ираел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/irael/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 20:57:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ираел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/irael/ 32 32 Гутереш: Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах е „прва трошка надеж“ во конфликтот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/guteresh-prekinot-na-ognot-megu-izrael-i-hezbolah-e-prva-troshka-nadezh-vo-konfliktot/ Wed, 27 Nov 2024 21:06:03 +0000 https://republika.mk/?p=842522

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека прекинот на огнот меѓу Израел и либанската група Хезболах претставува „првата трошка надеж“ во регионалниот конфликт по неколкумесечна ескалација.

Гутереш на прес-конференција во Лисабон по разговорите со португалскиот премиер Луис Монтенегро, порача дека исто така е неопходно Израел и Хезболах да бидат целосно посветени на почитување на прекинот на огнот.

Генералниот секретар на ОН повика и на итен прекин на огнот во Појасот Газа.

Примирјето меѓу Израел и Хезболах стапи во сила утринава во 4 часот по локално време, со што завршија речиси 14-месечните борби кои започнаа откако палестинската милитантна група Хамас изврши терористички напад во јужниот дел на Израел во октомври минатата година.

The post Гутереш: Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах е „прва трошка надеж“ во конфликтот appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека прекинот на огнот меѓу Израел и либанската група Хезболах претставува „првата трошка надеж“ во регионалниот конфликт по неколкумесечна ескалација. Гутереш на прес-конференција во Лисабон по разговорите со португалскиот премиер Луис Монтенегро, порача дека исто така е неопходно Израел и Хезболах да бидат целосно посветени на почитување на прекинот на огнот. Генералниот секретар на ОН повика и на итен прекин на огнот во Појасот Газа. Примирјето меѓу Израел и Хезболах стапи во сила утринава во 4 часот по локално време, со што завршија речиси 14-месечните борби кои започнаа откако палестинската милитантна група Хамас изврши терористички напад во јужниот дел на Израел во октомври минатата година.

The post Гутереш: Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах е „прва трошка надеж“ во конфликтот appeared first on Република.

]]>
УЕФА ги одложи сите натпревари во Израел https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/uefa-gi-odlozhi-site-natprevari-vo-izrael/ Sun, 08 Oct 2023 20:20:10 +0000 https://republika.mk/?p=689339

УЕФА реши да ги одложи сите натпревари во Израел поради воената состојба во државата, а наскоро се очекува потврда за тоа кога ќе бидат одиграни истите. УЕФА соопшти кои дуели нема да се одиграат затоа што е загрозена безбедноста во Израел по нападот на Палестинците.

Израел нема да се соочи со Швајцарија на 12 октомври во квалификациите за Европското првенство (ЕП), а исто така е одложена средбата и меѓу Израел и Естонија, како и Израел и Германија во ЕП до 21 година.

Нема да се игра ниту мини турнирот на ЕП до 17 години од 11 до 17 октомври на кој требаше да настапат Израел, Белгија, Гибралтар и Велс. УЕФА во следните денови треба да донесе одлука дали мечот меѓу Косово и Израел ќе се одигра на 15 октомври или ќе биде одложен. Од Европската куќа на фудбалот соопштија дека ги следат случувањата во Израел и навремено ќе донесат одлуки за новите датуми на натпреварите.

The post УЕФА ги одложи сите натпревари во Израел appeared first on Република.

]]>

УЕФА реши да ги одложи сите натпревари во Израел поради воената состојба во државата, а наскоро се очекува потврда за тоа кога ќе бидат одиграни истите. УЕФА соопшти кои дуели нема да се одиграат затоа што е загрозена безбедноста во Израел по нападот на Палестинците. Израел нема да се соочи со Швајцарија на 12 октомври во квалификациите за Европското првенство (ЕП), а исто така е одложена средбата и меѓу Израел и Естонија, како и Израел и Германија во ЕП до 21 година. Нема да се игра ниту мини турнирот на ЕП до 17 години од 11 до 17 октомври на кој требаше да настапат Израел, Белгија, Гибралтар и Велс. УЕФА во следните денови треба да донесе одлука дали мечот меѓу Косово и Израел ќе се одигра на 15 октомври или ќе биде одложен. Од Европската куќа на фудбалот соопштија дека ги следат случувањата во Израел и навремено ќе донесат одлуки за новите датуми на натпреварите.

The post УЕФА ги одложи сите натпревари во Израел appeared first on Република.

]]>