи, како и да се преземат сите други неопходни дејства.

Постапувајќи во друг настан, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка спрема четири децаво судир со законот на возраст меѓу 15 и 17 години, за кои постои сомнение дека извршиле дејствија предвидени како кривично дело – Разбојништво согласно член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Сите четворица, на 12 февруари, во близина на детско игралиште во населбата Нерези, со употреба на сила одзеле мобилен телефон од дете родено 2007 година. Оштетениот го пресретнале кај игралиштето и го нападнале, удирајќи го со раце и нозе по главата и телото, нанесувајќи му повреди во вид на нагмечување на главата од кои оштетеното дете изгубило свест. Потоа му го одзеле телефонот од џебот на јакната и избегале. За овие четири деца во судир со законот, кои се повторници во вршење и на други кривични дела, по предлог на јавниот обвинител, Судот определи мерка притвор, оценувајќи дека се исполнети законските основи.

Со оглед на чувствителноста на постапките во кои како сторители и оштетени се јавуваат малолетни лица и неопходноста од целосна заштита на нивниот идентитет во текот на постапките, Јавното обвинителство апелира до медиумите и до општата јавност за избегнување сензационализми и поголема одговорност при известувањето, коментирањето и споделувањето на содржини и информации кои се однесуваат на кривични дела сторени од деца.

The post Девојчињата-тепачи ќе се гонат за насилство, притвор за тинејџерите кои претепаа и ограбија малолетник appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка спрема две деца во судир со закон на возраст од 15 години, за кои постои сомнение дека извршиле дејствија кои со закон се предвидени како кривично дело – Насилство по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти ЈОРМ, двете малолетнички, на 9 февруари, на улицата „Мирослав Крлежа“ во Скопје, ја загрозиле сигурноста на друго девојче, вршејќи грубо насилство кон оштетената. Девојчињата најпрвин разговарале и започнале да се расправаат, по што двете ја фатиле оштетената и ја собориле на земја, па ја удирале со тупаници и клоци додека не ги раздвоил сведок на настанот. Со ова предизвикале телесни повреди кај девојчето, како и чувство на вознемиреност во јавноста. Во текот на постапката јавниот обвинител предлага да се сослушаат децата во судир со законот и оштетената, како и сведоци на настанот, да се прибави вештачење на видот и карактерот на повредите, да се обезбедат снимки од сведоци на настанот, да се прибави мислење од Центарот за социјални работи, како и да се преземат сите други неопходни дејства. Постапувајќи во друг настан, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка спрема четири децаво судир со законот на возраст меѓу 15 и 17 години, за кои постои сомнение дека извршиле дејствија предвидени како кривично дело – Разбојништво согласно член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Сите четворица, на 12 февруари, во близина на детско игралиште во населбата Нерези, со употреба на сила одзеле мобилен телефон од дете родено 2007 година. Оштетениот го пресретнале кај игралиштето и го нападнале, удирајќи го со раце и нозе по главата и телото, нанесувајќи му повреди во вид на нагмечување на главата од кои оштетеното дете изгубило свест. Потоа му го одзеле телефонот од џебот на јакната и избегале. За овие четири деца во судир со законот, кои се повторници во вршење и на други кривични дела, по предлог на јавниот обвинител, Судот определи мерка притвор, оценувајќи дека се исполнети законските основи. Со оглед на чувствителноста на постапките во кои како сторители и оштетени се јавуваат малолетни лица и неопходноста од целосна заштита на нивниот идентитет во текот на постапките, Јавното обвинителство апелира до медиумите и до општата јавност за избегнување сензационализми и поголема одговорност при известувањето, коментирањето и споделувањето на содржини и информации кои се однесуваат на кривични дела сторени од деца.

The post Девојчињата-тепачи ќе се гонат за насилство, притвор за тинејџерите кои претепаа и ограбија малолетник appeared first on Република.

]]>
Полицијата ја молев да појдат до училиштето и да ги прегледаат снимките, празни ветувања добив па истите исчезнаа, исто и со директорката, сакала само службено https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/politsijata-ja-molev-da-pojdat-do-uchilishteto-i-da-gi-pregledaat-snimkite-prazni-vetuvana-dobiv-pa-istite-ischeznaa-isto-i-so-direktorkata-sakala-samo-sluzhbeno/ Tue, 12 Dec 2023 09:33:56 +0000 https://republika.mk/?p=722045

Решив оваа објава да биде јавно објавена, за од уше во уше да појде кај " господинот " кој за една детска игра ( верувам и тој како малечок си играл така) решил да дели правда. Тој веќе мене ме знае, а јас него не и многу сакам да го запознаам, пишува Маја Дукоска на својот фејсбик профил каде сподели непријатно искуство.

На ден 17.11.2023 после долги и упорни ѕвонења на син ми кој после часови беше излезен со другарчиња да си игра, во 14.15 ми се јавува целиот расплакан и растревожен и ми кажува дека е оставен во училиштето каде што учи. Појдовме со сопругот, го зедовме и ни кажа дека некој го натепал. Абе пријателе не си го натепал ти, туку си го здробил, си го отекол. Па тоа дете има родители колку што си разбрал, па зошто не го донесе дома, па да се разберевме како луѓе? Или си познат ептен што полицијата не мрдна со уше, оти истиот ден те пријавив тебе непознат манијаку. Ни шумската полиција не сака да те каже што те сретнала уз пат. Замисли ни служителките во училиштето кај што си го предал син ми не сакаат да кажат ништо, мислеле дека си му татко..ахахахахах...смешен ми е делот со таткото оти нас не познаваат, секој ден се гледаме, башка комшии сме. Абе вака арен си ти повеќе од пола час да малтретираш 8 годишно дете или не си, да го влечкаш истото добри 200-300 метри и да му се закануваш дека ќе го утепаш ако се јави на моите упорни повици? Изгледа не си арен. За потрагично да биде, полицијата ја молев да појдат до училиштето и да ги прегледаат снимките, празни ветувања добив па истите исчезнаа, исто и со директорката, сакала само службено.

Затоа мислам дека си некој битен, ама сепак те замолувам да се видиме оти имам едно пакетче вентил капици за тебе, оти за истите си го шамарал, боксувал и клоцал син ми. Се надевам дека ќе се запознаеме.

Поздрав.

П.с. секоја чест на исклучоци, вам ви благодарам за соработката, но сепак е без успех. Да не ве именувам, си се знаете кои сте. Љубов до вас.

The post Полицијата ја молев да појдат до училиштето и да ги прегледаат снимките, празни ветувања добив па истите исчезнаа, исто и со директорката, сакала само службено appeared first on Република.