иран Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/iran/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 17:04:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png иран Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/iran/ 32 32 Иранскиот министер за надворешни: Иран има право да одговори на израелските удари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iranskiot-minister-za-nadvoreshni-iran-ima-pravo-da-odgovori-na-izraelskite-udari/ Wed, 27 Nov 2024 21:44:39 +0000 https://republika.mk/?p=842449

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, порача дека Техеран го задржува правото да одговори на минатомесечните ираелски воздушни напади врз Иран, но ги зема предвид и другите случувања во регионот, како што е договорот за прекин на огнот во Либан.

Арагчи во Лисабон изјави дека Иран го поздравува договорот и се надева дека ќе доведе до траен прекин на огнот.

Израел нанесе удари на цели во Иран на 26 октомври.

The post Иранскиот министер за надворешни: Иран има право да одговори на израелските удари appeared first on Република.

]]>

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, порача дека Техеран го задржува правото да одговори на минатомесечните ираелски воздушни напади врз Иран, но ги зема предвид и другите случувања во регионот, како што е договорот за прекин на огнот во Либан. Арагчи во Лисабон изјави дека Иран го поздравува договорот и се надева дека ќе доведе до траен прекин на огнот. Израел нанесе удари на цели во Иран на 26 октомври.

The post Иранскиот министер за надворешни: Иран има право да одговори на израелските удари appeared first on Република.

]]>
Иран го повикува папата Франциск да посредува за мир на Блискиот Исток https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iran-go-povikuva-papata-frantsisk-da-posreduva-za-mir-na-bliskiot-istok/ Wed, 20 Nov 2024 16:30:48 +0000 https://republika.mk/?p=840030

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан го повика папата Франциск да го искористи своето влијание врз христијанските влади за запирање на војната на Блискиот Исток.

- Охрабрете ги светските лидери, особено христијанските влади, да го спречат продолжувањето на агресијата што ја спроведува криминалниот израелски режим, порача Пезешкијан во пораката пренесена од иранската агенција „Фарс њуз“.

Техеран и Ватикан имаат официјални дипломатски односи од 1954 година. Во 2022 година, иранскиот врховен лидер ајатолах Али Хаменеи му испрати порака на папата Франциск, во која ја поздрави неговата заложба за зајакнување на односите меѓу исламот и христијанството.

Минатата недела папата Франциско ја повика светската заедница да истражи дали израелската воена кампања во Газа претставува геноцид врз палестинскиот народ, што е една од најсилните критики за акциите на Израел во конфликтот кој трае веќе една година.

Израел ги отфрли обвинувањата за геноцид, наведувајќи дека цел на неговите операции се поддржаните од Иран групи „Хамас“ и други вооружени организации. Пезешкијан додаде дека Техеран е подготвен конструктивно да соработува со Ватикан за промовирање на мирот и правдата во светот.

Папата Франциск вообичаено се залага за деескалација на конфликтите, но неодамна ја зајакна критиката за однесувањето на Израел во војната со Хамас.

The post Иран го повикува папата Франциск да посредува за мир на Блискиот Исток appeared first on Република.

]]>

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан го повика папата Франциск да го искористи своето влијание врз христијанските влади за запирање на војната на Блискиот Исток. - Охрабрете ги светските лидери, особено христијанските влади, да го спречат продолжувањето на агресијата што ја спроведува криминалниот израелски режим, порача Пезешкијан во пораката пренесена од иранската агенција „Фарс њуз“. Техеран и Ватикан имаат официјални дипломатски односи од 1954 година. Во 2022 година, иранскиот врховен лидер ајатолах Али Хаменеи му испрати порака на папата Франциск, во која ја поздрави неговата заложба за зајакнување на односите меѓу исламот и христијанството. Минатата недела папата Франциско ја повика светската заедница да истражи дали израелската воена кампања во Газа претставува геноцид врз палестинскиот народ, што е една од најсилните критики за акциите на Израел во конфликтот кој трае веќе една година. Израел ги отфрли обвинувањата за геноцид, наведувајќи дека цел на неговите операции се поддржаните од Иран групи „Хамас“ и други вооружени организации. Пезешкијан додаде дека Техеран е подготвен конструктивно да соработува со Ватикан за промовирање на мирот и правдата во светот. Папата Франциск вообичаено се залага за деескалација на конфликтите, но неодамна ја зајакна критиката за однесувањето на Израел во војната со Хамас.

The post Иран го повикува папата Франциск да посредува за мир на Блискиот Исток appeared first on Република.

]]>
Иранскиот шеф на дипломатијата најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iranskiot-shef-na-diplomatijata-najavi-mozhnost-za-pochetok-na-pregovori-megu-iran-i-evropa/ Sun, 17 Nov 2024 10:05:02 +0000 https://republika.mk/?p=838759

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, најави можност за почеток на преговорите меѓу Техеран и Европа, пренесуваат иранските медиуми.

Постои интерес на европските земји за почеток на преговорите и веројатно ќе се случи тоа, рече тој.

Аракчи, исто така, ги негираше тврдењата дека иранскиот амбасадор во Обединетите нации имал средба со извршниот директор на „X“, Илон Маск во Њујорк.

Весникот „Њујорк тајмс“ вчера објави дека Маск во понеделникот наводно имал средба со иранскиот амбасадор во ОН.

The post Иранскиот шеф на дипломатијата најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа appeared first on Република.

