исселување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/isseluvanje/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Oct 2024 10:41:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png исселување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/isseluvanje/ 32 32 Загрижувачки податоци од „Фридрих Еберт“: 42,67 отсто од младите во Македонија би ја напуштиле државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zagrizhuvachki-podatotsi-od-fridrih-ebert-42-67-otsto-od-mladite-vo-makedonija-bi-ja-napushtile-drzhavata/ Thu, 24 Oct 2024 10:41:50 +0000 https://republika.mk/?p=830497

Младите во Македонија најмногу од сите држави во Југосточна Европа изразили желба да ја напуштат земјата поради лошиот социјален, животен и економски стандард и услови. Истражување на Фондацијата „Фридрих Еберт“ покажало 42,67 отсто младите во земјава сакаат да емигирираат во странство.

Втора во регионот е Албанија каде што 36,95 отсто од младите лица би сакале да заминат надвор од државата, а потоа следуваат Грција со 31,26 отсто, Босна и Херцеговина 31,18, Косово, 27,83, во Србија и Словенија 25, во Хрватска тој процент е 21,26, а во Црна Гора 2,59.

Младите во Бугарија и во Романија, според истражувањето, покажале најмала желба за емигрирање.

Најчест мотив на младите за иселување од матичните земји се економските фактори и можности.

Повеќе од две третини (67,13 проценти) од испитаниците го истакнале финансискиот и професионалниот напредок како причини за емиграцијата. Желбата за подобрување на животниот стандард се наведува како примарен мотив за 27,78 отсто од испитаниците... Подобри можности за вработување (11,44 отсто) и повеќе можности за образование (седум отсто) се другите причини поради кои младите одлучуваат да ја напуштат земјата..., се наведува во истражувањето.

За 62 отсто од испитаниците, корупцијата е најголемиот проблем со кој ќе се соочат нивните земји во следната деценија, а потоа следат невработеноста и емиграцијата. Младите често првпат се соочуваат со корупција во образовниот систем, дури 61 процент од испитаниците сметаат дека може да се купат оценки и испити на универзитетите во нивните земји.

Според истражувањето, жените покажуваат поголема желба да го подобрат сопствениот животен стандард (29,97 проценти) и ставаат поголем акцент на можностите за образование (8,46 проценти). Мажите, пак се загрижени за корупцијата и клиентелизмот во државата.

Довербата во демократијата како политички систем, како што се нагласува, опаѓа низ целиот регион, но младите сè уште во голема мера ги поддржуваат демократските вредности.

Сепак, младите кои живеат во земји кои не се членки на Европската Унија (ЕУ) покажуваат поголем одзив кога се работи за гласање на избори.

Евентуалното членство во ЕУ сè уште предизвикува оптимизам во земјите од регионот кои не се членки, а многу млади луѓе ја поврзуваат ЕУ со подобра иднина. Наспроти тоа, младите во Земјите од ЕУ стануваат се попесимисти кога станува збор за моменталната економска состојба и пазарот на труд во нивните земји, наведуваат од „Фридрих Еберт“.

Како што пишува во истражувањето, доколку Југоисточна Европа сака да постигне значителен економски напредок, „ќе мора да внимава на гласот и изборот на младите луѓе кои се клучни во тоа“.

Резултатите сугерираат и дека факторите специфични за една земја, како што се економските услови, политичката стабилност и социјалните услови, играат клучна улога во обликувањето на намерите за емиграција на младите поединци.

Истражувањето е спроведено на примерок од 8.943 млади луѓе од Југоисточна Европа, на возраст од 14 до 29 години и покажа дека 23 отсто од нив подобрата плата ја гледаат како една од клучните причини за иселување од државата. с

The post Загрижувачки податоци од „Фридрих Еберт“: 42,67 отсто од младите во Македонија би ја напуштиле државата appeared first on Република.

