исповед Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ispoved/ За подобро да се разбереме Sat, 18 Feb 2023 10:45:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png исповед Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ispoved/ 32 32 „Се завиткав во тепих да не ми студи, си ја пиев урината“: Како Хусеин преживеа 8 дена под урнатините https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-zavitkav-vo-tepih-da-ne-mi-studi-si-ja-piev-urinata-kako-husein-prezhivea-8-dena-pod-urnatinite/ Sat, 18 Feb 2023 10:50:18 +0000 https://republika.mk/?p=610456

Шеесет и двегодишниот Хусеин Бербер поминал речиси осум дена под урнатините на неговата семејна куќа во Антакија по разорните земјотреси што на почетокот на февруари ги погодија Турција и Сирија. За турските медиуми од болница тој детално ги опишува сите ужасни моменти што ги доживеал во деновите под урнатините, откривајќи дека морал да ја пие сопствената урина за да преживее.

Во земјотресот се урнал таванот на 15-катницата во која тој живеел на приземје. Единствено што го спасиле биле плакарот и фрижидерот, додека останал заробен во фотелја. Тој раскажал како ползел по станот и нашол шише со вода, но тоа не му било доволно за да преживее, па почнал да вика за да го слушнат спасувачите и да го извлечат. Кога помошта не стигнала со часови, Хусеин решил да уринира во празно шише со вода за да пие подоцна за да преживее, пишува „Дејли Мејл“.

За да не замрзне решил да се завитка во тепих.

Кога се случи земјотресот, веднаш станав. Внукот спиеше до мене. Погледнав наоколу, син ми го запали светлото, зеде батериска ламба и рече: Тато, има земјотрес! Во вториот земјотрес се сруши таванот, но не ме погоди. Веднаш се склопив и седнав. Ѕидот падна врз фрижидерот и плакарот. Јас останав заглавен меѓу нив. Еден час подоцна зедов шише вода и го испив. После тоа уринирав во шишето и го оставив да се излади. Ја пиев само кога ќе се олади. Така се спасив, раскажува Хусеин.

Пет члена од неговото семејство успеале да побегнат кога земјотресот ја погодил областа околу 4 часот наутро. Хусеин конечно беше спасен овој вторник, точно 187 часа по земјотресот, а моментално е во болница. Докторите му рекле дека е чудо што успеал да преживее сето тоа време.

Потсетувајќи се на моментот на спасувањето, тој рече дека слушнал звук на спасувачки екипи кои се упатиле кон местото каде што бил заробен.

Не се сеќавам на ништо откако ме извлекоа. Се спасив, излегов и сакав само вода и храна, особено вода. Ништо не јадев. Направив добри дела пред Алах за сите, не само за моето семејство. Мислам дека затоа Бог ме спаси, вели Хусеин.

The post „Се завиткав во тепих да не ми студи, си ја пиев урината“: Како Хусеин преживеа 8 дена под урнатините appeared first on Република.

]]>

Шеесет и двегодишниот Хусеин Бербер поминал речиси осум дена под урнатините на неговата семејна куќа во Антакија по разорните земјотреси што на почетокот на февруари ги погодија Турција и Сирија. За турските медиуми од болница тој детално ги опишува сите ужасни моменти што ги доживеал во деновите под урнатините, откривајќи дека морал да ја пие сопствената урина за да преживее. Во земјотресот се урнал таванот на 15-катницата во која тој живеел на приземје. Единствено што го спасиле биле плакарот и фрижидерот, додека останал заробен во фотелја. Тој раскажал како ползел по станот и нашол шише со вода, но тоа не му било доволно за да преживее, па почнал да вика за да го слушнат спасувачите и да го извлечат. Кога помошта не стигнала со часови, Хусеин решил да уринира во празно шише со вода за да пие подоцна за да преживее, пишува „Дејли Мејл“. За да не замрзне решил да се завитка во тепих.
Кога се случи земјотресот, веднаш станав. Внукот спиеше до мене. Погледнав наоколу, син ми го запали светлото, зеде батериска ламба и рече: Тато, има земјотрес! Во вториот земјотрес се сруши таванот, но не ме погоди. Веднаш се склопив и седнав. Ѕидот падна врз фрижидерот и плакарот. Јас останав заглавен меѓу нив. Еден час подоцна зедов шише вода и го испив. После тоа уринирав во шишето и го оставив да се излади. Ја пиев само кога ќе се олади. Така се спасив, раскажува Хусеин.
Пет члена од неговото семејство успеале да побегнат кога земјотресот ја погодил областа околу 4 часот наутро. Хусеин конечно беше спасен овој вторник, точно 187 часа по земјотресот, а моментално е во болница. Докторите му рекле дека е чудо што успеал да преживее сето тоа време. Потсетувајќи се на моментот на спасувањето, тој рече дека слушнал звук на спасувачки екипи кои се упатиле кон местото каде што бил заробен.
Не се сеќавам на ништо откако ме извлекоа. Се спасив, излегов и сакав само вода и храна, особено вода. Ништо не јадев. Направив добри дела пред Алах за сите, не само за моето семејство. Мислам дека затоа Бог ме спаси, вели Хусеин.

The post „Се завиткав во тепих да не ми студи, си ја пиев урината“: Како Хусеин преживеа 8 дена под урнатините appeared first on Република.

]]>
„Мислев дека жена ми замрзнала леб, се скаменив кога видов тело на бебе“, вели Зоран од Земун https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mislev-deka-zhena-mi-zamrznala-leb-se-skameniv-koga-vidov-telo-na-bebe-veli-zoran-od-zemun/ Sat, 21 Jan 2023 09:50:50 +0000 https://republika.mk/?p=599318

Шокантните детали открива Зоран М. (62) од Земун, кој за српските медиуми открива како во неговиот замрзнувач пронашол мртво новороденче. Истрагата е во тек и се утрврдува чие е бебето, колку време телото било во замрзнувачот, каква поврзаност има неговата сопруга...

Замрзнувачот се расипа, па повикав мајстор. Ми рече дека морам најпрво да го одмрзнам, па почнав да го чистам. Ги извадив сите работи од него, а меѓу нив беше и таа вреќа, раскажува тој.

Околу 15 часот тргнал да провери како се одвива одмрзнувањето и тогаш затекнал стравична глетка.

Видов торба во која имаше крпа. Прво помислив дека е леб, жена ми обично знаеше да замрзни леб или погача, но кога ја отворив торбата, видов бебе. Се вознемирив од глетката, се скаменив, веднаш го повикав синот, а потоа и полицијата, раскажува шокираниот маж кој истакна дека не знае како завршило тело на бебе во неговиот замрзнувач, ниту што всушност се случувало.

Зоран М. вели дека сопругата го напуштила во мај во 2022 година и оти само тие двајца имале пристап до фрижидерот. Тој истакнува дека не знаел оти такво нешто се наоѓало во замрзнувачот и дека сè уште е вознемирен.

Не знам што да мислам за сето ова, не знам што ќе правам ако е мое дете, вели тој.

Српската полиција е во потрага по неговата сопруга за да провери дали таа има некакви информации за случајот. Тие имаат четири деца, од кои најмалото е пет години. Зоран вели дека неговата сопруга не била трудна, но и дека навистина не знае каде е таа откако ги оставила.

Телото на бебето, кое било завиткано во крпа и ставено на дното во замрзнувачот, е предадено на обдукција, по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, за да се утврди возраста и причините за смртта.

Според неофицијалните информации, на телото на бебето не биле видливи траги на насилство и не можело да се процени колку долго било во замрзнувач.

