ирл Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/irl/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Oct 2024 12:09:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ирл Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/irl/ 32 32 Судскиот совет јавно ја укори судијката Спировска-Панева што исклучила јавност од судење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sudskiot-sovet-javno-ja-ukori-sudijkata-spirovska-paneva-shto-iskluchila-javnost-od-sudene/ Tue, 22 Oct 2024 12:09:14 +0000 https://republika.mk/?p=829850

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска на прес-конференција соопшти дека на 10 октомври годинава Судскиот совет донел дисциплинска мерка – јавен укор за судијката Јованка Спировска-Панева затоа што ѝ забранила на јавноста да следи рочиште во случајот „Фероинвест против медиумот ИРЛ“.

Во одлуката на Судскиот Совет е наведено дека, „исклучувањето на јавноста за време на судските рочишта претставува груба повреда на транспарентноста и правото на информирање, што е од суштинска важност за слободата на медиумите“.

Драган Секуловски, директор на ЗНМ, истакна дека со постапката на судијата за отстранување на новинарите од судница директно се напаѓа медиумската слобода, а одлукатана Судскиот совет ЗНМ ја смета за позитивен пример за заштита на слободата на изразување.

На 19 октомври 2023 година, ЗНМ поднесе претставка до Судскиот совет, барајќи одговорност од судијата Спировска-Панева поради исклучувањето на јавноста од рочиштето од овој случај, како и поведување на дисциплинска постапка. ЗНМ активно учествуваше на сите четири расправи пред комисијата составена од тројца судии.

The post Судскиот совет јавно ја укори судијката Спировска-Панева што исклучила јавност од судење appeared first on Република.

]]>

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска на прес-конференција соопшти дека на 10 октомври годинава Судскиот совет донел дисциплинска мерка – јавен укор за судијката Јованка Спировска-Панева затоа што ѝ забранила на јавноста да следи рочиште во случајот „Фероинвест против медиумот ИРЛ“. Во одлуката на Судскиот Совет е наведено дека, „исклучувањето на јавноста за време на судските рочишта претставува груба повреда на транспарентноста и правото на информирање, што е од суштинска важност за слободата на медиумите“. Драган Секуловски, директор на ЗНМ, истакна дека со постапката на судијата за отстранување на новинарите од судница директно се напаѓа медиумската слобода, а одлукатана Судскиот совет ЗНМ ја смета за позитивен пример за заштита на слободата на изразување. На 19 октомври 2023 година, ЗНМ поднесе претставка до Судскиот совет, барајќи одговорност од судијата Спировска-Панева поради исклучувањето на јавноста од рочиштето од овој случај, како и поведување на дисциплинска постапка. ЗНМ активно учествуваше на сите четири расправи пред комисијата составена од тројца судии.

The post Судскиот совет јавно ја укори судијката Спировска-Панева што исклучила јавност од судење appeared first on Република.

]]>
АВМУ да ја повлече донацијата од 5 милиони денари за ИРЛ и да ја додели во транспарентна постапка, реагира Здружението Онлајнмедиа.мк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avmu-da-ja-povleche-donatsijata-od-5-milioni-denari-za-irl-i-da-ja-dodeli-vo-transparentna-postapka-reagira-zdruzhenieto-onlajnmedia-mk/ Mon, 29 Jan 2024 17:06:37 +0000 https://republika.mk/?p=738284

По одлуката на Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) да ѝ додели 5 милиони денари на непрофитната медиумска организација Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ), заради поддршка на „критичните гласови кои известуваат за теми кои се важни за граѓаните и ќе им помогнат да носат информирани одлуки“, како што се прецизира во одлуката, здружението Онлајнмедиа.мк бара системско решение при донирање државни пари за медиумите.

Ова е прва одлука со која АВМУ доделува донација на еден издавач на еден онлајн медиум. Бидејќи за реализацијата на оваа одлука се очекува позитивно мислење од Министерството за правда, Онлајнмедиа.мк укажува на фактот дека онлајн медиумите (интернет порталите) и нивните издавачи немаат регулиран статус во Законот за медиуми, односно во светлината на тој закон тие de jure не постојат. Трансферот на државни пари на ентитети кои Законот на медиуми не ги препознава како медиуми во основа е спорен од аспект на легалноста на таквата одлука.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bez-javen-povik-avmu-doniral-80-000-evra-drzhavni-pari-za-irl/

„Од тие причини, сметаме дека постои сериозна правна пречка за реализацијата на донацијата од АВМУ во полза на ИРЛ, со наведената намена, односно поврзана со улогата на ИРЛ како издавач на медиум и креатор на медиумски продукти.

Со цел во иднина да се отстранат ваквите пречки и да се превенираат други проблеми кои произлегуваат од нерегулираниот статус на интернет порталите во Законот за медиуми, ги повикуваме надлежното Министерство за информатичко општество и администрација и Владата итно да предложат соодветни измени и дополнувања на Законот за медиуми, какви што здружението Онлајнмедиа.мк предлага повеќе од една година.

Здружението ја повикува АВМУ да го осознае фактот дека во македонските медими, како во т.н. традиционални така и во онлајн-медиумите, постојат повеќе од еден критички гласови, повеќе медиумски организации кои известуваат за криминал, корупција и за други теми од јавен интерес, со кои на граѓаните им помагаат да носат информирани одлуки. Сите тие медиуми и медиумски организации требало да бидат информирани за намерата на АВМУ да донира државни пари со ваква намена и сите требало да добијат можност, во транспарентна постапка и врз основа на јавно објавени критериуми, да побараат ваква поддршка.

Здружението Онлајнмедиа.мк смета дека во случајов, со фаворизирање на само еден медиум, е прекршен принципот на транспарентна распределба на државни пари врз недискриминирачка основа, без оглед на претпоставката за добрите намери и на директорот на АВМУ и на Советот на оваа институција. Нагласуваме дека со арбитрерно, фаворизирачко и нетранспарентно субвенционирање на одделни собјекти со пари од даночните обврзници се создава основа за коруптивна пракса во дејноста и за дисторзија на медиумскиот пазар.

Поради тоа, Онлајнмедиа.мк ја повикува АВМУ да ја запре натамошната постапка за доделување на оваа донација, да ја повлече својата одлука и потоа јавно да ги информира сите медиуми за својата намера да додели донација со намената каква што е опишана во одлуката, како и со критериуми за аплицирање за донации. Дури потоа, во законски предвидената постапка, АВМУ би можела да донесе правилна одлука на која медиумска организација или организации ќе ја додели донацијата во висина од 5 милиони денари, доколку е оценето дека за тоа постои итна потреба.

Здружението уште еднаш сака да нагласи дека каков било трансфер на државни пари во медиуми чии основачи се приватни трговски друштва или невладини и профитни организации, мора да биде предмет на системско решение, кое ќе обезбеди високо ниво на недискриминација, трансппарентност и отчетност“, реагираат од Онлајнмедиа.мк.

The post АВМУ да ја повлече донацијата од 5 милиони денари за ИРЛ и да ја додели во транспарентна постапка, реагира Здружението Онлајнмедиа.мк appeared first on Република.

]]>

По одлуката на Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) да ѝ додели 5 милиони денари на непрофитната медиумска организација Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ), заради поддршка на „критичните гласови кои известуваат за теми кои се важни за граѓаните и ќе им помогнат да носат информирани одлуки“, како што се прецизира во одлуката, здружението Онлајнмедиа.мк бара системско решение при донирање државни пари за медиумите. Ова е прва одлука со која АВМУ доделува донација на еден издавач на еден онлајн медиум. Бидејќи за реализацијата на оваа одлука се очекува позитивно мислење од Министерството за правда, Онлајнмедиа.мк укажува на фактот дека онлајн медиумите (интернет порталите) и нивните издавачи немаат регулиран статус во Законот за медиуми, односно во светлината на тој закон тие de jure не постојат. Трансферот на државни пари на ентитети кои Законот на медиуми не ги препознава како медиуми во основа е спорен од аспект на легалноста на таквата одлука. https://republika.mk/vesti/makedonija/bez-javen-povik-avmu-doniral-80-000-evra-drzhavni-pari-za-irl/ „Од тие причини, сметаме дека постои сериозна правна пречка за реализацијата на донацијата од АВМУ во полза на ИРЛ, со наведената намена, односно поврзана со улогата на ИРЛ како издавач на медиум и креатор на медиумски продукти. Со цел во иднина да се отстранат ваквите пречки и да се превенираат други проблеми кои произлегуваат од нерегулираниот статус на интернет порталите во Законот за медиуми, ги повикуваме надлежното Министерство за информатичко општество и администрација и Владата итно да предложат соодветни измени и дополнувања на Законот за медиуми, какви што здружението Онлајнмедиа.мк предлага повеќе од една година. Здружението ја повикува АВМУ да го осознае фактот дека во македонските медими, како во т.н. традиционални така и во онлајн-медиумите, постојат повеќе од еден критички гласови, повеќе медиумски организации кои известуваат за криминал, корупција и за други теми од јавен интерес, со кои на граѓаните им помагаат да носат информирани одлуки. Сите тие медиуми и медиумски организации требало да бидат информирани за намерата на АВМУ да донира државни пари со ваква намена и сите требало да добијат можност, во транспарентна постапка и врз основа на јавно објавени критериуми, да побараат ваква поддршка. Здружението Онлајнмедиа.мк смета дека во случајов, со фаворизирање на само еден медиум, е прекршен принципот на транспарентна распределба на државни пари врз недискриминирачка основа, без оглед на претпоставката за добрите намери и на директорот на АВМУ и на Советот на оваа институција. Нагласуваме дека со арбитрерно, фаворизирачко и нетранспарентно субвенционирање на одделни собјекти со пари од даночните обврзници се создава основа за коруптивна пракса во дејноста и за дисторзија на медиумскиот пазар. Поради тоа, Онлајнмедиа.мк ја повикува АВМУ да ја запре натамошната постапка за доделување на оваа донација, да ја повлече својата одлука и потоа јавно да ги информира сите медиуми за својата намера да додели донација со намената каква што е опишана во одлуката, како и со критериуми за аплицирање за донации. Дури потоа, во законски предвидената постапка, АВМУ би можела да донесе правилна одлука на која медиумска организација или организации ќе ја додели донацијата во висина од 5 милиони денари, доколку е оценето дека за тоа постои итна потреба. Здружението уште еднаш сака да нагласи дека каков било трансфер на државни пари во медиуми чии основачи се приватни трговски друштва или невладини и профитни организации, мора да биде предмет на системско решение, кое ќе обезбеди високо ниво на недискриминација, трансппарентност и отчетност“, реагираат од Онлајнмедиа.мк.

