ИРИ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/iri/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Sep 2024 11:09:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ИРИ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/iri/ 32 32 Мицкоски по средбата со ИРИ: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-po-sredbata-so-iri-zaedno-so-nevladiniot-sektor-ke-se-borime-protiv-kriminalot-i-koruptsijata/ Wed, 25 Sep 2024 11:09:57 +0000 https://republika.mk/?p=819536

Денеска на мое големо задоволство во организација на Меѓународниот Републикански Институт заедно со невладиниот сектор и дел од членовите на Владата имавме можност да поразговараме за една тема која што претставува акутен проблем за нас како држава, а тоа е високото ниво на криминал и корупција и борбата против ова високо ниво на криминал и корупција. А како дополнување зборувавме и за доброто владеење, нешто кое што исто така претставува императив за оваа Влада. Се надевам дека во периодот кој што следи сите овие разговори ќе имаат свој ефект врз работењето на Владата, да бидам по прецизен убеден сум, бидејќи од страна на Владата постои огромна желба, но истовремено и посветеност токму кон овие проблеми кои што се акутни во Македонија како држава.

Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, кој воедно и изрази голема благодарност до Меѓународниот Републикански Институт кој што го фасилитира овој процес.

-Уште еднаш да го појаснам односно да го изразам задоволството на Владата што може да присуствува и да разговара со невладиниот сектор, бидејќи борбата со криминал и корупција мора да биде одлучна, без да победиме во таа борба не можеме да имаме развиена држава, не можеме да имаме подобри услови и подобар стандард на граѓаните.

А нас, како Влада цел ни е да направиме се што е во наша моќ да обезбедиме подобри услови за живот, но, и подобар стандард на нашите граѓани, бидејќи тоа е она кое што граѓаните од нас го очекуваат и тоа е она за кое што граѓаните гласаа неколку месеци и на претседателските и на парламентарните избори.

Заедно со невладиниот сектор, заедно со Меѓународниот Републикански Институт убеден сум дека ќе направиме многу, додава Мицкоски.

The post Мицкоски по средбата со ИРИ: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата appeared first on Република.

]]>

Денеска на мое големо задоволство во организација на Меѓународниот Републикански Институт заедно со невладиниот сектор и дел од членовите на Владата имавме можност да поразговараме за една тема која што претставува акутен проблем за нас како држава, а тоа е високото ниво на криминал и корупција и борбата против ова високо ниво на криминал и корупција. А како дополнување зборувавме и за доброто владеење, нешто кое што исто така претставува императив за оваа Влада. Се надевам дека во периодот кој што следи сите овие разговори ќе имаат свој ефект врз работењето на Владата, да бидам по прецизен убеден сум, бидејќи од страна на Владата постои огромна желба, но истовремено и посветеност токму кон овие проблеми кои што се акутни во Македонија како држава. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, кој воедно и изрази голема благодарност до Меѓународниот Републикански Институт кој што го фасилитира овој процес.
-Уште еднаш да го појаснам односно да го изразам задоволството на Владата што може да присуствува и да разговара со невладиниот сектор, бидејќи борбата со криминал и корупција мора да биде одлучна, без да победиме во таа борба не можеме да имаме развиена држава, не можеме да имаме подобри услови и подобар стандард на граѓаните. А нас, како Влада цел ни е да направиме се што е во наша моќ да обезбедиме подобри услови за живот, но, и подобар стандард на нашите граѓани, бидејќи тоа е она кое што граѓаните од нас го очекуваат и тоа е она за кое што граѓаните гласаа неколку месеци и на претседателските и на парламентарните избори. Заедно со невладиниот сектор, заедно со Меѓународниот Републикански Институт убеден сум дека ќе направиме многу, додава Мицкоски.

The post Мицкоски по средбата со ИРИ: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата appeared first on Република.

