Истанбул Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/istanbul/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 13:34:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Истанбул Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/istanbul/ 32 32 Изложба на Јана Манева- Чупоска во Истанбул https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-jana-maneva-chuposka-vo-istanbul/ Tue, 26 Nov 2024 13:34:27 +0000 https://republika.mk/?p=841945

Ликовната уметница Јана Манева-Чупоска изложува во Истанбул во Македонскиот центар. Отворањето е утре, на 27 ноември (среда) во 19 часот.

Манева-Чупоска ќе излага цртежи од циклусот „Љубовници во пандемија“. Насловот има алегорична конотација и алудира на надежта и потребата на човекот кон подобро утре. Преку фигуративните композициски ликовни претстави, колажни експерименти авторката Јана Манева – Чупоска ја пренесува нејзината психолошка и емотивна состојба во време на корона кризата, но и покрај официјалното завршување на вирусот кај човекот остави длабоки психолошки траги на страв и несигурност.

Изложбата се состои од триесеттина дела, цртежи и колажи изработени во комбинирана техника молив, јаглен, акрил и темпера и еден диптих во поголем формат изработен во техника акрил.

Изложбата е финансирана од Министерството за култура и туризам како изложба од национален интерес.

 

The post Изложба на Јана Манева- Чупоска во Истанбул appeared first on Република.

]]>

Ликовната уметница Јана Манева-Чупоска изложува во Истанбул во Македонскиот центар. Отворањето е утре, на 27 ноември (среда) во 19 часот. Манева-Чупоска ќе излага цртежи од циклусот „Љубовници во пандемија“. Насловот има алегорична конотација и алудира на надежта и потребата на човекот кон подобро утре. Преку фигуративните композициски ликовни претстави, колажни експерименти авторката Јана Манева – Чупоска ја пренесува нејзината психолошка и емотивна состојба во време на корона кризата, но и покрај официјалното завршување на вирусот кај човекот остави длабоки психолошки траги на страв и несигурност. Изложбата се состои од триесеттина дела, цртежи и колажи изработени во комбинирана техника молив, јаглен, акрил и темпера и еден диптих во поголем формат изработен во техника акрил. Изложбата е финансирана од Министерството за култура и туризам како изложба од национален интерес.  

The post Изложба на Јана Манева- Чупоска во Истанбул appeared first on Република.

]]>
Концерт на „Квинтето“ во Македонскиот културен центар во Истанбул https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-kvinteto-vo-makedonskiot-kulturen-tsentar-vo-istanbul/ Wed, 16 Oct 2024 09:04:29 +0000 https://republika.mk/?p=827477

Македонскиот културен центар во Истанбул вечер (16 октомври) во 19:00 часот ќе биде домаќин на македонската група музичари „Квинтето“ (Quinteto) чии оригинални композиции комбинираат различни музички жанрови.

„Квинтето“ се издвојува на музичката сцена по својата еклектична мешавина на стилови – од етно и џез до рок и кабаре.

Она што го прави нивниот звук уникатен е комбинацијата од инструменти како обоа, кларинет и виола во спој со електрична бас-гитара, тапани и кахон. Нивната музика е збогатена со карактеристичните македонски нерамноделни ритми кои го спојуваат традиционалното со модерното“, информираат од КИЦ – Истанбул.

The post Концерт на „Квинтето“ во Македонскиот културен центар во Истанбул appeared first on Република.

]]>

Македонскиот културен центар во Истанбул вечер (16 октомври) во 19:00 часот ќе биде домаќин на македонската група музичари „Квинтето“ (Quinteto) чии оригинални композиции комбинираат различни музички жанрови. „Квинтето“ се издвојува на музичката сцена по својата еклектична мешавина на стилови – од етно и џез до рок и кабаре.
Она што го прави нивниот звук уникатен е комбинацијата од инструменти како обоа, кларинет и виола во спој со електрична бас-гитара, тапани и кахон. Нивната музика е збогатена со карактеристичните македонски нерамноделни ритми кои го спојуваат традиционалното со модерното“, информираат од КИЦ – Истанбул.

The post Концерт на „Квинтето“ во Македонскиот културен центар во Истанбул appeared first on Република.

]]>
Концерт на женскиот хор „Менада“ во Истанбул по повод 11 Октомври https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-zhenskiot-hor-menada-vo-istanbul-po-povod-11-oktomvri/ Wed, 09 Oct 2024 07:46:36 +0000 https://republika.mk/?p=824437

По повод државниот празник „11 октомври – Денот на македонското востание“, реномираниот хор „Менада“ од Тетово ќе настапи во ерменската катедрала „Сурп Асдваѕаѕин“ во Бејоглу, Истанбул, како дел од годишната програма на Македонскиот културен центар, во соработка со Асоцијацијата на Истанбулската филхармонија.

Настанот ќе и понуди на истанбулската публика ретка можност да ја доживее уметноста на овој традиционален македонски ансамбл.

Основана во 1981 година од маестро проф. д-р Ивица Зориќ, кој продолжува да го води хорот до денес, Менада изгради истакната репутација на меѓународната сцена. Познати како „Светски македонски хорски музички амбасадори“, хорот се состои од талентирани женски гласови кои изведуваат обемен и разновиден репертоар. Со повеќе од 500 дела кои опфаќаат ренесансни, класични и современи композиции, како и изведби на македонски музички фолклор, духовни дела и евергрин композиции, Менада прерасна во симбол на богатата хорска традиција на Македонија, се посочува за хорот.

Во текот на својата историја, хорот има добиено бројни престижни награди и признанија на домашни и меѓународни фестивали, натпревари и концертни турнеи.

За настапот во Истанбул, што ќе се одржи утревечер, Менада ќе претстави програма со духовна музика, како и изведба на популарни македонски народни песни, спојувајќи ги светите и традиционалните елементи на начин кој ќе ја отслика богатата културно - музичка ризница на земјава.

Како дел од годишната програма на Македонскиот културен центар во Истанбул, концертот има за цел да ги промовира силните културни врски меѓу Македонија и Турција, обезбедувајќи промоција на македонската уметност и наследство во странство, стои во најавата од Македонскиот културен центар во Истанбул.

