Ирак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/irak/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Nov 2024 08:00:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ирак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/irak/ 32 32 Ирак ќе легализира стапување во брак со 9-годишни девојчиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/irak-ke-legalizira-stapuvane-vo-brak-so-9-godishni-devojchina/ Wed, 13 Nov 2024 17:15:29 +0000 https://republika.mk/?p=836076

Ирачкиот парламент воведе амандмани со кои може да се легализира стапувањето во брак на деветгодишни девојчиња.

Ова ќе им овозможи на возрасните мажи легално да стапат во брак со деца. Дополнително, со амандманите ќе се одземе правото на жената на развод, старателство над децата и наследство.

Владејачката коалиција вели дека амандманот е во согласност со исламскиот закон и има за цел да ги заштити девојчињата од „неморални односи“.

The post Ирак ќе легализира стапување во брак со 9-годишни девојчиња appeared first on Република.

]]>

Ирачкиот парламент воведе амандмани со кои може да се легализира стапувањето во брак на деветгодишни девојчиња. Ова ќе им овозможи на возрасните мажи легално да стапат во брак со деца. Дополнително, со амандманите ќе се одземе правото на жената на развод, старателство над децата и наследство. Владејачката коалиција вели дека амандманот е во согласност со исламскиот закон и има за цел да ги заштити девојчињата од „неморални односи“.

The post Ирак ќе легализира стапување во брак со 9-годишни девојчиња appeared first on Република.

]]>
Израел, Јордан и Ирак го затворија воздушниот простор поради иранските напади https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izrael-jordan-i-irak-go-zatvorija-vozdushniot-prostor-poradi-iranskite-napadi/ Tue, 01 Oct 2024 18:57:48 +0000 https://republika.mk/?p=821510

Израелската Управа за аеродроми попладнево соопшти дека сите летови што пристигнуваат и полетуваат од аеродромот Бен Гурион во Тел Авив се суспендирани поради масовниот ракетен напад од Иран, јави „Тајмс оф Израел“.

Израелската воздухопловна управа соопшти дека е затворен целиот израелски воздушен простор, а сите летови се пренасочуваат на алтернативни дестинации надвор од Израел

И Јордан и Ирак вечерва најавија дека привремено го затвораат нивниот воздушен простор.

Британски новинари наведуваат дека биле сведоци на неколку пресретнувања на проектили во јорданскиот воздушен простор.

The post Израел, Јордан и Ирак го затворија воздушниот простор поради иранските напади appeared first on Република.

]]>

Израелската Управа за аеродроми попладнево соопшти дека сите летови што пристигнуваат и полетуваат од аеродромот Бен Гурион во Тел Авив се суспендирани поради масовниот ракетен напад од Иран, јави „Тајмс оф Израел“. Израелската воздухопловна управа соопшти дека е затворен целиот израелски воздушен простор, а сите летови се пренасочуваат на алтернативни дестинации надвор од Израел И Јордан и Ирак вечерва најавија дека привремено го затвораат нивниот воздушен простор. Британски новинари наведуваат дека биле сведоци на неколку пресретнувања на проектили во јорданскиот воздушен простор.

The post Израел, Јордан и Ирак го затворија воздушниот простор поради иранските напади appeared first on Република.

]]>
Проирански групи во Ирак ja презедоа одговорностa за напад со беспилотно летало врз Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/proiranski-grupi-vo-irak-ja-prezedoa-odgovornosta-za-napad-so-bespilotno-letalo-vrz-izrael/ Sun, 22 Sep 2024 08:10:16 +0000 https://republika.mk/?p=818630

Ирачка коалиција на проирански вооружени групи презеде одговорност за напад со беспилотно летало врз Израел, од каде соопштија дека пресретнале „повеќе сомнителни воздушни цели“ кои доаѓале од Ирак во текот на ноќта.

Борците на Исламскиот отпор на Ирак во неделата утрото таргетираа стратешка локација на окупираните територии со помош на беспилотни летала“, се вели во соопштението на ирачката коалиција на Телеграм.

Тие додаваат дека тоа е извршено „за поддршка на нашиот народ во Газа“.

The post Проирански групи во Ирак ja презедоа одговорностa за напад со беспилотно летало врз Израел appeared first on Република.

]]>

Ирачка коалиција на проирански вооружени групи презеде одговорност за напад со беспилотно летало врз Израел, од каде соопштија дека пресретнале „повеќе сомнителни воздушни цели“ кои доаѓале од Ирак во текот на ноќта.
Борците на Исламскиот отпор на Ирак во неделата утрото таргетираа стратешка локација на окупираните територии со помош на беспилотни летала“, се вели во соопштението на ирачката коалиција на Телеграм.
Тие додаваат дека тоа е извршено „за поддршка на нашиот народ во Газа“.

The post Проирански групи во Ирак ja презедоа одговорностa за напад со беспилотно летало врз Израел appeared first on Република.

]]>
САД сепак не се повлекуваат од Ирак https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-sepak-ne-se-povlekuvaat-od-irak/ Fri, 16 Aug 2024 06:36:33 +0000 https://republika.mk/?p=807028

Ирак денеска соопшти дека го пролонгира завршувањето на мисијата на меѓународната антиџихадистичка коалиција предводена од САД, поради моменталната ситуација во регионот.

Во Ирак распоредени се 2.500 американски војници, а во Сирија околу 900, како дел од меѓународната коалиција формирана во 2014 година за борба против Исламска држава . изминатите месеци припадниците на коалицијата беа цел на десетина напади со дронови и ракети во Ирак и во Сирија.

Претходно беше предвидено постепено повлекување на коалициските трупи. Во денешното соопштение на ирачкото Министерство за одбрана се наведува нов датум за повлекување на коалициските сили.

Минатата зима, Исламскиот отпор во Ирак, група на проирански ирачки вооружени групи, ја презеде одговорноста за повеќе од 175 ракетни и беспилотни напади во Ирак и Сирија против американските трупи.

