искасано Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/iskasano/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Nov 2024 14:09:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png искасано Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/iskasano/ 32 32 Шестгодишно дете со серизони повреди откако го искасало куче https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/shestgodishno-dete-so-serizoni-povredi-otkako-go-iskasalo-kuche/ Tue, 05 Nov 2024 14:55:12 +0000 https://republika.mk/?p=834408

Дете се здобило со сериозни повреди по каснување од куче во Кавадарци. Оваа информација ја потврдиле за МИА од кавадаречката болница, од Обвинителството и од СВР Велес.

Според докторот Благој Митев, началник на хирургија во болницата, детето има сериозни повреди што не се за потценување.

Станува збор за дете на околу шест години. Каснувањето беше завчера попладне, јас бев на работа кога го донесоа детето. Имаше две рани на лицето, плус огреботини. Три рани на предниот дел од абдоменалниот ѕид, една од околу четири и две од по три сантиметри длабочина. На бутната регија, две поголеми рани. На потколеница, 3-4 рани и други повреди. Изготвивме медицински извештај. Детето требаше да биде хоспитализирано, но родителите одбија од лични причини. Рекоа дека редовно ќе го носат на преврски, појасни докторот за МИА.

Самиот лекар по службена должност пријавил во полиција.

На 4.11.2024 во 09.25 часот во ОВР Кавадарци, Џ.М.(23) од село Ваташа, кавадаречко, пријавила дека на 3.11.2024 на улицата Крсте Мисирков во Кавадарци, додека се шетала со нејзиниот шестгодишен син, детето било каснато од куче, кое е сопственост на 51-годишната М.И. од Кавадарци. Кучето било оттргнато од случајни минувачи. Малолетникот бил пренесен во Општа болница Кавадарци, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, велат од СВР Велес.

Известен бил јавен обвинител од ОЈО Кавадарци.

Дадени се наредби и насоки до МВР за целосно документирање на настанот и за прибирање на соодветни докази во врска со чувањето на кучето, како и обезбедување на медицинска документација, велат од Обвинителството.

The post Шестгодишно дете со серизони повреди откако го искасало куче appeared first on Република.

]]>

Дете се здобило со сериозни повреди по каснување од куче во Кавадарци. Оваа информација ја потврдиле за МИА од кавадаречката болница, од Обвинителството и од СВР Велес. Според докторот Благој Митев, началник на хирургија во болницата, детето има сериозни повреди што не се за потценување.
Станува збор за дете на околу шест години. Каснувањето беше завчера попладне, јас бев на работа кога го донесоа детето. Имаше две рани на лицето, плус огреботини. Три рани на предниот дел од абдоменалниот ѕид, една од околу четири и две од по три сантиметри длабочина. На бутната регија, две поголеми рани. На потколеница, 3-4 рани и други повреди. Изготвивме медицински извештај. Детето требаше да биде хоспитализирано, но родителите одбија од лични причини. Рекоа дека редовно ќе го носат на преврски, појасни докторот за МИА.
Самиот лекар по службена должност пријавил во полиција.
На 4.11.2024 во 09.25 часот во ОВР Кавадарци, Џ.М.(23) од село Ваташа, кавадаречко, пријавила дека на 3.11.2024 на улицата Крсте Мисирков во Кавадарци, додека се шетала со нејзиниот шестгодишен син, детето било каснато од куче, кое е сопственост на 51-годишната М.И. од Кавадарци. Кучето било оттргнато од случајни минувачи. Малолетникот бил пренесен во Општа болница Кавадарци, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, велат од СВР Велес.
Известен бил јавен обвинител од ОЈО Кавадарци.
Дадени се наредби и насоки до МВР за целосно документирање на настанот и за прибирање на соодветни докази во врска со чувањето на кучето, како и обезбедување на медицинска документација, велат од Обвинителството.

The post Шестгодишно дете со серизони повреди откако го искасало куче appeared first on Република.

]]>
Дете искасано од улично куче во Долно Лисиче https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dete-iskasano-od-ulichno-kuche-vo-dolno-lisiche/ Sun, 16 Jun 2024 10:52:14 +0000 https://republika.mk/?p=788096

Вчера во 18.35 часот во полициската станица Аеродром, М.Ѓ.(40) од с.Долно Лисиче, скопско, пријавил дека на место викано „Чатал“ во с.Долно Лисиче, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

The post Дете искасано од улично куче во Долно Лисиче appeared first on Република.

Ѝ извадил и дел од цревата: Брутално изгризано четиригодишно девојче во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/izvadil-i-del-od-tsrevata-brutalno-izgrizano-chetirigodishno-devojche-vo-belgrad/ Sun, 09 Jul 2023 13:51:04 +0000 https://republika.mk/?p=659403

Четиригодишно дете е нападнато од куче кое му го распори стомачниот ѕид, јави дописникот на МИА од Белград.