The post „Мислев дека жена ми замрзнала леб, се скаменив кога видов тело на бебе“, вели Зоран од Земун appeared first on Република.

]]>

Шокантните детали открива Зоран М. (62) од Земун, кој за српските медиуми открива како во неговиот замрзнувач пронашол мртво новороденче. Истрагата е во тек и се утрврдува чие е бебето, колку време телото било во замрзнувачот, каква поврзаност има неговата сопруга...
Замрзнувачот се расипа, па повикав мајстор. Ми рече дека морам најпрво да го одмрзнам, па почнав да го чистам. Ги извадив сите работи од него, а меѓу нив беше и таа вреќа, раскажува тој.
Околу 15 часот тргнал да провери како се одвива одмрзнувањето и тогаш затекнал стравична глетка.
Видов торба во која имаше крпа. Прво помислив дека е леб, жена ми обично знаеше да замрзни леб или погача, но кога ја отворив торбата, видов бебе. Се вознемирив од глетката, се скаменив, веднаш го повикав синот, а потоа и полицијата, раскажува шокираниот маж кој истакна дека не знае како завршило тело на бебе во неговиот замрзнувач, ниту што всушност се случувало.
Зоран М. вели дека сопругата го напуштила во мај во 2022 година и оти само тие двајца имале пристап до фрижидерот. Тој истакнува дека не знаел оти такво нешто се наоѓало во замрзнувачот и дека сè уште е вознемирен.
Не знам што да мислам за сето ова, не знам што ќе правам ако е мое дете, вели тој.
Српската полиција е во потрага по неговата сопруга за да провери дали таа има некакви информации за случајот. Тие имаат четири деца, од кои најмалото е пет години. Зоран вели дека неговата сопруга не била трудна, но и дека навистина не знае каде е таа откако ги оставила. Телото на бебето, кое било завиткано во крпа и ставено на дното во замрзнувачот, е предадено на обдукција, по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, за да се утврди возраста и причините за смртта. Според неофицијалните информации, на телото на бебето не биле видливи траги на насилство и не можело да се процени колку долго било во замрзнувач.

The post „Мислев дека жена ми замрзнала леб, се скаменив кога видов тело на бебе“, вели Зоран од Земун appeared first on Република.

]]>
„Имав 12 години кога ми побараа да го избодам братучед ми“: Александар раскажува како паднал во рацете на балканската секта „Црна роза“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/imav-12-godini-koga-mi-pobaraa-da-go-izbodam-bratuched-mi-aleksandar-raskazhuva-kako-padnal-vo-ratsete-na-balkanskata-sekta-tsrna-roza/ Mon, 16 Jan 2023 09:44:14 +0000 https://republika.mk/?p=597348

По семејната трагедија, кога ја изгубил сестра си како 12-годишно момче, се свртел кон виртуелната реалност. Бегајќи од секојдневната комуникација со родителите, своите тинејџерски проблеми им ги доверил на луѓето од другата страна на Интернетoт.

Како дете му било интересно да комуницира преку форуми, а светлината на екранот набрзо го вовлекла во темните тунели од кои не можел да излезе.

Станал член на сектата „Црна роза“ и поминал низ изопачено искуство кое нормален ум не може ни да го замисли.

Денес е слободен човек, близок соработник на невладините организации кои се занимаваат со заштита на луѓето од секти, со тешки спомени од мрачното минато.

Својата грозоморна приказна Александар Стричевиќ ја раскажа во емисијата „Црна хроника“ каде детално опиша што му се случило во најозлогласената секта на овие простори.

Тоа беше период кога христијанството во голема мера се враќаше во Србија. Со оглед на тоа што имавме добар дел изолација со комунистичкото учење и посткомунистичкото време, луѓето немаа време да се посветат на религијата во деведесеттите. Сите се бореа за опстанок, вклучително и целата земја. Покрај христијанството, се појавија и други организации кои не беа пријателски настроени кон луѓето. Многу е лесно да вовлечеш некој во приказна која не е неповрзана со христијанството. Сатанизмот е дел од христијанството, кога човек верува во Бог, верува и во постоењето на злото. Единствената разлика е во тоа што сатанизмот го почитува Луцифер, паднатиот ангел. Некогаш ангел на светлината, најубавиот од Божјите ангели, тој падна поради својата суета. Поради истата суета, луѓето исто така потпаѓаат под крилото на сектите, рече Стричевиќ.

Во неговиот случај, трагедијата резултирала со оддалечување на семејството.

Секој од нас живееше со својата болка на свој начин. Мене во тој момент ми требаше некој канал на комуникација за да ги ослободам чувствата од себе, а во исто време да не оптоварувам некој од мојата околина (пријателите или членовите на семејството). Самото име „Црна роза“ беше популарно во Србија бидејќи беше симбол на сатанистичка активност, но имаше многу повеќе вклучени групи. Тие работат одделно, но дејствуваат заедно. Имаше неколку култови и се се сведува на учење на литература како Алистер Кроули. Не би сакал да ги рекламирам, но денес таа литература е достапна на два клика, вели Стричевиќ.

Секако, додава тој, никој нема да ви се претстави како секташ.

Тие мислат дека нивното верување е вистина и ќе ви се претстават како пријатели, какви што ми пријдоа и мене, дека се тука за тебе, да те исслушаат. Тоа беше место каде секој можеше да си го каже својот проблем, а останатите да го бодрат. Беше како групна терапија. Кога едно момче ќе види дека некој се грижи за неговите чувства, тогаш се отвора. Се отворив и јас. Таа дискусија не беше толку директна сè до моментот кога тие прашаа: „Веруваш ли во Бог?“. Автоматски одговорив дека верувам. Потоа ме прашаа: „Ако Бог е добар и постои, зошто не ја спаси сестра ти?“. Тоа беше прашање кое за мојата детска логика беше преболно. Таа никогаш никому не му направила нешто лошо, раскажува тој.

Тоа прашање било пресвртница и довело до подлабока комуникација, кога почнале приказните за духовноста, пронаоѓањето себе и сакањето себе како индивидуа.

Подигнување себе на духовно ниво преку ритуали. Сè што се прави во христијанството, се прави и во сатанизмот, само сосема обратно. Како што во христијанството има крштевање, во сатанизмот постои иницијација која бара свои жртви. Бидејќи жртвувањето не е поврзано со секташката активност, туку со самото христијанство. Само во христијанството човек жртвува нешто материјално или своите пориви и потреби, додека во сатанизмот жртвите се црни. Значи се бара жртвување на животни, на луѓе, а на крај и на самиот себе, откри тој.

Тој имал задача да убие свој близок роднина со одреден број на убоди со нож.

Во тој момент сè уште не се спомнуваше сатанизмот, туку духовно воздивнување и добивање некаква енергија за возврат. Со други зборови, ако убијам некого, ќе добијам моќ да ги надминам своите проблеми и да помогнам на некој друг. Се бараше нешто што беше премногу за мене. На крајот на краиштата, имав 12 години и тоа спомнување на нож и прободување само ме преплаши и сакав да ја прекинам комуникацијата. Но, тогаш почнаа да ме прогонуваат и заплашуваат. Ми се јавуваа на телефон и ми оставаа пораки на телефонската секретарка. Тогаш уште не им имав кажано на родителите, па трчав да ја кренам слушалката, пред тоа го направи некој друг. Дури добив и фотографии од мене додека сум на училиште и во тој момент бев сигурен дека сакаат да ме убијат. Иако сега кога размислувам за тоа, тоа беше само обично заплашување, со кое сакаа да ме натераат да си го одземам животот, вели тој.

