инвестиции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/investicii/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Nov 2024 13:01:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png инвестиции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/investicii/ 32 32 Уште две нови инвестиции до крајот на месецот во вредност од 50 милиони евра и отворање нови 500 работни места, најави Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ushte-dve-novi-investitsii-do-krajot-na-mesetsot-vo-vrednost-od-50-milioni-evra-i-otvorane-novi-500-rabotni-mesta-najavi-mitskoski/ Sat, 16 Nov 2024 12:57:16 +0000 https://republika.mk/?p=838516

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека очекува до крајот на месецот да има две нови инвестиции. Едната, како што појасни, ќе биде проширување на веќе постоен погон, а другата ќе биде сосема нова инвестиција. Двете инвестициите ќе бидат во вредност до 50 милиони евра и ќе обезбедат до 500 нови работни места.

-Преговараме и очекувам до крајот на овој месец да имаме две инвестиции. Едната ќе биде проширување на веќе постојан погон, а другата ќе биде сосема нова инвестиција, кои ќе обезбедат до 500 нови работни места. Очекувам овој месец тие две да ги завршиме, а веќе во декември ќе имаме најмалку уште две, но и почеток на една нова инвестиција, поточно ставање на камен темелник, изјави денеска Мицкоски во одговор на новинарско прашање, за време на поставувањето на камен темелник за надградба на ООУ „Ацо Шопов“ во Бутел.

Тој рече дека инвестициите ќе бидат во секторот градежништво и автомобилската индустрија.

На новинарско прашање во врска со средбата што се одржала оваа недела со потенцијален партнер за инвестиција во когенеративна гасна постројка, и дали станува збор за грчката компанија „Митилинеос“, Мицкоски одговори дека не е вклучена оваа грчка компанија, туку станува збор за сосема нов концепт и посочи дека има три компании кои се сериозно заинтересирани за вложување во ваков тип на енергетска инфраструктура на когенеративни производни капацитети.

-Ние жестоко ја критикувавме грчката „Митилинеос“, затоа што ценевме дека е штетна таа инвестиција и дека нема да донесе добро за македонските граѓани. Сега би било непристојно шест месеци потоа, само затоа што сега сме Влада да го смениме мислењето. Јас така не функционирам. Може да се случи да се поместиме доколку добиеме во меѓувреме аргументи, но не само што не добиваме аргументи, туку убедени сме дека тоа е штетна инвестиција и не е одговор на потребата на скопјани, но и генерално на државата, рече Мицкоски.

Тој напомена дека имаме три компании кои се сериозно заинтересирани за вложување во ваков тип на енергетска инфраструктура когенеративни производни капацитети и нормално, и со сите се преговара, за да се види кои се најдобрите услови. Но, нагласи, тоа нема да биде ништо надвор од актуелните програми за поддршка на инвестициите, нема да биде инвестиција со која ќе биде загарантиран откупот или по принцип, туку ќе биде на основа на правилата на пазарот. Мицкоски додаде дека ќе биде инвестиција која ќе користи зелена енергија.

-Секако, ќе биде инвестиција која што ќе користи зелена енергија, бидејќи се обврзавме со планот за раст дека ќе овозможиме производите што ќе се извезуваат во Европската Унија, да имаат зелено брендирање дека се произведени од зелена енергија. Ние последни почнавме како Влада, споредено со другите пет земји од Западен Балкан, први ќе ја добиеме првата транша, бидејќи најквалитетно и први си ја завршивме домашната задача во овие четири месеци. Последни почнавме, први ја добиваме и сме многу понапред во сите други процеси од другите пет земји. Имаме амбициозен план и сакаме да го реализираме, додаде Мицкоски.

The post Уште две нови инвестиции до крајот на месецот во вредност од 50 милиони евра и отворање нови 500 работни места, најави Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека очекува до крајот на месецот да има две нови инвестиции. Едната, како што појасни, ќе биде проширување на веќе постоен погон, а другата ќе биде сосема нова инвестиција. Двете инвестициите ќе бидат во вредност до 50 милиони евра и ќе обезбедат до 500 нови работни места. -Преговараме и очекувам до крајот на овој месец да имаме две инвестиции. Едната ќе биде проширување на веќе постојан погон, а другата ќе биде сосема нова инвестиција, кои ќе обезбедат до 500 нови работни места. Очекувам овој месец тие две да ги завршиме, а веќе во декември ќе имаме најмалку уште две, но и почеток на една нова инвестиција, поточно ставање на камен темелник, изјави денеска Мицкоски во одговор на новинарско прашање, за време на поставувањето на камен темелник за надградба на ООУ „Ацо Шопов“ во Бутел. Тој рече дека инвестициите ќе бидат во секторот градежништво и автомобилската индустрија. На новинарско прашање во врска со средбата што се одржала оваа недела со потенцијален партнер за инвестиција во когенеративна гасна постројка, и дали станува збор за грчката компанија „Митилинеос“, Мицкоски одговори дека не е вклучена оваа грчка компанија, туку станува збор за сосема нов концепт и посочи дека има три компании кои се сериозно заинтересирани за вложување во ваков тип на енергетска инфраструктура на когенеративни производни капацитети. -Ние жестоко ја критикувавме грчката „Митилинеос“, затоа што ценевме дека е штетна таа инвестиција и дека нема да донесе добро за македонските граѓани. Сега би било непристојно шест месеци потоа, само затоа што сега сме Влада да го смениме мислењето. Јас така не функционирам. Може да се случи да се поместиме доколку добиеме во меѓувреме аргументи, но не само што не добиваме аргументи, туку убедени сме дека тоа е штетна инвестиција и не е одговор на потребата на скопјани, но и генерално на државата, рече Мицкоски. Тој напомена дека имаме три компании кои се сериозно заинтересирани за вложување во ваков тип на енергетска инфраструктура когенеративни производни капацитети и нормално, и со сите се преговара, за да се види кои се најдобрите услови. Но, нагласи, тоа нема да биде ништо надвор од актуелните програми за поддршка на инвестициите, нема да биде инвестиција со која ќе биде загарантиран откупот или по принцип, туку ќе биде на основа на правилата на пазарот. Мицкоски додаде дека ќе биде инвестиција која ќе користи зелена енергија. -Секако, ќе биде инвестиција која што ќе користи зелена енергија, бидејќи се обврзавме со планот за раст дека ќе овозможиме производите што ќе се извезуваат во Европската Унија, да имаат зелено брендирање дека се произведени од зелена енергија. Ние последни почнавме како Влада, споредено со другите пет земји од Западен Балкан, први ќе ја добиеме првата транша, бидејќи најквалитетно и први си ја завршивме домашната задача во овие четири месеци. Последни почнавме, први ја добиваме и сме многу понапред во сите други процеси од другите пет земји. Имаме амбициозен план и сакаме да го реализираме, додаде Мицкоски.

The post Уште две нови инвестиции до крајот на месецот во вредност од 50 милиони евра и отворање нови 500 работни места, најави Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Николоски: Инвестиравме 5 милиони евра оваа година за Велес https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-investiravme-5-milioni-evra-ovaa-godina-za-veles/ Sat, 09 Nov 2024 13:59:09 +0000 https://republika.mk/?p=835880

Велес инфраструктурно го подобривме, реконструиравме неколку улици низ градот, влезовите целосно ги реконструиравме а за следната година планираме нови проекти, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета во Велес.

Министерот заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, градоначалникот Марко Колев и пратениците, извршија увид во реконструираниот влез во градот, дел од регионалниот пат Р1312.

Во многу краток период сме повторно во Велес да промовираме убави работи, тоа е влезот во градот. Можам да кажам дека само оваа година во различни проекти, инвестираме некаде околу 5 милиони евра во Велес. Овој влез чини околу 750.000 евра, а преку проектот за локални патишта веќе се инвестирани оваа година 1.100.000 евра. Се работи за три улици, кои што се во тек на реконструкција, или се веќе реконструирани. Исто така преку одлуката на Влада за дотации до општините, во општина Велес треба да се инвестираат некаде околу 2.200.000 евра и тоа се договори кои што се веќе потпишани, а тука е секако и социјалната зграда, која што е завршена и во тек е конкурсот за распределба на социјалните станови. Така што, една навистина голема активност, за следната година најавувам уште поголеми активности, и заеднички, заедно со премиерот, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта и градоначалникот, ќе работиме на уште повеќе проекти. Честитам 80 години слободен Велес и тие идеали на оние кои што се бореа за независна и слободна Македонија да продолжиме да ги градиме во 21 век - изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

The post Николоски: Инвестиравме 5 милиони евра оваа година за Велес appeared first on Република.

]]>

Велес инфраструктурно го подобривме, реконструиравме неколку улици низ градот, влезовите целосно ги реконструиравме а за следната година планираме нови проекти, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета во Велес. Министерот заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, градоначалникот Марко Колев и пратениците, извршија увид во реконструираниот влез во градот, дел од регионалниот пат Р1312.
Во многу краток период сме повторно во Велес да промовираме убави работи, тоа е влезот во градот. Можам да кажам дека само оваа година во различни проекти, инвестираме некаде околу 5 милиони евра во Велес. Овој влез чини околу 750.000 евра, а преку проектот за локални патишта веќе се инвестирани оваа година 1.100.000 евра. Се работи за три улици, кои што се во тек на реконструкција, или се веќе реконструирани. Исто така преку одлуката на Влада за дотации до општините, во општина Велес треба да се инвестираат некаде околу 2.200.000 евра и тоа се договори кои што се веќе потпишани, а тука е секако и социјалната зграда, која што е завршена и во тек е конкурсот за распределба на социјалните станови. Така што, една навистина голема активност, за следната година најавувам уште поголеми активности, и заеднички, заедно со премиерот, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта и градоначалникот, ќе работиме на уште повеќе проекти. Честитам 80 години слободен Велес и тие идеали на оние кои што се бореа за независна и слободна Македонија да продолжиме да ги градиме во 21 век - изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

The post Николоски: Инвестиравме 5 милиони евра оваа година за Велес appeared first on Република.

]]>
Николоски: Нови работни места и инвестиции за Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-novi-rabotni-mesta-i-investitsii-za-makedonija/ Wed, 23 Oct 2024 09:17:22 +0000 https://republika.mk/?p=830095

Имаме амбициозна програма со која започнавме да ја менуваме сликата за Македонија. Ја реализираме наголемата инвестициона активност во патната мрежа каде започнуваме постапки за изградба на неколку автопати. Завршуваме со изградба на неколку брзи патишта. Нашиот најамбициозен проект е изградба на брза пруга токму на коридор 10 со што ќе овозможиме брза врска до солунското пристаниште и до Централна Европа. Започнавме и со промена на перцепцијата за инвеститорите, да понудиме услови кој ќе бидат конкуретни за инвеститорите и да бидеме препознати како погодна земја за инвестирање, рече вчера заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на Форумот за поврзување со Југоисточна Европа што се одржува во Солун.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-od-solun-ekonomskiot-razvoj-na-regionot-zavisi-od-infrastrukturnoto-povrzuvane-imame-ambitsiozna-agenda-vo-patnata-i-zheleznichkata-mrezha/

Николоски ги покани грчките бизниси да инвестираат во Македонија, која, како што им порачал, се надградува и енергетски и на ниво на транспортната инфраструктура, а новата Влада спроведува многу амбициозна програма за економски развој на земјата.

Веќе ја намаливме инфлацијата за два процентни поени. Ќе бидеме земја број еден во економскиот развој на Балканот во 2025 година. Добрите односи меѓу двете земји дополнително ќе се развиваат во следниот период, нагласил Николовски и додал дека е „природно да има интеракција меѓу економиите на Грција и Македонија“, но и дека развојот на нашата земја е во интерес на јужниот сосед.

The post Николоски: Нови работни места и инвестиции за Македонија appeared first on Република.

]]>

Имаме амбициозна програма со која започнавме да ја менуваме сликата за Македонија. Ја реализираме наголемата инвестициона активност во патната мрежа каде започнуваме постапки за изградба на неколку автопати. Завршуваме со изградба на неколку брзи патишта. Нашиот најамбициозен проект е изградба на брза пруга токму на коридор 10 со што ќе овозможиме брза врска до солунското пристаниште и до Централна Европа. Започнавме и со промена на перцепцијата за инвеститорите, да понудиме услови кој ќе бидат конкуретни за инвеститорите и да бидеме препознати како погодна земја за инвестирање, рече вчера заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на Форумот за поврзување со Југоисточна Европа што се одржува во Солун.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-od-solun-ekonomskiot-razvoj-na-regionot-zavisi-od-infrastrukturnoto-povrzuvane-imame-ambitsiozna-agenda-vo-patnata-i-zheleznichkata-mrezha/ Николоски ги покани грчките бизниси да инвестираат во Македонија, која, како што им порачал, се надградува и енергетски и на ниво на транспортната инфраструктура, а новата Влада спроведува многу амбициозна програма за економски развој на земјата.
Веќе ја намаливме инфлацијата за два процентни поени. Ќе бидеме земја број еден во економскиот развој на Балканот во 2025 година. Добрите односи меѓу двете земји дополнително ќе се развиваат во следниот период, нагласил Николовски и додал дека е „природно да има интеракција меѓу економиите на Грција и Македонија“, но и дека развојот на нашата земја е во интерес на јужниот сосед.

