инвеститори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/investitori/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Apr 2024 16:53:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png инвеститори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/investitori/ 32 32 Становите во Скопје поскапеле за 4,7 отсто, сега градители се практично трговци поединци кои еднократно инвестираат во недвижности https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stanovite-vo-skopje-poskapele-za-4-7-otsto-sega-graditeli-se-praktichno-trgovtsi-poedintsi-koi-ednokratno-investiraat-vo-nedvizhnosti/ Sat, 06 Apr 2024 18:28:23 +0000 https://republika.mk/?p=763174

Цените на становите во Скопје во првиот квартал годинава поскапеле за 4,7 отсто на годишнo ниво, а бележат пад од 0,8 проценти  во однос на претходниот квартал, покажува Индексот на цените на станови на Народната банка. Ова е прво минимално квартално намалување на цените на становите по долг период, откако последен пат имаше пад од еден процент во третиот квартал од 2020 година.

Според податоците на Народната банка, во последното тримесечје од 2023 година становите поскапеа за еден процент во однос на третото тримесечје, а на годишно ниво за седум проценти. Во првиот квартал лани цените на становите  се зголемија за 18,8 проценти на годишно ниво, односно од 1,3 отсто на квартално ниво, во второто тримесечие од 1,6 отсто, односно од 12,9 отсто, а во третиот квартал од 2,9 проценти, односно од 11 проценти.

Никола Велковски од Здружението за градежништво при Стопанската комора, смета дека цените на становите кои подолг период бележaт постојан раст не се реални, но се очекувани.

Велковски во изјава за МИА, укажува дека е намален бројот на  интересни профитабилни градежни парцели во поинтересниот дел од градската средина и оти нивната цена расте. Според него, добрата работа е што добар дел од инвеститорите почнаа да градат на периферијата на градот, што е за поздравување, но како што укажува тоа треба да го следи соодветна инфраструктура.

Велковски појаснува дека сега најмалку има градежни фирми екипирани со инеженерски и работнички кадар што тоа им е основна дејност на работење. Сега градители се практично трговци поединци кои еднократно инвестираат, имаат свои пари и ги инвестираат во недвижности и градежништво затоа што тука сега е конјуктурно и профитабилно. Тие единствено го гледаат профитот, па може да биде еднократно да градат една, две, пет згради, но водилка е исклучиво профитот.

Мене не ме лути толку тоа, туку тоа што ние како инженерска фела, како урбанисти им влегуваме во нивната шема на креирање и планирање на просторот. Треба практично да го релаксираме посторот, не мора да се гради секаде затоа што сега најмногу каде се гради по порачка за измена и дополна на урбанистичките планови со самофинансирање. Врз основа на тие инцијативи што ги покренуваат баш овие градители што им се интересни урбанистичките и градежните парцели, потоа се прилагодува кон нивните барања – да стават повеќе објекти во еден блок, повисоко, пониско, па нема ниту осончување, ниту проветрување, а ним им е важно да има кандидатура и износот на профитот на продажбата, вели Велковски за МИА.

Велковски дополнува дека поголемиот проблем е што сега трговците инвеститори со станови немаат свои локации и се обраќаат кај сопствениците на земјиште на кое е предвидено да се гради, кои пак, ги покачија условите и цената.

Порано имаше два модела за договор со инвеститорот, да го откупат земјиштето или да се договорат за заедничка градба со соинвеститороство. Кога сопствениците видоа дека градителите ги покачија цените на становите сега и тие ги зголемија нивните  услови Ако порано за заедничка градба се бараше 20, 25, 27, максимум 30 проценти од земјиштето, сега отиде и до 40 проценти од земјиштето, што  не е ниту легитимно, легално и логично. Но, затоа што овие сакаат да градат сега овие другите ги  зголемуваат условите и потоа се зголемува цената. На крај мене ме чуди која е уште таа категорија која може да поднесе таква цена на станови, а во Скопје сега веќе има 70.000 до 80.000 празни станови, вели Велковски.