]]>
ИРИ ќе му помага на МОН во зголемувањето на ефикасноста на образовните услуги за граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/iri-ke-mu-pomaga-na-mon-vo-zgolemuvaneto-na-efikasnosta-na-obrazovnite-uslugi-za-graganite/ Mon, 15 Jul 2024 16:48:04 +0000 https://republika.mk/?p=797136

Меѓународниот републикански институт (ИРИ) ќе му помага на Министерството за образование и наука во заложбите да ја зголеми ефикасноста на образовните услуги за граѓаните, соопшти денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска по средбата со Илина Мангова, регионална советничка на ИРИ за Европа и Ана Алибегова, виша програмска менаџерка на ИРИ.

Ќе работиме стратешки, реално ќе ја мериме состојбата и ефектите од нашите образовни политики, следејќи ги мерливите показатели за успешност од стратешкиот и годишниот план за работа на министерството, порача министерката Јаневска.

The post ИРИ ќе му помага на МОН во зголемувањето на ефикасноста на образовните услуги за граѓаните appeared first on Република.

Премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на ИРИ и разговарале за јакнење на институционалните капацитети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/premierot-mitskoski-se-sretna-so-pretsedatelot-na-iri-i-razgovarale-za-jaknene-na-institutsionalnite-kapatsiteti/ Mon, 08 Jul 2024 16:53:49 +0000 https://republika.mk/?p=794676

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски денеска се сретнал со претседателот на ИРИ, Даниел Твининг.

Како што објави на социјалните мрежи, премиерот Мицкоски и Твининг разговарале за продлабочена соработка, јакнење на институционалните капацитети и процес на дигитализација.

Македонија мора да фати чекор со големите процеси. Работиме напорно за тоа, објави Мицкоски.

The post Премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на ИРИ и разговарале за јакнење на институционалните капацитети appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски денеска се сретнал со претседателот на ИРИ, Даниел Твининг. Како што објави на социјалните мрежи, премиерот Мицкоски и Твининг разговарале за продлабочена соработка, јакнење на институционалните капацитети и процес на дигитализација.
Македонија мора да фати чекор со големите процеси. Работиме напорно за тоа, објави Мицкоски.

The post Премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на ИРИ и разговарале за јакнење на институционалните капацитети appeared first on Република.

]]>
Мангова: Анкетата на ИРИ покажа дека судството и обвинителството не функционираат како што треба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mangova-anketata-na-iri-pokazha-deka-sudstvoto-i-obvinitelstvoto-ne-funktsioniraat-kako-shto-treba/ Mon, 10 Jul 2023 19:22:51 +0000 https://republika.mk/?p=659853

Сите овие состојби кои се случуваа изминатиов период укажуваат дека состојбите во судството и обвинителство се надвор од начинот на кој треба таа трета власт да функционира. Очигледно се неопходни значителни реформи во начинот на водење на судските спорови и однесување на главните носители на судската власт, но и самите судии да се ангажираат да ја сменат сликата за себе си, изјави Илина Мангова од ИРИ за Тема на денот во дневникот на Сител.

Таа посочи дека е потешко во судската фела да се направи оваа промена, бидејќи зависи и од политички чекори и е преколективен систем.

Не може еден да ја направи промената, тој систем ќе му изврши притисок. Организациите на судии, на обвинители, главните чинители, можат да разговараат да се почне да се адресира оваа ситуација, да се почне со сериозни реформи да се врати довербата во судството, рече Мангова.

Истакна дека довербата во постоење на владеење на право е падната на вкупно 31% и дека тоа е една од работите кои најмногу ги загрижува граѓаните.

The post Мангова: Анкетата на ИРИ покажа дека судството и обвинителството не функционираат како што треба appeared first on Република.

Анкета на ИРИ: Ако се одржат предвремени парламентарни избори престојната недела, ВМРО-ДПМНЕ е убедлив победник со скоро двојно водство пред СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/anketa-na-iri-ako-se-odrzhat-predvremeni-parlamentarni-izbori-prestojnata-nedela-vmro-dpmne-e-ubedliv-pobednik-so-skoro-dvojno-vodstvo-pred-sdsm/ Mon, 10 Jul 2023 12:59:15 +0000 https://republika.mk/?p=659766

Најновата анкета на Меѓународниот републикански институт ИРИ покажува дека, доколку се одржат избори престојната недела, дури 19 проценти би гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

Aнкетата е спроведена од 8 април до мај на 1208 испитаници, а на прашањето доколку престојната недела се одржат парламентарни избори за која политичка партија би гласале, ВМРО-ДПМНЕ има речиси двојна предност пред СДСМ, односно 19 проценти од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, додека пак само 11 проценти од анкетираните граѓани одговориле дека би гласале за СДСМ.