Како одмазда, САД извршија смртоносни напади против проирански фракции во овие две земји.

Во август, нови ракетни напади беа насочени кон воена база во Ирак каде што се стационирани коалициските трупи, при што беа повредени седум Американци.

Нападите се случуваат во тензичен момент кога Иран и неговите сојузници во Либан, Ирак и Јемен му се закануваат на Израел со одмазда за убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија во Техеран на крајот на јули и за убиството на воениот лидер на Хезболах кој беше убиен во израелски напад во близина на Бејрут.

The post САД сепак не се повлекуваат од Ирак appeared first on Република.

]]>

Ирак денеска соопшти дека го пролонгира завршувањето на мисијата на меѓународната антиџихадистичка коалиција предводена од САД, поради моменталната ситуација во регионот. Во Ирак распоредени се 2.500 американски војници, а во Сирија околу 900, како дел од меѓународната коалиција формирана во 2014 година за борба против Исламска држава . изминатите месеци припадниците на коалицијата беа цел на десетина напади со дронови и ракети во Ирак и во Сирија. Претходно беше предвидено постепено повлекување на коалициските трупи. Во денешното соопштение на ирачкото Министерство за одбрана се наведува нов датум за повлекување на коалициските сили. Минатата зима, Исламскиот отпор во Ирак, група на проирански ирачки вооружени групи, ја презеде одговорноста за повеќе од 175 ракетни и беспилотни напади во Ирак и Сирија против американските трупи. Како одмазда, САД извршија смртоносни напади против проирански фракции во овие две земји. Во август, нови ракетни напади беа насочени кон воена база во Ирак каде што се стационирани коалициските трупи, при што беа повредени седум Американци. Нападите се случуваат во тензичен момент кога Иран и неговите сојузници во Либан, Ирак и Јемен му се закануваат на Израел со одмазда за убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија во Техеран на крајот на јули и за убиството на воениот лидер на Хезболах кој беше убиен во израелски напад во близина на Бејрут.

The post САД сепак не се повлекуваат од Ирак appeared first on Република.

]]>
Ирак со закон ќе дозволи брак на девојчиња од девет години https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/irak-so-zakon-ke-dozvoli-brak-na-devojchina-od-devet-godini/ Sun, 11 Aug 2024 09:00:10 +0000 https://republika.mk/?p=805377

Ирачкиот парламент одлучи да ја намали возраста за дозволен брак на девојчињата од 15 на 9 години.

Шиитската партија, која има мнозинство во ирачкиот парламент, предложи намалување на минималната возраст за брак за девојчињата на девет, а за момчињата на 15 години, наведувајќи ја потребата од почитување на шеријатскиот закон, кој го сметаат за задолжителен за сите муслимани.

Пратеникот кој ги предложи измените на законот порача дека „оние кои се противат на законот се странски агенти и непријатели на Ирак“.

The post Ирак со закон ќе дозволи брак на девојчиња од девет години appeared first on Република.

]]>

Ирачкиот парламент одлучи да ја намали возраста за дозволен брак на девојчињата од 15 на 9 години. Шиитската партија, која има мнозинство во ирачкиот парламент, предложи намалување на минималната возраст за брак за девојчињата на девет, а за момчињата на 15 години, наведувајќи ја потребата од почитување на шеријатскиот закон, кој го сметаат за задолжителен за сите муслимани. Пратеникот кој ги предложи измените на законот порача дека „оние кои се противат на законот се странски агенти и непријатели на Ирак“.

The post Ирак со закон ќе дозволи брак на девојчиња од девет години appeared first on Република.

]]>
Ирачките сили убиле припадник на Исламската држава во Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/irachkite-sili-ubile-pripadnik-na-islamskata-drzhava-vo-sirija/ Tue, 11 Jun 2024 17:59:25 +0000 https://republika.mk/?p=786671

Ирачките безбедносни сили во Сирија убиле висок припадник на Исламската држава, одговорен за нападите врз ирачките владини сили, соопшти ирачката служба за национална безбедност.

Според соопштението, Абу Заинаб, државјанин на Ирак, бил убиен во сирискиот град Рака „во изминатите неколку дена“, во соработка со коалициските сили предводени од САД.

Коалицијата предводена од САД соработува со ирачките безбедносни сили и сириските сили предводени од Курдите во Сирија против остатоците од групата Исламска држава.

The post Ирачките сили убиле припадник на Исламската држава во Сирија appeared first on Република.

]]>

Ирачките безбедносни сили во Сирија убиле висок припадник на Исламската држава, одговорен за нападите врз ирачките владини сили, соопшти ирачката служба за национална безбедност. Според соопштението, Абу Заинаб, државјанин на Ирак, бил убиен во сирискиот град Рака „во изминатите неколку дена“, во соработка со коалициските сили предводени од САД. Коалицијата предводена од САД соработува со ирачките безбедносни сили и сириските сили предводени од Курдите во Сирија против остатоците од групата Исламска држава.

The post Ирачките сили убиле припадник на Исламската држава во Сирија appeared first on Република.

]]>
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pronajdeni-migranti-od-irak-i-turtsija/ Sun, 19 May 2024 16:12:48 +0000 https://republika.mk/?p=779883

Полициски службеници од ОВР Неготино пронашле тројца мигранти, двајца од Република Турција и еден од Ирак, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Мигрантите се пронајдени рано утрово, во 02.15 часот, на автопатот А1 кај Неготино по што се предадени на Полициската станица за граничен надзор Михајлово за натамошна постапка.

The post Пронајдени мигранти од Ирак и Турција appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од ОВР Неготино пронашле тројца мигранти, двајца од Република Турција и еден од Ирак, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Мигрантите се пронајдени рано утрово, во 02.15 часот, на автопатот А1 кај Неготино по што се предадени на Полициската станица за граничен надзор Михајлово за натамошна постапка.

The post Пронајдени мигранти од Ирак и Турција appeared first on Република.

