Ирена Паскали Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/irena-paskali/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jun 2024 11:35:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ирена Паскали Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/irena-paskali/ 32 32 Изложбата „Бесконечност” на Ирена Паскали во Музејот на Крива Паланка: Инсталациите се направени специјално само за местото каде што се изложува, вели авторката https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-beskonechnost-na-irena-paskali-vo-muzejot-na-kriva-palanka-instalatsiite-se-napraveni-spetsijalno-samo-za-mestoto-kade-shto-se-izlozhuva-veli-avtorkata/ Sun, 02 Jun 2024 11:27:44 +0000 https://republika.mk/?p=784064

Мултимедијална изложба со уникатна инсталација направена специјано за уметничката галерија во ЛУ Градски музеј Крива Паланка, дело на познатата уметница Ирена Паскали е претставена пред кривопаланчани кои беа освоени од интензитетот на различните изразни облици.

Изложбата насловена Inrfinity (Бесконечност) ја претстави Паскали како комплексен автор на визуелната уметност, совршено компонирајќи ги во целина инсталацијата во простор од целулоидни ленти и камен, видео, фотографија и цртеж.

„Кај Паскали постио постојано надоврзување на идејата, на мислата, на делувањето, на творечкиот и крративен процес. Се е поврзано и се развива во нова идеја и концепт, се е поврзано со линијата која постојано е во движење и е бесконечна”, истакна кураторот на изложбата Ѓорги Костовски, историчар на уметност од ЛУ Градски музеј Крива Паланка.

Паскали предизвика интерес кај публиката пренесувајќи го своето искуство од престојот и создавањето дела во Того, Африка, кои беа претставени на изложбата, како и со нејзиниот концепт за уништување на инсталациите по завршувањето на изложбите.

„Инсталациите се напрвени само за тој објект , значи специјално само за местото каде што се изложува. Кога ќе заврши изложбата јас не можам да ја пренесам во некој друг музеј, во некоја друга галерија, значи инсталацијата мора да се уништи. Тоа е во смисла како Кристо ги создава делата и на крајот мора да се уништат”, појаснува Паскали.

Мултимедијалната и наградувана уметница која веќе 10 години живее и твори во Келн, Германија, за првпат се претставува пред кривопаланечката публика.

„ Голема чест ми е што изложувам пред публиката во Крива Паланка. За мене секогаш публиката е многу ценета и не игра никаква улога дали сум во мал или голем град, за мене е битно таа да ужива во изложбата, да пробуди интерес и да комуницира со авторот, а токму тоа го доживувам во Крива Паланка” истакна Паскали.

Изложбата „Бесконечност” е поддржана од Министерството за култура и е дел од програмата на „Крива Паланка-Град на културата 2024″.

The post Изложбата „Бесконечност” на Ирена Паскали во Музејот на Крива Паланка: Инсталациите се направени специјално само за местото каде што се изложува, вели авторката appeared first on Република.

]]>

Мултимедијална изложба со уникатна инсталација направена специјано за уметничката галерија во ЛУ Градски музеј Крива Паланка, дело на познатата уметница Ирена Паскали е претставена пред кривопаланчани кои беа освоени од интензитетот на различните изразни облици. Изложбата насловена Inrfinity (Бесконечност) ја претстави Паскали како комплексен автор на визуелната уметност, совршено компонирајќи ги во целина инсталацијата во простор од целулоидни ленти и камен, видео, фотографија и цртеж. „Кај Паскали постио постојано надоврзување на идејата, на мислата, на делувањето, на творечкиот и крративен процес. Се е поврзано и се развива во нова идеја и концепт, се е поврзано со линијата која постојано е во движење и е бесконечна”, истакна кураторот на изложбата Ѓорги Костовски, историчар на уметност од ЛУ Градски музеј Крива Паланка. Паскали предизвика интерес кај публиката пренесувајќи го своето искуство од престојот и создавањето дела во Того, Африка, кои беа претставени на изложбата, како и со нејзиниот концепт за уништување на инсталациите по завршувањето на изложбите. „Инсталациите се напрвени само за тој објект , значи специјално само за местото каде што се изложува. Кога ќе заврши изложбата јас не можам да ја пренесам во некој друг музеј, во некоја друга галерија, значи инсталацијата мора да се уништи. Тоа е во смисла како Кристо ги создава делата и на крајот мора да се уништат”, појаснува Паскали. Мултимедијалната и наградувана уметница која веќе 10 години живее и твори во Келн, Германија, за првпат се претставува пред кривопаланечката публика. „ Голема чест ми е што изложувам пред публиката во Крива Паланка. За мене секогаш публиката е многу ценета и не игра никаква улога дали сум во мал или голем град, за мене е битно таа да ужива во изложбата, да пробуди интерес и да комуницира со авторот, а токму тоа го доживувам во Крива Паланка” истакна Паскали. Изложбата „Бесконечност” е поддржана од Министерството за култура и е дел од програмата на „Крива Паланка-Град на културата 2024″.

