испорака Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/isporaka/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Feb 2024 13:03:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png испорака Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/isporaka/ 32 32 Германија одби да ѝ ги испорача моќните крстосувачки ракети „Таурус“ на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-odbi-da-gi-isporacha-moknite-krstosuvachki-raketi-taurus-na-ukraina/ Mon, 26 Feb 2024 13:03:19 +0000 https://republika.mk/?p=748546

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок во петокот ги отфрли повиците за разговори со рускиот претседател Владимир Путин за ставање крај на конфликтот во Украина, и тоа истата недела кога германскиот парламент одби да ѝ испорача крстосувачки ракети „Таурус“ на Украина.

Германската министерка во Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк во петокот (23 февруари), меѓу другото, рече: „Русија, постојана членка на Советот, сака суверена држава да се откаже од своето право да постои. Каде ќе бевме ако овој принцип преовладуваше. Кој од нас би бил следниот што ќе биде нападнат од безмилосен сосед? Кога би попуштиле, тоа би бил крај за Повелбата на Обединетите нации“, па заклучи: „Затоа нема да ја прекинеме нашата поддршка за Украина, ниту сега ниту утре. Ние стоиме покрај Украина“.

Затоа министерката Баербок отфрли секаква можност за преговори со Путин.

Во саботата (24 февруари) министерката Баербок ја посети Одеса, Украина. Во придружба на украинскиот колега Дмитри Кулеба, Баербок се обиде да ги оправда истовремените повици до Украинците да продолжат со борбите и одбивањето на нејзината коалиција да им ги испорача крстосувачките ракети „Таурус“ на Украинците велејќи дека прашањето е сè уште отворено. Тоа е слаба утеха за Украинците, на кои им снемува сè, па и оружје и муниција.

Аналена Баербок не е само министер за надворешни работи, туку е и истакнат член на Зелените, една од трите партии што ја сочинуваат коалицијата „Семафор“. Другите две се социјалдемократите и либералите. До 22 јануари 2022 година таа беше копретседател на Зелените со Роберт Хабек (актуелен вицеканцелар и министер за економија). И покрај отказот, и двајцата задржаа силно влијание во партијата.

Иако надворешната политика не беше приоритет за германските „зелени“ до последните парламентарни избори, Баербок сепак се согласи да биде министер за надворешни работи. Без речиси никакво искуство во оваа област, таа стана министерка на 8 декември 2022 година. Помалку од три месеци подоцна, Русија почна масовна агресија против Украина. И оттогаш им траат маките на министерката Баербок и коалицијата „Семафор“ што да ѝ се даде на Украина?

Берлин секогаш може да се осврне на фактот дека, по САД, тие обезбедија најмногу воена помош за Украина. Според пресметката на Килскиот институт за светска економија, Германија до 16 февруари оваа година ѝ дала на Украина оружје, муниција и друга воена опрема во вредност од 17,7 милијарди евра. Неодамна вети дека ќе испрати уште 7,1 милијарди евра оваа година, вклучувајќи 36 самоодни хаубици, 120.000 гранати од 155 мм, две батерии од противвоздушниот артилериски систем „Скајнекс“ (првенствено наменети за уништување дронови „камикаѕе“ и крстосувачки ракети) и дополнителни проектили за ракетниот систем ПЗО ИРИС-Т.

Засега на списокот нема тенкови или борбени возила на пешадијата. Не така одамна на Украина ѝ беа ветени 300 „Леопард 2“. Таа доби 105. Наместо „Леопард 2“, украинската армија мораше да се задоволи со 200 одамна застарени „Леопард 1А5“. Ако е вистина дека украинската армија ги изгубила речиси сите „Леопард 2“, какви се шансите да ги преживее многу помалку заштитените „Леопард 1“?

Неодлучната политика на Германија кон Украина е само одраз на нејзината внатрешна безбедносна политика. Додека министерот за одбрана Борис Писториус се бори за зголемување на трошоците за одбрана и враќање на воениот рок, другите негови владини колеги, вклучително и канцеларот Олаф Шолц, прават се за да го забават тоа.

