Ирена Павлова Де Одорико Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/irena-pavlova-de-odoriko/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Aug 2023 16:20:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ирена Павлова Де Одорико Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/irena-pavlova-de-odoriko/ 32 32 Ирена Павлова Де Одорико ја доби награда „Стојан Христов” за најдобра поетска книга за дводомни поети на СВП https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/irena-pavlova-de-odoriko-ja-dobi-nagrada-stojan-hristov-za-najdobra-poetska-kniga-za-dvodomni-poeti-na-svp/ Sat, 26 Aug 2023 17:08:30 +0000 https://republika.mk/?p=676065

Авторката Ирена Павлова Де Одорико, којашто живее и твори во Италија,  е годинешниот добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга поезија од иселеник што ја доделува Агенцијата за иселеништво.

Наградата е доделена со одлуката од жири-комисијата на „Струшките вечери на поезијата“, во состав Славе Ѓорго Димовски, Драгана Евтимова и Митко Гогов, а ѝ е доделена за поемата „Светец“.

Поемата „Светец“ е специфична за целокупното творештво на Де Одорико, бидејќи за првпат се одлучува да пишува преку машки фиктивен лик, така наречен Петкамен Петко, кој е создаден од страна на народот, лик-гласник што носи утеха за подобри времиња и предизвикува духовен интерес, хуманост, љубезност и ги учи луѓето на љубов и емпатија. (Претходите ликови во сите нејзини книги се познати женски ликови, како на пример Силвија Плат и други.). Името го добил токму од играта што се игра со пет камчиња и која многу сакал да ја игра и по која го добил прекарот: Петкамен Петко. Бидејќи потекнува од мало место, одлучува да шета низ светот, неговите откритија за човекот и светот длабоко го разочаруваат, но не се откажува од својата мисија. На тој начин, неговиот лик добива функција на месија, односно духовник и помошник на народот. Содржината на книгата совршено се вклопува со корицата на книгата, на која илустративно се откриваат почетните четири букви СВЕТ, а внатре во зборот СВЕТ се наоѓа зборот СВЕТЕЦ, човек што стои на бесилка, но на главата има ореол - рече Драгана Евтимова, дел од жири-комисијата.

Ирена Павлова Де Одорико е македонска писателка, поет, новинар, која моментално живее и работи во Италија, каде што неуморно ја претставува македонската култура и литература. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2001 година. Нејзините песни се застапени во многу македонски и светски антологии.

Ви се заблагодарувам на оваа престижна награда. „Светец“ или Петкамен Петко е секој од нас, оној што ќе ја изоди голготата и ќе воскресне по патот на една вистинска свесност. Петко е сиромашен, битник, неосвестен светец, глас на народот во мене, мноштвото, кое обратно, од индивидуализација,по Јунг,патува низ него, Кин комплетна самосвест, низ афрадануе, до светлината - изјави Де Одорико.

За време на доделувањето на наградата, директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, додели благодарница на „Струшки вечери на поезијата“ за 15-годишната соработка.

Денес ја добив престижната награда: Стојан Христов"за најдобра поетска книга за дводомни поети

За поемата : ,,Светец".

И' благодарам на комисијата: Драгана Ефтимова, Славе Ѓорѓо Димоски и Митко Гогов.

Им благодарам на ,,Струшки вечери на поезија" и Агенцијата на иселеништво

Благодарам Маједонијо и сакан народе мој .., соопшти на својот фејсбук профил, македонската поетеса,  Ирена Павлова Де Одорико.

Ирена Павлова Де Одорико е македонска писателка, поет, романописец и новинар. Дипломирала и магистрирала на Општа и компаративна книжевност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Работела како новинар во повеќе соисанија и медии во сектор за култура, а со иста дејност се занимаваше и повеќе години во редакција за култура на телевизија Телма во Скопје.

Во 2001 година е мегу десетте финалисти за Европа за наградата: „Рома- Тиволи- Европа“. Истата година учествува на Светскиот поетски фестивал, Венециското биенале,од каде е селектирана во светската поетска антологија под наслов: „Специјална едиција на Венециското биенале“.

