ипрад 3 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/iprad-3/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Dec 2023 20:26:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ипрад 3 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/iprad-3/ 32 32 Маричиќ од Гевгелија: Интеграцијата во ЕУ носи повеќе за сите! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/marichik-od-gevgelija-integratsijata-vo-eu-nosi-poveke-za-site/ Thu, 21 Dec 2023 20:30:03 +0000 https://republika.mk/?p=725459

Самиот процес на интеграција носи повеќе за сите и досега само преку ИПА програмата ЕУ има инвестирано преку 813 милиони евра, а полноправното членството во ЕУ носи уште повеќе за сите, рече секретарот за меѓународна соработка и вицепремиер Бојан Маричиќ на вечерашната трибина Повеќе за сите во Гевгелија.

-Од овие 813 милиони евра досега инвестирани од страна на ЕУ кај нас преку 42 милиони се реализирани во овој наш јужен регион. Дополнително преку ИПАРД 3 програма ЕУ обезбедува поддршка за модернизација на македонското земјоделство од 97 милиони евра. Нашата политика за остварување на стратешката цел за целосна интеграција во ЕУ значи пристап до уште поголеми средства во сите сектори, економијата, енергетиката, животната средина. Затоа кога велиме повеќе за сите мислиме и на членството во ЕУ, рече Маричиќ.

Блокадите на нашиот европски пат имаат име и презиме а тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Иако имавме успешен скрининг не започна отворањето поглавја поради активната блокада на опозицијата. Овие блокади се на директна штета на земјата и значат блокада за милиони евра фондови од Унијата кои можат да ни бидат на располагање и мора да ги поразиме заедно и да ја внесеме земјата во ЕУ, рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ на трибината Повеќе за сите во Гевгелија.

The post Маричиќ од Гевгелија: Интеграцијата во ЕУ носи повеќе за сите! appeared first on Република.

]]>

Маричиќ: ИПАРД 3 е нова страница во развојот на македонското земјоделство и доказ зошто треба да станеме членка на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/marichik-ipard-3-e-nova-stranitsa-vo-razvojot-na-makedonskoto-zemjodelstvo-i-dokaz-zoshto-treba-da-staneme-chlenka-na-eu/ Tue, 02 May 2023 20:40:17 +0000 https://republika.mk/?p=636175

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска го отвори настанот со кој официјално почна кампањата за ИПАРД 3 програмата велејќи дека оваа програма е нова страница станица во развојот на македонското земјоделство и ќе ни даде добра основа за многу повеќе и поголеми структурни европски фондови, бидејќи тоа го носи членството во Унијата.

- Ова е потврда и најсилен доказ зошто сме и зошто треба да останеме на европскиот пат. ИПАРД е успешна европска приказна и подготвени сме да ја продолжиме со ИПАРД 3, со зголемени неповратни европски средства, за уште поголеми инвестиции и модернизација на македонското земјоделство, рече Маричиќ.

Вицепремиерот Маричиќ во своето обраќање кажа дека ИПАРД програмата е многу важна алатка за поддршка на земјоделскиот сектор, за имплементација на конкретни мерки и доближување на македонските производи на европскиот пазар, укажувајќи дека благодарение на европските средства и имплементацијата на ИПАРД програмата резултатите на терен се видливи.

- Препознаени сме во ЕУ како лидери во регионот по искористеноста на средствата од ИПАРД 2 програмата, со висок процент на искористеност од 98%. Затоа заслужено сме наградени од страна на Европската комисија со дополнителни 62% неповратната ЕУ поддршка за новата ИПАРД 3 програма 2021 – 2027 година. Тоа значи неповратни 97 милиони евра европски средства се ставаат на располагање за нови инвестиции, развој и модернизација на македонското земјоделство, истакна Маричиќ.

Според него „без посилно и поконкурентно земјоделство, нема да бидеме подготвени да се натпреваруваме на големиот европски пазар“, и затоа како што вели Маричиќ потребно е на земјоделците да им се обезбедат вистинските алатки со кои ќе ги искористуваат максимално европските средства наменети за подобра механизација и модернизација на производството.

Маричиќ укажа во своето обраќање дека секое евро, секој расположлив фонд мора Македонија да го искористи за подобрување на нашето земјоделско производство, што ќе придонесе да сме поконкурентни на европскиот пазар и подобро да се подготвиме за Кластер 5 кој е поврзан со прашањето за кохезија и земјоделска политика.

