Искра Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/iskra/ За подобро да се разбереме Sun, 11 Aug 2024 11:33:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Искра Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/iskra/ 32 32 „Искра„ ќе настапат вечерва на Dream Short Festival https://arhiva3.republika.mk/scena/iskra-ke-nastapat-vecherva-na-dream-short-festival/ Sun, 11 Aug 2024 11:46:42 +0000 https://republika.mk/?p=805444

Вечерва на Летната сцена на Домот на културата Браќа Миладиновци во Струга во склоп на Dream Short Festival, ќе настапат ,,Искра”.

Со своите почетоци во 2019 година, ИСКРА е аудио-визуелен проеĸт ĸој синтетизира податоци од наводен чип од иднината во форма на елеĸстронсĸи звуци проследени со интригантни анимации.

Приĸазната е сместена во Сĸопје, во 2088/2089 година, за време на „оĸупацијата“ на градот од страна на одредена ĸорпорација чии ĸоруптирани политиĸи се јавно познати. Група од четири целосно различни но еднаĸво храбри ĸараĸтери одлучуваат да и се спротивстават на ĸорпорацијата.

Сето ова е резултат на симбиозата на ĸреативните напори на Виĸтор Андоновсĸи, Владимир Петĸовиќ, Михаил Наумов и Бобан Крстев, ĸолеĸтивно познати ĸаĸо ИСКРА.

Со нивните енергични настапи ИСКРА биле дел од програмата на познати фестивали ĸаĸо Бош, Востание, Здраво Млади, Парĸо 2047, Ship Music Festival.

Од своите почетоци до денес имаат издадено два албуми. Првиот албум носи наслов „АКТ01“ издаден преĸу PMG Recordings во форма на CD и во форма на ĸасета преĸу издавачĸата ĸуќа Matracookie. Нивниот втор албум „MOTHER EARTH MOTHER BOARD“ беше издадено во април 2013 година под ĸапата на Diehard Records…

The post „Искра„ ќе настапат вечерва на Dream Short Festival appeared first on Република.

]]>

Вечерва на Летната сцена на Домот на културата Браќа Миладиновци во Струга во склоп на Dream Short Festival, ќе настапат ,,Искра”. Со своите почетоци во 2019 година, ИСКРА е аудио-визуелен проеĸт ĸој синтетизира податоци од наводен чип од иднината во форма на елеĸстронсĸи звуци проследени со интригантни анимации. Приĸазната е сместена во Сĸопје, во 2088/2089 година, за време на „оĸупацијата“ на градот од страна на одредена ĸорпорација чии ĸоруптирани политиĸи се јавно познати. Група од четири целосно различни но еднаĸво храбри ĸараĸтери одлучуваат да и се спротивстават на ĸорпорацијата. Сето ова е резултат на симбиозата на ĸреативните напори на Виĸтор Андоновсĸи, Владимир Петĸовиќ, Михаил Наумов и Бобан Крстев, ĸолеĸтивно познати ĸаĸо ИСКРА. Со нивните енергични настапи ИСКРА биле дел од програмата на познати фестивали ĸаĸо Бош, Востание, Здраво Млади, Парĸо 2047, Ship Music Festival. Од своите почетоци до денес имаат издадено два албуми. Првиот албум носи наслов „АКТ01“ издаден преĸу PMG Recordings во форма на CD и во форма на ĸасета преĸу издавачĸата ĸуќа Matracookie. Нивниот втор албум „MOTHER EARTH MOTHER BOARD“ беше издадено во април 2013 година под ĸапата на Diehard Records…

The post „Искра„ ќе настапат вечерва на Dream Short Festival appeared first on Република.

]]>
„Искра“ – концерт на Филхармонијата со црногорскиот виолинист Роман Симовиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/iskra-kontsert-na-filharmonijata-so-tsrnogorskiot-violinist-roman-simovik/ Thu, 16 May 2024 08:11:06 +0000 https://republika.mk/?p=778635

Во Филхармонијата вечер во 20 часот ќе се одржи концертот „Искра“, на кој како солист ќе настапи црногорскиот виолинист Роман Симовиќ.

Симовиќ ќе го изведе Концертот за виолина и оркестар бр.1 од рускиот симфоничар Димитриј Шостакович, дело кое се смета за едно од неговите најдобри, што му го посветил на Давид Ојстрах.

