инвертер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/inverter/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Nov 2024 15:01:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png инвертер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/inverter/ 32 32 Почна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди од повикот објавен во февруари годинава https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pochna-dodeluvaneto-vaucheri-za-inverter-klima-uredi-od-povikot-objaven-vo-fevruari-godinava-2/ Sun, 03 Nov 2024 16:03:16 +0000 https://republika.mk/?p=833795

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е почнато доделувањето ваучери за купување и вградување високоефикасни инвертер клима-уреди, наменети за домаќинствата кои ги исполнуваат критериумите на јавниот повик, објавен на веб-страницата на Министерството за економија на 1 февруари 2024. Согласно Програмата за поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2024 година, се доделуваат над 6000 ваучери за инвертер клима-уреди.

Списоците на избрани корисници, како и списоците на правни субјекти со кои Министерството има склучено договор за реализација на ваучерите, се објавени на веб-страницата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини https://www.ea.gov.mk/. Овие информации се јавни и достапни за сите заинтересирани. Со цел појаснување на процесот, важно е да се напомене дека конкурсот и изборот на корисниците беа управувани од Министерството за економија, кое беше надлежно и за евалуација и за конечниот избор на граѓаните кои ги исполнуваат условите, како и избор на правните субјекти каде граѓаните ќе можат да ги искористат овие ваучери. По направениот избор, Министерството за енергетика ја презеде обврската за организирање и спроведување на доделувањето на ваучерите. Овој обемен процес е успешно координиран од тимот на Министерството, обезбедувајќи навремено доделување на ваучерите пред почетокот на зимската сезона, информира Министерството за енергетика.

Како што се посочува во соопштението, по објавата на списоците, почнале со дистрибуција на ваучерите до општините. Тие ќе може да се подигнат во специјални регионални канцеларии кои се отворени само за оваа намена. Точната локација и работното време на канцелариите ќе биде дополнително објавено на веб-страницата на Министерството.

Граѓаните можат да ги искористат ваучерите за набавка на инвертер клима-уреди најдоцна до 30 ноември 2024. По овој датум, неискористените ваучери ќе се сметаат за неважечки. Согласно Јавниот оглас за финансиска поддршка преку доделување потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима-уреди за ранливи потрошувачи за 2024 година, предвидени се ваучери од 27.000 денари за лица со ниски примања (приходи до 21.000 денари за самец, 30.000 денари за домаќинство со два члена, и 35.000 денари за домаќинство со три члена). За домаќинства со четири члена, предвиден е ваучер од 30.000 денари, а за домаќинства со пет или повеќе члена – 45.000 денари. Дополнително, за неранливи потрошувачи од Пелагонискиот и Југозападниот регион предвидени се ваучери од 25.000 денари, а за останатите региони - по 23.000 денари, наведуваат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

The post Почна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди од повикот објавен во февруари годинава appeared first on Република.

]]>

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е почнато доделувањето ваучери за купување и вградување високоефикасни инвертер клима-уреди, наменети за домаќинствата кои ги исполнуваат критериумите на јавниот повик, објавен на веб-страницата на Министерството за економија на 1 февруари 2024. Согласно Програмата за поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2024 година, се доделуваат над 6000 ваучери за инвертер клима-уреди.
Списоците на избрани корисници, како и списоците на правни субјекти со кои Министерството има склучено договор за реализација на ваучерите, се објавени на веб-страницата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини https://www.ea.gov.mk/. Овие информации се јавни и достапни за сите заинтересирани. Со цел појаснување на процесот, важно е да се напомене дека конкурсот и изборот на корисниците беа управувани од Министерството за економија, кое беше надлежно и за евалуација и за конечниот избор на граѓаните кои ги исполнуваат условите, како и избор на правните субјекти каде граѓаните ќе можат да ги искористат овие ваучери. По направениот избор, Министерството за енергетика ја презеде обврската за организирање и спроведување на доделувањето на ваучерите. Овој обемен процес е успешно координиран од тимот на Министерството, обезбедувајќи навремено доделување на ваучерите пред почетокот на зимската сезона, информира Министерството за енергетика.
Како што се посочува во соопштението, по објавата на списоците, почнале со дистрибуција на ваучерите до општините. Тие ќе може да се подигнат во специјални регионални канцеларии кои се отворени само за оваа намена. Точната локација и работното време на канцелариите ќе биде дополнително објавено на веб-страницата на Министерството.
Граѓаните можат да ги искористат ваучерите за набавка на инвертер клима-уреди најдоцна до 30 ноември 2024. По овој датум, неискористените ваучери ќе се сметаат за неважечки. Согласно Јавниот оглас за финансиска поддршка преку доделување потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима-уреди за ранливи потрошувачи за 2024 година, предвидени се ваучери од 27.000 денари за лица со ниски примања (приходи до 21.000 денари за самец, 30.000 денари за домаќинство со два члена, и 35.000 денари за домаќинство со три члена). За домаќинства со четири члена, предвиден е ваучер од 30.000 денари, а за домаќинства со пет или повеќе члена – 45.000 денари. Дополнително, за неранливи потрошувачи од Пелагонискиот и Југозападниот регион предвидени се ваучери од 25.000 денари, а за останатите региони - по 23.000 денари, наведуваат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