]]>

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, најави можност за почеток на преговорите меѓу Техеран и Европа, пренесуваат иранските медиуми.
Постои интерес на европските земји за почеток на преговорите и веројатно ќе се случи тоа, рече тој.
Аракчи, исто така, ги негираше тврдењата дека иранскиот амбасадор во Обединетите нации имал средба со извршниот директор на „X“, Илон Маск во Њујорк. Весникот „Њујорк тајмс“ вчера објави дека Маск во понеделникот наводно имал средба со иранскиот амбасадор во ОН.

The post Иранскиот шеф на дипломатијата најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа appeared first on Република.

]]>
Генералниот директор на Aгенцијата за атомска енергија посети две нуклеарни објекта во Иран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/generalniot-direktor-na-agentsijata-za-atomska-energija-poseti-dve-nuklearni-objekta-vo-iran/ Fri, 15 Nov 2024 20:50:22 +0000 https://republika.mk/?p=838295

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, кој вчера пристигна во посета на Иран, денеска посетил две нуклеарни локации во Исламската Република, пренесе Ројтерс.

Гроси е во посета на Иран во момент кога се очекува Европа да изврши дипломатски притисок врз нуклеарните активности на Техеран пред инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи вчера му рече на Гроси дека Техеран сака да ги реши споровите околу иранската нуклеарна програма, но нагласи дека нема да потклекне пред притисокот.

Гроси ја посети фабриката за збогатување ураниум во Натанз, како и подземниот објект Фордо, која е закопан во планина и се наоѓа на околу 100 километри јужно од Техеран, објавија денеска иранските државни медиуми, без да наведат дополнителни детали.

Односите меѓу Иран и МААЕ се заострија поради неколку проблеми, кои постојат одамна, вклучувајќи го и одбивањето на Техеран да дозволи присуство на своја територија на експерти на МААЕ.

The post Генералниот директор на Aгенцијата за атомска енергија посети две нуклеарни објекта во Иран appeared first on Република.

]]>

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, кој вчера пристигна во посета на Иран, денеска посетил две нуклеарни локации во Исламската Република, пренесе Ројтерс. Гроси е во посета на Иран во момент кога се очекува Европа да изврши дипломатски притисок врз нуклеарните активности на Техеран пред инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи вчера му рече на Гроси дека Техеран сака да ги реши споровите околу иранската нуклеарна програма, но нагласи дека нема да потклекне пред притисокот. Гроси ја посети фабриката за збогатување ураниум во Натанз, како и подземниот објект Фордо, која е закопан во планина и се наоѓа на околу 100 километри јужно од Техеран, објавија денеска иранските државни медиуми, без да наведат дополнителни детали. Односите меѓу Иран и МААЕ се заострија поради неколку проблеми, кои постојат одамна, вклучувајќи го и одбивањето на Техеран да дозволи присуство на своја територија на експерти на МААЕ.

The post Генералниот директор на Aгенцијата за атомска енергија посети две нуклеарни објекта во Иран appeared first on Република.

]]>
Иран го повика Трамп да ја преиспита политиката на „максимален притисок“ кон Техеран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iran-go-povika-tramp-da-ja-preispita-politikata-na-maksimalen-pritisok-kon-teheran/ Sat, 09 Nov 2024 16:38:09 +0000 https://republika.mk/?p=835915

Иран го повика новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја преиспита политиката на „максимален притисок“ што ја спроведуваше против Техеран за време на неговиот прв мандат, изјави денеска иранскиот потпретседател за стратешки прашања Мохамед Џавад Зариф.

- Мора да сфати дека политиката на максимален притисок што тој ја иницира доведе до збогатувањето ураниум за нуклеарна бомба на Иран да достигне 60 отсто од 3,5 отсто, рече тој.

Зариф истакна дека Трамп треба да ги погледне и предностите и недостатоците на оваа политика, како и дали сака „да ја продолжи или промени оваа штетна политика“.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багај, во четвртокот изјави дека се надева дека враќањето на новоизбраниот претседател во Белата куќа ќе му овозможи на Вашингтон да ги „ревидира погрешните пристапи од минатото“.

Претходно денеска Багај изјави и дека тврдењата дека Иран планирал да го убие новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се неосновани, наведувајќи дека тоа е заговор чија цел е да ги усложни прашањата меѓу Техеран и Вашингтон.

За време на неговиот прв мандат, Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор на Вашингтон и Техеран од 2015 година и нареди убиство на командантот на Иранската револуционерна гарда Касем Сулејмани во Багдад во јануари 2020 година.

The post Иран го повика Трамп да ја преиспита политиката на „максимален притисок“ кон Техеран appeared first on Република.

]]>

Иран го повика новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја преиспита политиката на „максимален притисок“ што ја спроведуваше против Техеран за време на неговиот прв мандат, изјави денеска иранскиот потпретседател за стратешки прашања Мохамед Џавад Зариф.
- Мора да сфати дека политиката на максимален притисок што тој ја иницира доведе до збогатувањето ураниум за нуклеарна бомба на Иран да достигне 60 отсто од 3,5 отсто, рече тој.
Зариф истакна дека Трамп треба да ги погледне и предностите и недостатоците на оваа политика, како и дали сака „да ја продолжи или промени оваа штетна политика“. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багај, во четвртокот изјави дека се надева дека враќањето на новоизбраниот претседател во Белата куќа ќе му овозможи на Вашингтон да ги „ревидира погрешните пристапи од минатото“. Претходно денеска Багај изјави и дека тврдењата дека Иран планирал да го убие новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се неосновани, наведувајќи дека тоа е заговор чија цел е да ги усложни прашањата меѓу Техеран и Вашингтон. За време на неговиот прв мандат, Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор на Вашингтон и Техеран од 2015 година и нареди убиство на командантот на Иранската револуционерна гарда Касем Сулејмани во Багдад во јануари 2020 година.