The post Концерт на женскиот хор „Менада“ во Истанбул по повод 11 Октомври appeared first on Република.

]]>

По повод државниот празник „11 октомври – Денот на македонското востание“, реномираниот хор „Менада“ од Тетово ќе настапи во ерменската катедрала „Сурп Асдваѕаѕин“ во Бејоглу, Истанбул, како дел од годишната програма на Македонскиот културен центар, во соработка со Асоцијацијата на Истанбулската филхармонија. Настанот ќе и понуди на истанбулската публика ретка можност да ја доживее уметноста на овој традиционален македонски ансамбл.
Основана во 1981 година од маестро проф. д-р Ивица Зориќ, кој продолжува да го води хорот до денес, Менада изгради истакната репутација на меѓународната сцена. Познати како „Светски македонски хорски музички амбасадори“, хорот се состои од талентирани женски гласови кои изведуваат обемен и разновиден репертоар. Со повеќе од 500 дела кои опфаќаат ренесансни, класични и современи композиции, како и изведби на македонски музички фолклор, духовни дела и евергрин композиции, Менада прерасна во симбол на богатата хорска традиција на Македонија, се посочува за хорот.
Во текот на својата историја, хорот има добиено бројни престижни награди и признанија на домашни и меѓународни фестивали, натпревари и концертни турнеи. За настапот во Истанбул, што ќе се одржи утревечер, Менада ќе претстави програма со духовна музика, како и изведба на популарни македонски народни песни, спојувајќи ги светите и традиционалните елементи на начин кој ќе ја отслика богатата културно - музичка ризница на земјава.
Како дел од годишната програма на Македонскиот културен центар во Истанбул, концертот има за цел да ги промовира силните културни врски меѓу Македонија и Турција, обезбедувајќи промоција на македонската уметност и наследство во странство, стои во најавата од Македонскиот културен центар во Истанбул.

The post Концерт на женскиот хор „Менада“ во Истанбул по повод 11 Октомври appeared first on Република.

]]>
„Време на бетон“ на фестивали за филм и архитектура во Прага и Истанбул https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vreme-na-beton-na-festivali-za-film-i-arhitektura-vo-praga-i-istanbul/ Thu, 26 Sep 2024 11:52:32 +0000 https://republika.mk/?p=819858

Долгометражниот документарен филм „Време на бетон" во режија на Игор Иванов ќе има интернационална премиера во рамките на 13. Фестивал за филм и архитектура во Прага. Ова е единствениот фестивал во Чешка со архитектурата во својот фокус, кој има за цел да ја истакне како особено значаен сегмент во секојдневниот живот и да ги промовира пред пошироката публика современите архитектонски пристапи. Проекцијата е закажана за 29. септември со почеток од 14:30 часот, во Националната галерија во Прага.

По проекцијата ќе се одржи предавање од кураторите на изложбата „Ниедно чувствo не е конечно: Колекција на солидарноста во Скопје”, реализирана во соработка помеѓу Кунстхале Виена, Национална галерија Прага и Музеј на современата уметност Скопје.

Следната дестинација на „Време на бетон“ ќе биде 18. Интернационален фестивал на архитектонски и урбанистички филм во Истанбул, во организација на истанбулското одделение на Турската комора на архитекти. Фестивалот ќе се одржи од 7-ми до 11-ти октомври и ќе прикаже 37 филма, иновативни дела селектирани од рекорден број на пријави годинава - 850 наслови од 101 земја. Проекцијата на „Време на Бетон“ е закажана за 11-ти Октомври од 18:00 часот, во Кино Бејоглу и ќе се натпреварува за една од фестивалските награди.

Учеството на ваквите фестивали нуди исклучителна можност за афирмација на македонската култура и уметност, а „Време на бетон“ е уникатен и длабок увид во архитектонската и урбаната историја на Скопје, со посебен фокус на модерната, која го следи градот од почетокот на дваесеттиот век.

Снимен е по сценарио на Игор Иванов и Томи Салковски. Автор на нарацијата која го води филмот е Ѕвездан Георгиевски, а наратор е Никола Ристановски. Соработници на сценариото се Мишко Ралев и Јордан Минов, изборот и изведбата на музиката е на пијанистката Дуња Иванова. Кинематографер е Ѓорѓи Клинчаров, монтажата е на Дејан Смилески, а дизајнот на звук на Игор Поповски. Продуцент е Томи Салковски. Овој филм е направен со поддршка од Агенцијата за филм.

 

The post „Време на бетон“ на фестивали за филм и архитектура во Прага и Истанбул appeared first on Република.

]]>

Долгометражниот документарен филм „Време на бетон" во режија на Игор Иванов ќе има интернационална премиера во рамките на 13. Фестивал за филм и архитектура во Прага. Ова е единствениот фестивал во Чешка со архитектурата во својот фокус, кој има за цел да ја истакне како особено значаен сегмент во секојдневниот живот и да ги промовира пред пошироката публика современите архитектонски пристапи. Проекцијата е закажана за 29. септември со почеток од 14:30 часот, во Националната галерија во Прага. По проекцијата ќе се одржи предавање од кураторите на изложбата „Ниедно чувствo не е конечно: Колекција на солидарноста во Скопје”, реализирана во соработка помеѓу Кунстхале Виена, Национална галерија Прага и Музеј на современата уметност Скопје. Следната дестинација на „Време на бетон“ ќе биде 18. Интернационален фестивал на архитектонски и урбанистички филм во Истанбул, во организација на истанбулското одделение на Турската комора на архитекти. Фестивалот ќе се одржи од 7-ми до 11-ти октомври и ќе прикаже 37 филма, иновативни дела селектирани од рекорден број на пријави годинава - 850 наслови од 101 земја. Проекцијата на „Време на Бетон“ е закажана за 11-ти Октомври од 18:00 часот, во Кино Бејоглу и ќе се натпреварува за една од фестивалските награди. Учеството на ваквите фестивали нуди исклучителна можност за афирмација на македонската култура и уметност, а „Време на бетон“ е уникатен и длабок увид во архитектонската и урбаната историја на Скопје, со посебен фокус на модерната, која го следи градот од почетокот на дваесеттиот век. Снимен е по сценарио на Игор Иванов и Томи Салковски. Автор на нарацијата која го води филмот е Ѕвездан Георгиевски, а наратор е Никола Ристановски. Соработници на сценариото се Мишко Ралев и Јордан Минов, изборот и изведбата на музиката е на пијанистката Дуња Иванова. Кинематографер е Ѓорѓи Клинчаров, монтажата е на Дејан Смилески, а дизајнот на звук на Игор Поповски. Продуцент е Томи Салковски. Овој филм е направен со поддршка од Агенцијата за филм.  