Тој појаснува дека ако се оди со моделот со откуп на катастарска парцела во склоп на градежната парцела, тогаш се наоѓаат пари во готовина, имаат веројатно некоја „слободна пара“ која тука се легализира преку откуп на земјиште.

Замката во целата работа е што сега е намален бројот на интересни профитабилни градежни парцели во поинтересниот дел од градската средина и нивната цена сега скока. Добрата  работа што ми се допаѓа е што добар дел од инвеститорите почнаа да бегаат по периферијата на градот,  во Ѓорче Петров, Волково, Идризово, Петровец,.. што е добро за градот кој треба да се шири, вели Велковски.

Но, како што потенцира Велковски, тој дел треба да го следи соодветна инфраструктура, покрај патишта и училишта, градинки, места за рекреација и спорт.

Сега се гради на многу места, но нема ниту градинки, ниту училишта, зеленило, места за спорт и рекреација…  Станот не е само место за спиење, треба да се обезбедат сите услови, посочува Велковски.

Тој укажува дека во формирањето на цената на становите прва е цената на чинење на градежната парцела. Ако порано беше 250 до 300 евра по метар квадратен, Велковски вели дека сега по метар квадратен цената за откуп на земјиштето достигнува и по 1000 евра.

Согласно квадратурата на градбата, односно колку квадрати се градат се формира цената на градежната парцела. Потоа доаѓаат комуналиите кои не се многу зголемени, изнесуваат од 80 до 120, 130 евра по метар квадратен, па учеството на градежните материјали и работната рака.  Зголемената цена воопшто не е одраз на цената на градежните материјали кои се поскапени 20 до 30 проценти. Има учество и  недостатокот на работна рака, не е толку работата  во платата на луѓето, туку во квалитетот на тие кои сега градат бидејќи нема веќе стручни мајстори и тоа е голем проблем. Државата мора да се сврти кон продукција на таков профил на кадар  – занаетчии во сите професии. Треба да се стимулираат децата  да се запишуваат на такво школовување. Иако се работи повеќе, повеќе и се заработува, вели Велковски.

The post Становите во Скопје поскапеле за 4,7 отсто, сега градители се практично трговци поединци кои еднократно инвестираат во недвижности appeared first on Република.