The post АВМУ да ја повлече донацијата од 5 милиони денари за ИРЛ и да ја додели во транспарентна постапка, реагира Здружението Онлајнмедиа.мк appeared first on Република.

]]>
Без јавен повик, АВМУ донирал 80.000 евра државни пари за ИРЛ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bez-javen-povik-avmu-doniral-80-000-evra-drzhavni-pari-za-irl/ Mon, 29 Jan 2024 16:24:21 +0000 https://republika.mk/?p=738273 Непрофитната медиумска организација Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ) доби 5 милиони денари од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ),...

The post Без јавен повик, АВМУ донирал 80.000 евра државни пари за ИРЛ appeared first on Република.

]]>
Непрофитната медиумска организација Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ) доби 5 милиони денари од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), за проверка на фактите во предизборниот период кои политичките кандидати ги изнесуваат за време на јавни настапи, гостувања во дебатни емисии, јавни дискусии и дебати, истражувања на јавно мислење, пр-објави или ветувања кои се повторуваат во речиси сите предизборни програми.

Според анализите на „Плусинфо“, ова е прва донација од АВМУ за истражувачко новинарство и за проверка на факти, како и прва донација на АВМУ на онлајн медиум. Трето, останува нејасно како од групата медиуми кои се профилираат и се декларираат како медиуми кои се занимаваат со истражувачко новинарство е избрана токму ИРЛ и четврто, издавачот на медиумот за кој станува збор е невладина и непрофитна организација.

Во одговор на прашањата на „Плусинфо“ до Зоран Трајчевски, директорот на Агенцијата, дали станува збор за државни пари доделени врз основа на јавен повик или во друга транспарентна постапка која би овозможила и други медиуми да бараат донации, АВМУ вели:

Донацијата којашто Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја додели на ИРЛ е во согласност со членовите 4,6,7, 9, 10 и 11 од Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности. Постапката за одлучување е уредена со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно одлуката ја донесе Советот на Агенцијата врз основа на предлогот на директорот.

Една од надлежностите на Агенцијата е да ја поттикнува слободата на изразување и да се грижи за заштита на интересите на граѓаните во областа на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Во современите демократски општества неопходно е практикувањето на истражувачкото новинарство со истовремено почитување на новинарските принципи и стандарди. Овој новинарски пристап придонесува за одговорно и отчетно владеење како и за откривање информации кои државните и јавните институции, компаниите или одредени личности ги поседуваат, но не сакаат да ги споделат со јавноста, а се од јавен интерес, или пак со нивното откривање преовладува јавниот интерес.

Истражувачкото новинарство бара многу труд, време и ресурси и веројатно тоа се главните причини поради кои недостасува во македонскиот медиумски простор. Имајќи го ова предвид, во контекст на поттикнување на професионализмот и поголема застапеност на истражувачките стории, Агенцијата ја додели споменатата донација.

Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности точно го уредува давањето и примањето на донациите и во него не е предвидено објавување јавен повик или конкурс. Примателот на донацијата е обврзан да ги користи средствата исклучиво за намената за која е дадена донацијата, а нивната исплата се реализира откако ќе биде потврден јавниот интерес од страна на Министерството за правда“.

Целиот текст на „Плусинфо

 

 

The post Без јавен повик, АВМУ донирал 80.000 евра државни пари за ИРЛ appeared first on Република.

]]>
Грковска: Никој нема право да ја забрани или ограничи слободата на медиумите и слободата на изразување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-nikoj-nema-pravo-da-ja-zabrani-ili-ogranichi-slobodata-na-mediumite-i-slobodata-na-izrazuvane/ Sun, 12 Nov 2023 09:20:01 +0000 https://republika.mk/?p=700676

Слободата на изразување, јавниот интерес и слободните медиуми се врвен приоритет за едно општество. Тие не смеат да бидат загрозени, ниту попречувани на каков било начин, објави на својот фб профил вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска во врска со судската одлука за случајот „Фероинвест против ИРЛ“.

Целосно се спротивставувам на скандалозните обиди да се дискредитира правото на новинарите да пишуваат, да алармираат, да критикуваат и да изразуваат сомнежи. Новинарската професија мора да биде самостојна, слободна, да биде саморегулирана од страна на авторитетните медиумски тела и организации, во согласност со законската регулатива и новинарските стандарди. Никој нема право, ниту судската власт, ниту другите државни институции да ја забранат или ограничат слободата на медиумите и слободата на изразување кои се загарантирани со Уставот, пишува на фејсбук статусот на Грковска.

Судијката Јованка Спировска Панева ги осуди ИРЛ за клевета и навреда во случајот „Фероинвест против ИРЛ” за документарниот филм „Заговор против воздухот”. Во пресудата се наведува дека ИРЛ не е медиум и може да се соочи со забрана за работа

The post Грковска: Никој нема право да ја забрани или ограничи слободата на медиумите и слободата на изразување appeared first on Република.

]]>

Слободата на изразување, јавниот интерес и слободните медиуми се врвен приоритет за едно општество. Тие не смеат да бидат загрозени, ниту попречувани на каков било начин, објави на својот фб профил вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска во врска со судската одлука за случајот „Фероинвест против ИРЛ“. Целосно се спротивставувам на скандалозните обиди да се дискредитира правото на новинарите да пишуваат, да алармираат, да критикуваат и да изразуваат сомнежи. Новинарската професија мора да биде самостојна, слободна, да биде саморегулирана од страна на авторитетните медиумски тела и организации, во согласност со законската регулатива и новинарските стандарди. Никој нема право, ниту судската власт, ниту другите државни институции да ја забранат или ограничат слободата на медиумите и слободата на изразување кои се загарантирани со Уставот, пишува на фејсбук статусот на Грковска. Судијката Јованка Спировска Панева ги осуди ИРЛ за клевета и навреда во случајот „Фероинвест против ИРЛ” за документарниот филм „Заговор против воздухот”. Во пресудата се наведува дека ИРЛ не е медиум и може да се соочи со забрана за работа

The post Грковска: Никој нема право да ја забрани или ограничи слободата на медиумите и слободата на изразување appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Не смее да постои етикетирање, дискредитација и обиди за регулирање на новинари и медиуми https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ne-smee-da-postoi-etiketirane-diskreditatsija-i-obidi-za-regulirane-na-novinari-i-mediumi/ Sat, 11 Nov 2023 09:32:19 +0000 https://republika.mk/?p=700476

Интегрален текст од соопштение од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски по повод последните случувања во судскиот процес со кој се опфатени новинарите на ИРЛ:

Слободата на медиумите е директно поврзана со степенот на демократијата во едно општество и со заштитата на јавниот интерес. Новинарството е слободна професија и како таква е потребно да подлежи на принципот на саморегулација од страна на медиумските тела и организации. Јавноста има право да биде навремено и точно информирана за сите важни прашања во едно општество кои се однесуваат на јавниот интерес.

Граѓаните, исто така, имаат право да очекуваат судиите кога пресудуваат да ја почитуваат слободата на изразување, правото на граѓаните да бидат информирани за теми од јавен интерес и да му дадат приоритет на јавниот интерес наспроти поединечниот интерес особено кога се работи за прашања кои го засегаат големото мнозинство од општеството.

