иселеници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/iselenici/ За подобро да се разбереме Fri, 05 Jul 2024 09:53:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png иселеници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/iselenici/ 32 32 Иселениците ќе паркираат по училишните дворови, за да се избегне гужвата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/iselenitsite-ke-parkiraat-po-uchilishnite-dvorovi-za-da-se-izbegne-guzhvata/ Fri, 05 Jul 2024 17:25:32 +0000 https://republika.mk/?p=793717

Со почетокот на месец јули, во поширокиот Полошки регион, подрачје кое административно го покрива СВР Тетово, се забележува зголемениот интензитет на враќање на иселениците кои живеат и работат во странство, додека во втората половина од овој и почетокот на идниот месец се очекува нивниот број уште повеќе да се зголемува, поради што редовно се преземаат сите мерки и засилени активности за да се овозможи нормално и непречено одвивање на сообраќајот низ централните подрачја на градовите Тетово и Гостивар, а посебно околу превенирањето
и санкционирањето на погрешното и непрописното паркирање на возилата, велат од СВР Тетово.

Додаваат дека во соработка со локалните самоуправи веќе се отворени дворовите на неколку основни и средни училишта во централните градски подрачја за да се овозможи паркирање на
возилата и да се избегне двојното, односно паралелно паркирање, како и паркирање во зона на раскрсници, на тротоари, пешачки премини и слично.

Потенцираат дека возилата што го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот ќе бидат подигнати до општинските „пајак“ служби кои ќе бидат интензивирани активности и со подолго работно време.

Над 2.500 мерки се изречени во минатите шест месеци во однос на непрописно и погрешно паркирање на возила, а со „пајак служба“ биле подигнати над 1.000 возила кои директно го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот, додека за прекршителите се издадени соодветни платни налози и тие ќе се соочат со парични казни предвидени со закон. Секторот за внатрешни работи Тетово, поради веќе дојдените иселеници и очекуваното зголемена фреквенцијата на сообраќајот, апелира до возачите да ги почитуваат правилата и законските прописи во сообраќајот за да се избегнат сериозни последици и застој во сообраќајот, да бидат свесни, да не ги паркираат нивните возила кај што ќе стигнат и да придонесат за нивната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, велат од СВР Тетово.

The post Иселениците ќе паркираат по училишните дворови, за да се избегне гужвата appeared first on Република.

]]>

Со почетокот на месец јули, во поширокиот Полошки регион, подрачје кое административно го покрива СВР Тетово, се забележува зголемениот интензитет на враќање на иселениците кои живеат и работат во странство, додека во втората половина од овој и почетокот на идниот месец се очекува нивниот број уште повеќе да се зголемува, поради што редовно се преземаат сите мерки и засилени активности за да се овозможи нормално и непречено одвивање на сообраќајот низ централните подрачја на градовите Тетово и Гостивар, а посебно околу превенирањето и санкционирањето на погрешното и непрописното паркирање на возилата, велат од СВР Тетово. Додаваат дека во соработка со локалните самоуправи веќе се отворени дворовите на неколку основни и средни училишта во централните градски подрачја за да се овозможи паркирање на возилата и да се избегне двојното, односно паралелно паркирање, како и паркирање во зона на раскрсници, на тротоари, пешачки премини и слично. Потенцираат дека возилата што го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот ќе бидат подигнати до општинските „пајак“ служби кои ќе бидат интензивирани активности и со подолго работно време.
Над 2.500 мерки се изречени во минатите шест месеци во однос на непрописно и погрешно паркирање на возила, а со „пајак служба“ биле подигнати над 1.000 возила кои директно го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот, додека за прекршителите се издадени соодветни платни налози и тие ќе се соочат со парични казни предвидени со закон. Секторот за внатрешни работи Тетово, поради веќе дојдените иселеници и очекуваното зголемена фреквенцијата на сообраќајот, апелира до возачите да ги почитуваат правилата и законските прописи во сообраќајот за да се избегнат сериозни последици и застој во сообраќајот, да бидат свесни, да не ги паркираат нивните возила кај што ќе стигнат и да придонесат за нивната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, велат од СВР Тетово.

The post Иселениците ќе паркираат по училишните дворови, за да се избегне гужвата appeared first on Република.