Ирена Павлова - Де Одорико живее и работи во Венеција, Италија, каде неизоставно ја претставува македонската култура. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2001 година, а нејзините песни се застапувани во многу наши и светски антологии.

Од 2015 - та активно твори и на македонски и на италијански јазик.

The post Ирена Павлова Де Одорико ја доби награда „Стојан Христов” за најдобра поетска книга за дводомни поети на СВП appeared first on Република.

]]>

Авторката Ирена Павлова Де Одорико, којашто живее и твори во Италија,  е годинешниот добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга поезија од иселеник што ја доделува Агенцијата за иселеништво. Наградата е доделена со одлуката од жири-комисијата на „Струшките вечери на поезијата“, во состав Славе Ѓорго Димовски, Драгана Евтимова и Митко Гогов, а ѝ е доделена за поемата „Светец“.
Поемата „Светец“ е специфична за целокупното творештво на Де Одорико, бидејќи за првпат се одлучува да пишува преку машки фиктивен лик, така наречен Петкамен Петко, кој е создаден од страна на народот, лик-гласник што носи утеха за подобри времиња и предизвикува духовен интерес, хуманост, љубезност и ги учи луѓето на љубов и емпатија. (Претходите ликови во сите нејзини книги се познати женски ликови, како на пример Силвија Плат и други.). Името го добил токму од играта што се игра со пет камчиња и која многу сакал да ја игра и по која го добил прекарот: Петкамен Петко. Бидејќи потекнува од мало место, одлучува да шета низ светот, неговите откритија за човекот и светот длабоко го разочаруваат, но не се откажува од својата мисија. На тој начин, неговиот лик добива функција на месија, односно духовник и помошник на народот. Содржината на книгата совршено се вклопува со корицата на книгата, на која илустративно се откриваат почетните четири букви СВЕТ, а внатре во зборот СВЕТ се наоѓа зборот СВЕТЕЦ, човек што стои на бесилка, но на главата има ореол - рече Драгана Евтимова, дел од жири-комисијата.
Ирена Павлова Де Одорико е македонска писателка, поет, новинар, која моментално живее и работи во Италија, каде што неуморно ја претставува македонската култура и литература. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2001 година. Нејзините песни се застапени во многу македонски и светски антологии.
Ви се заблагодарувам на оваа престижна награда. „Светец“ или Петкамен Петко е секој од нас, оној што ќе ја изоди голготата и ќе воскресне по патот на една вистинска свесност. Петко е сиромашен, битник, неосвестен светец, глас на народот во мене, мноштвото, кое обратно, од индивидуализација,по Јунг,патува низ него, Кин комплетна самосвест, низ афрадануе, до светлината - изјави Де Одорико.
За време на доделувањето на наградата, директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, додели благодарница на „Струшки вечери на поезијата“ за 15-годишната соработка.

Денес ја добив престижната награда: Стојан Христов"за најдобра поетска книга за дводомни поети

За поемата : ,,Светец".

И' благодарам на комисијата: Драгана Ефтимова, Славе Ѓорѓо Димоски и Митко Гогов.

Им благодарам на ,,Струшки вечери на поезија" и Агенцијата на иселеништво

Благодарам Маједонијо и сакан народе мој .., соопшти на својот фејсбук профил, македонската поетеса,  Ирена Павлова Де Одорико.

Ирена Павлова Де Одорико е македонска писателка, поет, романописец и новинар. Дипломирала и магистрирала на Општа и компаративна книжевност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работела како новинар во повеќе соисанија и медии во сектор за култура, а со иста дејност се занимаваше и повеќе години во редакција за култура на телевизија Телма во Скопје. Во 2001 година е мегу десетте финалисти за Европа за наградата: „Рома- Тиволи- Европа“. Истата година учествува на Светскиот поетски фестивал, Венециското биенале,од каде е селектирана во светската поетска антологија под наслов: „Специјална едиција на Венециското биенале“. Ирена Павлова - Де Одорико живее и работи во Венеција, Италија, каде неизоставно ја претставува македонската култура. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2001 година, а нејзините песни се застапувани во многу наши и светски антологии. Од 2015 - та активно твори и на македонски и на италијански јазик.

