исцелител Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/iscelitel/ За подобро да се разбереме Sat, 13 Aug 2022 17:32:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png исцелител Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/iscelitel/ 32 32 Филмот „Исцелител” на „Кино на отворено” во Кисела Вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/filmot-iscelitel-na-kino-na-otvoreno-vo-kisela-voda/ Sat, 13 Aug 2022 17:32:15 +0000 https://republika.mk/?p=539974

Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески ќе се прикажува вечер пред Домот на културата „Билјана Беличанец” во Општина Кисела Вода, во рамки на летниот филмски фестивал „Кино на отворено“.

Проекцијата е во 21 часот. Од Општината соопштија дека како и за сите досегашни проекции, влезот е бесплатен, а половина час порано, за најмладите ќе се прикажуваат анимирани филмови од архивата на „МакеДокс“.

Летниот филмски фестивал е во организација на Општина Кисела Вода и се одржува со поддршка на „МакеДокс“. Почна во вторникот, а ќе заврши утре.

The post Филмот „Исцелител” на „Кино на отворено” во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>

Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески ќе се прикажува вечер пред Домот на културата „Билјана Беличанец” во Општина Кисела Вода, во рамки на летниот филмски фестивал „Кино на отворено“. Проекцијата е во 21 часот. Од Општината соопштија дека како и за сите досегашни проекции, влезот е бесплатен, а половина час порано, за најмладите ќе се прикажуваат анимирани филмови од архивата на „МакеДокс“. Летниот филмски фестивал е во организација на Општина Кисела Вода и се одржува со поддршка на „МакеДокс“. Почна во вторникот, а ќе заврши утре.

The post Филмот „Исцелител” на „Кино на отворено” во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>
Исповед на исцелител: Бившата жена му ја заклучила машкоста со седум катанци, па ги фрлила преку река https://arhiva3.republika.mk/zivot/psihologija/ispoved-na-iscelitel-bivshata-zena-mu-ja-zakluchila-mashkosta-so-sedum-katanci-pa-gi-frlila-preku-reka/ Sat, 30 Apr 2022 16:36:41 +0000 https://republika.mk/?p=495793

Иако зад себе имал еден пропаднат брак, овој маж верувал дека бракот со сегашната сопруга ќе биде успешен и ќе трае до крајот на животот. Слушал гласини дека и овој брак ќе му пропадне исто како и првиот, но не обраќал многу внимание на нив. Веќе после првите неколку месеци заеднички живот со втората сопруга, започнале проблемите. Љубовта која ги споила преку ноќ се претворила во пепел и прав. Наместо хармонија и меѓусебно разбирање на кое се заколнале, во куќата завладеал хаос. Се карале и за најмала ситница, почнале да се навредуваат со погрдни зборови, па дури тоа го правеле и пред гости. Дури уште повеќе имале потреба да се оцрнуваат еден со друг кога биле присутни луѓе со нив.

По некое време откако бурата се стишала, мажот помислил дека тоа е одлична пригода да ги смири односите со сопругата. Меѓутоа шокот бил уште поголем кога сфатил дека тој е немоќен. Тогаш започнал да ја обвинува сопругата дека тоа е нејзина вина, а таа него го обвинила дека за тоа е затоа што сигурно е вљубен во друга. И така кавгата продолжила, а некогашните планови да ја доградат куќата и да родат деца – пропаднала. Истовремено со влошување на меѓусебните односи, започнало да се влошува и нивното здравје. Лекарските наоди покажувале дека двајцата се здрави, но ниеден од нив не се чувствувал добро. Пателе од главоболки, мачнини, гушење и болки кои наизменично „шетале“ по телото. Дури некогаш истовремено добивале болки кои траеле по неколку часови. Тогаш мажот за првпат одлучил да побара помош од исцелител“ – раскажува А.Х.

Од исцелителот дознале дека бившата жена им ја заклучила среќата со седум катанци кои биле фрлени преку река, што било дополнително отежнато за растурање на магијата. Сепак, после два месеци разно-разни ритуали и 40 дена молитви, во нивниот дом повторно заблескала хармонија и речиси изгаснатиот пламен, повторно бил разгорен.

The post Исповед на исцелител: Бившата жена му ја заклучила машкоста со седум катанци, па ги фрлила преку река appeared first on Република.

Трудница си закова шајка во глава, бајач ја убедил дека така ќе роди машко дете https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/trudnica-si-zakova-shajka-vo-glava-bajach-ja-ubedil-deka-taka-kje-rodi-mashko-dete/ Sat, 19 Feb 2022 08:52:58 +0000 https://republika.mk/?p=459905

Трудница си закова клинец во главата откако исцелител ја убедил дека така со гаранција ќе роди машко дете. Инцидентот се случил пред неколку дена во градот Пешавар во Пакистан.

Неврологот Хајдер Сулеман, кој ја лекувал жртвата во болницата „Лејди Ридинг“, за паскистанскиот весник „Зора“ открил дека иако шајката долга 5 сантиметри продрела во черепот на жената, за среќа, не стигнала до нејзиниот мозок.

Таа рече дека една жена од нејзиното маало го направила истото, си заковала шајка во главата, и родила момче иако ултразвукот покажал дека нејзиното неродено дете е девојче, раскажува докторот.

Трудницата во болница прво тврдела дека сама си ја ставила шајката, според советите на исцелителот, за подоцна да признае дека самиот тој ја „заковал“. Според пакистанските медиуми, тој вчера бил повикан на разговор.

Дополнително вознемирувачка е и веста дека роднините на трудницата, пред да побараат лекарска помош, сами се обиделе да ја извлечат шајката од нејзиниот череп.

The post Трудница си закова шајка во глава, бајач ја убедил дека така ќе роди машко дете appeared first on Република.

]]>

Трудница си закова клинец во главата откако исцелител ја убедил дека така со гаранција ќе роди машко дете. Инцидентот се случил пред неколку дена во градот Пешавар во Пакистан. Неврологот Хајдер Сулеман, кој ја лекувал жртвата во болницата „Лејди Ридинг“, за паскистанскиот весник „Зора“ открил дека иако шајката долга 5 сантиметри продрела во черепот на жената, за среќа, не стигнала до нејзиниот мозок.
Таа рече дека една жена од нејзиното маало го направила истото, си заковала шајка во главата, и родила момче иако ултразвукот покажал дека нејзиното неродено дете е девојче, раскажува докторот.
Трудницата во болница прво тврдела дека сама си ја ставила шајката, според советите на исцелителот, за подоцна да признае дека самиот тој ја „заковал“. Според пакистанските медиуми, тој вчера бил повикан на разговор. Дополнително вознемирувачка е и веста дека роднините на трудницата, пред да побараат лекарска помош, сами се обиделе да ја извлечат шајката од нејзиниот череп.

The post Трудница си закова шајка во глава, бајач ја убедил дека така ќе роди машко дете appeared first on Република.

]]>