]]>
Нападната база на проиранските милиции во Ирак, САД и Израел негираат вмешаност https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/napadnata-baza-na-proiranskite-militsii-vo-irak-sad-i-izrael-negiraat-vmeshanost/ Sat, 20 Apr 2024 07:39:27 +0000 https://republika.mk/?p=768321

Серија експлозии го разнеле штабот на Народниот фронт за мобилизација (ПМФ) на 50 километри јужно од ирачкиот главен град Багдад, само неколку часа откако припадници на проиранските милиции лансирале беспилотни летала кон израелската воздухопловна база во близина на Елиат.

Според првичните информации што ги објавија медиумите во Ирак, најмалку еден член на Народниот фронт за мобилизација, проиранска милиција која е дел од ирачките вооружени сили, е убиен, а десетина биле ранети во нападот на неидентификувани авиони врз базата во близина на Багдад.

ПМФ веднаш ги обвини Американците за нападот, кои исто толку брзо одговорија дека „коалициските сили во Ирак немаат никаква врска со оваа акција“.

И израелските власти негираат дека стојат за нападот, но офицери на ирачките воздухопловни сили изјавиле дека авионот, кој истрела проектили врз базата на проиранската милиција, најверојатно летал од правец на Јордан.

Израел вчера изврши напад на иранска територија, неколку дена откако Иран го нападна Израел со беспилотни летала и проектили кои главно беа пресретнати и уништени.

Техеран, пак, објави дека воената база во Исфахан била нападната со беспилотни летала лансирани од локација во Иран, поради што нема намера да изврши нов одмазднички напад против Израел.

САД, кои се обидуваат да ги убедат двете страни да го запрат бранот одмазднички напади, по израелската акција во Иран, оценија дека таквите операции завршиле.

The post Нападната база на проиранските милиции во Ирак, САД и Израел негираат вмешаност appeared first on Република.

]]>

Серија експлозии го разнеле штабот на Народниот фронт за мобилизација (ПМФ) на 50 километри јужно од ирачкиот главен град Багдад, само неколку часа откако припадници на проиранските милиции лансирале беспилотни летала кон израелската воздухопловна база во близина на Елиат. Според првичните информации што ги објавија медиумите во Ирак, најмалку еден член на Народниот фронт за мобилизација, проиранска милиција која е дел од ирачките вооружени сили, е убиен, а десетина биле ранети во нападот на неидентификувани авиони врз базата во близина на Багдад. ПМФ веднаш ги обвини Американците за нападот, кои исто толку брзо одговорија дека „коалициските сили во Ирак немаат никаква врска со оваа акција“. И израелските власти негираат дека стојат за нападот, но офицери на ирачките воздухопловни сили изјавиле дека авионот, кој истрела проектили врз базата на проиранската милиција, најверојатно летал од правец на Јордан. Израел вчера изврши напад на иранска територија, неколку дена откако Иран го нападна Израел со беспилотни летала и проектили кои главно беа пресретнати и уништени. Техеран, пак, објави дека воената база во Исфахан била нападната со беспилотни летала лансирани од локација во Иран, поради што нема намера да изврши нов одмазднички напад против Израел. САД, кои се обидуваат да ги убедат двете страни да го запрат бранот одмазднички напади, по израелската акција во Иран, оценија дека таквите операции завршиле.

The post Нападната база на проиранските милиции во Ирак, САД и Израел негираат вмешаност appeared first on Република.

]]>
Турција и Ирак заедно ќе се борат против Курдите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/turtsija-i-irak-zaedno-ke-se-borat-protiv-kurdite/ Fri, 15 Mar 2024 20:44:07 +0000 https://republika.mk/?p=755271

Во Ирак е одржан состанок за безбедносни прашања, на кој учествуваа претставници на турските безбедносни агенции. По самитот беше објавена заедничка декларација.

Одлучено е да се формираат заеднички постојани комисии кои ќе работат во областа на борбата против тероризмот, трговијата, земјоделството, енергетиката, водните ресурси, здравството и транспортот“, се наведува во соопштението.

Покрај тоа, ирачкиот Совет за национална безбедност ја означи курдската работничка партија ПКК како „забранета организација“.

На тој начин, официјална Анкара ја надмина политичката пречка во односите со Багдад во врска со борбата против ПКК. Истовремено, Турција го подготвува теренот за своите летни операции според член 51 од ОН и врз основа на договорот со Ирак од 1983 година.

The post Турција и Ирак заедно ќе се борат против Курдите appeared first on Република.

]]>

Во Ирак е одржан состанок за безбедносни прашања, на кој учествуваа претставници на турските безбедносни агенции. По самитот беше објавена заедничка декларација.
Одлучено е да се формираат заеднички постојани комисии кои ќе работат во областа на борбата против тероризмот, трговијата, земјоделството, енергетиката, водните ресурси, здравството и транспортот“, се наведува во соопштението.
Покрај тоа, ирачкиот Совет за национална безбедност ја означи курдската работничка партија ПКК како „забранета организација“. На тој начин, официјална Анкара ја надмина политичката пречка во односите со Багдад во врска со борбата против ПКК. Истовремено, Турција го подготвува теренот за своите летни операции според член 51 од ОН и врз основа на договорот со Ирак од 1983 година.

The post Турција и Ирак заедно ќе се борат против Курдите appeared first on Република.

]]>
Кои се „силите за народна мобилизација“, борците против ИСИС коишто САД сега ги бомбардира во Сирија и Ирак https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/koi-se-silite-za-narodna-mobilizatsija-bortsite-protiv-isis-koishto-sad-sega-gi-bombardira-vo-sirija-i-irak/ Fri, 09 Feb 2024 16:43:02 +0000 https://republika.mk/?p=740763

Формирана во јуни 2014 година, додека џихадистите на Исламската држава зазедоа голем дел од западен Ирак и источна Сирија, Ал-Хашд ал-Шааби („Сили за народна мобилизација“ - ПМФ) се милициска коалиција создадена да го запрат ширењето и дејствувањето на терористичката организација.

