Исламска држава Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/islamska-drzava/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Oct 2024 16:17:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Исламска држава Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/islamska-drzava/ 32 32 Ирак: Во антитерористичка операција убиен е главниот командант на т.н. Исламска држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/irak-vo-antiteroristichka-operatsija-ubien-e-glavniot-komandant-na-t-n-islamska-drzhava/ Tue, 22 Oct 2024 16:17:38 +0000 https://republika.mk/?p=829966

Ирачкиот премиер Мухамед Шиа Ал-Судани денеска соопшти дека главниот командант на терористичката група „Исламска држава“ (ИД) во Ирак е убиен.

Според него, самопрогласениот гувернер на Ирак и уште осум терористи биле убиени за време на антитерористичка операција во планините Хамрин, на североистокот од земјата.

Нема место за терористите во Ирак, и ние ќе ги прогонуваме до нивните скривалишта и ќе ги елиминираме додека земјата не се исчисти од нив и нивните злосторства, изјави Ал-Судани.

ИД ја презеде контролата врз провинциите Мосул, Салах Ал-Дин и Ал-Анбар, како и делови од Дијала и Киркук во јуни 2014 година. Овие подрачја беа повторно заземени во наредните години. Поранешниот ирачки премиер, Хајдер Ал-Абади, во декември 2017 година прогласи победа над групата.

И покрај тоа што поминаа седум години од протерувањето на ИД од Ирак, групата продолжува со напади во руралните области на неколку провинции.

The post Ирак: Во антитерористичка операција убиен е главниот командант на т.н. Исламска држава appeared first on Република.

]]>

Ирачкиот премиер Мухамед Шиа Ал-Судани денеска соопшти дека главниот командант на терористичката група „Исламска држава“ (ИД) во Ирак е убиен. Според него, самопрогласениот гувернер на Ирак и уште осум терористи биле убиени за време на антитерористичка операција во планините Хамрин, на североистокот од земјата.
Нема место за терористите во Ирак, и ние ќе ги прогонуваме до нивните скривалишта и ќе ги елиминираме додека земјата не се исчисти од нив и нивните злосторства, изјави Ал-Судани.
ИД ја презеде контролата врз провинциите Мосул, Салах Ал-Дин и Ал-Анбар, како и делови од Дијала и Киркук во јуни 2014 година. Овие подрачја беа повторно заземени во наредните години. Поранешниот ирачки премиер, Хајдер Ал-Абади, во декември 2017 година прогласи победа над групата. И покрај тоа што поминаа седум години од протерувањето на ИД од Ирак, групата продолжува со напади во руралните области на неколку провинции.

The post Ирак: Во антитерористичка операција убиен е главниот командант на т.н. Исламска држава appeared first on Република.

]]>
Американската војска соопшти дека се убиени четворица водачи на Исламска држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanskata-vojska-soopshti-deka-se-ubieni-chetvoritsa-vodachi-na-islamska-drzhava/ Sat, 14 Sep 2024 06:50:32 +0000 https://republika.mk/?p=816234

Американската армија соопшти дека, во координација со ирачките безбедносни сили, извршила напад во западен Ирак во кој се убиени четворица водачи на групата Исламска држава, вклучително и шефот на операциите во таа земја.

Оваа операција беше насочена кон лидерите на Исламската држава и ги наруши и намали нејзините можности да организира и спроведува операции, соопшти командата на американската војска за Блискиот Исток.

Се додава дека во акцијата што била изведена на крајот на август биле убиени вкупно 14 членови на Исламска држава.

The post Американската војска соопшти дека се убиени четворица водачи на Исламска држава appeared first on Република.

]]>

Американската армија соопшти дека, во координација со ирачките безбедносни сили, извршила напад во западен Ирак во кој се убиени четворица водачи на групата Исламска држава, вклучително и шефот на операциите во таа земја.
Оваа операција беше насочена кон лидерите на Исламската држава и ги наруши и намали нејзините можности да организира и спроведува операции, соопшти командата на американската војска за Блискиот Исток.
Се додава дека во акцијата што била изведена на крајот на август биле убиени вкупно 14 членови на Исламска држава.

The post Американската војска соопшти дека се убиени четворица водачи на Исламска држава appeared first on Република.

]]>
Спречен терористички напад во Истанбул од страна на „Исламска држава“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sprechen-teroristichki-napad-vo-istanbul-od-strana-na-islamska-drzhava/ Fri, 30 Aug 2024 19:54:40 +0000 https://republika.mk/?p=811694

Турската полиција денеска уапси припадник на таканаречената Исламска држава (ИД) во Истанбул, осомничен за планирање бомбашки напад, јавуваат локалните медиуми.

Според турската телевизија НТВ, антитерористичките единици започнале операција откако откриле дека ИД планира терористички напад во Истанбул. Истрагата открила дека осомничениот влегол во земјата нелегално, откако поминал терористичка обука во Сирија и дека делувал по наредба на високи функционери на ИД, кои му наложиле да го изврши планираниот напад.

За време на рацијата во неговиот стан во квартот Бајџилар на европската страна на градот, полицијата пронашла меч скриен под креветот на осомничениот и запленила многу документи и дигитални материјали поврзани со терористичката организација.

