инвалидска пензија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/invalidska-penzija/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Mar 2024 17:14:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png инвалидска пензија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/invalidska-penzija/ 32 32 Скопјанец девет години ја земал инвалидската пензија на мајка му, не пријавил дека е почината https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanets-devet-godini-ja-zemal-invalidskata-penzija-na-majka-mu-ne-prijavil-deka-e-pochinata/ Fri, 01 Mar 2024 17:24:01 +0000 https://republika.mk/?p=750165

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Н.Љ.(60) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во Министерство за труд и социјална политика, тој не пријавил дека неговата мајка, која била корисник на права на „семејна инвалиднина“, починала на 22.01.2013, по што во периодот од 01.02.2013 до 06.03.2022 продолжил да ги користи правата, соопшти МВР.

На тој начин тој нанел штета на Буџетот за сума од 2.410.328 денари.

 

The post Скопјанец девет години ја земал инвалидската пензија на мајка му, не пријавил дека е почината appeared first on Република.

]]>

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Н.Љ.(60) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во Министерство за труд и социјална политика, тој не пријавил дека неговата мајка, која била корисник на права на „семејна инвалиднина“, починала на 22.01.2013, по што во периодот од 01.02.2013 до 06.03.2022 продолжил да ги користи правата, соопшти МВР. На тој начин тој нанел штета на Буџетот за сума од 2.410.328 денари.  

The post Скопјанец девет години ја земал инвалидската пензија на мајка му, не пријавил дека е почината appeared first on Република.

]]>
Народниот правобранител предлага мирување на работниот однос за лицата со времена инвалидска пензија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/narodniot-pravobranitel-predlaga-miruvane-na-rabotniot-odnos-za-litsata-so-vremena-invalidska-penzija/ Sun, 12 Feb 2023 09:16:48 +0000 https://republika.mk/?p=607929

Голем број граѓани корисници на времена инвалидска пензија се соочуваат со проблем во моментот кога при контролен преглед надлежната комисија ќе оцени дека се работоспособни. Во тој момент тие остануваат без егзистенција, односно и без пензија и без плата.

На лицето кога ќе добие решение за времена инвалидска пензија му престанува работниот однос и работодавачот врши негово одјавување од работа. Воедно, тој е задолжен да оди на контролен преглед пред Комисија за оцена на работната способност. Меѓутоа по контролниот преглед, доколку Комисијата даде негативен наод и мислење на лицето му се укинува времена инвалидска пензија и се задолжува да ги врати исплатените парични средства.

Поради зачестените поплаки на граѓаните во однос на остварувањето на правото на инвалидска пензија, поточно проблемите што се јавуваат со одобрената времена инвалидска пензија и промената на состојбите по контролниот преглед, Народниот правобранител по сопствена иницијатива за овој проблем има алармирано во два наврати до Владата и до надлежното Министерство за труд и социјална политика.

Меѓутоа, како што велат од Канцеларијата на Народниот правобранител за МИА и по три години од нивното укажување се уште не е постапено и не е изменет Законот за работни односи со цел да се надмине проблемот.

Излезот од оваа ситуација, Народниот правобранител ја гледа во можноста за создавање дополнителен основ за мирување на работниот однос во Законот за работните односи, во случај кога на работникот му се исплатува времена инвалидска пензија, до донесувањето на решение по контролниот преглед.

Имајќи го предвид фактот дека во тек е подготовка на нов Закон за работни односи во кој се содржани и одредби за мирување на работниот однос по различни основи Народниот правобранител препорачува да се разгледа прашањето со времените инвалидски пензии и последиците кои се јавуваат кога истите ќе се укинат, а граѓаните кои веќе се одјавени од работа остануваат без никаква егзистенција со што се создава состојба на социјални случаи.

Поради ова, според Народниот правобранител, оправдано е да се создаде правен основ кој ќе ги заштити правата на граѓаните.

Од Министерството за труд и социјална политика на прашањето на МИА даваат кус одговор во кој велат дека ќе го земат предвид ова прашање и ќе стапат во контакт со надлежните институции, односно со Министерството за здравство, Фондот за здравство, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со цел изнаоѓање соодветни решенија.

The post Народниот правобранител предлага мирување на работниот однос за лицата со времена инвалидска пензија appeared first on Република.

]]>

Голем број граѓани корисници на времена инвалидска пензија се соочуваат со проблем во моментот кога при контролен преглед надлежната комисија ќе оцени дека се работоспособни. Во тој момент тие остануваат без егзистенција, односно и без пензија и без плата. На лицето кога ќе добие решение за времена инвалидска пензија му престанува работниот однос и работодавачот врши негово одјавување од работа. Воедно, тој е задолжен да оди на контролен преглед пред Комисија за оцена на работната способност. Меѓутоа по контролниот преглед, доколку Комисијата даде негативен наод и мислење на лицето му се укинува времена инвалидска пензија и се задолжува да ги врати исплатените парични средства. Поради зачестените поплаки на граѓаните во однос на остварувањето на правото на инвалидска пензија, поточно проблемите што се јавуваат со одобрената времена инвалидска пензија и промената на состојбите по контролниот преглед, Народниот правобранител по сопствена иницијатива за овој проблем има алармирано во два наврати до Владата и до надлежното Министерство за труд и социјална политика. Меѓутоа, како што велат од Канцеларијата на Народниот правобранител за МИА и по три години од нивното укажување се уште не е постапено и не е изменет Законот за работни односи со цел да се надмине проблемот. Излезот од оваа ситуација, Народниот правобранител ја гледа во можноста за создавање дополнителен основ за мирување на работниот однос во Законот за работните односи, во случај кога на работникот му се исплатува времена инвалидска пензија, до донесувањето на решение по контролниот преглед. Имајќи го предвид фактот дека во тек е подготовка на нов Закон за работни односи во кој се содржани и одредби за мирување на работниот однос по различни основи Народниот правобранител препорачува да се разгледа прашањето со времените инвалидски пензии и последиците кои се јавуваат кога истите ќе се укинат, а граѓаните кои веќе се одјавени од работа остануваат без никаква егзистенција со што се создава состојба на социјални случаи. Поради ова, според Народниот правобранител, оправдано е да се создаде правен основ кој ќе ги заштити правата на граѓаните. Од Министерството за труд и социјална политика на прашањето на МИА даваат кус одговор во кој велат дека ќе го земат предвид ова прашање и ќе стапат во контакт со надлежните институции, односно со Министерството за здравство, Фондот за здравство, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со цел изнаоѓање соодветни решенија.

The post Народниот правобранител предлага мирување на работниот однос за лицата со времена инвалидска пензија appeared first on Република.

]]>