Исмаил Кадаре Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ismail-kadare/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Jul 2024 10:29:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Исмаил Кадаре Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ismail-kadare/ 32 32 Ден на жалост утре во Косово поради смртта на албанскиот писател Исмаил Кадаре https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/den-na-zhalost-utre-vo-kosovo-poradi-smrtta-na-albanskiot-pisatel-ismail-kadare/ Tue, 02 Jul 2024 10:29:43 +0000 https://republika.mk/?p=792726

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, ја прогласи среда (3 јули) за ден на национална жалост поради смртта на писателот Исмаил Кадаре.

Кабинетот на Османи соопшти дека среда е прогласена за ден на жалост, на денот кога ќе се изврши неговиот погреб.

На Државниот протокол му е наложено да ги преземе потребните активности.

„Претседателката Османи, во јуни минатата година, го одликува писателот Кадаре со Орденот „Хасан Приштина“, меѓу највисоките признанија што Република Косово ги доделува на најистакнатите личности на нацијата. Претседателката во август го објави указот со кој светски познатиот албански писател Исмаил Кадаре доби државјанство на Република Косово“, се наведува во соопштението од кабинетот на Османи.

Денешниот и утрешниот ден се прогласени за денови на жалост и во Албанија.иа/ сд/

 

The post Ден на жалост утре во Косово поради смртта на албанскиот писател Исмаил Кадаре appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, ја прогласи среда (3 јули) за ден на национална жалост поради смртта на писателот Исмаил Кадаре. Кабинетот на Османи соопшти дека среда е прогласена за ден на жалост, на денот кога ќе се изврши неговиот погреб. На Државниот протокол му е наложено да ги преземе потребните активности. „Претседателката Османи, во јуни минатата година, го одликува писателот Кадаре со Орденот „Хасан Приштина“, меѓу највисоките признанија што Република Косово ги доделува на најистакнатите личности на нацијата. Претседателката во август го објави указот со кој светски познатиот албански писател Исмаил Кадаре доби државјанство на Република Косово“, се наведува во соопштението од кабинетот на Османи. Денешниот и утрешниот ден се прогласени за денови на жалост и во Албанија.иа/ сд/  

The post Ден на жалост утре во Косово поради смртта на албанскиот писател Исмаил Кадаре appeared first on Република.

]]>
Во Албанија дводневна жалост за Исмаил Кадаре https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-albanija-dvodnevna-zhalost-za-ismail-kadare/ Tue, 02 Jul 2024 07:42:13 +0000 https://republika.mk/?p=792560

Албанската влада прогласи дводневна жалост во знак на почит кон најголемиот албански писател Исмаил Кадаре, кој вчера на 88-годишна возраст почина во Универзитетската болница во Тирана.

Денеска и утре (2 и 3 јули) ќе бидат денови на национална жалост, а знамињата на државните и јавните институции ќе бидат спуштени на половина копје.

-Во среда, 3 јули, во Националниот театар за опера и балет во Тирана, од 9:00 до 11:00 часот, ќе се одржат јавни почести и државна церемонија. Истиот ден во 13 часот, во негова чест, ќе бидат прекинати сите активности и ќе има едноминутно молчење во целата земја, објави Топ чанел.

За организација на оддавање на последна почит и државната церемонија се формира посебна државна комисија под надзор на премиерот Еди Рама.

Трошоците се на товар на Министерството за економија, култура и иновации.

Кадаре е еден од најбрилијантните современи писатели, добитник е на многу меѓународни награди а неколкупати е номиниран за „Нобеловата“ награда за литература. Најпознато дело му е "Генералот на мртвата војска".

Неговите дела се преведени на околу 45 различни јазици, со што е главен претставник на албанската литература ширум светот.

Во есента 1990 година, Исмаил Кадаре решил да ја напушти Албанија и да остане во Париз. Писателот во тоа време ваквото заминување го оправдувал со „недостигот на демократски промени“.

Поголемиот дел од последните две години со сопругата Елена го минуваше во неговиот роден град Ѓирокастро. вт/сд/

 

The post Во Албанија дводневна жалост за Исмаил Кадаре appeared first on Република.