Нападот се случил во белградската населба Сремчица каде кучето му го скинало стомачниот ѕид на четиригодишното дете. Родителите го однеле детето во детската клиника во Тиршова каде било оперирано.

Имаше многу брутален напад над четиригодишно дете, кучето со забите му го откорна абдоминалниот ѕид и од телото му беше извлечен дел од 12-палечното црево, изјави д-р Александар Стијачиќ од Итната помош.

Таткото веднаш го ставил детето во автомобил со мајката, повикале Итна помош и педијатарот детално и објаснувал на мајката што да прави - да извади се што има на себе, да го втурне во раната, за да го спречи крварењето.

Детската клиника во Тиршова беше алармирана да подготви хируршка сала. Немаше причина санитетот да ги пресретне, тоа ќе беше губење на време, детето веднаш влезе во процедура за операциона сала и по повечасовна операција се наоѓа во стабилна состојба и не е животно загрозено, изјави Стијачиќ.

Д-р Стијачиќ апелираше да се биде внимателен, бидејќи напади се случуваат, но ретко толку брутално како овој.

The post Ѝ извадил и дел од цревата: Брутално изгризано четиригодишно девојче во Белград appeared first on Република.

]]>

Четиригодишно дете е нападнато од куче кое му го распори стомачниот ѕид, јави дописникот на МИА од Белград. Нападот се случил во белградската населба Сремчица каде кучето му го скинало стомачниот ѕид на четиригодишното дете. Родителите го однеле детето во детската клиника во Тиршова каде било оперирано.
Имаше многу брутален напад над четиригодишно дете, кучето со забите му го откорна абдоминалниот ѕид и од телото му беше извлечен дел од 12-палечното црево, изјави д-р Александар Стијачиќ од Итната помош.
Таткото веднаш го ставил детето во автомобил со мајката, повикале Итна помош и педијатарот детално и објаснувал на мајката што да прави - да извади се што има на себе, да го втурне во раната, за да го спречи крварењето.
Детската клиника во Тиршова беше алармирана да подготви хируршка сала. Немаше причина санитетот да ги пресретне, тоа ќе беше губење на време, детето веднаш влезе во процедура за операциона сала и по повечасовна операција се наоѓа во стабилна состојба и не е животно загрозено, изјави Стијачиќ.
Д-р Стијачиќ апелираше да се биде внимателен, бидејќи напади се случуваат, но ретко толку брутално како овој.

The post Ѝ извадил и дел од цревата: Брутално изгризано четиригодишно девојче во Белград appeared first on Република.

]]>
Не си го врзал кучето, па тоа искасало дете https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ne-si-go-vrzal-kucheto-pa-toa-iskasalo-dete/ Wed, 07 Dec 2022 16:26:29 +0000 https://republika.mk/?p=583057

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против М.Д.(60) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност”.

Како што соопштија оттаму, на 21 октомври годинава пријавениот не го врзал кучето – домашен миленик, кое излегло од неоградениот двор и каснало малолетник, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

The post Не си го врзал кучето, па тоа искасало дете appeared first on Република.

]]>

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против М.Д.(60) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност”. Како што соопштија оттаму, на 21 октомври годинава пријавениот не го врзал кучето – домашен миленик, кое излегло од неоградениот двор и каснало малолетник, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

The post Не си го врзал кучето, па тоа искасало дете appeared first on Република.

]]>
Мало дете искасано од куче скитник во Драчево https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/malo-dete-iskasano-od-kuche-skitnik-vo-drachevo/ Fri, 18 Feb 2022 12:08:21 +0000 https://republika.mk/?p=460400

Вчеравечер во Полициската станица Драчево, А.Г.(34) од Скопје пријавил неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. Инцидентот се случил на ул.„Иван Хаџиниколов“.

Тоа не е единствениот случај вчера поврзан со напади од кучиња скитници.

Ноќта околу 1 часот во Полициската станица Центар, В.С.(33) од Битола пријавил дека бил каснат од куче скитник на кеј „13 Ноември“, а во 11.45 часот во Полициската станица Аеродром, Ј.Т.(57) од Скопје пријавила дека била касната од куче скитник на бул.„Видое Смилески-Бато“.

The post Мало дете искасано од куче скитник во Драчево appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во Полициската станица Драчево, А.Г.(34) од Скопје пријавил неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. Инцидентот се случил на ул.„Иван Хаџиниколов“. Тоа не е единствениот случај вчера поврзан со напади од кучиња скитници. Ноќта околу 1 часот во Полициската станица Центар, В.С.(33) од Битола пријавил дека бил каснат од куче скитник на кеј „13 Ноември“, а во 11.45 часот во Полициската станица Аеродром, Ј.Т.(57) од Скопје пријавила дека била касната од куче скитник на бул.„Видое Смилески-Бато“.  

The post Мало дете искасано од куче скитник во Драчево appeared first on Република.

]]>