The post Иран го повика Трамп да ја преиспита политиката на „максимален притисок“ кон Техеран appeared first on Република.

]]>
Ајатолахот Хамнеи наложил Иран воено да одговори на израелскиот напад на иранска територија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ajatolahot-hamnei-nalozhil-iran-voeno-da-odgovori-na-izraelskiot-napad-na-iranska-teritorija/ Fri, 01 Nov 2024 20:17:44 +0000 https://republika.mk/?p=833266

Тројца ирански претставници, запознаени со военото планирање на земјата, изјавиле дека иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, му наложил на Врховниот совет за национална безбедност да се подготви за напад врз Израел.

Како што објави „Њујорк тајмс“, Хамнеи, наводно рекол дека штетата и жртвите од израелскиот напад се премногу големи за да се игнорираат и дека недостатокот на одговор ќе се толкува како признавање на поразот.

Иран ќе одговори против Израел на начин што е незамислив. Израелците не го заборавија ракетниот напад на 1 октомври, но веруваат дека неколку лансирања на ракети ќе го променат текот на историјата. Направија грешка и ќе бидат казнети за тоа“, изјавил командант на Иранската револуционерна гарда.

Исто така, објавено е дека високи ирански воени функционери веќе подготвиле список со десетици воени цели што треба да бидат нападнати во Израел.

Сепак, нападот најверојатно ќе дојде по изборите во САД, бидејќи Иран стравува дека таков напад пред изборите може да ги подобри шансите на Трамп за победа.

Истовремено, израелски извори тврдат дека Иран планира да изврши напад врз Израел од ирачка територија во наредните денови. Според нив, нападот ќе биде изведен со употреба на стотици дронови и балистички ракети.

Според нивни извори, Иран сака да изврши напад преку проирански милиции во Ирак за да не предизвика нов израелски напад на иранска територија.

The post Ајатолахот Хамнеи наложил Иран воено да одговори на израелскиот напад на иранска територија appeared first on Република.

]]>

Тројца ирански претставници, запознаени со военото планирање на земјата, изјавиле дека иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, му наложил на Врховниот совет за национална безбедност да се подготви за напад врз Израел. Како што објави „Њујорк тајмс“, Хамнеи, наводно рекол дека штетата и жртвите од израелскиот напад се премногу големи за да се игнорираат и дека недостатокот на одговор ќе се толкува како признавање на поразот.
Иран ќе одговори против Израел на начин што е незамислив. Израелците не го заборавија ракетниот напад на 1 октомври, но веруваат дека неколку лансирања на ракети ќе го променат текот на историјата. Направија грешка и ќе бидат казнети за тоа“, изјавил командант на Иранската револуционерна гарда.
Исто така, објавено е дека високи ирански воени функционери веќе подготвиле список со десетици воени цели што треба да бидат нападнати во Израел. Сепак, нападот најверојатно ќе дојде по изборите во САД, бидејќи Иран стравува дека таков напад пред изборите може да ги подобри шансите на Трамп за победа. Истовремено, израелски извори тврдат дека Иран планира да изврши напад врз Израел од ирачка територија во наредните денови. Според нив, нападот ќе биде изведен со употреба на стотици дронови и балистички ракети. Според нивни извори, Иран сака да изврши напад преку проирански милиции во Ирак за да не предизвика нов израелски напад на иранска територија.

The post Ајатолахот Хамнеи наложил Иран воено да одговори на израелскиот напад на иранска територија appeared first on Република.

]]>
Сателитски снимки: Еве што погоди Израел во Иран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/satelitski-snimki-eve-shto-pogodi-izrael-vo-iran/ Tue, 29 Oct 2024 07:25:21 +0000 https://republika.mk/?p=831894

Објавени се сателитски снимки кои наводно покажуваат што погодил Израел за време на неговиот напад врз Иран.

Израелскиот воздушен напад во саботата погодил зграда која била дел од непостоечката програма за развој на нуклеарно оружје на Иран, а биле погодени и објекти што се користат за мешање на цврсто гориво за проектили.

Израел го погоди и Коџир, голем капацитет за производство на ракети во близина на Техеран.

 

The post Сателитски снимки: Еве што погоди Израел во Иран appeared first on Република.

]]>

Објавени се сателитски снимки кои наводно покажуваат што погодил Израел за време на неговиот напад врз Иран. Израелскиот воздушен напад во саботата погодил зграда која била дел од непостоечката програма за развој на нуклеарно оружје на Иран, а биле погодени и објекти што се користат за мешање на цврсто гориво за проектили. Израел го погоди и Коџир, голем капацитет за производство на ракети во близина на Техеран.  

The post Сателитски снимки: Еве што погоди Израел во Иран appeared first on Република.

]]>
Иран побара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради нападот на Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iran-pobara-itna-sednitsa-na-sovetot-za-bezbednost-na-on-poradi-napadot-na-izrael/ Sun, 27 Oct 2024 08:09:17 +0000 https://republika.mk/?p=831342

Техеран синоќа побара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради завчерашниот напад на Израел врз Иран, соопшти иранската мисија во Обединетите нации.

„Исламската Република Иран бара од претседателот на Советот за безбедност да свика итен состанок за да разговара за ова сериозно прекршување и незаконски дејствија и да го изведе овој криминален режим пред лицето на правдата“, се вели во писмото на постојаниот претставник на Иран во ОН, Амир Саид Иравани.

Тој го упати писмото до актуелниот претседател на Советот за безбедност на ОН, швајцарскиот претставник Паскал Кристин Берсвил и генералниот секретар Антонио Гутереш.

