исланд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/island/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 18:47:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png исланд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/island/ 32 32 Седма за една година: Нова ерупција на вулкан на Исланд https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sedma-za-edna-godina-nova-eruptsija-na-vulkan-na-island/ Thu, 21 Nov 2024 20:00:54 +0000 https://republika.mk/?p=840541

На исландскиот полуостров Рејкјанес повторно еруптирал тамошниот вулкан, поради што се евакуирани жителите на градот Гриндавик, јавува телевизијата „РУВ“.

Ова е седма ерупција на вулканот за една година.

Градоначалникот Фанар Јонасон во официјално соопштение ја коментира непредвидливоста на природата, бидејќи се очекува вулканот да акумулира критична количина на магма до крајот на месецот.

The post Седма за една година: Нова ерупција на вулкан на Исланд appeared first on Република.

]]>

На исландскиот полуостров Рејкјанес повторно еруптирал тамошниот вулкан, поради што се евакуирани жителите на градот Гриндавик, јавува телевизијата „РУВ“. Ова е седма ерупција на вулканот за една година. Градоначалникот Фанар Јонасон во официјално соопштение ја коментира непредвидливоста на природата, бидејќи се очекува вулканот да акумулира критична количина на магма до крајот на месецот.

The post Седма за една година: Нова ерупција на вулкан на Исланд appeared first on Република.

]]>
Исланд ќе добива електрична енергија од вселената https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/island-ke-dobiva-elektrichna-energija-od-vselenata/ Tue, 19 Nov 2024 15:30:23 +0000 https://republika.mk/?p=839663

До 2030 година, Исланд би можел да стане првата земја во светот која ќе добива енергија од фотоволтаици директно од вселената. Пионерскиот проект изнедрен од соработката помеѓу British Space Solar и локалните компании Reykjavik Energy и Transition Labs, има за цел да ги надмине границите на традиционалната технологија (тука на Земјата), а пред сè, да ја елиминира интермитенцијата предизвикана од временските услови.

Системот ќе собира сончева светлина преку панели инсталирани на сателити поставени во орбитата на Земјата. Потоа енергијата, претворена во радио бранови со висока фреквенција, ќе се пренесува до станиците на Земјата каде одново ќе се трансформира во чиста електрична енергија. Системот, со почетен капацитет од 30 мегавати, ќе работи 24 часа, обезбедувајќи непрекинато снабдување со електрична енергија.

Станува збор за револуционерна технологија. Наместо да зависи од присуството на сонце на небото, како што тоа е случај со ‘терестријалните ’ фотонапонски панели, новиот систем ќе ја искористува сончевата енергијата директно во вселената, каде нема пречки од типот на облаци или ноќна темнина (со оглед на поставеноста на панелите во однос на површината на Земјата). Ова би овозможило континуирана достапност на електрична енергија, со конкурентни трошоци во споредба со ‘традиционалните’ обновливи извори.

Исландската компанија Рејкјавик енерџи гледа можност со овој проект да придонесе за целите на својата земја кон нула емисии на стакленички гасови (net zero). Нивната соработка со британската компанија може да поттикне промена на парадигмата за целиот сектор на обновливи извори, дури и надвор од островот на глечери и вулкани.

Поради растечката глобална побарувачка за обновлива енергија, освен за Исланд, се разгледуваат и други приемни станици за ‘вселенска електрична енергија’, во Канада и во северна Јапонија. Првиот сателит ќе претставува еден од најимпресивните објекти во орбитата по вселенските станици.И иско патеката на движење поставува сложени инженерски предизвици, напредокот во доменот на модуларната технологија, којшто се проучува е ветувачки.

Степенот на придобивки поврзани со овој подвиг е разработен во истражувањата на Империал колеџот во Лондон, кои проценуваат дека 8 GW сончева енергија од вселената би можеле да ги намалат годишните трошоци во секторот за целото Обединето Кралство за околу 4 милијарди британски фунти.

Лансирањето на првата ‘вселенска централа’ е само почеток. Всушност, планирано е проширување на почетниот капацитет од 30 мегавати и надминување на гигаватниот праг до 2036 година. Ова би можело да донесе потенцијална револуција во снабдувањето со обновливи извори на енергија за целата планета. Соработката со компании од различни земји е подеднакво значаен чекор кон оваа визија, што ќе му понуди на Исланд уште еден постојан и одржлив извор на енергија.

The post Исланд ќе добива електрична енергија од вселената appeared first on Република.