Турската влада ја прогласи ИД за терористичка организација во 2013 година, а турската полиција редовно спроведува антитерористички операции против нејзините припадници низ целата земја

The post Спречен терористички напад во Истанбул од страна на „Исламска држава“ appeared first on Република.

]]>

Турската полиција денеска уапси припадник на таканаречената Исламска држава (ИД) во Истанбул, осомничен за планирање бомбашки напад, јавуваат локалните медиуми. Според турската телевизија НТВ, антитерористичките единици започнале операција откако откриле дека ИД планира терористички напад во Истанбул. Истрагата открила дека осомничениот влегол во земјата нелегално, откако поминал терористичка обука во Сирија и дека делувал по наредба на високи функционери на ИД, кои му наложиле да го изврши планираниот напад. За време на рацијата во неговиот стан во квартот Бајџилар на европската страна на градот, полицијата пронашла меч скриен под креветот на осомничениот и запленила многу документи и дигитални материјали поврзани со терористичката организација. Турската влада ја прогласи ИД за терористичка организација во 2013 година, а турската полиција редовно спроведува антитерористички операции против нејзините припадници низ целата земја

The post Спречен терористички напад во Истанбул од страна на „Исламска држава“ appeared first on Република.

]]>
Уапсениот македонски Албанец неодамна влегол во „Исламска држава“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uapseniot-makedonski-albanets-neodamna-vlegol-vo-islamska-drzhava/ Thu, 08 Aug 2024 13:00:13 +0000 https://republika.mk/?p=804597

Генералниот директор за јавна безбедност при австриското МВР, Франц Руф, осомничениот македонски Албанец пред само неколку недели, осомничениот дал заклетва за лојалност кон актуелниот водач на терористичката Исламска држава на Интернет.

Aвстрискиот медиум „ПУЛС 24“ пак дознава дека еден од уапсените е од Македонија, но по потекло од Албанија.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/makedonskoto-mvr-go-proveruva-litseto-po-poteklo-od-makedonija-koe-planiralo-teroristichki-napad-vo-viena/

Како што дознава ПУЛС 24, се вели дека осомничениот во Терниц е 19-годишен младинец чие семејство се преселило во Терниц од Виена. „

Семејството, кое има австриско државјанство, потекнува од Македонија и има албански корени“, велат жителите.

 

The post Уапсениот македонски Албанец неодамна влегол во „Исламска држава“ appeared first on Република.

]]>

Генералниот директор за јавна безбедност при австриското МВР, Франц Руф, осомничениот македонски Албанец пред само неколку недели, осомничениот дал заклетва за лојалност кон актуелниот водач на терористичката Исламска држава на Интернет. Aвстрискиот медиум „ПУЛС 24“ пак дознава дека еден од уапсените е од Македонија, но по потекло од Албанија. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/makedonskoto-mvr-go-proveruva-litseto-po-poteklo-od-makedonija-koe-planiralo-teroristichki-napad-vo-viena/
Како што дознава ПУЛС 24, се вели дека осомничениот во Терниц е 19-годишен младинец чие семејство се преселило во Терниц од Виена. „
Семејството, кое има австриско државјанство, потекнува од Македонија и има албански корени“, велат жителите.
 

The post Уапсениот македонски Албанец неодамна влегол во „Исламска држава“ appeared first on Република.

]]>
Ирачките сили убиле припадник на Исламската држава во Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/irachkite-sili-ubile-pripadnik-na-islamskata-drzhava-vo-sirija/ Tue, 11 Jun 2024 17:59:25 +0000 https://republika.mk/?p=786671

Ирачките безбедносни сили во Сирија убиле висок припадник на Исламската држава, одговорен за нападите врз ирачките владини сили, соопшти ирачката служба за национална безбедност.

Според соопштението, Абу Заинаб, државјанин на Ирак, бил убиен во сирискиот град Рака „во изминатите неколку дена“, во соработка со коалициските сили предводени од САД.

Коалицијата предводена од САД соработува со ирачките безбедносни сили и сириските сили предводени од Курдите во Сирија против остатоците од групата Исламска држава.

The post Ирачките сили убиле припадник на Исламската држава во Сирија appeared first on Република.

]]>

Ирачките безбедносни сили во Сирија убиле висок припадник на Исламската држава, одговорен за нападите врз ирачките владини сили, соопшти ирачката служба за национална безбедност. Според соопштението, Абу Заинаб, државјанин на Ирак, бил убиен во сирискиот град Рака „во изминатите неколку дена“, во соработка со коалициските сили предводени од САД. Коалицијата предводена од САД соработува со ирачките безбедносни сили и сириските сили предводени од Курдите во Сирија против остатоците од групата Исламска држава.

The post Ирачките сили убиле припадник на Исламската држава во Сирија appeared first on Република.

]]>
Во Турција приведени 36 лица поради наводна поврзаност со „Исламска држава“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-turtsija-privedeni-36-litsa-poradi-navodna-povrzanost-so-islamska-drzhava/ Sun, 21 Apr 2024 18:29:16 +0000 https://republika.mk/?p=769017

Турските власти приведоа 36 лица поради наводна поврзаноаст со групата „Исламска држава“ во рамки на операции спроведени во четири области во земјата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Во објава на медиумската платформа „Икс“, Јерликаја посочи дека осомничените дејствувале во корист на Исламската држава со собирање средства или снабдување на терористичката организација.

„Полицијата заплени и неколку пушки и пиштоли“, рече министерот Јерликаја.