]]>

Младите во Македонија најмногу од сите држави во Југосточна Европа изразили желба да ја напуштат земјата поради лошиот социјален, животен и економски стандард и услови. Истражување на Фондацијата „Фридрих Еберт“ покажало 42,67 отсто младите во земјава сакаат да емигирираат во странство. Втора во регионот е Албанија каде што 36,95 отсто од младите лица би сакале да заминат надвор од државата, а потоа следуваат Грција со 31,26 отсто, Босна и Херцеговина 31,18, Косово, 27,83, во Србија и Словенија 25, во Хрватска тој процент е 21,26, а во Црна Гора 2,59. Младите во Бугарија и во Романија, според истражувањето, покажале најмала желба за емигрирање. Најчест мотив на младите за иселување од матичните земји се економските фактори и можности. Повеќе од две третини (67,13 проценти) од испитаниците го истакнале финансискиот и професионалниот напредок како причини за емиграцијата. Желбата за подобрување на животниот стандард се наведува како примарен мотив за 27,78 отсто од испитаниците... Подобри можности за вработување (11,44 отсто) и повеќе можности за образование (седум отсто) се другите причини поради кои младите одлучуваат да ја напуштат земјата..., се наведува во истражувањето. За 62 отсто од испитаниците, корупцијата е најголемиот проблем со кој ќе се соочат нивните земји во следната деценија, а потоа следат невработеноста и емиграцијата. Младите често првпат се соочуваат со корупција во образовниот систем, дури 61 процент од испитаниците сметаат дека може да се купат оценки и испити на универзитетите во нивните земји. Според истражувањето, жените покажуваат поголема желба да го подобрат сопствениот животен стандард (29,97 проценти) и ставаат поголем акцент на можностите за образование (8,46 проценти). Мажите, пак се загрижени за корупцијата и клиентелизмот во државата. Довербата во демократијата како политички систем, како што се нагласува, опаѓа низ целиот регион, но младите сè уште во голема мера ги поддржуваат демократските вредности. Сепак, младите кои живеат во земји кои не се членки на Европската Унија (ЕУ) покажуваат поголем одзив кога се работи за гласање на избори. Евентуалното членство во ЕУ сè уште предизвикува оптимизам во земјите од регионот кои не се членки, а многу млади луѓе ја поврзуваат ЕУ со подобра иднина. Наспроти тоа, младите во Земјите од ЕУ стануваат се попесимисти кога станува збор за моменталната економска состојба и пазарот на труд во нивните земји, наведуваат од „Фридрих Еберт“. Како што пишува во истражувањето, доколку Југоисточна Европа сака да постигне значителен економски напредок, „ќе мора да внимава на гласот и изборот на младите луѓе кои се клучни во тоа“. Резултатите сугерираат и дека факторите специфични за една земја, како што се економските услови, политичката стабилност и социјалните услови, играат клучна улога во обликувањето на намерите за емиграција на младите поединци. Истражувањето е спроведено на примерок од 8.943 млади луѓе од Југоисточна Европа, на возраст од 14 до 29 години и покажа дека 23 отсто од нив подобрата плата ја гледаат како една од клучните причини за иселување од државата. с

The post Загрижувачки податоци од „Фридрих Еберт“: 42,67 отсто од младите во Македонија би ја напуштиле државата appeared first on Република.

]]>
За две години од земјава заминале 85.000 граѓани во Германија: Таравари ги повика противкандидатите на јавна дебата за иселувањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-dve-godini-od-zemjava-zaminale-85-000-gragani-vo-germanija-taravari-gi-povika-protivkandidatite-na-javna-debata-za-iseluvaneto/ Mon, 18 Mar 2024 14:40:54 +0000 https://republika.mk/?p=755974

Следните недели до претседателските избори од 24 април, ќе ги искористам да ги ислушам и консултирам граѓаните за приоритетите како следен претседател на државата. Рамазан е месец на рефлексија, каде со фокусирање на нашата вера, мораме да ги зајакнеме чувствата на солидарност и поддршка во нашата заедница, разговарајќи за тоа како можеме да работиме заедно за да ги надминеме предизвиците кои влијаат на нас како општество. А, каде има поголем предизвик за нашето општество и нашите семејства од раната на емиграцијата што ги раздвојува семејствата и не одвојува од нашите најблиски, изјави на денешната прес конференција, кандидатот за претседател Арбен Таравари.