Соочени со суровата реалност дека германските вооружени сили во нивната сегашна состојба не се способни да ја бранат татковината или сојузниците во НАТО, Писториус до неодамна се залагаше за зголемување на распределбите на 2 % од БДП, само првпат да ја спомене во Минхен на безбедносната конференција неопходноста од зголемување на 3 или дури 3,5 % од БДП. Германија одвои 1,57 % од БДП за Бундесверот (официјално име на германските вооружени сили) во 2023 година, а со 68,58 милијарди евра во годинешниот буџет за распределба би достигнал 2,1 % од БДП.

The post Германија одби да ѝ ги испорача моќните крстосувачки ракети „Таурус“ на Украина appeared first on Република.

]]>

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок во петокот ги отфрли повиците за разговори со рускиот претседател Владимир Путин за ставање крај на конфликтот во Украина, и тоа истата недела кога германскиот парламент одби да ѝ испорача крстосувачки ракети „Таурус“ на Украина. Германската министерка во Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк во петокот (23 февруари), меѓу другото, рече: „Русија, постојана членка на Советот, сака суверена држава да се откаже од своето право да постои. Каде ќе бевме ако овој принцип преовладуваше. Кој од нас би бил следниот што ќе биде нападнат од безмилосен сосед? Кога би попуштиле, тоа би бил крај за Повелбата на Обединетите нации“, па заклучи: „Затоа нема да ја прекинеме нашата поддршка за Украина, ниту сега ниту утре. Ние стоиме покрај Украина“. Затоа министерката Баербок отфрли секаква можност за преговори со Путин. Во саботата (24 февруари) министерката Баербок ја посети Одеса, Украина. Во придружба на украинскиот колега Дмитри Кулеба, Баербок се обиде да ги оправда истовремените повици до Украинците да продолжат со борбите и одбивањето на нејзината коалиција да им ги испорача крстосувачките ракети „Таурус“ на Украинците велејќи дека прашањето е сè уште отворено. Тоа е слаба утеха за Украинците, на кои им снемува сè, па и оружје и муниција. Аналена Баербок не е само министер за надворешни работи, туку е и истакнат член на Зелените, една од трите партии што ја сочинуваат коалицијата „Семафор“. Другите две се социјалдемократите и либералите. До 22 јануари 2022 година таа беше копретседател на Зелените со Роберт Хабек (актуелен вицеканцелар и министер за економија). И покрај отказот, и двајцата задржаа силно влијание во партијата. Иако надворешната политика не беше приоритет за германските „зелени“ до последните парламентарни избори, Баербок сепак се согласи да биде министер за надворешни работи. Без речиси никакво искуство во оваа област, таа стана министерка на 8 декември 2022 година. Помалку од три месеци подоцна, Русија почна масовна агресија против Украина. И оттогаш им траат маките на министерката Баербок и коалицијата „Семафор“ што да ѝ се даде на Украина? Берлин секогаш може да се осврне на фактот дека, по САД, тие обезбедија најмногу воена помош за Украина. Според пресметката на Килскиот институт за светска економија, Германија до 16 февруари оваа година ѝ дала на Украина оружје, муниција и друга воена опрема во вредност од 17,7 милијарди евра. Неодамна вети дека ќе испрати уште 7,1 милијарди евра оваа година, вклучувајќи 36 самоодни хаубици, 120.000 гранати од 155 мм, две батерии од противвоздушниот артилериски систем „Скајнекс“ (првенствено наменети за уништување дронови „камикаѕе“ и крстосувачки ракети) и дополнителни проектили за ракетниот систем ПЗО ИРИС-Т. Засега на списокот нема тенкови или борбени возила на пешадијата. Не така одамна на Украина ѝ беа ветени 300 „Леопард 2“. Таа доби 105. Наместо „Леопард 2“, украинската армија мораше да се задоволи со 200 одамна застарени „Леопард 1А5“. Ако е вистина дека украинската армија ги изгубила речиси сите „Леопард 2“, какви се шансите да ги преживее многу помалку заштитените „Леопард 1“? Неодлучната политика на Германија кон Украина е само одраз на нејзината внатрешна безбедносна политика. Додека министерот за одбрана Борис Писториус се бори за зголемување на трошоците за одбрана и враќање на воениот рок, другите негови владини колеги, вклучително и канцеларот Олаф Шолц, прават се за да го забават тоа. Соочени со суровата реалност дека германските вооружени сили во нивната сегашна состојба не се способни да ја бранат татковината или сојузниците во НАТО, Писториус до неодамна се залагаше за зголемување на распределбите на 2 % од БДП, само првпат да ја спомене во Минхен на безбедносната конференција неопходноста од зголемување на 3 или дури 3,5 % од БДП. Германија одвои 1,57 % од БДП за Бундесверот (официјално име на германските вооружени сили) во 2023 година, а со 68,58 милијарди евра во годинешниот буџет за распределба би достигнал 2,1 % од БДП.