The post Во Турција приведени 36 лица поради наводна поврзаност со „Исламска држава“ appeared first on Република.

]]>

Турските власти приведоа 36 лица поради наводна поврзаноаст со групата „Исламска држава“ во рамки на операции спроведени во четири области во земјата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Во објава на медиумската платформа „Икс“, Јерликаја посочи дека осомничените дејствувале во корист на Исламската држава со собирање средства или снабдување на терористичката организација. „Полицијата заплени и неколку пушки и пиштоли“, рече министерот Јерликаја.

The post Во Турција приведени 36 лица поради наводна поврзаност со „Исламска држава“ appeared first on Република.

]]>
Уапсени членови на ИД кои планирале терористички напад https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uapseni-chlenovi-na-id-koi-planirale-teroristichki-napad/ Sat, 06 Apr 2024 09:41:34 +0000 https://republika.mk/?p=763000

Иранската полиција соопшти дека уапсила висок оперативец на Исламската држава заедно со уште двајца членови на терористичката група, кои се обвинети дека планирале самоубиствен напад за време на прославата на Бајрам следната недела.

Полицијата соопшти дека Мохамед Закер, познат како „Рамеш“, и уште двајца се уапсени во Карај, западно од главниот град Техеран, во две одделни полициски операции по судирите со нив, пренесува агенцијата Тасним.

Приведени се уште осум лица, за кои постои сомнеж дека биле нивни соучесници.

Исламска држава ја презеде одговорноста за двете експлозии во Иран во јануари, во кои загинаа повеќе од 100 луѓе, а беа ранети уште десетици кои присуствуваа на комеморацијата на поранешниот ирански командант Касем Сулејмани кој беше убиен во Ирак во 2020 година во американски воздушен напад.

The post Уапсени членови на ИД кои планирале терористички напад appeared first on Република.

]]>

Иранската полиција соопшти дека уапсила висок оперативец на Исламската држава заедно со уште двајца членови на терористичката група, кои се обвинети дека планирале самоубиствен напад за време на прославата на Бајрам следната недела. Полицијата соопшти дека Мохамед Закер, познат како „Рамеш“, и уште двајца се уапсени во Карај, западно од главниот град Техеран, во две одделни полициски операции по судирите со нив, пренесува агенцијата Тасним. Приведени се уште осум лица, за кои постои сомнеж дека биле нивни соучесници. Исламска држава ја презеде одговорноста за двете експлозии во Иран во јануари, во кои загинаа повеќе од 100 луѓе, а беа ранети уште десетици кои присуствуваа на комеморацијата на поранешниот ирански командант Касем Сулејмани кој беше убиен во Ирак во 2020 година во американски воздушен напад.

The post Уапсени членови на ИД кои планирале терористички напад appeared first on Република.

]]>
Захарова до Белата куќа: Сигурни сте дека ИД е одговорна? Размислете повторно https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zaharova-do-belata-kuka-sigurni-ste-deka-id-e-odgovorna-razmislete-povtorno/ Tue, 26 Mar 2024 07:15:30 +0000 https://republika.mk/?p=758546

Русија изрази сомневање поради американските тврдења дека Исламската држава (ИД) е одговорна за нападот во концертна сала во близина на Москва, во кој загинаа 137 луѓе, а 182 се повредени.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова ги доведе во прашање американските тврдења за одговорноста на споменатата џихадистичка група, која не толку одамна контролираше огромни области на Ирак и Сирија.

Внимание – прашање за Белата куќа: Дали сте сигурни дека е Исламската држава. Можеби треба да размислите повторно, рече Захарова.

Покрај тоа, таа тврди дека САД ја шират верзијата на ИД како „ѓубриња“ за да ги заштитат своите „штитеници“ во Киев и потсети дека САД ги поддржувале „муџахедините“ во борбата против советските сили во 80-тите.

The post Захарова до Белата куќа: Сигурни сте дека ИД е одговорна? Размислете повторно appeared first on Република.

]]>

Русија изрази сомневање поради американските тврдења дека Исламската држава (ИД) е одговорна за нападот во концертна сала во близина на Москва, во кој загинаа 137 луѓе, а 182 се повредени. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова ги доведе во прашање американските тврдења за одговорноста на споменатата џихадистичка група, која не толку одамна контролираше огромни области на Ирак и Сирија.
Внимание – прашање за Белата куќа: Дали сте сигурни дека е Исламската држава. Можеби треба да размислите повторно, рече Захарова.
Покрај тоа, таа тврди дека САД ја шират верзијата на ИД како „ѓубриња“ за да ги заштитат своите „штитеници“ во Киев и потсети дека САД ги поддржувале „муџахедините“ во борбата против советските сили во 80-тите.

The post Захарова до Белата куќа: Сигурни сте дека ИД е одговорна? Размислете повторно appeared first on Република.

]]>
САД: Исламска држава е заеднички терористички непријател кој секаде мора да биде поразен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-islamska-drzhava-e-zaednichki-teroristichki-neprijatel-koj-sekade-mora-da-bide-porazen/ Sun, 24 Mar 2024 12:30:39 +0000 https://republika.mk/?p=758111

„Исламска држава е заеднички терористички непријател кој секаде мора да биде поразен“, кажа портпаролката на Белата куќа Карин Жан Пјер.

