Иса Мустафа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/isa-mustafa/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Sep 2023 17:21:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Иса Мустафа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/isa-mustafa/ 32 32 Мустафа: Со ваквото однесување на Курти очекувам заострување на санкциите кон Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mustafa-so-vakvoto-odnesuvane-na-kurti-ochekuvam-zaostruvane-na-sanktsiite-kon-kosovo/ Wed, 06 Sep 2023 18:06:46 +0000 https://republika.mk/?p=679418

Поранешниот косовски премиер, Иса Мустафа, смета дека не може да се очекува меѓународната заедница да падне во замката на игрите на владата на Албин Курти со Административното упатство за вонредни локални избори во општините со мнозинско српско население во северно Косово.

Според Мустафа, популистичките акции во северните општини и бегањето од спроведувањето на договорот за стабилизација на состојбите во тој дел од земјата, го санкционираа Косово за прв пат како држава.

Популистичките акции во северните општини и бегањето од спроведувањето на договорот го санкционираа Косово за прв пат како држава. Не може да се очекува меѓународната заедница да падне во замката на игрите на Владата со Административното упатство, изјави Мустафа за порталот „Газета Блиц“.

Поранешниот косовски премиер смета дека проблемот лежи во имплементацијата на договорот што во Охрид во март годинава го потпишаа Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Сметам дека суштината на проблемот лежи во спроведувањето на Охридскиот договор. Курти го прифати Договорот што го содржи самоуправувањето на српската заедница во Косово – автономија за Србите – како и спроведувањето на сите претходни договори, изјави Мустафа.

Тој вели дека со ваквото однесување на владата на Курти не очекува избори на вонредните избори во четирите општини со мнозинско српско население, туку само заострување на санкциите кон Косово.

Со ваквото однесување на владата не очекувам решение на северот на земјата, ниту пак избори, туку заострување на санкциите против Косово, изјави Мустафа.

Според него, актуелните лидери на државата се избрани со гласовите на граѓаните, односно самите граѓани одлучиле да имаат лидери кои ги игнорираат Европската Унија, САД и НАТО.

Лидерите на државата се избрани со гласовите на граѓаните и затоа е илузорно и претставува политичко слепило да се мисли дека граѓаните не треба да бидат казнети за постапките на лидерите, бидејќи граѓаните имаат своја одговорност. Тие решија да имаат лидери на кои не им е грижа за ЕУ, САД, НАТО, а голем дел од нив, според јавното мислење, сè уште размислуваат на истиот начин, вели Мустафа.

За средбата меѓу Курти и Вучиќ, што се очекува да се одржи во текот на овој месец, Мустафа вели дека „доколку не се смени однесувањето и дискурсот на власта кон државните обврски и сојузниците на Косово од септемвриската средба не може да се очекува ништо конкретно“.

Тоа ќе биде сцена на повторувања на популистичките фрази на Курти за милитантите од (неговата партија) Движење самоуправување (ВВ), како и на Вучиќ за неговите граѓани и за меѓународната заедница, која благодарение на грешките што ги прави нашата влада, сè повеќе застануваат на страната на Србија, изјави Мустафа.

The post Мустафа: Со ваквото однесување на Курти очекувам заострување на санкциите кон Косово appeared first on Република.

]]>

Поранешниот косовски премиер, Иса Мустафа, смета дека не може да се очекува меѓународната заедница да падне во замката на игрите на владата на Албин Курти со Административното упатство за вонредни локални избори во општините со мнозинско српско население во северно Косово. Според Мустафа, популистичките акции во северните општини и бегањето од спроведувањето на договорот за стабилизација на состојбите во тој дел од земјата, го санкционираа Косово за прв пат како држава.
Популистичките акции во северните општини и бегањето од спроведувањето на договорот го санкционираа Косово за прв пат како држава. Не може да се очекува меѓународната заедница да падне во замката на игрите на Владата со Административното упатство, изјави Мустафа за порталот „Газета Блиц“.
Поранешниот косовски премиер смета дека проблемот лежи во имплементацијата на договорот што во Охрид во март годинава го потпишаа Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Сметам дека суштината на проблемот лежи во спроведувањето на Охридскиот договор. Курти го прифати Договорот што го содржи самоуправувањето на српската заедница во Косово – автономија за Србите – како и спроведувањето на сите претходни договори, изјави Мустафа.
Тој вели дека со ваквото однесување на владата на Курти не очекува избори на вонредните избори во четирите општини со мнозинско српско население, туку само заострување на санкциите кон Косово.
Со ваквото однесување на владата не очекувам решение на северот на земјата, ниту пак избори, туку заострување на санкциите против Косово, изјави Мустафа.
Според него, актуелните лидери на државата се избрани со гласовите на граѓаните, односно самите граѓани одлучиле да имаат лидери кои ги игнорираат Европската Унија, САД и НАТО.
Лидерите на државата се избрани со гласовите на граѓаните и затоа е илузорно и претставува политичко слепило да се мисли дека граѓаните не треба да бидат казнети за постапките на лидерите, бидејќи граѓаните имаат своја одговорност. Тие решија да имаат лидери на кои не им е грижа за ЕУ, САД, НАТО, а голем дел од нив, според јавното мислење, сè уште размислуваат на истиот начин, вели Мустафа.
За средбата меѓу Курти и Вучиќ, што се очекува да се одржи во текот на овој месец, Мустафа вели дека „доколку не се смени однесувањето и дискурсот на власта кон државните обврски и сојузниците на Косово од септемвриската средба не може да се очекува ништо конкретно“.
Тоа ќе биде сцена на повторувања на популистичките фрази на Курти за милитантите од (неговата партија) Движење самоуправување (ВВ), како и на Вучиќ за неговите граѓани и за меѓународната заедница, која благодарение на грешките што ги прави нашата влада, сè повеќе застануваат на страната на Србија, изјави Мустафа.