- Користењето на средствата од ИПАРД Програмата е прашање од заеднички интерес со Европската Унија, бидејќи земјоделството е една од клучните области на економијата што придонесува за стабилност и просперитет во Европа, рече вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ.

Тој порача „сите да бидеме позитивни и да гледаме кон подобра иднина“, бидејќи ЕУ нуди на секого нешто и секоја земја ја пронаоѓа својата придобивка од членството во ЕУ, која пред сè е проект на мир, стабилност, а потоа и економски просперитет.

Настанот кој се одржа во хотел Лимак беше најава за почеток на интензивна теренска информативна кампања во сите региони, во следните два месеци. Предвидено е да се посетуваат по две населена места дневно, а првиот повик од ИПАРД 3 програмата треба да биде објавен кон крајот на јуни.

The post Маричиќ: ИПАРД 3 е нова страница во развојот на македонското земјоделство и доказ зошто треба да станеме членка на ЕУ appeared first on Република.

Ковачевски: Македонија лидер по искористеност на средствата од ИПАРД https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-makedonija-lider-po-iskoristenost-na-sredstvata-od-ipard/ Mon, 23 Jan 2023 15:45:26 +0000 https://republika.mk/?p=600079

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски, денеска беа во посета на компанијата „Метро“, која со помош на ИПАРД Програмата вложила во осовременување и високи технологии како би ги зголемиле своите капацитети. Со финансиска поддршка за мерките за рурален развој, компанијата „Метро“ изминативе пет години значително го прошириле асортиманот и партнерската мрежа во регионот и го зголемиле извозот на нивните производи. Владата последните години сериозно пристапи кон ИПАРД Програмата, верувајќи во потенцијалот на земјоделците, заложувајќи се подеднакво да се развива секој дел од државата. Република Македонија изминативе години стана лидер во регионот по искористеност на ИПАРД средствата. Успешните земјоделски политики на Владата ги потврди и Европската комисија и затоа преку ИПАРД 3 Програмата земјата доби зголемување од 62% неповратни средства од ЕУ.

Од земја која не ги искористуваше парите од европските фондови и ги враќаше назад, Македонија ја направивме земја лидер по искористеност на средствата од ИПАРД Програмата. Кој било град или село да го посетите скоро секаде ќе наидете на табла дека некој проект е реализиран со средства од ИПАРД. За нас е многу важно што сето тоа го гледаат нашите пријатели од меѓународната заедница, ја добиваме нивната поддршка кон градење на економски силна и профитабилна земја, конкурентна на меѓународните пазари. Во ИПАРД 2 Програмата ЕУ за Македонија даде 60 милиони евра, за ИПАРД 3, Европската Унија на нашата земја ѝ одобри 97 милиони евра. Тоа се неповратни пари, тоа не е задолжување на нашите граѓани, тие пари на ЕУ не треба да ѝ ги вратиме. Заедно со кофинансирањето од државата и апликантите вкупната вредност на Програмата ИПАРД 3 достигнува 210 милиони евра, средства наменети за инвестиции во следните 7 години. За уште поголем интерес и реализација на новата ИПАРД 3 Програма предвидуваме и можност за авансна исплата до 50% од финансиската поддршка преку ИПАРД 3 Програмата“, изјави премиерот Ковачевски.

Министерот Николовски, истакна дека Владата и Министерството ќе се залагаат за уште поголема вклученост во новата ИПАРД 3 Програма. Преку ИПАРД Програмата, може да се набавува модерна земјоделска механизација, опрема за производство и преработка со највисоки технологии, изградба или проширување на производствените капацитети, средствата се наменети за поддршка за туризмот, како и за рурален развој.

Она што како нова мерка со новата ИПАРД 3 Програма го предвидуваме е и можноста за авансна исплата до 50% од финансиската поддршка преку ИПАРД 3 Програмата. На овој начин помагаме апликантите да можат веднаш и побрзо да започнат со реализација на својот ИПАРД проект. Нашата цел е уште поголема реализација и склучени договори со новата ИПАРД 3 Програма, токму затоа во наредниот период тимови на Министерството и Агенцијата заеднички на терен директно пред граѓаните ќе ги презентираме сите можности кои се ставаат на располагање со мерките од ИПАРД 3 Програмата“, изјави министерот Николовски.

Директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски рече дека со искористувањето на средствата од ИПАРД Програмата се модернизира земјоделската механизација, се воведуваат нови технологии во производството и се зголемува бројот на домашните преработувачки капацитети, како и на малите бизниси кои оперираат во руралните средини.

The post Ковачевски: Македонија лидер по искористеност на средствата од ИПАРД appeared first on Република.

Ковачевски: Владините мерки и ИПАРД програмата даваат резултати https://arhiva3.republika.mk/vesti/kovachevski-vladinite-merki-i-ipard-programata-davaat-rezultati/ Fri, 20 Jan 2023 14:08:09 +0000 https://republika.mk/?p=599160

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Ресен ја посети фабриката „Деалтаск Фреш“, која е позитивен пример како преку максимална искористеност на владини мерки и програми, како и на ИПАРД Програмата, може да се развие и зајакне македонското производство. Ковачевски истакна дека компаниите и земјоделците ги препознаваат придобивките од ИПАРД, а „Деалтаск Фреш“, е уште една успешна ИПАРД приказна. Компанијата, парите од европските фондови ги инвестирала во модерна опрема, а исто така оваа компанија е дел од зелената трансформација на државата, и тие инвестирале во фотоволтаици, препознавајќи ја исплатливоста на оваа инвестицијата посебно во услови на енергетска криза.

Потврда за нашата одговорност и сериозниот пристап кон европските фондови, е што Владата предводена од СДСМ во период од 2017 до 2022 година има склучено 2.363 договори со финансиска поддршка од 80 милиони евра од кои 60 милиони се од Европската Унија, а 20 милиони евра се национално кофинансирање. Ние сме единствена Влада досега која плански располага со средства и во целост ги користи парите од ИПАРД програмата. Парите во целост ги насочуваме кон земјоделците, бидејќи на долг рок тоа значи профитабилно и конкурентно земјоделство, но и основа за развој на македонската економија.

Политиките што ги креира Владата се сеопфатни и никого не изоставуваат, без разлика дали станува збор за проекти за развој на општините, за мерки за ублажување од енергетската криза, дали се работи за програми од европски фондови, ние мислиме на секого, затоа што сите граѓани за нас се подеднакво важни, изјави премиерот.

The post Ковачевски: Владините мерки и ИПАРД програмата даваат резултати appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Ресен ја посети фабриката „Деалтаск Фреш“, која е позитивен пример како преку максимална искористеност на владини мерки и програми, како и на ИПАРД Програмата, може да се развие и зајакне македонското производство. Ковачевски истакна дека компаниите и земјоделците ги препознаваат придобивките од ИПАРД, а „Деалтаск Фреш“, е уште една успешна ИПАРД приказна. Компанијата, парите од европските фондови ги инвестирала во модерна опрема, а исто така оваа компанија е дел од зелената трансформација на државата, и тие инвестирале во фотоволтаици, препознавајќи ја исплатливоста на оваа инвестицијата посебно во услови на енергетска криза. Потврда за нашата одговорност и сериозниот пристап кон европските фондови, е што Владата предводена од СДСМ во период од 2017 до 2022 година има склучено 2.363 договори со финансиска поддршка од 80 милиони евра од кои 60 милиони се од Европската Унија, а 20 милиони евра се национално кофинансирање. Ние сме единствена Влада досега која плански располага со средства и во целост ги користи парите од ИПАРД програмата. Парите во целост ги насочуваме кон земјоделците, бидејќи на долг рок тоа значи профитабилно и конкурентно земјоделство, но и основа за развој на македонската економија. Политиките што ги креира Владата се сеопфатни и никого не изоставуваат, без разлика дали станува збор за проекти за развој на општините, за мерки за ублажување од енергетската криза, дали се работи за програми од европски фондови, ние мислиме на секого, затоа што сите граѓани за нас се подеднакво важни, изјави премиерот.

The post Ковачевски: Владините мерки и ИПАРД програмата даваат резултати appeared first on Република.