Во таков случај, во јавен интерес е јавноста да биде запознаена со релевантни факти од значење за тие прашања. Етикетирање, дискредитација и обиди за регулирање на новинари и медиуми имаше и во минатото и сведоци сме дека таквите процеси не доведоа до демократски развој. Како држава која се определила за членство во ЕУ и споделување на европските вредности за демократија, транспарентност и одговорност, потребно е да ги почитуваме и спроведуваме меѓународните стандарди за медиумски слободи.” се наведува во соопштението.

The post Пендаровски: Не смее да постои етикетирање, дискредитација и обиди за регулирање на новинари и медиуми appeared first on Република.

]]>

Интегрален текст од соопштение од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски по повод последните случувања во судскиот процес со кој се опфатени новинарите на ИРЛ:
Слободата на медиумите е директно поврзана со степенот на демократијата во едно општество и со заштитата на јавниот интерес. Новинарството е слободна професија и како таква е потребно да подлежи на принципот на саморегулација од страна на медиумските тела и организации. Јавноста има право да биде навремено и точно информирана за сите важни прашања во едно општество кои се однесуваат на јавниот интерес. Граѓаните, исто така, имаат право да очекуваат судиите кога пресудуваат да ја почитуваат слободата на изразување, правото на граѓаните да бидат информирани за теми од јавен интерес и да му дадат приоритет на јавниот интерес наспроти поединечниот интерес особено кога се работи за прашања кои го засегаат големото мнозинство од општеството. Во таков случај, во јавен интерес е јавноста да биде запознаена со релевантни факти од значење за тие прашања. Етикетирање, дискредитација и обиди за регулирање на новинари и медиуми имаше и во минатото и сведоци сме дека таквите процеси не доведоа до демократски развој. Како држава која се определила за членство во ЕУ и споделување на европските вредности за демократија, транспарентност и одговорност, потребно е да ги почитуваме и спроведуваме меѓународните стандарди за медиумски слободи.” се наведува во соопштението.

The post Пендаровски: Не смее да постои етикетирање, дискредитација и обиди за регулирање на новинари и медиуми appeared first on Република.

]]>
ЗНМ: За судијката Панева новинарите во ИРЛ не се новинари и може да се соочат со забрана за работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znm-za-sudijkata-paneva-novinarite-vo-irl-ne-se-novinari-i-mozhe-da-se-soochat-so-zabrana-za-rabota/ Sat, 11 Nov 2023 09:10:35 +0000 https://republika.mk/?p=700480

„ИРЛ не е медиум и може да се соочи со забрана за работа“, ова се парафразирани цитати во дел од писменото образложение на пресудата на судијката Јованка Спировска Панева, која одлучуваше во случајот „Фероинвест против ИРЛ“. Пресудата за сторијата „Заговор против воздухот“ беше објавена на 24 октомври, а денеска стаса писменото образложение во кое се користат низа на проблематични квалификации кои се граничат со цензура и закани за затворање на медиумот објави ЗНМ во соопштението.

Имено, Судијата Панева во образложението од пресудата 8П5-33/23, го спори статусот на новинарите во ИРЛ и тврди дека ИРЛ не е медиум односно ИРЛ не е здружение за „новинарски известувања“.

„ИРЛ нема ниту својство на медиум, како средство за јавно информирање според Закон за медиуми, a членовите на истото немаат својство на новинари, ниту можат, заради известување на јавноста да прават новинарски обликувани емисии, да се претставуваат како новинари или да се бават со жанрот истражувачко новинарство и сето тоа да го објавуваат преку средствата за јавно информирање“.

Освен ова, за колешката Цветковска, која е глобално наградуван новинар во дејноста за истражувачко новинарство, судијата Панева вели дека „таа во здружението (се мисли на ИРЛ), нема својство на новинар, па не може да се претставува во емисиите, кои таму се снимаат, ниту како уредник, ниту како новинар, бидејќи таквите емисии не се сметаат како новинарски продукт“. Во таа смисла, судот наоѓа дека на колешката Цветковска „кажувањата се ирелевантни“ зошто ИРЛ како организација не смеела воопшто јавно да го објави истражувањето.

Оваа пресуда го спори фактот дека граѓански здруженија смеат и можат да бидат медиуми во Македонија, па дека дури не треба ниту да постојат. Во образложението има поука дека Министерството за правда може на ИРЛ да изрече и забрана за работа.

Во секој случај, туженото здружение (се мисли на ИРЛ) веројатно во својот статус има предвидено кои дејствија може да ги превземе за да ги остварува своите цели, бидејќи при евентуален надзор од страна на овластен орган, а согласно член 65 од горенаведениот закон може да се забрани и работата на граѓанската организација (се мисли на ИРЛ) ако меѓу другото со нивното дејствување се повредуваат слободите и правата на други лице.“

Ова може да се толкува како повик на Панева до извршната власт за институционална пресметка со критичните медиуми.

Овој опасен судски преседан штети на независноста на медиумите и истиот е во колизија со Советот на Европа. Конкретно е во спротивност со препораката CM/Rec(2011)7 според која се смета дека заради посебната природа на интернетот, „обврските и одговорностите“, кои треба да се доделат на информативен интернет портал за потребите од членот 10 на ЕСЧП, истите можат да се разликуваат до одредено ниво од оние на традиционален издавач.

ЗНМ за оваа судска постапка ќе иницира пријава до Платформатa на Советот на Европа за промовирање на заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите. Платформата известува за сериозни закани за безбедноста на новинарите и слободата на медиумите во Европа, а со цел да се зајакне одговорот на Советот на Европа на заканите и одговорноста на земјите-членки.

Потсетуваме дека, за сторијата „Заговор против воздухот“, која исто така беше емитувана и на МРТВ, ИРЛ доби две новинарски награди, а Советот на честа и Советот за етика, по претходни претставки, донесе одлуки дека овој медиумски производ е во согласност со Етичкиот кодекс на новинари.

Укажуваме дека на 19-ти октомври ЗНМ поднесе претставка до Судскиот совет за судијата Спировска Панева за неправедно исклучување на јавност од рочиште за оваа судска постапка. Во претставката се бара одговорност од судијката за постапката, а од Судскиот совет на РСМ да поведе постапка за утврдување на дисциплинска одговорност согласно доставените докази и посочените законски одредби против судијата Јованка Спировска Панева. Во претставката се бара да се изрече дисциплинска мерка согласно Законот за судовите на РСМ бидејќи новинарите беа спречени да известуваат од рочиштето, а со тоа и јавноста да биде информирана за оваа судска постапка.

The post ЗНМ: За судијката Панева новинарите во ИРЛ не се новинари и може да се соочат со забрана за работа appeared first on Република.

]]>

„ИРЛ не е медиум и може да се соочи со забрана за работа“, ова се парафразирани цитати во дел од писменото образложение на пресудата на судијката Јованка Спировска Панева, која одлучуваше во случајот „Фероинвест против ИРЛ“. Пресудата за сторијата „Заговор против воздухот“ беше објавена на 24 октомври, а денеска стаса писменото образложение во кое се користат низа на проблематични квалификации кои се граничат со цензура и закани за затворање на медиумот објави ЗНМ во соопштението. Имено, Судијата Панева во образложението од пресудата 8П5-33/23, го спори статусот на новинарите во ИРЛ и тврди дека ИРЛ не е медиум односно ИРЛ не е здружение за „новинарски известувања“. „ИРЛ нема ниту својство на медиум, како средство за јавно информирање според Закон за медиуми, a членовите на истото немаат својство на новинари, ниту можат, заради известување на јавноста да прават новинарски обликувани емисии, да се претставуваат како новинари или да се бават со жанрот истражувачко новинарство и сето тоа да го објавуваат преку средствата за јавно информирање“. Освен ова, за колешката Цветковска, која е глобално наградуван новинар во дејноста за истражувачко новинарство, судијата Панева вели дека „таа во здружението (се мисли на ИРЛ), нема својство на новинар, па не може да се претставува во емисиите, кои таму се снимаат, ниту како уредник, ниту како новинар, бидејќи таквите емисии не се сметаат како новинарски продукт“. Во таа смисла, судот наоѓа дека на колешката Цветковска „кажувањата се ирелевантни“ зошто ИРЛ како организација не смеела воопшто јавно да го објави истражувањето. Оваа пресуда го спори фактот дека граѓански здруженија смеат и можат да бидат медиуми во Македонија, па дека дури не треба ниту да постојат. Во образложението има поука дека Министерството за правда може на ИРЛ да изрече и забрана за работа. „Во секој случај, туженото здружение (се мисли на ИРЛ) веројатно во својот статус има предвидено кои дејствија може да ги превземе за да ги остварува своите цели, бидејќи при евентуален надзор од страна на овластен орган, а согласно член 65 од горенаведениот закон може да се забрани и работата на граѓанската организација (се мисли на ИРЛ) ако меѓу другото со нивното дејствување се повредуваат слободите и правата на други лице.“ Ова може да се толкува како повик на Панева до извршната власт за институционална пресметка со критичните медиуми. Овој опасен судски преседан штети на независноста на медиумите и истиот е во колизија со Советот на Европа. Конкретно е во спротивност со препораката CM/Rec(2011)7 според која се смета дека заради посебната природа на интернетот, „обврските и одговорностите“, кои треба да се доделат на информативен интернет портал за потребите од членот 10 на ЕСЧП, истите можат да се разликуваат до одредено ниво од оние на традиционален издавач. ЗНМ за оваа судска постапка ќе иницира пријава до Платформатa на Советот на Европа за промовирање на заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите. Платформата известува за сериозни закани за безбедноста на новинарите и слободата на медиумите во Европа, а со цел да се зајакне одговорот на Советот на Европа на заканите и одговорноста на земјите-членки. Потсетуваме дека, за сторијата „Заговор против воздухот“, која исто така беше емитувана и на МРТВ, ИРЛ доби две новинарски награди, а Советот на честа и Советот за етика, по претходни претставки, донесе одлуки дека овој медиумски производ е во согласност со Етичкиот кодекс на новинари. Укажуваме дека на 19-ти октомври ЗНМ поднесе претставка до Судскиот совет за судијата Спировска Панева за неправедно исклучување на јавност од рочиште за оваа судска постапка. Во претставката се бара одговорност од судијката за постапката, а од Судскиот совет на РСМ да поведе постапка за утврдување на дисциплинска одговорност согласно доставените докази и посочените законски одредби против судијата Јованка Спировска Панева. Во претставката се бара да се изрече дисциплинска мерка согласно Законот за судовите на РСМ бидејќи новинарите беа спречени да известуваат од рочиштето, а со тоа и јавноста да биде информирана за оваа судска постапка.