The post „Имав 12 години кога ми побараа да го избодам братучед ми“: Александар раскажува како паднал во рацете на балканската секта „Црна роза“ appeared first on Република.

]]>

По семејната трагедија, кога ја изгубил сестра си како 12-годишно момче, се свртел кон виртуелната реалност. Бегајќи од секојдневната комуникација со родителите, своите тинејџерски проблеми им ги доверил на луѓето од другата страна на Интернетoт. Како дете му било интересно да комуницира преку форуми, а светлината на екранот набрзо го вовлекла во темните тунели од кои не можел да излезе. Станал член на сектата „Црна роза“ и поминал низ изопачено искуство кое нормален ум не може ни да го замисли. Денес е слободен човек, близок соработник на невладините организации кои се занимаваат со заштита на луѓето од секти, со тешки спомени од мрачното минато. Својата грозоморна приказна Александар Стричевиќ ја раскажа во емисијата „Црна хроника“ каде детално опиша што му се случило во најозлогласената секта на овие простори.
Тоа беше период кога христијанството во голема мера се враќаше во Србија. Со оглед на тоа што имавме добар дел изолација со комунистичкото учење и посткомунистичкото време, луѓето немаа време да се посветат на религијата во деведесеттите. Сите се бореа за опстанок, вклучително и целата земја. Покрај христијанството, се појавија и други организации кои не беа пријателски настроени кон луѓето. Многу е лесно да вовлечеш некој во приказна која не е неповрзана со христијанството. Сатанизмот е дел од христијанството, кога човек верува во Бог, верува и во постоењето на злото. Единствената разлика е во тоа што сатанизмот го почитува Луцифер, паднатиот ангел. Некогаш ангел на светлината, најубавиот од Божјите ангели, тој падна поради својата суета. Поради истата суета, луѓето исто така потпаѓаат под крилото на сектите, рече Стричевиќ.
Во неговиот случај, трагедијата резултирала со оддалечување на семејството.
Секој од нас живееше со својата болка на свој начин. Мене во тој момент ми требаше некој канал на комуникација за да ги ослободам чувствата од себе, а во исто време да не оптоварувам некој од мојата околина (пријателите или членовите на семејството). Самото име „Црна роза“ беше популарно во Србија бидејќи беше симбол на сатанистичка активност, но имаше многу повеќе вклучени групи. Тие работат одделно, но дејствуваат заедно. Имаше неколку култови и се се сведува на учење на литература како Алистер Кроули. Не би сакал да ги рекламирам, но денес таа литература е достапна на два клика, вели Стричевиќ.
Секако, додава тој, никој нема да ви се претстави како секташ.  
Тие мислат дека нивното верување е вистина и ќе ви се претстават како пријатели, какви што ми пријдоа и мене, дека се тука за тебе, да те исслушаат. Тоа беше место каде секој можеше да си го каже својот проблем, а останатите да го бодрат. Беше како групна терапија. Кога едно момче ќе види дека некој се грижи за неговите чувства, тогаш се отвора. Се отворив и јас. Таа дискусија не беше толку директна сè до моментот кога тие прашаа: „Веруваш ли во Бог?“. Автоматски одговорив дека верувам. Потоа ме прашаа: „Ако Бог е добар и постои, зошто не ја спаси сестра ти?“. Тоа беше прашање кое за мојата детска логика беше преболно. Таа никогаш никому не му направила нешто лошо, раскажува тој.
Тоа прашање било пресвртница и довело до подлабока комуникација, кога почнале приказните за духовноста, пронаоѓањето себе и сакањето себе како индивидуа.
Подигнување себе на духовно ниво преку ритуали. Сè што се прави во христијанството, се прави и во сатанизмот, само сосема обратно. Како што во христијанството има крштевање, во сатанизмот постои иницијација која бара свои жртви. Бидејќи жртвувањето не е поврзано со секташката активност, туку со самото христијанство. Само во христијанството човек жртвува нешто материјално или своите пориви и потреби, додека во сатанизмот жртвите се црни. Значи се бара жртвување на животни, на луѓе, а на крај и на самиот себе, откри тој.
Тој имал задача да убие свој близок роднина со одреден број на убоди со нож.
Во тој момент сè уште не се спомнуваше сатанизмот, туку духовно воздивнување и добивање некаква енергија за возврат. Со други зборови, ако убијам некого, ќе добијам моќ да ги надминам своите проблеми и да помогнам на некој друг. Се бараше нешто што беше премногу за мене. На крајот на краиштата, имав 12 години и тоа спомнување на нож и прободување само ме преплаши и сакав да ја прекинам комуникацијата. Но, тогаш почнаа да ме прогонуваат и заплашуваат. Ми се јавуваа на телефон и ми оставаа пораки на телефонската секретарка. Тогаш уште не им имав кажано на родителите, па трчав да ја кренам слушалката, пред тоа го направи некој друг. Дури добив и фотографии од мене додека сум на училиште и во тој момент бев сигурен дека сакаат да ме убијат. Иако сега кога размислувам за тоа, тоа беше само обично заплашување, со кое сакаа да ме натераат да си го одземам животот, вели тој.

The post „Имав 12 години кога ми побараа да го избодам братучед ми“: Александар раскажува како паднал во рацете на балканската секта „Црна роза“ appeared first on Република.

]]>
Си ги стегав градите за да не ми се гледаат, за очувот да не ме силува https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/si-gi-stegav-gradite-za-da-ne-mi-se-gledaat-za-ochuvot-da-ne-me-siluva/ Wed, 07 Dec 2022 18:19:01 +0000 https://republika.mk/?p=582092

За да го избегне постојаното сексуално злоставување од нејзиниот очув Џери Твен, познатата кантри пејачката Шанаја Твен откри дека во младоста си ги покривала и си ги стегала градите за да не ѝ се гледаат. Сега 57-годишната музичарка, повторно ја отвори душата за физичкито и психичко малтретирање кое го доживеала во семејниот дом.

Ги криев и ги сплескував градите. Носев градници кои беа премали за мене, некогаш носев и по два за да се покриам и ништо на мене да не потсетува дека сум девојка. Така полесно поминував. Бидејќи, о Боже, страшно беше, не би сакале да сте девојка во мојата куќа, рече таа за „Сандеј тајмс“

Твен, која почнала да настапува кога имала осум години, вели дека се борела да ја прифати својата женственост поради ова злоставување.  Пејачката првпат напиша за ужасите низ кои поминала во нејзината автобиографија „Од овој момент“ од 2011 година. Во книгата Твен детално зборува и за случаите кога физички стоела меѓу родителите бидејќи се плашела дека очувот ќе ѝ ја убие мајката.

Ми требаше долго време да научам да се справувам со тој гнев. Не би сакал да бидеш некој што ќе ме нападне на улица затоа што е*ено ќе ти ја скинам главата, вели Твен.

Родителите на пејачката починале кога имала 22 години, но ѝ требале уште многу години да научи да го сака своето тело.

Можев да зборувам и да раскажам приказна за себе преку начинот на кој го движев телото, типот на ткаенината што ја носев, боите, на што беше фокусот. Никогаш не бев егзибиционист, тип што се истакнува како „погледни ги моите гради“. Тоа навистина бев јас прифаќајќи се сама себеси. Тоа беше еден вид метаморфоза, објаснува Твен.

The post Си ги стегав градите за да не ми се гледаат, за очувот да не ме силува appeared first on Република.