The post „Време на бетон“ на фестивали за филм и архитектура во Прага и Истанбул appeared first on Република.

]]>
Истанбул го има најпрометниот аеродром во светот https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/istanbul-go-ima-najprometniot-aerodrom-vo-svetot/ Fri, 30 Aug 2024 12:46:48 +0000 https://republika.mk/?p=811596

Ново истражување на авијациско-аналитичката компанија „Цириум“ (Cirium) покажа дека најдобриот и најпрометен аеродром за патнички летови во светот е „ИГА Истанбул“ во Турција. На второто место е Аеродромот во Франкфурт во Германија, а трет е „Шарл де Гол“ во францускиот главен град Париз, пишува списанието „Конде наст травелер“ (Conde Nast Traveler).

Како дел од ова истражување, анализиран е бројот директни дестинации со коишто аеродромите нудат поврзување со други места во светот. Во таа смисла, прв меѓународен аеродром е тој во Истанбул, којшто работи само шест години и веќе стана лидер со 309 директни летови до 315 дестинации, како и речиси 90 милиони патници годишно (од јануари 2024 година).

Аналитичарите посочуваат дека предноста е во местополжбата на аеродромот, во градот „мост“ меѓу Европа и Азија.

Франкфурт има директни летови до 296 летови, а парискиот аеродром – до 282 лета. Следат Аеродромот „Шипхол“ во Амстердам, Холандија, и Меѓународниот аеродром „О’Харе“ во Чикаго, САД, коишто се изедначени на четвртото место – со директни летови до 270 дестинации, а потоа следи Аеродромот во Дубаи со 269 летови.

Во првите 10 се и „Форт ворт“ во Далас, САД, (261 директен лет), „Шангај Пудонг“ во Кина (243), „Хартсфилд-Џексон“ во Атланта (237) и Аеродромот „Леонардо да Винчи Фиумичино“ во Рим, Италија (234 директни летови).

„Хитроу“ – најголемиот аеродром во Лондон, со оглед на неговата историја и отвореност од речиси 80 години и сообраќајот, долго време беше еден од најдобрите светски аеродроми, но според новото истражување тој е на 12. место. Уште еден британски аеродром, исто така во Лондон – „Гетвик“ се најде на 14. место, со 221 лет до одредени дестинации ширум светот.

 

The post Истанбул го има најпрометниот аеродром во светот appeared first on Република.

]]>

Ново истражување на авијациско-аналитичката компанија „Цириум“ (Cirium) покажа дека најдобриот и најпрометен аеродром за патнички летови во светот е „ИГА Истанбул“ во Турција. На второто место е Аеродромот во Франкфурт во Германија, а трет е „Шарл де Гол“ во францускиот главен град Париз, пишува списанието „Конде наст травелер“ (Conde Nast Traveler). Како дел од ова истражување, анализиран е бројот директни дестинации со коишто аеродромите нудат поврзување со други места во светот. Во таа смисла, прв меѓународен аеродром е тој во Истанбул, којшто работи само шест години и веќе стана лидер со 309 директни летови до 315 дестинации, како и речиси 90 милиони патници годишно (од јануари 2024 година). Аналитичарите посочуваат дека предноста е во местополжбата на аеродромот, во градот „мост“ меѓу Европа и Азија. Франкфурт има директни летови до 296 летови, а парискиот аеродром – до 282 лета. Следат Аеродромот „Шипхол“ во Амстердам, Холандија, и Меѓународниот аеродром „О’Харе“ во Чикаго, САД, коишто се изедначени на четвртото место – со директни летови до 270 дестинации, а потоа следи Аеродромот во Дубаи со 269 летови. Во првите 10 се и „Форт ворт“ во Далас, САД, (261 директен лет), „Шангај Пудонг“ во Кина (243), „Хартсфилд-Џексон“ во Атланта (237) и Аеродромот „Леонардо да Винчи Фиумичино“ во Рим, Италија (234 директни летови). „Хитроу“ – најголемиот аеродром во Лондон, со оглед на неговата историја и отвореност од речиси 80 години и сообраќајот, долго време беше еден од најдобрите светски аеродроми, но според новото истражување тој е на 12. место. Уште еден британски аеродром, исто така во Лондон – „Гетвик“ се најде на 14. место, со 221 лет до одредени дестинации ширум светот.  

The post Истанбул го има најпрометниот аеродром во светот appeared first on Република.

]]>
Камера од автобус го сними уривањето на зграда во Истанбул, едно лице загина, а осум се повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kamera-od-avtobus-go-snimi-urivaneto-na-zgrada-vo-istanbul-edno-litse-zagina-a-osum-se-povredeni/ Sun, 02 Jun 2024 13:53:08 +0000 https://republika.mk/?p=784180

Едно лице загина и осум се повредени, ова е билансот по уривањето на зграда во најголемиот турски град Истанбул кое се случи претпладнево.

Камера од автобус успеа да го фати моментот кога се сруши зградата во областа Кучукчекмеџе во Истанбул.

The post Камера од автобус го сними уривањето на зграда во Истанбул, едно лице загина, а осум се повредени appeared first on Република.

]]>

Едно лице загина и осум се повредени, ова е билансот по уривањето на зграда во најголемиот турски град Истанбул кое се случи претпладнево. Камера од автобус успеа да го фати моментот кога се сруши зградата во областа Кучукчекмеџе во Истанбул.

The post Камера од автобус го сними уривањето на зграда во Истанбул, едно лице загина, а осум се повредени appeared first on Република.