Лојалени на ирачката влада и формално дел од војската на Ирак, ПМФ се состои од над 60 вооружени фракции, инкорпорирани претставници од секоја голема етничка и религиозна деноминација и секта во земјата - од шиити и сунити до христијани, Јазиди, Туркмени и Курди.

ПМФ беше вклучена во секој голем ангажман против силите на ИСИС. Во моментите кога Пентагон известуваше за својата кампања на воздушни напади против терористите, на ПМФ му припадна задачата воено да им се спротивстави на терен, во урбана борба против исламистите. Некои сили на ПМФ, исто така, доброволно се распоредија во Сирија за да се борат против ИСИС и другите џихадисти кои сакаат да ја соборат владата на претседателот Башар ал Асад.

И во Ирак и во Сирија, операциите на ПМФ беа клучни за спасување на локалните жители, а особено на малцинствата, од истребување и ропство од страна на терористите.

Лабавата структура и врските на ПМФ со Иран им направија проблеми со официјален Вашингтон, кој се обиде (и не успеа) да ги принуди силите на милицијата да се распуштат откако големите операции против ИСИС беа завршени кон крајот на 2017 година.

Тензиите меѓу САД и ПМФ драматично се зголемија во 2019 година, откако групата ги обвини САД и Израел за бомбардирање на нивните бази. Тие дополнително ескалираа во 2020 година, откако САД без провокација ги уби заменик-шефот на ПМФ, Абу Махди ал-Мухандис и командантот на Иранската гарда ИРГЦ, Касем Сулејмани во Багдад. Убиствата поттикнаа елементи на милицијата да ветат дека ќе ги протераат американските сили од регионот користејќи кампања со беспилотни летала и ракетни напади.

Во октомври 2023 година, ескалацијата на палестинско-израелската криза поттикна делови од ПМФ драматично да ги засилат нападите врз американските бази во Ирак и Сирија како одговор на дипломатската и воената поддршка на САД за официјален Тел Авив. Откако тројца американски војници беа убиени во база на границата меѓу Јордан и Сирија, САД почнаа големи напади врз цели „поддржани од Иран“. Силите на ПМФ потврдија дека десетици нејзини членови биле убиени или повредени „како резултат на кукавичката американска агресија“.

The post Кои се „силите за народна мобилизација“, борците против ИСИС коишто САД сега ги бомбардира во Сирија и Ирак appeared first on Република.

]]>

Формирана во јуни 2014 година, додека џихадистите на Исламската држава зазедоа голем дел од западен Ирак и источна Сирија, Ал-Хашд ал-Шааби („Сили за народна мобилизација“ - ПМФ) се милициска коалиција создадена да го запрат ширењето и дејствувањето на терористичката организација. Лојалени на ирачката влада и формално дел од војската на Ирак, ПМФ се состои од над 60 вооружени фракции, инкорпорирани претставници од секоја голема етничка и религиозна деноминација и секта во земјата - од шиити и сунити до христијани, Јазиди, Туркмени и Курди. ПМФ беше вклучена во секој голем ангажман против силите на ИСИС. Во моментите кога Пентагон известуваше за својата кампања на воздушни напади против терористите, на ПМФ му припадна задачата воено да им се спротивстави на терен, во урбана борба против исламистите. Некои сили на ПМФ, исто така, доброволно се распоредија во Сирија за да се борат против ИСИС и другите џихадисти кои сакаат да ја соборат владата на претседателот Башар ал Асад. И во Ирак и во Сирија, операциите на ПМФ беа клучни за спасување на локалните жители, а особено на малцинствата, од истребување и ропство од страна на терористите. Лабавата структура и врските на ПМФ со Иран им направија проблеми со официјален Вашингтон, кој се обиде (и не успеа) да ги принуди силите на милицијата да се распуштат откако големите операции против ИСИС беа завршени кон крајот на 2017 година. Тензиите меѓу САД и ПМФ драматично се зголемија во 2019 година, откако групата ги обвини САД и Израел за бомбардирање на нивните бази. Тие дополнително ескалираа во 2020 година, откако САД без провокација ги уби заменик-шефот на ПМФ, Абу Махди ал-Мухандис и командантот на Иранската гарда ИРГЦ, Касем Сулејмани во Багдад. Убиствата поттикнаа елементи на милицијата да ветат дека ќе ги протераат американските сили од регионот користејќи кампања со беспилотни летала и ракетни напади. Во октомври 2023 година, ескалацијата на палестинско-израелската криза поттикна делови од ПМФ драматично да ги засилат нападите врз американските бази во Ирак и Сирија како одговор на дипломатската и воената поддршка на САД за официјален Тел Авив. Откако тројца американски војници беа убиени во база на границата меѓу Јордан и Сирија, САД почнаа големи напади врз цели „поддржани од Иран“. Силите на ПМФ потврдија дека десетици нејзини членови биле убиени или повредени „како резултат на кукавичката американска агресија“.

The post Кои се „силите за народна мобилизација“, борците против ИСИС коишто САД сега ги бомбардира во Сирија и Ирак appeared first on Република.

]]>
Најмалку 34 загинати во американските напади во Ирак и Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-34-zaginati-vo-amerikanskite-napadi-vo-irak-i-sirija/ Sat, 03 Feb 2024 14:18:02 +0000 https://republika.mk/?p=740007

Најмалку 34 лица, вклучувајќи и борци на проиранските милиции, загинаа во синоќешните американски воздушни напади во Ирак и Сирија, соопштија денеска властите во Багдад и во Дамаск, пренесува ДПА.

Ирачката влада ги оцени нападите како „еклатантната агресија“ во која загинале 16 лица, меѓу нив и цивили, а 25 се повредени.

Багдад, исто така, негираше дека се координирал со САД за нападите и предупреди дека ваквите активности ќе ја доведат безбедносната ситуација во Ирак и во регионот на „работ на бездната“.