„Уште не можам да се соберам, не сфаќав што ми се случи додека син ми не ми ја покажа снимката“, вели малтретираната професорка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ushte-ne-mozam-da-se-soberam-ne-sfakjav-shto-mi-se-sluchi-dodeka-sin-mi-ne-mi-ja-pokaza-snimkata-veli-maltretiranata-profesorka/ Fri, 18 Nov 2022 11:27:03 +0000 https://republika.mk/?p=575371

Помина една недела, ама уште не можам да си ја средам главата. Прво требаше да ги завршам сите административни обврски, сега почнаа и болки во главата, ми се јавуваат од разни телевизии. Тешко ми е, потешко ми е од одење на работа. Не сум подготвена за ова.

Вака ја почнува својата исповед за српските медиуми професорката од Техничкото училиште во Трстеник која беше малтретирана од учениците, инцидент кој масовно се споделува по социјалните мрежи.

https://republika.mk/vesti/balkan/uchenici-maltretiraat-profesorka-na-chas-eden-go-trga-stolot-i-ja-pagja-na-zemja/

Вели, „уморна сум и преплашена“.

Ова е премногу за мене. Иако сега знам многу повеќе детали за тој настан, верувајте не бев ни свесена што ми се случи на часот. Дури кога дојдов дома и син ми ми ја покажа снимката сфатив што ми се случи, вели таа.

На прашањето зошто веднаш не го прекинала часот, да замине и да оди да пријави што ѝ се случило, професорката вели дека почекала да заврши часот.

Се срамев од она што го доживеав. Дојдов дома да видам во каква состојба сум. Да се соберам. Мојот син беше во соседната училница. Ни тој не знаеше. Но, набрзо го видел видеото и истрча дома. Беше бесен, вели професорката.

Синот ја убедил да оди до Здравствениот дом во Трстеник и веднаш да се провери. Таа вели дека за среќа поминала само со полесни физички повреди, но психичките, вели, се далеку поболни.

Во училницата имало само седум ученици на нејзиниот час по англиски, бидејќи самиот клас брои само единаесет ученици. Затоа изгледало како училницата да е празна.

Професорката вели дека вакво нешто досега не се случило.

Кај еден од нив семејните односи не се најдобри. Тој има и други браќа и сестри и грижата за нив не е баш на високо ниво. Го знаев тоа и го штитев поради тоа. И гледате како ми врати. Ученикот кој ми го тргна столот е малолетник, има 17 години. Не знам како ќе заврши тоа. И претходно се случило да побараме бркање на проблематичен ученик, а по жалби Министерството за образование да ни го врати во училиште. Овие треба да одат во воспитно-поправен дом, вели професорката, сè уште видно потресена од сè што ѝ се случило.

Професорката вели дека нејзиното искуство не е ретко во српските училишта.

Ова не е изолиран случај. Ова е исто како и со другите кривични дела каде што само една од 10 жртви јавно зборува. Другите не сакаат да го трпат срамот. Разговарав со колегите кои ги имаат истите проблеми со одржување на редот на часовите. Тие наоѓаат некој строг, кој ќе глуми строгост 45 минути. Јас важам за една од поблагите наставници. Имам деца на нивна возраст, ги почитувам како личности. Не би сакала некој лошо да се однесува со моето дете, затоа кон никое дете не се однесувам така. Не знам зошто баш мене ми се случи ова, тоа се работи кои се надвор од нашата контрола. Буквално, вели таа.

Дисциплинската постапка против насилните ученици е во тек, а случајот ќе добие и судски епилог.

The post „Уште не можам да се соберам, не сфаќав што ми се случи додека син ми не ми ја покажа снимката“, вели малтретираната професорка appeared first on Република.

]]>

Помина една недела, ама уште не можам да си ја средам главата. Прво требаше да ги завршам сите административни обврски, сега почнаа и болки во главата, ми се јавуваат од разни телевизии. Тешко ми е, потешко ми е од одење на работа. Не сум подготвена за ова. Вака ја почнува својата исповед за српските медиуми професорката од Техничкото училиште во Трстеник која беше малтретирана од учениците, инцидент кој масовно се споделува по социјалните мрежи. https://republika.mk/vesti/balkan/uchenici-maltretiraat-profesorka-na-chas-eden-go-trga-stolot-i-ja-pagja-na-zemja/ Вели, „уморна сум и преплашена“.
Ова е премногу за мене. Иако сега знам многу повеќе детали за тој настан, верувајте не бев ни свесена што ми се случи на часот. Дури кога дојдов дома и син ми ми ја покажа снимката сфатив што ми се случи, вели таа.
На прашањето зошто веднаш не го прекинала часот, да замине и да оди да пријави што ѝ се случило, професорката вели дека почекала да заврши часот.
Се срамев од она што го доживеав. Дојдов дома да видам во каква состојба сум. Да се соберам. Мојот син беше во соседната училница. Ни тој не знаеше. Но, набрзо го видел видеото и истрча дома. Беше бесен, вели професорката.
Синот ја убедил да оди до Здравствениот дом во Трстеник и веднаш да се провери. Таа вели дека за среќа поминала само со полесни физички повреди, но психичките, вели, се далеку поболни. Во училницата имало само седум ученици на нејзиниот час по англиски, бидејќи самиот клас брои само единаесет ученици. Затоа изгледало како училницата да е празна. Професорката вели дека вакво нешто досега не се случило.
Кај еден од нив семејните односи не се најдобри. Тој има и други браќа и сестри и грижата за нив не е баш на високо ниво. Го знаев тоа и го штитев поради тоа. И гледате како ми врати. Ученикот кој ми го тргна столот е малолетник, има 17 години. Не знам како ќе заврши тоа. И претходно се случило да побараме бркање на проблематичен ученик, а по жалби Министерството за образование да ни го врати во училиште. Овие треба да одат во воспитно-поправен дом, вели професорката, сè уште видно потресена од сè што ѝ се случило.
Професорката вели дека нејзиното искуство не е ретко во српските училишта.
Ова не е изолиран случај. Ова е исто како и со другите кривични дела каде што само една од 10 жртви јавно зборува. Другите не сакаат да го трпат срамот. Разговарав со колегите кои ги имаат истите проблеми со одржување на редот на часовите. Тие наоѓаат некој строг, кој ќе глуми строгост 45 минути. Јас важам за една од поблагите наставници. Имам деца на нивна возраст, ги почитувам како личности. Не би сакала некој лошо да се однесува со моето дете, затоа кон никое дете не се однесувам така. Не знам зошто баш мене ми се случи ова, тоа се работи кои се надвор од нашата контрола. Буквално, вели таа.
Дисциплинската постапка против насилните ученици е во тек, а случајот ќе добие и судски епилог.

The post „Уште не можам да се соберам, не сфаќав што ми се случи додека син ми не ми ја покажа снимката“, вели малтретираната професорка appeared first on Република.

]]>
На ниедно 15-годишно дете не му посакувам да слуша „глуп, дебела, сељак, хемиски екперимент, ќе те паднам…“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/na-niedno-15-godishno-dete-ne-mu-posakuvam-da-slusha-glup-debela-seljak-hemiski-ekperiment-kje-te-padnam/ Thu, 04 Aug 2022 15:50:50 +0000 https://republika.mk/?p=536827

Ова е најискрениот текст што сум го напишала во животот и многу би ми значело ако одвоите 5 минути да го прочитате.

Четири ужасни години.