The post Изложбата „Бесконечност” на Ирена Паскали во Музејот на Крива Паланка: Инсталациите се направени специјално само за местото каде што се изложува, вели авторката appeared first on Република.

]]>
Во галеријата на Градски музеј Крива Паланка вечерва се отвора изложбата „ Infinitiy/Бесконечност“ на светски познатата уметница Ирена Паскали https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-galerijata-na-gradski-muzej-kriva-palanka-vecherva-se-otvora-izlozhbata-infinitiy-beskonechnost-na-svetski-poznatata-umetnitsa-irena-paskali/ Thu, 30 May 2024 08:48:39 +0000 https://republika.mk/?p=783070

Во галеријата на ЛУ Градски музеј Крива Паланка, вечерва (30 мај) , со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „ Infinitiy/Бесконечност“ на светски познатата уметница Ирена Паскали.

Изложата претставува мултимдијален проект кој комбинира инсталација во простор од целулоидни ленти и камен, видео , фотографија и цртеж.

Според авторката, целулоидот е носител на идеологии, агитација, информации, но и филмска уметност, а пренесувањето на оваа содржина ги одредува патиштата на идентификација, културен идентитет и чувство на заедништво. Просторната инсталација има за цел да покаже дека носачот на информации –целулоидот, ги содржи актуелните подвижни слики од вестите, културните програми и кината.

„Инсталациите кои ги создавам со целулоид се привремени, тие се реализирани за самата локација каде се поставуваат, се документираат, а по изложбата се уништуваат“, истакнува Паскали.

Ирена Паскали дипломира на ФЛУ во Скопје , а магистрира во Келн, Германија, каде живее и работи од 2004 година. Таа е уметница од светски ранг , која континуирано е присутна во сферата на визуелната уметност, секогаш претставувајќи се со инсталации, интервенции во простор, со комбинирани медиуми и материјали, цртеж, фотографија, звук и видео.

Изложбата е дел од манифестацијата „ Крива Паланка – Град на културата 2024“.

The post Во галеријата на Градски музеј Крива Паланка вечерва се отвора изложбата „ Infinitiy/Бесконечност“ на светски познатата уметница Ирена Паскали appeared first on Република.

]]>

Во галеријата на ЛУ Градски музеј Крива Паланка, вечерва (30 мај) , со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „ Infinitiy/Бесконечност“ на светски познатата уметница Ирена Паскали. Изложата претставува мултимдијален проект кој комбинира инсталација во простор од целулоидни ленти и камен, видео , фотографија и цртеж. Според авторката, целулоидот е носител на идеологии, агитација, информации, но и филмска уметност, а пренесувањето на оваа содржина ги одредува патиштата на идентификација, културен идентитет и чувство на заедништво. Просторната инсталација има за цел да покаже дека носачот на информации –целулоидот, ги содржи актуелните подвижни слики од вестите, културните програми и кината. „Инсталациите кои ги создавам со целулоид се привремени, тие се реализирани за самата локација каде се поставуваат, се документираат, а по изложбата се уништуваат“, истакнува Паскали. Ирена Паскали дипломира на ФЛУ во Скопје , а магистрира во Келн, Германија, каде живее и работи од 2004 година. Таа е уметница од светски ранг , која континуирано е присутна во сферата на визуелната уметност, секогаш претставувајќи се со инсталации, интервенции во простор, со комбинирани медиуми и материјали, цртеж, фотографија, звук и видео. Изложбата е дел од манифестацијата „ Крива Паланка – Град на културата 2024“.

The post Во галеријата на Градски музеј Крива Паланка вечерва се отвора изложбата „ Infinitiy/Бесконечност“ на светски познатата уметница Ирена Паскали appeared first on Република.

]]>
Во Скопје отворена изложба на Ирена Паскали https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-skopje-otvorena-izlozba-na-irena-paskali/ Wed, 05 Oct 2022 21:07:08 +0000 https://republika.mk/?p=557725

Во Домот на култура „Кочо Рацин“ во салонот „КО-РА“ во Скопје отворена е изложбата – мултимедијална инсталација насловена „Moving images in stormy times“ на уметницата Ирена Паскали, која живее и твори во Келн, Германија.

Изложбата ја отвори Виолета Калиќ, историчар на уметноста и стручен соработник за визуелни уметности во Дом на култура „Кочо Рацин“.

Ирена Паскали е впечатливо позната веќе со својот израз и е присутна во сферата на визуелната уметност со голем број проекти, најчесто од ангажиран карактер, кои ги реализира со примена на најнеочекувани материјали во компилација со современата актуелна дигитална теника, како во галериски простори, во големите урбани центри, така и во најразлични алтернативни простори, каде се претставува со препознатлив, често провокативен и концептуален израз, со бројни инсталации, просторни интервенции, перформанси и други мултимедијални проекти - истакна Калиќ на отворањето на изложбата.

