Испразнето гнездо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/isprazneto-gnezdo/ За подобро да се разбереме Sat, 15 Jun 2024 08:19:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Испразнето гнездо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/isprazneto-gnezdo/ 32 32 Отворена изложбата „Испразнетото гнездо” на Марија Конеска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvorena-izlozhbata-ispraznetoto-gnezdo-na-marija-koneska/ Sat, 15 Jun 2024 08:19:11 +0000 https://republika.mk/?p=787759

Во Ликовната галерија од ЦК "Марко Цепенков" во Прилеп, синоќа беше отворена изложбата „Испразнетото гнездо" од уметницата Марија Конеска, во која се говори за емиграцијата.

Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност, посочувајќи дека се работи за инсталација со фотографии печатени на пластика, на кои се претставени напуштени куќи, градби и игралишта.

Со цел да ја акцентира тридимензионалноста во просторот и сегашноста и да го вовлече посетителот како активен учесник во визуелната композициска нарација, уметницата пред фотографиите поставува пластични силуети, претходно исечени со ласер. Поставените силуети потсетуваат на одамна минато време обременето со заборавени уморни ветувања, „сенки без спомени".

Уметницата Конеска со богат визуелен јазик на автентичен начин ја опишува емигрантската приказна и ја претставува животната приказна која ја остава секој иселеник зад себе, рече Димеска.

The post Отворена изложбата „Испразнетото гнездо” на Марија Конеска appeared first on Република.

]]>

Во Ликовната галерија од ЦК "Марко Цепенков" во Прилеп, синоќа беше отворена изложбата „Испразнетото гнездо" од уметницата Марија Конеска, во која се говори за емиграцијата. Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност, посочувајќи дека се работи за инсталација со фотографии печатени на пластика, на кои се претставени напуштени куќи, градби и игралишта. Со цел да ја акцентира тридимензионалноста во просторот и сегашноста и да го вовлече посетителот како активен учесник во визуелната композициска нарација, уметницата пред фотографиите поставува пластични силуети, претходно исечени со ласер. Поставените силуети потсетуваат на одамна минато време обременето со заборавени уморни ветувања, „сенки без спомени".
Уметницата Конеска со богат визуелен јазик на автентичен начин ја опишува емигрантската приказна и ја претставува животната приказна која ја остава секој иселеник зад себе, рече Димеска.

The post Отворена изложбата „Испразнетото гнездо” на Марија Конеска appeared first on Република.

]]>