Само во периодот 2011-2019 година, според владини извори, 700.000 граѓани ја напуштиле Македонија или секој четврти граѓанин. Овие податоци се потврдени со пописот на населението од 2021 година, каде што, на пример, мојот Гостивар изгубил 36% од населението. Значи за двајца гостиварци во татковината имаме еден во егзил. Овој тренд се зголеми експоненцијално во текот на изминатите 5 години. Според некои податоци објавени од Институтот Арбен Џафери, само во 2021 и 2022 година во Германија заминале 85.000 граѓани на Македонија, главно млади и квалификувани луѓе. Значи, со алармантна брзина го губиме највиталниот дел од нашето општество, со долгорочни последици за работната сила, за развојот и за економската перспектива на земјата - истакна Таравари.

Според него оваа чума мора да се запре пред да биде предоцна.

Мора да дејствуваме сега со заеднички разговори како ќе пристапиме кон овој егзистенцијален проблем на нашата земја. За таа цел, ќе организирам јавна трибина на тема спречувње на иселувањето. Трибината ќе се одржи во сабота, во 12.00 часот, во Општина Тетово. Ја користам приликата јавно да ги поканам сите претседателски кандидати да учествуваат на оваа трибина која третира тема што навистина ги засега граѓаните. Повелете, ве повикувам да разговараме за оваа приоритетна тема за сите нас и очекувам секој кандидат позитивно да одговори на поканата - изјави Таравари.

The post За две години од земјава заминале 85.000 граѓани во Германија: Таравари ги повика противкандидатите на јавна дебата за иселувањето appeared first on Република.

За 11 години околу 70.000 граѓани од Црна Гора заминале во земјите на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/za-11-godini-okolu-70-000-gragani-od-tsrna-gora-zaminale-vo-zemjite-na-eu/ Tue, 28 Mar 2023 15:00:57 +0000 https://republika.mk/?p=624744

За 11 години од Црна Гора заминале 69.495 граѓани во земјите на Европската унија., покажуваат податоците на Евростат.

Податоците се однесуваат на периодот од 2010 година до 2020 година и не ги опфаќаат 2021 и 2022 година, во спротивно бројот на оние што ја напуштиле Црна Гора би бил уште поголем.

Според Адриа ТВ од Подгорица, бројот на оние кои ја напуштиле Црна Гора во потрага по подобар живот, во последните 10 години е значително поголем.

The post За 11 години околу 70.000 граѓани од Црна Гора заминале во земјите на ЕУ appeared first on Република.

]]>

За 11 години од Црна Гора заминале 69.495 граѓани во земјите на Европската унија., покажуваат податоците на Евростат. Податоците се однесуваат на периодот од 2010 година до 2020 година и не ги опфаќаат 2021 и 2022 година, во спротивно бројот на оние што ја напуштиле Црна Гора би бил уште поголем. Според Адриа ТВ од Подгорица, бројот на оние кои ја напуштиле Црна Гора во потрага по подобар живот, во последните 10 години е значително поголем.

The post За 11 години околу 70.000 граѓани од Црна Гора заминале во земјите на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Еден цел градски стадион полн со луѓе ни се има иселено од Македонија за една година со оваа влада и со Пендаровски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/eden-tsel-gradski-stadion-poln-so-luge-ni-se-ima-iseleno-od-makedonija-za-edna-godina-so-ovaa-vlada-i-so-pendarovski/ Fri, 10 Feb 2023 12:53:18 +0000 https://republika.mk/?p=607404

Пред три дена објавивме еден ужасен, тежок податок дека само во пет града во првото полугодие си заминале 700 деца, рече на денешната прес-конференција Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи дека 700 деца се отпишале од нивните училишта за да заминат во странство од Прилеп, Куманово, Тетово, Штип и Кочани.