The post Германија одби да ѝ ги испорача моќните крстосувачки ракети „Таурус“ на Украина appeared first on Република.

]]>
Франција почна со директни испораки на гас за соседна Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/francija-pochna-so-direktni-isporaki-na-gas-za-sosedna-germanija/ Thu, 13 Oct 2022 10:09:00 +0000 https://republika.mk/?p=560533

Франција почна со испораките на природен гас за Германија откако изврши технички прилагодувања на гасоводот што ги поврзува соседните држави, соопштено е од францускиот оператор „GRTgaz“.

Сега гасот се транспортира директно преку единствената гасна интерконективна точка меѓу двете земји во близина на селото Нидергајлбах, во југозападна Германија.

„Во новонастанатата енергетска ситуација поврзана со војната во Украина, Франција покажува солидарност со својот германски сосед со непосредните испораки гас“, се посочува во соопштението.

Првично преку границата ќе поминуваат 31 гигават-часови дневно, од максималните сто гигавати колкав што е дневниот капацитет на интерконтекторот.

Техничките зафати врз гасоводот беа неопходни оттаму што првично системот беше изведен исклучиво за пренос на гас од Германија кон Франција, што наложи модификација на инсталацијата. Техничкото приспособување на системот за пренос на гас во двете насоки беше иницирано по драстичното намалување на испораките руски гас за Европа.

Според договорот меѓу двете земји, за испорачаниот гас Франција од Германија ќе добива електрична енергија за време на критичните зимски месеци.

Дури 30 од 56-те нуклеарни реактори во Франција се исклучени поради одржување, голем дел од нив со критични знаци на истрошеност и оштетувања настанати од корозија. Тоа предизвика значајни проблеми во електроснабдувањето во земјата чиј електросистем во голема мера зависи токму од производството струја во нуклеарните централи.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера најави дека наредните неколку седмици повторно ќе бидат оперативни 40 реактори, 46 до крајот на јануари. Меѓутоа, таквите планови може да ги пореметат штрајковите на вработените во нуклеарните централи.

The post Франција почна со директни испораки на гас за соседна Германија appeared first on Република.

]]>

Франција почна со испораките на природен гас за Германија откако изврши технички прилагодувања на гасоводот што ги поврзува соседните држави, соопштено е од францускиот оператор „GRTgaz“. Сега гасот се транспортира директно преку единствената гасна интерконективна точка меѓу двете земји во близина на селото Нидергајлбах, во југозападна Германија. „Во новонастанатата енергетска ситуација поврзана со војната во Украина, Франција покажува солидарност со својот германски сосед со непосредните испораки гас“, се посочува во соопштението. Првично преку границата ќе поминуваат 31 гигават-часови дневно, од максималните сто гигавати колкав што е дневниот капацитет на интерконтекторот. Техничките зафати врз гасоводот беа неопходни оттаму што првично системот беше изведен исклучиво за пренос на гас од Германија кон Франција, што наложи модификација на инсталацијата. Техничкото приспособување на системот за пренос на гас во двете насоки беше иницирано по драстичното намалување на испораките руски гас за Европа. Според договорот меѓу двете земји, за испорачаниот гас Франција од Германија ќе добива електрична енергија за време на критичните зимски месеци. Дури 30 од 56-те нуклеарни реактори во Франција се исклучени поради одржување, голем дел од нив со критични знаци на истрошеност и оштетувања настанати од корозија. Тоа предизвика значајни проблеми во електроснабдувањето во земјата чиј електросистем во голема мера зависи токму од производството струја во нуклеарните централи. Францускиот претседател Емануел Макрон вчера најави дека наредните неколку седмици повторно ќе бидат оперативни 40 реактори, 46 до крајот на јануари. Меѓутоа, таквите планови може да ги пореметат штрајковите на вработените во нуклеарните централи.