Таа додаде дека американската администрација „силно го осудува гнасниот терористички напад во Москва на невините цивили“.

Бројот на загинатите во терористичкиот напад на салата Крокус во Москва порасна на 133, а ранети се повеќе од 150 луѓе. Приведени се 11 осомничени странци, меѓу кои четири лица кои го извршиле нападот, тврдат властите.

The post САД: Исламска држава е заеднички терористички непријател кој секаде мора да биде поразен appeared first on Република.

]]>

„Исламска држава е заеднички терористички непријател кој секаде мора да биде поразен“, кажа портпаролката на Белата куќа Карин Жан Пјер. Таа додаде дека американската администрација „силно го осудува гнасниот терористички напад во Москва на невините цивили“. Бројот на загинатите во терористичкиот напад на салата Крокус во Москва порасна на 133, а ранети се повеќе од 150 луѓе. Приведени се 11 осомничени странци, меѓу кои четири лица кои го извршиле нападот, тврдат властите.

The post САД: Исламска држава е заеднички терористички непријател кој секаде мора да биде поразен appeared first on Република.

]]>
Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Москва: Нашите борци нападнаа собир на христијани https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/islamskata-drzhava-ja-prezede-odgovornosta-za-napadot-vo-moskva-nashite-bortsi-napadnaa-sobir-na-hristijani/ Fri, 22 Mar 2024 22:26:34 +0000 https://republika.mk/?p=757642

Руските медиуми јавуваат дека напаѓачите користеле и експлозив, што предизвикало голем пожар во градското собрание Крокус во западниот дел на Москва.

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападите, пренесе Вечерњи лист.

Исламската држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Москва вечерва, објавија тие на нивниот канал Телеграм. Руските медиуми тврдат дека се бараат лица од Ингушетија.  Очевидци сведочеа дека напаѓачите на концертната сала „Крокус“ ​​во Москва изгледале како да се „од Азија и Кавказ“ и дека комуницирале на „странски јазик, а не на руски“, пренесува белоруската телевизија НЕКСТА, повикувајќи се на руски локални медиуми. Бројот на ранетите во нападот се искачи на 145, меѓу кои и седум деца На сметката на ТВ НЕКСТА на платформата Х беа објавени фотографии од наводни терористи, пренесува Танјуг

Најмалку четворица напаѓачи пукале со автоматско оружје во концертната сала Крокус Сити Хол во близина на Москва, а очевидци велат дека слушнале и детонации.

Третина од концертната сала гори, покривот е урнат, може да има затрупани луѓеСпоред руската ФСБ, во нападот загинале најмалку 40 лица, а повеќе од 145 се ранети.

Полицијата се уште трага по напаѓачите.

Поголемите настани планирани за наредните денови се откажани низ цела Русија

The post Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Москва: Нашите борци нападнаа собир на христијани appeared first on Република.

]]>

Руските медиуми јавуваат дека напаѓачите користеле и експлозив, што предизвикало голем пожар во градското собрание Крокус во западниот дел на Москва. Исламска држава ја презеде одговорноста за нападите, пренесе Вечерњи лист. Исламската држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Москва вечерва, објавија тие на нивниот канал Телеграм. Руските медиуми тврдат дека се бараат лица од Ингушетија.  Очевидци сведочеа дека напаѓачите на концертната сала „Крокус“ ​​во Москва изгледале како да се „од Азија и Кавказ“ и дека комуницирале на „странски јазик, а не на руски“, пренесува белоруската телевизија НЕКСТА, повикувајќи се на руски локални медиуми. Бројот на ранетите во нападот се искачи на 145, меѓу кои и седум деца На сметката на ТВ НЕКСТА на платформата Х беа објавени фотографии од наводни терористи, пренесува Танјуг Најмалку четворица напаѓачи пукале со автоматско оружје во концертната сала Крокус Сити Хол во близина на Москва, а очевидци велат дека слушнале и детонации. Третина од концертната сала гори, покривот е урнат, може да има затрупани луѓеСпоред руската ФСБ, во нападот загинале најмалку 40 лица, а повеќе од 145 се ранети. Полицијата се уште трага по напаѓачите. Поголемите настани планирани за наредните денови се откажани низ цела Русија

The post Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Москва: Нашите борци нападнаа собир на христијани appeared first on Република.

]]>
Албански терорист од Македонија загина во Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/albanski-terorist-od-makedonija-zagina-vo-sirija/ Tue, 06 Feb 2024 09:27:16 +0000 https://republika.mk/?p=740854

Албанскиот терорист Абдул Рахман Беља, попознат како Калед ал Албани, е убиен во северна Сирија.Tерористот бил убиен од снајперист на сириската арапска армија во провинцијата Идлиб.

Беља беше еден од командантите на албанската група, која се бореше против сириската војска на северот на земјата.

Беља дојде во Сирија од  Македонија во 2013 година и се приклучи на албанската група основана од Абу Катада ал-Албани.

Тој прво се борел за Исламската држава, а потоа пребегнал во оперативната група Хајат Тахрир ал-Шам, исламистичка група која била создадена со „ребрендирање“ на Ал Нусра.

Провинцијата Идлиб се наоѓа на северозапад од Сирија, и е последното големо засолниште на џихадистичките групи во Сирија.

 

 

 

The post Албански терорист од Македонија загина во Сирија appeared first on Република.