The post Анкета на ИРИ: Ако се одржат предвремени парламентарни избори престојната недела, ВМРО-ДПМНЕ е убедлив победник со скоро двојно водство пред СДСМ appeared first on Република.

Анкетата на ИРИ потврдува убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ на изборите, затоа СДСМ бега од избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/aneketata-na-iri-potvrduva-ubedlivo-vodstvo-na-vmro-dpmne-na-izborite-zatoa-sdsm-bega-od-izbori/ Tue, 20 Dec 2022 18:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=588101

Две работи има од оваа анкета, таа е огледало на реалноста и овој пат ми е драго што СДС не навлезе во демантирање на анкетата затоа што не им се допаѓа. Затоа што иста ваква анкета со многу слични резултати во врска со рејтинзите на партиите, ВМРО-ДПМНЕ има 19 проценти, СДСМ 11 проценти кај целокупното население СДС излегуваше на прес конференции и кажуваше ова се штелувани и нарачани анкети. Еве сега ова не е нарачана анкета, ниту платена, ова е анкета од Меѓународниот републикански институт ИРИ, институција која што има кредибилитет, вели Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ во интервју во емисијата Аргумент Плус на телевизија 24.

Андоновски истакна дека анкетата на ИРИ покажува дека има пад на довербата кај граѓаните во тоа како СДС управува со државата, односно минатата година 18 проценти од граѓаните одговориле дека државата се движи во добра насока, а оваа година процентот на истото прашање е само 13 проценти.

Ова покажува колку СДС е одлепена од реалноста, дека државата не оди во вистинска насока и ако ги прашате граѓаните дали Македонија се движи во добра или лоша насока 13 проценти ќе ви одговорат дека се движи во добра насока. За разлика од тоа минатата година 18 проценти исто СДС на власт. Значи има пад и во нивните лични параметри во начинот на кои ги водат процесите, кажа тој.

Андоновски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е задоволна од исходот на анкетата, посочувајќи дека разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ е 2 спрема 1 или довербата на граѓаните е 26 проценти, додека кај СДС е само 15 проценти, или доколку се одржат утре избори како што рече тој ВМРО-ДПМНЕ ќе освои околу 60 пратеника, додека СДС под 30.

Што се однесува на ВМРО-ДПМНЕ ние можеме да бидеме задоволни затоа што кај македонското гласачко тело каде што 90 проценти од нашите гласачи се етнички македонци, ВМРО-ДПМНЕ води со 26 проценти, СДС има само 15 проценти. Значи разлика е приближно 1 спрема 2. И ова покажува дека ако утре се одржат избори ВМРО-ДПМНЕ ќе има околу 60 пратеници, а СДС ќе има под 30 пратеника. Што многу јасно ја покажува траекторијата на движење на ставот на граѓаните, вели Андоновски.

Тој потенцираше и дека  на прашањето дали вашиот живот се подобрил или влошил во измината година, 53 проценти од граѓаните одговориле велат дека се влошил, 41 проценти велат дека останал ист. Што значи дека само за 6 проценти кај граѓаните живеат малку подобро од минатата година. И ако ги собереме сите овие работи очигледно СДС не се справува со состојбите, дециден е Андоновски.

The post Анкетата на ИРИ потврдува убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ на изборите, затоа СДСМ бега од избори appeared first on Република.