The post Почна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди од повикот објавен во февруари годинава appeared first on Република.

]]>
Се затвара огласот за доделување на ваучер за инвертер-клими за домаќинствата: Пристигнале голем број апликации https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-zatvara-oglasot-za-dodeluvane-na-vaucher-za-inverter-klimi-za-domakinstvata-pristignale-golem-broj-aplikatsii/ Tue, 06 Feb 2024 12:58:16 +0000 https://republika.mk/?p=741019

Поради големиот број на пристигнати апликации, Министерството за економија донесе одлука, заклучно со крајот на денешниот ден 06.02.2024 година до 15.30 часот, да го затвори  Јавниот оглас за доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2024 година, соопштија од Министерството.

Граѓаните ќе можат да аплицираат само за Јавниот оглас  за стекнување со финансиска поддршка преку доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година. Крајниот рок за овој оглас е 15 февруари.

Двата јавни огласи беа објавени на веб-страната на Министерството за економија на 1 февруари 2024 година.

Во Архивата на Министерството за економија за само четири дена откако беа објавени јавните -повици пристигнати се над 9.000 апликации по Јавниот оглас за доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2024 година, (директно во  Архивата на Министерството за економија и по пошта),  за што ја надминува проценетата бројка од над 78.000  домаќинства кои може да добијат ваучер за инвертер клима уред согласно предвидените средства.

За доделување на ваучери за инвертер -клима уреди согласно  Програмата за поттикнување енергетска ефикасност на домаќинствата за 2024 година предвидени се 210.000.000 денари.

Додека за доделување на ваучери за инвертер-клима уреди согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година во Буџетот на Министерството за економија се предвидени 45.000.000 денари.

Односно вкупно за доделување на ваучери за инвертер-клима уреди предвидени се вкупно 255.000.000 денари или 4,1 милион евра по сите категории во двата јавни-повици.

Согласно Јавниот оглас  за стекнување со финансиска поддршка преку доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година, беа предвидени ваучери за инвертер клима уреди од 27.000 денари за лицата со ниски примања за самец (вкупни приходи до 21.000 денари), домаќинство со два члена (вкупни приходи од 30.000) и домаќинство со три члена (вкупни приходи од 35.000 денари), а ваучер од 30.000 денари беше предвиден за лицата со ниски примања за домаќинство со четири члена (вкупен приход од 40.000 денари) и домаќинство со пет члена и повеќе (вкупен приход од 45.000 денари).

Согласно Јавниот оглас за доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2024,  ваучер во вредност од 25.0000 денари по домаќинство,беше предвиден за домаќинствата кои живеат на територијата на општините на Пелагонискиот регион (Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци, Долнени) и Југо-Западниот регион (Вевчани, Дебар, Дебарца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга, Центар Жупа), за што се предвидени вкупно 100 милиони денари (1,62 милиони евра). Додека ваучер од 23.000 денари беше предвиден за домаќжинствата во останатата територија на Република Македонија, односно во Скопскиот, Источниот, Југоисточниот, Североисточниот, Вардарскиот и Полошкиот регион.

 

 

 

The post Се затвара огласот за доделување на ваучер за инвертер-клими за домаќинствата: Пристигнале голем број апликации appeared first on Република.