Ако ги погледнеме бројките за цела Македонија со таа тенденција бидејќи цела Македонија се празни, секое село, секој град, Скопје се празни доаѓаме до една ужасна бројка дека само во изминатото полугодие од Македонија си заминале 4000 деца, 4000 ученици се отпишале. Тоа е пораз на владата, тоа се катастрофални бројки. Сите тие 4000 деца имаат 4000 мајки, 4000 татковци, дека има деца кои што се отпишале од градинка, дека има отселени луѓе кои што имаат по 20 години а не засновале семејство доаѓаме до една фрапантна бројка дека во времето на Таче Ковачевски и Стево Пендаровски изминатото полугодие од Македонија си заминале околу 15.000 и 20.000 луѓе, давајќи бројка за иселени во текот на 2022 година од 30.000 до 40.000 луѓе, кои што се млади, кои што се силата на оваа држава кои што се виталност. Еден цел градски стадион полн со луѓе ни се има иселено од Македонија за една година со оваа влада на неразбрани трговци, со овој претседател Пендаровски кој со прст не мрда додека државата се распаѓа, додека Македонија пропаѓа и економски, и демографски и државно. Таче Ковачевски кој што не мрда со прст да направи било што за оваа Македонија, а само тера коалиции, Пазар 3, купи ден-помини, со кој што ќе направи некоја комбинација за да остане месец, два, три или пет да остане повеќе на власт, а се помалку и помалку буквално да ја има Македонија со овие иселувања кои ни се случуваат, рече Ѓорчев.

Не смееме да се помириме дека е редовна состојба, додава Ѓорчев, дека е нормално во само пет града да ни се иселат 700 деца за едно полугодие. Повторувам тоа се 4000 иселени деца на ниво на Македонија, тоа се 4000 мајки и татковци кои што исто така си заминале со тие деца, плус додајте деца од градинка, плус додајте луѓе кои се во 20, 25, 30 години кои немаат засновано семејство кои исто така си заминале од Македонија.

Значи од Македонија секогаш имало заминување, печалбарство, луѓе кои си оделе но ваков егзодус, вакво празнење на Македонија никогаш, никогаш немало. Ниту еден окупатор, ниту еден душман не ја набркал, не ја раселил Македонија, не ја проретчил Македонија како оваа влада на неразбрани трговци Димитар Ковачевски Таче и Стево Пендаровски.

Тоа е катастрофата во која живееме. Мораме да најдеме сила да ги поразиме овие политики. Македонија, мора, мора да најде сили да направи сериозна промена да направи дисконтинуитет да има нова гарнитура која ќе може да спасува што може да се спасува од оваа држава. Затоа што со ваквите политики, со оваа катастрофа и со оваа нивна индиферентност ќе остане буквално пустелија.

Нема закажано седница на Совет за безбедност, нема специјална седница на влада нема специјална седница на Собрание мислат дека е нормално и во ред во едно полугодие да ни се иселат 15-20 илјади луѓе, а на ниво на година 40 илјади луѓе и нив тоа не ги допира, око не им трепнува.

Тоа е катастрофата во која живееме и тоа е она кое мора да го смениме!, вели тој.

https://youtube.com/watch?v=7U55-LrZRBY&feature=shares

The post Еден цел градски стадион полн со луѓе ни се има иселено од Македонија за една година со оваа влада и со Пендаровски appeared first on Република.