]]>

До 2030 година, Исланд би можел да стане првата земја во светот која ќе добива енергија од фотоволтаици директно од вселената. Пионерскиот проект изнедрен од соработката помеѓу British Space Solar и локалните компании Reykjavik Energy и Transition Labs, има за цел да ги надмине границите на традиционалната технологија (тука на Земјата), а пред сè, да ја елиминира интермитенцијата предизвикана од временските услови. Системот ќе собира сончева светлина преку панели инсталирани на сателити поставени во орбитата на Земјата. Потоа енергијата, претворена во радио бранови со висока фреквенција, ќе се пренесува до станиците на Земјата каде одново ќе се трансформира во чиста електрична енергија. Системот, со почетен капацитет од 30 мегавати, ќе работи 24 часа, обезбедувајќи непрекинато снабдување со електрична енергија. Станува збор за револуционерна технологија. Наместо да зависи од присуството на сонце на небото, како што тоа е случај со ‘терестријалните ’ фотонапонски панели, новиот систем ќе ја искористува сончевата енергијата директно во вселената, каде нема пречки од типот на облаци или ноќна темнина (со оглед на поставеноста на панелите во однос на површината на Земјата). Ова би овозможило континуирана достапност на електрична енергија, со конкурентни трошоци во споредба со ‘традиционалните’ обновливи извори. Исландската компанија Рејкјавик енерџи гледа можност со овој проект да придонесе за целите на својата земја кон нула емисии на стакленички гасови (net zero). Нивната соработка со британската компанија може да поттикне промена на парадигмата за целиот сектор на обновливи извори, дури и надвор од островот на глечери и вулкани. Поради растечката глобална побарувачка за обновлива енергија, освен за Исланд, се разгледуваат и други приемни станици за ‘вселенска електрична енергија’, во Канада и во северна Јапонија. Првиот сателит ќе претставува еден од најимпресивните објекти во орбитата по вселенските станици.И иско патеката на движење поставува сложени инженерски предизвици, напредокот во доменот на модуларната технологија, којшто се проучува е ветувачки. Степенот на придобивки поврзани со овој подвиг е разработен во истражувањата на Империал колеџот во Лондон, кои проценуваат дека 8 GW сончева енергија од вселената би можеле да ги намалат годишните трошоци во секторот за целото Обединето Кралство за околу 4 милијарди британски фунти. Лансирањето на првата ‘вселенска централа’ е само почеток. Всушност, планирано е проширување на почетниот капацитет од 30 мегавати и надминување на гигаватниот праг до 2036 година. Ова би можело да донесе потенцијална револуција во снабдувањето со обновливи извори на енергија за целата планета. Соработката со компании од различни земји е подеднакво значаен чекор кон оваа визија, што ќе му понуди на Исланд уште еден постојан и одржлив извор на енергија.

The post Исланд ќе добива електрична енергија од вселената appeared first on Република.

]]>
Зеленски замина на Исланд, ќе разговара за неговиот План за победа против Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-zamina-na-island-ke-razgovara-za-negoviot-plan-za-pobeda-protiv-rusija/ Mon, 28 Oct 2024 18:52:02 +0000 https://republika.mk/?p=831811

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Исланд за да разговара за неговиот „план за победа“, како и за билатералната соработка.

Ја одбележувам мојата прва работна посета на Исланд, каде што ќе учествувам на четвртиот самит од форматот „Украина плус Cеверна Европа“ и ќе имам билатерални разговори“, напиша Зеленски на социјалната платформа Икс.

Тој додаде дека фокусот на разговорите ќе биде ставен на финансирањето на националното производство на оружје, способностите за гаѓање од долг дострел и воените кампови за обука на украинските сили.

The post Зеленски замина на Исланд, ќе разговара за неговиот План за победа против Русија appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Исланд за да разговара за неговиот „план за победа“, како и за билатералната соработка.
Ја одбележувам мојата прва работна посета на Исланд, каде што ќе учествувам на четвртиот самит од форматот „Украина плус Cеверна Европа“ и ќе имам билатерални разговори“, напиша Зеленски на социјалната платформа Икс.
Тој додаде дека фокусот на разговорите ќе биде ставен на финансирањето на националното производство на оружје, способностите за гаѓање од долг дострел и воените кампови за обука на украинските сили.

The post Зеленски замина на Исланд, ќе разговара за неговиот План за победа против Русија appeared first on Република.

]]>
Шеста ерупција на вулкан на Исланд од декември https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shesta-eruptsija-na-vulkan-na-island-od-dekemvri/ Fri, 23 Aug 2024 07:21:41 +0000 https://republika.mk/?p=809266

Вулкан на југозападот на Исланд, на полуостровот Рејкјанес, повторно еруптираше синоќа, шести пат од декември, исфрлајќи лава. Ерупцијата започна по 21 часот, по серија силни земјотреси. Исландските власти соопштија дека ерупцијата не претставува закана за населението.

Началникот за временски прилики и клима во Норвешката метеоролошка агенција, Халдор Бјорнсон, за исландскиот новински портал „Висир“ изјави дека, за разлика од претходните ерупции, токот на лавата не оди кон градот Гриндавик, кој беше евакуиран во декември кога дојде до ерупција по 800 години мирување на вулканот.

Геофизичарот Магнус Тума Гудмундсон изјави дека Гриндавик не е во опасност и дека се очекува ерупцијата да достигне врв и потоа да почне да слабее како и претходните.

Не се очекува ерупцијата да влијае на авионскиот сообраќај.

The post Шеста ерупција на вулкан на Исланд од декември appeared first on Република.

]]>

Вулкан на југозападот на Исланд, на полуостровот Рејкјанес, повторно еруптираше синоќа, шести пат од декември, исфрлајќи лава. Ерупцијата започна по 21 часот, по серија силни земјотреси. Исландските власти соопштија дека ерупцијата не претставува закана за населението. Началникот за временски прилики и клима во Норвешката метеоролошка агенција, Халдор Бјорнсон, за исландскиот новински портал „Висир“ изјави дека, за разлика од претходните ерупции, токот на лавата не оди кон градот Гриндавик, кој беше евакуиран во декември кога дојде до ерупција по 800 години мирување на вулканот. Геофизичарот Магнус Тума Гудмундсон изјави дека Гриндавик не е во опасност и дека се очекува ерупцијата да достигне врв и потоа да почне да слабее како и претходните. Не се очекува ерупцијата да влијае на авионскиот сообраќај.

The post Шеста ерупција на вулкан на Исланд од декември appeared first on Република.

]]>
Младите кошаркари поразени од Исланд, следната сезона ќе настапуваат во „Б“ дивизијата https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/mladite-kosharkari-porazeni-od-island-slednata-sezona-ke-nastapuvaat-vo-b-divizijata/ Sat, 20 Jul 2024 13:57:03 +0000 https://republika.mk/?p=798751

Во натпреварот за пласман од 13. до 16. позиција на Европското првенство во Полска, македонската машка кошаркарска селекција под 20 години загуби од селекцијата на Исланд со убедливи 116:87.