]]>

Поради големиот број на пристигнати апликации, Министерството за економија донесе одлука, заклучно со крајот на денешниот ден 06.02.2024 година до 15.30 часот, да го затвори  Јавниот оглас за доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2024 година, соопштија од Министерството.
Граѓаните ќе можат да аплицираат само за Јавниот оглас  за стекнување со финансиска поддршка преку доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година. Крајниот рок за овој оглас е 15 февруари. Двата јавни огласи беа објавени на веб-страната на Министерството за економија на 1 февруари 2024 година. Во Архивата на Министерството за економија за само четири дена откако беа објавени јавните -повици пристигнати се над 9.000 апликации по Јавниот оглас за доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2024 година, (директно во  Архивата на Министерството за економија и по пошта),  за што ја надминува проценетата бројка од над 78.000  домаќинства кои може да добијат ваучер за инвертер клима уред согласно предвидените средства. За доделување на ваучери за инвертер -клима уреди согласно  Програмата за поттикнување енергетска ефикасност на домаќинствата за 2024 година предвидени се 210.000.000 денари. Додека за доделување на ваучери за инвертер-клима уреди согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година во Буџетот на Министерството за економија се предвидени 45.000.000 денари. Односно вкупно за доделување на ваучери за инвертер-клима уреди предвидени се вкупно 255.000.000 денари или 4,1 милион евра по сите категории во двата јавни-повици. Согласно Јавниот оглас  за стекнување со финансиска поддршка преку доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година, беа предвидени ваучери за инвертер клима уреди од 27.000 денари за лицата со ниски примања за самец (вкупни приходи до 21.000 денари), домаќинство со два члена (вкупни приходи од 30.000) и домаќинство со три члена (вкупни приходи од 35.000 денари), а ваучер од 30.000 денари беше предвиден за лицата со ниски примања за домаќинство со четири члена (вкупен приход од 40.000 денари) и домаќинство со пет члена и повеќе (вкупен приход од 45.000 денари). Согласно Јавниот оглас за доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2024,  ваучер во вредност од 25.0000 денари по домаќинство,беше предвиден за домаќинствата кои живеат на територијата на општините на Пелагонискиот регион (Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци, Долнени) и Југо-Западниот регион (Вевчани, Дебар, Дебарца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга, Центар Жупа), за што се предвидени вкупно 100 милиони денари (1,62 милиони евра). Додека ваучер од 23.000 денари беше предвиден за домаќжинствата во останатата територија на Република Македонија, односно во Скопскиот, Источниот, Југоисточниот, Североисточниот, Вардарскиот и Полошкиот регион.      

The post Се затвара огласот за доделување на ваучер за инвертер-клими за домаќинствата: Пристигнале голем број апликации appeared first on Република.

]]>
Годинава ќе се доделат над 7.000 ваучери за инвертер – клима уреди https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/godinava-ke-se-dodelat-nad-7-000-vaucheri-za-inverter-klima-uredi/ Wed, 31 Jan 2024 11:08:43 +0000 https://republika.mk/?p=738959

Министерството за економија годинава ќе доделува финансиска поддршка преку доделување на потврда – ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди, со цел зголемување на енергетската ефикасност во своите домови и остварување на заштеди на електрична енергија, согласно Програмата за поттикнување енергетска ефикасност на домаќинствата за 2024 година и Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година, кои ги донесе Владата.

Огласите за таа намена, како што информира ресорниот министер Крешник Бектеши на прес-конференција во Владата, ќе бидат објавени утре на веб-страницата на Министерството за економија и во печатените медиуми „Коха“ и „Слободен печат“. Ќе важи условот „прв дојден – прв услужен“. Огласот трае 20 дена од денот на објавувањето, со можност за продолжување од 15 дена, во случај на недоволен број пристигнати барања. Едно лице од едно домаќинство може да поднесе само едно барање за доделување на потврда – ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди. Едно домаќинство може да поднесе барање само за една од програмите или за Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија или, пак, за Програмата за поттикнување за енергетска ефикасност.

Согласно предвидените средства за овие две програми од вкупно 255 милиони денари или 4,1 милиони евра, со целосно нивно искористување, како што рече Бектеши, е предвидено да се доделат над 7.000 ваучери за инвертер – клима уреди.

Согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, лицата со ниски примања за самец со вкупни приходи до 21.000 денари, домаќинство со два члена со вкупни приходи од 30.000 и домаќинство со три члена со вкупни приходи од 35.000 денари, ќе може да добијат ваучер во вредност од 27.000 денари во бруто износ по домаќинство, со вклучен ДДВ за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди, а лицата со ниски примања за домаќинство со четири члена со вкупен приход од 40.000 денари и домаќинство со пет члена и повеќе со вкупен приход од 45.000 денари ќе може да добијат ваучер за инвертер клима во вредност од 30.000 денари во бруто износ по домаќинство, со вклучен ДДВ, рече Бектеши.

Тој прецизира дека вкупните средства за реализација на оваа програма се во износ од 45 милиони денари или 73 илјади евра буџетски средства.

Согласно Програмата за поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинства ваучер во вредност од 25.000 денари по домаќинство, со вклучен ДДВ, ќе добијат домаќинствата кои живеат на територијата на општините на Пелагонискиот регион – Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци, Долнени и Југозападниот регион – Вевчани, Дебар, Дебрца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга, Центар Жупа, посочи Бектеши.