]]>

Цените на становите во Скопје во првиот квартал годинава поскапеле за 4,7 отсто на годишнo ниво, а бележат пад од 0,8 проценти  во однос на претходниот квартал, покажува Индексот на цените на станови на Народната банка. Ова е прво минимално квартално намалување на цените на становите по долг период, откако последен пат имаше пад од еден процент во третиот квартал од 2020 година. Според податоците на Народната банка, во последното тримесечје од 2023 година становите поскапеа за еден процент во однос на третото тримесечје, а на годишно ниво за седум проценти. Во првиот квартал лани цените на становите  се зголемија за 18,8 проценти на годишно ниво, односно од 1,3 отсто на квартално ниво, во второто тримесечие од 1,6 отсто, односно од 12,9 отсто, а во третиот квартал од 2,9 проценти, односно од 11 проценти. Никола Велковски од Здружението за градежништво при Стопанската комора, смета дека цените на становите кои подолг период бележaт постојан раст не се реални, но се очекувани. Велковски во изјава за МИА, укажува дека е намален бројот на  интересни профитабилни градежни парцели во поинтересниот дел од градската средина и оти нивната цена расте. Според него, добрата работа е што добар дел од инвеститорите почнаа да градат на периферијата на градот, што е за поздравување, но како што укажува тоа треба да го следи соодветна инфраструктура. Велковски појаснува дека сега најмалку има градежни фирми екипирани со инеженерски и работнички кадар што тоа им е основна дејност на работење. Сега градители се практично трговци поединци кои еднократно инвестираат, имаат свои пари и ги инвестираат во недвижности и градежништво затоа што тука сега е конјуктурно и профитабилно. Тие единствено го гледаат профитот, па може да биде еднократно да градат една, две, пет згради, но водилка е исклучиво профитот.
Мене не ме лути толку тоа, туку тоа што ние како инженерска фела, како урбанисти им влегуваме во нивната шема на креирање и планирање на просторот. Треба практично да го релаксираме посторот, не мора да се гради секаде затоа што сега најмногу каде се гради по порачка за измена и дополна на урбанистичките планови со самофинансирање. Врз основа на тие инцијативи што ги покренуваат баш овие градители што им се интересни урбанистичките и градежните парцели, потоа се прилагодува кон нивните барања – да стават повеќе објекти во еден блок, повисоко, пониско, па нема ниту осончување, ниту проветрување, а ним им е важно да има кандидатура и износот на профитот на продажбата, вели Велковски за МИА.
Велковски дополнува дека поголемиот проблем е што сега трговците инвеститори со станови немаат свои локации и се обраќаат кај сопствениците на земјиште на кое е предвидено да се гради, кои пак, ги покачија условите и цената.
Порано имаше два модела за договор со инвеститорот, да го откупат земјиштето или да се договорат за заедничка градба со соинвеститороство. Кога сопствениците видоа дека градителите ги покачија цените на становите сега и тие ги зголемија нивните  услови Ако порано за заедничка градба се бараше 20, 25, 27, максимум 30 проценти од земјиштето, сега отиде и до 40 проценти од земјиштето, што  не е ниту легитимно, легално и логично. Но, затоа што овие сакаат да градат сега овие другите ги  зголемуваат условите и потоа се зголемува цената. На крај мене ме чуди која е уште таа категорија која може да поднесе таква цена на станови, а во Скопје сега веќе има 70.000 до 80.000 празни станови, вели Велковски.
Тој појаснува дека ако се оди со моделот со откуп на катастарска парцела во склоп на градежната парцела, тогаш се наоѓаат пари во готовина, имаат веројатно некоја „слободна пара“ која тука се легализира преку откуп на земјиште.
Замката во целата работа е што сега е намален бројот на интересни профитабилни градежни парцели во поинтересниот дел од градската средина и нивната цена сега скока. Добрата  работа што ми се допаѓа е што добар дел од инвеститорите почнаа да бегаат по периферијата на градот,  во Ѓорче Петров, Волково, Идризово, Петровец,.. што е добро за градот кој треба да се шири, вели Велковски.
Но, како што потенцира Велковски, тој дел треба да го следи соодветна инфраструктура, покрај патишта и училишта, градинки, места за рекреација и спорт.
Сега се гради на многу места, но нема ниту градинки, ниту училишта, зеленило, места за спорт и рекреација…  Станот не е само место за спиење, треба да се обезбедат сите услови, посочува Велковски.
Тој укажува дека во формирањето на цената на становите прва е цената на чинење на градежната парцела. Ако порано беше 250 до 300 евра по метар квадратен, Велковски вели дека сега по метар квадратен цената за откуп на земјиштето достигнува и по 1000 евра.
Согласно квадратурата на градбата, односно колку квадрати се градат се формира цената на градежната парцела. Потоа доаѓаат комуналиите кои не се многу зголемени, изнесуваат од 80 до 120, 130 евра по метар квадратен, па учеството на градежните материјали и работната рака.  Зголемената цена воопшто не е одраз на цената на градежните материјали кои се поскапени 20 до 30 проценти. Има учество и  недостатокот на работна рака, не е толку работата  во платата на луѓето, туку во квалитетот на тие кои сега градат бидејќи нема веќе стручни мајстори и тоа е голем проблем. Државата мора да се сврти кон продукција на таков профил на кадар  – занаетчии во сите професии. Треба да се стимулираат децата  да се запишуваат на такво школовување. Иако се работи повеќе, повеќе и се заработува, вели Велковски.

The post Становите во Скопје поскапеле за 4,7 отсто, сега градители се практично трговци поединци кои еднократно инвестираат во недвижности appeared first on Република.

]]>
Средствата на инвеститорите „течат“ од кинеските берзи кон САД, но и кон берзите во Јапонија и Индија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sredstvata-na-investitorite-techat-od-kineskite-berzi-kon-sad-no-i-kon-berzite-vo-japonija-i-indija/ Sun, 25 Feb 2024 10:23:37 +0000 https://republika.mk/?p=747994

Средствата на инвеститорите „течат“ од кинеските берзи до акциите на американските компании, покажува индексот „Никеи“.