]]>

Пред три дена објавивме еден ужасен, тежок податок дека само во пет града во првото полугодие си заминале 700 деца, рече на денешната прес-конференција Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи дека 700 деца се отпишале од нивните училишта за да заминат во странство од Прилеп, Куманово, Тетово, Штип и Кочани.
Ако ги погледнеме бројките за цела Македонија со таа тенденција бидејќи цела Македонија се празни, секое село, секој град, Скопје се празни доаѓаме до една ужасна бројка дека само во изминатото полугодие од Македонија си заминале 4000 деца, 4000 ученици се отпишале. Тоа е пораз на владата, тоа се катастрофални бројки. Сите тие 4000 деца имаат 4000 мајки, 4000 татковци, дека има деца кои што се отпишале од градинка, дека има отселени луѓе кои што имаат по 20 години а не засновале семејство доаѓаме до една фрапантна бројка дека во времето на Таче Ковачевски и Стево Пендаровски изминатото полугодие од Македонија си заминале околу 15.000 и 20.000 луѓе, давајќи бројка за иселени во текот на 2022 година од 30.000 до 40.000 луѓе, кои што се млади, кои што се силата на оваа држава кои што се виталност. Еден цел градски стадион полн со луѓе ни се има иселено од Македонија за една година со оваа влада на неразбрани трговци, со овој претседател Пендаровски кој со прст не мрда додека државата се распаѓа, додека Македонија пропаѓа и економски, и демографски и државно. Таче Ковачевски кој што не мрда со прст да направи било што за оваа Македонија, а само тера коалиции, Пазар 3, купи ден-помини, со кој што ќе направи некоја комбинација за да остане месец, два, три или пет да остане повеќе на власт, а се помалку и помалку буквално да ја има Македонија со овие иселувања кои ни се случуваат, рече Ѓорчев.
Не смееме да се помириме дека е редовна состојба, додава Ѓорчев, дека е нормално во само пет града да ни се иселат 700 деца за едно полугодие. Повторувам тоа се 4000 иселени деца на ниво на Македонија, тоа се 4000 мајки и татковци кои што исто така си заминале со тие деца, плус додајте деца од градинка, плус додајте луѓе кои се во 20, 25, 30 години кои немаат засновано семејство кои исто така си заминале од Македонија.
Значи од Македонија секогаш имало заминување, печалбарство, луѓе кои си оделе но ваков егзодус, вакво празнење на Македонија никогаш, никогаш немало. Ниту еден окупатор, ниту еден душман не ја набркал, не ја раселил Македонија, не ја проретчил Македонија како оваа влада на неразбрани трговци Димитар Ковачевски Таче и Стево Пендаровски. Тоа е катастрофата во која живееме. Мораме да најдеме сила да ги поразиме овие политики. Македонија, мора, мора да најде сили да направи сериозна промена да направи дисконтинуитет да има нова гарнитура која ќе може да спасува што може да се спасува од оваа држава. Затоа што со ваквите политики, со оваа катастрофа и со оваа нивна индиферентност ќе остане буквално пустелија. Нема закажано седница на Совет за безбедност, нема специјална седница на влада нема специјална седница на Собрание мислат дека е нормално и во ред во едно полугодие да ни се иселат 15-20 илјади луѓе, а на ниво на година 40 илјади луѓе и нив тоа не ги допира, око не им трепнува. Тоа е катастрофата во која живееме и тоа е она кое мора да го смениме!, вели тој.
https://youtube.com/watch?v=7U55-LrZRBY&feature=shares

The post Еден цел градски стадион полн со луѓе ни се има иселено од Македонија за една година со оваа влада и со Пендаровски appeared first on Република.

]]>
Истражување: 42 отсто од граѓаните би заминале од земјава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/istrazhuvane-42-otsto-od-graganite-bi-zaminale-od-zemjava/ Sat, 04 Feb 2023 08:01:13 +0000 https://republika.mk/?p=604546

Четириесет и два отсто од македонските граѓани би заминале од земјава доколку им бидат обезбедени сите потребни документи. Најголема подготвеност да заминат покажале помладите и оние со повисок степен на образование - универзитетско, покажуваат резултатите од истражувањето на Gallup International Association.

Процентот на граѓани кои би сакале да заминат од земјава е повисок од светскиот кој изнесува 36 отсто. Ако, пак, се погледнат земјите во регионот, голема подготвеност за имиграција над светскиот просек покажуваат испитаниците од Босна и Херцеgовина каде 48 отсто се изјасниле дека би заминале во странство, во Грција каде тој процент е 40, а во Косово 39 отсто.

Помал од светскиот просек имаат Хрватска каде 35 отсто од испитаниците се изјасниле дека би имигрирале, Бугарија со 25 и Словенија 21 процент. Истражувањето не било спроведено Србија и Албанија.

Во светски рамки истражувањето покажало дека еден од три граѓаните сакаат да се иселат од својата земја, а особено младите луѓе со економски потешкотии се меѓу потенцијалните мигранти. Најголема подготвеност за заминување од својата земја покажале испитаниците од Супсахарска Африка и Латинска Америка.