Завршуваш основно образование, со нетрпение чекаш да ги искусиш “најубавите години”, средношколските денови, и како надарено дете, перспективен иден уметник/музичар да почнеш полека да чекориш по својот пат. Како дел од генерација која веќе го помина ужасот што ни го приреди “Луј”, сметам дека нема повеќе простор за ќутење и страв од уцени, и дека ако веќе рекламираме “вистински вредности” без вистински промени нема да тргнеме никаде. Со генерации си прераскажуваме бизарни приказни за “Луј” и верувам ,за жал ,дека за поголем дел од нашите соученици и колеги овој статус не е ништо ново. Позади убавите објави и безбројните слики по социјалните мрежи се крие нешто што баш на никој не му го посакувам, поготово не на дете.

На ниедно 15 годишно дете не му посакувам за добро утро да слуша пцовки и навреди како глуп, неспособен, хемиски експеримент, бескорисен, дебела, социопат, сељак и куп други што ми е гад да ги набројам, и секој обид за спротиставување на истите да биде проследен со “ќе те паднам година”, “ќе попиеш бокс” и разноразни уцени.

Ниедно дете не заслужува да биде под константниот притисок на нечие променливо расположение и можни агресивни реакции, и ниедно дете не заслужува да ги трпи последиците на тоа однесување, поготово кога истото доаѓа од возрасни луѓе, професори од кои зависи неговото формално образование и кои како мали не учеа да ги гледаме како “втори родители”. Не важи ова ни само за деца, едноставно, ниеден човек.

Да ве изеде срам за сите деца кои поради психичкото насилство, сопки, завист, селективност и неправда кои ги доживеавме во “Луј” не спиевме, се враќавме со плачење дома, прерано се сретнавме со анксиозност, панични напади, депресивни мисли и ниска самодоверба. Да ве изеде срам за сите талентирани деца на кои им ги срушивте соништата со вашиот непедагошки, впрочем, нечовечки однос и за сите нас кои не успеавте да не оборите и кои ги прерипувавме вашите сопки. Да ве изеде срам што дозволивте да не нема од вашите часови само за да не бидеме денешниот предмет на ругање и да се заштитиме од нови удари по нашето здравје. Па, затоа што многу можеби и ќе се препознаете, кажете ми како спиете навечер, знаејќи за сѐ што оставате зад себе, не знам како не ве гризе совест за секое едно дете? Секоја чест на малиот процент на педагози во таа зграда што си игра школо, кај кои со радост одевме на часови и од кои навистина научивме, кои ни го посветуваа и своето лично време и викенди и празници, кај кои ако не бевме спремни одевме со срам, навистина сте ретки и недоволно ценети. За жал, и тие исклучоци самите се често “мета” на лошотијата која владее, со години предмет на неправди и мобинг, и едноставно, лошото го надвладува доброто.

Ако не можете да се ставите на наше место, ставете се на местото на нашите родители кои гледаа низ што поминуваме сите овие години. Замислете како е да знаете дека секое сабајле го праќате детето да биде вреѓано, малтретирано и омаловажувано. Да седи по 8-12 саати со невозможен распоред на часови направен во корист на професорите а, секако не во корист на децата составен од 20тина предмети од кои, барем пола не го поткрепуваат неговото знаење и остатокот од тој исцрпен ден психички и физички, да мора да се посвети на инструментот и останатите обврски. Да не заборавиме дека добар дел професори кога нешто ни одеше потешко или намерно не туркаа со пониски оценки слушавме “епа ќе си дојдеш на приватен час ако сакаш да поправиш”, бидејќи нели ако веќе е нефункционална редовната настава за додатна и дополнителна не станува збор, и секако интерните бизниси не смеат да трпат.
И драга директоре Danica, пред да не нападнете во ист манир како и вашите колеги, размислете какви “вредности” презентирате и на какви ужаси замижувате. Ниеден хаштаг, ниедна слика и публицитет нема да ја прикрие вистината, и ниеден притисок и реакција на овој статус нема да успее. Во иднина Ви посакуваме да размислите два пати пред безосетно да враќате ученици кои собрале храброст да изреагираат на насилството со кое се борат, да имате во предвид и дека можеби и “туѓите деца” заслужуваат поддршка, а не препреки и да размислите дали вреди да си ги заштитите колегите/пријатели и да ја прикривате нивната некомпетентност. Знаеме дека се трудите, во една година направивте многу повеќе него ли било кој пред Вас, но верувајте дека без основни промени сѐ друго е џабе.

Да, имаше и убаво. Понекогаш тоа што го поминувавме не сплотуваше како генерација, се дружевме, сочувстувавме едни со други, свиревме и пеевме и покрај сѐ се трудевме и боревме. Сите намалени оценки од “зашо така сакам бе” и “е сеа ќе видиш”, сите паднати аудиции затоа што “него/нејзе мораа да го/ја примат” и осветување на ученици ради колегијалните кавги, сите етикети и навреди, сите поделби на “внуци” и туѓинци, сите закани и неправди можат само да ви служат на честа што ја немате.

Не го доживувајте ова како напад, повеќе како повик за будење и порака дека пред вашите глупости нема вечно да се мижи. Ве разбираме и вас, професори, демотивирани сте од ниските плати, од лошите, понекогаш и невозможни услови за работа и револтирани од фактот што и поголем дел од вас искусиле на своја кожа сличен третман. Но , нема оправдувања, и пред да се изгорат следните генерации, мора нешто да се смени.

Нема никаков репорт или блок да го тргне статусов, ова ќе си стои. Лутете се, ругајте не нас “неблагодарните дечишта”, но сепак се надевам барем ќе ве натераме малку да размислите.

Со љубов❤️

Фејсбук-статус на Маја Блажевска

The post На ниедно 15-годишно дете не му посакувам да слуша „глуп, дебела, сељак, хемиски екперимент, ќе те паднам…“ appeared first on Република.

