Иранец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/iranec/ За подобро да се разбереме Sun, 13 Nov 2022 19:29:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Иранец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/iranec/ 32 32 За учество во протести и статус на Инстаграм: Иран го осуди на смрт својот најдобар фудбалер во историјата https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/za-uchestvo-vo-protesti-i-status-na-instagram-iran-go-osudi-na-smrt-svojot-najdobar-fudbaler-vo-istorijata/ Sun, 13 Nov 2022 19:29:22 +0000 https://republika.mk/?p=573365

Поранешниот ирански репрезентативец Али Даеи, кој едно време играше и за баварскиот гигант Баерн Минхен, е осуден на смрт, објави Азербејџан Репорт.

Весникот тврди дека Даеи бил осуден на смрт поради учество во протести за смртта на Махса Амини, 22-годишна Курдка која била уапсена откако наводно го прекршила кодексот на облекување во земјата. Нејзината смрт беше објавена на 16 септември.

Релевантните светски медиуми не ја пренесоа веста дека Даеи е осуден на смрт, а раководството на иранската држава не ја коментираше оваа информација.

Даеи (53) е поранешен капитен и најдобар стрелец во историјата на иранската фудбалска репрезентација.

На крајот на септември тој ја повика иранската влада „да ги реши проблемите на иранскиот народ наместо да користи репресија, насилство и апсења“.

На Даеи му е одземен пасошот поради тоа што го напишал на Инстаграм – објави реформистичкиот весник Хамихан.

Тоа што му се случи на Али е за жалење. Али го даде целиот свој живот за да го подигне иранското знаме, ја сака својата земја и нејзиниот народ и секогаш ја зборува вистината – изјави неговиот брат Мухамед.

Даеи беше еден од првите ирански играчи што се натпреваруваше во европските лиги, играјќи за германските клубови Арминија, Баерн Минхен и Херта Берлин. Во репрезентацијата на Иран одигра 149 натпревари и постигна рекордни 109 голови.

The post За учество во протести и статус на Инстаграм: Иран го осуди на смрт својот најдобар фудбалер во историјата appeared first on Република.

]]>

Поранешниот ирански репрезентативец Али Даеи, кој едно време играше и за баварскиот гигант Баерн Минхен, е осуден на смрт, објави Азербејџан Репорт. Весникот тврди дека Даеи бил осуден на смрт поради учество во протести за смртта на Махса Амини, 22-годишна Курдка која била уапсена откако наводно го прекршила кодексот на облекување во земјата. Нејзината смрт беше објавена на 16 септември. Релевантните светски медиуми не ја пренесоа веста дека Даеи е осуден на смрт, а раководството на иранската држава не ја коментираше оваа информација. Даеи (53) е поранешен капитен и најдобар стрелец во историјата на иранската фудбалска репрезентација. На крајот на септември тој ја повика иранската влада „да ги реши проблемите на иранскиот народ наместо да користи репресија, насилство и апсења“.
На Даеи му е одземен пасошот поради тоа што го напишал на Инстаграм – објави реформистичкиот весник Хамихан. Тоа што му се случи на Али е за жалење. Али го даде целиот свој живот за да го подигне иранското знаме, ја сака својата земја и нејзиниот народ и секогаш ја зборува вистината – изјави неговиот брат Мухамед.
Даеи беше еден од првите ирански играчи што се натпреваруваше во европските лиги, играјќи за германските клубови Арминија, Баерн Минхен и Херта Берлин. Во репрезентацијата на Иран одигра 149 натпревари и постигна рекордни 109 голови.

The post За учество во протести и статус на Инстаграм: Иран го осуди на смрт својот најдобар фудбалер во историјата appeared first on Република.

]]>
Иранец тешко повреден додека работел во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/iranec-teshko-povreden-dodeka-rabotel-vo-makedonija/ Sat, 13 Aug 2022 19:28:47 +0000 https://republika.mk/?p=540026

На 12.08.2022 во 16.15 часот во СВР Штип е пријавено дека во Итната медицинска помош Пехчево бил донесен повреден Б.М. од Иран.

-Според пријавеното, тој околу 15.30 часот, додека извршувал работни задачи како вработен во фирма, паднал и се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Клиничката болница Штип, информира МВР.

Полициски службеници излегле на местото на настанот.

The post Иранец тешко повреден додека работел во Македонија appeared first on Република.

]]>

На 12.08.2022 во 16.15 часот во СВР Штип е пријавено дека во Итната медицинска помош Пехчево бил донесен повреден Б.М. од Иран. -Според пријавеното, тој околу 15.30 часот, додека извршувал работни задачи како вработен во фирма, паднал и се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Клиничката болница Штип, информира МВР. Полициски службеници излегле на местото на настанот.

The post Иранец тешко повреден додека работел во Македонија appeared first on Република.

]]>