- Американската страна намерно се вклучи во измама и искривување на фактите, наведувајќи дека имало координација со ирачките власти за извршување на оваа агресија - неосновано тврдење направено за да го доведе во заблуда меѓународното јавно мислење и да ја избегне правната одговорност за овој чин, изјави портпарол на ирачката влада.

Ирак соопшти дека ќе го повика в.д. амабасадорот на САД во Багдад за да му врачи официјална протестна нота поради нападите.

Американските напади ги осуди и Иран. Спорее иранското Министерство за надворешни работи, „овие авантуристички напади само ќе доведат до поголема тензија и нестабилност во регионот“.

Техеран ги обвини САД дека се обидуваат да ги прикријат израелските воени злосторства во Газа. Ова беше „стратешка грешка“ на американската администрација и само дополнително ќе го вовлече Вашингтон во конфликтот меѓу Израел и Палестина, се вели во реакцијата на иранското МНР.

Американската војска во петокот соопшти дека нападнала повеќе од 85 цели во Сирија и Ирак, како одговор на нападот на проиранските милиции во кој загинаа тројца американски војници во Јордан минатата недела.

Според воените известувачи, во американските напади загинале најмалку 23 членови на милициите поддржани од Иран во Сирија.

Сириските власи соопштија дека „американската агресија“ оставила неодреден број цивили и војници мртви и предизвикала голема материјална штета.

Сириската државна новинска агенција САНА, повикувајќи се на Министерството за одбрана, објави дека областа која била цел на американските напади, е местото каде што сириската армија се бори против милитантите на Исламската држава.

- Оваа агресија нема никакво оправдување освен обид за слабеење на способностите на сириската армија и нејзините сојузници во борбата против тероризмот, се вели во соопштението на Министерството, што го пренесува САНА.

The post Најмалку 34 загинати во американските напади во Ирак и Сирија appeared first on Република.

]]>

Најмалку 34 лица, вклучувајќи и борци на проиранските милиции, загинаа во синоќешните американски воздушни напади во Ирак и Сирија, соопштија денеска властите во Багдад и во Дамаск, пренесува ДПА. Ирачката влада ги оцени нападите како „еклатантната агресија“ во која загинале 16 лица, меѓу нив и цивили, а 25 се повредени. Багдад, исто така, негираше дека се координирал со САД за нападите и предупреди дека ваквите активности ќе ја доведат безбедносната ситуација во Ирак и во регионот на „работ на бездната“. - Американската страна намерно се вклучи во измама и искривување на фактите, наведувајќи дека имало координација со ирачките власти за извршување на оваа агресија - неосновано тврдење направено за да го доведе во заблуда меѓународното јавно мислење и да ја избегне правната одговорност за овој чин, изјави портпарол на ирачката влада. Ирак соопшти дека ќе го повика в.д. амабасадорот на САД во Багдад за да му врачи официјална протестна нота поради нападите. Американските напади ги осуди и Иран. Спорее иранското Министерство за надворешни работи, „овие авантуристички напади само ќе доведат до поголема тензија и нестабилност во регионот“. Техеран ги обвини САД дека се обидуваат да ги прикријат израелските воени злосторства во Газа. Ова беше „стратешка грешка“ на американската администрација и само дополнително ќе го вовлече Вашингтон во конфликтот меѓу Израел и Палестина, се вели во реакцијата на иранското МНР. Американската војска во петокот соопшти дека нападнала повеќе од 85 цели во Сирија и Ирак, како одговор на нападот на проиранските милиции во кој загинаа тројца американски војници во Јордан минатата недела. Според воените известувачи, во американските напади загинале најмалку 23 членови на милициите поддржани од Иран во Сирија. Сириските власи соопштија дека „американската агресија“ оставила неодреден број цивили и војници мртви и предизвикала голема материјална штета. Сириската државна новинска агенција САНА, повикувајќи се на Министерството за одбрана, објави дека областа која била цел на американските напади, е местото каде што сириската армија се бори против милитантите на Исламската држава. - Оваа агресија нема никакво оправдување освен обид за слабеење на способностите на сириската армија и нејзините сојузници во борбата против тероризмот, се вели во соопштението на Министерството, што го пренесува САНА.

The post Најмалку 34 загинати во американските напади во Ирак и Сирија appeared first on Република.

]]>
САД и Ирак почнаа разговори за заминување на американските војници од земјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-i-irak-pochnaa-razgovori-za-zaminuvane-na-amerikanskite-vojnitsi-od-zemjata/ Sun, 28 Jan 2024 10:41:36 +0000 https://republika.mk/?p=737703

Соединетите Американски Држави и Ирак во Багдад ја одржаа првата седница на разговори за ставање крај на коалицијата за борба против таканаречената Исламска држава.

Во соопштението објавено од коалицијата предводена од САД се наведува дека работните групи составени од официјални лица од двете земји ќе ја проценат заканата од милитантната организација и дека висока воена комисија ќе работи на утврдување на условите за транзиција на мисијата во Ирак.

САД се во Ирак од 2003 година, по што американските борбени сили ја напуштија земјата во 2011 година, но се вратија во 2014 година за да и помогнат на ирачката влада во борбата против терористичката т.н. Исламска држава.

Откако припадниците на терористичката организација ја загубија контролата врз територијата што некогаш ја држеа, ирачките власти периодично повикуваа на повлекување на коалициските сили, потсетува РСЕ.

Багдад особено инсистираше на заминување на трупите на САД по американскиот воздушен напад во јануари 2020 година, во кој иранскиот генерал Касем Сулејмани и водачот на ирачката милиција Абу Махди ал-Мухандис беа убиени пред аеродромот во главниот град на Ирак.

Прашањето повторно се отвори откако Израел почна интензивно да го бомбардира во Појасот Газа по нападот на Хамас врз земјата на 7 октомври.