The post Николоски: Нови работни места и инвестиции за Македонија appeared first on Република.

]]>
Нови германски инвестиции и очекување растот на БДП да надмине три отсто, најави Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/novi-germanski-investitsii-i-ochekuvane-rastot-na-bdp-da-nadmine-tri-otsto-najavi-mitskoski/ Fri, 18 Oct 2024 10:11:48 +0000 https://republika.mk/?p=828413

Премиерот Христијан Мицкоски најави нови германски инвестиции, а најголемата, како што истакна, ќе биде ветерен парк кај Куманово, Ранковце, Крива Паланка и Старо Нагоричане, вредна преку 400 милиони евра. До крајот на годината, според премиерот, две германски компании ќе почнат да вложуваат, едната, веќе присутна во земјава, ќе гради нов производен погон, а другата ќе стартува сосема нова гринфилд инвестиција.

Одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на ново училиште во Ченто, Мицкоски рече дека очекува раздвижување на економијата по забрзаната динамика на капиталните инвестиции и над три отсто раст на БДП во третиот и четвртиот квартал од годината.

Ефектите од економската ситуација во Германија која, според премиерот, не е охрабрувачка, кај нас ќе се почувствуваат, како што рече, веројатно кон крајот на првиот и почетокот на вториот квартал идната година.

Разговорот со германската Стопанска комора, беше пријатен и, би рекол, плоден. Веќе имаме неколку инвестиции во најава. Има една инвестиција во делот на енергетиката, нов ветерен парк – огромна инвестиција во потегот на општините Куманово, Ранковце, Крива Паланка и Старо Нагоричане, германска инвестиција, огромна 400 и нешто милиони евра. Струјата што ќе ја произведуваат, ќе ја продаваат на пазарот. За жал, четири години таа инвестиција не биле во можност да ја реализираат од причини кои не би ги коментирал сега во јавноста, ќе треба истражните органи да се позанимаваат. Но, веќе задолживме луѓе од Кабинетот што ќе ја следат на дневна основа реализацијата на оваа инвестиција која ќе значи уште еден чекор напред кон зелената транзиција, односно производство на електрична енергија од обновливи извори. Инаку, состојбата во германската економија не е охрабрувачка, туку е прилично предизвикувачка и очекувам ефектите што сега се случуваат во овој трет квартал во Германија, ние да ги почувствуваме кон крајот на првиот и почетокот на вториот квартал следната година – изјави Мицкоски.

Тој се осврна и на состојбите во индустријата кај нас, нагласувајќи дека последниве два месеца од доаѓањето на новата Влада, бројките се многу подобри.

Индустриското производство просечно во вториот квартал паѓаше со 7 проценти. Просечно во првите два месеци од третиот квартал за којшто имаме досега обработени податоци, тоа се јули и август месец расте со 1,1 процент или во нето просечно е повисоко 8,1 проценти споредено со вториот квартал. Односно, во месец јули порасна за 3,8 проценти, а во месец август падна за 1,6 или во просек кога ќе се земе расте за 1,1 процент, додека пак, преработувачката индустрија и во првиот месец од третиот квартал јули и во вториот месец од третиот квартал август расте, во јули за 3,8 проценти, а во август мислам дека беше 1,1 процент, но треба тоа да го провериме. Извозот во август споредено со август минатата година е поголем за 12,2 процента, а увозот е помал за 1,6 проценти, така што не би се сложил дека извозот паѓа. Јас сега зборувам откако е оваа Влада, не зборувам за претходната. Откако е оваа Влада, избрана ова се параметрите – истакна премиерот.

Дополни и дека седум години додека соседите одеа напред, земјава одеше назад, па сега, како што напомена, мора да се прават крупни чекори.

Порастот на БДП, согласно сегашните параметри, очекувам да биде меѓу прогнозите на ММФ и Светска банка или еден од подобрите во регионот или Европа, но да го почекаме декември кога излегуваат бројките за третиот квартал. Сепак, очекувам во третиот и четвртиот квартал растот да биде над три отсто со оглед на забрзаната динамика на капиталните инестиции – потенцира премиерот.

Во врска со проектите на општините, рече дека ќе бидат јавно објавени.

Не очекувам нови проекти, туку тие навреме што не доставија, да достават, а такви не се многу, нагласи Мицкоски.

The post Нови германски инвестиции и очекување растот на БДП да надмине три отсто, најави Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски најави нови германски инвестиции, а најголемата, како што истакна, ќе биде ветерен парк кај Куманово, Ранковце, Крива Паланка и Старо Нагоричане, вредна преку 400 милиони евра. До крајот на годината, според премиерот, две германски компании ќе почнат да вложуваат, едната, веќе присутна во земјава, ќе гради нов производен погон, а другата ќе стартува сосема нова гринфилд инвестиција. Одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на ново училиште во Ченто, Мицкоски рече дека очекува раздвижување на економијата по забрзаната динамика на капиталните инвестиции и над три отсто раст на БДП во третиот и четвртиот квартал од годината. Ефектите од економската ситуација во Германија која, според премиерот, не е охрабрувачка, кај нас ќе се почувствуваат, како што рече, веројатно кон крајот на првиот и почетокот на вториот квартал идната година.
Разговорот со германската Стопанска комора, беше пријатен и, би рекол, плоден. Веќе имаме неколку инвестиции во најава. Има една инвестиција во делот на енергетиката, нов ветерен парк – огромна инвестиција во потегот на општините Куманово, Ранковце, Крива Паланка и Старо Нагоричане, германска инвестиција, огромна 400 и нешто милиони евра. Струјата што ќе ја произведуваат, ќе ја продаваат на пазарот. За жал, четири години таа инвестиција не биле во можност да ја реализираат од причини кои не би ги коментирал сега во јавноста, ќе треба истражните органи да се позанимаваат. Но, веќе задолживме луѓе од Кабинетот што ќе ја следат на дневна основа реализацијата на оваа инвестиција која ќе значи уште еден чекор напред кон зелената транзиција, односно производство на електрична енергија од обновливи извори. Инаку, состојбата во германската економија не е охрабрувачка, туку е прилично предизвикувачка и очекувам ефектите што сега се случуваат во овој трет квартал во Германија, ние да ги почувствуваме кон крајот на првиот и почетокот на вториот квартал следната година – изјави Мицкоски.
Тој се осврна и на состојбите во индустријата кај нас, нагласувајќи дека последниве два месеца од доаѓањето на новата Влада, бројките се многу подобри.
Индустриското производство просечно во вториот квартал паѓаше со 7 проценти. Просечно во првите два месеци од третиот квартал за којшто имаме досега обработени податоци, тоа се јули и август месец расте со 1,1 процент или во нето просечно е повисоко 8,1 проценти споредено со вториот квартал. Односно, во месец јули порасна за 3,8 проценти, а во месец август падна за 1,6 или во просек кога ќе се земе расте за 1,1 процент, додека пак, преработувачката индустрија и во првиот месец од третиот квартал јули и во вториот месец од третиот квартал август расте, во јули за 3,8 проценти, а во август мислам дека беше 1,1 процент, но треба тоа да го провериме. Извозот во август споредено со август минатата година е поголем за 12,2 процента, а увозот е помал за 1,6 проценти, така што не би се сложил дека извозот паѓа. Јас сега зборувам откако е оваа Влада, не зборувам за претходната. Откако е оваа Влада, избрана ова се параметрите – истакна премиерот.
Дополни и дека седум години додека соседите одеа напред, земјава одеше назад, па сега, како што напомена, мора да се прават крупни чекори.
Порастот на БДП, согласно сегашните параметри, очекувам да биде меѓу прогнозите на ММФ и Светска банка или еден од подобрите во регионот или Европа, но да го почекаме декември кога излегуваат бројките за третиот квартал. Сепак, очекувам во третиот и четвртиот квартал растот да биде над три отсто со оглед на забрзаната динамика на капиталните инестиции – потенцира премиерот.
Во врска со проектите на општините, рече дека ќе бидат јавно објавени. Не очекувам нови проекти, туку тие навреме што не доставија, да достават, а такви не се многу, нагласи Мицкоски.  

The post Нови германски инвестиции и очекување растот на БДП да надмине три отсто, најави Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Мицкоски очекува драматично зголемување на бројот на инвестиции до крајот на годината https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-ochekuva-dramatichno-zgolemuvane-na-brojot-na-investitsii-do-krajot-na-godinata/ Thu, 17 Oct 2024 12:50:42 +0000 https://republika.mk/?p=828066

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази очекување за зголемување на бројот на инвестиции до крајот на годината.

Имаме една добра инвестиција која што е веќе завршена и уште неколку коишто се во процес на завршување. Очекувам до крајот на годината и тие да ги завршиме. Ова е инвестиција на компанијата „Бреинчајлд“, вредноста е некаде околу 8,5 милиони евра и очекувам и таа да вработи околу стотина луѓе. Веќе ја закупија парцелата во зоната Жабени, почнуваат да ја градат првата хала од три илјади метри квадратни, така што во периодот којшто следи ќе бидеме сведоци на уште нови и успешни вести и очекувам бројот на странски инвестиции драматично да се зголеми до крајот на годината - рече Мицкоски.

Во однос на втората транша од заемот од Унгарија, тој вели дека уште во кампањата кажал дека ќе донесат една милијарда евра.

Овие 500 милиони веќе стигнаа на сметката или во текот на утрешниот ден ќе стигнат на сметката на Народната банка и тие 250 милиони ќе бидат насочени кон бизнисот, останатите кон реализирање на капитални инвестиции. Останатите 500 милиони евра рековме дека ќе ги земеме доколку не успееме да најдеме подобри услови, односно средства со коишто ќе ја вратиме еврообврзницата која што е земена од претходната влада во 2018 година, а која што истекува на 25 јануари 2025 година. И за да го стигнеме рокот почнуваме со преговори. Доколку успееме во меѓувреме со пониска каматна стапка, подобри услови нормално дека тие ќе ги земеме нема да одиме со овие 500 милиони евра (вторите). Но, ние најавивме една милијарда и таа милијарда ја носиме. Јас тоа што сум го кажал тоа и го испорачувам. Јас не се занимавам со политика на импровизации - кажа Мицкоски во одговор на новинарски прашања при посетата на тетовско Брвеница.

The post Мицкоски очекува драматично зголемување на бројот на инвестиции до крајот на годината appeared first on Република.

Мицкоски: За една година од мандатот инвестираме 21 милијарда денари во капитални проекти во општините https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-za-edna-godina-od-mandatot-investirame-21-milijarda-denari-vo-kapitalni-proekti-vo-opshtinite/ Tue, 24 Sep 2024 10:10:03 +0000 https://republika.mk/?p=819243

Можам да кажам дека повторно Македонија се гради после долгогодишен застој, конечно почнуваме да го надополнуваме тоа коешто годините позади нас беше запустено, заборавено, а ветувано, неисполнето, рече претседателот на владата, Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на ставањето камен-темелник на новата спортска сала во оопштина Ѓорче Петов.