Според Калиќ, темата на оваа изложба е посочување на контроверзноста на денешницата, која со секавична брзина се одвива соочена со бројни парадокси, а секвенците се интерпретирани на најразнороден начин во релација со индивидуалната перцепција на поединецот или групата.

Акцентот е токму на тој релативитет на перцепцијата и интрепретацијата на нештата кои се во релација со севкупниот индивидуалитет на секоја единка одделно, па побудуваат разнородни алузии, асоцијации, во доживувањето на секој сегмент одделно, како и симболите со кои комуницираат сите цивилизации во генезата, а добиваат и восприемуваат често разнородна конотација во интерпретацијата, примената и употребата. Всушност секоја единка е сублимат на она што го мисли, чувствува, посакува, кон што стреми, како и на сето генетски и културолошко наследство кое го има напластено во својот код, а енергијата која го еманира не дефинира како уникатни суштества - додаде Калиќ.

The post Во Скопје отворена изложба на Ирена Паскали appeared first on Република.

]]>

Во Домот на култура „Кочо Рацин“ во салонот „КО-РА“ во Скопје отворена е изложбата – мултимедијална инсталација насловена „Moving images in stormy times“ на уметницата Ирена Паскали, која живее и твори во Келн, Германија. Изложбата ја отвори Виолета Калиќ, историчар на уметноста и стручен соработник за визуелни уметности во Дом на култура „Кочо Рацин“.
Ирена Паскали е впечатливо позната веќе со својот израз и е присутна во сферата на визуелната уметност со голем број проекти, најчесто од ангажиран карактер, кои ги реализира со примена на најнеочекувани материјали во компилација со современата актуелна дигитална теника, како во галериски простори, во големите урбани центри, така и во најразлични алтернативни простори, каде се претставува со препознатлив, често провокативен и концептуален израз, со бројни инсталации, просторни интервенции, перформанси и други мултимедијални проекти - истакна Калиќ на отворањето на изложбата.
Според Калиќ, темата на оваа изложба е посочување на контроверзноста на денешницата, која со секавична брзина се одвива соочена со бројни парадокси, а секвенците се интерпретирани на најразнороден начин во релација со индивидуалната перцепција на поединецот или групата.
Акцентот е токму на тој релативитет на перцепцијата и интрепретацијата на нештата кои се во релација со севкупниот индивидуалитет на секоја единка одделно, па побудуваат разнородни алузии, асоцијации, во доживувањето на секој сегмент одделно, како и симболите со кои комуницираат сите цивилизации во генезата, а добиваат и восприемуваат често разнородна конотација во интерпретацијата, примената и употребата. Всушност секоја единка е сублимат на она што го мисли, чувствува, посакува, кон што стреми, како и на сето генетски и културолошко наследство кое го има напластено во својот код, а енергијата која го еманира не дефинира како уникатни суштества - додаде Калиќ.

The post Во Скопје отворена изложба на Ирена Паскали appeared first on Република.

]]>
Изложба на Ирена Паскали во Галерија „КО-РА“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-na-irena-paskali-vo-galerija-ko-ra/ Tue, 04 Oct 2022 08:07:45 +0000 https://republika.mk/?p=557118

Изложбата насловена „Moving Imagers in stormy Times“ од македонската уметница Ирена Паскали која живее и работи во Келн (Германија) ќе биде отворена вечер во 19 часот во големата сала на Галеријата „КО-РА“ при Ј.У. Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје.

Ирена Паскали е родена во Охрид, 1969 година. Дипломира на Ликовна академија во Скопје, ФЛУ. Магистрирала на Академијата за медијални уметности во Келн, Германија (Academy of Media Arts Colon, Germany, Германија).

Паскали има реализирано бројни самостојни изложби и учество во бројни групни изложби од интернационален карактер. Добитник е на интернационални резиденции, стипендии, награди. Работи во повеќе медиуми, видео, фотографија, инсталација, цртеж.

Проектот е поддржан од Град Скопје.

 

The post Изложба на Ирена Паскали во Галерија „КО-РА“ appeared first on Република.

]]>

Изложбата насловена „Moving Imagers in stormy Times“ од македонската уметница Ирена Паскали која живее и работи во Келн (Германија) ќе биде отворена вечер во 19 часот во големата сала на Галеријата „КО-РА“ при Ј.У. Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје. Ирена Паскали е родена во Охрид, 1969 година. Дипломира на Ликовна академија во Скопје, ФЛУ. Магистрирала на Академијата за медијални уметности во Келн, Германија (Academy of Media Arts Colon, Germany, Германија). Паскали има реализирано бројни самостојни изложби и учество во бројни групни изложби од интернационален карактер. Добитник е на интернационални резиденции, стипендии, награди. Работи во повеќе медиуми, видео, фотографија, инсталација, цртеж. Проектот е поддржан од Град Скопје.  

The post Изложба на Ирена Паскали во Галерија „КО-РА“ appeared first on Република.

]]>