The post Франција почна со директни испораки на гас за соседна Германија appeared first on Република.

]]>
Земјите-членки на ЕУ постигнаа договор за планот за гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zemjite-chlenki-na-eu-postignaa-dogovor-za-planot-za-gas/ Tue, 26 Jul 2022 07:41:28 +0000 https://republika.mk/?p=533238

Земјите-членки на ЕУ договорија итен план за гас што има за цел да го ублажи влијанието од потенцијален целосен прекин на испораките на руски гас, јави ДПА.

Планот предвидува намалување од 15 отсто на потрошувачката на природен гас на земјите-членки меѓу 1 август 2022 година и 31 март 2023 година, изјавија дипломати за ДПА.

Дополнително, ќе се создаде механизам за активирање на алармирање на целиот блок во случај на голем недостиг на гас и за спроведување на обврзувачки цели за штедење.

The post Земјите-членки на ЕУ постигнаа договор за планот за гас appeared first on Република.

]]>

Земјите-членки на ЕУ договорија итен план за гас што има за цел да го ублажи влијанието од потенцијален целосен прекин на испораките на руски гас, јави ДПА. Планот предвидува намалување од 15 отсто на потрошувачката на природен гас на земјите-членки меѓу 1 август 2022 година и 31 март 2023 година, изјавија дипломати за ДПА. Дополнително, ќе се создаде механизам за активирање на алармирање на целиот блок во случај на голем недостиг на гас и за спроведување на обврзувачки цели за штедење.

The post Земјите-членки на ЕУ постигнаа договор за планот за гас appeared first on Република.

]]>
Гаспром најави прекин на испораките на гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gasprom-najavi-prekin-na-isporakite-na-gas/ Sun, 19 Jun 2022 08:02:18 +0000 https://republika.mk/?p=517113

Во периодот од 21 до 28 јуни годинава ќе биде прекината испораката на гас преку Турски тек поради редовно одржување на гасоводот, соопшти денеска Газпром.

Суспендирањето на транспортот на гас е навремено договорено со сите заинтересирани страни, објави Гаспром на Телеграм, пренесе Спутник.

Проектниот капацитет на рускиот извозен гасовод Турски тек е 31,5 милијарди кубни метри гас годишно, а е наменет за испорака на гас во Турција и земјите од јужна и југоисточна Европа.

Според Гаспром, транспортот на гас преку двата крака на гасоводот Турски тек ќе биде привремено прекинат во периодот од 21 до 28 јуни 2022 година, поради планираното превентивно одржување.

The post Гаспром најави прекин на испораките на гас appeared first on Република.

]]>

Во периодот од 21 до 28 јуни годинава ќе биде прекината испораката на гас преку Турски тек поради редовно одржување на гасоводот, соопшти денеска Газпром.
Суспендирањето на транспортот на гас е навремено договорено со сите заинтересирани страни, објави Гаспром на Телеграм, пренесе Спутник. Проектниот капацитет на рускиот извозен гасовод Турски тек е 31,5 милијарди кубни метри гас годишно, а е наменет за испорака на гас во Турција и земјите од јужна и југоисточна Европа.
Според Гаспром, транспортот на гас преку двата крака на гасоводот Турски тек ќе биде привремено прекинат во периодот од 21 до 28 јуни 2022 година, поради планираното превентивно одржување.

The post Гаспром најави прекин на испораките на гас appeared first on Република.

]]>
Германија по обвинувањата дека доцни испораката на оружје за Украина: Не соопштивме точен датум https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-po-obvinuvanjata-deka-docni-isporakata-na-oruzje-za-ukraina-ne-soopshtivme-tochen-datum/ Wed, 08 Jun 2022 15:51:51 +0000 https://republika.mk/?p=512777

Германија никогаш не го објави точниот датум кога ќе испорача оружје на Украина, изјави денеска портпаролот на германската влада, реагирајќи на наводите за доцнење.