На 2 февруари, комбинираната цена на американските акции беше 51 трилиони долари, што е за 1,4 трилиони долари повеќе од последниот ден на тргување во 2023 година. Ова е 48,1% од сите средства моментално присутни на светските берзи - највисока бројка од септември 2003 година.

Од почетокот на 2024 година, кинеските берзи, вклучително и Хонг Конг, изгубија 1,7 трилиони долари. Кинеската берза сега сочинува приближно 10% од средствата присутни на берзите на планетата. Ова е речиси половина од она што беше на врвот на оваа бројка во јуни 2015 година. Инвеститорите губат надеж во брзиот раст на кинеската економија и покажуваат зголемен интерес не само за САД, туку и за берзите во Јапонија и Индија.

Од 500 компании со најголема капитализација во светот, 236 сега се во САД.

Нивниот број е зголемен за 15% во однос на состојбата од пред три години. На Кина сега припаѓаат 35 корпорации на оваа листа. Ова е за 60% помалку од пред три години.

The post Средствата на инвеститорите „течат“ од кинеските берзи кон САД, но и кон берзите во Јапонија и Индија appeared first on Република.

]]>

Средствата на инвеститорите „течат“ од кинеските берзи до акциите на американските компании, покажува индексот „Никеи“. На 2 февруари, комбинираната цена на американските акции беше 51 трилиони долари, што е за 1,4 трилиони долари повеќе од последниот ден на тргување во 2023 година. Ова е 48,1% од сите средства моментално присутни на светските берзи - највисока бројка од септември 2003 година. Од почетокот на 2024 година, кинеските берзи, вклучително и Хонг Конг, изгубија 1,7 трилиони долари. Кинеската берза сега сочинува приближно 10% од средствата присутни на берзите на планетата. Ова е речиси половина од она што беше на врвот на оваа бројка во јуни 2015 година. Инвеститорите губат надеж во брзиот раст на кинеската економија и покажуваат зголемен интерес не само за САД, туку и за берзите во Јапонија и Индија. Од 500 компании со најголема капитализација во светот, 236 сега се во САД. Нивниот број е зголемен за 15% во однос на состојбата од пред три години. На Кина сега припаѓаат 35 корпорации на оваа листа. Ова е за 60% помалку од пред три години.

The post Средствата на инвеститорите „течат“ од кинеските берзи кон САД, но и кон берзите во Јапонија и Индија appeared first on Република.

]]>
Еуромакс Ресоурцес ќе ја следи разврската за остварување на нивните права како инвеститори во рудникот „Иловица – Штука“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/euromaks-resourtses-ke-ja-sledi-razvrskata-za-ostvaruvane-na-nivnite-prava-kako-investitor-vo-rudnikot-ilovitsa-shtuka/ Wed, 26 Jul 2023 12:47:31 +0000 https://republika.mk/?p=665556

Еуромакс Ресоурцес со особено внимание ја следи разврската за остварувањето на нашите права како инвеститор, информираат од компанијата.

Во таа насока, ќе почекаме сите одлуки кои што се однесуваат на спојувањето на концесиите „Иловица 6“ и „Иловица 11“ за рудникот за бакар „Иловица – Штука“, да бидат јавно објавени со цел заедно со нашиот правен тим да направиме увид во аргументацијата врз основа на која истите се донесени.

По ова, Бордот на директори во консултација со правниот тим ќе одлучи какви идни чекори ќе преземеме за да ги заштитиме нашите права како инвеститори, соопштуваат од компанија „Еуромакс Ресоурцес“

The post Еуромакс Ресоурцес ќе ја следи разврската за остварување на нивните права како инвеститори во рудникот „Иловица – Штука“ appeared first on Република.