Натпреварот беше последна шанса во битката за да се избегнат последните три позиции на првенството кои водат кон преселба во „Б“ дивизијата.

Одбраната беше сериозен проблем во играта на Македонија, а во третата четвртина за само осум минути дозволивме Исланд да постигне неверојатни 37 поени.

Шошкиќ заврши со 19 поени и пет асистенции, Јовановиќ заврши со 17 поени, три скока и две додавања, Иванов имаше 15 коша и пет скока, а Симиќ додаде 11 поени и осум скока.

Во последниот меч од турнирот во Гдиња, во недела нė чека поразениот од натпреварот меѓу Турција и Црна Гора за избегнување на последното место на ова ЕП.

The post Младите кошаркари поразени од Исланд, следната сезона ќе настапуваат во „Б“ дивизијата appeared first on Република.

]]>

Во натпреварот за пласман од 13. до 16. позиција на Европското првенство во Полска, македонската машка кошаркарска селекција под 20 години загуби од селекцијата на Исланд со убедливи 116:87. Натпреварот беше последна шанса во битката за да се избегнат последните три позиции на првенството кои водат кон преселба во „Б“ дивизијата. Одбраната беше сериозен проблем во играта на Македонија, а во третата четвртина за само осум минути дозволивме Исланд да постигне неверојатни 37 поени. Шошкиќ заврши со 19 поени и пет асистенции, Јовановиќ заврши со 17 поени, три скока и две додавања, Иванов имаше 15 коша и пет скока, а Симиќ додаде 11 поени и осум скока. Во последниот меч од турнирот во Гдиња, во недела нė чека поразениот од натпреварот меѓу Турција и Црна Гора за избегнување на последното место на ова ЕП.

The post Младите кошаркари поразени од Исланд, следната сезона ќе настапуваат во „Б“ дивизијата appeared first on Република.

]]>
На Исланд еруптираше уште еден вулкан, прогласена е вонредна состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-island-eruptirashe-ushte-eden-vulkan-proglasena-e-vonredna-sostojba/ Wed, 29 May 2024 18:29:44 +0000 https://republika.mk/?p=782913

Во близина на исландскиот крајбрежен град Гриндавик еруптираше уште еден вулкан, поради што локалните власти прогласија вонредна состојба.

Тоа е петта вулканска ерупција во регионот од декември. По бројните земјотреси во истата област и огромниот притисок создаден под земја, попладнето избувна ерупција во близина на Сунднук, место северно од Гриндавик, објави исландската телевизија RUV.

Кристин Јонсдотир, геофизичарка од Исландската метеоролошка служба, процени дека пукнатината била долга повеќе од еден километар.

Властите прогласија вонредна состојба.

Ерупцијата дојде неколку часа откако властите наредија евакуација на селото Гриндавик и Сината лагуна, отворен термички базен популарен меѓу туристите.

Таму во средата наутро имало меѓу 700 и 800 посетители.

Гриндавик се наоѓа на полуостровот Рејкјанес, околу 55 километри југозападно од главниот град на Исланд, Рејкјавик.

За време на ерупцијата во јануари, лавата проголтала три куќи на северниот раб на селото Гриндавик, кое има 4.000 жители.

The post На Исланд еруптираше уште еден вулкан, прогласена е вонредна состојба appeared first on Република.

]]>

Во близина на исландскиот крајбрежен град Гриндавик еруптираше уште еден вулкан, поради што локалните власти прогласија вонредна состојба. Тоа е петта вулканска ерупција во регионот од декември. По бројните земјотреси во истата област и огромниот притисок создаден под земја, попладнето избувна ерупција во близина на Сунднук, место северно од Гриндавик, објави исландската телевизија RUV. Кристин Јонсдотир, геофизичарка од Исландската метеоролошка служба, процени дека пукнатината била долга повеќе од еден километар. Властите прогласија вонредна состојба. Ерупцијата дојде неколку часа откако властите наредија евакуација на селото Гриндавик и Сината лагуна, отворен термички базен популарен меѓу туристите. Таму во средата наутро имало меѓу 700 и 800 посетители. Гриндавик се наоѓа на полуостровот Рејкјанес, околу 55 километри југозападно од главниот град на Исланд, Рејкјавик. За време на ерупцијата во јануари, лавата проголтала три куќи на северниот раб на селото Гриндавик, кое има 4.000 жители.

The post На Исланд еруптираше уште еден вулкан, прогласена е вонредна состојба appeared first on Република.

]]>
Вулканската лава уништи десетици згради во исландскиот град Гриндавик https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vulkanskata-lava-unishti-desetitsi-zgradi-vo-islandskiot-grad-grindavik/ Sun, 04 Feb 2024 20:06:51 +0000 https://republika.mk/?p=740307

Вулканската ерупција и лавата што поплави делови од југозападен Исланд уништи десетици згради во малиот рибарски град Гриндавик, пренесува ДПА.

Директорката на Исландската осигурителна компанија за природни катастрофи, Хулда Рагнхеидур Арнадотир, изјави дека досега се добиени повеќе од 400 барања за отштета од жители на Гриндавик.

Градот со околу 3.700 жители почна да се евакуира во ноември по серијата земјотреси за кои, како што подоцна се испостави, ја најавувале силната вулканска ерупција.

Вулканот еруптираше во раните утрински часови на 14 јануари, а набрзо по евакуацијата на населението во близина на градот се појавија бројни пукнатини низ кои почна да продира голема количина лава, кој проодлжи да се излева и во Гриндавик.

Прв пат по речиси половина век, куќи во Исланд беа уништени од големо количество лава. Се проценува дека околу 6,5 милиони кубни метри магма се акумулирале во областа Сварценги, каде што се наоѓа Гриндавик.