]]>

Албанската влада прогласи дводневна жалост во знак на почит кон најголемиот албански писател Исмаил Кадаре, кој вчера на 88-годишна возраст почина во Универзитетската болница во Тирана. Денеска и утре (2 и 3 јули) ќе бидат денови на национална жалост, а знамињата на државните и јавните институции ќе бидат спуштени на половина копје. -Во среда, 3 јули, во Националниот театар за опера и балет во Тирана, од 9:00 до 11:00 часот, ќе се одржат јавни почести и државна церемонија. Истиот ден во 13 часот, во негова чест, ќе бидат прекинати сите активности и ќе има едноминутно молчење во целата земја, објави Топ чанел. За организација на оддавање на последна почит и државната церемонија се формира посебна државна комисија под надзор на премиерот Еди Рама. Трошоците се на товар на Министерството за економија, култура и иновации. Кадаре е еден од најбрилијантните современи писатели, добитник е на многу меѓународни награди а неколкупати е номиниран за „Нобеловата“ награда за литература. Најпознато дело му е "Генералот на мртвата војска". Неговите дела се преведени на околу 45 различни јазици, со што е главен претставник на албанската литература ширум светот. Во есента 1990 година, Исмаил Кадаре решил да ја напушти Албанија и да остане во Париз. Писателот во тоа време ваквото заминување го оправдувал со „недостигот на демократски промени“. Поголемиот дел од последните две години со сопругата Елена го минуваше во неговиот роден град Ѓирокастро. вт/сд/  

The post Во Албанија дводневна жалост за Исмаил Кадаре appeared first on Република.

]]>
Почина славниот албански писател Исмаил Кадаре https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochina-slavniot-albanski-pisatel-ismail-kadare/ Mon, 01 Jul 2024 11:01:07 +0000 https://republika.mk/?p=792378

Познатиот албански писател Исмаил Кадаре почина денеска во болница во Тирана од срцев удар на 88-годишна возраст, јавија албанските медиуми.

Кадаре е роден во Ѓирокастро, на 28 јануари 1936 година. Бил академик, политичар, поранешен пратеник на Народното собрание (1970-’82), потпретседател на Демократскиот фронт и еден од најголемите современи писатели.

Пишуваше главно проза, но неговиот придонес се прошири и на драматургијата, поезијата и преводите.

Започнал да пишува уште кога бил млад, прво поезија, со која станал познат, а потоа проза, станувајќи главен албански прозаист. Неговите дела се преведени на околу 45 различни јазици, со што е главен претставник на албанската литература ширум светот. Тој е еден од најбрилијантните современи писатели, неколкупати номиниран за Нобеловата награда за литература. Најпознато негово дело е „Генералот на мртвата војска”.

Во 1996 година Кадаре стана постојан член на Академијата за морални и политички науки во Франција. Тој е добитник на многу меѓународни награди. Во последните години, тој со сопругата Елена живееа на релација Франција- Албанија.

Во есента 1990 година, Исмаил Кадаре решил да ја напушти Албанија и да остане во Париз. Писателот во тоа време ваквото заминување го оправдувал со „недостигот на демократски промени“.

The post Почина славниот албански писател Исмаил Кадаре appeared first on Република.

]]>

Познатиот албански писател Исмаил Кадаре почина денеска во болница во Тирана од срцев удар на 88-годишна возраст, јавија албанските медиуми. Кадаре е роден во Ѓирокастро, на 28 јануари 1936 година. Бил академик, политичар, поранешен пратеник на Народното собрание (1970-’82), потпретседател на Демократскиот фронт и еден од најголемите современи писатели. Пишуваше главно проза, но неговиот придонес се прошири и на драматургијата, поезијата и преводите. Започнал да пишува уште кога бил млад, прво поезија, со која станал познат, а потоа проза, станувајќи главен албански прозаист. Неговите дела се преведени на околу 45 различни јазици, со што е главен претставник на албанската литература ширум светот. Тој е еден од најбрилијантните современи писатели, неколкупати номиниран за Нобеловата награда за литература. Најпознато негово дело е „Генералот на мртвата војска”. Во 1996 година Кадаре стана постојан член на Академијата за морални и политички науки во Франција. Тој е добитник на многу меѓународни награди. Во последните години, тој со сопругата Елена живееа на релација Франција- Албанија. Во есента 1990 година, Исмаил Кадаре решил да ја напушти Албанија и да остане во Париз. Писателот во тоа време ваквото заминување го оправдувал со „недостигот на демократски промени“.

The post Почина славниот албански писател Исмаил Кадаре appeared first on Република.

]]>