Од средината на октомври, милиција поддржана од Иран, која себеси се нарекува Исламски отпор во Ирак, често ги напаѓа американските сили во Ирак и Сирија поради поддршката на Вашингтон за Израел во војната во Газа.

Се проценува дека имало повеќе од 150 ракетни и беспилотни напади врз 2.500 американски војници и нивните бази, во кои биле ранети десетици членови на американската мисија во Ирак.

Американските сили возвратија со напади врз милициите, вклучително и некои шиитски паравоени групи кои официјално се под контрола на ирачката армија, по што Багдад оцени дека тоа е нарушување на суверенитетот на Ирак.

Организацијата Исламски отпор во Ирак најави дека ќе продолжи со нападите врз американските сили во таа земја и го оцени навестувањето за повлекување на САД од коалицијата како „доказ дека Американците го разбираат само јазикот на силата“.

Американските власти неодамна изјавија дека разговорите за завршување на коалициската мисија биле во тек уште пред 7 октомври и дека одлуката не е поврзана со нападите.

The post САД и Ирак почнаа разговори за заминување на американските војници од земјата appeared first on Република.

]]>

Соединетите Американски Држави и Ирак во Багдад ја одржаа првата седница на разговори за ставање крај на коалицијата за борба против таканаречената Исламска држава. Во соопштението објавено од коалицијата предводена од САД се наведува дека работните групи составени од официјални лица од двете земји ќе ја проценат заканата од милитантната организација и дека висока воена комисија ќе работи на утврдување на условите за транзиција на мисијата во Ирак. САД се во Ирак од 2003 година, по што американските борбени сили ја напуштија земјата во 2011 година, но се вратија во 2014 година за да и помогнат на ирачката влада во борбата против терористичката т.н. Исламска држава. Откако припадниците на терористичката организација ја загубија контролата врз територијата што некогаш ја држеа, ирачките власти периодично повикуваа на повлекување на коалициските сили, потсетува РСЕ. Багдад особено инсистираше на заминување на трупите на САД по американскиот воздушен напад во јануари 2020 година, во кој иранскиот генерал Касем Сулејмани и водачот на ирачката милиција Абу Махди ал-Мухандис беа убиени пред аеродромот во главниот град на Ирак. Прашањето повторно се отвори откако Израел почна интензивно да го бомбардира во Појасот Газа по нападот на Хамас врз земјата на 7 октомври. Од средината на октомври, милиција поддржана од Иран, која себеси се нарекува Исламски отпор во Ирак, често ги напаѓа американските сили во Ирак и Сирија поради поддршката на Вашингтон за Израел во војната во Газа. Се проценува дека имало повеќе од 150 ракетни и беспилотни напади врз 2.500 американски војници и нивните бази, во кои биле ранети десетици членови на американската мисија во Ирак. Американските сили возвратија со напади врз милициите, вклучително и некои шиитски паравоени групи кои официјално се под контрола на ирачката армија, по што Багдад оцени дека тоа е нарушување на суверенитетот на Ирак. Организацијата Исламски отпор во Ирак најави дека ќе продолжи со нападите врз американските сили во таа земја и го оцени навестувањето за повлекување на САД од коалицијата како „доказ дека Американците го разбираат само јазикот на силата“. Американските власти неодамна изјавија дека разговорите за завршување на коалициската мисија биле во тек уште пред 7 октомври и дека одлуката не е поврзана со нападите.

The post САД и Ирак почнаа разговори за заминување на американските војници од земјата appeared first on Република.

]]>
Вашингтон нареди евакуација на дел од персоналот на амбасадата во Ирак https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vashington-naredi-evakuatsija-na-del-od-personalot-na-ambasadata-vo-irak/ Sun, 22 Oct 2023 18:00:30 +0000 https://republika.mk/?p=693975

САД денеска наредија евакуација на дел од персоналот од нивната амбасада во Багдад, главниот град на Ирак, и нивниот конзулат во Ербил, соопшти американскиот Стејт департмент.

Наредбата, од петокот, но објавена денеска во соопштение, беше издадена „поради зголемена безбедносна закана за персоналот и интересите на САД“.

Во соопштението, исто така, се повикани американските граѓани да не патуваат во Ирак.

The post Вашингтон нареди евакуација на дел од персоналот на амбасадата во Ирак appeared first on Република.

]]>

САД денеска наредија евакуација на дел од персоналот од нивната амбасада во Багдад, главниот град на Ирак, и нивниот конзулат во Ербил, соопшти американскиот Стејт департмент. Наредбата, од петокот, но објавена денеска во соопштение, беше издадена „поради зголемена безбедносна закана за персоналот и интересите на САД“. Во соопштението, исто така, се повикани американските граѓани да не патуваат во Ирак.

The post Вашингтон нареди евакуација на дел од персоналот на амбасадата во Ирак appeared first on Република.

]]>
Огномет на свадба предизвика пожар: Загинаа најмалку 100 луѓе, меѓу нив и младоженците https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ognomet-na-svadba-predizvika-pozhar-zaginaa-najmalku-100-luge-megu-niv-i-mladozhentsite/ Wed, 27 Sep 2023 07:19:45 +0000 https://republika.mk/?p=685482

Најмалку 114 лица загинаа, а 200 се повредени во пожар на свадбена прослава во северната ирачка провинција Ниневија, објавија рано утринава ирачките државни медиуми. Меѓу загинатите се и двајцата младоженци, соопштија властите.

Пожарот се случил во претежно христијанска област во близина на градот Мосул. Пожарот, соопшти локалната цивилна одбрана, ја зафатил големата сала во која се одржувала венчавката, откако за време на прославата бил запален огномет.

Првичните информации покажуваат дека зградата била направена од високо запаливи и евтини градежни материјали, што придонело за брзо уривање на објектот, објавија ирачките државни медиуми, а очевидци на настанот сведочат дека за време на несреќата во објектот имало околу 900 гости. Пожарот најпрво го зафатил таванот, а брзо потоа се проширил низ целата сала. Дел од загинатите или изгореле живи, а дел од задушување.