Јасно е дека сè што најавивме и решивме да го испорачаме, сакаме да го испорачаме што е можно поскоро - додаде тој.

Германија сè уште не добила барање од Шпанија за испорака на тенкови Леопард, кои Мадрид сака да ги испорача на Украина, додаде портпаролот.

The post Германија по обвинувањата дека доцни испораката на оружје за Украина: Не соопштивме точен датум appeared first on Република.

]]>

Германија никогаш не го објави точниот датум кога ќе испорача оружје на Украина, изјави денеска портпаролот на германската влада, реагирајќи на наводите за доцнење.
Јасно е дека сè што најавивме и решивме да го испорачаме, сакаме да го испорачаме што е можно поскоро - додаде тој.
Германија сè уште не добила барање од Шпанија за испорака на тенкови Леопард, кои Мадрид сака да ги испорача на Украина, додаде портпаролот.

The post Германија по обвинувањата дека доцни испораката на оружје за Украина: Не соопштивме точен датум appeared first on Република.

]]>
Се зголемија барањата за испораки на руски гас во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-zgolemija-baranjata-za-isporaki-na-ruski-gas-vo-evropa/ Mon, 02 May 2022 08:45:03 +0000 https://republika.mk/?p=496235

Побарувачката за испораки на руски гас за Европа преку Украина денеска се зголемија, покажуваат податоците на украинскиот оператор на гасоводот, пренесe Ројтерс.

Според податоците, барањата за испораки во понеделникот изнесувале 98,8 милиони кубни метри, наспроти 97,2 милиони кубни метри во неделата.

Барањата за испораки во понеделникот изнесуваат 98,8 милиони кубни метри.

The post Се зголемија барањата за испораки на руски гас во Европа appeared first on Република.

]]>

Побарувачката за испораки на руски гас за Европа преку Украина денеска се зголемија, покажуваат податоците на украинскиот оператор на гасоводот, пренесe Ројтерс. Според податоците, барањата за испораки во понеделникот изнесувале 98,8 милиони кубни метри, наспроти 97,2 милиони кубни метри во неделата. Барањата за испораки во понеделникот изнесуваат 98,8 милиони кубни метри.

The post Се зголемија барањата за испораки на руски гас во Европа appeared first on Република.

]]>
Песков: Русија може да ја стопира испораката на гас и за други европски држави https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peskov-rusija-moze-da-ja-stopira-isporakata-na-gas-i-za-drugi-evropski-drzavi/ Wed, 27 Apr 2022 12:54:51 +0000 https://republika.mk/?p=494303

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија, по Полска и Бугарија, би можела да ја стопира испораката на гас и за другите европски купувачи ако и тие одбијат да плаќаат во рубљи.

Според Песков, руското барање за плаќање на гасот во рубљи е резултат на западните санкции односно на замрзнувањето на рускиот имот.

Западот го украде имотот на Русија во непријателска акција без преседан - посочи Песков.

Тој додаде дека одбивањето да се плаќа во рубљи ја одразува желбата на Западот „да ја казни Русија по секоја цена, на штета на сопствените потрошувачи, даночните обврзници и производителите“.

Според Песков стопирањето на доставата на гас на Бугарија и на Полска не претставува уцена.

Русија и понатаму е сигурен снабдувач со енергенси ресурси и ги почитува договорените обврски, наведе Песков, додавајќи дека барањето за плаќање во рубљи е чисто техничко и оти не се менува цената и другите услови од договорот.

The post Песков: Русија може да ја стопира испораката на гас и за други европски држави appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија, по Полска и Бугарија, би можела да ја стопира испораката на гас и за другите европски купувачи ако и тие одбијат да плаќаат во рубљи. Според Песков, руското барање за плаќање на гасот во рубљи е резултат на западните санкции односно на замрзнувањето на рускиот имот.
Западот го украде имотот на Русија во непријателска акција без преседан - посочи Песков.
Тој додаде дека одбивањето да се плаќа во рубљи ја одразува желбата на Западот „да ја казни Русија по секоја цена, на штета на сопствените потрошувачи, даночните обврзници и производителите“. Според Песков стопирањето на доставата на гас на Бугарија и на Полска не претставува уцена. Русија и понатаму е сигурен снабдувач со енергенси ресурси и ги почитува договорените обврски, наведе Песков, додавајќи дека барањето за плаќање во рубљи е чисто техничко и оти не се менува цената и другите услови од договорот.