]]>

Две работи има од оваа анкета, таа е огледало на реалноста и овој пат ми е драго што СДС не навлезе во демантирање на анкетата затоа што не им се допаѓа. Затоа што иста ваква анкета со многу слични резултати во врска со рејтинзите на партиите, ВМРО-ДПМНЕ има 19 проценти, СДСМ 11 проценти кај целокупното население СДС излегуваше на прес конференции и кажуваше ова се штелувани и нарачани анкети. Еве сега ова не е нарачана анкета, ниту платена, ова е анкета од Меѓународниот републикански институт ИРИ, институција која што има кредибилитет, вели Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ во интервју во емисијата Аргумент Плус на телевизија 24. Андоновски истакна дека анкетата на ИРИ покажува дека има пад на довербата кај граѓаните во тоа како СДС управува со државата, односно минатата година 18 проценти од граѓаните одговориле дека државата се движи во добра насока, а оваа година процентот на истото прашање е само 13 проценти.
Ова покажува колку СДС е одлепена од реалноста, дека државата не оди во вистинска насока и ако ги прашате граѓаните дали Македонија се движи во добра или лоша насока 13 проценти ќе ви одговорат дека се движи во добра насока. За разлика од тоа минатата година 18 проценти исто СДС на власт. Значи има пад и во нивните лични параметри во начинот на кои ги водат процесите, кажа тој.
Андоновски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е задоволна од исходот на анкетата, посочувајќи дека разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ е 2 спрема 1 или довербата на граѓаните е 26 проценти, додека кај СДС е само 15 проценти, или доколку се одржат утре избори како што рече тој ВМРО-ДПМНЕ ќе освои околу 60 пратеника, додека СДС под 30.
Што се однесува на ВМРО-ДПМНЕ ние можеме да бидеме задоволни затоа што кај македонското гласачко тело каде што 90 проценти од нашите гласачи се етнички македонци, ВМРО-ДПМНЕ води со 26 проценти, СДС има само 15 проценти. Значи разлика е приближно 1 спрема 2. И ова покажува дека ако утре се одржат избори ВМРО-ДПМНЕ ќе има околу 60 пратеници, а СДС ќе има под 30 пратеника. Што многу јасно ја покажува траекторијата на движење на ставот на граѓаните, вели Андоновски.
Тој потенцираше и дека  на прашањето дали вашиот живот се подобрил или влошил во измината година, 53 проценти од граѓаните одговориле велат дека се влошил, 41 проценти велат дека останал ист. Што значи дека само за 6 проценти кај граѓаните живеат малку подобро од минатата година. И ако ги собереме сите овие работи очигледно СДС не се справува со состојбите, дециден е Андоновски.

The post Анкетата на ИРИ потврдува убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ на изборите, затоа СДСМ бега од избори appeared first on Република.

]]>
Анкета на ИРИ: Aко утре има избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19 посто од граѓаните, за СДСМ 11 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/anketa-na-iri-ako-utre-ima-izbori-za-vmro-dpmne-bi-glasale-19-posto-od-gragjanite-za-sdsm-11/ Mon, 19 Dec 2022 11:57:34 +0000 https://republika.mk/?p=587610

Најновата анкета на ИРИ, покажува дека во случај утре да се одржат предвремени парламентарни избори 19% од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно резултатите на извршената анкета, за СДСМ би гласале 11% од населението, 7% за ДУИ, а 6% за политичката партија Левица.

На прашањето за насоката на движење на земјата, само 13% од македонските граѓани одговориле дека земјата се движи во вистинска насока додека 58% одговориле дека се движи во погрешна насока. Дваесет и осум проценти од испитаниците биле неутрални.

„Со зголемувањето на инфлацијата и цената на електричната енергија и другите економски предизвици со кои се соочува Македонија во моментов, нашите податоци покажуваат дека луѓето не веруваат дека земјата се движи во вистинската насока“, рече Пол Мекарти, регионален директор на ИРИ за Европа. „Креаторите на политики на национално ниво ќе треба да останат фокусирани на економските прашања доколку сакаат да ги сменат овие бројки“.

Анкетата исто така покажа силна поддршка за членството во ЕУ, и покрај падот од 11 процентни поени од ноември 2021. Седумдесет и три отсто од македонските граѓани сакаат да влезат во ЕУ, а 24 отсто не се за влез во ЕУ.

The post Анкета на ИРИ: Aко утре има избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19 посто од граѓаните, за СДСМ 11 appeared first on Република.

