ископ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/iskop/ За подобро да се разбереме Thu, 25 Jul 2024 09:02:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ископ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/iskop/ 32 32 Човечки коски најдени при ископ во Илинден https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chovechki-koski-najdeni-pri-iskop-vo-ilinden/ Thu, 25 Jul 2024 09:02:21 +0000 https://republika.mk/?p=800105

Човечки коски биле најдени при ископ во општина Илинден, за време на изведување на градежни работи.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

The post Човечки коски најдени при ископ во Илинден appeared first on Република.

]]>

Човечки коски биле најдени при ископ во општина Илинден, за време на изведување на градежни работи. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

The post Човечки коски најдени при ископ во Илинден appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Нема да има ископ на литиум без целосна заштита на човечките животи и животната средина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-nema-da-ima-iskop-na-litium-bez-tselosna-zashtita-na-chovechkite-zhivoti-i-zhivotnata-sredina/ Fri, 19 Jul 2024 09:49:19 +0000 https://republika.mk/?p=798373

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека без целосна заштита на човечкиот живот и природата нема да има ископ на литиум во Западна Србија, во околината на Лозница.

На Самитот за стратешки суровини во Белград, тој рече дека знае оти проектот за ископ на литиум, кој треба да го спроведе компанијата Рио Тинто, нема да биде поддржан од пошироката јавност во Србија, но оти добил гаранции од ЕУ дека проектот „Јадар“ ќе биде спроведен по највисоки стандарди.

На Самитот учествуваат германскиот канцелар Олаф Шолц, потпретседателот на Европската комисија и европски комесар за меѓуинституционални односи и стратешко предвидување Марош Шефчовиќ, членови на Владата на Србија, претставници на Европската банка за обнова и развој, Германската банка за развој КФВ, италијанската Банка за развој, производителот на автомобили Мерцедес-Бенц.

Вучиќ истакна дека канцеларот Шолц ја ветил поддршката на Германија дека Србија ќе има поголем вредносен синџир на производство на литиум, „што ќе донесе милијарди инвестиции и неверојатна промена за целата земја, а најголема за западна Србија“.

Тој додаде дека ископувањето литиум претставува голема надеж за Србија и дека Србија нема да ја пропушти оваа шанса.

Кај нас постои неподнослива леснотија на пропуштање добри можности и овојпат не смееме да го дозволиме тоа.

Многу е потешко да ги промениме работите, самите себе, државата, да прифатиме предизвици и да носиме храбри одлуки, рече Вучиќ.

The post Вучиќ: Нема да има ископ на литиум без целосна заштита на човечките животи и животната средина appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека без целосна заштита на човечкиот живот и природата нема да има ископ на литиум во Западна Србија, во околината на Лозница. На Самитот за стратешки суровини во Белград, тој рече дека знае оти проектот за ископ на литиум, кој треба да го спроведе компанијата Рио Тинто, нема да биде поддржан од пошироката јавност во Србија, но оти добил гаранции од ЕУ дека проектот „Јадар“ ќе биде спроведен по највисоки стандарди. На Самитот учествуваат германскиот канцелар Олаф Шолц, потпретседателот на Европската комисија и европски комесар за меѓуинституционални односи и стратешко предвидување Марош Шефчовиќ, членови на Владата на Србија, претставници на Европската банка за обнова и развој, Германската банка за развој КФВ, италијанската Банка за развој, производителот на автомобили Мерцедес-Бенц. Вучиќ истакна дека канцеларот Шолц ја ветил поддршката на Германија дека Србија ќе има поголем вредносен синџир на производство на литиум, „што ќе донесе милијарди инвестиции и неверојатна промена за целата земја, а најголема за западна Србија“. Тој додаде дека ископувањето литиум претставува голема надеж за Србија и дека Србија нема да ја пропушти оваа шанса. Кај нас постои неподнослива леснотија на пропуштање добри можности и овојпат не смееме да го дозволиме тоа. Многу е потешко да ги промениме работите, самите себе, државата, да прифатиме предизвици и да носиме храбри одлуки, рече Вучиќ.

The post Вучиќ: Нема да има ископ на литиум без целосна заштита на човечките животи и животната средина appeared first on Република.

]]>
Приведени скопјанка и штипјанец поради сомнение за нелегален ископ на предмети од културно наследство https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/privedeni-skopjanka-i-shtipjanets-poradi-somnenie-za-nelegalen-iskop-na-predmeti-od-kulturno-nasledstvo/ Mon, 20 Mar 2023 13:45:28 +0000 https://republika.mk/?p=621613

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода 52-годишната Н.Л.С. од Скопје и М.Н.(41) од Штип.

На автопатот Скопје – Штип, кај клучка Југ-Свети Николе, при преглед на патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.С, во кое сопатник бил М.Н., биле пронајдени и одземени повеќе парчиња стари монети и други предмети за кои постои сомнение дека се предмети од културно наследство, како и два детектора за злато и неколку копачи.

Лицата биле задржани во полициска станица и во службен разговор изјавиле дека ископот го вршеле на локација кај с.Стањевце, светиниколско.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

The post Приведени скопјанка и штипјанец поради сомнение за нелегален ископ на предмети од културно наследство appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода 52-годишната Н.Л.С. од Скопје и М.Н.(41) од Штип. На автопатот Скопје – Штип, кај клучка Југ-Свети Николе, при преглед на патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.С, во кое сопатник бил М.Н., биле пронајдени и одземени повеќе парчиња стари монети и други предмети за кои постои сомнение дека се предмети од културно наследство, како и два детектора за злато и неколку копачи. Лицата биле задржани во полициска станица и во службен разговор изјавиле дека ископот го вршеле на локација кај с.Стањевце, светиниколско. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

The post Приведени скопјанка и штипјанец поради сомнение за нелегален ископ на предмети од културно наследство appeared first on Република.

]]>