За време на израелскиот напад врз Иран, кој траеше пет часа, гаѓани биле 20 цели во таа земја, а загинаа четворица војници.

Серија експлозии се слушнале во околината на Техеран веднаш откако израелската војска објави дека се водат напади врз воени цели во Иран како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 1 октомври.

The post Иран побара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради нападот на Израел appeared first on Република.

]]>

Техеран синоќа побара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради завчерашниот напад на Израел врз Иран, соопшти иранската мисија во Обединетите нации.
„Исламската Република Иран бара од претседателот на Советот за безбедност да свика итен состанок за да разговара за ова сериозно прекршување и незаконски дејствија и да го изведе овој криминален режим пред лицето на правдата“, се вели во писмото на постојаниот претставник на Иран во ОН, Амир Саид Иравани.
Тој го упати писмото до актуелниот претседател на Советот за безбедност на ОН, швајцарскиот претставник Паскал Кристин Берсвил и генералниот секретар Антонио Гутереш. За време на израелскиот напад врз Иран, кој траеше пет часа, гаѓани биле 20 цели во таа земја, а загинаа четворица војници. Серија експлозии се слушнале во околината на Техеран веднаш откако израелската војска објави дека се водат напади врз воени цели во Иран како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 1 октомври.

The post Иран побара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради нападот на Израел appeared first on Република.

]]>
ЕУ повика на „најголема воздржаност“ по нападот на Израел врз Иран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-povika-na-najgolema-vozdrzhanost-po-napadot-na-izrael-vrz-iran/ Sat, 26 Oct 2024 16:47:42 +0000 https://republika.mk/?p=831301

Европската унија денеска ги повика сите инволвирани страни да покажат „најголема воздржаност“ за да се избегне „неконтролирана ескалација“ на конфликтот на Блискиот Исток, откако Израел гаѓаше цели во Иран.

„Опасната спирала на напади и одмазда создава ризик да предизвика ново продолжување на регионалниот конфликт. Признавајќи го правото на Израел на самоодбрана, ЕУ ги повикува сите инволвирани страни да покажат најголема можна воздржаност со цел да се избегне ескалација надвор од контрола која не е во ничиј интерес, соопшти Европската унија.

Иран предупреди дека ќе се брани по последните израелски напади, чии цели, според Израел, биле ракетни фабрики и воени објекти во неколку ирански региони. Иран објави дека загинале двајца војници.

Израел предупреди дека Иран ќе плати „тешка цена“ доколку одговори на тие напади, кои пак беа одговор на нападите на Иран врз Израел на 1 октомври.

The post ЕУ повика на „најголема воздржаност“ по нападот на Израел врз Иран appeared first on Република.

]]>

Европската унија денеска ги повика сите инволвирани страни да покажат „најголема воздржаност“ за да се избегне „неконтролирана ескалација“ на конфликтот на Блискиот Исток, откако Израел гаѓаше цели во Иран.
„Опасната спирала на напади и одмазда создава ризик да предизвика ново продолжување на регионалниот конфликт. Признавајќи го правото на Израел на самоодбрана, ЕУ ги повикува сите инволвирани страни да покажат најголема можна воздржаност со цел да се избегне ескалација надвор од контрола која не е во ничиј интерес, соопшти Европската унија.
Иран предупреди дека ќе се брани по последните израелски напади, чии цели, според Израел, биле ракетни фабрики и воени објекти во неколку ирански региони. Иран објави дека загинале двајца војници. Израел предупреди дека Иран ќе плати „тешка цена“ доколку одговори на тие напади, кои пак беа одговор на нападите на Иран врз Израел на 1 октомври.

The post ЕУ повика на „најголема воздржаност“ по нападот на Израел врз Иран appeared first on Република.

]]>
Русија изрази длабока загриженост поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-izrazi-dlaboka-zagrizhenost-poradi-eskalatsijata-na-tenziite-megu-izrael-i-iran/ Sat, 26 Oct 2024 15:02:04 +0000 https://republika.mk/?p=831284

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека е длабоко загрижено поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран и повика на нормализирање на ситуацијата на Блискиот Исток, откако Израел изврши воздушни напади врз воени објекти во Иран.

Ги повикуваме страните да покажат воздржаност, да престанат со насилството и да избегнат катастрофално сценарио“, изјави портпаролката на министерството, Марија Захарова.

Во исто време, коментирајќи ги воздушните напади на Израел во Либан, како резултат на кои беа убиени претставници на медиумите, таа ги обвини израелските вооружени сили дека се обидуваат да ги попречат различните гледишта за настаните во регионот.

„Сосема е очигледно дека телевизискиот канал „Ал Мајадин“ и неговите вработени се цел на напади. Ова е уште еден јасен пример за желбата на израелската војска по секоја цена, без згрозување на какви било средства и методи, да ги искорени сите извори на алтернативна гледна точка за настаните што се случуваат во регионот“, рече Захарова.

The post Русија изрази длабока загриженост поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека е длабоко загрижено поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран и повика на нормализирање на ситуацијата на Блискиот Исток, откако Израел изврши воздушни напади врз воени објекти во Иран.
Ги повикуваме страните да покажат воздржаност, да престанат со насилството и да избегнат катастрофално сценарио“, изјави портпаролката на министерството, Марија Захарова.
Во исто време, коментирајќи ги воздушните напади на Израел во Либан, како резултат на кои беа убиени претставници на медиумите, таа ги обвини израелските вооружени сили дека се обидуваат да ги попречат различните гледишта за настаните во регионот.
„Сосема е очигледно дека телевизискиот канал „Ал Мајадин“ и неговите вработени се цел на напади. Ова е уште еден јасен пример за желбата на израелската војска по секоја цена, без згрозување на какви било средства и методи, да ги искорени сите извори на алтернативна гледна точка за настаните што се случуваат во регионот“, рече Захарова.