]]>

Најновата анкета на ИРИ, покажува дека во случај утре да се одржат предвремени парламентарни избори 19% од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ. Согласно резултатите на извршената анкета, за СДСМ би гласале 11% од населението, 7% за ДУИ, а 6% за политичката партија Левица. На прашањето за насоката на движење на земјата, само 13% од македонските граѓани одговориле дека земјата се движи во вистинска насока додека 58% одговориле дека се движи во погрешна насока. Дваесет и осум проценти од испитаниците биле неутрални.
„Со зголемувањето на инфлацијата и цената на електричната енергија и другите економски предизвици со кои се соочува Македонија во моментов, нашите податоци покажуваат дека луѓето не веруваат дека земјата се движи во вистинската насока“, рече Пол Мекарти, регионален директор на ИРИ за Европа. „Креаторите на политики на национално ниво ќе треба да останат фокусирани на економските прашања доколку сакаат да ги сменат овие бројки“.
Анкетата исто така покажа силна поддршка за членството во ЕУ, и покрај падот од 11 процентни поени од ноември 2021. Седумдесет и три отсто од македонските граѓани сакаат да влезат во ЕУ, а 24 отсто не се за влез во ЕУ.  

The post Анкета на ИРИ: Aко утре има избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19 посто од граѓаните, за СДСМ 11 appeared first on Република.

]]>
Мицкоски на средба со регионалниот директор за Европа на ИРИ Пол Мекарти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-na-sredba-so-regionalniot-direktor-za-evropa-na-iri-pol-mekarti/ Thu, 02 Jun 2022 14:54:07 +0000 https://republika.mk/?p=510272

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со Пол Мекарти, регионален директор за Европа на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

На средбата, на која присуствуваше и меѓународниот секретар на партијата Стефан Андоновски, Мицкоски ја поздрави одличната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ со ИРИ во организирање на настани и семинари за млади лидери и градење на транспарентност.

На средбата се разговараше и за актуелната политичка и економска состојба, како и евроинтеграциските процеси на Македонија во однос на спорот со Бугарија.

Претседателот Мицкоски рече дека криминалот и корупцијата се распространети и во сите сфери на општеството, како и дека креатор на кризите во државата е владата на СДСМ и истакна дека единствен излез од истите е само одржување на предвремени парламентарни избори и промени кои што ќе обезбедат поквалитетна иднина и подобар стандард за граѓаните.

Во однос на спорот со Бугарија, Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати нови условувања од страна на бугарската страна во делот на македонската историја, идентитет, нација и култура, укажувајќи дека тоа не може да биде предмет на преговори и договор.

Соговорниците се согласија дека постои традиционално добра соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ, и се договорија истата да продолжи да се развива за поинтензивна соработка.

The post Мицкоски на средба со регионалниот директор за Европа на ИРИ Пол Мекарти appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со Пол Мекарти, регионален директор за Европа на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). На средбата, на која присуствуваше и меѓународниот секретар на партијата Стефан Андоновски, Мицкоски ја поздрави одличната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ со ИРИ во организирање на настани и семинари за млади лидери и градење на транспарентност. На средбата се разговараше и за актуелната политичка и економска состојба, како и евроинтеграциските процеси на Македонија во однос на спорот со Бугарија. Претседателот Мицкоски рече дека криминалот и корупцијата се распространети и во сите сфери на општеството, како и дека креатор на кризите во државата е владата на СДСМ и истакна дека единствен излез од истите е само одржување на предвремени парламентарни избори и промени кои што ќе обезбедат поквалитетна иднина и подобар стандард за граѓаните. Во однос на спорот со Бугарија, Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати нови условувања од страна на бугарската страна во делот на македонската историја, идентитет, нација и култура, укажувајќи дека тоа не може да биде предмет на преговори и договор. Соговорниците се согласија дека постои традиционално добра соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ, и се договорија истата да продолжи да се развива за поинтензивна соработка.

The post Мицкоски на средба со регионалниот директор за Европа на ИРИ Пол Мекарти appeared first on Република.