The post Ирена Павлова Де Одорико ја доби награда „Стојан Христов” за најдобра поетска книга за дводомни поети на СВП appeared first on Република.

]]>
Пишувањето не е трка на 100 метри, ниту нејзиниот амбиент е гладијаторска арена https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pishuvanjeto-ne-e-trka-na-100-metri-nitu-nejziniot-ambient-e-gladijatorska-arena/ Mon, 30 May 2022 14:13:01 +0000 https://republika.mk/?p=508832

Ирена Павлова Де Одорико е македонска писателка, поет, романсиер, новинар...која живее и работи во Венеција, Италија каде постојано и неуморно ја претставува македонската култура.

Дипломирала и магистрирала на Општа и компаративна книжевност на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.  Тезата е своевиден манифест под наслов: „Помеѓу автобиографијата и фикцијата или патот од автобиографското до психобиографското врз примери од творештвото на Силвија Плат, Радмила Трифуновска, Евгенија Шуплинова и Даница Ручигај.

Работела како новинар во повеќе списанија и медиуми посветени на културата, а со иста дејност се занимаваше и повеќе години во редакција за култура на телевизија Телма во Скопје.

Во 2001 година е избрана меѓу десетте финалисти за Европа за наградата: „Рома- Тиволи- Европа“. Истата година учествува на Светскиот поетски фестивал, Венециското биенале од каде е селектирана во светската поетска антологија под наслов: „Специјална едиција на Венециското биенале“.

Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2001 година, а според оценките на книжевната критика, Павлова ја инаугурира радикалната апокрифна фабулизација во своите поеми.( акад.Гане Тодоровски).

Нејзините песни се застапувани во многу наши и светски антологии.

Од 2015 година активно твори и на македонски и на италијански јазик. Автор е на: Велзевул, поезија, 1999 година; Номад, поезија, 2000 година; Новата Ева, поема, 2001 година; Деколте, поезија, 2004 година; Од другата страна на животот, есеи за Силвија Плат, 2010 година; Новиот човек, проза, 2011; Антологија на заборавените македонски поетеси: Шуплинова, Ручигај, РадмилаТрифуновска, 2013 година; ,Пенелопа. нет, поезија, 2016 година); Пенелопа во Венеција, поезија,2016 година) Љубовта на Марија од Магдала, поема, 2017 година; Просветлени песни, поезија, 2018 година; Подстанарка, роман, 2019 година, овој роман е преведен на италијански јазик.

Неодамна излезе од печат Вашата најнова поема, чиј наслов е загатнат, но недооткриен на насловната страница. Кажете ни нешто повеќе за неа?

Како скоро никогаш досега,светот го живее принципот на вулгарно- профаното,сакралното е на продажба од видот: „Старо купувам“... Како да му припаѓа на некое далечно минато време. Но,постојат собитија,што како светулки светат во ноќта.Тие се трогателно невини и не знаат дека се свети,според својата зададеност. Еден од нив е ликот Петкамен Петко.Како дете,ја обожувал токму играта,според која го добил прекарот.Како што созрева,А бидејќи потекнува од мало место,се решава да го шета светот,кој за него е ребус... Од ден во ден,неговите откритија за човекот и светот длабоко го разочаруваат,но тој не попушта сред неговата мисија,која му ја задал светиот принцип: да ги радува и препородува луѓето со емпатија,хуманост,љубезност,насмевка. И не знаејќи,и моќниците и паднатите луѓе,ги учи на љубов. Петкамен Петко е еден вид помошник на долгоочекуван месија или духовник што ќе дојде,после овој Армагедон на секојдневието Како што му беше еден друг Петко помошник на Робинзон среде сета негова осама. Досега,во поемите,пишував апокрифно,тоа беа познати женски митолошки ликови. Ова е прв машки фиктивен лик,кој е изнедрен од народот,гласник на подобри времиња,утешител сред безнадежноста Фактот што насловната страница загатнува во однос на насловот,е обид да се предизвика духовен интерес преку интрига на визуелниот концепт. Преку играта „бесилка“ која сите сме ја играле,се откриени четири букви: Свет.Внатрe,во светот,се наоѓа Светец- от,кој и кога некој во приказната би го ставил на бесилка,не би успеал,зашто има ореол на главата ...