]]>

Еуромакс Ресоурцес со особено внимание ја следи разврската за остварувањето на нашите права како инвеститор, информираат од компанијата. Во таа насока, ќе почекаме сите одлуки кои што се однесуваат на спојувањето на концесиите „Иловица 6“ и „Иловица 11“ за рудникот за бакар „Иловица – Штука“, да бидат јавно објавени со цел заедно со нашиот правен тим да направиме увид во аргументацијата врз основа на која истите се донесени. По ова, Бордот на директори во консултација со правниот тим ќе одлучи какви идни чекори ќе преземеме за да ги заштитиме нашите права како инвеститори, соопштуваат од компанија „Еуромакс Ресоурцес“

The post Еуромакс Ресоурцес ќе ја следи разврската за остварување на нивните права како инвеститори во рудникот „Иловица – Штука“ appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Странските инвеститори нè препознаваат како поволна дестинација за нови инвестиции https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-stranskite-investitori-ne-prepoznavaat-kako-povolna-destinatsija-za-novi-investitsii/ Thu, 11 May 2023 11:46:14 +0000 https://republika.mk/?p=639699

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски во технолошко-индустриската развојна зона Штип присуствуваше и се обрати на означувањето на почетокот на градежните работи на нова фабрика, инвестиција на „Магна Мехатроникс“, која произведува интегрирани системи од механички и електронски компоненти и е една од групациите на канадската компанија „Магна Интернационал“.

„Магна Интернационал“ е една од најреномираните светски компании, која е специјализирана да дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на сите позначајни производители на автомобили во светот. Се работи за проширување на опсегот на работа на компанијата со нов инвестициски проект, покрај фабриката на компанијата во ТИРЗ Струга.

„Оваа инвестиција ја надополнува листата на најзначајни големи инвестиции од светски реномирани компании, кои ја одбираат токму нашата држава како нивна инвеститорска дестинација. Ова е јасен сигнал дека Македонија нуди поволен и предвидлив деловен амбиент за компаниите, за нови инвестиции. Тоа е резултат на нашите стратешки политики, како што е членството во НАТО, како и почетокот на преговорите со Европската Унија. Доаѓањето на странски познати компании кај нас значи повисок инвеститорски рејтинг, отворање на нови и подобро платени работни места, а за нашите граѓани повисоки плати и можности за докажување на стручноста и умешноста на светските пазари. Технолошко-индустриските развојни зони се моторот на нашата економија, а компаниите како „Магна Мехатроникс“ се компании коишто го зголемуваат не само бројот на работни места во државата, не само БДП, туку и меѓународното реноме на нашата држава“, рече премиерот Ковачевски, во своето обраќање пред присутните на настанот.

Спомнувајќи ги последните значајни инвестиции меѓу кои се оние на „Герејсхајмер“ и „Јагео“, премиерот Ковачевски ги потенцираше резултатите постигнати во технолошко-индустриските развојни зони.

„Бројот на вработени во технолошки-индустриските развојни зони во април годинава повторно бележи раст и достигна 16.700, што е за 15% повеќе од април 2022 година, односно 20% повеќе од 2021 година. Продолжува и растот на извозот кој заклучно со април достигна 1.2 милијарди евра. Само во април, компаниите во ТИРЗ реализирале извоз од 277 милиони евра што е за 12% споредено со април минатата година. Бележиме и пораст на приливите во Буџетот, каде компаниите во зоните, уплатиле 35% повеќе средства во Буџетот на државата во 2022 година споредено со 2021 година. Односно за едно евро исплатено од државата, компаниите назад во буџетот враќаат најмалку четири евра. За Македонија како успешна приказна, ќе се слуша сè повеќе и повеќе! Одиме напред и само напред, со нови успеси, со нови инвестиции, отвораме нови работни места и ја развиваме домашната економија“, нагласи премиерот Ковачевски на настанот.

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски нагласи дека е задоволство по една година преговори да се присуствува на камен темелник за новата фабрика на „Магна Мехатроникс“.