]]>
Мицкоски на средба со Олин Ветингтон, член на бордот на директори на ИРИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-na-sredba-so-olin-vetington-chlen-na-bordot-na-direktori-na-iri/ Tue, 12 Apr 2022 13:37:07 +0000 https://republika.mk/?p=487425

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски и секретарот за меѓународна соработка на партијата Стефан Андоновски оствари средба со Олин Ветингтон, член на бордот на директори на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ).

Мицкоски истакна огромна благодарност за одличната соработка и поддршката која ИРИ ја дава на ВМРО-ДПМНЕ нагласувајќи дека ИРИ е важен фактор бидејќи изминатиот период придонел за јакнење на политичките капацитети на ВМРО-ДПМНЕ, преку најразлични платформи во делот на младинското учество, јакнење на транспарентноста и поддршката на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата соговорниците разговараа и за актуелната политичка и економска состојба во државата, каде што од страна на претседателот Мицкоски беше потенцирано дека граѓаните се наоѓаат во исклучително тешка ситуација, а државата се соочува со се поголем степен на корупција директно од високи владини функционери, посочувајќи дека високиот степен на корупција и криминал на владата на СДСМ е потврден и во меѓународните извештаи.

Претседателот Мицкоски нагласи дека решение за излез од кризата, подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, како и враќање на државата во правилна насока се потребни брзи предвремени парламентарни избори.

The post Мицкоски на средба со Олин Ветингтон, член на бордот на директори на ИРИ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски и секретарот за меѓународна соработка на партијата Стефан Андоновски оствари средба со Олин Ветингтон, член на бордот на директори на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ). Мицкоски истакна огромна благодарност за одличната соработка и поддршката која ИРИ ја дава на ВМРО-ДПМНЕ нагласувајќи дека ИРИ е важен фактор бидејќи изминатиот период придонел за јакнење на политичките капацитети на ВМРО-ДПМНЕ, преку најразлични платформи во делот на младинското учество, јакнење на транспарентноста и поддршката на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. На средбата соговорниците разговараа и за актуелната политичка и економска состојба во државата, каде што од страна на претседателот Мицкоски беше потенцирано дека граѓаните се наоѓаат во исклучително тешка ситуација, а државата се соочува со се поголем степен на корупција директно од високи владини функционери, посочувајќи дека високиот степен на корупција и криминал на владата на СДСМ е потврден и во меѓународните извештаи. Претседателот Мицкоски нагласи дека решение за излез од кризата, подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, како и враќање на државата во правилна насока се потребни брзи предвремени парламентарни избори.

The post Мицкоски на средба со Олин Ветингтон, член на бордот на директори на ИРИ appeared first on Република.

]]>
Aнекта на ИРИ: Зголемено руското и кинеското влијание во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/anekta-na-iri-zgolemeno-ruskoto-i-kineskoto-vlijanie-vo-makedonija/ Mon, 07 Mar 2022 11:36:13 +0000 https://republika.mk/?p=468923

Новата анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Македонија покажува зголемување на кинеското и руското влијание, недостаток на транспарентност во политичките партии и поддршка за иницијативата „Отворен Балкан“.

Во однос на надворешната политика, како што соопшти ИРИ, 64 отсто од граѓаните на Македонија се согласуваат дека силните односи со Кина им служат на нивните интереси. Шеесет проценти истото го мислат за Русија. Ова е зголемување од единаесет проценти за Кина и шест проценти за Русија во однос на анкетата спроведена во февруари 2020 година. Новообјавената анкета покажува и силна поддршка за Европската унија (ЕУ) и САД. Севкупно, 85 проценти се согласуваат дека силните односи со ЕУ најдобро им служат на интересите на Македонија, а 76 отсто го делат истото мислење за САД.

– Додека Македонија се труди да постигне демократски напредок, загрижува фактот што Кина и Русија продолжуваат со постојаните упади, вели Пол Мекарти, регионален директор на ИРИ за Европа.

За среќа, додава, поддршката за блиски партнерства со ЕУ и САД останува многу силна.