The post Песков: Русија може да ја стопира испораката на гас и за други европски држави appeared first on Република.

]]>
Русија нема да ја прекине испораката на гас кон Европа, барем засега https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-nema-da-ja-prekine-isporakata-na-gas-kon-evropa-barem-zasega/ Fri, 01 Apr 2022 11:32:32 +0000 https://republika.mk/?p=481911

Русија нема од денес да ја укине испораката на гас кон Европа бидејќи плаќањето за гасот кој е испорачан по 1 април, стигнува во втората половина на месецот и во мај, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

Истакна дека уредбата на рускиот претседател Владими Путин плаќањето да се врши во рубљи е неповратно, како и дека во моментов, според ставот на Русија, најдобра и најсигурна валута за плаќање е токму рубљата.

Руската енергетска компанија „Гаспром“ навела дека почнале да ги известуваат клиентите за новите руски правила. Посочуваат дека ќе останат одговорен партнер и ќе обезбедат залихи од гас.

 

The post Русија нема да ја прекине испораката на гас кон Европа, барем засега appeared first on Република.

]]>

Русија нема од денес да ја укине испораката на гас кон Европа бидејќи плаќањето за гасот кој е испорачан по 1 април, стигнува во втората половина на месецот и во мај, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков. Истакна дека уредбата на рускиот претседател Владими Путин плаќањето да се врши во рубљи е неповратно, како и дека во моментов, според ставот на Русија, најдобра и најсигурна валута за плаќање е токму рубљата. Руската енергетска компанија „Гаспром“ навела дека почнале да ги известуваат клиентите за новите руски правила. Посочуваат дека ќе останат одговорен партнер и ќе обезбедат залихи од гас.  

The post Русија нема да ја прекине испораката на гас кон Европа, барем засега appeared first on Република.

]]>
Испорака на договорената пченица во регионот во најкраток рок, најавува Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/isporaka-na-dogovorenata-pchenica-vo-regionot-vo-najkratok-rok-najavuva-srbija/ Tue, 15 Mar 2022 10:29:06 +0000 https://republika.mk/?p=473065

Договорените количества пченица и пченка за извоз во земјите од регионот пред неговата забрана, ќе се реализираат во најбрз можен рок, се наведува денеска на веб-страницата на Министерството за земјоделство, шумарство. и водостопанство на Србија.

Врз основа на договорот меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама, утрово во Белград беше организирана средба на министрите за земјоделство на двете земји Бранислав Недимовиќ и Фрида Крифца.

Договорените количества пченица и пченка, пред забраната за извоз, ќе се реализираат во најбрз можен рок, соопшти српското Министерство за земјоделство.

Во соопштението се додава дека земјите од Иницијативата Отворен Балкан, како и другите соседни земји, можат да сметаат на Србија како доверлив партнер во време на големи предизвици во прехранбениот сектор.

The post Испорака на договорената пченица во регионот во најкраток рок, најавува Србија appeared first on Република.

]]>

Договорените количества пченица и пченка за извоз во земјите од регионот пред неговата забрана, ќе се реализираат во најбрз можен рок, се наведува денеска на веб-страницата на Министерството за земјоделство, шумарство. и водостопанство на Србија. Врз основа на договорот меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама, утрово во Белград беше организирана средба на министрите за земјоделство на двете земји Бранислав Недимовиќ и Фрида Крифца. Договорените количества пченица и пченка, пред забраната за извоз, ќе се реализираат во најбрз можен рок, соопшти српското Министерство за земјоделство. Во соопштението се додава дека земјите од Иницијативата Отворен Балкан, како и другите соседни земји, можат да сметаат на Србија како доверлив партнер во време на големи предизвици во прехранбениот сектор.

The post Испорака на договорената пченица во регионот во најкраток рок, најавува Србија appeared first on Република.

]]>