инженери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/inzheneri/ За подобро да се разбереме Mon, 05 Feb 2024 12:07:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png инженери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/inzheneri/ 32 32 Македонски инженери им пишаа на пратениците: Не гласајте за енергетска зависност на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedonski-inzheneri-im-pishaa-na-pratenitsite-ne-glasajte-za-energetska-zavisnost-na-makedonija/ Mon, 05 Feb 2024 11:44:16 +0000 https://republika.mk/?p=740503

Здружението Инженери на Република Македонија поддржани и од група граѓани соопшти дека е упатен допис до секој пратеник поединечно, со барање да не се даде поддршка на неколку, како што е наведено, штетни предлог закони кои го нарушуваат енергетскиот суверенитет на Македонија.

Пред задутрешната седница на Собранието на Македонија на која е најавено да бидат поставени за усвојување четири предлог закони за реализација на стратешки инвестициски проекти, од здружението нагласуваат дека еден од карактеристичните е предлог Законот за реализација на стратешкиот инвестиционен проект наречен Митилинеос, когенеративна постројка Скопје, по скратена постапка. Со слични, многу штетни последици за иднината на Македонија се и останатите три предложени закони за стратешки инвеститори по скратена постапка, проектот наречен Соларен парк Стипион и истоимениот договор, потоа проектот АИМ Грин ТЕЦХ и, проектот Соларна електрична централа – Пехчево.

Свесни сме и сигурни дека енергетските проекти можеме и мораме да ги реализираме со сопствени сили. Тие мораат да бидат наши македонски, со цел да се зајакне енергетскиот суверенитет на Македонија, како еден од клучните фактори за нејзиниот државен суверенитет.

Договорите кои се составен дел од овие четири предлог Закони се штетни по нашата економија и ќе предизвикаат финансиски колапс на Македонија.

Со многу помали ризици и со многу поекономичен приод истите проекти може нашата држава самостојно да ги реализира. Го анализиравме законот и договорот кои ќе ви бидат дадени на усвојување и во продолжение ќе ве запознаеме со штетите што би ги предизвикале законот и договорот за Митилинеос:

Гасна когенеративна електрана со електрична моќност од 165 MW чини околу 180 милиони евра (според сегашните пазарни цени), а во предлог законот е истакнат износ од 290 милиони евра.

1.Македонија зема обврска да му даде државна помош на Митилинеос од скоро 50 милиони евра.
2.За потребите на Митилинеос Владата зема обврска да изгради индустриска зона Енергија Скопје во кругот на Железарница Скопје на плацови што имаат површини од 115.000 м2, а чија вредност на чинење на самите плацови и инфраструктурно уредување за потребите на зоната (пристапни патишта, одводна мрежа за отпадни води, трансформатор, цевководи…., според наша проценка, изнесува околу 20 милиони евра), а кои на стратешкиот инвеститор му се изнајмуваат за симболична цена од само 10 денари/m2, при што Македонија се обврзува да врши одржување и обезбедување на индустриската зона.
3.Македонија, а не Митилинеос, по 2030 година ќе има обврска да плаќа околу 25 милиони евра годишно давачка за емисија на СО2.
4.Се обврзуваме дури и ако немаме потреба, на Митилинеос да му платиме за преземање на околу 1.000 MWh електрична енергија и 275 MWh топлинска енергија.
5.Македонија годишно ќе губи помеѓу 15 и 35 милиони евра со тоа што цените за електричната и топлинската енергија со која Договорот не обврзува да ги купуваме од Митилинеос се од 15 % до 35 % повисоки од берзанските.
6.Македонија ќе плаќа 10 пати повисока маржа од нормалната за производство на електрична и топлинска енергија бидејќи Митилинеос добива загарантирана маржа на годишно ниво од 43,7 милиони евра за електричната енергија (38 евра/MВч) и 4,4 милиони евра за топлинската енергија (16,2 евра/MWч), или вкупно над 48 милиони евра годишно.
7Македонија ќе му плаќа на Митилинеос 4 милиони евра годишно за старт на постројката.
8.Митилинеос добива загарантиран профит од над 40 милиони евра годишно без да има никаков ризик од одлуките на нашиот правен систем, бидејќи со предложениот Закон сите одлуки на Врховниот суд ќе бидат неважечки за Митилинеос, а штетите од неговото работење ќе мора да ги плати Македонија. Законот за јавни набавки не важи за Митилинеос и во целост се исклучува влијанието на нашата судска власт и надлежност се дава само на Арбитражниот суд во Париз за било каков евентуален спор.
9.Предвидени се бројни пенали што Македонија ќе треба да му ги плаќа на Митилинеос ако не исполни некоја своја обврска од предложениот Закон за стратешка инвестиција.
10.Митилинеос ќе има чист профит од најмалку 1,2 милијарди евра за 30 години колку што трае договорот за стратешко партнерство, а по 30 години не мора да и ја врати електраната на Македонија.
Постојат одлуки за кои последиците се краткорочни, но постојат и одлуки каде последиците се долготрајни и ги засегаат нашите поколенија. Набројаните штетни одредби се загрижувачки за енергетиката во Македонија која е столб на социјалната сигурност на населението и предуслов за развој на македонската економија.