]]>
МЗШВ: До 21 септември се продолжува рокот за аплицирање по мерката 3 од ИПАРД 2 програмата – Ја зголемуваме и поддршката на 5,7 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mzshv-do-21-septemvri-se-prodolzuva-rokot-za-apliciranje-po-merkata-3-od-ipard-2-programata-ja-zgolemuvame-i-poddrshkata-na-5-7-milioni-evra/ Sat, 03 Sep 2022 14:43:31 +0000 https://republika.mk/?p=547112

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува заинтересираните апликанти по мерката 3 од ИПАРД 2 програмата, дека по укажување на Телото за управување со ИПАРД преку одржаните информативни состаноци, за 15 дена се продолжува рокот за аплицирање на јавниот повик за мерката 3 од ИПАРД 2 програмата. Новиот краен рок за аплицирање по оваа мерка сега е 21 септември 2022 година.

Продолжувањето на рокот се врши по барање на заинтересираните апликнти, како би можеле навремено и во целост да ја комплетираат потребната документација за аплицирање по оваа мерка.

Јавниот повик за мерката 3 од ИПАРД 2 програмата се однесува за финансиска поддршка за инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи. Конкретно средства од оваа мерка се наменети за поддршка на проекти кои предвидуваат инвестиции за преработка и производство на млеко и млечни производи, месо и месни производи, овошје и зеленчук, преработка на житарици, производство на мелнички продукти, растителни производи и масла, маснотии од животни како и производство на вино.

Исто така со измените вкупната сума на финасиската поддршка за оваа мерка се зголемува од 5.028.568 евра на 5.785.728 евра, однсно 75% средства обезбедени преку ИПАРД програмата и 25% средства обезбедени од буџетот на Република Македонија.

Сите заинтересирани апликанти ќе можат да аплицираат со проекти за набавка на машини и опрема за производство и преработка, како и проекти кои предвидуваат поставување, односно инсталирање на фотонапонски панели за производство на енергија од сопствени потреби. Прифатливи корисници се сите правни лица кои влегуваат во рангот на микро, мали или средни претпријата.

Финансиските средствата по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка, (грант) во износ до 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите.

Република Македонија стана земја лидер во регионот по искористеност на ИПАРД средствата, со висок процент од 97% искрористеност на неповратните средства за поддршка на земјоделството и руралниот развој. Успешноста во реализацијата на овие проекти и успешните земјоделски политики ја потврди и Европската Комисија преку зголемувањето за 62%, односно на  97 милиони евра неповратни средства од Европската Унија за новата ИПАРД 3 програмата.

The post МЗШВ: До 21 септември се продолжува рокот за аплицирање по мерката 3 од ИПАРД 2 програмата – Ја зголемуваме и поддршката на 5,7 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува заинтересираните апликанти по мерката 3 од ИПАРД 2 програмата, дека по укажување на Телото за управување со ИПАРД преку одржаните информативни состаноци, за 15 дена се продолжува рокот за аплицирање на јавниот повик за мерката 3 од ИПАРД 2 програмата. Новиот краен рок за аплицирање по оваа мерка сега е 21 септември 2022 година. Продолжувањето на рокот се врши по барање на заинтересираните апликнти, како би можеле навремено и во целост да ја комплетираат потребната документација за аплицирање по оваа мерка. Јавниот повик за мерката 3 од ИПАРД 2 програмата се однесува за финансиска поддршка за инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи. Конкретно средства од оваа мерка се наменети за поддршка на проекти кои предвидуваат инвестиции за преработка и производство на млеко и млечни производи, месо и месни производи, овошје и зеленчук, преработка на житарици, производство на мелнички продукти, растителни производи и масла, маснотии од животни како и производство на вино. Исто така со измените вкупната сума на финасиската поддршка за оваа мерка се зголемува од 5.028.568 евра на 5.785.728 евра, однсно 75% средства обезбедени преку ИПАРД програмата и 25% средства обезбедени од буџетот на Република Македонија. Сите заинтересирани апликанти ќе можат да аплицираат со проекти за набавка на машини и опрема за производство и преработка, како и проекти кои предвидуваат поставување, односно инсталирање на фотонапонски панели за производство на енергија од сопствени потреби. Прифатливи корисници се сите правни лица кои влегуваат во рангот на микро, мали или средни претпријата. Финансиските средствата по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка, (грант) во износ до 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите. Република Македонија стана земја лидер во регионот по искористеност на ИПАРД средствата, со висок процент од 97% искрористеност на неповратните средства за поддршка на земјоделството и руралниот развој. Успешноста во реализацијата на овие проекти и успешните земјоделски политики ја потврди и Европската Комисија преку зголемувањето за 62%, односно на  97 милиони евра неповратни средства од Европската Унија за новата ИПАРД 3 програмата.  