Експертите стравуваат од нова голема ерупција на Исланд. На неколку стотици жители на Гриндавик денеска им беше дозволено да се вратат во своите домови на неколку часа за да го земат преостанатиот имот што не бил уништен.

Слична акција е планирана и за понеделник.

The post Вулканската лава уништи десетици згради во исландскиот град Гриндавик appeared first on Република.

]]>

Вулканската ерупција и лавата што поплави делови од југозападен Исланд уништи десетици згради во малиот рибарски град Гриндавик, пренесува ДПА. Директорката на Исландската осигурителна компанија за природни катастрофи, Хулда Рагнхеидур Арнадотир, изјави дека досега се добиени повеќе од 400 барања за отштета од жители на Гриндавик. Градот со околу 3.700 жители почна да се евакуира во ноември по серијата земјотреси за кои, како што подоцна се испостави, ја најавувале силната вулканска ерупција. Вулканот еруптираше во раните утрински часови на 14 јануари, а набрзо по евакуацијата на населението во близина на градот се појавија бројни пукнатини низ кои почна да продира голема количина лава, кој проодлжи да се излева и во Гриндавик. Прв пат по речиси половина век, куќи во Исланд беа уништени од големо количество лава. Се проценува дека околу 6,5 милиони кубни метри магма се акумулирале во областа Сварценги, каде што се наоѓа Гриндавик. Експертите стравуваат од нова голема ерупција на Исланд. На неколку стотици жители на Гриндавик денеска им беше дозволено да се вратат во своите домови на неколку часа за да го земат преостанатиот имот што не бил уништен. Слична акција е планирана и за понеделник.

The post Вулканската лава уништи десетици згради во исландскиот град Гриндавик appeared first on Република.

]]>
По ерупцијата на вулкан во југозападен Исланд, лава тече по улиците на градот Гриндавик https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/po-eruptsijata-na-vulkan-vo-jugozapaden-island-lava-teche-po-ulitsite-na-gradot-grindavik/ Sun, 14 Jan 2024 16:30:17 +0000 https://republika.mk/?p=732996

Во неделата еруптираше вулкан на југозападниот дел на Исланд, соопшти тамошната метеоролошка служба, што е петта ерупција на полуостровот Рејкјанес од 2021 година. Потврдено е дека лава тече кон градот Гриндавик и дека населението е евакуирано.

Ситуацијата по ерупцијата на вулканот станува подраматична. Имено, откако лавата стигнала до нив, почнале да горат две куќи, јавуваат исландските медиуми.

Службите за итни случаи испратија пораки до луѓето да не се приближуваат до Гриндавик. Првата куќа во градот се запали речиси веднаш откако лавата стигна до неа.

За потсетување, претходно денеска беше испратен хеликоптер на крајбрежната стража за да ја процени ситуацијата и точната локација, објави Агенцијата за цивилна заштита по ерупцијата на уште еден вулкан во Исланд.

Ерупцијата започна северно од рибарскиот град Гриндавик.

Лавата тече кон Гриндавик, неколку стотици метри северно од градот – тоа се 400 до 500 метри“, изјави Кристин Јонсдотир од Исландската метеоролошка служба за исландската телевизија RUV.

„Според првите снимки од надзорниот лет на крајбрежната стража, се отвори пукнатина од двете страни на одбранбените структури кои почнаа да се градат северно од Гриндавик“, објави Исландската метеоролошка служба (ИМО), пренесува Скај њуз.

Исландскиот претседател Гудни Јоханесон на социјалната мрежа Х објави дека „градот е успешно евакуиран во текот на ноќта и дека никој не е во опасност“. Тој додаде дека постои можност инфраструктурата да биде оштетена и дека нема прекин на распоредот на летови.

Последната ерупција на полуостровот започна во вулканскиот систем Сварценги на 18 декември по евакуацијата на сите 4.000 жители на градот Гриндавик и затворањето на геотермалната бања Blue Lagoon, популарна туристичка точка.

На крајот Гриндавик беше поштеден бидејќи лавата течела во различен правец од градот.

Лежејќи помеѓу евроазиските и северноамериканските тектонски плочи, двете најголеми на планетата, Исланд е сеизмичко и вулканско жариште на активност бидејќи двете плочи се движат во спротивни насоки.

 

The post По ерупцијата на вулкан во југозападен Исланд, лава тече по улиците на градот Гриндавик appeared first on Република.

]]>

Во неделата еруптираше вулкан на југозападниот дел на Исланд, соопшти тамошната метеоролошка служба, што е петта ерупција на полуостровот Рејкјанес од 2021 година. Потврдено е дека лава тече кон градот Гриндавик и дека населението е евакуирано. Ситуацијата по ерупцијата на вулканот станува подраматична. Имено, откако лавата стигнала до нив, почнале да горат две куќи, јавуваат исландските медиуми. Службите за итни случаи испратија пораки до луѓето да не се приближуваат до Гриндавик. Првата куќа во градот се запали речиси веднаш откако лавата стигна до неа. За потсетување, претходно денеска беше испратен хеликоптер на крајбрежната стража за да ја процени ситуацијата и точната локација, објави Агенцијата за цивилна заштита по ерупцијата на уште еден вулкан во Исланд. Ерупцијата започна северно од рибарскиот град Гриндавик.
Лавата тече кон Гриндавик, неколку стотици метри северно од градот – тоа се 400 до 500 метри“, изјави Кристин Јонсдотир од Исландската метеоролошка служба за исландската телевизија RUV.
„Според првите снимки од надзорниот лет на крајбрежната стража, се отвори пукнатина од двете страни на одбранбените структури кои почнаа да се градат северно од Гриндавик“, објави Исландската метеоролошка служба (ИМО), пренесува Скај њуз. Исландскиот претседател Гудни Јоханесон на социјалната мрежа Х објави дека „градот е успешно евакуиран во текот на ноќта и дека никој не е во опасност“. Тој додаде дека постои можност инфраструктурата да биде оштетена и дека нема прекин на распоредот на летови. Последната ерупција на полуостровот започна во вулканскиот систем Сварценги на 18 декември по евакуацијата на сите 4.000 жители на градот Гриндавик и затворањето на геотермалната бања Blue Lagoon, популарна туристичка точка. На крајот Гриндавик беше поштеден бидејќи лавата течела во различен правец од градот. Лежејќи помеѓу евроазиските и северноамериканските тектонски плочи, двете најголеми на планетата, Исланд е сеизмичко и вулканско жариште на активност бидејќи двете плочи се движат во спротивни насоки.  