Анализата на резултатите од истражувањето покажува дека главниот фактор за мотивација за имиграција е просечниот приход во земјата, односно колку е тој поголем помала е желбата за заминување и обратно.

Наголем процент граѓани кои се изјасните дека сакаат да заминат имаат Сиера Леоне со 84 отсто, Гана 81 и Нигерија 71 отсто. Најмалку граѓани кои би сакале да ја напуштат својата земја има во Јапонија со 14 отсто, Виетнам 8 отсто и Индија 4 отсто.

Анкетата на јавно мислење, информираат од GIA, е спроведена во 57 земји кои покриваат две третини од светската популација, и околу 90 отсто од земјите кои се слободни да спроведуваат и објавуваат резултати од истражувања на јавно мислење.

Вкупно 54 329 лица биле интервјуирани на глобално ниво. Во Македпнија, БРИМА, членка на Gallup International Association, го спровела истражувањет со телефонска анкета (CATI), на национален репрезентативен примерок од 800 испитаници на возраст 18+ години, во текпт на август 2022, со маргина на грешка од +/- 3,5 отсто, со ниво на доверба од 95 отсто.

The post Истражување: 42 отсто од граѓаните би заминале од земјава appeared first on Република.

]]>

Четириесет и два отсто од македонските граѓани би заминале од земјава доколку им бидат обезбедени сите потребни документи. Најголема подготвеност да заминат покажале помладите и оние со повисок степен на образование - универзитетско, покажуваат резултатите од истражувањето на Gallup International Association. Процентот на граѓани кои би сакале да заминат од земјава е повисок од светскиот кој изнесува 36 отсто. Ако, пак, се погледнат земјите во регионот, голема подготвеност за имиграција над светскиот просек покажуваат испитаниците од Босна и Херцеgовина каде 48 отсто се изјасниле дека би заминале во странство, во Грција каде тој процент е 40, а во Косово 39 отсто. Помал од светскиот просек имаат Хрватска каде 35 отсто од испитаниците се изјасниле дека би имигрирале, Бугарија со 25 и Словенија 21 процент. Истражувањето не било спроведено Србија и Албанија. Во светски рамки истражувањето покажало дека еден од три граѓаните сакаат да се иселат од својата земја, а особено младите луѓе со економски потешкотии се меѓу потенцијалните мигранти. Најголема подготвеност за заминување од својата земја покажале испитаниците од Супсахарска Африка и Латинска Америка. Анализата на резултатите од истражувањето покажува дека главниот фактор за мотивација за имиграција е просечниот приход во земјата, односно колку е тој поголем помала е желбата за заминување и обратно. Наголем процент граѓани кои се изјасните дека сакаат да заминат имаат Сиера Леоне со 84 отсто, Гана 81 и Нигерија 71 отсто. Најмалку граѓани кои би сакале да ја напуштат својата земја има во Јапонија со 14 отсто, Виетнам 8 отсто и Индија 4 отсто. Анкетата на јавно мислење, информираат од GIA, е спроведена во 57 земји кои покриваат две третини од светската популација, и околу 90 отсто од земјите кои се слободни да спроведуваат и објавуваат резултати од истражувања на јавно мислење. Вкупно 54 329 лица биле интервјуирани на глобално ниво. Во Македпнија, БРИМА, членка на Gallup International Association, го спровела истражувањет со телефонска анкета (CATI), на национален репрезентативен примерок од 800 испитаници на возраст 18+ години, во текпт на август 2022, со маргина на грешка од +/- 3,5 отсто, со ниво на доверба од 95 отсто.

The post Истражување: 42 отсто од граѓаните би заминале од земјава appeared first on Република.

]]>
Од прилепските училишта во првото полугодие се испишале околу 130 ученици https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-prilepskite-uchilishta-vo-prvoto-polugodie-se-ispishale-okolu-130-uchenitsi/ Thu, 02 Feb 2023 13:45:54 +0000 https://republika.mk/?p=603888

За само првото полугодие, од прилепските училишта се испишале околу 130 ученици и со нивните родители заминале во странство. Ова се бројки кои загрижуваат и трендот се зголемува, вели Гоце Бумбароски, одделенски наставник и советник за млади во општина Прилеп.