]]>
Се сруши зграда во Истанбул: Спасени се 7 лица, пожарникарите сѐ уште бараат преживени и загинати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-srushi-zgrada-vo-istanbul-spaseni-se-7-litsa-pozharnikarite-s-ushte-baraat-prezhiveni-i-zaginati/ Sun, 02 Jun 2024 08:49:33 +0000 https://republika.mk/?p=784034

Во истанбулскиот кварт Кучукчекмеџе, неколку луѓе останаа заробени под урнатините по драматичното уривање на зграда.

Несреќата се случила утрово околу 8 часот и 40 минути по локално време.

Седум повредени се извлечени од под урнатините на зграда во истанбулскиот кварт Кучукчекмеџе, а две лица се уште се под урнатините, изјави денеска гувернерот на Истанбул Давут Ѓул.

Според него, засега нема информации за загинати во денешното уривање на зградата.

– Зградата е изградена во 1988 година, засега нема информации за причините за уривањето – додаде Ѓул, а пренесува ТРТ Хабер.

Пожарникарите, полицајците и здравствените работници веднаш реагирале и дошле на помош, а целата заедница е вознемирена поради овој трагичен настан.

И покрај екстремно тешките услови, екипите за одговор при итни случаи се распоредени на терен за да бараат преживеани.

Секоја секунда е важна, а надлежните се надеваат дека од оваа страшна ситуација ќе се спасат што повеќе луѓе.

Во овој момент сѐ уште не е позната причината за уривањето на зградата, што дополнително ја усложнува ситуацијата.

Ќе се спроведе истрага за да се утврди што довело до оваа несреќа, а надлежните институции секако ќе направат напори во иднина да се спречат слични трагедии.

Едно лице досега е извлечено од урнатините со повреди, но властите се надеваат дека бројот на спасените ќе се зголеми додека екипите за итни случаи продолжуваат со напорите.

Итната медицинска помош е од клучно значење во вакви ситуации и сметаат дека секој спасен од урнатините е мала победа во оваа голема трагедија.

Сега се чекаат дополнителни информации за оваа несреќа што го потресе Истанбул.

The post Се сруши зграда во Истанбул: Спасени се 7 лица, пожарникарите сѐ уште бараат преживени и загинати appeared first on Република.

]]>

Во истанбулскиот кварт Кучукчекмеџе, неколку луѓе останаа заробени под урнатините по драматичното уривање на зграда. Несреќата се случила утрово околу 8 часот и 40 минути по локално време. Седум повредени се извлечени од под урнатините на зграда во истанбулскиот кварт Кучукчекмеџе, а две лица се уште се под урнатините, изјави денеска гувернерот на Истанбул Давут Ѓул. Според него, засега нема информации за загинати во денешното уривање на зградата. – Зградата е изградена во 1988 година, засега нема информации за причините за уривањето – додаде Ѓул, а пренесува ТРТ Хабер. Пожарникарите, полицајците и здравствените работници веднаш реагирале и дошле на помош, а целата заедница е вознемирена поради овој трагичен настан. И покрај екстремно тешките услови, екипите за одговор при итни случаи се распоредени на терен за да бараат преживеани. Секоја секунда е важна, а надлежните се надеваат дека од оваа страшна ситуација ќе се спасат што повеќе луѓе. Во овој момент сѐ уште не е позната причината за уривањето на зградата, што дополнително ја усложнува ситуацијата. Ќе се спроведе истрага за да се утврди што довело до оваа несреќа, а надлежните институции секако ќе направат напори во иднина да се спречат слични трагедии. Едно лице досега е извлечено од урнатините со повреди, но властите се надеваат дека бројот на спасените ќе се зголеми додека екипите за итни случаи продолжуваат со напорите. Итната медицинска помош е од клучно значење во вакви ситуации и сметаат дека секој спасен од урнатините е мала победа во оваа голема трагедија. Сега се чекаат дополнителни информации за оваа несреќа што го потресе Истанбул.

The post Се сруши зграда во Истанбул: Спасени се 7 лица, пожарникарите сѐ уште бараат преживени и загинати appeared first on Република.

]]>
Осумгодишно девојче од Охрид со медикоптер пренесено на операција во Истанбул https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/osumgodishno-devojche-od-ohrid-so-medikopter-preneseno-na-operatsija-vo-istanbul/ Mon, 27 May 2024 15:04:08 +0000 https://republika.mk/?p=782135

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека утрово е реализиран хеликоптерски транспорт на осумгодишно девојче до болницата „Медицински парк“ во Истанбул, Турција, заради хируршки зафат (операција) на ‘рбетниот столб.

Транспортот е спроведен со хеликоптер на МВР кој поседува преносна медицинска опрема, а детето е веќе сместено во Медицинскиот центар во Истанбул и за кратко време хеликоптерот ќе се врати во базата во Скопје.

– На 13 мај 2024 година, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, а потоа дополнително преку електронска пошта до Центарот за управување со кризи, било упатено барање од родителот на детето за транспорт од Охрид до болницата во Истанбул. Детето кое се транспортира со хеликоптер, имало проблем со моториката, не може самостојно да оди, не зборува и има голем степен на искривување на ‘рбетниот столб, повеќе од 80 отсто. Поради наведените здравствени проблеми, долготрајниот транспорт е можно дополнително да се одрази негативно врз здравствената состојба на детето. Ако се земе предвид дека оваа операција на ‘рбетот спаѓал во тешки и ризични операции, а постоперативното опоравување е долгорочно и многу тешко, особено во таква состојба, констатирано е дека друг вид транспорт со толкаво времетраење е многу ризичен и опасен по животот на девојчето – наведува ЦУК.

По упатеното барање во ЦУК, во координација помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на барањето е позитивно одговорено.