За разлика од минатото можам да кажам дека градоначалникот овде во Општина Ѓорче Петров заедно со дел од советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, администрацијата, заедно со пратениците во Парламентот, со пратеникот тука од Општина Ѓорче Петров, заедно со Министерството за образование и наука, во периодот којшто следи ќе имаат голем број инвестиции овде, но и оваа инвестиција денеска овде којашто е од буџетот на Општината, покажува дека Македонија се гради и дека граѓаните ќе ги добијат оние услови коишто се потребни за поголем квалитет во нивниот живот. Јас само честитам за ваков тип на проекти, како Влада продолжуваме сето ова да го поддржуваме и во периодот којшто следи. Завршен е оној повик за аплицирање на проекти коишто ќе бидат финансирани од централниот буџет. Општина Ѓорче Петров достави такви проекти до Министерството за локална самоуправа. Очекувам веќе во следната недела да имаме список на проекти коишто ќе бидат финансирани и процесот сам по себе да започне некаде од првата недела или би рекол првата половина на октомври месец. До крајот на октомври да бидат завршени тендерските процедури и веќе првата половина на ноември месец офанзивата да продолжи. Доколку временските услови дозволат, во текот на зимата да имаме навистина огромна теренска активност и градба на нови проекти и веќе следната година дел од нив и да ги завршуваме и да ги пуштаме во употреба. А на почетокот на следната година ќе ве потсетам, повторно ќе имаме таков повик. Во првичната верзија од Буџетот којашто се прави за 2025 година предвидени се 15 милијарди денари за ваков тип на проекти и веќе општините ќе можат уште еднашка да аплицираат со проекти коишто ќе значат поквалитетен живот на нашите сограѓани. Оваа активност прв пат се случува, досега никогаш во независна Македонија ова не се случило. Само за една година ќе имаме повеќе 20-21 милијарда денари коишто ќе бидат инвестирани од централниот буџет за општините. Уште еднаш дозволете ми на крај да го изразам моето задоволство, прво на поканата, а второ и на реализацијата на ваков тип на проекти, истакна Мицкоски.

Да му честитам на градоначалникот, на администрацијата, на советниците, пратениците, на Министерката и сите останати кои што придонесуваат во работата на оваа општинска администрација и да им посакам уште многу вакви проекти да бидат реализирани во периодот којшто следи“, додаде Мицкоски.

The post Мицкоски: За една година од мандатот инвестираме 21 милијарда денари во капитални проекти во општините appeared first on Република.

Мицкоски очекува дополнителни три инвестиции до крајот на годината https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-ochekuva-dopolnitelni-tri-investitsii-do-krajot-na-godinata/ Mon, 16 Sep 2024 09:23:59 +0000 https://republika.mk/?p=816718

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на годината уште три инвестиции со кои, како што денеска изјави, значително ќе се зголеми економската активност и позотивно ќе се влијае врз растот на БДП.

Мицкоски очекува, како што рече, многу скоро, нов камен темелник на една белгиско-германска компанија. Посочи дека очекува и проширување на капацитетите на компаниите кои се веќе присутни и работат во земјава.

Како Влада ќе сториме се што е во наша моќ да помогнеме, затоа што нема поголемо задоволство ниту за мене, ниту за членовите на Владата кога ќе отворите ново работно место, кога ќе помогнете уште некој македонски граѓанин да остане тука, наместо да се сели надвор - изјави Мицкоски.

Забележа дека го охрабруваат првите индикатори во економијата за јули и август, а тоа е поголемото индустриско производство, со големо учество на преработувачката индустрија.

Охрабрува 3,8- 4 проценти после неколкумесечниот пад, којшто беше посебно жесток во месеците април,мај, јуни. Сега конечно имаме позитива и очекувам во месец август и во следните месеци до крајот на годината да имаме позитивни резултати за индустриското производство - вели Мицкоски.

Претседателот на Владата додаде дека и во вториот квартал, БДП е 2,3 проценти и е над очекувањата што беа поставени од многу меѓународни финансиски институции.

Доколку се анализираат сите овие податоци има раздвижување во економијата - изјави Мицкоски.

The post Мицкоски очекува дополнителни три инвестиции до крајот на годината appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на годината уште три инвестиции со кои, како што денеска изјави, значително ќе се зголеми економската активност и позотивно ќе се влијае врз растот на БДП. Мицкоски очекува, како што рече, многу скоро, нов камен темелник на една белгиско-германска компанија. Посочи дека очекува и проширување на капацитетите на компаниите кои се веќе присутни и работат во земјава.
Како Влада ќе сториме се што е во наша моќ да помогнеме, затоа што нема поголемо задоволство ниту за мене, ниту за членовите на Владата кога ќе отворите ново работно место, кога ќе помогнете уште некој македонски граѓанин да остане тука, наместо да се сели надвор - изјави Мицкоски.
Забележа дека го охрабруваат првите индикатори во економијата за јули и август, а тоа е поголемото индустриско производство, со големо учество на преработувачката индустрија.
Охрабрува 3,8- 4 проценти после неколкумесечниот пад, којшто беше посебно жесток во месеците април,мај, јуни. Сега конечно имаме позитива и очекувам во месец август и во следните месеци до крајот на годината да имаме позитивни резултати за индустриското производство - вели Мицкоски.
Претседателот на Владата додаде дека и во вториот квартал, БДП е 2,3 проценти и е над очекувањата што беа поставени од многу меѓународни финансиски институции.
Доколку се анализираат сите овие податоци има раздвижување во економијата - изјави Мицкоски.

The post Мицкоски очекува дополнителни три инвестиции до крајот на годината appeared first on Република.

]]>
Во ноември ќе бидат објавени нови инвестиции, најави премиерот Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-noemvri-ke-bidat-objaveni-novi-investitsii-najavi-premierot-mitskoski/ Wed, 11 Sep 2024 09:21:20 +0000 https://republika.mk/?p=815238

Премиерот Христијан Мицкоски очекува во ноември да објават нови инвестиции. Станува збор за две инвестиции кои ќе бидат проширување на веќе постојни капацитети кои работат во земјава, како и за една странска инвестиција за која преговорите се во финална фаза.

Новата инвестиција која доаѓа од европска држава, како што рече Мицкоски, е во финална фаза на преговори и имаат дневна комуникација со потенцијалниот инвеститор.

Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции. Две се на постојни инвестиции кои веќе работат кај нас и ќе направат проширување на своето производно портфолио. Очекувам во ноември полека, но сигурно, да ги објавуваме овие позитивни вести за граѓаните. За инвестицијата од 150 милиони евра, во последна фаза сме на преговори со една голема европска земја која е членка на ЕУ, се натпреваруваме за оваа инвестиција. Дневно комуницираме со потенцијалниот инвеститор и доколку тоа се случи, ќе биде голем чекор напред за нас како држава и како Влада - рече Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата.

The post Во ноември ќе бидат објавени нови инвестиции, најави премиерот Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски очекува во ноември да објават нови инвестиции. Станува збор за две инвестиции кои ќе бидат проширување на веќе постојни капацитети кои работат во земјава, како и за една странска инвестиција за која преговорите се во финална фаза. Новата инвестиција која доаѓа од европска држава, како што рече Мицкоски, е во финална фаза на преговори и имаат дневна комуникација со потенцијалниот инвеститор.
Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции. Две се на постојни инвестиции кои веќе работат кај нас и ќе направат проширување на своето производно портфолио. Очекувам во ноември полека, но сигурно, да ги објавуваме овие позитивни вести за граѓаните. За инвестицијата од 150 милиони евра, во последна фаза сме на преговори со една голема европска земја која е членка на ЕУ, се натпреваруваме за оваа инвестиција. Дневно комуницираме со потенцијалниот инвеститор и доколку тоа се случи, ќе биде голем чекор напред за нас како држава и како Влада - рече Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата.

The post Во ноември ќе бидат објавени нови инвестиции, најави премиерот Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Влада: Четири нови странски инвестиции и нови над 1500 вработувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlada-chetiri-novi-stranski-investitsii-i-novi-nad-1500-vrabotuvana/ Wed, 11 Sep 2024 06:44:57 +0000 https://republika.mk/?p=815131

Владата за само два месеци донесе 4 странски инвестиции и нови над 1500 вработувања, велат од Генералниот секретаријат.

Првата инвестиција Претседателот на Владата Мицкоски ја промовираше само еден ден по формирање на Владата. Станува збор за изградба на ветерници во државата со капацитет до 400MW на „Aлказар Енерџи“ во вредност од 500 милиони долари. Оваа инвестиција ќе се реализира во општините Радовиш, Штип и Карбинци, а ќе бидат инсталирани 55 ветерници и 630 нови вработувања, со што 100.000 граѓани ќе се снабдат со електрична енергија.

Германско-белгиска на „Епсотех Аим“ е втората инвестиција за изградба на развојно истражувачки центар, алерти центар во индустриско-технолошките зони на територијата на Општина Петровец. Вредноста на инвестицијата е 20 милиони евра и нови 110 вработувања.

Третата странска инвестиција е за производство на сопирачки за шински возила на американскиот „Вебтек“ во вредност од 35 милиони евра. Со оваа инвестиција ќе се отворат нови над 100 вработувања, а истата ќе се реализира во Технолошко индустриско развојната зона Скопје.

И четврта инвестиција која ја донесе Владата е производство на литиум јонски батерии во Технолошко индустриско развојната зона Скопје. Инвестицијата на германската компанија „BMZ Group“ е во вредност од 65 милиони евра и отвора нови 700 вработувања.

Уште во првите два месеци се гледаат позитивните ефекти од владеењето на Владата и Претседателот Христијан Мицкоски. Приоритет на Владата е силен економски развој и целосна трансформација на државата, се со цел поквалитетен и подобар животен стандард на граѓаните. Владата и во иднина ќе продолжи да работи на носење на нови странски инвестиции и отворање на нови работни места, велат оттаму.

The post Влада: Четири нови странски инвестиции и нови над 1500 вработувања appeared first on Република.

]]>

Владата за само два месеци донесе 4 странски инвестиции и нови над 1500 вработувања, велат од Генералниот секретаријат. Првата инвестиција Претседателот на Владата Мицкоски ја промовираше само еден ден по формирање на Владата. Станува збор за изградба на ветерници во државата со капацитет до 400MW на „Aлказар Енерџи“ во вредност од 500 милиони долари. Оваа инвестиција ќе се реализира во општините Радовиш, Штип и Карбинци, а ќе бидат инсталирани 55 ветерници и 630 нови вработувања, со што 100.000 граѓани ќе се снабдат со електрична енергија. Германско-белгиска на „Епсотех Аим“ е втората инвестиција за изградба на развојно истражувачки центар, алерти центар во индустриско-технолошките зони на територијата на Општина Петровец. Вредноста на инвестицијата е 20 милиони евра и нови 110 вработувања. Третата странска инвестиција е за производство на сопирачки за шински возила на американскиот „Вебтек“ во вредност од 35 милиони евра. Со оваа инвестиција ќе се отворат нови над 100 вработувања, а истата ќе се реализира во Технолошко индустриско развојната зона Скопје. И четврта инвестиција која ја донесе Владата е производство на литиум јонски батерии во Технолошко индустриско развојната зона Скопје. Инвестицијата на германската компанија „BMZ Group“ е во вредност од 65 милиони евра и отвора нови 700 вработувања. Уште во првите два месеци се гледаат позитивните ефекти од владеењето на Владата и Претседателот Христијан Мицкоски. Приоритет на Владата е силен економски развој и целосна трансформација на државата, се со цел поквалитетен и подобар животен стандард на граѓаните. Владата и во иднина ќе продолжи да работи на носење на нови странски инвестиции и отворање на нови работни места, велат оттаму.

The post Влада: Четири нови странски инвестиции и нови над 1500 вработувања appeared first on Република.

]]>
Муцунски-Сијарто: Поддршка на постојните и поттикнување нови инвестиции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-sijarto-poddrshka-na-postojnite-i-pottiknuvane-novi-investitsii/ Fri, 06 Sep 2024 20:02:28 +0000 https://republika.mk/?p=813972

Поддршка на постојните и поттикнување на нови инвестиции биле во фокусот на средбата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.

Како што информираат од МНРТ, ова е прва посета на министерот Муцунски на Унгарија.

- На средбата беше нагласена важноста на пријателството меѓу двете земји изградено врз основа на меѓусебна доверба и поддршка, како во мултилатералните односи, така и во економската соработка, која ќе продолжи да се развива и продлабочува во иднина, со посебен акцент на поддршка на постојните и поттикнување нови инвестиции, стои во соопштението од МНР.

Оттаму дополнуваат дека министерот Муцунски на средбата се заблагодарил за целокупната поддршка од Унгарија, вклучително и неодамнешниот заем за нашата држава, како и големата помош при справување со пожарите. Притоа, тој го информирал својот унгарски колега за новите надлежности на министерството, структурирано слично на унгарското министерството со кое тој раководи.

Од страна на унгарскиот министер Сијарто била изразена недвосмислена поддршка за нашите евроинтеграции, истакнувајќи дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан ќе донесе нова енергија во Унијата. Тој нагласил дека Унгарија ќе продолжи да го поддржува нашето забрзано интегрирање, особено за време на унгарското претседавање со ЕУ, но и во иднина.

Во рамки на посетата на Унгарија, Министерот Муцунски остварил одвоена средба и со Иштван Јакаб, заменик претседател на Националното собрание на Унгарија и претседател на Групата за пријателство на Унгарија со земјите од Југоисточна Европа.