Во последниве шест месеци од десет основни и пет средни училишта се испишани околу 130 ученици. Ако ги земеме предвид последните години, овие бројки само се зголемуваат. Ова, навистина е состојба која треба да не замисли сите нас возрасните, заштно ние сме тие кои ги создаваме политиките и ги креираме условите во кои нашите деца и ученици треба да растат и да живеат и да се образоваат, вели Бумбароски.

За Ахил Јаков, директор на прилепското основно училиште „Климент Охридски“, ситуацијата е поразителна. Во првото полугодие, поради иселување, се испишале 22 ученици. Трендот кој е во последните четири години, стана и секојдневен. Бројките се поголеми зашто станува збор за цели семејства.

Од почетокот на оваа учебна година, од септември досега, според статистичките податоци имаме поразителна бројка. Од септември се испишани 22 ученика од нашето училиште и со родителите се заминати во странство. Податоците за последните четири години ја потврдуваат тенденцијата на заминување на учениците со родителите во странство. Лани заминале 14 ученици, а во учебната 2020/21 година заминале 13 ученици. Тенденцијата на заминување почнува од учебната 218/19 кога заминаа 37 ученици, а наредната 2019/20 учебна година заминаа 27 деца. Досега вкупно 113 ученици се испишале за четири години. Овие бројки значат многу повеќе зашто секој ученик поврзува цело семејство. Конкретно, денеска примив родители кои испишаа 5 ученика, а за неполна недела се веќе 7 испишани ученици поради преселување во странство, вели Јаков.

Советникот за млади во општина Прилеп, Гоце Бумбароски смета дека мора да нсе најде алтернатива на оваа „безизлезна ситуација“.

Бидејќи и ние наставиците сме родители и секако дека ова е една безизлезна ситуација. Се намалуваат паралелките, а со тоа се намалуваат и можностите да напредуваме како училишта и да создаваме ученици кои во иднина да бидат жители во Македонија и да создаваат вредности заедно со нас, вели Бумбароски.

The post Од прилепските училишта во првото полугодие се испишале околу 130 ученици appeared first on Република.

Николоски: Според ДЗС од Македонија за една година се иселиле 133.000 луѓе, во период од 2021 до 2022 кога власт е СДС https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-spored-dzs-od-makedonija-za-edna-godina-se-iselile-133-000-lugje-vo-period-od-2021-do-2022-koga-vlast-e-sds/ Fri, 23 Dec 2022 20:33:44 +0000 https://republika.mk/?p=589354

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на телевизија Канал 5 вели согласно Заводот за статистика од државата се иселиле над 130.000 граѓани, додека пак во високо образовани има намалување за 10.000 жители само за еден квартал.

Според Државниот завод за статистика која е владина институција, активно населени во вториот квартал за 2021 година е 945.412 граѓани, а активно население за 2022 година е 812.056 граѓани, или тоа е 133.000 луѓе разлика. Само во високо образование имаме намалување за 10.000 жители за само еден квартал, односно втор квартал 2022 година 204.464 и трет квартал 194.774 значи 10.000 високо образовани се иселиле од државата. Еве ги бројките тие се од Државен завод за статистика - вели Николоски.

Николоски го праша Битиќи дали е точно дека Македонија во 2026 година согласно податоците од Министерството за финансии ќе треба да врати над 1 милијарда евра како долг резултат на задолжување од страна на владата на СДСМ.

Дали во 2026 година заради ваше задолжување Македонија треба да врати 1 милијарда и 373 милиони евра. Дали треба да врати? Ова е од финансии од ваша институција, профил на отплата на долгот на централната власт и на гарантираниот долг во милиони евра. Дали во 2025. 2026 и 2027 година треба да ги враќате обврзниците од по 700 милиони евра кои што ги земате годинава, лани и преклани. Обврзници кои што вие ги земате за трошење - праша Николоски и додаде дека во време на криза во Украина, владата на СДСМ ќе троши 733 милиони евра по основ на договорни услуги согласно Буџетот за 2023 година.

