испишани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ispishani/ За подобро да се разбереме Tue, 07 Feb 2023 07:54:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png испишани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ispishani/ 32 32 Над 670 деца за едно полугодие се испишале од училиштата од Македонија, заради СДС се зголемува бројот на иселени“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nad-670-detsa-za-edno-polugodie-se-ispishale-od-uchilishtata-od-makedonija-zaradi-sds-se-zgolemuva-brojot-na-iseleni/ Tue, 07 Feb 2023 07:54:56 +0000 https://republika.mk/?p=605761

Катастрофалните политики на СДС и Димитар Ковачевски ја празнат Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Драстично расте бројот на иселени млади од државата во потрага по подобар животен стандард и услови. Само во првото полугодие се испишале повеќе од 670 ученици, односно 150 деца од училиштата во Штип и Кочани. Во Куманово 180 деца, додека од Тетово заминати се над 200 ученици, од Прилеп за само едно полугодие оваа година заминати се повеќе од 130 деца, додека пак 36 ученици се испишале од Кавадарци.

Бројките се фрапантни. Младите единствен спас за подобра иднина гледаат надвор од државата.

Од градиме држава во која младите напредуваат, реториката на СДС треба да гласи носиме штетни политики и забрзано ги иселуваме младите од државата, стои во партиското соопштение и се додава:

„Сите истражувања изминатите 6 години откако СДС и ДУИ се на власт покажуваат големо незадоволство и разочараност кај младите. Една од причините е високата партизација во јавната администрација, катастрофалното образование и здравство, како и не можност за личен напредок и развој на младиот човек во Македонија.

Власта не нуди ниту можност, ниту пак креира политики за младите луѓе. Со СДС и ДУИ се поголем број на млади луѓе својот спас го барат надвор од границите. И затоа се потребни промени и предвремени избори“.

The post Над 670 деца за едно полугодие се испишале од училиштата од Македонија, заради СДС се зголемува бројот на иселени“ appeared first on Република.

]]>

Катастрофалните политики на СДС и Димитар Ковачевски ја празнат Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Драстично расте бројот на иселени млади од државата во потрага по подобар животен стандард и услови. Само во првото полугодие се испишале повеќе од 670 ученици, односно 150 деца од училиштата во Штип и Кочани. Во Куманово 180 деца, додека од Тетово заминати се над 200 ученици, од Прилеп за само едно полугодие оваа година заминати се повеќе од 130 деца, додека пак 36 ученици се испишале од Кавадарци. Бројките се фрапантни. Младите единствен спас за подобра иднина гледаат надвор од државата. Од градиме држава во која младите напредуваат, реториката на СДС треба да гласи носиме штетни политики и забрзано ги иселуваме младите од државата, стои во партиското соопштение и се додава: „Сите истражувања изминатите 6 години откако СДС и ДУИ се на власт покажуваат големо незадоволство и разочараност кај младите. Една од причините е високата партизација во јавната администрација, катастрофалното образование и здравство, како и не можност за личен напредок и развој на младиот човек во Македонија. Власта не нуди ниту можност, ниту пак креира политики за младите луѓе. Со СДС и ДУИ се поголем број на млади луѓе својот спас го барат надвор од границите. И затоа се потребни промени и предвремени избори“.

The post Над 670 деца за едно полугодие се испишале од училиштата од Македонија, заради СДС се зголемува бројот на иселени“ appeared first on Република.

]]>
Од прилепските училишта во првото полугодие се испишале околу 130 ученици https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-prilepskite-uchilishta-vo-prvoto-polugodie-se-ispishale-okolu-130-uchenitsi/ Thu, 02 Feb 2023 13:45:54 +0000 https://republika.mk/?p=603888

За само првото полугодие, од прилепските училишта се испишале околу 130 ученици и со нивните родители заминале во странство. Ова се бројки кои загрижуваат и трендот се зголемува, вели Гоце Бумбароски, одделенски наставник и советник за млади во општина Прилеп.

Во последниве шест месеци од десет основни и пет средни училишта се испишани околу 130 ученици. Ако ги земеме предвид последните години, овие бројки само се зголемуваат. Ова, навистина е состојба која треба да не замисли сите нас возрасните, заштно ние сме тие кои ги создаваме политиките и ги креираме условите во кои нашите деца и ученици треба да растат и да живеат и да се образоваат, вели Бумбароски.

За Ахил Јаков, директор на прилепското основно училиште „Климент Охридски“, ситуацијата е поразителна. Во првото полугодие, поради иселување, се испишале 22 ученици. Трендот кој е во последните четири години, стана и секојдневен. Бројките се поголеми зашто станува збор за цели семејства.

Од почетокот на оваа учебна година, од септември досега, според статистичките податоци имаме поразителна бројка. Од септември се испишани 22 ученика од нашето училиште и со родителите се заминати во странство. Податоците за последните четири години ја потврдуваат тенденцијата на заминување на учениците со родителите во странство. Лани заминале 14 ученици, а во учебната 2020/21 година заминале 13 ученици. Тенденцијата на заминување почнува од учебната 218/19 кога заминаа 37 ученици, а наредната 2019/20 учебна година заминаа 27 деца. Досега вкупно 113 ученици се испишале за четири години. Овие бројки значат многу повеќе зашто секој ученик поврзува цело семејство. Конкретно, денеска примив родители кои испишаа 5 ученика, а за неполна недела се веќе 7 испишани ученици поради преселување во странство, вели Јаков.

Советникот за млади во општина Прилеп, Гоце Бумбароски смета дека мора да нсе најде алтернатива на оваа „безизлезна ситуација“.

Бидејќи и ние наставиците сме родители и секако дека ова е една безизлезна ситуација. Се намалуваат паралелките, а со тоа се намалуваат и можностите да напредуваме како училишта и да создаваме ученици кои во иднина да бидат жители во Македонија и да создаваат вредности заедно со нас, вели Бумбароски.

The post Од прилепските училишта во првото полугодие се испишале околу 130 ученици appeared first on Република.