 

The post Осумгодишно девојче од Охрид со медикоптер пренесено на операција во Истанбул appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека утрово е реализиран хеликоптерски транспорт на осумгодишно девојче до болницата „Медицински парк“ во Истанбул, Турција, заради хируршки зафат (операција) на ‘рбетниот столб. Транспортот е спроведен со хеликоптер на МВР кој поседува преносна медицинска опрема, а детето е веќе сместено во Медицинскиот центар во Истанбул и за кратко време хеликоптерот ќе се врати во базата во Скопје.
– На 13 мај 2024 година, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, а потоа дополнително преку електронска пошта до Центарот за управување со кризи, било упатено барање од родителот на детето за транспорт од Охрид до болницата во Истанбул. Детето кое се транспортира со хеликоптер, имало проблем со моториката, не може самостојно да оди, не зборува и има голем степен на искривување на ‘рбетниот столб, повеќе од 80 отсто. Поради наведените здравствени проблеми, долготрајниот транспорт е можно дополнително да се одрази негативно врз здравствената состојба на детето. Ако се земе предвид дека оваа операција на ‘рбетот спаѓал во тешки и ризични операции, а постоперативното опоравување е долгорочно и многу тешко, особено во таква состојба, констатирано е дека друг вид транспорт со толкаво времетраење е многу ризичен и опасен по животот на девојчето – наведува ЦУК.
По упатеното барање во ЦУК, во координација помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на барањето е позитивно одговорено.  

The post Осумгодишно девојче од Охрид со медикоптер пренесено на операција во Истанбул appeared first on Република.

]]>
Тројца загинати, петмина повредени: Крвав обид за решавање на конфликт во Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/trojtsa-zaginati-petmina-povredeni-krvav-obid-za-reshavane-na-konflikt-vo-turtsija/ Thu, 23 May 2024 20:21:16 +0000 https://republika.mk/?p=781301

Вечерва имало пукање во кафе-слаткарница во Истанбул, има мртви и ранети.

Според турските медиуми, загинале три лица, а петмина се повредени.

Како што беше најавено, две ривалски екипи се сретнале во кафуле, за да се обидат да ги закопаат секирите и да го смират конфликтот меѓу нив, но дошло до расправија која прераснала во вооружен судир.

Престрелката се случила во Истанбул во областа Ускудар.

„Дискусијата меѓу две групи во барот на улицата Ајазма околу 20 часот прерасна во вооружена пресметка. Три лица загинаа, а двајца од петте ранети се тешко повредени“, соопшти Кабинетот на гувернерот на Истанбул.

The post Тројца загинати, петмина повредени: Крвав обид за решавање на конфликт во Турција appeared first on Република.

]]>

Вечерва имало пукање во кафе-слаткарница во Истанбул, има мртви и ранети. Според турските медиуми, загинале три лица, а петмина се повредени. Како што беше најавено, две ривалски екипи се сретнале во кафуле, за да се обидат да ги закопаат секирите и да го смират конфликтот меѓу нив, но дошло до расправија која прераснала во вооружен судир. Престрелката се случила во Истанбул во областа Ускудар. „Дискусијата меѓу две групи во барот на улицата Ајазма околу 20 часот прерасна во вооружена пресметка. Три лица загинаа, а двајца од петте ранети се тешко повредени“, соопшти Кабинетот на гувернерот на Истанбул.

The post Тројца загинати, петмина повредени: Крвав обид за решавање на конфликт во Турција appeared first on Република.

]]>
На аеродромот во Истанбул се продава шише виски за 150.000 евра https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/na-aerodromot-vo-istanbul-se-prodava-shishe-viski-za-150-000-evra/ Fri, 17 May 2024 08:22:58 +0000 https://republika.mk/?p=779047

На аеродромот во Истанбул има луксузна продавница за алкохол каде шише виски чини дури 150.000 евра.

Може да се најде сè,  ретки и скапи пијалоци. Шише виски Ballantines чини 9.000 евра а виски Bowmore по цена од 150.000 евра.

Погледнете ги кога ќе одите во Истанбул.

The post На аеродромот во Истанбул се продава шише виски за 150.000 евра appeared first on Република.

]]>

На аеродромот во Истанбул има луксузна продавница за алкохол каде шише виски чини дури 150.000 евра. Може да се најде сè,  ретки и скапи пијалоци. Шише виски Ballantines чини 9.000 евра а виски Bowmore по цена од 150.000 евра. Погледнете ги кога ќе одите во Истанбул.

The post На аеродромот во Истанбул се продава шише виски за 150.000 евра appeared first on Република.

]]>
Најмалку 15 лица загинаа во пожар во ноќен клуб во Истанбул https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-15-litsa-zaginaa-vo-pozhar-vo-noken-klub-vo-istanbul/ Tue, 02 Apr 2024 13:17:02 +0000 https://republika.mk/?p=761303

Најмалку 15 лица загинаа во пожар во Истанбул, а според официјалните информации уште 13 лица се повредени, од кои седум потешко.

Инцидентот се случил околу 13:00 часот на улицата Илдиз Поста, округот Есентепе.

Според информациите на турските медиуми, пожарот избувнал во ноќен клуб во приземјето на станбена зграда од 16 ката.

The post Најмалку 15 лица загинаа во пожар во ноќен клуб во Истанбул appeared first on Република.

]]>

Најмалку 15 лица загинаа во пожар во Истанбул, а според официјалните информации уште 13 лица се повредени, од кои седум потешко. Инцидентот се случил околу 13:00 часот на улицата Илдиз Поста, округот Есентепе. Според информациите на турските медиуми, пожарот избувнал во ноќен клуб во приземјето на станбена зграда од 16 ката.

The post Најмалку 15 лица загинаа во пожар во ноќен клуб во Истанбул appeared first on Република.

]]>
Mакедонска виолинистка Пламенка Трајковска викендов настапува на фестивалот „Жените од светот“ во Истанбул https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonska-violinistka-plamenka-trajkovska-vikendov-nastapuva-na-festivalot-zhenite-od-svetot-vo-istanbul/ Fri, 01 Mar 2024 10:02:35 +0000 https://republika.mk/?p=749925

Нашата македонска виолинистка Пламенка Трајковска, ќе настапи на концерт на престижниот фестивал „Жените од светот“ што ќе се одржи во Истанбул на 3 март. Таа ќе ја изведе својата композиција со наслов „Ламенто вело’ за соло виолина.