]]>

Ова е најискрениот текст што сум го напишала во животот и многу би ми значело ако одвоите 5 минути да го прочитате. Четири ужасни години. Завршуваш основно образование, со нетрпение чекаш да ги искусиш “најубавите години”, средношколските денови, и како надарено дете, перспективен иден уметник/музичар да почнеш полека да чекориш по својот пат. Како дел од генерација која веќе го помина ужасот што ни го приреди “Луј”, сметам дека нема повеќе простор за ќутење и страв од уцени, и дека ако веќе рекламираме “вистински вредности” без вистински промени нема да тргнеме никаде. Со генерации си прераскажуваме бизарни приказни за “Луј” и верувам ,за жал ,дека за поголем дел од нашите соученици и колеги овој статус не е ништо ново. Позади убавите објави и безбројните слики по социјалните мрежи се крие нешто што баш на никој не му го посакувам, поготово не на дете. На ниедно 15 годишно дете не му посакувам за добро утро да слуша пцовки и навреди како глуп, неспособен, хемиски експеримент, бескорисен, дебела, социопат, сељак и куп други што ми е гад да ги набројам, и секој обид за спротиставување на истите да биде проследен со “ќе те паднам година”, “ќе попиеш бокс” и разноразни уцени. Ниедно дете не заслужува да биде под константниот притисок на нечие променливо расположение и можни агресивни реакции, и ниедно дете не заслужува да ги трпи последиците на тоа однесување, поготово кога истото доаѓа од возрасни луѓе, професори од кои зависи неговото формално образование и кои како мали не учеа да ги гледаме како “втори родители”. Не важи ова ни само за деца, едноставно, ниеден човек. Да ве изеде срам за сите деца кои поради психичкото насилство, сопки, завист, селективност и неправда кои ги доживеавме во “Луј” не спиевме, се враќавме со плачење дома, прерано се сретнавме со анксиозност, панични напади, депресивни мисли и ниска самодоверба. Да ве изеде срам за сите талентирани деца на кои им ги срушивте соништата со вашиот непедагошки, впрочем, нечовечки однос и за сите нас кои не успеавте да не оборите и кои ги прерипувавме вашите сопки. Да ве изеде срам што дозволивте да не нема од вашите часови само за да не бидеме денешниот предмет на ругање и да се заштитиме од нови удари по нашето здравје. Па, затоа што многу можеби и ќе се препознаете, кажете ми како спиете навечер, знаејќи за сѐ што оставате зад себе, не знам како не ве гризе совест за секое едно дете? Секоја чест на малиот процент на педагози во таа зграда што си игра школо, кај кои со радост одевме на часови и од кои навистина научивме, кои ни го посветуваа и своето лично време и викенди и празници, кај кои ако не бевме спремни одевме со срам, навистина сте ретки и недоволно ценети. За жал, и тие исклучоци самите се често “мета” на лошотијата која владее, со години предмет на неправди и мобинг, и едноставно, лошото го надвладува доброто. Ако не можете да се ставите на наше место, ставете се на местото на нашите родители кои гледаа низ што поминуваме сите овие години. Замислете како е да знаете дека секое сабајле го праќате детето да биде вреѓано, малтретирано и омаловажувано. Да седи по 8-12 саати со невозможен распоред на часови направен во корист на професорите а, секако не во корист на децата составен од 20тина предмети од кои, барем пола не го поткрепуваат неговото знаење и остатокот од тој исцрпен ден психички и физички, да мора да се посвети на инструментот и останатите обврски. Да не заборавиме дека добар дел професори кога нешто ни одеше потешко или намерно не туркаа со пониски оценки слушавме “епа ќе си дојдеш на приватен час ако сакаш да поправиш”, бидејќи нели ако веќе е нефункционална редовната настава за додатна и дополнителна не станува збор, и секако интерните бизниси не смеат да трпат. И драга директоре Danica, пред да не нападнете во ист манир како и вашите колеги, размислете какви “вредности” презентирате и на какви ужаси замижувате. Ниеден хаштаг, ниедна слика и публицитет нема да ја прикрие вистината, и ниеден притисок и реакција на овој статус нема да успее. Во иднина Ви посакуваме да размислите два пати пред безосетно да враќате ученици кои собрале храброст да изреагираат на насилството со кое се борат, да имате во предвид и дека можеби и “туѓите деца” заслужуваат поддршка, а не препреки и да размислите дали вреди да си ги заштитите колегите/пријатели и да ја прикривате нивната некомпетентност. Знаеме дека се трудите, во една година направивте многу повеќе него ли било кој пред Вас, но верувајте дека без основни промени сѐ друго е џабе. Да, имаше и убаво. Понекогаш тоа што го поминувавме не сплотуваше како генерација, се дружевме, сочувстувавме едни со други, свиревме и пеевме и покрај сѐ се трудевме и боревме. Сите намалени оценки од “зашо така сакам бе” и “е сеа ќе видиш”, сите паднати аудиции затоа што “него/нејзе мораа да го/ја примат” и осветување на ученици ради колегијалните кавги, сите етикети и навреди, сите поделби на “внуци” и туѓинци, сите закани и неправди можат само да ви служат на честа што ја немате. Не го доживувајте ова како напад, повеќе како повик за будење и порака дека пред вашите глупости нема вечно да се мижи. Ве разбираме и вас, професори, демотивирани сте од ниските плати, од лошите, понекогаш и невозможни услови за работа и револтирани од фактот што и поголем дел од вас искусиле на своја кожа сличен третман. Но , нема оправдувања, и пред да се изгорат следните генерации, мора нешто да се смени. Нема никаков репорт или блок да го тргне статусов, ова ќе си стои. Лутете се, ругајте не нас “неблагодарните дечишта”, но сепак се надевам барем ќе ве натераме малку да размислите. Со љубов❤️ Фејсбук-статус на Маја Блажевска

The post На ниедно 15-годишно дете не му посакувам да слуша „глуп, дебела, сељак, хемиски екперимент, ќе те паднам…“ appeared first on Република.

]]>
Исповед на Џони Деп по пресудата https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/ispoved-na-dzoni-dep-po-presudata/ Wed, 01 Jun 2022 20:47:51 +0000 https://republika.mk/?p=509935

Откако беше донесена пресуда во негова корист на судењето помеѓу него и Амбер, Џони Деп се огласи со долга и емотивна порака.

Во продолжение ги пренесуваме зборовите на Деп:

„Пред шест години, мојот живот се смени засекогаш, животите на моите деца, животите на најблиските, но и животите на луѓето кои ме поддржуваа многу, многу години и веруваа во мене.

Се додека трепнеш. Преку медиумите беа изнесени лажни, многу сериозни и криминални наводи против мене, кои предизвикаа канонада омраза, иако никогаш не беше покренато обвинение против мене“, рече Деп и додаде дека сето тоа многу влијаело на него и на неговата кариера.

„И шест години подоцна, поротата ми го врати животот. Навистина сум смирен“, додаде тој.

Вели дека долго време размислувал да продолжи со овој случај.

„Од самиот почеток целта на покренувањето на овој случај беше да се открие вистината, без разлика на исходот. Најдоброто допрва доаѓа, а новото поглавје конечно започна“, рече Деп.

„Вистината никогаш не умира“, додаде тој на латински („Veritas numquam perit.“) во својата изјава, пренесува Би-Би-Си.

The post Исповед на Џони Деп по пресудата appeared first on Република.

]]>

Откако беше донесена пресуда во негова корист на судењето помеѓу него и Амбер, Џони Деп се огласи со долга и емотивна порака. Во продолжение ги пренесуваме зборовите на Деп: „Пред шест години, мојот живот се смени засекогаш, животите на моите деца, животите на најблиските, но и животите на луѓето кои ме поддржуваа многу, многу години и веруваа во мене. Се додека трепнеш. Преку медиумите беа изнесени лажни, многу сериозни и криминални наводи против мене, кои предизвикаа канонада омраза, иако никогаш не беше покренато обвинение против мене“, рече Деп и додаде дека сето тоа многу влијаело на него и на неговата кариера. „И шест години подоцна, поротата ми го врати животот. Навистина сум смирен“, додаде тој. Вели дека долго време размислувал да продолжи со овој случај. „Од самиот почеток целта на покренувањето на овој случај беше да се открие вистината, без разлика на исходот. Најдоброто допрва доаѓа, а новото поглавје конечно започна“, рече Деп. „Вистината никогаш не умира“, додаде тој на латински („Veritas numquam perit.“) во својата изјава, пренесува Би-Би-Си.  

The post Исповед на Џони Деп по пресудата appeared first on Република.

]]>
Го приведоа спектакуларно, со кршење на врата и низ станот, раскажува сопругата на Игор Југ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/go-privedoa-spektakularno-so-krshenje-na-vrata-i-niz-stanot-raskazuva-soprugata-na-igor-jug/ Wed, 27 Apr 2022 21:18:08 +0000 https://republika.mk/?p=494475

Игор за мене ниту е терорист, ниту уставобранител. Игор за мене е сопруг, родител и човек кој е ставен пред законот да биде неправедно осуден, на монтиран случај на целиот предмет за да дојде до делото тероризам, вака зборува сопругата на еден од осудените во случајот 27ми април Игор Југ, Ивана Југ во отвореното студио на телевизија Алфа.

Ивана раскажува за тоа како бил приведен Игор Југ, во момент кога таа беше во четвртиот месец од бременоста, истакнувајќи дека го приведувале спектакуларно со специјалци и со демолирање на целиот стан каде што живеат.