Затоа со овој допис ви се обраќаме со искрена надеж дека вашата совесност, чесност и грижа за Вашите и нашите поколенија ќе влијае да донесете вистинска одлука за предлог законот за реализација на стратешкиот инвестиционен проект Митилинеос когенеративна постројка Скопје, по скратена постапка, и останатите три предложени акони за стратешки инвеститори, односно да не ги поддржите овие закони.

The post Македонски инженери им пишаа на пратениците: Не гласајте за енергетска зависност на Македонија appeared first on Република.

]]>

Здружението Инженери на Република Македонија поддржани и од група граѓани соопшти дека е упатен допис до секој пратеник поединечно, со барање да не се даде поддршка на неколку, како што е наведено, штетни предлог закони кои го нарушуваат енергетскиот суверенитет на Македонија. Пред задутрешната седница на Собранието на Македонија на која е најавено да бидат поставени за усвојување четири предлог закони за реализација на стратешки инвестициски проекти, од здружението нагласуваат дека еден од карактеристичните е предлог Законот за реализација на стратешкиот инвестиционен проект наречен Митилинеос, когенеративна постројка Скопје, по скратена постапка. Со слични, многу штетни последици за иднината на Македонија се и останатите три предложени закони за стратешки инвеститори по скратена постапка, проектот наречен Соларен парк Стипион и истоимениот договор, потоа проектот АИМ Грин ТЕЦХ и, проектот Соларна електрична централа – Пехчево. Свесни сме и сигурни дека енергетските проекти можеме и мораме да ги реализираме со сопствени сили. Тие мораат да бидат наши македонски, со цел да се зајакне енергетскиот суверенитет на Македонија, како еден од клучните фактори за нејзиниот државен суверенитет. Договорите кои се составен дел од овие четири предлог Закони се штетни по нашата економија и ќе предизвикаат финансиски колапс на Македонија. Со многу помали ризици и со многу поекономичен приод истите проекти може нашата држава самостојно да ги реализира. Го анализиравме законот и договорот кои ќе ви бидат дадени на усвојување и во продолжение ќе ве запознаеме со штетите што би ги предизвикале законот и договорот за Митилинеос: Гасна когенеративна електрана со електрична моќност од 165 MW чини околу 180 милиони евра (според сегашните пазарни цени), а во предлог законот е истакнат износ од 290 милиони евра. 1.Македонија зема обврска да му даде државна помош на Митилинеос од скоро 50 милиони евра. 2.За потребите на Митилинеос Владата зема обврска да изгради индустриска зона Енергија Скопје во кругот на Железарница Скопје на плацови што имаат површини од 115.000 м2, а чија вредност на чинење на самите плацови и инфраструктурно уредување за потребите на зоната (пристапни патишта, одводна мрежа за отпадни води, трансформатор, цевководи…., според наша проценка, изнесува околу 20 милиони евра), а кои на стратешкиот инвеститор му се изнајмуваат за симболична цена од само 10 денари/m2, при што Македонија се обврзува да врши одржување и обезбедување на индустриската зона. 3.Македонија, а не Митилинеос, по 2030 година ќе има обврска да плаќа околу 25 милиони евра годишно давачка за емисија на СО2. 4.Се обврзуваме дури и ако немаме потреба, на Митилинеос да му платиме за преземање на околу 1.000 MWh електрична енергија и 275 MWh топлинска енергија. 5.Македонија годишно ќе губи помеѓу 15 и 35 милиони евра со тоа што цените за електричната и топлинската енергија со која Договорот не обврзува да ги купуваме од Митилинеос се од 15 % до 35 % повисоки од берзанските. 6.Македонија ќе плаќа 10 пати повисока маржа од нормалната за производство на електрична и топлинска енергија бидејќи Митилинеос добива загарантирана маржа на годишно ниво од 43,7 милиони евра за електричната енергија (38 евра/MВч) и 4,4 милиони евра за топлинската енергија (16,2 евра/MWч), или вкупно над 48 милиони евра годишно. 7Македонија ќе му плаќа на Митилинеос 4 милиони евра годишно за старт на постројката. 8.Митилинеос добива загарантиран профит од над 40 милиони евра годишно без да има никаков ризик од одлуките на нашиот правен систем, бидејќи со предложениот Закон сите одлуки на Врховниот суд ќе бидат неважечки за Митилинеос, а штетите од неговото работење ќе мора да ги плати Македонија. Законот за јавни набавки не важи за Митилинеос и во целост се исклучува влијанието на нашата судска власт и надлежност се дава само на Арбитражниот суд во Париз за било каков евентуален спор. 9.Предвидени се бројни пенали што Македонија ќе треба да му ги плаќа на Митилинеос ако не исполни некоја своја обврска од предложениот Закон за стратешка инвестиција. 10.Митилинеос ќе има чист профит од најмалку 1,2 милијарди евра за 30 години колку што трае договорот за стратешко партнерство, а по 30 години не мора да и ја врати електраната на Македонија. Постојат одлуки за кои последиците се краткорочни, но постојат и одлуки каде последиците се долготрајни и ги засегаат нашите поколенија. Набројаните штетни одредби се загрижувачки за енергетиката во Македонија која е столб на социјалната сигурност на населението и предуслов за развој на македонската економија. Затоа со овој допис ви се обраќаме со искрена надеж дека вашата совесност, чесност и грижа за Вашите и нашите поколенија ќе влијае да донесете вистинска одлука за предлог законот за реализација на стратешкиот инвестиционен проект Митилинеос когенеративна постројка Скопје, по скратена постапка, и останатите три предложени акони за стратешки инвеститори, односно да не ги поддржите овие закони.