The post ЗНМ: За судијката Панева новинарите во ИРЛ не се новинари и може да се соочат со забрана за работа appeared first on Република.

]]>
Демант на ИРЛ за ОЈО https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/demant-na-irl-za-ojo/ Fri, 18 Aug 2023 13:28:19 +0000 https://republika.mk/?p=673453

Републичкото јавно обвинителство испрати јавна реакција по повод одговорот на текстот на ИРЛ во кој тие повторно тврдат дека ИРЛ лаже и дека германското вештачење било земено предвид на судењето во Тетово. Ова е втор напад кон новинарите на ИРЛ и нови лаги што ги дистрибуира оваа институција до медиумите. Недоличен е начинот на кој Љубомир Јовески, шеф на оваа институција чијашто работа е и предмет на ова истражување, да ја злоупотребува институцијата за лични пресметки со новинарите.

„Во текот на главната расправа, одбраната даде предлог, покрај писменото вештачење, лично да се сослуша и вештото лице од Германија кое го изготвило писмениот наод – доказ во постапката. По тој предлог на обвинетите се произнел и јавниот обвинител“.

„Вештачењето на германските експерти беше изготвено по замолница од Јавното обвинителство, кое го предложи и го изведе како писмен доказ. Потврда за ова се и завршните зборови на јавниот обвинител, во кои тој својот случај го темели и на ова вештачење во корелација со сите други прибавени докази во постапката.“

Републичкото јавно обвинителство посочува дека јавниот обвинител се произнел пред Судот, а на барање на одбраната да се испитуваат германските вештаци. Обвинителството пропушта да посочи дека надлежниот обвинител самиот барал во Судот да не се канат овие вештаци бидејќи за конкретниот случај, според самите зборови на обвинителот, ова вештачење е беспредметно за оваа постапка. За ова постои и записник и аудио од судењето каде што се снимаат сите рочишта.

Недолично и нечесно е институцијата што треба да демонстрира одговорност кон жртвите и да обезбеди правда за граѓаните, да манипулира со фактите и неосновано да ги напаѓа новинарите. На овој линк граѓаните можат самите да ја го чујат тонскиот запис од судницата бидејќи тој прецизно го демантира обвинителството.

Доколку кај новинарите на ИРЛ постои макар и најмал интерес да објават вистина за постапувањето на Јавното обвинителство во овој процес, тимот на јавни обвинители што работеа на предметот и претходно им стоеше, а и сега им стои на располагање за разјаснување на сите правни прашања или дилеми за текот на кривичната постапка.

Ова е неточно. ИРЛ поседува имејл-пораки и СМС-пораки, а наш новинар и телефонски разговараше со државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Исходот беше ист – тие не одговорија на имејл-поканите на ИРЛ, а портпаролката на институцијата Билјана Арсовска и нè извести дека обвинителот не може да коментира случаи за кои се водат постапки. Првата покана до Јовески беше упатена на 6 јуни. Околу две недели не одговараше

никој бидејќи, како што нè известија, лицата од службата за односи со јавност биле на одмор. Обвинителот Бесир Алиу од Тетово одби да даде интервју и за тоа самиот го посочи како пречка својот шеф Јовески. Единствено јавниот обвинител Ислам Абази одобри брифинг со надлежната обвинителка Елизабета Јосифовска во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, што, впрочем, беше прикажано и во документарниот филм.

„Во спротивно, Јавното обвинителство уште еднаш апелира итно да престане злоупотребата на овој процес за неоснована лична и институционална дискредитација. Потсетуваме дека во тек е жалбена постапка и уште еден отворен предмет, кои можат да претрпат сериозна штета од неодговорно новинарско известување и од манипулацијата со сочувствата на јавноста со огромната трагедија“, се посочува во соопштението на ОЈО.

Обвинителството наместо да ги напаѓа новинарите што откриваат злоупотреби, треба да ѝ одговори на јавноста зошто првиот предмет не се однесувал на причините за пожарот, а зошто вториот предмет сè уште е во предистрага. Во тонските записи од судењата и самиот судија истакнува дека обвинителството не донело предмет за причините за пожарот, туку за немање противпожарни апарати и за непочитување на здравствените прописи.

Обвинителството тврди дека новинарите му штетат на овој тековен случај и со ваквите изјави прави обид да се изземе од одговорноста за постапките што се заглавени во нивните институции. Оваа институција со години е предмет на остри критики на сите домашни и меѓународни институции, а довербата на граѓаните во нивната работа е 1 процент.

 

The post Демант на ИРЛ за ОЈО appeared first on Република.

]]>

Републичкото јавно обвинителство испрати јавна реакција по повод одговорот на текстот на ИРЛ во кој тие повторно тврдат дека ИРЛ лаже и дека германското вештачење било земено предвид на судењето во Тетово. Ова е втор напад кон новинарите на ИРЛ и нови лаги што ги дистрибуира оваа институција до медиумите. Недоличен е начинот на кој Љубомир Јовески, шеф на оваа институција чијашто работа е и предмет на ова истражување, да ја злоупотребува институцијата за лични пресметки со новинарите. „Во текот на главната расправа, одбраната даде предлог, покрај писменото вештачење, лично да се сослуша и вештото лице од Германија кое го изготвило писмениот наод – доказ во постапката. По тој предлог на обвинетите се произнел и јавниот обвинител“. „Вештачењето на германските експерти беше изготвено по замолница од Јавното обвинителство, кое го предложи и го изведе како писмен доказ. Потврда за ова се и завршните зборови на јавниот обвинител, во кои тој својот случај го темели и на ова вештачење во корелација со сите други прибавени докази во постапката.“ Републичкото јавно обвинителство посочува дека јавниот обвинител се произнел пред Судот, а на барање на одбраната да се испитуваат германските вештаци. Обвинителството пропушта да посочи дека надлежниот обвинител самиот барал во Судот да не се канат овие вештаци бидејќи за конкретниот случај, според самите зборови на обвинителот, ова вештачење е беспредметно за оваа постапка. За ова постои и записник и аудио од судењето каде што се снимаат сите рочишта. Недолично и нечесно е институцијата што треба да демонстрира одговорност кон жртвите и да обезбеди правда за граѓаните, да манипулира со фактите и неосновано да ги напаѓа новинарите. На овој линк граѓаните можат самите да ја го чујат тонскиот запис од судницата бидејќи тој прецизно го демантира обвинителството. Доколку кај новинарите на ИРЛ постои макар и најмал интерес да објават вистина за постапувањето на Јавното обвинителство во овој процес, тимот на јавни обвинители што работеа на предметот и претходно им стоеше, а и сега им стои на располагање за разјаснување на сите правни прашања или дилеми за текот на кривичната постапка. Ова е неточно. ИРЛ поседува имејл-пораки и СМС-пораки, а наш новинар и телефонски разговараше со државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Исходот беше ист – тие не одговорија на имејл-поканите на ИРЛ, а портпаролката на институцијата Билјана Арсовска и нè извести дека обвинителот не може да коментира случаи за кои се водат постапки. Првата покана до Јовески беше упатена на 6 јуни. Околу две недели не одговараше никој бидејќи, како што нè известија, лицата од службата за односи со јавност биле на одмор. Обвинителот Бесир Алиу од Тетово одби да даде интервју и за тоа самиот го посочи како пречка својот шеф Јовески. Единствено јавниот обвинител Ислам Абази одобри брифинг со надлежната обвинителка Елизабета Јосифовска во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, што, впрочем, беше прикажано и во документарниот филм. „Во спротивно, Јавното обвинителство уште еднаш апелира итно да престане злоупотребата на овој процес за неоснована лична и институционална дискредитација. Потсетуваме дека во тек е жалбена постапка и уште еден отворен предмет, кои можат да претрпат сериозна штета од неодговорно новинарско известување и од манипулацијата со сочувствата на јавноста со огромната трагедија“, се посочува во соопштението на ОЈО. Обвинителството наместо да ги напаѓа новинарите што откриваат злоупотреби, треба да ѝ одговори на јавноста зошто првиот предмет не се однесувал на причините за пожарот, а зошто вториот предмет сè уште е во предистрага. Во тонските записи од судењата и самиот судија истакнува дека обвинителството не донело предмет за причините за пожарот, туку за немање противпожарни апарати и за непочитување на здравствените прописи. Обвинителството тврди дека новинарите му штетат на овој тековен случај и со ваквите изјави прави обид да се изземе од одговорноста за постапките што се заглавени во нивните институции. Оваа институција со години е предмет на остри критики на сите домашни и меѓународни институции, а довербата на граѓаните во нивната работа е 1 процент.  

