исламсак верска заедница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/islamsak-verska-zaednitsa/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Sep 2024 15:01:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png исламсак верска заедница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/islamsak-verska-zaednitsa/ 32 32 Директорката на Комисијата за односи со верски заедници се сретна со поглаварот на ИВЗ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/direktorkata-na-komisijata-za-odnosi-so-verski-zaednitsi-se-sretna-so-poglavarot-na-ivz/ Tue, 17 Sep 2024 14:48:07 +0000 https://republika.mk/?p=817164

Директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Оливера Трајковска, во просториите на ИВЗ се сретна со Поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи.

Официјалната посета на директорката на Комисијата за односи со верските заедници и релиозните групи беше од слободен карактер и имаше за цел меѓусебно запознавање и споделување на досегашни искуства, како и идни соработки на полето на верската толеранција и соживот. Мултиетничкото општество е спој на различни култури и етникуми, аналогно на тоа и спој на различни верски заедници кои манифестираат свој белег преку слободно изразување на своите верски права и слободи, се вели во соопштението од КОВЗРГ.

Во соопштението се додава дека стабилно, просперитетно и толерантно опкружување е заедничка желба на сите верски заедници и оти токму затоа сите стремежи на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи се насочени кон конструктивни дијалози и соработки.

Реисот ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи изразил благодарност за досегашната соработка и најавил нејзино продолжување во континуитет, со цел, како што рекол, сите заеднички да учествуваме во градењето и негувањето на едно општество исполнето со мир и меѓусебна почит.

The post Директорката на Комисијата за односи со верски заедници се сретна со поглаварот на ИВЗ appeared first on Република.

]]>

Директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Оливера Трајковска, во просториите на ИВЗ се сретна со Поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи.
Официјалната посета на директорката на Комисијата за односи со верските заедници и релиозните групи беше од слободен карактер и имаше за цел меѓусебно запознавање и споделување на досегашни искуства, како и идни соработки на полето на верската толеранција и соживот. Мултиетничкото општество е спој на различни култури и етникуми, аналогно на тоа и спој на различни верски заедници кои манифестираат свој белег преку слободно изразување на своите верски права и слободи, се вели во соопштението од КОВЗРГ.
Во соопштението се додава дека стабилно, просперитетно и толерантно опкружување е заедничка желба на сите верски заедници и оти токму затоа сите стремежи на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи се насочени кон конструктивни дијалози и соработки. Реисот ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи изразил благодарност за досегашната соработка и најавил нејзино продолжување во континуитет, со цел, како што рекол, сите заеднички да учествуваме во градењето и негувањето на едно општество исполнето со мир и меѓусебна почит.

The post Директорката на Комисијата за односи со верски заедници се сретна со поглаварот на ИВЗ appeared first on Република.

]]>