]]>
СДСМ од старт спаси тројца пратеници: Нема да има гласање во дијаспората за парламентарните избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-od-start-spasi-trojtsa-pratenitsi-nema-da-ima-glasane-vo-dijasporata-za-parlamentarnite-izbori/ Wed, 20 Mar 2024 06:52:19 +0000 https://republika.mk/?p=756510

Вкупно 2954 наши иселеници се пријавиле за гласање во странство на претстојните претседателски и парламентарни избори 2024. Од вкупниот број пријави, според податоците од веб-страната на Државната изборна комисија од синоќа, прифатени се 2610, две се необработени, а одбиени 342.

Оваа бројка би можела да се промени доколку Министерството за надворешни работи до ДИК најдоцна до 21 март, согласно Роковникот за избори, достави пријави од наши државјани поднесени во дипломатско-конзуларните претставништва. Сепак, извесно е дека гласање ќе се организира само за претседателските избори бидејќи нема доволен број пријавени за избор на пратеници.

Гласањето за претседател на 24 април и за втор круг на 8 мај, врз основа на прифатените пријави, треба да се организира во 24 земји. За да се организираат избори во некое од нашите дипломатски-конзуларни претставништва потребно е да се пријавени најмалку десет избирачи.

Најмногу прифатени барања за гласање има во Германија - 578, потоа во Словенија - 327, во САД - 241, во Швајцарија - 182, во Канада - 122, во Австрија - 116, во Италија - 101, во Австралија - 97, во Белгија - 91... Меѓу земјите каде што има најмалку пријавени е Кина каде има 12 наши државјани што сакаат да гласаат на изборите.

Изјава на портпаролката на Државната изборна комисија, Љупка Гугучевска.

Портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска минатата недела објасни дека без разлика колку прифатени пријави има за гласање во дијаспората, гласање за претседателските избори ќе се организира, но за да се организира гласање за парламентарните избори потребно е да се пријават најмалку 5.355 гласачи во сите 52 конзуларни претставништва или дипломатски канцеларии во странство.

Како што кажа, со оглед на тоа дека претседател на државата се избира според мнозинскиот систем на целата територија на државата, како и на сите континенти каде што живеат нашите државјани и се смета како една изборна единица ќе бидат организирани избори.

- За да биде отворено едно гласачко место ДПК или Конзуларна канцеларија на нашата држава во странство треба да бидат пријавени најмалку десет гласачи, изјави Гугучевска.

Во однос на парламентарните избори, објаснува таа, пратениците се избираат и во изборната единица во странство според пропорционалниот модел, односно тука има уште еден услов како своевиден цензус. За да биде избран пратеник од Изборната единица 7 треба да освои најмалку онолкав број на гласови колку што освоил пратеник со најмал број на гласови на територијата на државата на последните парламентарни избори.

-За овие избори овој број е 5.355. Значи, најмалку 5.355 гласачи треба да има вкупно регистрирани во сите 52 конзуларни претставништва или дипломатски канцеларии во странство за да може да бидат, пред се, организирани вакви избори. А најмалку, исто така 5.355 гласачи би требало да гласаат за еден кандидат за тој да биде избран, појасни Гугучевска

The post СДСМ од старт спаси тројца пратеници: Нема да има гласање во дијаспората за парламентарните избори appeared first on Република.

]]>

Вкупно 2954 наши иселеници се пријавиле за гласање во странство на претстојните претседателски и парламентарни избори 2024. Од вкупниот број пријави, според податоците од веб-страната на Државната изборна комисија од синоќа, прифатени се 2610, две се необработени, а одбиени 342. Оваа бројка би можела да се промени доколку Министерството за надворешни работи до ДИК најдоцна до 21 март, согласно Роковникот за избори, достави пријави од наши државјани поднесени во дипломатско-конзуларните претставништва. Сепак, извесно е дека гласање ќе се организира само за претседателските избори бидејќи нема доволен број пријавени за избор на пратеници. Гласањето за претседател на 24 април и за втор круг на 8 мај, врз основа на прифатените пријави, треба да се организира во 24 земји. За да се организираат избори во некое од нашите дипломатски-конзуларни претставништва потребно е да се пријавени најмалку десет избирачи. Најмногу прифатени барања за гласање има во Германија - 578, потоа во Словенија - 327, во САД - 241, во Швајцарија - 182, во Канада - 122, во Австрија - 116, во Италија - 101, во Австралија - 97, во Белгија - 91... Меѓу земјите каде што има најмалку пријавени е Кина каде има 12 наши државјани што сакаат да гласаат на изборите. Изјава на портпаролката на Државната изборна комисија, Љупка Гугучевска. Портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска минатата недела објасни дека без разлика колку прифатени пријави има за гласање во дијаспората, гласање за претседателските избори ќе се организира, но за да се организира гласање за парламентарните избори потребно е да се пријават најмалку 5.355 гласачи во сите 52 конзуларни претставништва или дипломатски канцеларии во странство. Како што кажа, со оглед на тоа дека претседател на државата се избира според мнозинскиот систем на целата територија на државата, како и на сите континенти каде што живеат нашите државјани и се смета како една изборна единица ќе бидат организирани избори.
- За да биде отворено едно гласачко место ДПК или Конзуларна канцеларија на нашата држава во странство треба да бидат пријавени најмалку десет гласачи, изјави Гугучевска.
Во однос на парламентарните избори, објаснува таа, пратениците се избираат и во изборната единица во странство според пропорционалниот модел, односно тука има уште еден услов како своевиден цензус. За да биде избран пратеник од Изборната единица 7 треба да освои најмалку онолкав број на гласови колку што освоил пратеник со најмал број на гласови на територијата на државата на последните парламентарни избори.
-За овие избори овој број е 5.355. Значи, најмалку 5.355 гласачи треба да има вкупно регистрирани во сите 52 конзуларни претставништва или дипломатски канцеларии во странство за да може да бидат, пред се, организирани вакви избори. А најмалку, исто така 5.355 гласачи би требало да гласаат за еден кандидат за тој да биде избран, појасни Гугучевска