The post Русија изрази длабока загриженост поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран appeared first on Република.

]]>
Иран тврди дека има право и должност да се брани по израелските напади https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iran-tvrdi-deka-ima-pravo-i-dolzhnost-da-se-brani-po-izraelskite-napadi/ Sat, 26 Oct 2024 12:15:47 +0000 https://republika.mk/?p=831247

Иран има право и должност да се брани по израелските напади во кои беа погодени ирански воени цели и загинаа двајца војници, соопшти денеска иранското Министерство за надворешни работи.

Иранското министерство се повикува на член 51 од Повелбата на Обединетите нации врз основа на кој, како што наведува, Иран има право и должност да се брани, објави Тајмс оф Израел.

Претходно, Скај Њуз Арабија, повикувајќи се на неименувани извори, јави дека Иран преку странски посредник го известил Израел дека нема да одговори на последните израелски напади.

Израелската армија ноќеска го нападна Иран, а за време на нападите, кои траеја пет часа, мета биле 20 цели во земјата.

Серија експлозии се слушнале и во околината на Техеран веднаш откако израелската војска соопшти дека врши напади врз воени цели во Иран како одмазда за иранскиот напад врз Израел на 1 октомври.

The post Иран тврди дека има право и должност да се брани по израелските напади appeared first on Република.

]]>

Иран има право и должност да се брани по израелските напади во кои беа погодени ирански воени цели и загинаа двајца војници, соопшти денеска иранското Министерство за надворешни работи. Иранското министерство се повикува на член 51 од Повелбата на Обединетите нации врз основа на кој, како што наведува, Иран има право и должност да се брани, објави Тајмс оф Израел. Претходно, Скај Њуз Арабија, повикувајќи се на неименувани извори, јави дека Иран преку странски посредник го известил Израел дека нема да одговори на последните израелски напади. Израелската армија ноќеска го нападна Иран, а за време на нападите, кои траеја пет часа, мета биле 20 цели во земјата. Серија експлозии се слушнале и во околината на Техеран веднаш откако израелската војска соопшти дека врши напади врз воени цели во Иран како одмазда за иранскиот напад врз Израел на 1 октомври.

The post Иран тврди дека има право и должност да се брани по израелските напади appeared first on Република.

]]>
Израел го нападна Иран, експлозии и во главниот град Техеран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izrael-go-napadna-iran-eksplozii-i-vo-glavniot-grad-teheran/ Sat, 26 Oct 2024 08:26:22 +0000 https://republika.mk/?p=831197

Израел започна воздушни напади врз Иран, а во главниот град Техеран се слушаат експлозии, јавува Би-Би-Си. Израелската војска соопшти дека цел на нападите биле ирански воени цели и дека сите авиони кои учествувале во нападот се вратиле безбедно. Според иранската новинска агенција блиска до Револуционерната гарда, цел биле воените бази на запад и југозапад од иранската престолнина, но иранските државни медиуми засега негираат дека има вистинска штета.

Израелските одбранбени сили велат дека нападите се одговор на континуираните напади од Иран и по налетот ирански проектили што го погодија Израел на почетокот октомври, израелската војска соопшти дека погодила воени цели во Иран.

„Одмаздничките цели на Израел во Иран не вклучуваат енергетска инфраструктура“, изјави израелски воен извор за Си-Ен-Ен. Израел ја отфрли и можноста за напади врз нуклеарни и нафтени постројки во Иран.

Официјалните ирански медиуми соопштија дека биле погодени делови од воени локации во три провинции Техеран, Илам и Кузестан, но рекоа дека неговата противвоздушна одбрана била успешна и штетата е ограничена.

Одлуката на Израел да нападне ирански воени цели дојде по неколкунеделни размислувања во неговиот безбедносен кабинет за природата и обемот на таквиот напад, информираа израелските власти.

Пентагон денеска соопшти дека САД претходно биле информирани за нападите, но немале никакво учество во операцијата.

The post Израел го нападна Иран, експлозии и во главниот град Техеран appeared first on Република.

]]>

Израел започна воздушни напади врз Иран, а во главниот град Техеран се слушаат експлозии, јавува Би-Би-Си. Израелската војска соопшти дека цел на нападите биле ирански воени цели и дека сите авиони кои учествувале во нападот се вратиле безбедно. Според иранската новинска агенција блиска до Револуционерната гарда, цел биле воените бази на запад и југозапад од иранската престолнина, но иранските државни медиуми засега негираат дека има вистинска штета. Израелските одбранбени сили велат дека нападите се одговор на континуираните напади од Иран и по налетот ирански проектили што го погодија Израел на почетокот октомври, израелската војска соопшти дека погодила воени цели во Иран. „Одмаздничките цели на Израел во Иран не вклучуваат енергетска инфраструктура“, изјави израелски воен извор за Си-Ен-Ен. Израел ја отфрли и можноста за напади врз нуклеарни и нафтени постројки во Иран. Официјалните ирански медиуми соопштија дека биле погодени делови од воени локации во три провинции Техеран, Илам и Кузестан, но рекоа дека неговата противвоздушна одбрана била успешна и штетата е ограничена. Одлуката на Израел да нападне ирански воени цели дојде по неколкунеделни размислувања во неговиот безбедносен кабинет за природата и обемот на таквиот напад, информираа израелските власти. Пентагон денеска соопшти дека САД претходно биле информирани за нападите, но немале никакво учество во операцијата.