Колку ви се трошоци проектирани за договорни услуги во Буџетот за 2023 година. Јас ќе ви кажам 733 милиони евра, оваа година е 674 милиони евра. Споредено кога имаше светска економска криза во 2009 година биле 370 милиони евра, кога била европска должничка криза биле 373 милиони евра. Во криза во војна во Украина наместо да намали со трошење владата, владата за договорни услуги користи 733 милиони евра. Ова се дискреционите трошења, рече Николоски.

The post Николоски: Според ДЗС од Македонија за една година се иселиле 133.000 луѓе, во период од 2021 до 2022 кога власт е СДС appeared first on Република.

Политиката и економијата ги брка младите од Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/politikata-i-ekonomijata-gi-brka-mladite-od-makedonija/ Fri, 20 May 2022 13:29:33 +0000 https://republika.mk/?p=504850

Политичката криза и лошата економска состојба се главна причина за иселување на младите во странство. Америка, Германија и Швајцарија се државите во кои младите од Истокот ја гледаат својата иднина, Ова го покажува истражувањето на студентите од Правниот факултет при штипскиот универзитет..

„Економскиот фактор доминира апсолутно. Недоволната економска развиеност иако тој фактор се намалува. Може да забележам ако во 2014 50-60% од младите се определиле за овој фактор, сега веќе овој фактор е околу 38%, меѓутоа доминира во однос на останатите фактори. СЕ разбира овде се споменува и полтичката нестабилност и неизвестноста во државата„-изјави проф. Страшко Стојановски од Правниот Факултет при УГД-Штип.

Целна група се младите на возраст до 35години. 15% од испитаниците се решени за подобра егзистенција, засекогаш да го напуштат семејниот дом. Сепак семејството е тоа што ги предомислува да заминат..се уште останува клучна точка за нивно повторно враќање.

„Ги видовме факторите кои влијаат за младите да останат во државата. Семејството дефинитивно останува клучен фактор што ги поврзува младите со самата држава, регионот и локалната заедница„-вели проф.Страшко Стојановски.

Околу 600.000македонски граѓани живеат во странство покажувааат податоците на Светска банка и владата. Според невладините истражувачи најалармантна е состојбата во виничко-беровскиот регион каде цели села се иселени во Словенија и Италија.

Извор: ТВ Алфа

The post Политиката и економијата ги брка младите од Македонија appeared first on Република.

]]>

Политичката криза и лошата економска состојба се главна причина за иселување на младите во странство. Америка, Германија и Швајцарија се државите во кои младите од Истокот ја гледаат својата иднина, Ова го покажува истражувањето на студентите од Правниот факултет при штипскиот универзитет..
„Економскиот фактор доминира апсолутно. Недоволната економска развиеност иако тој фактор се намалува. Може да забележам ако во 2014 50-60% од младите се определиле за овој фактор, сега веќе овој фактор е околу 38%, меѓутоа доминира во однос на останатите фактори. СЕ разбира овде се споменува и полтичката нестабилност и неизвестноста во државата„-изјави проф. Страшко Стојановски од Правниот Факултет при УГД-Штип.
Целна група се младите на возраст до 35години. 15% од испитаниците се решени за подобра егзистенција, засекогаш да го напуштат семејниот дом. Сепак семејството е тоа што ги предомислува да заминат..се уште останува клучна точка за нивно повторно враќање.
„Ги видовме факторите кои влијаат за младите да останат во државата. Семејството дефинитивно останува клучен фактор што ги поврзува младите со самата држава, регионот и локалната заедница„-вели проф.Страшко Стојановски.
Околу 600.000македонски граѓани живеат во странство покажувааат податоците на Светска банка и владата. Според невладините истражувачи најалармантна е состојбата во виничко-беровскиот регион каде цели села се иселени во Словенија и Италија. Извор: ТВ Алфа

The post Политиката и економијата ги брка младите од Македонија appeared first on Република.

]]>