Исар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/isar/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Jun 2023 14:41:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Исар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/isar/ 32 32 Штип ќе ја подобрува хигиената со нови контејнери и канти за отпад https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shtip-ke-ja-podobruva-higienata-so-novi-kontejneri-i-kanti-za-otpad/ Wed, 14 Jun 2023 14:48:59 +0000 https://republika.mk/?p=651406

Штипското комунално претпријатие „Исар“ –Штип прави анализа уште колку контејнери и канти за отпад се потребни низ населбите, со цел да се подобри комуналната хигиена на подрачјето на Општина Штип.

Директорот на ЈП „Исар“- Штип, Кирил Зајков, истакна дека ќе се прави анализа за реалната потреба на веќепоставените, можноста за дислокација на контејнери или дополнување на бројот на корпи. Тој посочува дека во претходното тримесечје се поставени нови корпи и тоа како пракса ќе продолжи и во следниот период.

Ќе направиме и анализа за реалната потреба од веќе поставените контејнери на соодветните локации. Дали може да се зголеми бројот на одредени локации или да се постави дислокација од некои места каде ние би констатирале дека нема потреба од два, на пример, па едниот да го пренасочиме на друга локација, сѐ со цел да удоволиме на барањата на граѓаните, вели Зајков.

Штипски „Исар“ изминатиот период продаде стотина канти за домаќинствата, кои ги обезбеди по цена од 1.050 денари и за истиот износ ги продава и на граѓаните. Граѓаните кои редовно плаќаат вода може да добијат канта на пет месечни рати и да ја исплаќаат заедно со сметката за вода, а останатите треба да ја платат во готово.

Јавното претпријатие ги набавува кантите, ги проследува врз основа на барање и договор на граѓаните, нудиме отплата на рати, колку е набавен кантата, толку и е продадена, односно по 1050 денари. Во претходното тромесечие се продадени 100 канти. Очекуваме во текот на следните две седмици да добиеме уште нови 100 канти. Апелираме до граѓаните, сите оние кои имаат интерес, да се обратат во ЈП „Исар“, како би склучиле договор и кантите да бидат доставени, вели Зајков.

На годишно ниво домаќинствата набавуваат околу 1.000 канти, а годинава Јавното претпријатие набави вкупно 1.540.

The post Штип ќе ја подобрува хигиената со нови контејнери и канти за отпад appeared first on Република.

]]>

Штипското комунално претпријатие „Исар“ –Штип прави анализа уште колку контејнери и канти за отпад се потребни низ населбите, со цел да се подобри комуналната хигиена на подрачјето на Општина Штип. Директорот на ЈП „Исар“- Штип, Кирил Зајков, истакна дека ќе се прави анализа за реалната потреба на веќепоставените, можноста за дислокација на контејнери или дополнување на бројот на корпи. Тој посочува дека во претходното тримесечје се поставени нови корпи и тоа како пракса ќе продолжи и во следниот период.
Ќе направиме и анализа за реалната потреба од веќе поставените контејнери на соодветните локации. Дали може да се зголеми бројот на одредени локации или да се постави дислокација од некои места каде ние би констатирале дека нема потреба од два, на пример, па едниот да го пренасочиме на друга локација, сѐ со цел да удоволиме на барањата на граѓаните, вели Зајков.
Штипски „Исар“ изминатиот период продаде стотина канти за домаќинствата, кои ги обезбеди по цена од 1.050 денари и за истиот износ ги продава и на граѓаните. Граѓаните кои редовно плаќаат вода може да добијат канта на пет месечни рати и да ја исплаќаат заедно со сметката за вода, а останатите треба да ја платат во готово.
Јавното претпријатие ги набавува кантите, ги проследува врз основа на барање и договор на граѓаните, нудиме отплата на рати, колку е набавен кантата, толку и е продадена, односно по 1050 денари. Во претходното тромесечие се продадени 100 канти. Очекуваме во текот на следните две седмици да добиеме уште нови 100 канти. Апелираме до граѓаните, сите оние кои имаат интерес, да се обратат во ЈП „Исар“, како би склучиле договор и кантите да бидат доставени, вели Зајков.
На годишно ниво домаќинствата набавуваат околу 1.000 канти, а годинава Јавното претпријатие набави вкупно 1.540.

The post Штип ќе ја подобрува хигиената со нови контејнери и канти за отпад appeared first on Република.

]]>
Штипски „Исар“ прави калкулации за можно зголемување на цената на водата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/shtipski-isar-pravi-kalkulacii-za-mozno-zgolemuvanje-na-cenata-na-vodata/ Fri, 16 Dec 2022 13:37:39 +0000 https://republika.mk/?p=586542

Штипското комунално претпријатие „Исар“ ги прави пресметките дали од 1 јануари домаќинствата и фирмите ќе добиваат повисоки сметки за вода за пиење.

Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Трајче Здравков вели дека наредната недела ќе се знае дали по Новогодишните празници ќе има зголемена цена. Проекциите се прават според рамката, односно дадениот план од 2021 до 2023 година од Регулаторна комисија, а во која се дадени минимална и максимална цена. Но, смее да биде повисока од 36,25 денари за метар кубен.

До крајот на годината со донесување на финансискиот план и Програмата на претпријатието ќе се дефинира и цената согласно методологијата на Државната регулаторна комисија, вели Здравков.

Штипски „Исар“ од 1 декември е на регулираниот пазар за електрична енергија и се очекува декемвриската сметка да биде пониска, за разлика од останатите. Разликата ќе се искористи за враќање на долговите.

The post Штипски „Исар“ прави калкулации за можно зголемување на цената на водата appeared first on Република.