The post Израел го нападна Иран, експлозии и во главниот град Техеран appeared first on Република.

]]>
Американка со иранско потекло вработена во Пентагон е осомничена дека ги обелоденила израелските планови за напад врз Иран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanka-so-iransko-poteklo-vrabotena-vo-pentagon-e-osomnichena-deka-gi-obelodenila-izraelskite-planovi-za-napad-vrz-iran/ Wed, 23 Oct 2024 19:17:00 +0000 https://republika.mk/?p=830316

Американката со иранско потекло, Аријана Табатабаи, е осомничена дека била личноста која ги обелоденила високо класифицираните американски документи во врска со плановите на Израел за воени напади врз Иран.

Табатабаи ја има позицијата началник на штабот на помошникот секретар за одбрана за специјални операции и офицер во поморското разузнавање на САД во Пентагон.

https://republika.mk/vesti/svet/kirbi-bajden-e-zagrizhen-poradi-objavuvaneto-na-tajnite-dokumenti-za-potentsijalniot-napad-na-izrael-vrz-iran/

The post Американка со иранско потекло вработена во Пентагон е осомничена дека ги обелоденила израелските планови за напад врз Иран appeared first on Република.

]]>

Американката со иранско потекло, Аријана Табатабаи, е осомничена дека била личноста која ги обелоденила високо класифицираните американски документи во врска со плановите на Израел за воени напади врз Иран. Табатабаи ја има позицијата началник на штабот на помошникот секретар за одбрана за специјални операции и офицер во поморското разузнавање на САД во Пентагон. https://republika.mk/vesti/svet/kirbi-bajden-e-zagrizhen-poradi-objavuvaneto-na-tajnite-dokumenti-za-potentsijalniot-napad-na-izrael-vrz-iran/

The post Американка со иранско потекло вработена во Пентагон е осомничена дека ги обелоденила израелските планови за напад врз Иран appeared first on Република.

]]>
САД го истражуваат протекувањето на строго тајни документи со детали за израелските планови за напад на Иран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-go-istrazhuvaat-protekuvaneto-na-strogo-tajni-dokumenti-so-detali-za-izraelskite-planovi-za-napad-na-iran/ Sun, 20 Oct 2024 17:03:27 +0000 https://republika.mk/?p=829215

Соединетите Држави го истражуваат протекувањето на два високо доверливи разузнавачки документи во кои се опишани израелските подготовки за одмазднички напади против Иран, изјави денеска претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон.

Документите, за кои се верува дека се подготвени од Националната агенција за геопросторно разузнавање, ги опишуваат американските толкувања на планираните дејствија на израелските воздухопловни сили и морнарицата врз основа на сателитски снимки направени на 15 и 16 октомври. Документите почнаа да циркулираат на апликацијата за пораки Телеграм минатата недела.

Израел планира одговор на иранскиот балистички ракетен напад на 1 октомври, кој беше втор директен напад врз земјата во последните шест месеци.

Запрашан за протекувањето на документите во интервју за американската телевизија Си-Ен-Ен, Џонсон рече „во тек е истрага и ќе дадам информации во рок од два часа“. „Внимателно го следиме (случајот)“, додаде тој.

„Њујорк тајмс“ објави дека официјални лица признале дека документите се автентични, но дека тие веројатно претставуваат само дел од информациите што САД ги имале за плановите на нивниот близок сојузник.

Првиот документ ги опишува подготовките на израелските воздухопловни сили за напад против Иран и втората вежба која вклучува употреба на големи вооружени сили. Вториот ги опиша подготовките за можни напади со беспилотни летала против Иран.

Американскиот претседател Џо Бајден, одговарајќи на прашања од новинарите минатата недела, рече дека има добра идеја кога и како Израел ќе го нападне Иран. Но, тој исто така рече дека гледа можност да ги прекине одмаздничките напади на двете непријателски земји.

 

The post САД го истражуваат протекувањето на строго тајни документи со детали за израелските планови за напад на Иран appeared first on Република.

]]>

Соединетите Држави го истражуваат протекувањето на два високо доверливи разузнавачки документи во кои се опишани израелските подготовки за одмазднички напади против Иран, изјави денеска претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон. Документите, за кои се верува дека се подготвени од Националната агенција за геопросторно разузнавање, ги опишуваат американските толкувања на планираните дејствија на израелските воздухопловни сили и морнарицата врз основа на сателитски снимки направени на 15 и 16 октомври. Документите почнаа да циркулираат на апликацијата за пораки Телеграм минатата недела. Израел планира одговор на иранскиот балистички ракетен напад на 1 октомври, кој беше втор директен напад врз земјата во последните шест месеци. Запрашан за протекувањето на документите во интервју за американската телевизија Си-Ен-Ен, Џонсон рече „во тек е истрага и ќе дадам информации во рок од два часа“. „Внимателно го следиме (случајот)“, додаде тој. „Њујорк тајмс“ објави дека официјални лица признале дека документите се автентични, но дека тие веројатно претставуваат само дел од информациите што САД ги имале за плановите на нивниот близок сојузник. Првиот документ ги опишува подготовките на израелските воздухопловни сили за напад против Иран и втората вежба која вклучува употреба на големи вооружени сили. Вториот ги опиша подготовките за можни напади со беспилотни летала против Иран. Американскиот претседател Џо Бајден, одговарајќи на прашања од новинарите минатата недела, рече дека има добра идеја кога и како Израел ќе го нападне Иран. Но, тој исто така рече дека гледа можност да ги прекине одмаздничките напади на двете непријателски земји.  

The post САД го истражуваат протекувањето на строго тајни документи со детали за израелските планови за напад на Иран appeared first on Република.