The post Македонски инженери им пишаа на пратениците: Не гласајте за енергетска зависност на Македонија appeared first on Република.

]]>
53 отсто од новите инженери и магистри на ФЕИТ се девојки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/53-otsto-od-novite-inzheneri-i-magistri-na-feit-se-devojki/ Tue, 20 Jun 2023 11:53:25 +0000 https://republika.mk/?p=653364

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ја промовираше новата генерација дипломирани инженери по електротехника и информациски технологии и новите магистри. Свечено во големата сала на Филхармонијата дипломите им беа врачени на 146 нови инженери и 44 магистри кои студиите ги завршија на ФЕИТ. Во оваа нова генерација дипломци, дури 77 или 53% се девојки, просек што е за околу 4 пати повисок од европскиот просек техничките факултети.

Просечното времетраење на студирањето на новите инженери изнесува 5 години, 2 месеци и 21 ден, а најкусиот временски период во кој се завршени додипломските студии од оваа генерација е 3 години и 9 месеци. Просечната оцена на студирање што ја постигнале студентите што ги промовираме вечерва е 7,93.

На свеченоста беа доделени плакати и награди на најдобрите дипломци. Со просечна оценка над 9 завршија 16 инженери, а кои студиите ги започнале во 2018/19 година.

Деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии проф. д-р Димитар Ташковски ги повика новодипломираните инженери и магистри да бидат храбри да го употребат знаењето, технологиите и вештините кои ги стекнаа на ФЕИТ.

