ислам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/islam/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Dec 2023 09:57:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ислам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/islam/ 32 32 Франција од 1 јануари нема да прима имами испратени од странство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsija-od-1-januari-nema-da-prima-imami-isprateni-od-stranstvo/ Sat, 30 Dec 2023 09:57:25 +0000 https://republika.mk/?p=728120

Од 1 јануари Франција веќе нема да прима нови имами испратени од други земји, рече денеска францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен во писмо упатено до земјите на кои тоа се однесува.

По 1 јануари 2024 година, муслиманските свештеници испратени од други земји кои се уште се на француска територија нема да можат да останат тука во тој статус, наведува Дарменен во писмото.

Францускиот претседател Емануел Макрон на почетокот на 2020 година изрази желба да престане да прифаќа околу 300 имами испратени од различни земји (Алжир, Турција, Мароко...) и истовремено да го зголеми бројот на имами обучени во Франција.

Макрон, кој е решен да се бори против исламистичкиот сепаратизам, во февруари 2020 година објави серија мерки против „странските влијанија“ врз исламот во Франција, од имами испратени од други земји до финансирање џамии.

Имамите кои се веќе тука ќе мора да го сменат статусот. Од 1 април ќе се воспостави конкретна рамка за оние кои стопанисуваат со верски објекти сами да регрутираат имами и директно да ги плаќаат.

Целта не е да се спречат странските имами да проповедаат во Франција, туку да се осигура дека ниту еден од нив не е платен од странска држава чии вработени би биле тие.

Според новата регулатива, не е доведено во прашање пристигнувањето на околу 300 странски имами за време на светиот муслимански месец Рамазан.

The post Франција од 1 јануари нема да прима имами испратени од странство appeared first on Република.

]]>

Од 1 јануари Франција веќе нема да прима нови имами испратени од други земји, рече денеска францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен во писмо упатено до земјите на кои тоа се однесува. По 1 јануари 2024 година, муслиманските свештеници испратени од други земји кои се уште се на француска територија нема да можат да останат тука во тој статус, наведува Дарменен во писмото. Францускиот претседател Емануел Макрон на почетокот на 2020 година изрази желба да престане да прифаќа околу 300 имами испратени од различни земји (Алжир, Турција, Мароко...) и истовремено да го зголеми бројот на имами обучени во Франција. Макрон, кој е решен да се бори против исламистичкиот сепаратизам, во февруари 2020 година објави серија мерки против „странските влијанија“ врз исламот во Франција, од имами испратени од други земји до финансирање џамии. Имамите кои се веќе тука ќе мора да го сменат статусот. Од 1 април ќе се воспостави конкретна рамка за оние кои стопанисуваат со верски објекти сами да регрутираат имами и директно да ги плаќаат. Целта не е да се спречат странските имами да проповедаат во Франција, туку да се осигура дека ниту еден од нив не е платен од странска држава чии вработени би биле тие. Според новата регулатива, не е доведено во прашање пристигнувањето на околу 300 странски имами за време на светиот муслимански месец Рамазан.

The post Франција од 1 јануари нема да прима имами испратени од странство appeared first on Република.

]]>
Тиктокерка се снимаше како кажува исламска молитва, па јаде свинско – осудена е на две години затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tiktokerka-se-snimashe-kako-kazhuva-islamska-molitva-pa-jade-svinsko-osudena-e-na-dve-godini-zatvor/ Sat, 23 Sep 2023 18:48:59 +0000 https://republika.mk/?p=684439

ТикТокерката Лина Муккерџи е осудена на две години затвор во Индонезија поради објавено видео на кое рецитира исламска молитва, а потоа јаде свинско место. Таквата нејзина постапка наиде на остра осуда во оваа муслиманска земја. Снимката станала вирална и собрала милиони прегледи.

На видеото Лина прави гримаси додека ја изговара муслиманската молтива пред да ја изеде крцкавата свинска кожа. Некој ја пријавил, па инфлуенсерктата на суд била обвинета за „ширење информации со цел поттикнување омраза против верските поединци и одредени групи“.

@selebvirallterkini #artisviral #makanbabi #linamukherjee #fyp #fypシ ♬ suara asli - SELEBVIRALL

Мукерџи, која и самата е муслиманка, исто така била казнета за видеото - наредено ѝ е да плати 250 милиони рупии (15.000 евра). Индонезија е најголемата нација со муслиманско мнозинство во светот и има строги закони за богохулење.

Според исламот, свинското месо се смета за харам, односно е забрането. Лина по судењето пред новинарите изјави дека е изненадена од пресудата.

Знам дека згрешив, но не ја очекував оваа казна“, изјавила Лина за локалната станица „Метро ТВ“.

Највисокото муслиманско свештено тело во Индонезија, Советот на индонезиските улеми, одлучило дека нејзиното видео е богохулење. Популарната креаторка на содржина на социјалните мрежи има повеќе од 2,2 милиони следбеници на ТикТок. Нејзиниот случај е најновиот со висок профил во низата пресуди за богохулење во последниве години.

Минатата година шест лица беа уапсени откако синџир барови им промовирал бесплатен алкохол на патроните по име Мохамед. И во 2017 година, христијанскиот поранешен гувернер на Џакарта бил фрлен зад решетки бидејќи бил обвинет за навреда на исламот.

The post Тиктокерка се снимаше како кажува исламска молитва, па јаде свинско – осудена е на две години затвор appeared first on Република.

]]>

ТикТокерката Лина Муккерџи е осудена на две години затвор во Индонезија поради објавено видео на кое рецитира исламска молитва, а потоа јаде свинско место. Таквата нејзина постапка наиде на остра осуда во оваа муслиманска земја. Снимката станала вирална и собрала милиони прегледи. На видеото Лина прави гримаси додека ја изговара муслиманската молтива пред да ја изеде крцкавата свинска кожа. Некој ја пријавил, па инфлуенсерктата на суд била обвинета за „ширење информации со цел поттикнување омраза против верските поединци и одредени групи“.
@selebvirallterkini #artisviral #makanbabi #linamukherjee #fyp #fypシ ♬ suara asli - SELEBVIRALL
Мукерџи, која и самата е муслиманка, исто така била казнета за видеото - наредено ѝ е да плати 250 милиони рупии (15.000 евра). Индонезија е најголемата нација со муслиманско мнозинство во светот и има строги закони за богохулење. Според исламот, свинското месо се смета за харам, односно е забрането. Лина по судењето пред новинарите изјави дека е изненадена од пресудата.
Знам дека згрешив, но не ја очекував оваа казна“, изјавила Лина за локалната станица „Метро ТВ“.
Највисокото муслиманско свештено тело во Индонезија, Советот на индонезиските улеми, одлучило дека нејзиното видео е богохулење. Популарната креаторка на содржина на социјалните мрежи има повеќе од 2,2 милиони следбеници на ТикТок. Нејзиниот случај е најновиот со висок профил во низата пресуди за богохулење во последниве години. Минатата година шест лица беа уапсени откако синџир барови им промовирал бесплатен алкохол на патроните по име Мохамед. И во 2017 година, христијанскиот поранешен гувернер на Џакарта бил фрлен зад решетки бидејќи бил обвинет за навреда на исламот.

The post Тиктокерка се снимаше како кажува исламска молитва, па јаде свинско – осудена е на две години затвор appeared first on Република.

]]>