Овде во нашиот дом во 4:30 часот сабајле спектакуларно приведување со специјалци, со полиција блокирање на улици, прв беше приведен за случај упад во толпа. Приведувањето од овде беше со кршење на врата, со демолирање на целиот стан, буквално како да го апсат најголемиот криминалец, потенцираше таа.

Ивана додава дека првата средбата помеѓу Игор Југ и неговата ќерка после четири ипол години била кога тој го добил првиот слободен викенд за која вели дека била многу болна и тешка.

Југ кажа дека единствено што побарале е правично судење, прашувајќи ако нејзиниот сопруг е осуден за тероризам тогаш зошто Крсто Муковски е ослободен од обвинение кога тој лично ги отворил вратите на собранието за да влезе толпата народ.

Едноставно што побаравме е правично судење, нека бидат осудени за упад во толпа. Не може да има тероризам. Каде е тероризмот за Крсто Муковски кој ги отвори вратите за да влезат сите тие луѓе, каде е тероризмот за Љубен и сите останати кои што беа ослободени, прашува Југ.

The post Го приведоа спектакуларно, со кршење на врата и низ станот, раскажува сопругата на Игор Југ appeared first on Република.

]]>

Игор за мене ниту е терорист, ниту уставобранител. Игор за мене е сопруг, родител и човек кој е ставен пред законот да биде неправедно осуден, на монтиран случај на целиот предмет за да дојде до делото тероризам, вака зборува сопругата на еден од осудените во случајот 27ми април Игор Југ, Ивана Југ во отвореното студио на телевизија Алфа. Ивана раскажува за тоа како бил приведен Игор Југ, во момент кога таа беше во четвртиот месец од бременоста, истакнувајќи дека го приведувале спектакуларно со специјалци и со демолирање на целиот стан каде што живеат.
Овде во нашиот дом во 4:30 часот сабајле спектакуларно приведување со специјалци, со полиција блокирање на улици, прв беше приведен за случај упад во толпа. Приведувањето од овде беше со кршење на врата, со демолирање на целиот стан, буквално како да го апсат најголемиот криминалец, потенцираше таа.
Ивана додава дека првата средбата помеѓу Игор Југ и неговата ќерка после четири ипол години била кога тој го добил првиот слободен викенд за која вели дека била многу болна и тешка. Југ кажа дека единствено што побарале е правично судење, прашувајќи ако нејзиниот сопруг е осуден за тероризам тогаш зошто Крсто Муковски е ослободен од обвинение кога тој лично ги отворил вратите на собранието за да влезе толпата народ.
Едноставно што побаравме е правично судење, нека бидат осудени за упад во толпа. Не може да има тероризам. Каде е тероризмот за Крсто Муковски кој ги отвори вратите за да влезат сите тие луѓе, каде е тероризмот за Љубен и сите останати кои што беа ослободени, прашува Југ.

The post Го приведоа спектакуларно, со кршење на врата и низ станот, раскажува сопругата на Игор Југ appeared first on Република.

]]>
„Целиот мој свет вчера беше уништен од руска ракета“, вели таткото на убиената тримесечна Кира https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/celiot-moj-svet-vchera-beshe-unishten-od-ruska-raketa-veli-tatkoto-na-ubienata-trimesechna-kira/ Mon, 25 Apr 2022 07:17:08 +0000 https://republika.mk/?p=493244

Тримесечно бебе, нејзината мајка и баба, беа убиени во руски ракетен напад вчера во Одеса. Смртта предизвика голем бес во Украина. Претседателот Володимир Зеленски беше видно вознемирен.

Како бебето и се закани на Русија? Се чини дека убивањето деца е само нова национална идеја на Руската Федерација, рече тој.

Тој ги опиша оние кои го планирале и извршиле нападот како „гадови“.

Таткото на Кира, Јури, за првпат го виде нејзиното тело кога се врати во својот уништен стан во неделата. Сега минува низ урнатините за да спаси некои спомени.

Целиот мој свет вчера беше уништен од руска ракета. Ова што се случува е тага за моето семејство, за нашиот град, за Украина, тоа е тага за целата цивилизација. Се надевам дека нашата приказна ќе помогне да се запре оваа војна, изјави Јури за Би-Би-Си.

The post „Целиот мој свет вчера беше уништен од руска ракета“, вели таткото на убиената тримесечна Кира appeared first on Република.

]]>

Тримесечно бебе, нејзината мајка и баба, беа убиени во руски ракетен напад вчера во Одеса. Смртта предизвика голем бес во Украина. Претседателот Володимир Зеленски беше видно вознемирен.
Како бебето и се закани на Русија? Се чини дека убивањето деца е само нова национална идеја на Руската Федерација, рече тој.
Тој ги опиша оние кои го планирале и извршиле нападот како „гадови“. Таткото на Кира, Јури, за првпат го виде нејзиното тело кога се врати во својот уништен стан во неделата. Сега минува низ урнатините за да спаси некои спомени.
Целиот мој свет вчера беше уништен од руска ракета. Ова што се случува е тага за моето семејство, за нашиот град, за Украина, тоа е тага за целата цивилизација. Се надевам дека нашата приказна ќе помогне да се запре оваа војна, изјави Јури за Би-Би-Си.

The post „Целиот мој свет вчера беше уништен од руска ракета“, вели таткото на убиената тримесечна Кира appeared first on Република.

]]>
„Се срамам, но видете ме! Не сум за во војна“: Украинските дезертери плаќаат и по 15.000 долари за бегство преку граница https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-sramam-no-videte-me-ne-sum-za-vo-vojna-ukrainskite-dezerteri-plakjaat-i-po-15-000-dolari-za-begstvo-preku-granica/ Tue, 12 Apr 2022 08:07:02 +0000 https://republika.mk/?p=487132

Младиот и успешен моден фотограф од Киев, Вова Клевер, никогаш не се гледал себеси во војна. „Насилството не е мое оружје“, вели тој.

Многу брзо откако Русија ја нападна Украина, а Украина им забрани на сите способни мажи на возраст меѓу 18 и 60 години да ја напуштат земјата, Клевер тајно побегна во Лондон. Со помош на шверцери избегал преку Унгарија за пет илјади долари.

Но, неговата грешка е што му напишал на својот пријател за тоа.

Пријателот ја изневерил неговата доверба и нивниот разговор го објавил на социјалните мрежи. Преписката набрзо стана вирална и ги разбесни Украинците.

Ти си мртовец што оди. Ќе те најдам во кој било агол на светот, гласи една од многуте заканувачки пораки на Твитер испратени до Клевер.

Во интервју за „Њујорк тајмс“ тој се обиде да се оправда, велејќи дека има слаб вид и дека во последно време „минува низ многу“.

Не можете да замислите толкава количина на омраза, рече тој, потсетувајќи се на пораките што ги добил.

Но, Клевер не е единствениот кој избега од војната.

Борбата или бегството на безбедно од разурната од војна Украина стана морална дилема за многу украински мажи. Според регионалните власти, досега илјадници мажи ја напуштиле земјата за да избегнат војување.

Шверцерите во Молдавија, а можеби и во други европски земји како Полска и Унгарија, водат профитабилен бизнис. Некои Украинци платиле и до 15.000 долари за тајните ноќни прекугранични возења, велат молдавските власти.

Сепак, мажите кои ја избегнуваат својата должност се исклучок, што уште повеќе им ја отежнува ситуацијата, пишува „Њујорк тајмс“.

Дури и некои од оние кои се убедени дека заминале од вистински причини, чувствуваат вина и срам.