The post По ерупцијата на вулкан во југозападен Исланд, лава тече по улиците на градот Гриндавик appeared first on Република.

]]>
Еруптираше вулкан на Исланд, евакуирани 4.000 луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eruptirashe-vulkan-na-island-evakuirani-4-000-luge/ Tue, 19 Dec 2023 07:12:51 +0000 https://republika.mk/?p=724414

Вулкан во југозападен Исланд еруптираше по неколку недели интензивна сеизмичка активност, соопшти Метеоролошката служба на земјата.

На полуостровот Рејкјанес, властите евакуираа речиси 4.000 жители на рибарскиот град Гриндавик и ја затворија блиската геотермална бања Плава лагуна.

„Предупредување: Ерупцијата започна северно од Гриндавик во близина на Хагафел“, објави Метеоролошката канцеларија на својата веб-страница.

Меѓународниот аеродром во Рејкјавик, кој се наоѓа во близина, остана отворен.

„Во моментов нема пречки во пристигнувањата и полетувањата на аеродромот Кефлавик“, се вели на неговата веб-страница.

Во последниве години имаше неколку ерупции на полуостровот во ненаселени области, но се верува дека сегашната ерупција претставува непосредна закана за градот, соопштија властите.

Рејкјанес е вулканско и сеизмичко жариште југозападно од главниот град Рејкјавик. Во март 2021 година, фонтаните од лава еруптираа спектакуларно од пукнатина долга 500-750 метри во земјата во вулканскиот систем Фаградалсфјал.

The post Еруптираше вулкан на Исланд, евакуирани 4.000 луѓе appeared first on Република.

]]>

Вулкан во југозападен Исланд еруптираше по неколку недели интензивна сеизмичка активност, соопшти Метеоролошката служба на земјата. На полуостровот Рејкјанес, властите евакуираа речиси 4.000 жители на рибарскиот град Гриндавик и ја затворија блиската геотермална бања Плава лагуна.
„Предупредување: Ерупцијата започна северно од Гриндавик во близина на Хагафел“, објави Метеоролошката канцеларија на својата веб-страница.
Меѓународниот аеродром во Рејкјавик, кој се наоѓа во близина, остана отворен.
„Во моментов нема пречки во пристигнувањата и полетувањата на аеродромот Кефлавик“, се вели на неговата веб-страница.
Во последниве години имаше неколку ерупции на полуостровот во ненаселени области, но се верува дека сегашната ерупција претставува непосредна закана за градот, соопштија властите. Рејкјанес е вулканско и сеизмичко жариште југозападно од главниот град Рејкјавик. Во март 2021 година, фонтаните од лава еруптираа спектакуларно од пукнатина долга 500-750 метри во земјата во вулканскиот систем Фаградалсфјал.

The post Еруптираше вулкан на Исланд, евакуирани 4.000 луѓе appeared first on Република.

]]>
На Исланд се регистрирани околу 300 земјотреси за еден ден https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-island-se-registrirani-okolu-300-zemjotresi-za-eden-den/ Mon, 27 Nov 2023 16:34:37 +0000 https://republika.mk/?p=716861

Во близина на градот Гриндавик во југозападниот дел на Исланд, вчера се регистрирани околу 300 земјотреси, најмногу околу полноќ, а Исландската метеоролошка служба продолжува да предупредува на „постојаната опасност од непосредна вулканска ерупција“.

Најсилниот од околу 300 земјотреси бил со јачина од три степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на пет километри североисточно од Гриндавик.

Пред две недели, целиот град беше евакуиран откако беше забележана сеизмичка активност предизвикана од магма, предизвикувајќи бројни пукнатини и дупки на улиците на градот, објави „Индипендент“.

Сепак, Метеоролошката служба на островската држава вели дека „сеизмичката активност благо се намалува“ и дека со текот на времето се намалува и веројатноста за вулканска ерупција. Од цивилната заштита на Исланд за лондонскиот весник изјавија дека се уште е опасно во таа област.

Никогаш не сум видел вакво нешто. Вообичаено, имаме неколкуминутно предупредување да излеземе надвор, но со временски услови како денешните, немаме толку време“, рече анонимниот службеник за цивилна заштита.

The post На Исланд се регистрирани околу 300 земјотреси за еден ден appeared first on Република.