The post Демант на ИРЛ за ОЈО appeared first on Република.

]]>
За ЈО аудио снимката од судењето за тетовската болница е злоупотреба на процесот, за неоснована лична и институционална дискредитација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-jo-audio-snimkata-od-sudeneto-za-tetovskata-bolnitsa-e-zloupotreba-na-protsesot-za-neosnovana-lichna-i-institutsionalna-diskreditatsija/ Fri, 18 Aug 2023 09:41:36 +0000 https://republika.mk/?p=673280

Јавното обвинителство денеска преку соопштение се заблагодарува на новинарите на ИРЛ што, како што стои, ја направија достапна за пошироката јавност аудио снимката која најдобро покажува дека е лажен нивниот став дека обвинителството ја прикрило експертизата од германските стручни лица, врз кој став натаму ги темелат и другите лажни информации за пожарот во модуларната болница.

https://republika.mk/vesti/makedonija/svedocheneto-na-germanskite-eksperti-bilo-otfrleno-kako-bespredmetno-od-obvinitelstvoto/

Снимката, се посочува во соопштението, недвосмислено потврдува дека за обвинителството вештиот наод од германските криминалисти бил важен доказ кој обвинителите го предложиле и го извеле во постапката пред судот.

Во текот на главната расправа, одбраната даде предлог, покрај писменото вештачење, лично да се сослуша и вештото лице од Германија кое го изготвило писмениот наод – доказ во постапката. По тој предлог на обвинетите се произнел и јавниот обвинител. Вештачењето на германските експерти беше изготвено по замолница од Јавното обвинителство, кое го предложи и го изведе како писмен доказ. Потврда за ова се и завршните зборови на јавниот обвинител во кои тој својот случај го темели и на ова вештачење во корелација со сите други прибавени докази во постапката, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Доколку кај новинарите на ИРЛ постои макар и најмал интерес да објават вистина за постапувањето на Јавното обвинителство во овој процес, потенцираат, тимот на јавни обвинители кои работеа на предметот и претходно им стоеше, а и сега им стои на располагање за разјаснување на сите правни прашања или дилеми за текот на кривичната постапка.

Во спротивно, Јавното обвинителство уште еднаш апелира итно да престане злоупотребата на овој процес за неоснована лична и институционална дискредитација. Потсетуваме дека во тек е жалбена постапка и уште еден отворен предмет кои можат да претрпат сериозна штета од неодговорно новинарско известување и од манипулацијата со сочувствата на јавноста со огромната трагедија, се подвлекува во соопштението од Јавното обвинителство.

The post За ЈО аудио снимката од судењето за тетовската болница е злоупотреба на процесот, за неоснована лична и институционална дискредитација appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство денеска преку соопштение се заблагодарува на новинарите на ИРЛ што, како што стои, ја направија достапна за пошироката јавност аудио снимката која најдобро покажува дека е лажен нивниот став дека обвинителството ја прикрило експертизата од германските стручни лица, врз кој став натаму ги темелат и другите лажни информации за пожарот во модуларната болница. https://republika.mk/vesti/makedonija/svedocheneto-na-germanskite-eksperti-bilo-otfrleno-kako-bespredmetno-od-obvinitelstvoto/ Снимката, се посочува во соопштението, недвосмислено потврдува дека за обвинителството вештиот наод од германските криминалисти бил важен доказ кој обвинителите го предложиле и го извеле во постапката пред судот.
Во текот на главната расправа, одбраната даде предлог, покрај писменото вештачење, лично да се сослуша и вештото лице од Германија кое го изготвило писмениот наод – доказ во постапката. По тој предлог на обвинетите се произнел и јавниот обвинител. Вештачењето на германските експерти беше изготвено по замолница од Јавното обвинителство, кое го предложи и го изведе како писмен доказ. Потврда за ова се и завршните зборови на јавниот обвинител во кои тој својот случај го темели и на ова вештачење во корелација со сите други прибавени докази во постапката, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Доколку кај новинарите на ИРЛ постои макар и најмал интерес да објават вистина за постапувањето на Јавното обвинителство во овој процес, потенцираат, тимот на јавни обвинители кои работеа на предметот и претходно им стоеше, а и сега им стои на располагање за разјаснување на сите правни прашања или дилеми за текот на кривичната постапка.
Во спротивно, Јавното обвинителство уште еднаш апелира итно да престане злоупотребата на овој процес за неоснована лична и институционална дискредитација. Потсетуваме дека во тек е жалбена постапка и уште еден отворен предмет кои можат да претрпат сериозна штета од неодговорно новинарско известување и од манипулацијата со сочувствата на јавноста со огромната трагедија, се подвлекува во соопштението од Јавното обвинителство.

The post За ЈО аудио снимката од судењето за тетовската болница е злоупотреба на процесот, за неоснована лична и институционална дискредитација appeared first on Република.

]]>
585 документи напишани на 5.455 страници ги покажуваат саботираните истраги и прикривањата на пропустите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/585-dokumenti-napishani-na-5-455-stranitsi-gi-pokazhuvaat-sabotiranite-istragi-i-prikrivanata-na-propustite/ Mon, 14 Aug 2023 17:00:26 +0000 https://republika.mk/?p=672104

Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) во својот најнов документарен филм „Убиство во Тетово“ открива досега непознати факти за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица, кои покажуваат саботирани истраги и прикривања на пропустите при градењето на модуларните објекти од страна на одговорни лица во институциите. Денеска новинарите ги објавија документите на кои се заснова истражувањето заедно со пресек на клучните настани што довеле до трагедијата и до прикривањето на виновниците од страна на обвинителите.

Истражувањето покажува дека модуларните ковид-болници, вклучувајќи ја и изгорената во Тетово, биле градени несоодветно заобиколувајќи повеќе законски процедури. Се граделе без елаборат за електрична инсталација, без елаборат за противпожарна заштита, без надзор на изградбата и низа други законски пропусти. Документите до кои дојдоа новинарите на ИРЛ покажуваат дека за несоодветната тендерска постапка, аларм се вклучил уште при првиот повик за изградба на модуларен ковид-центар, кога надлежноста беше во Министерството за локална самоуправа. Тогашниот министер Горан Милевски ја поништил постапката бидејќи биле прекршени повеќе закони, а се сомневал дека одредени фирми се фаворизираат, велат од ИРЛ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/edna-kompanija-i-eden-chovek-uspea-da-go-korumpira-tseliot-sistem-i-da-se-izvleche-so-14-izvrsheni-ubistva/

Додаваат дека по ова, надлежностите за спроведување тендер му се префрлаат на Министерството за здравство, тогаш водено од Венко Филипче. И во поништената постапка и подоцна во повторената постапка, тендерот го добива македонската компанија „Брако“, една од семејните фирми на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев.

Подоцна се реализира уште еден тендер за изградба на 17 модуларни ковид-центри во внатрешноста на земјата, вклучувајќи ја и таа во Тетово. Овој тендер е спроведен од Министерството за труд и социјална политика во соработка со Министерството за здравство. Пет од болниците ќе ги гради валандовската фирма „ЈБТ Ари и Том“, а останатите 12 вклучувајќи ја и тетовската ќе ги гради „Брако“.

Техничката спецификација за изградбата на овие модуларни објекти е подготвена и потпишана од архитектката Вања Андонова, тогаш кабинетски службеник кај министерот Филипче. Андонова по заминувањето на Филипче од министерската функција, се вработува во „Брако“. Непосредно пред да се случи пожарот, почнува да се подготвува уште еден тендер за модуларни објекти, овој пат за замена на старите објекти на амбулантите во Скопје. Овој тендер го добива фирма-ќерка на „Брако“, компанијата „ЕМС“, покажува истражувањето на ИРЛ.