Во фокусот на средбата биле можностите за продлабочување на соработката во образованието, земјоделството и туризмот.

Министерот Муцунски изразил благодарност за континуираната поддршка од Унгарија во процесот на пристапување во Европската унија и партнерството во НАТО, истовремено нагласувајќи ја посветеноста на новата влада за спроведување европски реформи.

Заменик-претседателот Јакаб го поздравил долгогодишното пријателство меѓу двете држави и народи, изразувајќи уверување дека Унгарија ќе остане силен поддржувач за нашето полноправно членство во Европската Унија, особено во периодот на унгарското претседателство со Советот на Европа.

За време на посетата, државниот секретар во МНРНТ Елена Кузмановска остварила одвоена средба со државниот секретар за јавна администрација во МНРТ, Естер Ѓармати, чиј фокус на разговорите била реорганизацијата на МНРНТ, односно трансформацијата на Министерството за надворешни работи кое сега го вклучува и секторот на надворешна трговија во портфолиото на своите главни активности.

The post Муцунски-Сијарто: Поддршка на постојните и поттикнување нови инвестиции appeared first on Република.

]]>

Поддршка на постојните и поттикнување на нови инвестиции биле во фокусот на средбата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто. Како што информираат од МНРТ, ова е прва посета на министерот Муцунски на Унгарија. - На средбата беше нагласена важноста на пријателството меѓу двете земји изградено врз основа на меѓусебна доверба и поддршка, како во мултилатералните односи, така и во економската соработка, која ќе продолжи да се развива и продлабочува во иднина, со посебен акцент на поддршка на постојните и поттикнување нови инвестиции, стои во соопштението од МНР. Оттаму дополнуваат дека министерот Муцунски на средбата се заблагодарил за целокупната поддршка од Унгарија, вклучително и неодамнешниот заем за нашата држава, како и големата помош при справување со пожарите. Притоа, тој го информирал својот унгарски колега за новите надлежности на министерството, структурирано слично на унгарското министерството со кое тој раководи.
Од страна на унгарскиот министер Сијарто била изразена недвосмислена поддршка за нашите евроинтеграции, истакнувајќи дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан ќе донесе нова енергија во Унијата. Тој нагласил дека Унгарија ќе продолжи да го поддржува нашето забрзано интегрирање, особено за време на унгарското претседавање со ЕУ, но и во иднина. Во рамки на посетата на Унгарија, Министерот Муцунски остварил одвоена средба и со Иштван Јакаб, заменик претседател на Националното собрание на Унгарија и претседател на Групата за пријателство на Унгарија со земјите од Југоисточна Европа. Во фокусот на средбата биле можностите за продлабочување на соработката во образованието, земјоделството и туризмот. Министерот Муцунски изразил благодарност за континуираната поддршка од Унгарија во процесот на пристапување во Европската унија и партнерството во НАТО, истовремено нагласувајќи ја посветеноста на новата влада за спроведување европски реформи. Заменик-претседателот Јакаб го поздравил долгогодишното пријателство меѓу двете држави и народи, изразувајќи уверување дека Унгарија ќе остане силен поддржувач за нашето полноправно членство во Европската Унија, особено во периодот на унгарското претседателство со Советот на Европа. За време на посетата, државниот секретар во МНРНТ Елена Кузмановска остварила одвоена средба со државниот секретар за јавна администрација во МНРТ, Естер Ѓармати, чиј фокус на разговорите била реорганизацијата на МНРНТ, односно трансформацијата на Министерството за надворешни работи кое сега го вклучува и секторот на надворешна трговија во портфолиото на своите главни активности.

The post Муцунски-Сијарто: Поддршка на постојните и поттикнување нови инвестиции appeared first on Република.

]]>
Мизо: Имавме детална дискусија и очекуваме во следниот период подлабински да навлеземе во сето она што треба да се промени и подобри, сѐ со цел привлекување на нови странски инвестиции https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mizo-imavme-detalna-diskusija-i-ochekuvame-vo-sledniot-period-podlabinski-da-navlezeme-vo-seto-ona-shto-treba-da-se-promeni-i-podobri-s-so-tsel-privlekuvane-na-novi-stranski-investitsii/ Wed, 04 Sep 2024 12:41:19 +0000 https://republika.mk/?p=813100

„Денес беше првиот состанок на Советот на странски инвеститори со економскиот тим на Владата, предводен од премиерот Мицкоски, и можам да кажам дека имавме неколку многу важни теми кои ги засегаат странските компании.

Пред сѐ разговаравме за работните односи, разговаравме за образованието, за царинските и даночните теми, кои се многу важи за странските компании кои работат тука, за инфраструктурата и општо што значи и колку е важно зголемување на конкурентноста на компаниите кои функционираат тука веќе подолго време.

Имавме присутни околу 40 компании каде што со сите институции од Владата директно ги кажавме нашите барања, потребите, дури и законските потенцијални измени кои треба да се случат во следниот период. И она што е важно е дека имавме плодна, детална дискусија и очекуваме во следниот период преку работни групи со различните министерства и институции подлабински да навлеземе во сето она што треба да се адаптира, да се промени, да се подобри, за да креираме конкурентна, плодна почва за работа, за можност за дополнителни инвестиции од наша страна, но истовремено и за конкурентност при процесот на потенцијални привлекувања на нови компании.

Иако ние како компании тука работиме на подобрување на нашите резултати и нашите успеси тука, знаме дека како компании кои работат успешно тука можеме да бидеме и амбасадори при процесот на привлекување на нови компании“.

The post Мизо: Имавме детална дискусија и очекуваме во следниот период подлабински да навлеземе во сето она што треба да се промени и подобри, сѐ со цел привлекување на нови странски инвестиции appeared first on Република.

]]>

„Денес беше првиот состанок на Советот на странски инвеститори со економскиот тим на Владата, предводен од премиерот Мицкоски, и можам да кажам дека имавме неколку многу важни теми кои ги засегаат странските компании. Пред сѐ разговаравме за работните односи, разговаравме за образованието, за царинските и даночните теми, кои се многу важи за странските компании кои работат тука, за инфраструктурата и општо што значи и колку е важно зголемување на конкурентноста на компаниите кои функционираат тука веќе подолго време. Имавме присутни околу 40 компании каде што со сите институции од Владата директно ги кажавме нашите барања, потребите, дури и законските потенцијални измени кои треба да се случат во следниот период. И она што е важно е дека имавме плодна, детална дискусија и очекуваме во следниот период преку работни групи со различните министерства и институции подлабински да навлеземе во сето она што треба да се адаптира, да се промени, да се подобри, за да креираме конкурентна, плодна почва за работа, за можност за дополнителни инвестиции од наша страна, но истовремено и за конкурентност при процесот на потенцијални привлекувања на нови компании. Иако ние како компании тука работиме на подобрување на нашите резултати и нашите успеси тука, знаме дека како компании кои работат успешно тука можеме да бидеме и амбасадори при процесот на привлекување на нови компании“.

The post Мизо: Имавме детална дискусија и очекуваме во следниот период подлабински да навлеземе во сето она што треба да се промени и подобри, сѐ со цел привлекување на нови странски инвестиции appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Со менаџментот на „ЛИДЛ“ маркети разговарав за условите за инвестирање, секој кој сака да вложи може тука да го стори тоа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-so-menadhmentot-na-lidl-marketi-razgovarav-za-uslovite-za-investirane-sekoj-koj-saka-da-vlozhi-mozhe-tuka-da-go-stori-toa/ Thu, 15 Aug 2024 11:07:34 +0000 https://republika.mk/?p=806845

„Видете, компанијата е тука присутна веќе повеќе години. Од тоа што ни беше презентирано, повеќе од стотина милиони евра веќе се инвестирани и наша цел е од процентот којшто ни беше претставен дека ќе бидат застапени македонски производи на рафтовите на компанијата, тој процент да дојде многу скоро до 50 проценти, сега не би зборувал кој е тој процент, но е далеку од тоа ние што го очекуваме како Влада. Ние очекуваме минимум 50 проценти таму да има производи македонски на тие рафтови од македонски компании“, подвлече Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Македонија денеска одговарајќи на новинарско прашање со кои проблеми се соочувал менаџментот на компанијата „ЛИДЛ“.

Премиерот Мицкоски посочи дека има нагорен тренд на извозот производи од македонски компании во „ЛИДЛ“ маркетите насекаде во Европа и потенцираше дека доколку се сака се може.

„Извозот кој што е сега добар, да речеме има нагорен тренд се дуплира, очекуваат од неколку стотини илјади евра во 2022 година, на два и пол милиона 2023 година, сега е 2024/2025 пет или шест милиони да биде извоз на производи од македонски компании во „ЛИДЛ“ маркетите насекаде во Европа да биде зголемен, да биде 10, 50 зошто да не и 100 и ценам дека доколку се сака се може“, кажа премиерот.

„Очекувам дека македонските производители заедно со раководството на компанијата „ЛИДЛ“ ќе работат во насока на постигнување на квалитетот, на нормите што ги побарува компанијата за цена којашто е прифатлива за македонските граѓани“, рече премиерот Мицковски и додаде:

„Јас ги охрабрувам, а ние како Влада се што е во наша моќ ние ќе испорачаме, без посредници, без провизии, без дај ми нешто па јас го знам овој оној во таа општина па ќе ви завршам работата, такви работи нема да има повеќе, такви пречки ќе нема, ние како Влада застануваме и секој оној којшто до сега мислел дека е некаков си посредник за олеснување на некого ќе мора да бара друга работа.“

The post Мицкоски: Со менаџментот на „ЛИДЛ“ маркети разговарав за условите за инвестирање, секој кој сака да вложи може тука да го стори тоа appeared first on Република.

]]>

„Видете, компанијата е тука присутна веќе повеќе години. Од тоа што ни беше презентирано, повеќе од стотина милиони евра веќе се инвестирани и наша цел е од процентот којшто ни беше претставен дека ќе бидат застапени македонски производи на рафтовите на компанијата, тој процент да дојде многу скоро до 50 проценти, сега не би зборувал кој е тој процент, но е далеку од тоа ние што го очекуваме како Влада. Ние очекуваме минимум 50 проценти таму да има производи македонски на тие рафтови од македонски компании“, подвлече Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Македонија денеска одговарајќи на новинарско прашање со кои проблеми се соочувал менаџментот на компанијата „ЛИДЛ“. Премиерот Мицкоски посочи дека има нагорен тренд на извозот производи од македонски компании во „ЛИДЛ“ маркетите насекаде во Европа и потенцираше дека доколку се сака се може. „Извозот кој што е сега добар, да речеме има нагорен тренд се дуплира, очекуваат од неколку стотини илјади евра во 2022 година, на два и пол милиона 2023 година, сега е 2024/2025 пет или шест милиони да биде извоз на производи од македонски компании во „ЛИДЛ“ маркетите насекаде во Европа да биде зголемен, да биде 10, 50 зошто да не и 100 и ценам дека доколку се сака се може“, кажа премиерот. „Очекувам дека македонските производители заедно со раководството на компанијата „ЛИДЛ“ ќе работат во насока на постигнување на квалитетот, на нормите што ги побарува компанијата за цена којашто е прифатлива за македонските граѓани“, рече премиерот Мицковски и додаде: „Јас ги охрабрувам, а ние како Влада се што е во наша моќ ние ќе испорачаме, без посредници, без провизии, без дај ми нешто па јас го знам овој оној во таа општина па ќе ви завршам работата, такви работи нема да има повеќе, такви пречки ќе нема, ние како Влада застануваме и секој оној којшто до сега мислел дека е некаков си посредник за олеснување на некого ќе мора да бара друга работа.“

The post Мицкоски: Со менаџментот на „ЛИДЛ“ маркети разговарав за условите за инвестирање, секој кој сака да вложи може тука да го стори тоа appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Инвестираме во болници, нови работни места, разликата е во тоа што се работи домаќински и одговорно https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-investirame-vo-bolnitsi-novi-rabotni-mesta-razlikata-e-vo-toa-shto-se-raboti-domakinski-i-odgovorno/ Mon, 12 Aug 2024 08:14:57 +0000 https://republika.mk/?p=805695

Нормализирањето на состојбите во државата значи домаќинско работење, базирано на чесност и принципи. Затекнавме држава во хаос, се бориме да направиме ред и доследност, напиша на својот фејсбук профил Премиерот Христијан Мицкоски

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски ме извести дека на наплатните рампи во јули 2024 година има промет од 470.194.563 денари што е повеќе за цели 16.071.251денари, споредено со истиот период лани.