]]>

Во близина на градот Гриндавик во југозападниот дел на Исланд, вчера се регистрирани околу 300 земјотреси, најмногу околу полноќ, а Исландската метеоролошка служба продолжува да предупредува на „постојаната опасност од непосредна вулканска ерупција“. Најсилниот од околу 300 земјотреси бил со јачина од три степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на пет километри североисточно од Гриндавик. Пред две недели, целиот град беше евакуиран откако беше забележана сеизмичка активност предизвикана од магма, предизвикувајќи бројни пукнатини и дупки на улиците на градот, објави „Индипендент“. Сепак, Метеоролошката служба на островската држава вели дека „сеизмичката активност благо се намалува“ и дека со текот на времето се намалува и веројатноста за вулканска ерупција. Од цивилната заштита на Исланд за лондонскиот весник изјавија дека се уште е опасно во таа област.
Никогаш не сум видел вакво нешто. Вообичаено, имаме неколкуминутно предупредување да излеземе надвор, но со временски услови како денешните, немаме толку време“, рече анонимниот службеник за цивилна заштита.

The post На Исланд се регистрирани околу 300 земјотреси за еден ден appeared first on Република.

]]>
Снимени неверојатни звуци од продорот на магмата во Исланд: Еве како звучат сеизмичките активности под земја https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/snimeni-neverojatni-zvutsi-od-prodorot-na-magmata-vo-island-eve-kako-zvuchat-seizmichkite-aktivnosti-pod-zemja/ Sun, 19 Nov 2023 12:36:00 +0000 https://republika.mk/?p=703169

Геолошката положба на Исланд во моментов е особено неповолна. Додека вулканот Фаградалсфјал се подготвува да еруптира, стотици земјотреси го тресат полуостровот Рејкјанес секој ден. Благодарение на апликацијата „Earthtunes“ на Универзитетот Нортвестерн, сега е можно да се слушнат оние длабоки сеизмички движења кои секојдневно се случуваат под островот.

Најновата колекција на звуци е снимена минатата недела, на почетокот на ноември 2023 година, од станицата „Global Seismographic Network“. Оваа сеизмичка активност вообичаено не може да се слушне, па научниците ги трансформираат сеизмичките фреквенции во звучни тонови кои се достапни за луѓето.

https://www.youtube.com/watch?si=VXD2VUSuoJJ7vEYc&v=rmL_apikjdw&feature=youtu.be

Тоа што го слушате се 24 часа сеизмички податоци исполнети со сигнали за земјотреси. Огромното мнозинство од овие земјотреси се поврзани со навлегување на магма во кората на областа Фаградалсфјал-Свартсенги-Гриндавик на полуостровот Рејкјанес. Не може да се слушнат сеизмички податоци, нивните фреквенции се премногу ниски. Така, податоците од 24 часа се компресирани во приближно 1,5 минути аудио податоци. Може да се слушне неверојатниот интензитет на земјотресот што се случи ноќта минатиот петок кон сабота, а е поврзан со ново навлегување на магма во кората“, вели Сузан ван дер Ли, сеизмолог на Универзитетот Нортвестерн.

The post Снимени неверојатни звуци од продорот на магмата во Исланд: Еве како звучат сеизмичките активности под земја appeared first on Република.

]]>

Геолошката положба на Исланд во моментов е особено неповолна. Додека вулканот Фаградалсфјал се подготвува да еруптира, стотици земјотреси го тресат полуостровот Рејкјанес секој ден. Благодарение на апликацијата „Earthtunes“ на Универзитетот Нортвестерн, сега е можно да се слушнат оние длабоки сеизмички движења кои секојдневно се случуваат под островот. Најновата колекција на звуци е снимена минатата недела, на почетокот на ноември 2023 година, од станицата „Global Seismographic Network“. Оваа сеизмичка активност вообичаено не може да се слушне, па научниците ги трансформираат сеизмичките фреквенции во звучни тонови кои се достапни за луѓето. https://www.youtube.com/watch?si=VXD2VUSuoJJ7vEYc&v=rmL_apikjdw&feature=youtu.be
Тоа што го слушате се 24 часа сеизмички податоци исполнети со сигнали за земјотреси. Огромното мнозинство од овие земјотреси се поврзани со навлегување на магма во кората на областа Фаградалсфјал-Свартсенги-Гриндавик на полуостровот Рејкјанес. Не може да се слушнат сеизмички податоци, нивните фреквенции се премногу ниски. Така, податоците од 24 часа се компресирани во приближно 1,5 минути аудио податоци. Може да се слушне неверојатниот интензитет на земјотресот што се случи ноќта минатиот петок кон сабота, а е поврзан со ново навлегување на магма во кората“, вели Сузан ван дер Ли, сеизмолог на Универзитетот Нортвестерн.

The post Снимени неверојатни звуци од продорот на магмата во Исланд: Еве како звучат сеизмичките активности под земја appeared first on Република.

]]>
За неколку часа на Исланд регистрирани околу 900 земјотреси, земјата се подготвува за вулканска ерупција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/za-nekolku-chasa-na-island-registrirani-okolu-900-zemjotresi-zemjata-se-podgotvuva-za-vulkanska-eruptsija/ Mon, 13 Nov 2023 16:20:57 +0000 https://republika.mk/?p=701167

Околу 900 земјотреси се регистрирани во јужниот дел на Исланд, во време кога десетици илјади потреси го погодија регионот во изминатите недели, додека земјата се подготвува за евентуална вулканска ерупција.

Поради земјотресите во текот на викендот се евакуирани речиси 4.000 луѓе.

Во моментов се соочуваме со огромна неизвесност: дали ќе има ерупција и, ако е така, каква штета ќе има, изјави раководителот на истражување во Исландската метеоролошка канцеларија, Метју Џејмс Робертс.

Речиси сите 3.800 жители на градот Гриндавика во саботата ги напуштиле своите домови поради земјотресите.

Полуостровот Рејкјанес е вулканско и сеизмолошки жариште југозападно од главниот град на Исланд, Рејкјавик. Лавата се појави во март 2021 година од пукнатина во земјата долга од 500 до 750 метри во вулканскиот систем Фаградалсфјал во покраината Рејкјанес. Вулканската активност во областа траеше шест месеци.

