ИОК Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/iok/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Jul 2024 14:38:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ИОК Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/iok/ 32 32 ИОК за превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/iok-za-prevrteno-olimpisko-zname-zhalime-za-ovoj-intsident-no-ova-ne-e-kraj-na-svetot/ Sat, 27 Jul 2024 13:58:17 +0000 https://republika.mk/?p=800776

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ја коментираше ситуацијата со превртеното знаме на отворањето на Игрите во 2024 година.

Олимпиското знаме беше обесено наопаку за време на отворањето на Олимпијадата во Париз.

Знамето беше неправилно закачено на јарболот, поради што се издигна со два круга нагоре, а не како во класичната верзија со три.

-Жалиме за овој инцидент. Сè може да се случи за време на организацијата. Продолжуваме да одиме напред, ова не е крај на светот, изјави Марк Адамс - директорот за комуникации на ИОК.

Игрите во Париз ќе траат до 11 август.

The post ИОК за превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот appeared first on Република.

]]>

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ја коментираше ситуацијата со превртеното знаме на отворањето на Игрите во 2024 година. Олимпиското знаме беше обесено наопаку за време на отворањето на Олимпијадата во Париз. Знамето беше неправилно закачено на јарболот, поради што се издигна со два круга нагоре, а не како во класичната верзија со три. -Жалиме за овој инцидент. Сè може да се случи за време на организацијата. Продолжуваме да одиме напред, ова не е крај на светот, изјави Марк Адамс - директорот за комуникации на ИОК. Игрите во Париз ќе траат до 11 август.

The post ИОК за превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот appeared first on Република.

]]>
Русија го обвини Интернационалниот олимписки комитет за расизам и неонацизам https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/rusija-go-obvini-internatsionalniot-olimpiski-komitet-za-rasizam-i-neonatsizam/ Wed, 20 Mar 2024 14:40:46 +0000 https://republika.mk/?p=756770

Русија денеска го обвини Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) за „расизам и неонацизам“, откако Комитетот вчера објави нови ограничувања за руските спортисти кои ќе се натпреваруваат на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз оваа година.

ИОК вчера ја обвини Русија дека го политизира спортот со планираните Игри на пријателство во Москва, кои се замислени како ривалски настан на ЛОИ.

Покрај тоа, ИОК вчера соопшти дека руските и белоруските спортисти кои ќе учествуваат на Олимписките игри нема да смеат да маршираат на свеченото отворање на 26 јули.

Овие одлуки покажуваат до кој степен ИОК е оддалечен од принципите, за кои тврди дека се придржува и како тоне во расизам и неонацизам, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Кремљ денеска го обвини ИОК дека се обидува да ги заплаши спортистите кои сакаат да учествуваат на Игрите на пријателство, бидејќи висок претставник на ИОК изјави дека не ја исклучува можноста за санкции против тие спортисти.

 

The post Русија го обвини Интернационалниот олимписки комитет за расизам и неонацизам appeared first on Република.

]]>

Русија денеска го обвини Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) за „расизам и неонацизам“, откако Комитетот вчера објави нови ограничувања за руските спортисти кои ќе се натпреваруваат на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз оваа година. ИОК вчера ја обвини Русија дека го политизира спортот со планираните Игри на пријателство во Москва, кои се замислени како ривалски настан на ЛОИ. Покрај тоа, ИОК вчера соопшти дека руските и белоруските спортисти кои ќе учествуваат на Олимписките игри нема да смеат да маршираат на свеченото отворање на 26 јули.
Овие одлуки покажуваат до кој степен ИОК е оддалечен од принципите, за кои тврди дека се придржува и како тоне во расизам и неонацизам, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Кремљ денеска го обвини ИОК дека се обидува да ги заплаши спортистите кои сакаат да учествуваат на Игрите на пријателство, бидејќи висок претставник на ИОК изјави дека не ја исклучува можноста за санкции против тие спортисти.  

The post Русија го обвини Интернационалниот олимписки комитет за расизам и неонацизам appeared first on Република.

]]>
Претседателот на ИОК, Бах, во посета на Скопје https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pretsedatelot-na-iok-bah-vo-poseta-na-skopje/ Fri, 10 Jun 2022 16:49:17 +0000 https://republika.mk/?p=513617

Средби со шефот на државата Стево Пендаровски и претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК) Даниел Димевски оствари денеска во Скопје првиот човек на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах, по повод 30. годишнината од основањето на МОК и 51. Генерално собрание на Европските олимписки комитети.