]]>
Г7: Иран да престане да ги поддржува Хамас, Хезболах и Хутите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/g7-iran-da-prestane-da-gi-poddrzhuva-hamas-hezbolah-i-hutite/ Sat, 19 Oct 2024 18:31:35 +0000 https://republika.mk/?p=828918

Министрите за одбрана на Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7) денеска упатија апел до Иран да престане да ја поддржува палестинската група Хамас, но и нејзините сојузници – Хезболах во Либан и Хутите во Јемен, кои се ангажирани на фронтовите против Израел.

Г7 апелира Иран да се воздржи од давање поддршка на Хамас, Хезболах, Хутите и другите недржавни актери, како и од преземање какви било дополнителни мерки кои би можеле да го дестабилизираат регионот и да иницираат процес на „неконтролирана“ ескалација, се наведува во заедничката изјава по состанокот во Неапол.

Министрите повикаа и на „значително и одржливо зголемување“ на хуманитарната помош за Појасот Газа.

Земјите од Г7 се обединети во нивната поддршка за потребата од итен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници, значително и одржливо зголемување на протокот на хуманитарна помош низ Појасот Газа и пат кон решение со две држави, се наведува во заедничка изјава.

Министрите ја потврдија својата „непоколеблива“ поддршка за Украина, вклучително и воена поддршка.

Ја потврдуваме нашата непоколеблива поддршка за слободата, суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина, сè додека е потребно. Ја нагласуваме нашата намера да продолжиме да обезбедуваме помош за Украина, вклучително и воена, на краток и долг рок, се додава во заедничката изјава.

Земји-членки на Г7 се САД, Франција, Германија, Италија, Канада, Велика Британија и Јапонија.

The post Г7: Иран да престане да ги поддржува Хамас, Хезболах и Хутите appeared first on Република.

]]>

Министрите за одбрана на Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7) денеска упатија апел до Иран да престане да ја поддржува палестинската група Хамас, но и нејзините сојузници – Хезболах во Либан и Хутите во Јемен, кои се ангажирани на фронтовите против Израел. Г7 апелира Иран да се воздржи од давање поддршка на Хамас, Хезболах, Хутите и другите недржавни актери, како и од преземање какви било дополнителни мерки кои би можеле да го дестабилизираат регионот и да иницираат процес на „неконтролирана“ ескалација, се наведува во заедничката изјава по состанокот во Неапол. Министрите повикаа и на „значително и одржливо зголемување“ на хуманитарната помош за Појасот Газа. Земјите од Г7 се обединети во нивната поддршка за потребата од итен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници, значително и одржливо зголемување на протокот на хуманитарна помош низ Појасот Газа и пат кон решение со две држави, се наведува во заедничка изјава. Министрите ја потврдија својата „непоколеблива“ поддршка за Украина, вклучително и воена поддршка. Ја потврдуваме нашата непоколеблива поддршка за слободата, суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина, сè додека е потребно. Ја нагласуваме нашата намера да продолжиме да обезбедуваме помош за Украина, вклучително и воена, на краток и долг рок, се додава во заедничката изјава. Земји-членки на Г7 се САД, Франција, Германија, Италија, Канада, Велика Британија и Јапонија.

The post Г7: Иран да престане да ги поддржува Хамас, Хезболах и Хутите appeared first on Република.

]]>
Врховниот ирански командант беше „умрен“ па се појави како плаче на погреб https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vrhovniot-iranski-komandant-beshe-umren-pa-se-pojavi-kako-plache-na-pogreb/ Tue, 15 Oct 2024 07:55:58 +0000 https://republika.mk/?p=826895

Есмаил Кани, врховниот командант на иранските сили Кудс, се уште е жив.Иронично, Кани беше снимен на погреб како седи во публика и плаче иако тој беше оној за кој се тврдеше дека е мртов во последните месеци.

Тој, наводно, се појавил на комеморацијата за висок командант на Револуционерната гарда убиен во Либан.

 

The post Врховниот ирански командант беше „умрен“ па се појави како плаче на погреб appeared first on Република.

]]>

Есмаил Кани, врховниот командант на иранските сили Кудс, се уште е жив.Иронично, Кани беше снимен на погреб како седи во публика и плаче иако тој беше оној за кој се тврдеше дека е мртов во последните месеци. Тој, наводно, се појавил на комеморацијата за висок командант на Револуционерната гарда убиен во Либан.
 

The post Врховниот ирански командант беше „умрен“ па се појави како плаче на погреб appeared first on Република.

]]>
Земјите од Заливот бараат од САД да го спречи Израел да ги нападне иранските нафтени постројки https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zemjite-od-zalivot-baraat-od-sad-da-go-sprechi-izrael-da-gi-napadne-iranskite-nafteni-postrojki/ Fri, 11 Oct 2024 18:46:31 +0000 https://republika.mk/?p=825458

Земјите од Персискиот залив вршат притисок врз Вашингтон да го спречи Израел да изврши разорни напади врз иранските нафтени постројки.

Како што пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на извори, заливските земји се загрижени дека нивната сопствена нафтена инфраструктура би можела да стане цел на напади од ирански полномошници доколку конфликтот во регионот ескалира.

Во обид да избегнат вкрстен оган, земјите од Персискиот залив, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар, исто така одбиваат да му дозволат на Израел да го користи нивниот воздушен простор за каков било напад врз Иран, и го известиле Вашингтон за тоа, велат за „Ројтерс“ три извори блиски до владините кругови на заливските земји.

The post Земјите од Заливот бараат од САД да го спречи Израел да ги нападне иранските нафтени постројки appeared first on Република.