Во рамките на музичката програма на фестивалот „Жените од светот“, се реализира програма за композиција и продукција на дигитална музика со наслов „Мојот град мојот глас“ во која учествуваат одбрани музичарки од Турција, Македонија, Косово, Србија и Босна и Херцеговина. Проектот се реализира со помош на Британскиот совет, организацијата „Beats by girls“ и „Brighter sound“ од Турција.

 

Како дел од проектот „Мојот град мојот глас“ Пламенка Трајковска ја создаде композицијата „Ламенто вело“, која се базира на звуците од градот Скопје и на фолклорна тема заедничка за балканските простори.

„Ламенто вело„ се снимаше во Белград во студиото „Шум“ и е сниман и видео материјал.

 

За композицијата миксот и мастерингот го прави компанија од Истанбул. Композицијата „Ламенто вело“ ќе биде дистрибурана на сите музички платформи на почетокот од април.

Пламенка Трајковска како композитор досега го има издадено албумот во кросовер „Апасионато“, музичкиот албум за деца „Карневалот на животните“, синглот „Светулки“, композициите „Твојот допир“, „Феникс“, „Воздишка за тебе“ и многу други остварувања.

 

Пламенка Трајковска има реализирано голем број на концерти во Македонија на најзначајните културни манифестации и концерти во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Франција Танзанија и Турција.

Пламенка редовно работи во Филхармонија и со организацијата „Пламенка Трајковска – мали камерни состави“. Малите камерни состави креираат музички програми со класична музика и кросовер со мултимедијални елементи и музичка технологија и настапуваат на официјални концерни сцени и на алтернативни простори со цел да ја доближат класичната музика до широката публика и до младите.

The post Mакедонска виолинистка Пламенка Трајковска викендов настапува на фестивалот „Жените од светот“ во Истанбул appeared first on Република.

]]>

Нашата македонска виолинистка Пламенка Трајковска, ќе настапи на концерт на престижниот фестивал „Жените од светот“ што ќе се одржи во Истанбул на 3 март. Таа ќе ја изведе својата композиција со наслов „Ламенто вело’ за соло виолина.
Во рамките на музичката програма на фестивалот „Жените од светот“, се реализира програма за композиција и продукција на дигитална музика со наслов „Мојот град мојот глас“ во која учествуваат одбрани музичарки од Турција, Македонија, Косово, Србија и Босна и Херцеговина. Проектот се реализира со помош на Британскиот совет, организацијата „Beats by girls“ и „Brighter sound“ од Турција.   Како дел од проектот „Мојот град мојот глас“ Пламенка Трајковска ја создаде композицијата „Ламенто вело“, која се базира на звуците од градот Скопје и на фолклорна тема заедничка за балканските простори. „Ламенто вело„ се снимаше во Белград во студиото „Шум“ и е сниман и видео материјал.   За композицијата миксот и мастерингот го прави компанија од Истанбул. Композицијата „Ламенто вело“ ќе биде дистрибурана на сите музички платформи на почетокот од април. Пламенка Трајковска како композитор досега го има издадено албумот во кросовер „Апасионато“, музичкиот албум за деца „Карневалот на животните“, синглот „Светулки“, композициите „Твојот допир“, „Феникс“, „Воздишка за тебе“ и многу други остварувања.   Пламенка Трајковска има реализирано голем број на концерти во Македонија на најзначајните културни манифестации и концерти во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Франција Танзанија и Турција. Пламенка редовно работи во Филхармонија и со организацијата „Пламенка Трајковска – мали камерни состави“. Малите камерни состави креираат музички програми со класична музика и кросовер со мултимедијални елементи и музичка технологија и настапуваат на официјални концерни сцени и на алтернативни простори со цел да ја доближат класичната музика до широката публика и до младите.

The post Mакедонска виолинистка Пламенка Трајковска викендов настапува на фестивалот „Жените од светот“ во Истанбул appeared first on Република.

]]>
Заложничка драма во фабриката на „Проктер и Гембл“ во Истанбул https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zalozhnichka-drama-vo-fabrikata-na-prokter-i-gembl-vo-istanbul/ Fri, 02 Feb 2024 08:04:58 +0000 https://republika.mk/?p=739580

Вооружен маж, тврдејќи дека дејствува „за Газа“ синоќа девет часа држел како заложници седуммина вработени во турската фабрика на американската компанија Проктер и Гамбл (Procter & Gamble) во предградието на Истанбул.

Заложниците се ослободени живи и здрави, соопштија локалните додавајќи дека киднаперот е уапсен.

Гувернерот на провинцијата потврди дека човекот кој ги држел заложниците е „неутрализиран“.

Напаѓачот ја оправда својата постапка велејќи дека сакал да ги осуди израелските воени операции во Појасот Газа, изјави полициски извор.

The post Заложничка драма во фабриката на „Проктер и Гембл“ во Истанбул appeared first on Република.

]]>

Вооружен маж, тврдејќи дека дејствува „за Газа“ синоќа девет часа држел како заложници седуммина вработени во турската фабрика на американската компанија Проктер и Гамбл (Procter & Gamble) во предградието на Истанбул. Заложниците се ослободени живи и здрави, соопштија локалните додавајќи дека киднаперот е уапсен. Гувернерот на провинцијата потврди дека човекот кој ги држел заложниците е „неутрализиран“. Напаѓачот ја оправда својата постапка велејќи дека сакал да ги осуди израелските воени операции во Појасот Газа, изјави полициски извор.

The post Заложничка драма во фабриката на „Проктер и Гембл“ во Истанбул appeared first on Република.

]]>
Двајца маскирани убија едно лице во католичка црква во Истанбул https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dvajtsa-maskirani-ubija-edno-litse-vo-katolichka-tsrkva-vo-istanbul/ Sun, 28 Jan 2024 15:50:29 +0000 https://republika.mk/?p=737829

Две маскирани лица денеска убија едно лице во католичка црква во Истанбул, соопшти турското Министерство за внатрешни работи.

Двајца мажи нападнаа и убија жртва за време на неделната миса, напиша турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на платформата Икс. Католичката црква Санта Марија се наоѓа во областа Саријер во Истанбул.

Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамглу го осуди нападот. Јерликаја напиша дека властите работат на фаќање на напаѓачите.

