исечени дрвја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/isecheni-drvja/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Nov 2023 12:14:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png исечени дрвја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/isecheni-drvja/ 32 32 ЕСМ: За секое отстрането дрво во Битола поради цевките ќе засадиме по три нови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/esm-za-sekoe-otstraneto-drvo-vo-bitola-poradi-tsevkite-ke-zasadime-po-tri-novi/ Mon, 06 Nov 2023 12:14:15 +0000 https://republika.mk/?p=698781

„ЕСМ Топлификација“ - Битола во населбата Кланица, непосредно до улицата „Македонски гемиџии“, почна со подготвителните работи за изградба на кракот од топловодната мрежа што се протега кон улицата „Партизанска“.

Од „ЕСМ Топлификација“ соопштија дека на локацијата каде поминуваат цевките од топловодот, отстранети се дрвја и нискостеблести грмушки, за што претходно е обезбедено одобрение од Општина Битола.

По завршување на градежните работи, „ЕСМ Топлификација“ ќе засади по три нови дрвја за секое едно отстрането, а во соработка со општината, ќе биде реализирана и акција за засадување на нови садници на локации одредени од општинските надлежни служби, информираа од „ЕСМ Топлификација“ - Битола.

The post ЕСМ: За секое отстрането дрво во Битола поради цевките ќе засадиме по три нови appeared first on Република.

]]>

„ЕСМ Топлификација“ - Битола во населбата Кланица, непосредно до улицата „Македонски гемиџии“, почна со подготвителните работи за изградба на кракот од топловодната мрежа што се протега кон улицата „Партизанска“. Од „ЕСМ Топлификација“ соопштија дека на локацијата каде поминуваат цевките од топловодот, отстранети се дрвја и нискостеблести грмушки, за што претходно е обезбедено одобрение од Општина Битола.
По завршување на градежните работи, „ЕСМ Топлификација“ ќе засади по три нови дрвја за секое едно отстрането, а во соработка со општината, ќе биде реализирана и акција за засадување на нови садници на локации одредени од општинските надлежни служби, информираа од „ЕСМ Топлификација“ - Битола.

The post ЕСМ: За секое отстрането дрво во Битола поради цевките ќе засадиме по три нови appeared first on Република.

]]>
Максимум 1.800 евра ќе е казната за без дозвола масакрираните стари дрвја за да никне зграда на „Елена Лука“ во Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/maksimum-1-800-evra-ke-e-kaznata-za-bez-dozvola-masakriranite-stari-drvja-za-da-nikne-zgrada-na-elena-luka-vo-aerodrom/ Thu, 12 Jan 2023 13:35:43 +0000 https://republika.mk/?p=596223

Од Зелен хуман град реагираат дека денеска без дозвола, спротивно на решението на градежниот инспектор, биле масакрирани децениски стари дрвја на улицата „Венјамин Мачуковски“ во Аеродром.

Како што велат од здружението, за оваа локација поплаки од граѓаните добиле пред 2 недели, зошто оваа локација се заградила од страна на инвеститор „Елена Лука“, за градење нова зграда.

Град Скопје потрдил дека нема издадено дозвола за интервенција врз децениското зеленило на парцелата и истото не смее да се сече / пресадува / кастри во ниеден случај. Испектор од градот беше на терен и ја констатираа состојбата, велат од ЗХГ.

Ова утро, инвеститорот започнал со масакр на дрвјата и другото зеленило на парцелата, иако нема дозвола за истото од Градот. Децениски стари дрвја што имаат непроценлива вредност за животната средина, уништени за нова зграда да никне на нивно место. Зелен хуман град повторно реагираше кај надлежниот инспекторат што сега е на терен, и известени сме дека „Елена Лука“ ќе бидат казнети според Закон за урбано зеленило. За жал, законот предвидува максимална казна од 1.800 ЕУР, без разлика на бројот на исечени дрвја, што е смешна сума за секој инвеститор и воопшто не ги обесхрабрува да го прекршат истиот тој закон.
Само со притисок од локалното население може да се спасат останатите дрвја на парцелата што уште не се уништени од инвеститорот! Аеродромци, не дозволувајте профитот на една фирма да ви го одземе правото на чист воздух, термална заштита и здрава животна средина, велат од Зелен хуман град.

The post Максимум 1.800 евра ќе е казната за без дозвола масакрираните стари дрвја за да никне зграда на „Елена Лука“ во Аеродром appeared first on Република.

]]>

Од Зелен хуман град реагираат дека денеска без дозвола, спротивно на решението на градежниот инспектор, биле масакрирани децениски стари дрвја на улицата „Венјамин Мачуковски“ во Аеродром. Како што велат од здружението, за оваа локација поплаки од граѓаните добиле пред 2 недели, зошто оваа локација се заградила од страна на инвеститор „Елена Лука“, за градење нова зграда. Град Скопје потрдил дека нема издадено дозвола за интервенција врз децениското зеленило на парцелата и истото не смее да се сече / пресадува / кастри во ниеден случај. Испектор од градот беше на терен и ја констатираа состојбата, велат од ЗХГ.
Ова утро, инвеститорот започнал со масакр на дрвјата и другото зеленило на парцелата, иако нема дозвола за истото од Градот. Децениски стари дрвја што имаат непроценлива вредност за животната средина, уништени за нова зграда да никне на нивно место. Зелен хуман град повторно реагираше кај надлежниот инспекторат што сега е на терен, и известени сме дека „Елена Лука“ ќе бидат казнети според Закон за урбано зеленило. За жал, законот предвидува максимална казна од 1.800 ЕУР, без разлика на бројот на исечени дрвја, што е смешна сума за секој инвеститор и воопшто не ги обесхрабрува да го прекршат истиот тој закон. Само со притисок од локалното население може да се спасат останатите дрвја на парцелата што уште не се уништени од инвеститорот! Аеродромци, не дозволувајте профитот на една фирма да ви го одземе правото на чист воздух, термална заштита и здрава животна средина, велат од Зелен хуман град.

The post Максимум 1.800 евра ќе е казната за без дозвола масакрираните стари дрвја за да никне зграда на „Елена Лука“ во Аеродром appeared first on Република.

]]>