„Со оваа инвестиција обезбедуваме право на пристоен живот за најмалку б00 наши сограѓани од овој регион со плати 20% над државниот просек. Ова е пример и вистински модел на соработка на одговорни политичари и институции преку кои покажуваме дека може да испорачаме конкретни резултати за граѓаните. Изразувам благодарност на премиерот Ковачевски за несебичната поддршка од почеток на преговорите и што подметна грб во клучни моменти за процесот да се движи побрзо“, изјави директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, изразувајќи благодарност и до тимот на ТИРЗ и до градоначалникот на Штип, Иван Јорданов за поддршката на проектот.

„Нашата втора постројка во Македонија претставува уште една одредница на нашето патување кон проширување на нашата работа и способности во регионот, како и поддршка на нашите клиенти со иновативни производи од светска класа. Благодарни сме за поддршката што ни ја дава Владата и остануваме посветени на истражување дополнителни можности за раст“, рече потпретседателот на компанијата „Магна Интернационал“, Дејвид Креспи во своето обраќање на настанот.

The post Ковачевски: Странските инвеститори нè препознаваат како поволна дестинација за нови инвестиции appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски во технолошко-индустриската развојна зона Штип присуствуваше и се обрати на означувањето на почетокот на градежните работи на нова фабрика, инвестиција на „Магна Мехатроникс“, која произведува интегрирани системи од механички и електронски компоненти и е една од групациите на канадската компанија „Магна Интернационал“. „Магна Интернационал“ е една од најреномираните светски компании, која е специјализирана да дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на сите позначајни производители на автомобили во светот. Се работи за проширување на опсегот на работа на компанијата со нов инвестициски проект, покрај фабриката на компанијата во ТИРЗ Струга. „Оваа инвестиција ја надополнува листата на најзначајни големи инвестиции од светски реномирани компании, кои ја одбираат токму нашата држава како нивна инвеститорска дестинација. Ова е јасен сигнал дека Македонија нуди поволен и предвидлив деловен амбиент за компаниите, за нови инвестиции. Тоа е резултат на нашите стратешки политики, како што е членството во НАТО, како и почетокот на преговорите со Европската Унија. Доаѓањето на странски познати компании кај нас значи повисок инвеститорски рејтинг, отворање на нови и подобро платени работни места, а за нашите граѓани повисоки плати и можности за докажување на стручноста и умешноста на светските пазари. Технолошко-индустриските развојни зони се моторот на нашата економија, а компаниите како „Магна Мехатроникс“ се компании коишто го зголемуваат не само бројот на работни места во државата, не само БДП, туку и меѓународното реноме на нашата држава“, рече премиерот Ковачевски, во своето обраќање пред присутните на настанот. Спомнувајќи ги последните значајни инвестиции меѓу кои се оние на „Герејсхајмер“ и „Јагео“, премиерот Ковачевски ги потенцираше резултатите постигнати во технолошко-индустриските развојни зони. „Бројот на вработени во технолошки-индустриските развојни зони во април годинава повторно бележи раст и достигна 16.700, што е за 15% повеќе од април 2022 година, односно 20% повеќе од 2021 година. Продолжува и растот на извозот кој заклучно со април достигна 1.2 милијарди евра. Само во април, компаниите во ТИРЗ реализирале извоз од 277 милиони евра што е за 12% споредено со април минатата година. Бележиме и пораст на приливите во Буџетот, каде компаниите во зоните, уплатиле 35% повеќе средства во Буџетот на државата во 2022 година споредено со 2021 година. Односно за едно евро исплатено од државата, компаниите назад во буџетот враќаат најмалку четири евра. За Македонија како успешна приказна, ќе се слуша сè повеќе и повеќе! Одиме напред и само напред, со нови успеси, со нови инвестиции, отвораме нови работни места и ја развиваме домашната економија“, нагласи премиерот Ковачевски на настанот. Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски нагласи дека е задоволство по една година преговори да се присуствува на камен темелник за новата фабрика на „Магна Мехатроникс“. „Со оваа инвестиција обезбедуваме право на пристоен живот за најмалку б00 наши сограѓани од овој регион со плати 20% над државниот просек. Ова е пример и вистински модел на соработка на одговорни политичари и институции преку кои покажуваме дека може да испорачаме конкретни резултати за граѓаните. Изразувам благодарност на премиерот Ковачевски за несебичната поддршка од почеток на преговорите и што подметна грб во клучни моменти за процесот да се движи побрзо“, изјави директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, изразувајќи благодарност и до тимот на ТИРЗ и до градоначалникот на Штип, Иван Јорданов за поддршката на проектот. „Нашата втора постројка во Македонија претставува уште една одредница на нашето патување кон проширување на нашата работа и способности во регионот, како и поддршка на нашите клиенти со иновативни производи од светска класа. Благодарни сме за поддршката што ни ја дава Владата и остануваме посветени на истражување дополнителни можности за раст“, рече потпретседателот на компанијата „Магна Интернационал“, Дејвид Креспи во своето обраќање на настанот.