За оваа намена, додаде, се предвидени вкупно 100 милиони денари или 1,62 милиони евра.

Ваучер во износ од 23.000 денари по домаќинство, со вклучен ДДВ, ќе добијат домаќинствата кои живеат во Скопскиот, Источниот, Југоисточниот, Североисточниот, Вардарскиот и Полошкиот регион, за што се предвидени вкупно 110 милиони денари или 1,78 милиони евра, рече Бектеши.

За да го остварат правото на учество по овој јавен оглас домаќинствата во изминатите три календарски години треба да не користеле средства од било кој извор за надомест на трошоци за грејни уреди – печки на пелети или високоефикасни инвертер клима уреди, да немаат приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот. Покрај тоа, уредот ќе треба да биде купен и вграден во текот на 2024 година, најдоцна до 30 ноември годинава, на адресата која е наведена во барањето.

Набавениот уред задолжително треба да има минимум COP 3.0, да грее на надворешна температура од -15 степени Целзиусови и да биде најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење. За да аплицираат за овие два огласи граѓаните ќе треба да пополнат барање кое што ќе може да го подигнат во Архивата на Министерството за економија или на веб-страницата на Министерството за економија, изјава за точноста на податоците заверена на нотар, фотокопија од лична карта од сите членови на домаќинството, како и копија од последна платена сметка за електрична енергија, појасни Бектеши.

Во исто време, додаде, Министерството за економија ќе објави и јавен повик за пријавување на интерес на компании кои вршат трговија со висококвалитетни инвертер – клима уреди со дефинирани услови кои ќе треба да ги исполнуваат, со кои потоа ќе биде склучен договор.

Листата на трговци преку кои ќе може да се набавуваат инвертер – клими со ваучери ќе биде објавена на веб-страницата на Министерството за економија, прецизира Бектеши.

The post Годинава ќе се доделат над 7.000 ваучери за инвертер – клима уреди appeared first on Република.

]]>

Министерството за економија годинава ќе доделува финансиска поддршка преку доделување на потврда – ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди, со цел зголемување на енергетската ефикасност во своите домови и остварување на заштеди на електрична енергија, согласно Програмата за поттикнување енергетска ефикасност на домаќинствата за 2024 година и Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година, кои ги донесе Владата. Огласите за таа намена, како што информира ресорниот министер Крешник Бектеши на прес-конференција во Владата, ќе бидат објавени утре на веб-страницата на Министерството за економија и во печатените медиуми „Коха“ и „Слободен печат“. Ќе важи условот „прв дојден – прв услужен“. Огласот трае 20 дена од денот на објавувањето, со можност за продолжување од 15 дена, во случај на недоволен број пристигнати барања. Едно лице од едно домаќинство може да поднесе само едно барање за доделување на потврда – ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди. Едно домаќинство може да поднесе барање само за една од програмите или за Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија или, пак, за Програмата за поттикнување за енергетска ефикасност. Согласно предвидените средства за овие две програми од вкупно 255 милиони денари или 4,1 милиони евра, со целосно нивно искористување, како што рече Бектеши, е предвидено да се доделат над 7.000 ваучери за инвертер – клима уреди. Согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, лицата со ниски примања за самец со вкупни приходи до 21.000 денари, домаќинство со два члена со вкупни приходи од 30.000 и домаќинство со три члена со вкупни приходи од 35.000 денари, ќе може да добијат ваучер во вредност од 27.000 денари во бруто износ по домаќинство, со вклучен ДДВ за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди, а лицата со ниски примања за домаќинство со четири члена со вкупен приход од 40.000 денари и домаќинство со пет члена и повеќе со вкупен приход од 45.000 денари ќе може да добијат ваучер за инвертер клима во вредност од 30.000 денари во бруто износ по домаќинство, со вклучен ДДВ, рече Бектеши. Тој прецизира дека вкупните средства за реализација на оваа програма се во износ од 45 милиони денари или 73 илјади евра буџетски средства. Согласно Програмата за поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинства ваучер во вредност од 25.000 денари по домаќинство, со вклучен ДДВ, ќе добијат домаќинствата кои живеат на територијата на општините на Пелагонискиот регион – Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци, Долнени и Југозападниот регион – Вевчани, Дебар, Дебрца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга, Центар Жупа, посочи Бектеши. За оваа намена, додаде, се предвидени вкупно 100 милиони денари или 1,62 милиони евра. Ваучер во износ од 23.000 денари по домаќинство, со вклучен ДДВ, ќе добијат домаќинствата кои живеат во Скопскиот, Источниот, Југоисточниот, Североисточниот, Вардарскиот и Полошкиот регион, за што се предвидени вкупно 110 милиони денари или 1,78 милиони евра, рече Бектеши. За да го остварат правото на учество по овој јавен оглас домаќинствата во изминатите три календарски години треба да не користеле средства од било кој извор за надомест на трошоци за грејни уреди – печки на пелети или високоефикасни инвертер клима уреди, да немаат приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот. Покрај тоа, уредот ќе треба да биде купен и вграден во текот на 2024 година, најдоцна до 30 ноември годинава, на адресата која е наведена во барањето. Набавениот уред задолжително треба да има минимум COP 3.0, да грее на надворешна температура од -15 степени Целзиусови и да биде најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење. За да аплицираат за овие два огласи граѓаните ќе треба да пополнат барање кое што ќе може да го подигнат во Архивата на Министерството за економија или на веб-страницата на Министерството за економија, изјава за точноста на податоците заверена на нотар, фотокопија од лична карта од сите членови на домаќинството, како и копија од последна платена сметка за електрична енергија, појасни Бектеши. Во исто време, додаде, Министерството за економија ќе објави и јавен повик за пријавување на интерес на компании кои вршат трговија со висококвалитетни инвертер – клима уреди со дефинирани услови кои ќе треба да ги исполнуваат, со кои потоа ќе биде склучен договор. Листата на трговци преку кои ќе може да се набавуваат инвертер – клими со ваучери ќе биде објавена на веб-страницата на Министерството за економија, прецизира Бектеши.