Димевски и Бах, како што е соопштено, договорија многу нови проекти за развој на МОК, а првиот човек на ИОК свечено ја отвори Лабораторијата на МОК за постигнување врвни спортски резултати, која е создадена да го следи психо-физичкиот развој на најдобрите македонски спортисти, но и да го унапреди истиот, како и да ги дијагностицира и менаџира однапред сите можни спортски повреди.

Претседателот на ИОК, Томас Бах воодушевен од сето она што го виде во Скопје и воопшто како се развива МОК и македонскиот спорт, на претседателот на МОК Димевски му ја врачи престижната награда – ИОК трофеј „Олимписка куќа“, соопшти МОК.

Претседателите Бах и Димевски, заедно со претседателот на Европскиот олимписки комитет, Спирос Капралос, остварија средба и со македонскиот претседател Стево Пендаровски на која се разговараше за многу проекти од заеднички интерес.

Бах, притоа, вети дека МОК и македонскиот спорт ќе биде уште повеќе поддржан од ИОК.

The post Претседателот на ИОК, Бах, во посета на Скопје appeared first on Република.

]]>

Средби со шефот на државата Стево Пендаровски и претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК) Даниел Димевски оствари денеска во Скопје првиот човек на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах, по повод 30. годишнината од основањето на МОК и 51. Генерално собрание на Европските олимписки комитети. Димевски и Бах, како што е соопштено, договорија многу нови проекти за развој на МОК, а првиот човек на ИОК свечено ја отвори Лабораторијата на МОК за постигнување врвни спортски резултати, која е создадена да го следи психо-физичкиот развој на најдобрите македонски спортисти, но и да го унапреди истиот, како и да ги дијагностицира и менаџира однапред сите можни спортски повреди. Претседателот на ИОК, Томас Бах воодушевен од сето она што го виде во Скопје и воопшто како се развива МОК и македонскиот спорт, на претседателот на МОК Димевски му ја врачи престижната награда – ИОК трофеј „Олимписка куќа“, соопшти МОК. Претседателите Бах и Димевски, заедно со претседателот на Европскиот олимписки комитет, Спирос Капралос, остварија средба и со македонскиот претседател Стево Пендаровски на која се разговараше за многу проекти од заеднички интерес. Бах, притоа, вети дека МОК и македонскиот спорт ќе биде уште повеќе поддржан од ИОК.

The post Претседателот на ИОК, Бах, во посета на Скопје appeared first on Република.

]]>
ИОК бара да се откажат сите спортски натпреварувања во Русија и Белорусија https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/iok-bara-da-se-otkazat-site-sportski-natprevaruvanja-vo-rusija-i-belorusija/ Fri, 25 Feb 2022 21:45:41 +0000 https://republika.mk/?p=464048

Интернациналниот олимписки комитет (ИОК) ги повика сите спортски организации да ги откажат или одложат натпреварите што планирале да ги организираат во Русија и Белорусија и да престанат да ги користат знамињата и химните на тие земји.

ИОК го испрати барањето поради воената интервенција на Русија во Украина, а откако Европската фудбалска унија (УЕФА) му ја одзеде организацијата на финалниот натпревар од Лигата на шампионите од Санкт Петербург и ја префрли во Париз и откако управата на Формула 1 ја откажа трката за Големата награда на Русија во Сочи.

Исто така, Меѓународната скијачка федерација (ФИС) денеска ги откажа сите натпреварувања во Русија до крајот на сезоната.

Русија го прекрши олимпиското примирје со нападот на Украина во четвртокот, само четири дена по завршувањето на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Ова е трет пат во последните 14 години Русија да го прекрши олимпиското примирје, откако ја нападна Грузија за време на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година и го анектираше Крим набргу по завршувањето на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година.

ИОК соопшти дека управните тела на светскиот спорт „треба да го земат предвид кршењето на олимпиското примирје меѓу руската и белоруската влада“ и дека „апсолутен приоритет мора да биде безбедноста на спортистите“.

Знамињата и химните не треба да се користат на претстојните натпревари. ИОК ја изразува својата длабока загриженост за безбедноста на олимписката заедница во Украина и целосно ја поддржува, се вели во соопштението на ИОК.