Само што почнаа да се градат првите три модуларни амбуланти, се случи пожарот во Тетово. Истражувањето на ИРЛ покажало дека неколку денови по пожарот, изведувачот побарал да се подобрат стандардите за изградбата на амбулантите. За изградбата на овие 10 амбуланти била ангажирана и фирма за надзор над изградбата, што не е случај со претходните модуларни објекти. Сега, новововедениот надзор ќе каже дека техничката спецификација не ги исполнува ниту минимум стандардите за безбедност и отпорност од пожар.

Документите покажуваат дека далеку од очите на јавноста, изведувачот и Министерството за здравство потпишале анекс на договор за да ги подобрат стандардите, а со тоа се зголемила и цената на изведбата за околу 15 отсто. Овој анекс на договор, иако е законска обврска, Министерството за здравство нема да го достави до Бирото за јавни набавки, институција надлежна да ги објавува сите склучени договори на институции. Покрај спорните елементи околу тендерските постапки, документацијата што новинарите на ИРЛ ја обезбедија, покажува дека истрагата за пожарот првично се водела во насока кон тоа да се откријат причините за пожарот и зошто толку брзо изгоре целиот објект, но неколку месеци подоцна се поднесува обвинение за сосема други кривични дела, велат од ИРЛ.

Документацијата покажува дека обвинителите, тројца од Тетово и двајца од Скопје, уште во првиот месец знаеле дека спорна е техничката спецификација, нарачале и четири вештачења што ги лоцираат причинско-последичните врски за пожарот, покажува истражувањето на ИРЛ, а меѓу овие документи се и вештачењето за електричната инсталација и извештајот од германските форензичари. Меѓутоа, сосема нејасно обвинителите ќе се одлучат да нарачаат уште едно, петто вештачење, изработено од професори од Факултетот за електротехнички науки, кое, пак, изнесува спротивни гледишта за настанувањето на пожарот од претходните вештачења.

Неколку денови по ова вештачење, поднесено е и обвинението, кое опфаќа три физички лица, двајцата директори, Флорим Бесими и Артан Етеми за „тешки дела против општата сигурност“ и докторот Бобан Вучевски за „непостапување по здравствени прописи за време на епидемија“.

Судскиот процес ја збуни јавноста, бидејќи во ниту еден момент од главните расправи не се дискутираше за причините за пожарот, а не беше презентирано ниту германското вештачење. На крајот од судскиот процес, дури и судијата Јордан Велковски самоиницијативно им појасни на новинарите дека ова судење не беше за пожарот и дека Обвинителството е тоа што ги носи предметите кај нив, а овој предмет е за други кривични дела.

Втора шанса за правдата има во уште една обвинителска истрага што се води во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Беше најавено дека ова обвинителство ќе ја проверува тендерската документација, но таа истрага е сè уште во фаза на предистрага и не бележи никаков напредок, велат од ИРЛ.

Истражувачката сторија „Убиство во Тетово“ се темели на документација што новинарите ја обезбедија од институциите преку Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер, како и материјали доставени од свиркачи од тендерската постапка за градењето на модуларните објекти и од истрагата водена од Основното јавно обвинителство во Тетово.

Материјалите содржат 585 документи напишани на 5.455 страници.

https://youtu.be/6EIyQKTyc8Q?si=Kn9lvP1ffEUNCnpW

The post 585 документи напишани на 5.455 страници ги покажуваат саботираните истраги и прикривањата на пропустите appeared first on Република.

]]>

Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) во својот најнов документарен филм „Убиство во Тетово“ открива досега непознати факти за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица, кои покажуваат саботирани истраги и прикривања на пропустите при градењето на модуларните објекти од страна на одговорни лица во институциите. Денеска новинарите ги објавија документите на кои се заснова истражувањето заедно со пресек на клучните настани што довеле до трагедијата и до прикривањето на виновниците од страна на обвинителите. Истражувањето покажува дека модуларните ковид-болници, вклучувајќи ја и изгорената во Тетово, биле градени несоодветно заобиколувајќи повеќе законски процедури. Се граделе без елаборат за електрична инсталација, без елаборат за противпожарна заштита, без надзор на изградбата и низа други законски пропусти. Документите до кои дојдоа новинарите на ИРЛ покажуваат дека за несоодветната тендерска постапка, аларм се вклучил уште при првиот повик за изградба на модуларен ковид-центар, кога надлежноста беше во Министерството за локална самоуправа. Тогашниот министер Горан Милевски ја поништил постапката бидејќи биле прекршени повеќе закони, а се сомневал дека одредени фирми се фаворизираат, велат од ИРЛ. https://republika.mk/vesti/makedonija/edna-kompanija-i-eden-chovek-uspea-da-go-korumpira-tseliot-sistem-i-da-se-izvleche-so-14-izvrsheni-ubistva/ Додаваат дека по ова, надлежностите за спроведување тендер му се префрлаат на Министерството за здравство, тогаш водено од Венко Филипче. И во поништената постапка и подоцна во повторената постапка, тендерот го добива македонската компанија „Брако“, една од семејните фирми на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев. Подоцна се реализира уште еден тендер за изградба на 17 модуларни ковид-центри во внатрешноста на земјата, вклучувајќи ја и таа во Тетово. Овој тендер е спроведен од Министерството за труд и социјална политика во соработка со Министерството за здравство. Пет од болниците ќе ги гради валандовската фирма „ЈБТ Ари и Том“, а останатите 12 вклучувајќи ја и тетовската ќе ги гради „Брако“.
Техничката спецификација за изградбата на овие модуларни објекти е подготвена и потпишана од архитектката Вања Андонова, тогаш кабинетски службеник кај министерот Филипче. Андонова по заминувањето на Филипче од министерската функција, се вработува во „Брако“. Непосредно пред да се случи пожарот, почнува да се подготвува уште еден тендер за модуларни објекти, овој пат за замена на старите објекти на амбулантите во Скопје. Овој тендер го добива фирма-ќерка на „Брако“, компанијата „ЕМС“, покажува истражувањето на ИРЛ.
Само што почнаа да се градат првите три модуларни амбуланти, се случи пожарот во Тетово. Истражувањето на ИРЛ покажало дека неколку денови по пожарот, изведувачот побарал да се подобрат стандардите за изградбата на амбулантите. За изградбата на овие 10 амбуланти била ангажирана и фирма за надзор над изградбата, што не е случај со претходните модуларни објекти. Сега, новововедениот надзор ќе каже дека техничката спецификација не ги исполнува ниту минимум стандардите за безбедност и отпорност од пожар.
Документите покажуваат дека далеку од очите на јавноста, изведувачот и Министерството за здравство потпишале анекс на договор за да ги подобрат стандардите, а со тоа се зголемила и цената на изведбата за околу 15 отсто. Овој анекс на договор, иако е законска обврска, Министерството за здравство нема да го достави до Бирото за јавни набавки, институција надлежна да ги објавува сите склучени договори на институции. Покрај спорните елементи околу тендерските постапки, документацијата што новинарите на ИРЛ ја обезбедија, покажува дека истрагата за пожарот првично се водела во насока кон тоа да се откријат причините за пожарот и зошто толку брзо изгоре целиот објект, но неколку месеци подоцна се поднесува обвинение за сосема други кривични дела, велат од ИРЛ.
Документацијата покажува дека обвинителите, тројца од Тетово и двајца од Скопје, уште во првиот месец знаеле дека спорна е техничката спецификација, нарачале и четири вештачења што ги лоцираат причинско-последичните врски за пожарот, покажува истражувањето на ИРЛ, а меѓу овие документи се и вештачењето за електричната инсталација и извештајот од германските форензичари. Меѓутоа, сосема нејасно обвинителите ќе се одлучат да нарачаат уште едно, петто вештачење, изработено од професори од Факултетот за електротехнички науки, кое, пак, изнесува спротивни гледишта за настанувањето на пожарот од претходните вештачења. Неколку денови по ова вештачење, поднесено е и обвинението, кое опфаќа три физички лица, двајцата директори, Флорим Бесими и Артан Етеми за „тешки дела против општата сигурност“ и докторот Бобан Вучевски за „непостапување по здравствени прописи за време на епидемија“.
Судскиот процес ја збуни јавноста, бидејќи во ниту еден момент од главните расправи не се дискутираше за причините за пожарот, а не беше презентирано ниту германското вештачење. На крајот од судскиот процес, дури и судијата Јордан Велковски самоиницијативно им појасни на новинарите дека ова судење не беше за пожарот и дека Обвинителството е тоа што ги носи предметите кај нив, а овој предмет е за други кривични дела. Втора шанса за правдата има во уште една обвинителска истрага што се води во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Беше најавено дека ова обвинителство ќе ја проверува тендерската документација, но таа истрага е сè уште во фаза на предистрага и не бележи никаков напредок, велат од ИРЛ.
Истражувачката сторија „Убиство во Тетово“ се темели на документација што новинарите ја обезбедија од институциите преку Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер, како и материјали доставени од свиркачи од тендерската постапка за градењето на модуларните објекти и од истрагата водена од Основното јавно обвинителство во Тетово. Материјалите содржат 585 документи напишани на 5.455 страници. https://youtu.be/6EIyQKTyc8Q?si=Kn9lvP1ffEUNCnpW

The post 585 документи напишани на 5.455 страници ги покажуваат саботираните истраги и прикривањата на пропустите appeared first on Република.