]]>

Албанскиот терорист Абдул Рахман Беља, попознат како Калед ал Албани, е убиен во северна Сирија.Tерористот бил убиен од снајперист на сириската арапска армија во провинцијата Идлиб. Беља беше еден од командантите на албанската група, која се бореше против сириската војска на северот на земјата. Беља дојде во Сирија од  Македонија во 2013 година и се приклучи на албанската група основана од Абу Катада ал-Албани. Тој прво се борел за Исламската држава, а потоа пребегнал во оперативната група Хајат Тахрир ал-Шам, исламистичка група која била создадена со „ребрендирање“ на Ал Нусра. Провинцијата Идлиб се наоѓа на северозапад од Сирија, и е последното големо засолниште на џихадистичките групи во Сирија.  
 
 

The post Албански терорист од Македонија загина во Сирија appeared first on Република.

]]>
Турција уапси осомничени екстремисти, тврди дека Исламска држава планира напади https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/turtsija-uapsi-osomnicheni-ekstremisti-tvrdi-deka-islamska-drzhava-planira-napadi/ Fri, 29 Dec 2023 13:19:25 +0000 https://republika.mk/?p=727892

Турските власти денеска уапсија 29 осомничени екстремисти на Исламската држава кои наводно планирале напади врз синагоги и цркви, соопшти министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Припадниците на разузнавачките и полициските сили рано утрово претресуваа адреси во девет провинции, вклучително и Истанбул и главниот град Анкара, за да ги уапсат осомничените, напиша Јерликаја на Х.

Полицијата во рациите конфискувала дигитални документи, јави државната новинска агенција Анадолија.

Полицијата, исто така, соопшти дека тројца осомничени високи оперативци на Исламска држава се одделно уапсени за планирање напад врз ирачката амбасада.

Засега не се познати националноста на уапсените и деталите за наводните планови за нападот.

Самопрогласената Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во ноќниот клуб во Истанбул во 2017 година, во кој загинаа 39 лица на новогодишна забава.

Турција уапси осомничени екстремисти, тврди дека Исламска држава планира нападиТурција уапси осомничени екстремисти, тврди дека Исламска држава планира напади

The post Турција уапси осомничени екстремисти, тврди дека Исламска држава планира напади appeared first on Република.

]]>

Турските власти денеска уапсија 29 осомничени екстремисти на Исламската држава кои наводно планирале напади врз синагоги и цркви, соопшти министерот за внатрешни работи Али Јерликаја. Припадниците на разузнавачките и полициските сили рано утрово претресуваа адреси во девет провинции, вклучително и Истанбул и главниот град Анкара, за да ги уапсат осомничените, напиша Јерликаја на Х. Полицијата во рациите конфискувала дигитални документи, јави државната новинска агенција Анадолија. Полицијата, исто така, соопшти дека тројца осомничени високи оперативци на Исламска држава се одделно уапсени за планирање напад врз ирачката амбасада. Засега не се познати националноста на уапсените и деталите за наводните планови за нападот. Самопрогласената Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во ноќниот клуб во Истанбул во 2017 година, во кој загинаа 39 лица на новогодишна забава. Турција уапси осомничени екстремисти, тврди дека Исламска држава планира нападиТурција уапси осомничени екстремисти, тврди дека Исламска држава планира напади

The post Турција уапси осомничени екстремисти, тврди дека Исламска држава планира напади appeared first on Република.

]]>
ФБИ: Нападот на Хамас врз Израел би можел да ги инспирира најзначајните терористички закани за САД од подемот на Исламска држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fbi-napadot-na-hamas-vrz-izrael-bi-mozhel-da-gi-inspirira-najznachajnite-teroristichki-zakani-za-sad-od-podemot-na-islamska-drzhava/ Tue, 31 Oct 2023 21:54:30 +0000 https://republika.mk/?p=696841

Нападот на Хамас врз Израел би можел да ги инспирира најзначајните терористички закани за САД од подемот на Исламска држава пред речиси десет години, предупреди директорот на ФБИ, Кристофер Вреј.

Тој кажа дека од почетокот на последниот израелско-палестински конфликт повеќе странски терористички организации повикале на напади против Американците и западот, зголемувајќи ја заканата од домашни насилни екстремисти.

„Дејствата на Хамас и неговите сојузници ќе послужат како инспирација каква што не е видена откако ИСИС го прогласи својот калифат пред неколку години“, изјави Вреј на сослушување во американскиот Конгрес.

Американската влада има забележано пораст на закани против Евреите, муслиманите и американските Арапи откако почна војната во Газа. Во исто време, се случија бројни напади врз американските воени бази на Блиски Исток од страна на милитантни групи поддржани од Иран, кажа Вреј.

„Сајбернападите врз САД веројатно ќе се влошат доколку конфликтот се прошири“, изјави Вреј.

The post ФБИ: Нападот на Хамас врз Израел би можел да ги инспирира најзначајните терористички закани за САД од подемот на Исламска држава appeared first on Република.