Тринеделна ерупција се случи во август 2022 година во истата област, по што следеше уште една во јули оваа година.

The post За неколку часа на Исланд регистрирани околу 900 земјотреси, земјата се подготвува за вулканска ерупција appeared first on Република.

]]>

Околу 900 земјотреси се регистрирани во јужниот дел на Исланд, во време кога десетици илјади потреси го погодија регионот во изминатите недели, додека земјата се подготвува за евентуална вулканска ерупција. Поради земјотресите во текот на викендот се евакуирани речиси 4.000 луѓе.
Во моментов се соочуваме со огромна неизвесност: дали ќе има ерупција и, ако е така, каква штета ќе има, изјави раководителот на истражување во Исландската метеоролошка канцеларија, Метју Џејмс Робертс.
Речиси сите 3.800 жители на градот Гриндавика во саботата ги напуштиле своите домови поради земјотресите. Полуостровот Рејкјанес е вулканско и сеизмолошки жариште југозападно од главниот град на Исланд, Рејкјавик. Лавата се појави во март 2021 година од пукнатина во земјата долга од 500 до 750 метри во вулканскиот систем Фаградалсфјал во покраината Рејкјанес. Вулканската активност во областа траеше шест месеци. Тринеделна ерупција се случи во август 2022 година во истата област, по што следеше уште една во јули оваа година.

The post За неколку часа на Исланд регистрирани околу 900 земјотреси, земјата се подготвува за вулканска ерупција appeared first on Република.

]]>
Вулканот Етна исфрли лава, вонредна состојба на Исланд поради можна вулканска ерупција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vulkanot-etna-isfrli-lava-vonredna-sostojba-na-island-poradi-mozhna-vulkanska-eruptsija/ Sat, 11 Nov 2023 11:20:36 +0000 https://republika.mk/?p=700508

Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија синоќа исфрли жешка лава, но немаше големо исфрлање пепел, како и извештаи за штети, јави ДПА.

Аеродромот во градот Катанија изутринава продолжи да работи и покрај тоа што италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија го подигна нивото на опасност од жолто на портокалово.

Од далечина, можеше да се види вжештена лава и остатоци, исфрлени нагоре во темнината кои потоа бавно паѓаа по падините на планините. Поактивен бил југоисточниот кратер на вулканот.

Етна е најголемиот активен вулкан во Европа и е висок околу 3.300 метри.

На Исланд, пак, е прогласена вонредна состојба поради опасност од вулканска ерупција.

Мерката беше воведена по серијата земјотреси на полуостровот Рејкјанес, југозападно од островската држава во северниот дел на Атлантскиот Океан. Ова предизвика страв од вулканска ерупција, за која Исландската метеоролошка служба вели дека може да се случи „во рок од неколку дена“.

Развиени се планови за евакуација на околу 4.000 жители на рибарскиот град Гриндавик.

Блиската Сина лагуна, популарна туристичка локација позната по своите геотермални минерални извори, завчера беше затворена како мерка на претпазливост.

Главниот град Рејкјавик се наоѓа на околу 40 километри северно.

Од крајот на минатиот месец на полуостровот Рејкјанес се регистрирани околу 24.000 земјотреси.

Во Исланд има 33 активни вулкански екосистеми - најмногу во цела Европа.

Во својата последна ерупција, во 2010 година, вулканот Ејафјордур практично го запре воздушниот сообраќај во Европа, предизвикувајќи откажување на 100.000 летови и блокирајќи 10 милиони патници.

The post Вулканот Етна исфрли лава, вонредна состојба на Исланд поради можна вулканска ерупција appeared first on Република.

]]>

Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија синоќа исфрли жешка лава, но немаше големо исфрлање пепел, како и извештаи за штети, јави ДПА. Аеродромот во градот Катанија изутринава продолжи да работи и покрај тоа што италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија го подигна нивото на опасност од жолто на портокалово. Од далечина, можеше да се види вжештена лава и остатоци, исфрлени нагоре во темнината кои потоа бавно паѓаа по падините на планините. Поактивен бил југоисточниот кратер на вулканот. Етна е најголемиот активен вулкан во Европа и е висок околу 3.300 метри. На Исланд, пак, е прогласена вонредна состојба поради опасност од вулканска ерупција. Мерката беше воведена по серијата земјотреси на полуостровот Рејкјанес, југозападно од островската држава во северниот дел на Атлантскиот Океан. Ова предизвика страв од вулканска ерупција, за која Исландската метеоролошка служба вели дека може да се случи „во рок од неколку дена“. Развиени се планови за евакуација на околу 4.000 жители на рибарскиот град Гриндавик. Блиската Сина лагуна, популарна туристичка локација позната по своите геотермални минерални извори, завчера беше затворена како мерка на претпазливост. Главниот град Рејкјавик се наоѓа на околу 40 километри северно. Од крајот на минатиот месец на полуостровот Рејкјанес се регистрирани околу 24.000 земјотреси. Во Исланд има 33 активни вулкански екосистеми - најмногу во цела Европа. Во својата последна ерупција, во 2010 година, вулканот Ејафјордур практично го запре воздушниот сообраќај во Европа, предизвикувајќи откажување на 100.000 летови и блокирајќи 10 милиони патници.

The post Вулканот Етна исфрли лава, вонредна состојба на Исланд поради можна вулканска ерупција appeared first on Република.

]]>
Исланд ја затвора Амбасадата во Москва и го зајакнува присуството во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/island-ja-zatvora-ambasadata-vo-moskva-i-go-zajaknuva-prisustvoto-vo-ukraina/ Tue, 01 Aug 2023 17:24:38 +0000 https://republika.mk/?p=667729

Исланд денеска ја затвори својата Амбасада во Москва, со што стана првата европска земја што презеде таква мерка, а во исто време најави дека го засилува своето присуство во Украина.