]]>

Земјите од Персискиот залив вршат притисок врз Вашингтон да го спречи Израел да изврши разорни напади врз иранските нафтени постројки. Како што пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на извори, заливските земји се загрижени дека нивната сопствена нафтена инфраструктура би можела да стане цел на напади од ирански полномошници доколку конфликтот во регионот ескалира. Во обид да избегнат вкрстен оган, земјите од Персискиот залив, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар, исто така одбиваат да му дозволат на Израел да го користи нивниот воздушен простор за каков било напад врз Иран, и го известиле Вашингтон за тоа, велат за „Ројтерс“ три извори блиски до владините кругови на заливските земји.

The post Земјите од Заливот бараат од САД да го спречи Израел да ги нападне иранските нафтени постројки appeared first on Република.

]]>
Каква ракета е „Јерихон 3“ со која Израел планира да го гаѓа Иран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kakva-raketa-e-jehrion-3-so-koja-izrael-planira-da-go-gaga-iran/ Tue, 08 Oct 2024 19:16:05 +0000 https://republika.mk/?p=823862

Израел планира балистички и хиперсоничен ракетен напад врз Иран. Според најавите,списокот на цели ги вклучува иранските нафтени и нуклеарни постројки, каде Израел би можел да користи електромагнетни боеви глави способни да уништуваат центрифуги за збогатување ураниум. Прва ракета е „ Jerihon 3“.

Ова оружје активира електромагнетен генератор на височина од 300 метри и ја оневозможува целата електронска опрема во радиус од 3,5 километри.

The post Каква ракета е „Јерихон 3“ со која Израел планира да го гаѓа Иран appeared first on Република.

]]>

Израел планира балистички и хиперсоничен ракетен напад врз Иран. Според најавите,списокот на цели ги вклучува иранските нафтени и нуклеарни постројки, каде Израел би можел да користи електромагнетни боеви глави способни да уништуваат центрифуги за збогатување ураниум. Прва ракета е „ Jerihon 3“. Ова оружје активира електромагнетен генератор на височина од 300 метри и ја оневозможува целата електронска опрема во радиус од 3,5 километри.

The post Каква ракета е „Јерихон 3“ со која Израел планира да го гаѓа Иран appeared first on Република.

]]>
Не ја тестирајте нашата волја, му порача Иран на Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ne-ja-testirajte-nashata-volja-mu-poracha-iran-na-izrael/ Tue, 08 Oct 2024 09:11:37 +0000 https://republika.mk/?p=824087

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, го предупреди Израел да не ја „тестира“ волјата на Техеран за можни воени напади како форма на одмазда за ракетниот напад што Иран го изврши против Израел минатата недела.

Нашите ракети можат да ги исполнат сите свои цели. Ќе одговориме на секој напад врз нашите институции или инфраструктура, рече Арагчи на конференцијата на која се разговараше за влијанието на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, пренесе Ал Џезира.

Тој посочи дека Иран ќе продолжи да го поддржува ставот дека Палестинците треба да имаат своја држава.

The post Не ја тестирајте нашата волја, му порача Иран на Израел appeared first on Република.

]]>

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, го предупреди Израел да не ја „тестира“ волјата на Техеран за можни воени напади како форма на одмазда за ракетниот напад што Иран го изврши против Израел минатата недела. Нашите ракети можат да ги исполнат сите свои цели. Ќе одговориме на секој напад врз нашите институции или инфраструктура, рече Арагчи на конференцијата на која се разговараше за влијанието на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, пренесе Ал Џезира. Тој посочи дека Иран ќе продолжи да го поддржува ставот дека Палестинците треба да имаат своја држава.

The post Не ја тестирајте нашата волја, му порача Иран на Израел appeared first on Република.

]]>
Нешто се подготвува: Откажани летовите над Иран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/neshto-se-podgotvuva-otkazhani-letovite-nad-iran/ Sun, 06 Oct 2024 18:10:23 +0000 https://republika.mk/?p=823594

Портпаролот на Иранската организација за цивилно воздухопловство потврди дека летовите на неколку аеродроми во земјата ќе бидат суспендирани од 21:00 часот вечерва до 5:00 часот утре наутро.

Портпаролот изјави дека се работи за „оперативни ограничувања“ без да наведе повеќе детали.

Во исто време, и тунелите Тохид и Ресалат во Техеран ќе бидат затворени.

Оваа одлука е донесена откако Израел најави напад врз Иран како одговор на лансирањето балистички ракети кон израелските воени бази од страна на Иран.

Претходно денеска, иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџад ги посети најголемите нафтени постројки во земјата и се состана со највисокиот воен командант на Корпусот на гардата на Исламската револуција во областа за да разговара за безбедноста на локацијат

The post Нешто се подготвува: Откажани летовите над Иран appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Иранската организација за цивилно воздухопловство потврди дека летовите на неколку аеродроми во земјата ќе бидат суспендирани од 21:00 часот вечерва до 5:00 часот утре наутро. Портпаролот изјави дека се работи за „оперативни ограничувања“ без да наведе повеќе детали. Во исто време, и тунелите Тохид и Ресалат во Техеран ќе бидат затворени. Оваа одлука е донесена откако Израел најави напад врз Иран како одговор на лансирањето балистички ракети кон израелските воени бази од страна на Иран. Претходно денеска, иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџад ги посети најголемите нафтени постројки во земјата и се состана со највисокиот воен командант на Корпусот на гардата на Исламската револуција во областа за да разговара за безбедноста на локацијат

The post Нешто се подготвува: Откажани летовите над Иран appeared first on Република.

]]>