The post Мустафа: Со ваквото однесување на Курти очекувам заострување на санкциите кон Косово appeared first on Република.

]]>
Поранешниот косовски премиер: Еди Рама го брани Косово, a нашите лидери си ги бранат фотелјите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/poraneshniot-kosovski-premier-edi-rama-go-brani-kosovo-a-nashite-lideri-si-gi-branat-foteljite/ Thu, 13 Oct 2022 08:28:16 +0000 https://republika.mk/?p=560406

Поранешниот косовски премиер, Иса Мустафа го поздрави вчерашното обраќање на албанскиот премиер Еди Рама пред Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС на СЕ) во врска со извештајот на Дик Марти за наводните злосторства на Ослободителната војска на Косово во војната од 1998-99 година.

Во објава на неговата страна на Фејсбук, Мустафа вели дека Рама пред ПС на СЕ „искажал една голема вистина“, со што се покажа како „вистински гласноговорник, со полно достоинство, на вистината за Косово и за неговите борци за слобода“.

Според Мустафа, додека албанскиот премиер го бранел Косово, косовските водачи си ги бранат своите фотелји.

Еди (Рама) ја заслужува нашата поддршка и нашата благодарност, на оние кои го сакаат и кои не го сакаат, бидејќи тој зборуваше со аргументи, додека некои од нас сме обземени од омраза и примитивно инаетење. Еди застана во одбрана на Косово, додека нашите водачи си ги бранат своите вотелји - напиша Мустафа.

Косовскиот премиер, Албин Курти, прашан од новинарите да го коментира говорот на Рама, изјави дека бил многу зафатен и немал време да го слушне.

Дел од медиумите забележаа дека веднаш откако рече дека не го чул, Курти изјави дека „не може да се зборува за војната во Косово и да се брани Косово без да се спомнат злосторствата на Србија во Косово“.

Рама во своето обраќање во СЕ побара преиспитување на Резолуцијата 1782 од 2011 година за извештајот на Дик Марти и да ги прогласи неговите обвинувања за наводна трговија со човечки органи, преку некаква „жолта куќа“ на албанска територија, за време на последната војна во Косово. Според него, нема ниту еден доказ за тврдењата на Марти, а со тоа паѓаат во вода и обвинувањата за злосторства врз цивилите од страна на водачите на ОВК, на кои им се суди во Специјалниот суд за Косово во Хаг.

The post Поранешниот косовски премиер: Еди Рама го брани Косово, a нашите лидери си ги бранат фотелјите appeared first on Република.

]]>

Поранешниот косовски премиер, Иса Мустафа го поздрави вчерашното обраќање на албанскиот премиер Еди Рама пред Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС на СЕ) во врска со извештајот на Дик Марти за наводните злосторства на Ослободителната војска на Косово во војната од 1998-99 година. Во објава на неговата страна на Фејсбук, Мустафа вели дека Рама пред ПС на СЕ „искажал една голема вистина“, со што се покажа како „вистински гласноговорник, со полно достоинство, на вистината за Косово и за неговите борци за слобода“. Според Мустафа, додека албанскиот премиер го бранел Косово, косовските водачи си ги бранат своите фотелји.
Еди (Рама) ја заслужува нашата поддршка и нашата благодарност, на оние кои го сакаат и кои не го сакаат, бидејќи тој зборуваше со аргументи, додека некои од нас сме обземени од омраза и примитивно инаетење. Еди застана во одбрана на Косово, додека нашите водачи си ги бранат своите вотелји - напиша Мустафа.
Косовскиот премиер, Албин Курти, прашан од новинарите да го коментира говорот на Рама, изјави дека бил многу зафатен и немал време да го слушне. Дел од медиумите забележаа дека веднаш откако рече дека не го чул, Курти изјави дека „не може да се зборува за војната во Косово и да се брани Косово без да се спомнат злосторствата на Србија во Косово“. Рама во своето обраќање во СЕ побара преиспитување на Резолуцијата 1782 од 2011 година за извештајот на Дик Марти и да ги прогласи неговите обвинувања за наводна трговија со човечки органи, преку некаква „жолта куќа“ на албанска територија, за време на последната војна во Косово. Според него, нема ниту еден доказ за тврдењата на Марти, а со тоа паѓаат во вода и обвинувањата за злосторства врз цивилите од страна на водачите на ОВК, на кои им се суди во Специјалниот суд за Косово во Хаг.

The post Поранешниот косовски премиер: Еди Рама го брани Косово, a нашите лидери си ги бранат фотелјите appeared first on Република.

]]>