На прашањето за политичките партии, само 21 отсто од граѓаните на Македонија веруваат дека тие се транспарентни во работењето со парите добиени од државниот буџет. Понатаму, 48 проценти не биле запознаени со износот на државниот буџет кој што годишно се издвојува за финансирање на политичките партии.

– За една демократија да биде успешна, апсолутно суштинско е политичките партии да изградат доверба. Оваа анкета покажува дека транспарентноста во политичките партии во иднина треба да биде приоритет, вели Мекарти.

Анкетата покажува и дека 75 отсто од возрасните ја поддржуваат иницијативата „Отворен Балкан“, серија договори во кои се вклучени Албанија, Македонија и Србија за да помогнат во олеснувањето на трговијата, бизнисот и движењето на граѓаните меѓу земјите.

Истражувањето е спроведено во име на  Центарот за анкетни истражувања на ИРИ од Брима фирма за истражување на пазарот (дел од групацијата КАНТАР и македонски член на здружението Галуп Интернешнл Асоцијација). Податоците са собрани од 27 ноември до 23 декември 2021, со повеќестепен стратификуван примерок  преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците. Анкетирани се 1,226 испитаници на возраст од 18 години и повеќе. Податоците се пондерирани според возраста, полот, регионот и етничката припадност. Маргината на грешка е ± 2.8 поени на ниво на доверба од 95%. Стапката на одговор е 75 отсто, информираат од ИРИ.

The post Aнекта на ИРИ: Зголемено руското и кинеското влијание во Македонија appeared first on Република.

]]>

Новата анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Македонија покажува зголемување на кинеското и руското влијание, недостаток на транспарентност во политичките партии и поддршка за иницијативата „Отворен Балкан“. Во однос на надворешната политика, како што соопшти ИРИ, 64 отсто од граѓаните на Македонија се согласуваат дека силните односи со Кина им служат на нивните интереси. Шеесет проценти истото го мислат за Русија. Ова е зголемување од единаесет проценти за Кина и шест проценти за Русија во однос на анкетата спроведена во февруари 2020 година. Новообјавената анкета покажува и силна поддршка за Европската унија (ЕУ) и САД. Севкупно, 85 проценти се согласуваат дека силните односи со ЕУ најдобро им служат на интересите на Македонија, а 76 отсто го делат истото мислење за САД.
– Додека Македонија се труди да постигне демократски напредок, загрижува фактот што Кина и Русија продолжуваат со постојаните упади, вели Пол Мекарти, регионален директор на ИРИ за Европа.
За среќа, додава, поддршката за блиски партнерства со ЕУ и САД останува многу силна. На прашањето за политичките партии, само 21 отсто од граѓаните на Македонија веруваат дека тие се транспарентни во работењето со парите добиени од државниот буџет. Понатаму, 48 проценти не биле запознаени со износот на државниот буџет кој што годишно се издвојува за финансирање на политичките партии. – За една демократија да биде успешна, апсолутно суштинско е политичките партии да изградат доверба. Оваа анкета покажува дека транспарентноста во политичките партии во иднина треба да биде приоритет, вели Мекарти. Анкетата покажува и дека 75 отсто од возрасните ја поддржуваат иницијативата „Отворен Балкан“, серија договори во кои се вклучени Албанија, Македонија и Србија за да помогнат во олеснувањето на трговијата, бизнисот и движењето на граѓаните меѓу земјите. Истражувањето е спроведено во име на  Центарот за анкетни истражувања на ИРИ од Брима фирма за истражување на пазарот (дел од групацијата КАНТАР и македонски член на здружението Галуп Интернешнл Асоцијација). Податоците са собрани од 27 ноември до 23 декември 2021, со повеќестепен стратификуван примерок  преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците. Анкетирани се 1,226 испитаници на возраст од 18 години и повеќе. Податоците се пондерирани според возраста, полот, регионот и етничката припадност. Маргината на грешка е ± 2.8 поени на ниво на доверба од 95%. Стапката на одговор е 75 отсто, информираат од ИРИ.

The post Aнекта на ИРИ: Зголемено руското и кинеското влијание во Македонија appeared first on Република.

]]>