The post СДСМ од старт спаси тројца пратеници: Нема да има гласање во дијаспората за парламентарните избори appeared first on Република.

]]>
Николоски со повик до македонската дијаспора: Дојдете да го искористите своето право на глас https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-so-povik-do-makedonskata-dijaspora-dojdete-da-go-iskoristite-svoeto-pravo-na-glas/ Fri, 08 Mar 2024 20:51:56 +0000 https://republika.mk/?p=752825

Со нашите иселеници, со дијаспората разговараме како да се подобрат состојбите во Македонија. Првиот чекор е промената на власта на парламентарните и претседателски избори кои што ќе се случат 24 април и 8 мај. И ги повикуваме сите наши кои што живеат надвор од Македонија да дојдат на 24 април и 8 мај во Македонија и да го искористат своето право на глас, како ВМРО-ДПМНЕ би освоило рекорден број на пратеници. И така не би било ВМРО-ДПМНЕ уценувано од никој од овие кои што се сега корумпирана елита на власт“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во изјава за вестите на Алфа телевизија од Виена.

Николоски додаде дека на ВМРО-ДПМНЕ му треба чист мандат, со голем број на пратеници. Ако е возможно и 61 пратеник со цел да не биде уценувано и секако политичката партија ДУИ да оди во опозиција.

За тоа ни е потребно сите кои што живеат надвор од Македонија, како и сите кои што живеат во Македонија да дојдат на 24 април и на 8 мај да гласаат“, повика Николоски.

Тој посочи дека по победата на избори Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги исправа работите во државата кои што се последица од оваа ненародна и корумпирана власт.

Потребно е пред се да се врати гордоста, македонската национална гордост кај Македонците, тоа е првата работа што треба да ја направиме. И секако втората работа е чистење на корупцијата и покренување на економијата со цел што помалку луѓе да ја напуштаат Македонија и секако оние кои што се надвор од државата да имаат можност да се вратат дома“, порача Николоски.

The post Николоски со повик до македонската дијаспора: Дојдете да го искористите своето право на глас appeared first on Република.

Спасовски: МВР го слуша гласот на секој македонски иселеник во странство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-mvr-go-slusha-glasot-na-sekoj-makedonski-iselenik-vo-stranstvo/ Wed, 22 Feb 2023 16:50:23 +0000 https://republika.mk/?p=612020

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за време на работната посета на Србија ја посети македонската Амбасада во Белград, каде оствари средба со вршителот на работите во Амбасадата, Михаела Веселинов

Од МВР информираат дека на средбата се разговарало за напредокот на регионалната иницијатива Отворен Балкан, почната од Македонија, Србија и Албанија, со цел солидарност и добрососедство, а во функција на унапредување на регионалната соработка и олеснување на движењето на луѓе, стоки и услуги, за подобар живот и стандард на нашите граѓани.

Спасовски ја потврдил заложбата на МВР да се слуша гласот на секој македонски иселеник во странство.

МВР е вистински сервис за граѓаните, со ефикасен и економичен одговор за потребите на граѓаните. Секој еден наш граѓанин во дијаспората е важен, продолжуваме со иницирање и забрзување на веќе отпочнатите активности, во насока на подобрување на услугите на нашите граѓани во државите во кои живеат, истакнал Спасовски.

