инвалидизирани лица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/invalidizirani-lica/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Jan 2022 14:26:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png инвалидизирани лица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/invalidizirani-lica/ 32 32 Град Скопје и ЈСП склучија договор за организиран превоз на лица со потешка телесна инвалидност https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-i-jsp-skluchija-dogovor-za-organiziran-prevoz-na-lica-so-poteshka-telesna-invalidnost/ Tue, 25 Jan 2022 14:26:53 +0000 https://republika.mk/?p=449318

Градот Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје склучија договор за реализирање организиран превоз на лица со потешка телесна инвалидност на кои заради движење им е потребна инвалидска количка и на лица со тешки моторни пречки, со посебно адаптирани возила.

Превозот на корисниците се реализира со посебно адаптирани возила со автоматски управувана рампа за инвалидска количка, рачки за држење, каиши и шипки за закочување на инвалидските колички. Возилата што се сопственост на Град Скопје, се дадени на користење на ЈСП.

Реализацијата на превозот на дестинации на подрачјето на Град Скопје, е во согласност со Програмата за активностите во областа на социјалната, детската и здравствената заштита во град Скопје, за 2022 година.

Градот Скопје посветено работи на подобрување на пристапноста до градските институции за лицата со потешкотии во движењето, како и на нивната мобилност низ градот.

The post Град Скопје и ЈСП склучија договор за организиран превоз на лица со потешка телесна инвалидност appeared first on Република.

]]>

Градот Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје склучија договор за реализирање организиран превоз на лица со потешка телесна инвалидност на кои заради движење им е потребна инвалидска количка и на лица со тешки моторни пречки, со посебно адаптирани возила. Превозот на корисниците се реализира со посебно адаптирани возила со автоматски управувана рампа за инвалидска количка, рачки за држење, каиши и шипки за закочување на инвалидските колички. Возилата што се сопственост на Град Скопје, се дадени на користење на ЈСП. Реализацијата на превозот на дестинации на подрачјето на Град Скопје, е во согласност со Програмата за активностите во областа на социјалната, детската и здравствената заштита во град Скопје, за 2022 година. Градот Скопје посветено работи на подобрување на пристапноста до градските институции за лицата со потешкотии во движењето, како и на нивната мобилност низ градот.

The post Град Скопје и ЈСП склучија договор за организиран превоз на лица со потешка телесна инвалидност appeared first on Република.

]]>