The post МЗШВ: До 21 септември се продолжува рокот за аплицирање по мерката 3 од ИПАРД 2 програмата – Ја зголемуваме и поддршката на 5,7 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Европските пари се поддршка на нашите земјоделци и македонските вина и храна https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/marichikj-evropskite-pari-se-poddrshka-na-nashite-zemjodelci-i-makedonskite-vina-i-hrana/ Sun, 28 Aug 2022 12:11:31 +0000 https://republika.mk/?p=544929

Благодарение на континуираната поддршка од европските фондови, што нашите земјоделци ја добиваат, македонските вина и храна имаат свој препознатлив печат и се почитувани не само на Балканот, туку и низ светот, вели заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

На својот Фејсбук-профил, Маричиќ пишува дека Европската комисија веќе ја има усвоено програмата ИПАРД 3 во која се доделени 97 милиони евра европски средства. Тие ќе се искористат за поддршка на инвестиции во нова земјоделска механизација, изградба на сточарски и живинарски фарми, винарии, млекари, кланици, ладилници, инвестиции во рурален туризам, поддршка за мали бизниси во рурални средини и подобрување на руралната инфраструктура.

Во пресрет на одржувањето на Саемот за вино, храна и туризам, во рамки на „Отворен Балкан“ од 1 до 4 септември во Белград, каде ќе може да се вкусат и искусат автентичните македонски вина и храна, Маричиќ вели дека виното е еден од нашите најважни стратешки производи и втор најизвезуван во Европската Унија, која е најзначаен партнер во трговијата со земјоделско-прехранбени производи на Македонија

-Со членството во Унијата, во областа на вино и храна, ќе се овозможи македонските земјоделци да имаат слободен пристап на единствениот пазар на ЕУ. Македонија да биде дел од Европската економска зона и од единствениот пазар на државите членки на ЕУ, со што се отвораат нови можности за македонските производители. Да регистрираме и заштитуваме земјоделски производи, кои се веќе регистрирани и заштитени со национални ознаки на потекло, географско потекло или гарантиран традиционален специјалитет, пишува вицепремиерот.

Тој додава дека македонските земјоделци, исто така, ќе имаат пристап до значаен дел од фондовите на ЕУ, кои ќе бидат на располагање за финансирање на руралниот развој, со кои ќе имаат можност за полесно модернизирање на земјоделството и производство на многу поквалитетни и поконкурентни производи.

-Се овозможува и отворен пазар за произведената македонска храна, како и подобрен квалитет и хигиена на храната, 100 проценти безбедна, сигурна и конкурентна на европскиот пазар, се вели во Фејсбук објавата на вицепремиерот Бојан Маричиќ.

The post Маричиќ: Европските пари се поддршка на нашите земјоделци и македонските вина и храна appeared first on Република.

]]>

Благодарение на континуираната поддршка од европските фондови, што нашите земјоделци ја добиваат, македонските вина и храна имаат свој препознатлив печат и се почитувани не само на Балканот, туку и низ светот, вели заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ. На својот Фејсбук-профил, Маричиќ пишува дека Европската комисија веќе ја има усвоено програмата ИПАРД 3 во која се доделени 97 милиони евра европски средства. Тие ќе се искористат за поддршка на инвестиции во нова земјоделска механизација, изградба на сточарски и живинарски фарми, винарии, млекари, кланици, ладилници, инвестиции во рурален туризам, поддршка за мали бизниси во рурални средини и подобрување на руралната инфраструктура. Во пресрет на одржувањето на Саемот за вино, храна и туризам, во рамки на „Отворен Балкан“ од 1 до 4 септември во Белград, каде ќе може да се вкусат и искусат автентичните македонски вина и храна, Маричиќ вели дека виното е еден од нашите најважни стратешки производи и втор најизвезуван во Европската Унија, која е најзначаен партнер во трговијата со земјоделско-прехранбени производи на Македонија