The post Спасовски: МВР го слуша гласот на секој македонски иселеник во странство appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за време на работната посета на Србија ја посети македонската Амбасада во Белград, каде оствари средба со вршителот на работите во Амбасадата, Михаела Веселинов Од МВР информираат дека на средбата се разговарало за напредокот на регионалната иницијатива Отворен Балкан, почната од Македонија, Србија и Албанија, со цел солидарност и добрососедство, а во функција на унапредување на регионалната соработка и олеснување на движењето на луѓе, стоки и услуги, за подобар живот и стандард на нашите граѓани. Спасовски ја потврдил заложбата на МВР да се слуша гласот на секој македонски иселеник во странство.
МВР е вистински сервис за граѓаните, со ефикасен и економичен одговор за потребите на граѓаните. Секој еден наш граѓанин во дијаспората е важен, продолжуваме со иницирање и забрзување на веќе отпочнатите активности, во насока на подобрување на услугите на нашите граѓани во државите во кои живеат, истакнал Спасовски.

The post Спасовски: МВР го слуша гласот на секој македонски иселеник во странство appeared first on Република.

]]>
Срцето плаче за Југот: Балканците би се вратиле од Германија, иако таму поубаво живеат https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srceto-plache-za-jugot-balkancite-bi-se-vratile-od-germanija-iako-tamu-poubavo-ziveat/ Sat, 19 Feb 2022 20:00:08 +0000 https://republika.mk/?p=460945

Многумина ги напуштаат родните места и земјата во која се родени за подобар и подобар живот, надевајќи се на порелаксирана иднина „некаде“. Сепак, големото прашање е дали живеењето во странство значи посреќен живот? Д

али живеењето далеку од корените, мајчиниот јазик и блиските навистина може да обезбеди мир покрај парите? Се чини дека една работа, барем донекаде, секогаш мора да страда, анализира „Блиц.рс“.

Еден од нив ги открива од негова гледна точка предностите и недостатоците на живеењето надвор Зборувува за различни менталитети, навикнување на истите, алтруизам што го имаат странците повеќе од „нашите“, но и за „бајката“ на животот што нуди иселување од сопствената земја, пишува „Блиц“.

https://republika.mk/vesti/svet/kako-navistina-se-zivee-vo-germanija-so-2-000-evra-mesechno-prezivuvash-so-3-000-se-turka/

Она што не тера да останеме на долг рок не се парите, тоа е душевен мир во уредна држава со закони, држава која познава ред и основни човекови права. Се разбира, одвреме-навреме, покрај семејството, копнееме и за нашата слива ракија, за нашата музика, шарените чаршафи, утринските гулаби и петлите. Сакаме кафе со пријателите и наш јазик на улица. За жал, не можете да живеете само од тоа. Затоа сме таму каде што сме.

Соговорникот на „Блиц“поминал три генерации  во Германија, поточно во Баварија.

И покрај толку време поминато овде, децата се уште плачат за Србија, веројатно само до моментот кога таму нема да заработуваат. Тажно но вистинито.Додека се трошат парите, ние сме најдобрата земја на светот, навистина сме. Не се знае колку долго ќе бидеме на небото или на земјата. Размислувам, претпоставувам дека ќе има подобри денови и големи се шансите да не ја напуштам татковината. Не е лесно да оставиш се, но се остава кога гори под нозете.

Извор: Blic.rs

The post Срцето плаче за Југот: Балканците би се вратиле од Германија, иако таму поубаво живеат appeared first on Република.

]]>

Многумина ги напуштаат родните места и земјата во која се родени за подобар и подобар живот, надевајќи се на порелаксирана иднина „некаде“. Сепак, големото прашање е дали живеењето во странство значи посреќен живот? Д али живеењето далеку од корените, мајчиниот јазик и блиските навистина може да обезбеди мир покрај парите? Се чини дека една работа, барем донекаде, секогаш мора да страда, анализира „Блиц.рс“. Еден од нив ги открива од негова гледна точка предностите и недостатоците на живеењето надвор Зборувува за различни менталитети, навикнување на истите, алтруизам што го имаат странците повеќе од „нашите“, но и за „бајката“ на животот што нуди иселување од сопствената земја, пишува „Блиц“. https://republika.mk/vesti/svet/kako-navistina-se-zivee-vo-germanija-so-2-000-evra-mesechno-prezivuvash-so-3-000-se-turka/