Жртвата „Ц.Т., која беше меѓу оние на мисата, беше цел на напад со огнено оружје од две маскирани лица и за жал го загуби животот“, рече министерот на платформата Икс.

The post Двајца маскирани убија едно лице во католичка црква во Истанбул appeared first on Република.

]]>

Две маскирани лица денеска убија едно лице во католичка црква во Истанбул, соопшти турското Министерство за внатрешни работи. Двајца мажи нападнаа и убија жртва за време на неделната миса, напиша турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на платформата Икс. Католичката црква Санта Марија се наоѓа во областа Саријер во Истанбул. Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамглу го осуди нападот. Јерликаја напиша дека властите работат на фаќање на напаѓачите. Жртвата „Ц.Т., која беше меѓу оние на мисата, беше цел на напад со огнено оружје од две маскирани лица и за жал го загуби животот“, рече министерот на платформата Икс.

The post Двајца маскирани убија едно лице во католичка црква во Истанбул appeared first on Република.

]]>
Земјотрес во Истанбул https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zemjotres-vo-istanbul/ Mon, 04 Dec 2023 11:30:02 +0000 https://republika.mk/?p=719362

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во реонот на Истанбул.

Земјотресот се случил во 10:42 часот по локално време и е силно почувствуван во многу области на градот, главно долж брегот на Мраморното Море, како и во градовите Бурса, Коџаели и Јалова.

Опсерваторијата Кандили во Истанбул соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во заливот Гемлик во Мраморното Море, на длабочина од девет километри.

Гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул изјави дека нема извештаи за жртви или штети во градот.

Турските телевизиски канали јавија дека земјотресот предизвикал страв кај населението во голем број области на Истанбул, главно на азискиот брег.

 

The post Земјотрес во Истанбул appeared first on Република.

]]>

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во реонот на Истанбул. Земјотресот се случил во 10:42 часот по локално време и е силно почувствуван во многу области на градот, главно долж брегот на Мраморното Море, како и во градовите Бурса, Коџаели и Јалова. Опсерваторијата Кандили во Истанбул соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во заливот Гемлик во Мраморното Море, на длабочина од девет километри. Гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул изјави дека нема извештаи за жртви или штети во градот. Турските телевизиски канали јавија дека земјотресот предизвикал страв кај населението во голем број области на Истанбул, главно на азискиот брег.  

The post Земјотрес во Истанбул appeared first on Република.

]]>
Жена се породила во авион пред да полета од Истанбул https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/zhena-se-porodila-vo-avion-pred-da-poleta-od-istanbul/ Wed, 22 Nov 2023 14:26:44 +0000 https://republika.mk/?p=715169

Жена се породила во авион на авиокомпанијата Pegasus непосредно пред да полета од Истанбул кон Марсеј, Франција.

Според турските медиуми, ова се случило во почетокот на ноември на аеродромот Sabiha Gökçen во Истанбул, кога жената ненадејно добила контракции. Патничката била пренесена во заедниот дел од авионот каде што болничкиот персонал ѝ помогнал да се породи, а по раѓањето бебето веднаш било пренесено во болница.

Патниците во авионот аплаудирале по раѓањето на бебето, а еден патник дури понудил и бебешка облека.

Настанот се случил на денот кога авиокомпанијата го пуштила во употреба својот стоти авион по повод стогодишнината од формирањето на Турската Република

The post Жена се породила во авион пред да полета од Истанбул appeared first on Република.

]]>

Жена се породила во авион на авиокомпанијата Pegasus непосредно пред да полета од Истанбул кон Марсеј, Франција. Според турските медиуми, ова се случило во почетокот на ноември на аеродромот Sabiha Gökçen во Истанбул, кога жената ненадејно добила контракции. Патничката била пренесена во заедниот дел од авионот каде што болничкиот персонал ѝ помогнал да се породи, а по раѓањето бебето веднаш било пренесено во болница. Патниците во авионот аплаудирале по раѓањето на бебето, а еден патник дури понудил и бебешка облека. Настанот се случил на денот кога авиокомпанијата го пуштила во употреба својот стоти авион по повод стогодишнината од формирањето на Турската Република

The post Жена се породила во авион пред да полета од Истанбул appeared first on Република.

]]>
Во Истанбул почна „Голем митинг за Палестина“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-istanbul-pochna-golem-miting-za-palestina/ Sat, 28 Oct 2023 14:00:30 +0000 https://republika.mk/?p=695818

Илјадници граѓани од цела Турција во Истанбул учествуваат на „Големиот митинг за Палестина, како што го нарекоа организаторите.

На просторот каде што се одржува митингот, аеродромот „Ататурк“, поставена е огромна бина долга 60 метри и висока 14 метри, јави агенцијата Анадолија.

На собирот, покрај турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и многу други турски официјални претставници, ќе присуствуваат и светски познатите уметници Јусуф Ислам, Махер Заин и Омер Караоглу.

Ердоган ги повика граѓаните да присуствуваат на митингот.

- Ги повикувам сите припадници на нашата нација на Големиот митинг за Палестина што ќе го одржиме на аеродромот Ататурк во Истанбул, каде уште еднаш на целиот свет ќе му ја покажеме нашата солидарност со нашите палестински браќа, рече Ердоган.

The post Во Истанбул почна „Голем митинг за Палестина“ appeared first on Република.

]]>

Илјадници граѓани од цела Турција во Истанбул учествуваат на „Големиот митинг за Палестина, како што го нарекоа организаторите. На просторот каде што се одржува митингот, аеродромот „Ататурк“, поставена е огромна бина долга 60 метри и висока 14 метри, јави агенцијата Анадолија. На собирот, покрај турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и многу други турски официјални претставници, ќе присуствуваат и светски познатите уметници Јусуф Ислам, Махер Заин и Омер Караоглу. Ердоган ги повика граѓаните да присуствуваат на митингот. - Ги повикувам сите припадници на нашата нација на Големиот митинг за Палестина што ќе го одржиме на аеродромот Ататурк во Истанбул, каде уште еднаш на целиот свет ќе му ја покажеме нашата солидарност со нашите палестински браќа, рече Ердоган.