Само преку заеднички напори и стратегии, нашата држава може да направи значителен напредок во областа на истражувањето, развојот и иновациите со што нашата економија може да стане конкурентна на меѓународниот пазар. Вие сте тие кои ќе овозможат да дојдеме до тие промени. Знаењето, технологиите и вештините кои ги стекнавте на ФЕИТ се ваша голема компаративна предност. Научени сте да прашувате, да истражувате и критички да размислувате што е многу битно во ерата на вештачката интелигенција и 4-тата индустриска револуција. Способноста за иновации и изразување на креативноста станува сẻ повредна во денешниот свет, и тоа дипломирани студенти и магистри на ФЕИТ е Вашата шанса за успех, Затоа немам дилема дека иднината ви припаѓа Вам“, порача во своето обраќање деканот на ФЕИТ проф. д-р Димитар Ташковски.

Задржувајќи се на потребата во државава да се задржат талентите кои се основниот ресурс на најсилните држави, а кои силата ја црпат од високотехнолошкиот сектор, деканот на ФЕИТ проф. д-р Ташковски потсети дека „потребна е координирана акција и соработка помеѓу владините институции, академската заедница, приватниот сектор и младите таленти“ за да се зголеми бројот на инженери кои во нашата држава ќе имаат можност да го искористат своето знаење и креативен потенцијал преку истражувања и иновации.

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Никола Јанкуловски ги охрабри новите инженери и магистри да го продолжат својот развоен пат на магистерски и докторски студии на првиот македонски државен универзитет, кој годинава одбележува 74 години од своето основање.

 

The post 53 отсто од новите инженери и магистри на ФЕИТ се девојки appeared first on Република.

]]>

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ја промовираше новата генерација дипломирани инженери по електротехника и информациски технологии и новите магистри. Свечено во големата сала на Филхармонијата дипломите им беа врачени на 146 нови инженери и 44 магистри кои студиите ги завршија на ФЕИТ. Во оваа нова генерација дипломци, дури 77 или 53% се девојки, просек што е за околу 4 пати повисок од европскиот просек техничките факултети. Просечното времетраење на студирањето на новите инженери изнесува 5 години, 2 месеци и 21 ден, а најкусиот временски период во кој се завршени додипломските студии од оваа генерација е 3 години и 9 месеци. Просечната оцена на студирање што ја постигнале студентите што ги промовираме вечерва е 7,93. На свеченоста беа доделени плакати и награди на најдобрите дипломци. Со просечна оценка над 9 завршија 16 инженери, а кои студиите ги започнале во 2018/19 година. Деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии проф. д-р Димитар Ташковски ги повика новодипломираните инженери и магистри да бидат храбри да го употребат знаењето, технологиите и вештините кои ги стекнаа на ФЕИТ.
Само преку заеднички напори и стратегии, нашата држава може да направи значителен напредок во областа на истражувањето, развојот и иновациите со што нашата економија може да стане конкурентна на меѓународниот пазар. Вие сте тие кои ќе овозможат да дојдеме до тие промени. Знаењето, технологиите и вештините кои ги стекнавте на ФЕИТ се ваша голема компаративна предност. Научени сте да прашувате, да истражувате и критички да размислувате што е многу битно во ерата на вештачката интелигенција и 4-тата индустриска револуција. Способноста за иновации и изразување на креативноста станува сẻ повредна во денешниот свет, и тоа дипломирани студенти и магистри на ФЕИТ е Вашата шанса за успех, Затоа немам дилема дека иднината ви припаѓа Вам“, порача во своето обраќање деканот на ФЕИТ проф. д-р Димитар Ташковски.
Задржувајќи се на потребата во државава да се задржат талентите кои се основниот ресурс на најсилните држави, а кои силата ја црпат од високотехнолошкиот сектор, деканот на ФЕИТ проф. д-р Ташковски потсети дека „потребна е координирана акција и соработка помеѓу владините институции, академската заедница, приватниот сектор и младите таленти“ за да се зголеми бројот на инженери кои во нашата држава ќе имаат можност да го искористат своето знаење и креативен потенцијал преку истражувања и иновации. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Никола Јанкуловски ги охрабри новите инженери и магистри да го продолжат својот развоен пат на магистерски и докторски студии на првиот македонски државен универзитет, кој годинава одбележува 74 години од своето основање.  

The post 53 отсто од новите инженери и магистри на ФЕИТ се девојки appeared first on Република.

]]>