Овие пари постоеле и минатата година, само разликата е што не завршувале во касата на државата, каде сега од тие пари градиме градинки, училишта, патишта.

Инвестираме во болници, нови работни места.Разликата е во тоа што се работи домаќински и одговорно. Опозицијата води политика на ситни страсти и со целосна безидејност критикува колку да критикува, но тоа нема да не поколеба да го поправиме тоа што тие го расипаа.

Исполнуваме за секој еден човек. Државата на народот.

The post Мицкоски: Инвестираме во болници, нови работни места, разликата е во тоа што се работи домаќински и одговорно appeared first on Република.

Ковачки: Замениците министри кои што се предложени со нивното искуство и знаење треба да ни помогнат да создадеме и поволна средина за инвестиции и за развој https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-zamenitsite-ministri-koi-shto-se-predlozheni-so-nivnoto-iskustvo-i-znaene-treba-da-ni-pomognat-da-sozdademe-i-povolna-sredina-za-investitsii-i-za-razvoj/ Tue, 23 Jul 2024 15:46:47 +0000 https://republika.mk/?p=799591

„Замениците министри играат клучна улога во обезбедувањето на континуитетот и ефикасноста на министерствата. И секако имаат клучна улога во поддршката на министрите. Тие се столб на стабилноста и помош на министрите, но во нивно отсуство и на премиерот“, истакна пратеникот Драган Ковачки на денешната собраниска седница.

„Со нивниот денешен избор очекувам дека на министрите ќе им се олеснат спроведувањето на визијата, стратегијата и плановите односно спроведувањето на политиките и иницијативите кои што се од витално значење за нашите граѓани кои пак недвосмислено ни ја дадоа довербата“, појасни пратеникот.

Ковачки додаде дека граѓаните ДУИ и СДС заради погубните политики ги испратија во тешка опозиција.

„Замениците министри мора да бидат подготвени да понесат дел од товарот на секојдневното управување и да осигураат дека владините цели и програми ќе бидат реализирани“, нагласи тој.

„Затоа сме денес овде за да ја изразиме нашата поддршка за предложените и за многу брзо избраните кандидати за заменици министри во нашата Влада. Денес пред нас стои уште една важна одлука која ќе влијае на иднината на нашата држава. Изборот на заменици министри не треба да е само формалност туку е значаен чекор кон обезбедувањето на просперитет, стабилност и предвидливост за нашите граѓани“, порача пратеникот.

Ковачки посочи дека во време на глобални предизвици нашата способност да се адаптираме како држава и на тој начин да растеме е од суштинско значење.

„Замениците министри кои што се предложени со нивното искуство и знаење треба да ни помогнат да создадеме и поволна средина за инвестиции и за развој. Секој потег треба да биде насочен кон подобрување и олеснување на животот на нашите граѓани. Грижата за граѓаните и осигурувањето дека потребите и интересите на граѓаните ќе бидат дел од сите активности и политики на министерствата треба да биде една од нивните клучни улоги и приоритети“, истакна Ковачки.

The post Ковачки: Замениците министри кои што се предложени со нивното искуство и знаење треба да ни помогнат да создадеме и поволна средина за инвестиции и за развој appeared first on Република.

]]>

„Замениците министри играат клучна улога во обезбедувањето на континуитетот и ефикасноста на министерствата. И секако имаат клучна улога во поддршката на министрите. Тие се столб на стабилноста и помош на министрите, но во нивно отсуство и на премиерот“, истакна пратеникот Драган Ковачки на денешната собраниска седница. „Со нивниот денешен избор очекувам дека на министрите ќе им се олеснат спроведувањето на визијата, стратегијата и плановите односно спроведувањето на политиките и иницијативите кои што се од витално значење за нашите граѓани кои пак недвосмислено ни ја дадоа довербата“, појасни пратеникот. Ковачки додаде дека граѓаните ДУИ и СДС заради погубните политики ги испратија во тешка опозиција. „Замениците министри мора да бидат подготвени да понесат дел од товарот на секојдневното управување и да осигураат дека владините цели и програми ќе бидат реализирани“, нагласи тој. „Затоа сме денес овде за да ја изразиме нашата поддршка за предложените и за многу брзо избраните кандидати за заменици министри во нашата Влада. Денес пред нас стои уште една важна одлука која ќе влијае на иднината на нашата држава. Изборот на заменици министри не треба да е само формалност туку е значаен чекор кон обезбедувањето на просперитет, стабилност и предвидливост за нашите граѓани“, порача пратеникот. Ковачки посочи дека во време на глобални предизвици нашата способност да се адаптираме како држава и на тој начин да растеме е од суштинско значење. „Замениците министри кои што се предложени со нивното искуство и знаење треба да ни помогнат да создадеме и поволна средина за инвестиции и за развој. Секој потег треба да биде насочен кон подобрување и олеснување на животот на нашите граѓани. Грижата за граѓаните и осигурувањето дека потребите и интересите на граѓаните ќе бидат дел од сите активности и политики на министерствата треба да биде една од нивните клучни улоги и приоритети“, истакна Ковачки.

The post Ковачки: Замениците министри кои што се предложени со нивното искуство и знаење треба да ни помогнат да создадеме и поволна средина за инвестиции и за развој appeared first on Република.

]]>
Мицкоски од Вашингтон: Иднината на регионот е економската соработка и инвестициите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-od-vashington-idninata-na-regionot-e-ekonomskata-sorabotka-i-investitsiite/ Wed, 10 Jul 2024 08:34:17 +0000 https://republika.mk/?p=795213

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во Вашингтон, заедно со претседателите на Влада на Република Албанија Еди Рама и на Република Црна Гора Милојко Спајиќ оствари средба со сенаторката Џин Шајин и сенаторот Том Тилис и членовите на набљудувачката група од Сенатот за НАТО.

На средбата претседателот на Владата Мицкоски посочи дека балканскиот регион помина тежок период на предизвици и промени кои покажаа дека соработката, забрзаниот развој и инвестирањето во пријателства на граѓаните единствено им носи подобар живот.

Тој истакна дека блокадите, кочењето и опструкциите треба да бидат реликвија на едно минато време од кое регионот треба да извлече поуки како се заглавува во неразумни спорови и се создаваат стереотипи и раздор меѓу граѓаните.

Секоја иницијатива која е за поголема соработка на регионот и која може да донесе подобар живот е добредојдена, истакна Мицкоски кој додаде дека потребен е нов почеток и генерација на политичари подготвени за разумен дијалог базиран на факти.

Иднината на регионот е економската соработка и инвестициите за посреќни граѓани, како и апсолутна борба против корупцијата и организираниот криминал кој преставува најголема закана за напредокот. Македонската влада е посветена кон развиена економија и воспоставување на владеењето на правото, истакна премиерот Мицкоски.

Во рамките на посетата на Вашингтон премиерот Мицкоски учествуваше на отворањето на НАТО самитот кој продолжува и во текот на денешниот ден.

The post Мицкоски од Вашингтон: Иднината на регионот е економската соработка и инвестициите appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во Вашингтон, заедно со претседателите на Влада на Република Албанија Еди Рама и на Република Црна Гора Милојко Спајиќ оствари средба со сенаторката Џин Шајин и сенаторот Том Тилис и членовите на набљудувачката група од Сенатот за НАТО. На средбата претседателот на Владата Мицкоски посочи дека балканскиот регион помина тежок период на предизвици и промени кои покажаа дека соработката, забрзаниот развој и инвестирањето во пријателства на граѓаните единствено им носи подобар живот. Тој истакна дека блокадите, кочењето и опструкциите треба да бидат реликвија на едно минато време од кое регионот треба да извлече поуки како се заглавува во неразумни спорови и се создаваат стереотипи и раздор меѓу граѓаните. Секоја иницијатива која е за поголема соработка на регионот и која може да донесе подобар живот е добредојдена, истакна Мицкоски кој додаде дека потребен е нов почеток и генерација на политичари подготвени за разумен дијалог базиран на факти. Иднината на регионот е економската соработка и инвестициите за посреќни граѓани, како и апсолутна борба против корупцијата и организираниот криминал кој преставува најголема закана за напредокот. Македонската влада е посветена кон развиена економија и воспоставување на владеењето на правото, истакна премиерот Мицкоски. Во рамките на посетата на Вашингтон премиерот Мицкоски учествуваше на отворањето на НАТО самитот кој продолжува и во текот на денешниот ден.

The post Мицкоски од Вашингтон: Иднината на регионот е економската соработка и инвестициите appeared first on Република.

]]>
Митева: Во изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ активно работеше на привлекување на инвеститори и за тоа како да имаме брзи резултати во интерес на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miteva-vo-izminatiot-period-vmro-dpmne-aktivno-raboteshe-na-privlekuvane-na-investitori-i-za-toa-kako-da-imame-brzi-rezultati-vo-interes-na-graganite/ Tue, 09 Jul 2024 08:47:18 +0000 https://republika.mk/?p=794830

Ние како опозиција зборувавме дека активно работиме на привлекување на инвеститори, дека сме свесни за тоа каков ќе е исходот од изборите, ги покажувавме нашите анкети со кои ги гледавме резултатите во која насока се движат. Размислувавме за тоа како да имаме брзи резултати свесни за тоа во каква кондиција е буџетот и сите останати институциите“, истакна пратеничката, член на ИК и портпарол на ВМРО-ДМНЕ Марија Митева во гостување во поткаст „На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски“ на Канал 5 ТВ.

Таа укажа дека не е погрешно да се направи одбележување на почеток на градба на градинката во Бутел.

Не сметам дека е погрешно да се направи одбележување на почеток на градба на градинка во Бутел која била од граѓаните на Бутел чекана со години. Секој проект има почеток и крај, почеток е поставувањето на камен темелникот, а крајот е конечната изградба на градинката - вели Митева.

Таа посочи дека состојбите ќе почнат да се помрднуваат кога јавноста ќе ја види разликата на вистинско делување со брзи резултати.

Митева во однос на разрешувањето на Советот на јавни обвинители и Судски совет истакна:

Зошто наместо да се одговори со не се согласуваме со мерката која вие ја ставивте во предизборието во програмата за што добивте поддршка од граѓаните и за што многу ја зборувавме и сега наеднаш да се каже не се согласуваме со тоа. Зошто не излезе препорака од таа јавна дебата во која ќе се рече дека цениме дека ваквиот начин можеби е погрешен затоа што се задира во автономноста на одлучување, но како луѓе кои сакаме да ги промениме околностите во рамки на обвинителството ние изнајдовме предлог решение кое ќе го доставиме до Влада и цениме дека со должно внимание треба да го разгледаат - децидна е Митева.

The post Митева: Во изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ активно работеше на привлекување на инвеститори и за тоа како да имаме брзи резултати во интерес на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Ние како опозиција зборувавме дека активно работиме на привлекување на инвеститори, дека сме свесни за тоа каков ќе е исходот од изборите, ги покажувавме нашите анкети со кои ги гледавме резултатите во која насока се движат. Размислувавме за тоа како да имаме брзи резултати свесни за тоа во каква кондиција е буџетот и сите останати институциите“, истакна пратеничката, член на ИК и портпарол на ВМРО-ДМНЕ Марија Митева во гостување во поткаст „На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски“ на Канал 5 ТВ. Таа укажа дека не е погрешно да се направи одбележување на почеток на градба на градинката во Бутел.
Не сметам дека е погрешно да се направи одбележување на почеток на градба на градинка во Бутел која била од граѓаните на Бутел чекана со години. Секој проект има почеток и крај, почеток е поставувањето на камен темелникот, а крајот е конечната изградба на градинката - вели Митева.
Таа посочи дека состојбите ќе почнат да се помрднуваат кога јавноста ќе ја види разликата на вистинско делување со брзи резултати. Митева во однос на разрешувањето на Советот на јавни обвинители и Судски совет истакна:
Зошто наместо да се одговори со не се согласуваме со мерката која вие ја ставивте во предизборието во програмата за што добивте поддршка од граѓаните и за што многу ја зборувавме и сега наеднаш да се каже не се согласуваме со тоа. Зошто не излезе препорака од таа јавна дебата во која ќе се рече дека цениме дека ваквиот начин можеби е погрешен затоа што се задира во автономноста на одлучување, но како луѓе кои сакаме да ги промениме околностите во рамки на обвинителството ние изнајдовме предлог решение кое ќе го доставиме до Влада и цениме дека со должно внимание треба да го разгледаат - децидна е Митева.