]]>
На Божик време е за простување: Жан Митрев ја повлече тужбата кон ИРЛ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-bozhik-vreme-e-za-prostuvane-zhan-mitrev-ja-povleche-tuzhbata-kon-irl/ Sun, 08 Jan 2023 13:57:25 +0000 https://republika.mk/?p=594606

Денес е ден кога Христос се роди. Денес е денот кога се родила надежта дека доброто ќе го надвладее злото. Денес е денот кога се што ни се случило лошо, сакаме да го заборавиме. Денес е денот кога на сите им посакуваме само добро и им простуваме на сите кои ни направиле лошо.

Ова го вели д-р Жан Митрев, кој реши да ја повлече тужбата кон медиумот, кој, како што вели, изнесувал невистини за него.

-Минатата година ми беше нанесена неправда преку невистини изнесени во јавноста. Како моја реакција на овие обвинувања поднесов тужба за медиумот каде беа изнесени невистини за мене. Не ми беше целта да се расправам ниту да нанесам штета на медиумот, како што мене ми беше нанесена неправда. Целта ми беше да ја покажам вистината. Но судот на јавноста и на Бог е тој што ќе суди за сите неправди. На овој ден, голем христијански празник време е за простување. Затоа и решив да ја повлечам тужбата. Христос се роди. Честит Божиќ, вели д-р Митрев!

The post На Божик време е за простување: Жан Митрев ја повлече тужбата кон ИРЛ appeared first on Република.

]]>

Денес е ден кога Христос се роди. Денес е денот кога се родила надежта дека доброто ќе го надвладее злото. Денес е денот кога се што ни се случило лошо, сакаме да го заборавиме. Денес е денот кога на сите им посакуваме само добро и им простуваме на сите кои ни направиле лошо. Ова го вели д-р Жан Митрев, кој реши да ја повлече тужбата кон медиумот, кој, како што вели, изнесувал невистини за него. -Минатата година ми беше нанесена неправда преку невистини изнесени во јавноста. Како моја реакција на овие обвинувања поднесов тужба за медиумот каде беа изнесени невистини за мене. Не ми беше целта да се расправам ниту да нанесам штета на медиумот, како што мене ми беше нанесена неправда. Целта ми беше да ја покажам вистината. Но судот на јавноста и на Бог е тој што ќе суди за сите неправди. На овој ден, голем христијански празник време е за простување. Затоа и решив да ја повлечам тужбата. Христос се роди. Честит Божиќ, вели д-р Митрев!

The post На Божик време е за простување: Жан Митрев ја повлече тужбата кон ИРЛ appeared first on Република.

]]>
ИРЛ инсистира на темелна истрага и одговорност за прекршувањата на правата на пациентите по емисијата „Нечиста крв“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/irl-insistira-na-temelna-istraga-i-odgovornost-za-prekrshuvanjata-na-pravata-na-pacientite-po-emisijata-nechista-krv/ Fri, 22 Jul 2022 09:57:36 +0000 https://republika.mk/?p=532088

Реакција на ИРЛ, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници по обвјавувањето на емисијата „Нечиста крв“ и рекацијата на Министерството за здравство.

 

Министерството за здравство и останатите државни органи кои учествуваа на вчерашната прес конференција уште еднаш демонстрираа како институциите со содржината и особено начинот на изразување сами ја зголемуваат општата недоверба на граѓаните во институциите. Ова доаѓа во моменти кога треба да се разоткријат неправилности кои резултираа со тешки последици по здравјето и животот на луѓето  на што укажа документарецот на ИРЛ ,,Нечиста крв’’. Убедливите пораки на министерот Беким Сали дека никој не е над законот, дека нема недопирливи и дека случајот ќе има правна разрешница, веднаш потоа спласнаа со паушални и неумесни изјави дека „ковидот е нова болест и дека ниту една земја не може да потврди дека тоа што го правела за време на пандемијата е медицина заснована на докази.“

Неизбежен е впечатокот дека надлежните лица од Министерството за здравство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Лекарската комора и Агенцијата за лекови, кои се обратија на прес конференцијата, се обидоа да ги релативизираат наодите и изјавите од документарниот филм. Надлежноста за одговори, како и што е веќе вообичаено, ја префрлија на други институции и упатија молба до јавноста и медиумите за повеќе време, за надлежните институции да ја утврдат фактичката состојба.

Да потсетиме дека сите институции веќе беа запознаени со истражувањето на ИРЛ неколку месеци пред документарното истражување воопшто да биде објавено. Дополнително, дел од наводите кои беа изнесени, дека спорната метода не е дел од општоприфатените протоколи за лекување, беа познати уште на самите почетоци на нејзиното практицирање. Сепак, конкретни мерки не беа преземени. Дополнително, семејствата на пациентите реагирале во изминатите две години до институциите, но не добиле повратен одговор дали нешто воопшто е преземено. Поради ова граѓаните се обратија до редакцијата на ИРЛ. Дел од нив имаат поднесено и кривични пријави, како семејството Брезеви, кои повеќе од осум месеци чекаат на правна разврска, за кривичната пријава поднесена за начинот на лекување на починатиот Никола Брезев во клиничката болница „Жан Митрев“.

Фактите кои ги презентираше Министерството за здравство требаше да ја убедат јавноста дека во ланецот на одговорност за случајот „Нечиста крв“, Центарот за јавно здравје е прва институцијата која ја прима информацијата дали во некоја од здравствените установи има интрахоспитални инфекции. Но, на прес конференцијата немаше претставник од оваа клучна установа, што укажува на недоволна транспарентност и отвара дополнителни сомнежи.

Останува нејасно, зошто ниедна институција не реагирала пред објавата на документарниот филм, со оглед на фактот што хемофилтрацијата била со месеци агресивно рекламирана на телевизиите од сопственикот на болницата, доктор Жан Митрев. Особено затоа што претходниот министер за здравство, Венко Филипче, кој беше на позиција кога КОВИД пандемијата стана реалност, ја убедуваше јавноста дека методот на хемофилтрација (филтрација на крвта) не е испитан, ниту пак медицински гарантира спас од корона вирусот, кој однесе илјадници човечки животи во Македонија.

На крај, го повикуваме Јавното обвинителство сериозно да му пристапи на овој случај, и особено да обрне внимание на постапувањето на државните институции при контролата на јавните и приватни здравствени установи. Со оглед на бројните пријави на граѓани кои деновиве пристигнаа во нашите организации, апелираме Јавното обвинителство да ја извести јавноста за преземените мерки во најкус можен рок.

The post ИРЛ инсистира на темелна истрага и одговорност за прекршувањата на правата на пациентите по емисијата „Нечиста крв“ appeared first on Република.

]]>

Реакција на ИРЛ, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници по обвјавувањето на емисијата „Нечиста крв“ и рекацијата на Министерството за здравство.   Министерството за здравство и останатите државни органи кои учествуваа на вчерашната прес конференција уште еднаш демонстрираа како институциите со содржината и особено начинот на изразување сами ја зголемуваат општата недоверба на граѓаните во институциите. Ова доаѓа во моменти кога треба да се разоткријат неправилности кои резултираа со тешки последици по здравјето и животот на луѓето  на што укажа документарецот на ИРЛ ,,Нечиста крв’’. Убедливите пораки на министерот Беким Сали дека никој не е над законот, дека нема недопирливи и дека случајот ќе има правна разрешница, веднаш потоа спласнаа со паушални и неумесни изјави дека „ковидот е нова болест и дека ниту една земја не може да потврди дека тоа што го правела за време на пандемијата е медицина заснована на докази.“ Неизбежен е впечатокот дека надлежните лица од Министерството за здравство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Лекарската комора и Агенцијата за лекови, кои се обратија на прес конференцијата, се обидоа да ги релативизираат наодите и изјавите од документарниот филм. Надлежноста за одговори, како и што е веќе вообичаено, ја префрлија на други институции и упатија молба до јавноста и медиумите за повеќе време, за надлежните институции да ја утврдат фактичката состојба. Да потсетиме дека сите институции веќе беа запознаени со истражувањето на ИРЛ неколку месеци пред документарното истражување воопшто да биде објавено. Дополнително, дел од наводите кои беа изнесени, дека спорната метода не е дел од општоприфатените протоколи за лекување, беа познати уште на самите почетоци на нејзиното практицирање. Сепак, конкретни мерки не беа преземени. Дополнително, семејствата на пациентите реагирале во изминатите две години до институциите, но не добиле повратен одговор дали нешто воопшто е преземено. Поради ова граѓаните се обратија до редакцијата на ИРЛ. Дел од нив имаат поднесено и кривични пријави, како семејството Брезеви, кои повеќе од осум месеци чекаат на правна разврска, за кривичната пријава поднесена за начинот на лекување на починатиот Никола Брезев во клиничката болница „Жан Митрев“. Фактите кои ги презентираше Министерството за здравство требаше да ја убедат јавноста дека во ланецот на одговорност за случајот „Нечиста крв“, Центарот за јавно здравје е прва институцијата која ја прима информацијата дали во некоја од здравствените установи има интрахоспитални инфекции. Но, на прес конференцијата немаше претставник од оваа клучна установа, што укажува на недоволна транспарентност и отвара дополнителни сомнежи. Останува нејасно, зошто ниедна институција не реагирала пред објавата на документарниот филм, со оглед на фактот што хемофилтрацијата била со месеци агресивно рекламирана на телевизиите од сопственикот на болницата, доктор Жан Митрев. Особено затоа што претходниот министер за здравство, Венко Филипче, кој беше на позиција кога КОВИД пандемијата стана реалност, ја убедуваше јавноста дека методот на хемофилтрација (филтрација на крвта) не е испитан, ниту пак медицински гарантира спас од корона вирусот, кој однесе илјадници човечки животи во Македонија. На крај, го повикуваме Јавното обвинителство сериозно да му пристапи на овој случај, и особено да обрне внимание на постапувањето на државните институции при контролата на јавните и приватни здравствени установи. Со оглед на бројните пријави на граѓани кои деновиве пристигнаа во нашите организации, апелираме Јавното обвинителство да ја извести јавноста за преземените мерки во најкус можен рок.