]]>

Штипското комунално претпријатие „Исар“ ги прави пресметките дали од 1 јануари домаќинствата и фирмите ќе добиваат повисоки сметки за вода за пиење. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Трајче Здравков вели дека наредната недела ќе се знае дали по Новогодишните празници ќе има зголемена цена. Проекциите се прават според рамката, односно дадениот план од 2021 до 2023 година од Регулаторна комисија, а во која се дадени минимална и максимална цена. Но, смее да биде повисока од 36,25 денари за метар кубен. До крајот на годината со донесување на финансискиот план и Програмата на претпријатието ќе се дефинира и цената согласно методологијата на Државната регулаторна комисија, вели Здравков. Штипски „Исар“ од 1 декември е на регулираниот пазар за електрична енергија и се очекува декемвриската сметка да биде пониска, за разлика од останатите. Разликата ќе се искористи за враќање на долговите.

The post Штипски „Исар“ прави калкулации за можно зголемување на цената на водата appeared first on Република.

]]>
Четворица Украинци копале македонско заштитено културно богатство https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chetvorica-ukrainci-kopale-makedonsko-zashtiteno-kulturno-bogatstvo/ Sat, 22 Oct 2022 16:09:21 +0000 https://republika.mk/?p=564372

Четворица Украинци се приведени откако полицијата ги фатила како вршат нелегален ископ на архиелошкиот локалитет „Исар“ кај селото Марвинци.

На 21.10.2022 година, околу 12.00 часот на археолошкиот локалитет „Исар“ кај с.Марвинци, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово ги лишиле од слобода В.О.(40), О.П.(35), И.Р.(46) и М.Р.(48), сите од Украина, со привремен престој во Скопје. Тие биле затекнати како вршат ископ на локалитетот, кој е прогласен за добро под привремена заштита. Кај нив биле пронајдени два детектора, лопати и неколку ископани предмети. Исто така, при преглед во патничките возила „тојота“ и „хјундаи“ со украински национални ознаки, со кои пристигнале на местото, бил пронајден детектор, се вели во полицискиот билтен.

По целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Четворица Украинци копале македонско заштитено културно богатство appeared first on Република.

Комуналното претпријатие „Исар“ од Штип доби сметка за струја од 19 милиони денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/komunalnoto-pretprijatie-isar-od-shtip-dobi-smetka-za-struja-od-19-milioni-denari/ Thu, 10 Feb 2022 12:07:22 +0000 https://republika.mk/?p=456738

Јануарската сметка за струја на штипското комунално претпријатие „Исар“ изнесува 19 милиони денари или за два милиони денари е повисока од месечните приходи на ова комунално претпријатие.

Директорот на јП „Исар“-Штип, Трајче Здравков за МИА вели дека месечните приходи од 17 милиони денари им се за плати, тековно одржување на системот за водоснабдување, собирање на смет, чистење, како и исплатата на кредитот кон Министерството за финансии.

Со оваа сметка за струја ЈП „Исар“-Штип дополнително ќе се втурне во уште поголема криза. Ако земеме просечно дека ние ЈП „Исар“ има месечни просечни приходи од 17 милиони денари. Тоа значи дека сметката за струја е два милиони денари поголема од нашите приходи. Жално е што и ако досега апелиравме повеќе пати и се знаеше дека ова ќе се случи од страна на институциите немаше реакција, вели Здравков.

Посочи дека не станува збор за капацитет или способност на претпријатијата и општините, туку дека ова е енергетска криза, со која тешко можат да се справат и дополнително ќе ги втурне во трупање на долгови, од кои тешко ќе може да се излезе.

Здравков посочи дека очекуваат до 15 февруари да се приклучат на Хидросистемот „Злетовица“, со што би плаќале помала сметка за струја. Неговите прогнози се дека доколку од наредниот вторни почнат со диструбиција и преработка на водата од Злетовица наредната сметка би изнесувала 10 милиони денари.

The post Комуналното претпријатие „Исар“ од Штип доби сметка за струја од 19 милиони денари appeared first on Република.

]]>

Јануарската сметка за струја на штипското комунално претпријатие „Исар“ изнесува 19 милиони денари или за два милиони денари е повисока од месечните приходи на ова комунално претпријатие. Директорот на јП „Исар“-Штип, Трајче Здравков за МИА вели дека месечните приходи од 17 милиони денари им се за плати, тековно одржување на системот за водоснабдување, собирање на смет, чистење, како и исплатата на кредитот кон Министерството за финансии.
Со оваа сметка за струја ЈП „Исар“-Штип дополнително ќе се втурне во уште поголема криза. Ако земеме просечно дека ние ЈП „Исар“ има месечни просечни приходи од 17 милиони денари. Тоа значи дека сметката за струја е два милиони денари поголема од нашите приходи. Жално е што и ако досега апелиравме повеќе пати и се знаеше дека ова ќе се случи од страна на институциите немаше реакција, вели Здравков.
Посочи дека не станува збор за капацитет или способност на претпријатијата и општините, туку дека ова е енергетска криза, со која тешко можат да се справат и дополнително ќе ги втурне во трупање на долгови, од кои тешко ќе може да се излезе. Здравков посочи дека очекуваат до 15 февруари да се приклучат на Хидросистемот „Злетовица“, со што би плаќале помала сметка за струја. Неговите прогнози се дека доколку од наредниот вторни почнат со диструбиција и преработка на водата од Злетовица наредната сметка би изнесувала 10 милиони денари.

The post Комуналното претпријатие „Исар“ од Штип доби сметка за струја од 19 милиони денари appeared first on Република.

]]>