Извесен период живеете и творите во Италија. Какви се состојбите за еден уметник во оваа земја?

Земјата на Тицијан, Микеланџело, Леонардо, Караваџо, етц. сега ја живее декаденцијата на духовните сфери. Адвокатите,нотарите,политичарите, се сопственици на огромни империи,врви исто така од богати наследници, светнат, уште повеќе е и круната на корпоративниот капитализам. Уметниците, мислам на најавтентичните, се наследници на вангоговата судба, во помалку трагична варијанта Доколку на уметнички план, се случува нешто битно, комерцијализираниот дух, тоа го деформира. Ни преостанува и натаму да му се восхитуваме на наследството на големите мајстори среде скудноста на оригиналната мисла во епохата на плагијатите. Доколку ви е дадена дарба во комбинација со тврдоглавост,како карактерна особина,можете да ја раздвижите големата бара на творештвото. Мојата тврдоглавост се исплатеше со неколку промоции овде, на италијански јазик и две отворања на изложби во Венеција.

Ве погоди ли пандемијата во смисла на творење? Дали тоа затворање влијаеше на Вас?

Драга моја Невена, веќе еден подолг период пред пандемијата, се повлеков во своите „свети“ за да го продлабочам интрспективното.Тоа е она што овде го нарекуваат „духовно повлекување“ заради мир , создавање, продлабочување и познание.Така што, пандемијата, во таа смисла, кај мене не смени ништо, како ритуал на едно живеење. Поразително веќе нешто друго. Немоќта на човекот да го вози сопствениот брод во саканиот правец Наместо тоа, дојдоа Возачи што насилно го презедоа управувањето во правец на опасни, темни реки на душевната егзистенција. Среде толкава поединечна драма и трагедија, зборот и состојбата на ентузијазам, значеа бласфемија, отсуство на емпатија во комбинација со гнев, кој настапувал во подоцнежната фаза, кога човекот сфаќа дека животот кој ионака е руски рулет, сега е уште повеќе тоа, па се врти кон себе, за да изнедри суперменска, натчовечка сила Во таа внатрешна борба, има нешто добро значи будење има и нешто лошо: сознанието дека умниот човек може многу малку да ви смени дијаболичните светски текови, освен да чека да се случи чудо од божествена провениенција Таа е и надвор, и внатре- во нас Убедена сум, дека и треба повеќе време одошто на злото, но кога настапува, незапирлива е и супериорна Јас и тогаш бев воин со пенкало во раката,со молитва на усните и во срцето,како и будна чуварка на огништето, свесна за животната непредвидливост сред учење на мудроста дека се' треба да се прифати стоички,колку што е можно. Тогаш и многу плачев се чистев од лепенките на злото и од можноста на опаснавнатрешна експлозија. Потоа доаѓаа мигови на смеа, на хумор, како лековита состојба за крепосност на духот. Најмногу ме спасија чедата и стиховите.

На социјалните медиуми почнавте и со кампања на видео пораки во кои инетпретирате поезија од Ваши колеги. Од каде идејата за тоа и во која насока ќе продолжите?

Поетите треба да се читаат едни со други,наместо да се организираат во кланови. Доколку јас прочитам песна од мој колега или обратно, тоа значи дека ние сме едно големо семејство кое си разменува добри вибрации во поетскиот универзум. Кога како поет, интерпретирате некого, тоа значи дека влегувате во еден поинаков микрокосмос од Вашиот, и со тоа, го збогатувате и вашиот внатрешен, ментален, духовен, душевен хоризонт. Истовремено, посочувате на одредени вредности. Ги маркирате и создавате критериум на вредности, доколку и самите имате лиценца за тоа. Конечно, се чувствувате подобро и како човек, не само како творец. Не страхувате дека ќе ве ,,претрчаат,,..дека ќе ви го грабнат ,,факелот,,...и ќе ве претрчаат. Пишувањето не е трка на 100 метри, ниту нејзиниот амбиент е гладијаторска арена.