ИОК му даде целосна поддршка на Меѓународниот параолимписки комитет пред Зимските игри, кои почнуваат на 4 март во Пекинг.

The post ИОК бара да се откажат сите спортски натпреварувања во Русија и Белорусија appeared first on Република.

]]>

Интернациналниот олимписки комитет (ИОК) ги повика сите спортски организации да ги откажат или одложат натпреварите што планирале да ги организираат во Русија и Белорусија и да престанат да ги користат знамињата и химните на тие земји. ИОК го испрати барањето поради воената интервенција на Русија во Украина, а откако Европската фудбалска унија (УЕФА) му ја одзеде организацијата на финалниот натпревар од Лигата на шампионите од Санкт Петербург и ја префрли во Париз и откако управата на Формула 1 ја откажа трката за Големата награда на Русија во Сочи. Исто така, Меѓународната скијачка федерација (ФИС) денеска ги откажа сите натпреварувања во Русија до крајот на сезоната. Русија го прекрши олимпиското примирје со нападот на Украина во четвртокот, само четири дена по завршувањето на Зимските олимписки игри во Пекинг. Ова е трет пат во последните 14 години Русија да го прекрши олимпиското примирје, откако ја нападна Грузија за време на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година и го анектираше Крим набргу по завршувањето на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година. ИОК соопшти дека управните тела на светскиот спорт „треба да го земат предвид кршењето на олимпиското примирје меѓу руската и белоруската влада“ и дека „апсолутен приоритет мора да биде безбедноста на спортистите“.
Знамињата и химните не треба да се користат на претстојните натпревари. ИОК ја изразува својата длабока загриженост за безбедноста на олимписката заедница во Украина и целосно ја поддржува, се вели во соопштението на ИОК.
ИОК му даде целосна поддршка на Меѓународниот параолимписки комитет пред Зимските игри, кои почнуваат на 4 март во Пекинг.

The post ИОК бара да се откажат сите спортски натпреварувања во Русија и Белорусија appeared first on Република.

]]>
ИОК: Омикрон нема да ги загрози Зимските олимписки игри во Пекинг https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/iok-omikron-nema-da-gi-zagrozi-zimskite-olimpiski-igri-vo-peking/ Thu, 13 Jan 2022 09:53:24 +0000 https://republika.mk/?p=444057

Откако организаторите на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг изразија загриженост поради растот на бројот на инфекции со Омикрон во Кина, директорот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), Пјер Дукре изјави оти новиот сој на коронавирусот не претставува закана за ЗОИ кои ќе почнат на 4 февруари.

Не постои загриженост дека омикрон ќе влијае на текот на Игрите. Кина може да спроведе голем број тестирања во многу краток временски период, а бројот на учесници не претставува закана за домаќините, посочи Дукре.

Кинеските организатори на ЗОИ инсистираат на задолжително вакцинирање против коронавирусот со две дози или строг тринеделен карантин за сите учесници на Игрите.

Сите акредитирани лица, вклучувајќи ги спортистите, официјалните претставници, новинарите како и другиот персонал ќе мораат секојдневно да се тестираат на коронавирусот за време на нивниот престој во олимпиското село.

The post ИОК: Омикрон нема да ги загрози Зимските олимписки игри во Пекинг appeared first on Република.

]]>

Откако организаторите на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг изразија загриженост поради растот на бројот на инфекции со Омикрон во Кина, директорот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), Пјер Дукре изјави оти новиот сој на коронавирусот не претставува закана за ЗОИ кои ќе почнат на 4 февруари.
Не постои загриженост дека омикрон ќе влијае на текот на Игрите. Кина може да спроведе голем број тестирања во многу краток временски период, а бројот на учесници не претставува закана за домаќините, посочи Дукре.
Кинеските организатори на ЗОИ инсистираат на задолжително вакцинирање против коронавирусот со две дози или строг тринеделен карантин за сите учесници на Игрите. Сите акредитирани лица, вклучувајќи ги спортистите, официјалните претставници, новинарите како и другиот персонал ќе мораат секојдневно да се тестираат на коронавирусот за време на нивниот престој во олимпиското село.

The post ИОК: Омикрон нема да ги загрози Зимските олимписки игри во Пекинг appeared first on Република.

]]>