]]>

Нападот на Хамас врз Израел би можел да ги инспирира најзначајните терористички закани за САД од подемот на Исламска држава пред речиси десет години, предупреди директорот на ФБИ, Кристофер Вреј. Тој кажа дека од почетокот на последниот израелско-палестински конфликт повеќе странски терористички организации повикале на напади против Американците и западот, зголемувајќи ја заканата од домашни насилни екстремисти. „Дејствата на Хамас и неговите сојузници ќе послужат како инспирација каква што не е видена откако ИСИС го прогласи својот калифат пред неколку години“, изјави Вреј на сослушување во американскиот Конгрес. Американската влада има забележано пораст на закани против Евреите, муслиманите и американските Арапи откако почна војната во Газа. Во исто време, се случија бројни напади врз американските воени бази на Блиски Исток од страна на милитантни групи поддржани од Иран, кажа Вреј. „Сајбернападите врз САД веројатно ќе се влошат доколку конфликтот се прошири“, изјави Вреј.

The post ФБИ: Нападот на Хамас врз Израел би можел да ги инспирира најзначајните терористички закани за САД од подемот на Исламска држава appeared first on Република.

]]>
Убиен лидерот на „Исламска држава“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ubien-liderot-na-islamska-drzhava/ Thu, 03 Aug 2023 18:56:55 +0000 https://republika.mk/?p=668430

Екстремистичката група Исламска држава денеска соопшти за смртта на нејзиниот водач Абу Ал Хусеин ал Хусеин ал Кураши, кој беше убиен во судирите со екстремистичката група Хајат Тахрир ал Шам (ХТС) во северозападна Сирија.

Портпаролот на ИД во аудио порака преку Телеграм, соопшти дека нивниот лидер е убиен во провинцијата Идлиб во директена пресметка со припадници на ХТС.

Припадници на ХТС, поранешен локален огранок на Ал Каеда, се обиделе да го заробат ал Кураши.

ИД не го наведе ниту точното место ниту датумот на егзекуцијата на ал Кураши.

The post Убиен лидерот на „Исламска држава“ appeared first on Република.

]]>

Екстремистичката група Исламска држава денеска соопшти за смртта на нејзиниот водач Абу Ал Хусеин ал Хусеин ал Кураши, кој беше убиен во судирите со екстремистичката група Хајат Тахрир ал Шам (ХТС) во северозападна Сирија. Портпаролот на ИД во аудио порака преку Телеграм, соопшти дека нивниот лидер е убиен во провинцијата Идлиб во директена пресметка со припадници на ХТС. Припадници на ХТС, поранешен локален огранок на Ал Каеда, се обиделе да го заробат ал Кураши. ИД не го наведе ниту точното место ниту датумот на егзекуцијата на ал Кураши.

The post Убиен лидерот на „Исламска држава“ appeared first on Република.

]]>
Пакистански специјалци го убиле командантот на Исламската држава во неговото скривалиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pakistanski-spetsijaltsi-go-ubile-komandantot-na-islamskata-drzhava-vo-negovoto-skrivalishte/ Wed, 28 Jun 2023 19:41:50 +0000 https://republika.mk/?p=656190

Пакистанските безбедносни сили го убиле командантот на Исламската држава, Шафи Ула и уште двајца милитанти за време на рација на нивното скривалиште во Баџаур, област во провинцијата Хајбер Пахтунхва во близина на границата со Авганистан.

Од пакистанската армија изјави дека Ула е еден од тројцата убиени екстремисти.

Пакистанската Влада соопшти дека Ула учествувал во напади врз безбедносните сили и дека учествувал во убиства на цивили. Во рацијата било запленето поголемо количество оружје и муниција.

Во последниве години, пакистанската војска изврши повеќе операции во појасот долж границата со Авганистан, што со децении служеше како безбедно засолниште за локалните и странските милитанти. Сепак, терористите продолжуваат да вршат напади во регионот.

The post Пакистански специјалци го убиле командантот на Исламската држава во неговото скривалиште appeared first on Република.

]]>

Пакистанските безбедносни сили го убиле командантот на Исламската држава, Шафи Ула и уште двајца милитанти за време на рација на нивното скривалиште во Баџаур, област во провинцијата Хајбер Пахтунхва во близина на границата со Авганистан. Од пакистанската армија изјави дека Ула е еден од тројцата убиени екстремисти. Пакистанската Влада соопшти дека Ула учествувал во напади врз безбедносните сили и дека учествувал во убиства на цивили. Во рацијата било запленето поголемо количество оружје и муниција. Во последниве години, пакистанската војска изврши повеќе операции во појасот долж границата со Авганистан, што со децении служеше како безбедно засолниште за локалните и странските милитанти. Сепак, терористите продолжуваат да вршат напади во регионот.

The post Пакистански специјалци го убиле командантот на Исламската држава во неговото скривалиште appeared first on Република.

]]>
Американската војска тврди дека убила еден од водачите на ИД во Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanskata-vojska-tvrdi-deka-ubila-eden-od-vodachite-na-id-vo-sirija/ Fri, 17 Feb 2023 20:36:19 +0000 https://republika.mk/?p=610361

Хамза ал Хомси, еден од главните водачи на терористичката организација Исламска држава, е убиен во североисточна Сирија во хеликоптерски напад под команда на американската армија, а во акцијата се ранети четворица американски војници.

ИД денеска изврши напад во централна Сирија, во градот Сукна, во кој загинаа најмалку 36 цивили, објави Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. За разлика од оваа опозициска организација, државната телевизија соопшти дека загинале 53 лица.

Во кусото соопштение на американската војска се наведува дека нападот врз лидерот на ИД бил извршен во четвртокот вечерта во соработка со курдските борци од Сириските демократски сили, сојузници на САД.

