Иринеј Буловиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/irinej-bulovik/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Jan 2023 10:36:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Иринеј Буловиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/irinej-bulovik/ 32 32 СПЦ: МПЦ-ОА дефакто се уште не е автокефална црква https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/spts-mpts-oa-defakto-se-ushte-ne-e-avtokefalna-tsrkva/ Wed, 04 Jan 2023 10:29:05 +0000 https://republika.mk/?p=593486

Српската православна црква ќе го прифати секое име за МПЦ-ОА, кое ќе биде резултат на сеправославен консензус, бидејќи со Томосот на СПЦ за автокефалноста тоа прашање е оставено отворено и не е решено. Вака бачкиот епископ Иринеј Буловиќ, во интервју за српски „Печат“ ги објаснува позициите на СПЦ во поглед на прашањето за името на МПЦ-ОА, што во јавноста овде во Македонија се толкува како решено и затворено прашање.

СПЦ смета дека иако се одлучила да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА таа се уште дефакто не е автокефална црква и дека состојбата во која се наоѓа е комплексна, карактеризитрајќи ја како „новоформирана црква“.

Моменталната ситуација е ваква: практично сите помесни Цркви воспоставија литургиско и канонско општење со новоформираната Црква, некои веќе ја признаа и како автокефална, а некои тоа го одложија додека не се постигне согласност за нејзиното официјално име. А, бугарската Црква најде соломонско решение признавајќи и го автокефалниот статус и заедничко (општо) име „Црква во Македонија“ (значи ниту „македонска“ ниту „охридска“). Нашата Црква го остава прашањето за името отворено и ќе го прифати секое име кое ќе биде плод на општ договор и согласност, а дотогаш го профаќа името со кое сестринската црква сама себе се именува, „Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија“. Се надевам драги пријатели дека со овој одговор барем до некаде го разјаснив канонскиот пристап СПЦ на ова колку комплексно и сложено, толку и важно прашање, вели во интервјуто Иринеј Буловиќ.

Мометалниот статус на МПЦ е таков што се уште го чека томосот од Вселенската патријаршија но нема рок кога и дали тоа ќе се случи. Спротивно на тоа власта на Ковачевски си припишува дека го решила црковното прашање.

The post СПЦ: МПЦ-ОА дефакто се уште не е автокефална црква appeared first on Република.

]]>

Српската православна црква ќе го прифати секое име за МПЦ-ОА, кое ќе биде резултат на сеправославен консензус, бидејќи со Томосот на СПЦ за автокефалноста тоа прашање е оставено отворено и не е решено. Вака бачкиот епископ Иринеј Буловиќ, во интервју за српски „Печат“ ги објаснува позициите на СПЦ во поглед на прашањето за името на МПЦ-ОА, што во јавноста овде во Македонија се толкува како решено и затворено прашање. СПЦ смета дека иако се одлучила да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА таа се уште дефакто не е автокефална црква и дека состојбата во која се наоѓа е комплексна, карактеризитрајќи ја како „новоформирана црква“.