The post Митева: Во изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ активно работеше на привлекување на инвеститори и за тоа како да имаме брзи резултати во интерес на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Германската компанија ЕПСОТЕХ во партнерство со белгиската АИМ ќе вложат 20 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-germanskata-kompanija-epsoteh-vo-partnerstvo-so-belgiskata-aim-ke-vlozhat-20-milioni-evra/ Fri, 05 Jul 2024 12:44:19 +0000 https://republika.mk/?p=793821

Денеска заедно со министерот за транспорт, Александар Николоски и директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, остваривме средба со германската компанија ЕПСОТЕХ која е во партнерство со белгиската АИМ, кои ќе вложат 20 милиони евра, напиша на својот фејсбук профил Премиерот Христијан Мицкоски.

Нов производен погон во Општина Петровец;

Нови 110 работни места;

Ангажирање на високо стручни вработувања.

Инвестиции кои се решение за подобар живот на граѓаните.

The post Мицкоски: Германската компанија ЕПСОТЕХ во партнерство со белгиската АИМ ќе вложат 20 милиони евра appeared first on Република.

Ревизорите со остри забелешки: Прикажаните капитални расходи во Буџетот не даваат јасен и објективен приказ за износот на јавните инвестиции во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/revizorite-so-ostri-zabeleshki-prikazhanite-kapitalni-rashodi-vo-budhetot-ne-davaat-jasen-i-objektiven-prikaz-za-iznosot-na-javnite-investitsii-vo-makedonija/ Tue, 25 Jun 2024 09:29:08 +0000 https://republika.mk/?p=790550

Отсуството на систем за управување со јавни инвестиции и непреземањето на корективни мерки предизвикуваат застој и бавна динамика на реализација на стратешките инфраструктурни проекти, зголемени трошоци за реализација на проектите и високи фискални ризици за јавните финансии, како и ризик за економијата и животот на граѓаните

Државниот завод за ревизија согласно Годишната програма за работа за 2023 година спроведе ревизија на успешност на тема „Реализација на капиталните инвестиции финансирани преку Буџетот на Република Македонија, ЕУ фондови и средства од други меѓународни финансиски институции во надлежност на централната власт и локалната самоуправа“.

Целта на ревизија беше да се даде одговор на прашањето „Дали постојната структура и реализација на капиталните инвестиции во Република Македонија обезбедува одржлив и инклузивен раст и подобар квалитет на живот на граѓаните? “

Со ревизијата опфатени се ефектите од планирање и реализација на капиталните расходи во Буџетот на Република Македонија и проектите за јавни инвестиции предвидени во програмските документи на Владата.

Структурата на капиталните инвестиции во Република Македонија имаат високи фискални ризици за нивната реализација и се доведува во прашање исполнувањето на стратешката цел на Владата за остварување на одржлив и инклузивен раст и подобар квалитет на живот на граѓаните.

Со ревизијата е констатирано дека прикажаните капитални расходи во Буџетот на Република Македонија не се целосни и не даваат јасен и објективен приказ за износот на јавните инвестиции во Република Македонија.

Во Буџетот не се прикажани јавни инвестиции од ЈП за државни патишта кое што не е во согласност со најновите методологии за владина статистика и има за ефект нецелосно прикажување на капиталните инвестиции во Буџетот на Република Македонија.

Ревизијата има додадена вредност преку оценка на принципот на вложените пари (value for money) за капиталните инвестиции, преку информирањето на Собранието, за начинот на управување со капиталните инвестиции, како и за изложеноста на јавните финансии на фискални ризици поврзани со алокација и трошење на јавните пари за капитални инвестиции.

Во наративниот дел од Буџетот на Република Македонија за годините 2021, 2022 и 2023 година наведено е дека предложениот Буџет е во согласност со златното правило во јавните финансии според кое: ,,капиталните расходи се повисоки од буџетскиот дефицит, односно наведено е дека ќе се позајмува само за финансирање на инвестициски проекти“. Ова правило е остварено само во 2023 година во која реализираните капитални расходи се поголеми од вредноста на буџетскиот дефицит.

Системот за управување со јавни инвестиции не е воспоставен, а процесот на планирање, приоретизирање и алоцирање на средствата во Буџетот за јавни инвестиции, не е соодветно дефиниран со тековниот Закон за буџетите со цел алоцирање на јавни средства за најприоритетни инвестиции.

Во септември 2022 година, донесен е нов системски Закон за буџети кој ги следи трендовите и препораките на меѓународните финансиски институции.

Во тек се сеопфатни реформи на управување со јавните финансии, а во Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2022-2025 предвидени се мерки за зајакнато управување со јавните инвестиции со цел подобрување на планирањето, алокацијата и реализацијата на јавните инфраструктурни проекти со постепено воведување на реформи со кои ќе се подобри ефикасноста на практиките за управување со јавни инвестиции.

Како дел од реформите во рамки на Министерството за финансии воспоставен е Секторот за управување со јавни инвестиции, а се работи на финализирање на Уредбата за управување со јавни инвестиции со упатство и Методологија.

Иако се планирани, сеуште не се воспоставени организациони единици за поддршка на инфраструктурните проекти во Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија и за следење во Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, одговорен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции.

Не постои надзор над целокупното портфолио на јавни инвестиции на национално ниво, поради што не се следи и не се управува со целокупниот фискален ризик во реализацијата со цел навремено преземање на корективни мерки и намалување на можностите за идни финансиски импликации.

Системот на управување не е единствен и целосен, односно истиот е фрагментиран по проекти и по начин на финансирање.

Не постои единствена база на проекти од која може да се видат јавни инвестиции и стратешки проекти кои се реализираат, нивната вредност, динамика на реализација, начинот на финансирање, видот на градба и други податоци и информации кои би служеле за процени и анализи за потребите на државата.

Од дваесет и четири (24) ревидирани проекти со вредност од 3,950 милијарди евра, за деветнаесет (19) проекти склучени се договори за градба со вредност од 2,744 милијарди евра, а за пет (5) проекти иако подготовките се започнати пред повеќе години сеуште нема склучено договори за градба.

За деветнаесет (19) проекти во вкупна вредност од 2,744 милијарди евра, реализирани се 941,8 милиони евра, а од нив само еден (1) проект од ревидираните е завршен.

Од деветнаесет (19) проекти за кои се склучени договори, за шест (6) има застој поради следното:

- за (4) четири проекти раскинати се договорите, од кои за (3) три има меѓународна арбитража и побарување за штета во вкупен износ од 45,5 милиони евра, и

- за (2) два проекти постои неизвесност поради изминат рок на градба, а не склучени нови анекси кон постојните договори за градба.

Проекти од сектор животна средина

Проектот за изградба на Пречистителна станица за отпадни води на Град Скопје e најголема инвестиција од областа на животна средина за кој од државата обезбедени се средства во износ од 196 милиони евра, и доделени се ЕУ средства во вредност од 69,7 милиони евра.

Иако за овој проект се обезбедени средства, подготовката на овој проект е започната во 2007 година, а во 2014 година направена е надградба и ажурирање на студијата за изводливост за изградба на пречистителна станица за отпадни води во градот Скопје, но и после десет години проектот не е подготвен за физичка реализација.

Управувањето со овој стратешки проект не е ефикасно, не е постигната целта за спроведувањето на законските обврски и постигнувањето на стандардите особено во делот на Директивата за одведување и пречистување на комуналните отпадни води (91/271/EEC) и Директивата за вода за пиење (98/83/ЕEС).

Проекти во ИПА II од сектор животна средина и климатски акции и транспорт

Во Повеќегодишната акциска програма за Република Македонија за животна средина и климатски акции и транспорт во ИПА II периодот (2014-2020) програмирани се седум (7) големи проекти (со вредност над 10 милиони евра) од кои (2) два проекти од областа на транспорт и (5) пет проекти од областа на животна средина.

За овие проекти со проценета вкупна вредност на 715,5 милиони евра, со билатералните договори склучени помеѓу Европска Унија и Република Македонија, доделена е финансиска помош во износ од 179,7 милиони евра.

После (10) десет години од програмскиот период, започнато е со реализација на (3) три проекти кои се стопирани или имаат бавна динамика и за кои има декларирани трошоци во вкупен износ од 29 милиони евра.

За (2) два од (3) три проекти кои започнале со реализација постојат и дополнителни фискални ризици од меѓународна арбитража, односно за Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадни води во Град Скопје започната е постапка за арбитража, а за Изградба на патна делница Градско Дреново, Коридор X-d, постои неизвесност за целосна реализација и ризик од арбитража.

За проектот Рехабилитација и проширување на канализациона мрежа во Кичево има активен договор за градба кој е потпишан во јануари 2023 година, реализацијата на договорот официјално е започната во март 2023 година, крајниот рок за декларација на трошоците е октомври 2024 година, но процентот на реализација до денот на ревизијата изнесува изразено во проценти 2%.

За (4) четири проекти програмирани по оваа програма постои голема неизвесност за реализација на проектите и ризик од губење на грант средства поради не спроведени тендерски постапки и не склучени договори и тоа:

- Изградба на пречистителна станица за отпадни води и рехабилитација и надградба на канализациона мрежа во Општина Битола;

- Изградба на пречистителна станица и проширување на канализациона мрежа во општина Тетово;

- Интегриран самоодоржлив систем за управување со отпад во Источен и Североисточен регион; и

- Изградба на нова железничка делница Крива Паланка граница со Република Бугарија како дел од Коридор VIII, фаза 3.

Од оваа програма до денот на ревизијата откажани се 79 милиони евра ЕУ средства, а постои голема неизвесност за искористување на останатата финансиска помош во износ од 100,7 милини евра поради тоа што Програмата завршува на крајот на 2026 година.

Нискиот процент на апсорпција на средства за големи инфраструктурни проекти покажува дека постојат проблеми во административниот капацитет за управување со структурните фондови на ЕУ во однос на поглавјето 22, регионална политика, при што постојат фискални ризици по Буџетот на државата и Буџетот на општините поради губење на средства на име грантови за финансирање на проекти од областа на транспорт и животната средина.

Проекти од сектор транспорт

За целите за развој на транспортната мрежа меѓу ЕУ и страните на Југоисточна Европа планирани се инвестиции во патната и железничката инфраструктура кои треба да придонесат за рамномерен одржлив развој во однос на економијата, просторната интеграција, влијанието врз животната средина и социјалните аспекти, како и социјална кохезија.

Изградба на Коридор VIII од железничка инфраструктура кон исток

Проектите за изградба на Коридор VIII од железничка инфраструктура кон исток фаза 1 и 2 започнати се во 1996 година и сеуште не се завршени. Вредноста на овие проекти е зголемена и платени се провизии за неповлечени средства во износ од 4,6 милиони евра поради неисполнети услови за ефективност на заемот во период од (7) седум години, што укажува на неефикасно управување со овие стратешки проекти.

За проектот изградба на Коридор VIII од железничка инфраструктура кон исток, фаза 3, фазата на планирање и подготвување на проектот трае предолго и постои голем ризик од губење на ИПА грант средствата во износ од 60,765 милиони евра и идни фискални импликации поради потреба од обезбедување на дополнителни средства од Буџетот на државата. Во исто време нагласуваме дека вредноста на проектот е зголемена од првично планираната. Според билатералниот договор склучен помеѓу Европска Унија и Република Македонија истата е 340 милиони евра, додека до денот на ревизијата вредноста е зголемена и проценета на 560 милиони евра, што претставува зголемување во износ од 220 милиони евра.

Проект за изградбата на Автопат 2 патна делница Кичево Охрид

За проект за изградбата на Автопат 2 патна делница Кичево Охрид вредноста на договорот за градба со анекс бр.3 е проценета на 589 милиони евра, а првичната вредност изнесува 411 милиони евра.

Проектот и после 10 години не е завршен, а финансиската реализација изнесува 466,4 милиони евра. Рокот за завршување на проектот е изминат на 31.12.2023 година, и постои голема неизвесност од настанување на високи правни и финансиски ризици поврзани со текот на овој проект.

Во април 2024 година донесен е Закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид 1, согласно кој ќе се склучи Анекс бр. 6 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево-Охрид со краен рок за градба 31.12.2026 година.

Проектот втора делница ТЕН-Т Проект за автопат од Скопје до граница со Косово не е започнат, истиот се планира повеќе години, а проценетата вредност од 112 милиони евра е зголемена на 198 милиони евра за 10,5 км автопат.

Изградба на инфраструктурен Коридор 8 и Коридор 10д

За изградба на инфраструктурен Коридор 8 и Коридор 10д во должина од 108 км и со проценета вредност во износ од 1,319 милијарда евра донесен е специјален Закон со кој се уредени условите и начинот за градба.