Како што најавија од Филхармонија, на програмата се и Адаџото од гудачки квинтет од австрискиот композитор Антон Брукнер и Симфонијата бр. 5, оп. 55 од Александар Глазунов наречена „Херојска“, опишана како „архитектонска поема“.

Виолинистот Роман Симовиќ во моментов е концерт-мајстор на реномираниот Лондонски симфониски оркестар и истовремено е ангажиран како концерт-мајстор со Марински театар и со Минхенската филхармонија.

Маестро Даниел Рајскин (1970) е познат како предводник на младата генерација музичари, ставајќи голем акцент на неговите толкувања за музиката коишто ги прави на мошне транспарентен начин, откривајќи ја структурата на едно дело до сите детали, наоѓајќи го поттекстот, вистинската рамнотежа на звукот и енергијата што тоа ја поттикнува кај изведувачите.

Од 2005 година, Рајскин станува шеф-диригент на Рајнската филхармонија, а од 2008 на „Артур Рубинштајн“ – филхармонијата во полскиот град Лоѓ. Неговите ангажмани како гостин диригент се бројни, патувајќи низ Европа и Азија, вклучувајќи ги и Белградската филхармонија, Естонскиот национален оркестар, Хонгконг синфониета, Националниот оркестар во Латвија, „Моцартеум“ оркестарот во Салцбург, филхармониите на Копенхаген, на Прага, оркестарот на Радио-телевизијата во Даблин, Радио-симфонискиот оркестар на Чешка, Загрепската филхармонија, симфониските оркестри на Виена, Берлин итн. Познати се неговите ангажмани како диригент на опери, вклучувајќи ги и редовните настапи со „Кармен“ за холандската компанија „Opera Zuid“ во режија на Каликсто Биеито (2006/2007) или „Нос“ од Шостакович во Државниот театар во Кобленц (2010). Рајскин соработува со врвни уметнички имиња како Иво Погорелиќ, Џулијан Рахлин, Миша Мајски, Ланг Ланг, Мидори, Даниел Милер-Шот…

 

The post „Искра“ – концерт на Филхармонијата со црногорскиот виолинист Роман Симовиќ appeared first on Република.

]]>

Во Филхармонијата вечер во 20 часот ќе се одржи концертот „Искра“, на кој како солист ќе настапи црногорскиот виолинист Роман Симовиќ. Симовиќ ќе го изведе Концертот за виолина и оркестар бр.1 од рускиот симфоничар Димитриј Шостакович, дело кое се смета за едно од неговите најдобри, што му го посветил на Давид Ојстрах. Како што најавија од Филхармонија, на програмата се и Адаџото од гудачки квинтет од австрискиот композитор Антон Брукнер и Симфонијата бр. 5, оп. 55 од Александар Глазунов наречена „Херојска“, опишана како „архитектонска поема“. Виолинистот Роман Симовиќ во моментов е концерт-мајстор на реномираниот Лондонски симфониски оркестар и истовремено е ангажиран како концерт-мајстор со Марински театар и со Минхенската филхармонија. Маестро Даниел Рајскин (1970) е познат како предводник на младата генерација музичари, ставајќи голем акцент на неговите толкувања за музиката коишто ги прави на мошне транспарентен начин, откривајќи ја структурата на едно дело до сите детали, наоѓајќи го поттекстот, вистинската рамнотежа на звукот и енергијата што тоа ја поттикнува кај изведувачите. Од 2005 година, Рајскин станува шеф-диригент на Рајнската филхармонија, а од 2008 на „Артур Рубинштајн“ – филхармонијата во полскиот град Лоѓ. Неговите ангажмани како гостин диригент се бројни, патувајќи низ Европа и Азија, вклучувајќи ги и Белградската филхармонија, Естонскиот национален оркестар, Хонгконг синфониета, Националниот оркестар во Латвија, „Моцартеум“ оркестарот во Салцбург, филхармониите на Копенхаген, на Прага, оркестарот на Радио-телевизијата во Даблин, Радио-симфонискиот оркестар на Чешка, Загрепската филхармонија, симфониските оркестри на Виена, Берлин итн. Познати се неговите ангажмани како диригент на опери, вклучувајќи ги и редовните настапи со „Кармен“ за холандската компанија „Opera Zuid“ во режија на Каликсто Биеито (2006/2007) или „Нос“ од Шостакович во Државниот театар во Кобленц (2010). Рајскин соработува со врвни уметнички имиња како Иво Погорелиќ, Џулијан Рахлин, Миша Мајски, Ланг Ланг, Мидори, Даниел Милер-Шот…  

The post „Искра“ – концерт на Филхармонијата со црногорскиот виолинист Роман Симовиќ appeared first on Република.