The post Ковачевски: Странските инвеститори нè препознаваат како поволна дестинација за нови инвестиции appeared first on Република.

]]>
30% од странските инвеститори би заминале од Македонија поради корупцијата, криминалот, неефикасната администрација https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trieset-procenti-od-stranskite-investitorite-bi-zaminale-od-makedonija-poradi-korupcijata-kriminalot-neefikasnata-administracija/ Wed, 15 Jun 2022 19:16:09 +0000 https://republika.mk/?p=515720

Речиси една третина од странските инвеститори, или 30% од компаниите, би го преселиле бизнисот од Македонија во друга држава. Криминалот и корупцијата, неефикасната јавна администрација и нефункционалниот едношалтерски систем се најголемите пречки за работа во земјава.

Анкетата спроведена од Делегацијата на германското стопанство во Македонија за деловната клима во земјава, покажува дека инвеститорите имаат проблем и со правната несигурност, политичката нестабилност и инфраструктурата.

Резултатите од анкетата, која се спроведува секоја година, покажуваат тренд на опаѓање на фирмите кои повторно би инвестирале во Македонија, а се зголемува процентот на тие кои бизнисот би го преселиле во друга држава.

Инвеститорите се најзадоволни од продуктивноста на вработените но, се соочуваат со недостиг од стручни кадри. Па, проблемот го решаваат со тоа што самите организираа обуки за новите вработени.

Од особена важност за германските инвеститори е и усогласувањето на законодавството со европското, пред сè на царините. Инаку, трговската размена меѓу Македонија и Германија надминува 4,7 милијарди евра, а извозот е тројно поголем од увозот. Во Македонија има околу 200 компании со германски капитал, кои вработуваат околу 20.000 лица.

The post 30% од странските инвеститори би заминале од Македонија поради корупцијата, криминалот, неефикасната администрација appeared first on Република.

]]>

Речиси една третина од странските инвеститори, или 30% од компаниите, би го преселиле бизнисот од Македонија во друга држава. Криминалот и корупцијата, неефикасната јавна администрација и нефункционалниот едношалтерски систем се најголемите пречки за работа во земјава. Анкетата спроведена од Делегацијата на германското стопанство во Македонија за деловната клима во земјава, покажува дека инвеститорите имаат проблем и со правната несигурност, политичката нестабилност и инфраструктурата. Резултатите од анкетата, која се спроведува секоја година, покажуваат тренд на опаѓање на фирмите кои повторно би инвестирале во Македонија, а се зголемува процентот на тие кои бизнисот би го преселиле во друга држава. Инвеститорите се најзадоволни од продуктивноста на вработените но, се соочуваат со недостиг од стручни кадри. Па, проблемот го решаваат со тоа што самите организираа обуки за новите вработени. Од особена важност за германските инвеститори е и усогласувањето на законодавството со европското, пред сè на царините. Инаку, трговската размена меѓу Македонија и Германија надминува 4,7 милијарди евра, а извозот е тројно поголем од увозот. Во Македонија има околу 200 компании со германски капитал, кои вработуваат околу 20.000 лица.

The post 30% од странските инвеститори би заминале од Македонија поради корупцијата, криминалот, неефикасната администрација appeared first on Република.

]]>