Со компаративна анализа за цената на изградба на Коридор 8 и 10д се ревизијата се утврди дека во петгодишниот план на Транспортната заедница од април 2022 година индикативната вредност наведена за планираните делници изнесува 585 милиони евра или 475 милиони евра без делницата Букојчани- Кичево.

Индикативната вредност на оваа градба според cost benefit анализата/физибилити студијата2 изработена од Градежниот факултет од декември 2022 година, изнесува 1.275 милиони евра. Цената на проценетата вредност во договорот е во рамките на cost benefit анализата.

Бидејќи согласно донесениот посебен Закон за овој проект не се спроведува јавна набавка, а согласно начинот на градба не е однапред подготвена техничка спецификација на ниво на основен проект, како и поради специфична метода на брза градба која досега не била применета, со ревизијата не може да се потврди утврдената вредност за овој проект.

Иако станува збор за проект од ТЕН-Т инфраструктура, Транс европските коридори поради избраниот начин на финансирање преку Буџетот дефиниран со посебен Закон, а не со заеми од официјални кредитори, за истиот не е побарано користење на инвестициски грант.

За градбата се применува модифициран црвен FIDIC, нема основен проект поради што и проценетата вредноста на проектот е неизвесна.

Заклучно со декември 2023 година само 0,12% од трошоци се однесуваат за градба што покажува отстапување од планираната динамика за градба.

Проектите од областа на здравството, изградба на Клинички Центар Скопје, и изградба на Регионална Болница Штип се откажани поради раскинати договори за заем и договори за градба.

Поради откажување на овие проекти за кои имало склучени договори во февруари 2016 за изградба на Регионална Болница во Штип и во мај 2017 година за изградба на Клинички Центар Скопје има високи фискални ризици врз јавните финансии.

Заради раскинување на договорот за изградба на Клинички Центар Скопје и откажување на проектот во текот на 2022 и 2023 година покрената е арбитража со побарувања во износ од 23,5 милиони евра од конзорциумот на изведувачите, а поради раскинување на договорот за изградба на Регионална болница во Штип, проект од големо значење на граѓаните во јануари 2024 година покрената е арбитража од изведувачот со побарувања во износ од 22 милиони евра.

Оваа состојба има за ефект не остварување на стратешките цели определени со националната здравствена стратегија поради откажана изградба на стратешки проекти во терцијалното здравство кое што влијае на квалитетот на животот на граѓаните.

Изградба на нов здравствен објект во Кичево е започната пред повеќе од 25 години. Градбата во текот на 2014 и 2020 година е повторно активирана. Проценетата вредност на проектот изнесува 16 милиони евра, но поради слаба динамика на реализација на договорот со изведувачот во втората половина во 2023 година договорот е раскинат.

Проекти од сектор водостопанство

Изградбата на три капитални проекти во водостопанството не е завршена иако е започната активност за реализација на проектите во октомври 2015 година, односно декември 2016 година.

За трите проекти Брана Конско, Гевегелија, Брана Речани на Оризарска река, Кочани и ХМС Равен – Речица, Полог со вкупна договорна вредност од 91 милион евра, не биле создадени услови за почеток за градба, спроведена е постапка за јавна набавка на работи и склучен е договор за изведување на градежни работи.

Договорите се склучени иако за инфраструктурните градби немало одобрение за градба, не била решена експропријацијата, како и имало потреба од дополнително проектирање поради што и после (7) седум години од склучените договори не се завршени градбите.

Со извршената ревизија дадени се препораки кои се насочени до надлежните органи во насока на отстранување на утврдените состојби, воспоставување на потребниот систем за управување со јавните финансии завршување на капиталните инвестиции и обезбедување на одржлив и инклузивен раст и подобар квалитет на живот на граѓаните.

За наведениот извештај подготвен е и посебен извештај кој согласно одредбите на Законот за класифицирани информации е класифициран со степен на „Доверливо“.

The post Ревизорите со остри забелешки: Прикажаните капитални расходи во Буџетот не даваат јасен и објективен приказ за износот на јавните инвестиции во Македонија appeared first on Република.

]]>

Отсуството на систем за управување со јавни инвестиции и непреземањето на корективни мерки предизвикуваат застој и бавна динамика на реализација на стратешките инфраструктурни проекти, зголемени трошоци за реализација на проектите и високи фискални ризици за јавните финансии, како и ризик за економијата и животот на граѓаните Државниот завод за ревизија согласно Годишната програма за работа за 2023 година спроведе ревизија на успешност на тема „Реализација на капиталните инвестиции финансирани преку Буџетот на Република Македонија, ЕУ фондови и средства од други меѓународни финансиски институции во надлежност на централната власт и локалната самоуправа“. Целта на ревизија беше да се даде одговор на прашањето „Дали постојната структура и реализација на капиталните инвестиции во Република Македонија обезбедува одржлив и инклузивен раст и подобар квалитет на живот на граѓаните? “ Со ревизијата опфатени се ефектите од планирање и реализација на капиталните расходи во Буџетот на Република Македонија и проектите за јавни инвестиции предвидени во програмските документи на Владата. Структурата на капиталните инвестиции во Република Македонија имаат високи фискални ризици за нивната реализација и се доведува во прашање исполнувањето на стратешката цел на Владата за остварување на одржлив и инклузивен раст и подобар квалитет на живот на граѓаните. Со ревизијата е констатирано дека прикажаните капитални расходи во Буџетот на Република Македонија не се целосни и не даваат јасен и објективен приказ за износот на јавните инвестиции во Република Македонија. Во Буџетот не се прикажани јавни инвестиции од ЈП за државни патишта кое што не е во согласност со најновите методологии за владина статистика и има за ефект нецелосно прикажување на капиталните инвестиции во Буџетот на Република Македонија. Ревизијата има додадена вредност преку оценка на принципот на вложените пари (value for money) за капиталните инвестиции, преку информирањето на Собранието, за начинот на управување со капиталните инвестиции, како и за изложеноста на јавните финансии на фискални ризици поврзани со алокација и трошење на јавните пари за капитални инвестиции. Во наративниот дел од Буџетот на Република Македонија за годините 2021, 2022 и 2023 година наведено е дека предложениот Буџет е во согласност со златното правило во јавните финансии според кое: ,,капиталните расходи се повисоки од буџетскиот дефицит, односно наведено е дека ќе се позајмува само за финансирање на инвестициски проекти“. Ова правило е остварено само во 2023 година во која реализираните капитални расходи се поголеми од вредноста на буџетскиот дефицит. Системот за управување со јавни инвестиции не е воспоставен, а процесот на планирање, приоретизирање и алоцирање на средствата во Буџетот за јавни инвестиции, не е соодветно дефиниран со тековниот Закон за буџетите со цел алоцирање на јавни средства за најприоритетни инвестиции. Во септември 2022 година, донесен е нов системски Закон за буџети кој ги следи трендовите и препораките на меѓународните финансиски институции. Во тек се сеопфатни реформи на управување со јавните финансии, а во Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2022-2025 предвидени се мерки за зајакнато управување со јавните инвестиции со цел подобрување на планирањето, алокацијата и реализацијата на јавните инфраструктурни проекти со постепено воведување на реформи со кои ќе се подобри ефикасноста на практиките за управување со јавни инвестиции. Како дел од реформите во рамки на Министерството за финансии воспоставен е Секторот за управување со јавни инвестиции, а се работи на финализирање на Уредбата за управување со јавни инвестиции со упатство и Методологија. Иако се планирани, сеуште не се воспоставени организациони единици за поддршка на инфраструктурните проекти во Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија и за следење во Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, одговорен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции. Не постои надзор над целокупното портфолио на јавни инвестиции на национално ниво, поради што не се следи и не се управува со целокупниот фискален ризик во реализацијата со цел навремено преземање на корективни мерки и намалување на можностите за идни финансиски импликации. Системот на управување не е единствен и целосен, односно истиот е фрагментиран по проекти и по начин на финансирање. Не постои единствена база на проекти од која може да се видат јавни инвестиции и стратешки проекти кои се реализираат, нивната вредност, динамика на реализација, начинот на финансирање, видот на градба и други податоци и информации кои би служеле за процени и анализи за потребите на државата. Од дваесет и четири (24) ревидирани проекти со вредност од 3,950 милијарди евра, за деветнаесет (19) проекти склучени се договори за градба со вредност од 2,744 милијарди евра, а за пет (5) проекти иако подготовките се започнати пред повеќе години сеуште нема склучено договори за градба. За деветнаесет (19) проекти во вкупна вредност од 2,744 милијарди евра, реализирани се 941,8 милиони евра, а од нив само еден (1) проект од ревидираните е завршен. Од деветнаесет (19) проекти за кои се склучени договори, за шест (6) има застој поради следното: - за (4) четири проекти раскинати се договорите, од кои за (3) три има меѓународна арбитража и побарување за штета во вкупен износ од 45,5 милиони евра, и - за (2) два проекти постои неизвесност поради изминат рок на градба, а не склучени нови анекси кон постојните договори за градба. Проекти од сектор животна средина Проектот за изградба на Пречистителна станица за отпадни води на Град Скопје e најголема инвестиција од областа на животна средина за кој од државата обезбедени се средства во износ од 196 милиони евра, и доделени се ЕУ средства во вредност од 69,7 милиони евра. Иако за овој проект се обезбедени средства, подготовката на овој проект е започната во 2007 година, а во 2014 година направена е надградба и ажурирање на студијата за изводливост за изградба на пречистителна станица за отпадни води во градот Скопје, но и после десет години проектот не е подготвен за физичка реализација. Управувањето со овој стратешки проект не е ефикасно, не е постигната целта за спроведувањето на законските обврски и постигнувањето на стандардите особено во делот на Директивата за одведување и пречистување на комуналните отпадни води (91/271/EEC) и Директивата за вода за пиење (98/83/ЕEС). Проекти во ИПА II од сектор животна средина и климатски акции и транспорт Во Повеќегодишната акциска програма за Република Македонија за животна средина и климатски акции и транспорт во ИПА II периодот (2014-2020) програмирани се седум (7) големи проекти (со вредност над 10 милиони евра) од кои (2) два проекти од областа на транспорт и (5) пет проекти од областа на животна средина. За овие проекти со проценета вкупна вредност на 715,5 милиони евра, со билатералните договори склучени помеѓу Европска Унија и Република Македонија, доделена е финансиска помош во износ од 179,7 милиони евра. После (10) десет години од програмскиот период, започнато е со реализација на (3) три проекти кои се стопирани или имаат бавна динамика и за кои има декларирани трошоци во вкупен износ од 29 милиони евра. За (2) два од (3) три проекти кои започнале со реализација постојат и дополнителни фискални ризици од меѓународна арбитража, односно за Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадни води во Град Скопје започната е постапка за арбитража, а за Изградба на патна делница Градско Дреново, Коридор X-d, постои неизвесност за целосна реализација и ризик од арбитража. За проектот Рехабилитација и проширување на канализациона мрежа во Кичево има активен договор за градба кој е потпишан во јануари 2023 година, реализацијата на договорот официјално е започната во март 2023 година, крајниот рок за декларација на трошоците е октомври 2024 година, но процентот на реализација до денот на ревизијата изнесува изразено во проценти 2%. За (4) четири проекти програмирани по оваа програма постои голема неизвесност за реализација на проектите и ризик од губење на грант средства поради не спроведени тендерски постапки и не склучени договори и тоа: - Изградба на пречистителна станица за отпадни води и рехабилитација и надградба на канализациона мрежа во Општина Битола; - Изградба на пречистителна станица и проширување на канализациона мрежа во општина Тетово; - Интегриран самоодоржлив систем за управување со отпад во Источен и Североисточен регион; и - Изградба на нова железничка делница Крива Паланка граница со Република Бугарија како дел од Коридор VIII, фаза 3. Од оваа програма до денот на ревизијата откажани се 79 милиони евра ЕУ средства, а постои голема неизвесност за искористување на останатата финансиска помош во износ од 100,7 милини евра поради тоа што Програмата завршува на крајот на 2026 година. Нискиот процент на апсорпција на средства за големи инфраструктурни проекти покажува дека постојат проблеми во административниот капацитет за управување со структурните фондови на ЕУ во однос на поглавјето 22, регионална политика, при што постојат фискални ризици по Буџетот на државата и Буџетот на општините поради губење на средства на име грантови за финансирање на проекти од областа на транспорт и животната средина. Проекти од сектор транспорт За целите за развој на транспортната мрежа меѓу ЕУ и страните на Југоисточна Европа планирани се инвестиции во патната и железничката инфраструктура кои треба да придонесат за рамномерен одржлив развој во однос на економијата, просторната интеграција, влијанието врз животната средина и социјалните аспекти, како и социјална кохезија. Изградба на Коридор VIII од железничка инфраструктура кон исток Проектите за изградба на Коридор VIII од железничка инфраструктура кон исток фаза 1 и 2 започнати се во 1996 година и сеуште не се завршени. Вредноста на овие проекти е зголемена и платени се провизии за неповлечени средства во износ од 4,6 милиони евра поради неисполнети услови за ефективност на заемот во период од (7) седум години, што укажува на неефикасно управување со овие стратешки проекти. За проектот изградба на Коридор VIII од железничка инфраструктура кон исток, фаза 3, фазата на планирање и подготвување на проектот трае предолго и постои голем ризик од губење на ИПА грант средствата во износ од 60,765 милиони евра и идни фискални импликации поради потреба од обезбедување на дополнителни средства од Буџетот на државата. Во исто време нагласуваме дека вредноста на проектот е зголемена од првично планираната. Според билатералниот договор склучен помеѓу Европска Унија и Република Македонија истата е 340 милиони евра, додека до денот на ревизијата вредноста е зголемена и проценета на 560 милиони евра, што претставува зголемување во износ од 220 милиони евра. Проект за изградбата на Автопат 2 патна делница Кичево Охрид За проект за изградбата на Автопат 2 патна делница Кичево Охрид вредноста на договорот за градба со анекс бр.3 е проценета на 589 милиони евра, а првичната вредност изнесува 411 милиони евра. Проектот и после 10 години не е завршен, а финансиската реализација изнесува 466,4 милиони евра. Рокот за завршување на проектот е изминат на 31.12.2023 година, и постои голема неизвесност од настанување на високи правни и финансиски ризици поврзани со текот на овој проект. Во април 2024 година донесен е Закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид 1, согласно кој ќе се склучи Анекс бр. 6 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево-Охрид со краен рок за градба 31.12.2026 година. Проектот втора делница ТЕН-Т Проект за автопат од Скопје до граница со Косово не е започнат, истиот се планира повеќе години, а проценетата вредност од 112 милиони евра е зголемена на 198 милиони евра за 10,5 км автопат. Изградба на инфраструктурен Коридор 8 и Коридор 10д За изградба на инфраструктурен Коридор 8 и Коридор 10д во должина од 108 км и со проценета вредност во износ од 1,319 милијарда евра донесен е специјален Закон со кој се уредени условите и начинот за градба. Со компаративна анализа за цената на изградба на Коридор 8 и 10д се ревизијата се утврди дека во петгодишниот план на Транспортната заедница од април 2022 година индикативната вредност наведена за планираните делници изнесува 585 милиони евра или 475 милиони евра без делницата Букојчани- Кичево. Индикативната вредност на оваа градба според cost benefit анализата/физибилити студијата2 изработена од Градежниот факултет од декември 2022 година, изнесува 1.275 милиони евра. Цената на проценетата вредност во договорот е во рамките на cost benefit анализата. Бидејќи согласно донесениот посебен Закон за овој проект не се спроведува јавна набавка, а согласно начинот на градба не е однапред подготвена техничка спецификација на ниво на основен проект, како и поради специфична метода на брза градба која досега не била применета, со ревизијата не може да се потврди утврдената вредност за овој проект. Иако станува збор за проект од ТЕН-Т инфраструктура, Транс европските коридори поради избраниот начин на финансирање преку Буџетот дефиниран со посебен Закон, а не со заеми од официјални кредитори, за истиот не е побарано користење на инвестициски грант. За градбата се применува модифициран црвен FIDIC, нема основен проект поради што и проценетата вредноста на проектот е неизвесна. Заклучно со декември 2023 година само 0,12% од трошоци се однесуваат за градба што покажува отстапување од планираната динамика за градба. Проектите од областа на здравството, изградба на Клинички Центар Скопје, и изградба на Регионална Болница Штип се откажани поради раскинати договори за заем и договори за градба. Поради откажување на овие проекти за кои имало склучени договори во февруари 2016 за изградба на Регионална Болница во Штип и во мај 2017 година за изградба на Клинички Центар Скопје има високи фискални ризици врз јавните финансии. Заради раскинување на договорот за изградба на Клинички Центар Скопје и откажување на проектот во текот на 2022 и 2023 година покрената е арбитража со побарувања во износ од 23,5 милиони евра од конзорциумот на изведувачите, а поради раскинување на договорот за изградба на Регионална болница во Штип, проект од големо значење на граѓаните во јануари 2024 година покрената е арбитража од изведувачот со побарувања во износ од 22 милиони евра. Оваа состојба има за ефект не остварување на стратешките цели определени со националната здравствена стратегија поради откажана изградба на стратешки проекти во терцијалното здравство кое што влијае на квалитетот на животот на граѓаните. Изградба на нов здравствен објект во Кичево е започната пред повеќе од 25 години. Градбата во текот на 2014 и 2020 година е повторно активирана. Проценетата вредност на проектот изнесува 16 милиони евра, но поради слаба динамика на реализација на договорот со изведувачот во втората половина во 2023 година договорот е раскинат. Проекти од сектор водостопанство Изградбата на три капитални проекти во водостопанството не е завршена иако е започната активност за реализација на проектите во октомври 2015 година, односно декември 2016 година. За трите проекти Брана Конско, Гевегелија, Брана Речани на Оризарска река, Кочани и ХМС Равен – Речица, Полог со вкупна договорна вредност од 91 милион евра, не биле создадени услови за почеток за градба, спроведена е постапка за јавна набавка на работи и склучен е договор за изведување на градежни работи. Договорите се склучени иако за инфраструктурните градби немало одобрение за градба, не била решена експропријацијата, како и имало потреба од дополнително проектирање поради што и после (7) седум години од склучените договори не се завршени градбите. Со извршената ревизија дадени се препораки кои се насочени до надлежните органи во насока на отстранување на утврдените состојби, воспоставување на потребниот систем за управување со јавните финансии завршување на капиталните инвестиции и обезбедување на одржлив и инклузивен раст и подобар квалитет на живот на граѓаните. За наведениот извештај подготвен е и посебен извештај кој согласно одредбите на Законот за класифицирани информации е класифициран со степен на „Доверливо“.  