Како што беше соопштено, во експлозијата при погодувањето на целта се ранети четворица американски војници. Не беше прецизирано кој дел од североисточна Сирија е извршен нападот, но беше наведено дека е потврдено дека е убиен лидерот на ИД - Хамза ал Хомси.

Американската војска уби двајца водачи на ИД во Сирија во изминатиите неколку години.

The post Американската војска тврди дека убила еден од водачите на ИД во Сирија appeared first on Република.

]]>

Хамза ал Хомси, еден од главните водачи на терористичката организација Исламска држава, е убиен во североисточна Сирија во хеликоптерски напад под команда на американската армија, а во акцијата се ранети четворица американски војници. ИД денеска изврши напад во централна Сирија, во градот Сукна, во кој загинаа најмалку 36 цивили, објави Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. За разлика од оваа опозициска организација, државната телевизија соопшти дека загинале 53 лица. Во кусото соопштение на американската војска се наведува дека нападот врз лидерот на ИД бил извршен во четвртокот вечерта во соработка со курдските борци од Сириските демократски сили, сојузници на САД. Како што беше соопштено, во експлозијата при погодувањето на целта се ранети четворица американски војници. Не беше прецизирано кој дел од североисточна Сирија е извршен нападот, но беше наведено дека е потврдено дека е убиен лидерот на ИД - Хамза ал Хомси. Американската војска уби двајца водачи на ИД во Сирија во изминатиите неколку години.

The post Американската војска тврди дека убила еден од водачите на ИД во Сирија appeared first on Република.

]]>
Американката која раководела со женскиот баталјон на Исламската држава доби максимални 20 години затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikankata-koja-rakovodela-so-zenskiot-bataljon-na-islamskata-drzava-dobi-maksimalni-20-godini-zatvor/ Tue, 01 Nov 2022 21:58:45 +0000 https://republika.mk/?p=568483

Американката Алисон Флук-Екрен (42) е прогласена виновна по обвиненијата дека раководела со женскиот баталјон на организацијата „Исламска држава“ (ИД) во времето кога живеела во Сирија, за што и е изречена максимална затворска казна во времетраење од 20 години.

Флук-Екрен на судското рочиште се изјасни „виновна“ по обвиненијата што и се ставаа на товар, дека ја предводела „Хатиба Нусајба“ формацијата на ИД, во која стотици жени и малолетни девојчиња биле обучувани да ракуваат со автоматско оружје и да вршат самоубиствени напади со појаси со експлозив.

Во изјавите што ги даваше пред Судот Флук-Екрен ја презеде одговорноста за своите постапки и ангажманите во Сирија, Ирак и Либија, но поголемиот дел од времето го потроши обидувајќи се да го оправда своето однесување.

The post Американката која раководела со женскиот баталјон на Исламската држава доби максимални 20 години затвор appeared first on Република.

]]>

Американката Алисон Флук-Екрен (42) е прогласена виновна по обвиненијата дека раководела со женскиот баталјон на организацијата „Исламска држава“ (ИД) во времето кога живеела во Сирија, за што и е изречена максимална затворска казна во времетраење од 20 години. Флук-Екрен на судското рочиште се изјасни „виновна“ по обвиненијата што и се ставаа на товар, дека ја предводела „Хатиба Нусајба“ формацијата на ИД, во која стотици жени и малолетни девојчиња биле обучувани да ракуваат со автоматско оружје и да вршат самоубиствени напади со појаси со експлозив. Во изјавите што ги даваше пред Судот Флук-Екрен ја презеде одговорноста за своите постапки и ангажманите во Сирија, Ирак и Либија, но поголемиот дел од времето го потроши обидувајќи се да го оправда своето однесување.

The post Американката која раководела со женскиот баталјон на Исламската држава доби максимални 20 години затвор appeared first on Република.

]]>
Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот врз светилиштето Шах Чераг во Иран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/islamska-drzava-ja-prezede-odgovornosta-za-napadot-vrz-svetilishteto-shah-cherag-vo-iran/ Thu, 27 Oct 2022 08:14:01 +0000 https://republika.mk/?p=566176

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот врз светилиштето во иранскиот град Шираз, соопшти оваа терористичка група на каналот Телеграм.

Во нападот на шиитското светилиште загинаа 13 лица, а иранскиот претседател Ебрахим Раиси вети дека тоа нема да помине неказнето.

Уште 40 лица се повредени во нападот врз мавзолејот на Шах Чераг во Шираз, главниот град на провинцијата Фарс, јави иранската телевизија.

Мавзолејот на Шах Чераг е најпочитуваното светилиште на југот на земјата, бидејќи во него се наоѓа гробот на Ахмад, братот на имамот Реза, осмиот шиитски имам погребан во Машхад, на североистокот на земјата.

Медиумите прво јавија дека имало тројца напаѓачи, од кои двајца се уапсени. Но, шефот на локалната судска власт, Казим Мусави, за иранската телевизија изјави дека само еден терорист бил вклучен во нападот.

Уапсен е еден терорист поврзан со текфирските групи, соопшти полицијата, пренесоа западните агенции.

Терминот текфир се користи во Иран за џихадистички групи или радикални сунитски исламисти.

Меѓу жртвите се и една жена и две деца, пренесе агенцијата Фарс. Агенцијата додаде дека „уапсените терористи не се Иранци“, без да даде дополнителни детали за нивниот идентитет.