The post Огномет на свадба предизвика пожар: Загинаа најмалку 100 луѓе, меѓу нив и младоженците appeared first on Република.

]]>

Најмалку 114 лица загинаа, а 200 се повредени во пожар на свадбена прослава во северната ирачка провинција Ниневија, објавија рано утринава ирачките државни медиуми. Меѓу загинатите се и двајцата младоженци, соопштија властите. Пожарот се случил во претежно христијанска област во близина на градот Мосул. Пожарот, соопшти локалната цивилна одбрана, ја зафатил големата сала во која се одржувала венчавката, откако за време на прославата бил запален огномет. Првичните информации покажуваат дека зградата била направена од високо запаливи и евтини градежни материјали, што придонело за брзо уривање на објектот, објавија ирачките државни медиуми, а очевидци на настанот сведочат дека за време на несреќата во објектот имало околу 900 гости. Пожарот најпрво го зафатил таванот, а брзо потоа се проширил низ целата сала. Дел од загинатите или изгореле живи, а дел од задушување.

The post Огномет на свадба предизвика пожар: Загинаа најмалку 100 луѓе, меѓу нив и младоженците appeared first on Република.

]]>
Во Ирак температури од 50 степени Целзиусови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-irak-temperaturi-od-50-stepeni-tselziusovi/ Mon, 14 Aug 2023 13:10:36 +0000 https://republika.mk/?p=672047

Топлотен бран го погоди Ирак, а според локалните медиуми во главниот град Багдад се измерени 50 степени Целзиусови, а дури 51 степен во јужниот дел на земјата. Најкритична е ситуацијата во областите Наџаф, Насирија, Диванија, Самава.

Во некои провинции погодени од топлотниот бран, како што е јужниот дел на Ди Кар, властите го намалија работното време на службениците.

Топлотниот бран вчера го зафати Ирак. Во наредните денови се очекува пад на температурите, но метеоролозите најавуваат дека крајот на септември ќе биде исклучително топол во државата. Електричната мрежа е во лоша состојба и има напојување само неколку часа дневно поради неодржување и капацитет.

Ирак се соочува со четврта година по ред на суша. Според ОН, земјата е една од петте земји во светот најмногу изложени на ефектите од климатските промени.

The post Во Ирак температури од 50 степени Целзиусови appeared first on Република.

]]>

Топлотен бран го погоди Ирак, а според локалните медиуми во главниот град Багдад се измерени 50 степени Целзиусови, а дури 51 степен во јужниот дел на земјата. Најкритична е ситуацијата во областите Наџаф, Насирија, Диванија, Самава. Во некои провинции погодени од топлотниот бран, како што е јужниот дел на Ди Кар, властите го намалија работното време на службениците. Топлотниот бран вчера го зафати Ирак. Во наредните денови се очекува пад на температурите, но метеоролозите најавуваат дека крајот на септември ќе биде исклучително топол во државата. Електричната мрежа е во лоша состојба и има напојување само неколку часа дневно поради неодржување и капацитет. Ирак се соочува со четврта година по ред на суша. Според ОН, земјата е една од петте земји во светот најмногу изложени на ефектите од климатските промени.

The post Во Ирак температури од 50 степени Целзиусови appeared first on Република.

]]>
Ирак го деблокира Телеграм https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/irak-go-deblokira-telegram/ Sun, 13 Aug 2023 13:05:23 +0000 https://republika.mk/?p=671650

Ирачкото Министерство за комуникации денеска соопшти дека ќе ја укине забраната за апликацијата Телеграм, воведена претходно оваа недела поради безбедносни причини и протекување податоци на официјални државни институции и граѓани.

Апликацијата е широко користена во Ирак и исто така е извор на вести и платформа за споделување содржина.

Сепак, некои канали содржат големи количини на лични податоци, вклучувајќи имиња, адреси и семејни врски на Ирачаните.

Во соопштението на Министерството се наведува дека одлуката за укинување на забраната е донесена откако „компанијата сопственик одговорила на барањата на безбедносните органи кои побарале да открие како точно протекле личните податоци“.

 

The post Ирак го деблокира Телеграм appeared first on Република.

]]>

Ирачкото Министерство за комуникации денеска соопшти дека ќе ја укине забраната за апликацијата Телеграм, воведена претходно оваа недела поради безбедносни причини и протекување податоци на официјални државни институции и граѓани. Апликацијата е широко користена во Ирак и исто така е извор на вести и платформа за споделување содржина. Сепак, некои канали содржат големи количини на лични податоци, вклучувајќи имиња, адреси и семејни врски на Ирачаните. Во соопштението на Министерството се наведува дека одлуката за укинување на забраната е донесена откако „компанијата сопственик одговорила на барањата на безбедносните органи кои побарале да открие како точно протекле личните податоци“.  

The post Ирак го деблокира Телеграм appeared first on Република.

]]>
Ирак го деблокира Телеграм откако ги исполниле безбедносните барања https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/irak-go-deblokira-telegram-otkako-gi-ispolnile-bezbednosnite-barana/ Sun, 13 Aug 2023 10:27:27 +0000 https://republika.mk/?p=671613

Ирачкото Министерство за комуникации денеска соопшти дека ќе ја укине забраната за апликацијата Телеграм, воведена претходно оваа недела поради безбедносни причини и протекување податоци на официјални државни институции и граѓани.

Апликацијата е широко користена во Ирак и исто така е извор на вести и платформа за споделување содржина.

Сепак, некои канали содржат големи количини на лични податоци, вклучувајќи имиња, адреси и семејни врски на Ирачаните.

Во соопштението на Министерството се наведува дека одлуката за укинување на забраната е донесена откако „компанијата сопственик одговорила на барањата на безбедносните органи кои побарале да открие како точно протекле личните податоци“.

The post Ирак го деблокира Телеграм откако ги исполниле безбедносните барања appeared first on Република.