Сепак, Исланд нагласи дека не станува збор за прекин на дипломатските односи.

Откако ќе се создадат условите, Исланд ќе му даде приоритет на враќањето на активностите на Амбасадата во Москва, се наведува во соопштението на исландското Министерство за надворешни работи.

Во посебна изјава, Министерството наведе дека Исланд планира да го зголеми своето присуство во Украина како знак на солидарност со Киев, сè додека таму трае „нелегитимната руска агресија“.

The post Исланд ја затвора Амбасадата во Москва и го зајакнува присуството во Украина appeared first on Република.

]]>

Исланд денеска ја затвори својата Амбасада во Москва, со што стана првата европска земја што презеде таква мерка, а во исто време најави дека го засилува своето присуство во Украина. Сепак, Исланд нагласи дека не станува збор за прекин на дипломатските односи. Откако ќе се создадат условите, Исланд ќе му даде приоритет на враќањето на активностите на Амбасадата во Москва, се наведува во соопштението на исландското Министерство за надворешни работи. Во посебна изјава, Министерството наведе дека Исланд планира да го зголеми своето присуство во Украина како знак на солидарност со Киев, сè додека таму трае „нелегитимната руска агресија“.

The post Исланд ја затвора Амбасадата во Москва и го зајакнува присуството во Украина appeared first on Република.

]]>
Еруптираше вулкан во Исланд https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eruptirashe-vulkan-vo-island/ Mon, 10 Jul 2023 20:57:56 +0000 https://republika.mk/?p=659875

На полуостровот Рејкјанес во југозападен Исланд, во близина на главниот град Рејкјавик, еруптираше вулкан по интензивна сеизмичка активност во областа, соопшти Метеоролошката служба (ИМО).

Во овој момент, тоа е многу мала ерупција, рече Метју Робертс од одделот за услуги и истражување на ИМО.

Тој додаде дека нема директна непосредна опасност за луѓето кои живеат во регионот.

Ерупцијата беше потврдена во 16:40 часот по Гринич, додаде тој.

Експертите од ИМО ќе проценат точно каде излегува лавата и како се развива ерупцијата во следните часови.

Сликите и преносите во живо на локален медиум покажуваат лава и чад како излеваат од пукнатината во земјата на страната на планината Фаградалсфјал.

The post Еруптираше вулкан во Исланд appeared first on Република.

]]>

На полуостровот Рејкјанес во југозападен Исланд, во близина на главниот град Рејкјавик, еруптираше вулкан по интензивна сеизмичка активност во областа, соопшти Метеоролошката служба (ИМО).
Во овој момент, тоа е многу мала ерупција, рече Метју Робертс од одделот за услуги и истражување на ИМО.
Тој додаде дека нема директна непосредна опасност за луѓето кои живеат во регионот.
Ерупцијата беше потврдена во 16:40 часот по Гринич, додаде тој.
Експертите од ИМО ќе проценат точно каде излегува лавата и како се развива ерупцијата во следните часови. Сликите и преносите во живо на локален медиум покажуваат лава и чад како излеваат од пукнатината во земјата на страната на планината Фаградалсфјал.

The post Еруптираше вулкан во Исланд appeared first on Република.

]]>
Руско МНР: Москва соодветно ќе одговори на „непријателската“ одлука на Исланд да ја затвори својата амбасада https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusko-mnr-moskva-soodvetno-ke-odgovori-na-neprijatelskata-odluka-na-island-da-ja-zatvori-svojata-ambasada/ Sat, 10 Jun 2023 13:30:26 +0000 https://republika.mk/?p=649907

Москва соодветно ќе реагира на „непријателската“ одлука на Исланд да ги намали дипломатските односи со Русија, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

„Секое антируско дејствување од страна на Рејкјавик неизбежно ќе биде проследено со соодветна реакција“, се додава во соопштението.

Исланд вчера објави дека од 1 август на неодредено време ја затвора амбасадата во Москва поради ситуацијата поврзана со конфликтот во Украина. Така, таа стана првата земја што донесе таква одлука.

„Сегашната ситуација едноставно не дозволува малото дипломатско претставништво на нашата земја да работи во Русија“, изјави исландската министерка за надворешни работи Тордис Гилфадотир.

Рејкјавик појасни дека не станува збор за прекин на дипломатските односи. Исланд, со население од околу 375.000 жители, има амбасада во Москва од 1944 година, со прекин во периодот 1951-53 година.

The post Руско МНР: Москва соодветно ќе одговори на „непријателската“ одлука на Исланд да ја затвори својата амбасада appeared first on Република.

]]>

Москва соодветно ќе реагира на „непријателската“ одлука на Исланд да ги намали дипломатските односи со Русија, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
„Секое антируско дејствување од страна на Рејкјавик неизбежно ќе биде проследено со соодветна реакција“, се додава во соопштението.
Исланд вчера објави дека од 1 август на неодредено време ја затвора амбасадата во Москва поради ситуацијата поврзана со конфликтот во Украина. Така, таа стана првата земја што донесе таква одлука.
„Сегашната ситуација едноставно не дозволува малото дипломатско претставништво на нашата земја да работи во Русија“, изјави исландската министерка за надворешни работи Тордис Гилфадотир.
Рејкјавик појасни дека не станува збор за прекин на дипломатските односи. Исланд, со население од околу 375.000 жители, има амбасада во Москва од 1944 година, со прекин во периодот 1951-53 година.

The post Руско МНР: Москва соодветно ќе одговори на „непријателската“ одлука на Исланд да ја затвори својата амбасада appeared first on Република.

]]>