The post ИРЛ инсистира на темелна истрага и одговорност за прекршувањата на правата на пациентите по емисијата „Нечиста крв“ appeared first on Република.

]]>
ИРЛ: По објавување на документарецот во нашата редакција пристигнаа стотици пријави од граѓани за неправилности и злоупотреби во рамки на државниот и приватниот здравствен систем https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/irl-po-objavuvanje-na-dokumentarecot-vo-nashata-redakcija-pristignaa-stotici-prijavi-od-gragjani-za-nepravilnosti-i-zloupotrebi-vo-ramki-na-drzavniot-i-privatniot-zdravstven-sistem/ Mon, 18 Jul 2022 16:02:26 +0000 https://republika.mk/?p=530735

По објавување на документарецот во редакцијата на ИРЛ пристигнале стотици пријави од граѓани за неправилности и злоупотреби во рамки на државниот и приватниот здравствен систем.

Ви благодариме на поддршката и довербата која ни ја давате, а ние ќе дадеме се од себе да ги покриеме сите нови теми кои произлегоа од сторијата „Нечиста крв“-велат оттаму.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerstoto-za-zdravstvo-ima-dva-dena-da-kaze-shto-se-sluchuvalo-vo-zan-mitrev/

 

The post ИРЛ: По објавување на документарецот во нашата редакција пристигнаа стотици пријави од граѓани за неправилности и злоупотреби во рамки на државниот и приватниот здравствен систем appeared first on Република.

]]>

По објавување на документарецот во редакцијата на ИРЛ пристигнале стотици пријави од граѓани за неправилности и злоупотреби во рамки на државниот и приватниот здравствен систем.
Ви благодариме на поддршката и довербата која ни ја давате, а ние ќе дадеме се од себе да ги покриеме сите нови теми кои произлегоа од сторијата „Нечиста крв“-велат оттаму.
https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerstoto-za-zdravstvo-ima-dva-dena-da-kaze-shto-se-sluchuvalo-vo-zan-mitrev/  

The post ИРЛ: По објавување на документарецот во нашата редакција пристигнаа стотици пријави од граѓани за неправилности и злоупотреби во рамки на државниот и приватниот здравствен систем appeared first on Република.

]]>
ОЈО отвори предмет за експерименталното лекување во „Жан Митрев“, од Клиниката велат дека станува збор за невистинити квалификации https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ojo-otvori-predmet-za-eksperimentalnoto-lekuvanje-vo-zan-mitrev-od-klinikata-velat-deka-stanuva-zbor-za-nevistiniti-kvalifikacii/ Mon, 18 Jul 2022 13:09:57 +0000 https://republika.mk/?p=530684

Скопското јавно обвинителство по допрен глас отвори предмет за недозволеното експериментално лекување на пациенти во приватната клиника „Жан Митрев“ од Скопје, по синоќешната објава на сторијата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ).

Од клиниката „Жан Митрев“ реагираат дека станува збор за невистинити квалификации кои се насочени кон намерно нарушување на честа и угледот на болницата, а истите се и вознемирувачки и за пациентите. Тие велат дека се згрозени од тенденциозниот говор на омраза употребен кон нив, како и од неточните наводи, односно фабрикуваните информации кои единствено се насочени кон креирање на лажна слика во пошироката јавност на работата на болницата.

Веднаш по објавата на наведената документарна емисија, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет врз основа на инструментот на допрен глас, предвиден во Законот за кривична постапка. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител кој ќе преземе дејствија за проверка на наводите од кои произлегуваат индиции за кривични дела против здравјето на луѓето, се вели во кусото соопштение од ОЈО Скопје.

Истражувањето на ИРЛ „Нечиста крв“ се потпира на 24 пријави на граѓани од Македонија и од Косово, кои плаќале илјадници евра без да се известат дека се дел од медицинска студија. Документарецот е базиран на сведочењето на семејство чиј член починал во приватната клиника откако добил повеќе интрахоспитални бактериски инфекции бидејќи бил подложен на хемофилтрација. Според Центарот за јавно здравје – Скопје, клиниката „Жан Митрев“ не пријавила појава на интрахоспитални инфекции, иако е законски обврзана да го извести државниот орган.

Очигледно е дека овие лажни информации се креирани со намера за целосно искривување на фактите кои се однесуваат на долгогодишната успешна работа на клиничката болница 'Жан Митрев', каде што работат повеќе од 400 стручни и професионални лица под раководство на д-р Жан Митрев“, велат тие.

Според нив, болницата успешно работи за добробит на граѓаните веќе 22 години, нудејќи им услуги сертифицирани по светски стандарди, професионална грижа во насока на подобрување на здравјето, што е докажано во неколку случаи.

Ваквиот пристап продолжи да се применува и во текот на светската пандемија предизвикана од страна на вирусот Ковид-19, во кој период клиниката со многу труд, волја и неизмерно себевложување од своите вработени придонесе за спасување на огромен број човечки животи, велат од Клиниката Жан Митрев.

The post ОЈО отвори предмет за експерименталното лекување во „Жан Митрев“, од Клиниката велат дека станува збор за невистинити квалификации appeared first on Република.

]]>

Скопското јавно обвинителство по допрен глас отвори предмет за недозволеното експериментално лекување на пациенти во приватната клиника „Жан Митрев“ од Скопје, по синоќешната објава на сторијата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ). Од клиниката „Жан Митрев“ реагираат дека станува збор за невистинити квалификации кои се насочени кон намерно нарушување на честа и угледот на болницата, а истите се и вознемирувачки и за пациентите. Тие велат дека се згрозени од тенденциозниот говор на омраза употребен кон нив, како и од неточните наводи, односно фабрикуваните информации кои единствено се насочени кон креирање на лажна слика во пошироката јавност на работата на болницата.
Веднаш по објавата на наведената документарна емисија, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет врз основа на инструментот на допрен глас, предвиден во Законот за кривична постапка. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител кој ќе преземе дејствија за проверка на наводите од кои произлегуваат индиции за кривични дела против здравјето на луѓето, се вели во кусото соопштение од ОЈО Скопје.
Истражувањето на ИРЛ „Нечиста крв“ се потпира на 24 пријави на граѓани од Македонија и од Косово, кои плаќале илјадници евра без да се известат дека се дел од медицинска студија. Документарецот е базиран на сведочењето на семејство чиј член починал во приватната клиника откако добил повеќе интрахоспитални бактериски инфекции бидејќи бил подложен на хемофилтрација. Според Центарот за јавно здравје – Скопје, клиниката „Жан Митрев“ не пријавила појава на интрахоспитални инфекции, иако е законски обврзана да го извести државниот орган.
Очигледно е дека овие лажни информации се креирани со намера за целосно искривување на фактите кои се однесуваат на долгогодишната успешна работа на клиничката болница 'Жан Митрев', каде што работат повеќе од 400 стручни и професионални лица под раководство на д-р Жан Митрев“, велат тие.
Според нив, болницата успешно работи за добробит на граѓаните веќе 22 години, нудејќи им услуги сертифицирани по светски стандарди, професионална грижа во насока на подобрување на здравјето, што е докажано во неколку случаи.
Ваквиот пристап продолжи да се применува и во текот на светската пандемија предизвикана од страна на вирусот Ковид-19, во кој период клиниката со многу труд, волја и неизмерно себевложување од своите вработени придонесе за спасување на огромен број човечки животи, велат од Клиниката Жан Митрев.

The post ОЈО отвори предмет за експерименталното лекување во „Жан Митрев“, од Клиниката велат дека станува збор за невистинити квалификации appeared first on Република.

]]>