Досега објавувате свои дела и на италијански јазик. Дали најновата поема ќе има италијанско издание?

Психобиографскиот роман „Потстанарка“ доживеа и превод и успешна презентација пред италијанската публика во Болоња и Венеција. Доживеа убав успех и кај публиката и кај критиката. Беше во форма на перформанс со познати италијански актери. Се разбира, кормилото го управував со голема радост, бидејќи и во оваа земја сум еден вид патник, морнар, низ непознати води и предели. Во нивниот печат, беше нотирано, дека е прва промоција на книга на ниво на Европа, изведена билингвално. И на оваа сцена и сред еден таков повод, први изречени стихови беа оние на чудесниот Блаже Конески, од песната „Везилка“ во музичка придружба на мојот сопруг Марко Де Одорико и Ерос Ѕабео. „Потстанарка“ потсетува дека сите сме земски потстанари и како такви, треба го дадеме најдоброто од себе, за да загоспидариме со себе на платформата на љубовта и на едно ново очовечување. Задача, нималку лесна .

Вие ја претставувате македонската култура и литература во Италија. Постои ли интерес? Како реагира тамошната средина на македонските автори?

Во Италија нема многу писатели или уметници. Но, моето искуство покажа дека доколку не се маскирате како автор и доколку не го маскирате вашето творештво, можете да успеете, во смисла да го препознаат оригиналниот дар што им го носите и преку тоа, да го претставите духот на колективното творештво на земјата од која доаѓате. А за тоа, треба да ги „раскрвавите подноктиците“..додека се качувате токму како мачка на вжештениот покрив на уште еден освоен врв, внатрешен врв ....со сите чудесија и чудовишности, како Алиса во земјата на чудата.

The post Пишувањето не е трка на 100 метри, ниту нејзиниот амбиент е гладијаторска арена appeared first on Република.

]]>

Ирена Павлова Де Одорико е македонска писателка, поет, романсиер, новинар...која живее и работи во Венеција, Италија каде постојано и неуморно ја претставува македонската култура. Дипломирала и магистрирала на Општа и компаративна книжевност на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.  Тезата е своевиден манифест под наслов: „Помеѓу автобиографијата и фикцијата или патот од автобиографското до психобиографското врз примери од творештвото на Силвија Плат, Радмила Трифуновска, Евгенија Шуплинова и Даница Ручигај. Работела како новинар во повеќе списанија и медиуми посветени на културата, а со иста дејност се занимаваше и повеќе години во редакција за култура на телевизија Телма во Скопје. Во 2001 година е избрана меѓу десетте финалисти за Европа за наградата: „Рома- Тиволи- Европа“. Истата година учествува на Светскиот поетски фестивал, Венециското биенале од каде е селектирана во светската поетска антологија под наслов: „Специјална едиција на Венециското биенале“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2001 година, а според оценките на книжевната критика, Павлова ја инаугурира радикалната апокрифна фабулизација во своите поеми.( акад.Гане Тодоровски). Нејзините песни се застапувани во многу наши и светски антологии. Од 2015 година активно твори и на македонски и на италијански јазик. Автор е на: Велзевул, поезија, 1999 година; Номад, поезија, 2000 година; Новата Ева, поема, 2001 година; Деколте, поезија, 2004 година; Од другата страна на животот, есеи за Силвија Плат, 2010 година; Новиот човек, проза, 2011; Антологија на заборавените македонски поетеси: Шуплинова, Ручигај, РадмилаТрифуновска, 2013 година; ,Пенелопа. нет, поезија, 2016 година); Пенелопа во Венеција, поезија,2016 година) Љубовта на Марија од Магдала, поема, 2017 година; Просветлени песни, поезија, 2018 година; Подстанарка, роман, 2019 година, овој роман е преведен на италијански јазик. Неодамна излезе од печат Вашата најнова поема, чиј наслов е загатнат, но недооткриен на насловната страница. Кажете ни нешто повеќе за неа?