The post Годинава ќе се доделат над 7.000 ваучери за инвертер – клима уреди appeared first on Република.

]]>
Град Скопје и годинава ќе дава субвенции зa инвертер клима уреди https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-i-godinava-kje-dava-subvencii-za-inverter-klima-uredi/ Mon, 11 Apr 2022 07:52:28 +0000 https://republika.mk/?p=486520

Град Скопје и во 2022 година ја продолжува мерката за доделување субвенции на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди за загревање.

Во наредниот период ќе биде распишан јавниот повик за субвенции на кој ќе можат да аплицираат сите лица кои ги исполнуваат предвидените услови, а ќе можат да аплицираат сите оние што набавиле инвертер клима уреди почнувајќи од 01.01.2022 година. Средствата предвидени за овие субвенции се обезбедени од буџетот на Град Скопје, како и преостанатите средства добиени од Владата во 2020 година.

Согласно со годинешната програма, за оваа намена се предвидени 24 милиони денари, додека на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ.

Доколку се направи паралела во трошоците за греење на стан со 60 м2 за една грејна сезона во однос на греење со термо печка, печка на дрва и инвертер клима уред ќе се добијат следните пресметки:

– Термо печка која троши 10.920 kwh електрична енергија троши околу 76.000 денари годишно;

– Печка на дрва која троши 12 м3 огревно дрво троши околу 48.000 денари годишно;

– Инвертер клима уредот на годишно ниво троши само 4.580 kwh електрична енергија, односно само 30.000 денари годишно.

Според анализата на годишно ниво ќе се заштедат околу 18.000 денари во однос на загревањето со печка на дрва или 46.000 денари во однос на загревањето со термо печка.

The post Град Скопје и годинава ќе дава субвенции зa инвертер клима уреди appeared first on Република.

]]>

Град Скопје и во 2022 година ја продолжува мерката за доделување субвенции на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди за загревање. Во наредниот период ќе биде распишан јавниот повик за субвенции на кој ќе можат да аплицираат сите лица кои ги исполнуваат предвидените услови, а ќе можат да аплицираат сите оние што набавиле инвертер клима уреди почнувајќи од 01.01.2022 година. Средствата предвидени за овие субвенции се обезбедени од буџетот на Град Скопје, како и преостанатите средства добиени од Владата во 2020 година. Согласно со годинешната програма, за оваа намена се предвидени 24 милиони денари, додека на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ. Доколку се направи паралела во трошоците за греење на стан со 60 м2 за една грејна сезона во однос на греење со термо печка, печка на дрва и инвертер клима уред ќе се добијат следните пресметки: – Термо печка која троши 10.920 kwh електрична енергија троши околу 76.000 денари годишно; – Печка на дрва која троши 12 м3 огревно дрво троши околу 48.000 денари годишно; – Инвертер клима уредот на годишно ниво троши само 4.580 kwh електрична енергија, односно само 30.000 денари годишно. Според анализата на годишно ниво ќе се заштедат околу 18.000 денари во однос на загревањето со печка на дрва или 46.000 денари во однос на загревањето со термо печка.

The post Град Скопје и годинава ќе дава субвенции зa инвертер клима уреди appeared first on Република.

]]>