Мислам дека не можам да бидам добар војник. Па, погледнете ме! Носам очила, имам 46 години. Не изгледам како војник кој може да се бори против руските војници, вели програмерот Володимир, кој побегна веднаш по почетокот на војната, додека седи во паб во Варшава и пие пиво.

Но, признава: „Да, се срамам. Избегав од војната и тоа е мојот крст“.

Украинските политичари се заканија дека ќе ги испратат дезертерите во затвор и дека ќе ги запленат нивните домови. Но, како што руските бомби продолжуваат да уништуваат сè повеќе и повеќе, украинското општество е поподелено.

Соседната Молдавија, која дели речиси 1.300 километри граница со Украина, стана омилена дестинација за многумина.

За разлика од Унгарија, Полска, Романија и Словачка, Молдавија не е во Европската унија и има значително помалку ресурси за гранична контрола. Таа е исто така една од најсиромашните земји во Европа и затоа е соодветно пристаниште за шверцери на луѓе и организирани криминалци.

Само неколку дена откако Русите ја започнаа инвазијата на Украина, молдавската полиција откри банди кои на Телеграм почнаа да нудат превоз, па дури и минибуси, за шверц на дезертери.

Средбите се организираат во делот на „зелената граница“ - термин што се користи за неоградени гранични области - и тоа доцна во ноќта.

Молдавската полиција соопшти дека од крајот на февруари разбиле повеќе од 20 шверцерски синџири и фатиле 1.091 Украинец во обид да ја преминат границата.

Откако ќе бидат фатени, мажите имаат избор - ако не сакаат да бидат депортирани, можат да бараат азил во Молдавија.

Околу илјада мажи досега поднеле барање за азил, а помалку од сто се вратени. Други две илјади Украинци, кои илегално влегле во Молдавија, исто така побарале азил. у

The post „Се срамам, но видете ме! Не сум за во војна“: Украинските дезертери плаќаат и по 15.000 долари за бегство преку граница appeared first on Република.

]]>

Младиот и успешен моден фотограф од Киев, Вова Клевер, никогаш не се гледал себеси во војна. „Насилството не е мое оружје“, вели тој. Многу брзо откако Русија ја нападна Украина, а Украина им забрани на сите способни мажи на возраст меѓу 18 и 60 години да ја напуштат земјата, Клевер тајно побегна во Лондон. Со помош на шверцери избегал преку Унгарија за пет илјади долари. Но, неговата грешка е што му напишал на својот пријател за тоа. Пријателот ја изневерил неговата доверба и нивниот разговор го објавил на социјалните мрежи. Преписката набрзо стана вирална и ги разбесни Украинците.
Ти си мртовец што оди. Ќе те најдам во кој било агол на светот, гласи една од многуте заканувачки пораки на Твитер испратени до Клевер.
Во интервју за „Њујорк тајмс“ тој се обиде да се оправда, велејќи дека има слаб вид и дека во последно време „минува низ многу“.
Не можете да замислите толкава количина на омраза, рече тој, потсетувајќи се на пораките што ги добил.
Но, Клевер не е единствениот кој избега од војната. Борбата или бегството на безбедно од разурната од војна Украина стана морална дилема за многу украински мажи. Според регионалните власти, досега илјадници мажи ја напуштиле земјата за да избегнат војување. Шверцерите во Молдавија, а можеби и во други европски земји како Полска и Унгарија, водат профитабилен бизнис. Некои Украинци платиле и до 15.000 долари за тајните ноќни прекугранични возења, велат молдавските власти. Сепак, мажите кои ја избегнуваат својата должност се исклучок, што уште повеќе им ја отежнува ситуацијата, пишува „Њујорк тајмс“. Дури и некои од оние кои се убедени дека заминале од вистински причини, чувствуваат вина и срам.
Мислам дека не можам да бидам добар војник. Па, погледнете ме! Носам очила, имам 46 години. Не изгледам како војник кој може да се бори против руските војници, вели програмерот Володимир, кој побегна веднаш по почетокот на војната, додека седи во паб во Варшава и пие пиво.
Но, признава: „Да, се срамам. Избегав од војната и тоа е мојот крст“. Украинските политичари се заканија дека ќе ги испратат дезертерите во затвор и дека ќе ги запленат нивните домови. Но, како што руските бомби продолжуваат да уништуваат сè повеќе и повеќе, украинското општество е поподелено. Соседната Молдавија, која дели речиси 1.300 километри граница со Украина, стана омилена дестинација за многумина. За разлика од Унгарија, Полска, Романија и Словачка, Молдавија не е во Европската унија и има значително помалку ресурси за гранична контрола. Таа е исто така една од најсиромашните земји во Европа и затоа е соодветно пристаниште за шверцери на луѓе и организирани криминалци. Само неколку дена откако Русите ја започнаа инвазијата на Украина, молдавската полиција откри банди кои на Телеграм почнаа да нудат превоз, па дури и минибуси, за шверц на дезертери. Средбите се организираат во делот на „зелената граница“ - термин што се користи за неоградени гранични области - и тоа доцна во ноќта. Молдавската полиција соопшти дека од крајот на февруари разбиле повеќе од 20 шверцерски синџири и фатиле 1.091 Украинец во обид да ја преминат границата. Откако ќе бидат фатени, мажите имаат избор - ако не сакаат да бидат депортирани, можат да бараат азил во Молдавија. Околу илјада мажи досега поднеле барање за азил, а помалку од сто се вратени. Други две илјади Украинци, кои илегално влегле во Молдавија, исто така побарале азил. у

The post „Се срамам, но видете ме! Не сум за во војна“: Украинските дезертери плаќаат и по 15.000 долари за бегство преку граница appeared first on Република.

]]>
„Имав халуцинации, мислев дека едниот сака да излезе од мене“: Благоја Грујовски искрено за тешката борба со ковидот https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/imav-halucinacii-mislev-deka-edniot-saka-da-izleze-od-mene-blagoja-grujovski-iskreno-za-teshkata-borba-so-kovidot/ Wed, 06 Apr 2022 06:48:42 +0000 https://republika.mk/?p=483841

Популарниот фолк-пејач Благоја Грујовски годинава едвај спасил глава од Ковид 19.

Имав халуцинации. Пред мене беше една црна тврдина и снежна виулица. Мислев дека едниот сака да излезе од мене. Не знам како да објаснам. Првпат како да осетив дека сме двајца.  Ми велеа халуцинирам“, раскажува тој за порталот „Репортер.мк“.

Заздравувањето било тешко, но тука била сопругата Ирена која морал потоа тој да ја лекува од стресот. Фала му на Бога вели, сега е се во ред.

https://youtu.be/Cn4mILREtRs

The post „Имав халуцинации, мислев дека едниот сака да излезе од мене“: Благоја Грујовски искрено за тешката борба со ковидот appeared first on Република.

]]>

Популарниот фолк-пејач Благоја Грујовски годинава едвај спасил глава од Ковид 19.
Имав халуцинации. Пред мене беше една црна тврдина и снежна виулица. Мислев дека едниот сака да излезе од мене. Не знам како да објаснам. Првпат како да осетив дека сме двајца.  Ми велеа халуцинирам“, раскажува тој за порталот „Репортер.мк“.
Заздравувањето било тешко, но тука била сопругата Ирена која морал потоа тој да ја лекува од стресот. Фала му на Бога вели, сега е се во ред. https://youtu.be/Cn4mILREtRs

The post „Имав халуцинации, мислев дека едниот сака да излезе од мене“: Благоја Грујовски искрено за тешката борба со ковидот appeared first on Република.

]]>