The post Во Истанбул почна „Голем митинг за Палестина“ appeared first on Република.

]]>
Вака турските навивачи ги тепаа германските среде Истанбул https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/vaka-turskite-navivachi-gi-tepaa-germanskite-srede-istanbul/ Tue, 24 Oct 2023 17:41:29 +0000 https://republika.mk/?p=694648

Навивачи на Галатасарај и Баерн Минхен физички се пресметаа на улиците во Истанбул пред вечерашниот натпревар меѓу турскиот и германскиот тим во фудбалската Лига на шампиони.

Како што јавија вечерва турските медиуми, физичката пресметка се случила во доцните часови ноќта меѓу понеделникот и вторник, а сè почнало кога навивачи на Баерн искршиле излог на официјална продавница на клубот од Истанбул.

Пет лица, од кои четворица германски навивачи, се повредени во инцидентот. Петмината биле хоспитализирани изминатата ноќ и во текот на денешниот ден се пуштени од болница.

Натпреварот меѓу Галатасарај и Баерн е во рамки на 3. коло од групата А

The post Вака турските навивачи ги тепаа германските среде Истанбул appeared first on Република.

]]>

Навивачи на Галатасарај и Баерн Минхен физички се пресметаа на улиците во Истанбул пред вечерашниот натпревар меѓу турскиот и германскиот тим во фудбалската Лига на шампиони. Како што јавија вечерва турските медиуми, физичката пресметка се случила во доцните часови ноќта меѓу понеделникот и вторник, а сè почнало кога навивачи на Баерн искршиле излог на официјална продавница на клубот од Истанбул. Пет лица, од кои четворица германски навивачи, се повредени во инцидентот. Петмината биле хоспитализирани изминатата ноќ и во текот на денешниот ден се пуштени од болница. Натпреварот меѓу Галатасарај и Баерн е во рамки на 3. коло од групата А

The post Вака турските навивачи ги тепаа германските среде Истанбул appeared first on Република.

]]>
Големи поплави во Истанбул, има загинати и исчезнати https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/golemi-poplavi-vo-istanbul-ima-zaginati-i-ischeznati/ Wed, 06 Sep 2023 08:55:10 +0000 https://republika.mk/?p=679232

Силно невреме ја погоди Турција, предизвикувајќи поплави кои предизвикаа најмалку пет жртви, вклучително и двајца туристи кои беа однесени од поројните дождови што зафатија камп во северозападна Турција, пишува „Хуриет“.

Турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, изјави дека уште четири лица се водат како исчезнати откако поплавите погодија камп во провинцијата Киркларели, во близина на границата со Бугарија. Тој рече дека кога надошла водата, таму имало околу 12 туристи.

Тимовите за пребарување пронајдоа две тела, напиша тој на „X платформата“ за социјални медиуми порано позната како „Твитер“.

„Потрагата и спасувањето на исчезнатите четири лица продолжува без прекин“, додаде тој.

The post Големи поплави во Истанбул, има загинати и исчезнати appeared first on Република.

]]>

Силно невреме ја погоди Турција, предизвикувајќи поплави кои предизвикаа најмалку пет жртви, вклучително и двајца туристи кои беа однесени од поројните дождови што зафатија камп во северозападна Турција, пишува „Хуриет“. Турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, изјави дека уште четири лица се водат како исчезнати откако поплавите погодија камп во провинцијата Киркларели, во близина на границата со Бугарија. Тој рече дека кога надошла водата, таму имало околу 12 туристи.
Тимовите за пребарување пронајдоа две тела, напиша тој на „X платформата“ за социјални медиуми порано позната како „Твитер“. „Потрагата и спасувањето на исчезнатите четири лица продолжува без прекин“, додаде тој.

The post Големи поплави во Истанбул, има загинати и исчезнати appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот на Истанбул побара од жителите на метрополата да штедат вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gradonachalnikot-na-istanbul-pobara-od-zhitelite-na-metropolata-da-shtedat-voda/ Sun, 20 Aug 2023 19:11:28 +0000 https://republika.mk/?p=673979

Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу ги предупреди граѓаните да ја користат водата умерено, во услови на жештините и слабите врнежи во летната сезона, објави електронското издание на весникот „Сузџу“.

Градоначалникот истакна дека според Координативниот центар за катастрофи на Истанбулската општина (АКОМ), следната недела во Истанбул не се очекуваат врнежи.

Ги повикувам сите наши граѓани да бидат многу повнимателни и поекономични во користењето на водата. Опасноста од суша му се заканува на нашиот град и нашата земја“, предупреди тој на својот профил на социјалните мрежи.

Нивото на водата во шест од десетте брани што го снабдуваат Истанбул со вода падна под 20 отсто, а нивниот вкупен капацитет е на ниво од 33,58 отсто, објави пред неколку дена турската телевизија А Хабер, повикувајќи се на податоци на Истанбулската служба за водовод и канализација.

Објавените бројки се пријавени како најниски во споредба со истиот период во последните девет години.

The post Градоначалникот на Истанбул побара од жителите на метрополата да штедат вода appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу ги предупреди граѓаните да ја користат водата умерено, во услови на жештините и слабите врнежи во летната сезона, објави електронското издание на весникот „Сузџу“. Градоначалникот истакна дека според Координативниот центар за катастрофи на Истанбулската општина (АКОМ), следната недела во Истанбул не се очекуваат врнежи.
Ги повикувам сите наши граѓани да бидат многу повнимателни и поекономични во користењето на водата. Опасноста од суша му се заканува на нашиот град и нашата земја“, предупреди тој на својот профил на социјалните мрежи.
Нивото на водата во шест од десетте брани што го снабдуваат Истанбул со вода падна под 20 отсто, а нивниот вкупен капацитет е на ниво од 33,58 отсто, објави пред неколку дена турската телевизија А Хабер, повикувајќи се на податоци на Истанбулската служба за водовод и канализација. Објавените бројки се пријавени како најниски во споредба со истиот период во последните девет години.

The post Градоначалникот на Истанбул побара од жителите на метрополата да штедат вода appeared first on Република.

]]>