]]>
Да ја покажеме хуманоста: Малата Искра има потреба од сите нас https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/da-ja-pokazheme-humanosta-malata-iskra-ima-potreba-od-site-nas/ Tue, 26 Mar 2024 21:39:25 +0000 https://republika.mk/?p=759115

Искра е 17 месечно детенце кое е родено со спинална мускулна атрофија – Тип 1. Искра не знае што значи да дишеш слободно, со полни гради бидејќи е на респиратор од раѓање, и не може да живее без него. Искра никогаш во животот нема вкусено храна, бидејќи се храни со назогастрична сонда која и влегува преку носето. Нејзината приказна ќе го скрши и најтврдокорното срце: имала 6 операции на нејзиното мало срценце досега, една од нив и на дијафрагмата, со цел да се дијагностицира состојбата, но оваа болест е толку ретка, што ваквите генетски тестови кај нас ги има само во МАНУ, но проблемот со ретките болести е што треба некој да ги препознае за да знае да упати каков тест да се направи. Малата Искра имала среќа, во белградскиот педијатар кој работел во Систина и кој во неможноста Искра да ги движи рачињата ја препознал болеста и ги упатил на тестирање.

Искра никогаш не земала воздух, и не може да дише без респиратор, а знаеме каква е ситуацијата за респиратори кај нас: таа користела респиратор од петгодишниот Петар, кој за жал починал, и неговите родители го предале за Искра. За жал, респираторот откажал пред 5 дена, на 22 март, по што Искра била транспортирана на Клиниката за детски болести, но и таму откажал респираторот, и сега е Искра во Систина, во исчекување да и помогнеме да се купи мобилен респиратор.

Не постои цена за да може Искра да земе здив. Во име на таткото Гоце Трајковски, Ве молиме да одвоите колку што имате за да се спаси ова мало, невино детенце, кое веќе видело многу страдање во својот краток живот.

ДОНИРАЈТЕ ТУКА за респираторот за Искра да се набави што поскоро!

The post Да ја покажеме хуманоста: Малата Искра има потреба од сите нас appeared first on Република.

]]>

Искра е 17 месечно детенце кое е родено со спинална мускулна атрофија – Тип 1. Искра не знае што значи да дишеш слободно, со полни гради бидејќи е на респиратор од раѓање, и не може да живее без него. Искра никогаш во животот нема вкусено храна, бидејќи се храни со назогастрична сонда која и влегува преку носето. Нејзината приказна ќе го скрши и најтврдокорното срце: имала 6 операции на нејзиното мало срценце досега, една од нив и на дијафрагмата, со цел да се дијагностицира состојбата, но оваа болест е толку ретка, што ваквите генетски тестови кај нас ги има само во МАНУ, но проблемот со ретките болести е што треба некој да ги препознае за да знае да упати каков тест да се направи. Малата Искра имала среќа, во белградскиот педијатар кој работел во Систина и кој во неможноста Искра да ги движи рачињата ја препознал болеста и ги упатил на тестирање. Искра никогаш не земала воздух, и не може да дише без респиратор, а знаеме каква е ситуацијата за респиратори кај нас: таа користела респиратор од петгодишниот Петар, кој за жал починал, и неговите родители го предале за Искра. За жал, респираторот откажал пред 5 дена, на 22 март, по што Искра била транспортирана на Клиниката за детски болести, но и таму откажал респираторот, и сега е Искра во Систина, во исчекување да и помогнеме да се купи мобилен респиратор. Не постои цена за да може Искра да земе здив. Во име на таткото Гоце Трајковски, Ве молиме да одвоите колку што имате за да се спаси ова мало, невино детенце, кое веќе видело многу страдање во својот краток живот. ДОНИРАЈТЕ ТУКА за респираторот за Искра да се набави што поскоро!

The post Да ја покажеме хуманоста: Малата Искра има потреба од сите нас appeared first on Република.

]]>