The post Ревизорите со остри забелешки: Прикажаните капитални расходи во Буџетот не даваат јасен и објективен приказ за износот на јавните инвестиции во Македонија appeared first on Република.

]]>
Во првите 100 дена инвестиција во обновливата енергија, две нови странски инвестиции, проширување на две постојни инвестиции https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-prvite-100-dena-investitsija-vo-obnovlivata-energija-dve-novi-stranski-investitsii-proshiruvane-na-dve-postojni-investitsii/ Tue, 18 Jun 2024 18:30:54 +0000 https://republika.mk/?p=788870

-Уште на почетокот ќе бидете сведоци, ќе имаме една огромна странска инвестиција во делот на енергетиката. Таа би требало да се случи уште во првите два три работни  дена на новата влада, со што Македонија ќе биде енергетски независна. Зборувам во нето, ќе име периоди од годината кога ќе се увезува, периоди кога ќе извезува, но генерално тоа што го произведува тоа и ќе го троши. Зборувам како бројка, ако 7 терават саати произведува 7 терават саати ќе ги троши. Можеби во одредени периоди во зима ќе увезува, а во одредени периоди во лето ќе извезува, но генерално ќе бидеме избалансирани, што за прв пат ќе ни се случи после раните деведесетите години од минатиот век, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер Република Македонија во своето гостување во централниот дневник на телевизија Сител и додаде:

-Тоа е огромна инвестиција во обновливата енергија, 400- 450 милиони евра нешто што се нема случено во регионот и тоа претставува мој личен приоритет, час поскоро таа инвестиција да се заврши. Тоа само ќе покаже кои се вистинските намери на оваа влада и јас тука немам никаква дилема дека во тој дух ќе продолжиме.

Мицкоски во текот на своето гостување најави дека следуваат две нови странски инвестиции, проширување на две постојни инвестиции.

-Потоа следат две нови странски инвестиции, проширување на две постојни инвестиции во првите сто дена кои што ќе го прошират својот производствен капацитет и конечно милијардата која што веќе ја најавував, тоа е влада со влада кредит кој што ќе значи голема ликвидност за буџетот  и пари кои што ќе бидат наменети за капитални инвестиции, кажа Мицкоски.

The post Во првите 100 дена инвестиција во обновливата енергија, две нови странски инвестиции, проширување на две постојни инвестиции appeared first on Република.

]]>

-Уште на почетокот ќе бидете сведоци, ќе имаме една огромна странска инвестиција во делот на енергетиката. Таа би требало да се случи уште во првите два три работни  дена на новата влада, со што Македонија ќе биде енергетски независна. Зборувам во нето, ќе име периоди од годината кога ќе се увезува, периоди кога ќе извезува, но генерално тоа што го произведува тоа и ќе го троши. Зборувам како бројка, ако 7 терават саати произведува 7 терават саати ќе ги троши. Можеби во одредени периоди во зима ќе увезува, а во одредени периоди во лето ќе извезува, но генерално ќе бидеме избалансирани, што за прв пат ќе ни се случи после раните деведесетите години од минатиот век, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер Република Македонија во своето гостување во централниот дневник на телевизија Сител и додаде: -Тоа е огромна инвестиција во обновливата енергија, 400- 450 милиони евра нешто што се нема случено во регионот и тоа претставува мој личен приоритет, час поскоро таа инвестиција да се заврши. Тоа само ќе покаже кои се вистинските намери на оваа влада и јас тука немам никаква дилема дека во тој дух ќе продолжиме.
Мицкоски во текот на своето гостување најави дека следуваат две нови странски инвестиции, проширување на две постојни инвестиции.
-Потоа следат две нови странски инвестиции, проширување на две постојни инвестиции во првите сто дена кои што ќе го прошират својот производствен капацитет и конечно милијардата која што веќе ја најавував, тоа е влада со влада кредит кој што ќе значи голема ликвидност за буџетот  и пари кои што ќе бидат наменети за капитални инвестиции, кажа Мицкоски.

The post Во првите 100 дена инвестиција во обновливата енергија, две нови странски инвестиции, проширување на две постојни инвестиции appeared first on Република.

]]>
Народна банка: Странските директни инвестиции годинава околу 3,6 проценти од БДП https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/narodna-banka-stranskite-direktni-investitsii-godinava-okolu-3-6-protsenti-od-bdp/ Mon, 13 May 2024 11:56:43 +0000 https://republika.mk/?p=777621

Народната банка е внимателна во проекциите кога се работи за странските директни инвестиции па засега, за оваа година, предвидува нивното ниво да изнесува околу 3,6 проценти од БДП. На среден рок, според проекциите, овие инвестиции би достигнале околу четири отсто.

Како што истакна денеска гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, засега остварувањата се добри, но, сепак, треба да се следат и да се види која би била патеката во периодот што следи.

Странските директни инвестиции по значајното забавување во пандемиската 2020 година, кога се сведоа на ниво од околу 1,3 отсто од БДП, покажаа значително опоравување, особено во 2022-ра и 2023-та кога во просек изнесуваа 4,4 проценти од БДП. За оваа година сме поумерени и попретпазливи во проекциите и овие поволни остварувања кои беа евидентни во изминатите две години не ги вградуваме во целост. Нашата проекција за оваа година е околу 3,6 проценти со патека која значи дека на среден рок би достигнале ниво од околу 4 отсто - рече Ангеловска-Бежоска, одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на најновите макроекономски проекции.

Во однос на задолжувањето, гувернерката е децидна дека тоа, освен што треба да биде оправдано, најдобро е да се реализира преку извори кои ќе обезбедат поволни концесионални услови, како што се меѓународните финансиски институции. Но, ако има и други такви извори, и тие, напомена, треба да се земат предвид.

Во услови кога меѓународните финансиски пазари се се уште затегнати и каматните стапки се се уште високи, клучно е да се задолжуваме кај извори кои ќе обезбедат поволни концесионални услови, а меѓународните финансиски институции вообичаено обезбедуват такви услови. Ако има и други извори кои би обезбедиле такви услови, треба да се земат предвид - истакна Ангеловска-Бежоска.

The post Народна банка: Странските директни инвестиции годинава околу 3,6 проценти од БДП appeared first on Република.

]]>

Народната банка е внимателна во проекциите кога се работи за странските директни инвестиции па засега, за оваа година, предвидува нивното ниво да изнесува околу 3,6 проценти од БДП. На среден рок, според проекциите, овие инвестиции би достигнале околу четири отсто. Како што истакна денеска гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, засега остварувањата се добри, но, сепак, треба да се следат и да се види која би била патеката во периодот што следи.