The post Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот врз светилиштето Шах Чераг во Иран appeared first on Република.

]]>

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот врз светилиштето во иранскиот град Шираз, соопшти оваа терористичка група на каналот Телеграм. Во нападот на шиитското светилиште загинаа 13 лица, а иранскиот претседател Ебрахим Раиси вети дека тоа нема да помине неказнето. Уште 40 лица се повредени во нападот врз мавзолејот на Шах Чераг во Шираз, главниот град на провинцијата Фарс, јави иранската телевизија. Мавзолејот на Шах Чераг е најпочитуваното светилиште на југот на земјата, бидејќи во него се наоѓа гробот на Ахмад, братот на имамот Реза, осмиот шиитски имам погребан во Машхад, на североистокот на земјата. Медиумите прво јавија дека имало тројца напаѓачи, од кои двајца се уапсени. Но, шефот на локалната судска власт, Казим Мусави, за иранската телевизија изјави дека само еден терорист бил вклучен во нападот.
Уапсен е еден терорист поврзан со текфирските групи, соопшти полицијата, пренесоа западните агенции.
Терминот текфир се користи во Иран за џихадистички групи или радикални сунитски исламисти. Меѓу жртвите се и една жена и две деца, пренесе агенцијата Фарс. Агенцијата додаде дека „уапсените терористи не се Иранци“, без да даде дополнителни детали за нивниот идентитет.

The post Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот врз светилиштето Шах Чераг во Иран appeared first on Република.

]]>
САД: Во Сирија убиен е лидерот на ИД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-vo-sirija-ubien-e-liderot-na-id/ Tue, 12 Jul 2022 16:09:59 +0000 https://republika.mk/?p=527636

Лидерот на Исламска држава (ИД) во Сирија, Махер ал Агал е убиен при напад со американско беспилотно летало.

Американската Централна команда соопшти дека Ал Агал е елиминиран во близина на Џиндирес, а во нападот сериозно е повреден еден од неговите најблиски соработници.

Додека „Ерусалим пост“ објави дека цел на нападот бил лидерот на ИД и неговиот заменик. Нападот врз ал Агал се случи по пет месеци откако во американска операција во во градот Атме, беше елиминиран лидерот на ИД, Абу Ибрахим ал Куреши. Според американските власти Куреши загинал кога активирал бомба за да избегне апсење. Во 2019 година, лидерот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади загина за време на американски напад во Идлиб. Тој исто така го активирал самоубиствениот појас за време на американската воена операција.

The post САД: Во Сирија убиен е лидерот на ИД appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Исламска држава (ИД) во Сирија, Махер ал Агал е убиен при напад со американско беспилотно летало. Американската Централна команда соопшти дека Ал Агал е елиминиран во близина на Џиндирес, а во нападот сериозно е повреден еден од неговите најблиски соработници. Додека „Ерусалим пост“ објави дека цел на нападот бил лидерот на ИД и неговиот заменик. Нападот врз ал Агал се случи по пет месеци откако во американска операција во во градот Атме, беше елиминиран лидерот на ИД, Абу Ибрахим ал Куреши. Според американските власти Куреши загинал кога активирал бомба за да избегне апсење. Во 2019 година, лидерот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади загина за време на американски напад во Идлиб. Тој исто така го активирал самоубиствениот појас за време на американската воена операција.

The post САД: Во Сирија убиен е лидерот на ИД appeared first on Република.

]]>
Американка обучувала батаљон од жени на ИД во Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanka-obuchuvala-bataljon-od-zeni-na-id-vo-sirija/ Tue, 07 Jun 2022 20:53:22 +0000 https://republika.mk/?p=512385

Американската државјанка Алисон Флuк-Екрен денеска пред американскиот суд призна дека го водела и обучувала женскиот батаљон на ИД во Сирија. Таа го прифати договорот за признавање вина пред федералниот суд и се соочува со затворска казна до 20 години. На крајот на 2016 година, Флук-Екрен ја предводела женската единица на ИД во сирискиот град Рака и водеше обука за пукање од автоматски пушки, фрлање бомби и активирање појаси за самоубиствени напади.

Во писмото на федералниот обвинител Раџ Парех се наведува дека таа обучувала и деца за борба. Флук-Екрен имала намера да регрутира оперативци за терористичкиот напад на универзитетски кампус во САД и планирал напад на трговски центар.

The post Американка обучувала батаљон од жени на ИД во Сирија appeared first on Република.

]]>

Американската државјанка Алисон Флuк-Екрен денеска пред американскиот суд призна дека го водела и обучувала женскиот батаљон на ИД во Сирија. Таа го прифати договорот за признавање вина пред федералниот суд и се соочува со затворска казна до 20 години. На крајот на 2016 година, Флук-Екрен ја предводела женската единица на ИД во сирискиот град Рака и водеше обука за пукање од автоматски пушки, фрлање бомби и активирање појаси за самоубиствени напади. Во писмото на федералниот обвинител Раџ Парех се наведува дека таа обучувала и деца за борба. Флук-Екрен имала намера да регрутира оперативци за терористичкиот напад на универзитетски кампус во САД и планирал напад на трговски центар.

The post Американка обучувала батаљон од жени на ИД во Сирија appeared first on Република.

]]>