]]>

Ирачкото Министерство за комуникации денеска соопшти дека ќе ја укине забраната за апликацијата Телеграм, воведена претходно оваа недела поради безбедносни причини и протекување податоци на официјални државни институции и граѓани. Апликацијата е широко користена во Ирак и исто така е извор на вести и платформа за споделување содржина. Сепак, некои канали содржат големи количини на лични податоци, вклучувајќи имиња, адреси и семејни врски на Ирачаните. Во соопштението на Министерството се наведува дека одлуката за укинување на забраната е донесена откако „компанијата сопственик одговорила на барањата на безбедносните органи кои побарале да открие како точно протекле личните податоци“.

The post Ирак го деблокира Телеграм откако ги исполниле безбедносните барања appeared first on Република.

]]>
Во Ирак откриена фабрика за производство на каптагон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-irak-otkriena-fabrika-za-proizvodstvo-na-kaptagon/ Sun, 16 Jul 2023 20:06:58 +0000 https://republika.mk/?p=662063

Ирачкото Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека открило фабрика за производство на каптагон на југот на земјата, која во последните години стана центар на трговијата со дрога.

„Денеска е откриена лабораторија за производство на каптагон“, соопшти локалното министерство, додавајќи дека фабриката е откриена во провинцијата Мутана, која граничи со Саудиска Арабија.

Министерството соопшти дека фабриката е „опремена со машини за правење каптагон апчиња“, но не прецизираше дали имало апсења.

Се проценува дека во Ирак, кој граничи со Сирија, Саудиска Арабија и Кувајт, има неколку фабрики за производство на оваа синтетичка дрога од групата амфетамини.

Во последните години во Ирак е зголемено производството и потрошувачката на овој наркотик.

The post Во Ирак откриена фабрика за производство на каптагон appeared first on Република.

]]>

Ирачкото Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека открило фабрика за производство на каптагон на југот на земјата, која во последните години стана центар на трговијата со дрога. „Денеска е откриена лабораторија за производство на каптагон“, соопшти локалното министерство, додавајќи дека фабриката е откриена во провинцијата Мутана, која граничи со Саудиска Арабија. Министерството соопшти дека фабриката е „опремена со машини за правење каптагон апчиња“, но не прецизираше дали имало апсења. Се проценува дека во Ирак, кој граничи со Сирија, Саудиска Арабија и Кувајт, има неколку фабрики за производство на оваа синтетичка дрога од групата амфетамини. Во последните години во Ирак е зголемено производството и потрошувачката на овој наркотик.

The post Во Ирак откриена фабрика за производство на каптагон appeared first on Република.

]]>
Бајден за синот што почина од рак вели дека загинал во Ирак https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-za-sinot-shto-pochina-od-rak-veli-deka-zaginal-vo-irak/ Thu, 13 Oct 2022 09:49:50 +0000 https://republika.mk/?p=560510

Американскиот претседател Џо Бајден вчера за време на говорот во Колорадо изјави дека неговиот син Бо го загубил животот во Ирак.

Го кажувам ова како татко на човек кој освои Бронзена ѕвезда, медал за истакната служба и го загуби животот во Ирак – рече Бајден, пренесе Фокс њуз.

Синот на Бајден почина во 2015 година од рак на мозокот.

Во 2019 година, Бајден изјави дека верува дека неговиот син се разболел во Ирак и подоцна умрел.

Мислам дека е така, сè уште не можам да го докажам тоа. Бо се врати од Ирак со глиобластом во четврта фаза. Живееше 18 месеци знаејќи дека ќе умре – рекол Бајден во 2019 година.

Фокс њуз побарале појаснување и коментар од Белата куќа во однос на оваа нова изјава на американскиот претседател.

 

The post Бајден за синот што почина од рак вели дека загинал во Ирак appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден вчера за време на говорот во Колорадо изјави дека неговиот син Бо го загубил животот во Ирак.
Го кажувам ова како татко на човек кој освои Бронзена ѕвезда, медал за истакната служба и го загуби животот во Ирак – рече Бајден, пренесе Фокс њуз.
Синот на Бајден почина во 2015 година од рак на мозокот. Во 2019 година, Бајден изјави дека верува дека неговиот син се разболел во Ирак и подоцна умрел.
Мислам дека е така, сè уште не можам да го докажам тоа. Бо се врати од Ирак со глиобластом во четврта фаза. Живееше 18 месеци знаејќи дека ќе умре – рекол Бајден во 2019 година.
Фокс њуз побарале појаснување и коментар од Белата куќа во однос на оваа нова изјава на американскиот претседател.  

The post Бајден за синот што почина од рак вели дека загинал во Ирак appeared first on Република.

]]>
Протест во Ирак поради недостиг на струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/protest-vo-irak-poradi-nedostig-na-struja/ Mon, 08 Aug 2022 18:14:58 +0000 https://republika.mk/?p=538099

Во знак на протест поради прекин на струја, трет ден по ред десетици луѓе во провинцијата Басра, богата со нафта, излегоа на улица и палеа гуми, блокирајќи го главен пат до главниот град на покраината.

Во Ирак демонстранти блокираат патишта, откако многумина остануваат без електрична енергија за време на летните горештини.

Температурите во земјата достигнаа 50 степени Целзиусови, речиси еднакви со минатогодишниот рекорд.

The post Протест во Ирак поради недостиг на струја appeared first on Република.

]]>

Во знак на протест поради прекин на струја, трет ден по ред десетици луѓе во провинцијата Басра, богата со нафта, излегоа на улица и палеа гуми, блокирајќи го главен пат до главниот град на покраината. Во Ирак демонстранти блокираат патишта, откако многумина остануваат без електрична енергија за време на летните горештини. Температурите во земјата достигнаа 50 степени Целзиусови, речиси еднакви со минатогодишниот рекорд.

The post Протест во Ирак поради недостиг на струја appeared first on Република.

]]>