инвалид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/invalid/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Feb 2024 13:05:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png инвалид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/invalid/ 32 32 Вештачењето побарано од одбраната на обвинетите за случајот Веапоска тврди дека нема вина, родилката вели ме направија инвалид! https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/veshtacheneto-pobarano-od-odbranata-na-obvinetite-za-sluchajot-veaposka-tvrdi-deka-nema-vina-rodilkata-veli-me-napravija-invalid/ Mon, 26 Feb 2024 13:05:08 +0000 https://republika.mk/?p=748539

Со вкрстено испрашување на вештакот, професор доктор Драге Дабески, кој на барање на обвинетите го изработи вештиот наод за отстранувањето на матка, јајник и бубрег по породувањето со царски рез на Јилдз Веапоска од Дебар, денеска во Основниот суд во Струга продолжи јавната расправа во судскиот процес против тројцата лекари од струшката Болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска.

Според вештакот, обвинетите лекари не направиле пропуст при лекувањето на родилката, туку спасиле еден млад живот. Тој тврди дека согласно доставената документација за вештачење, лекарите во струшката Болница постапиле правилно кога ги извадиле органите за санирање на крварењето предизвикано од бубрежната артерија.

Тоа вештачење е спротивно на првото изработено од судска медицина и бранителот на оштетената не го признава.

Вештачењето на Судска медицина укажува дека се пропуштени многу работи при операцијата и скоро е невозможно поинаку да размислуваме. Обвинетите ќе мора да одговараат за дејствијата кои ги превзеле, односно што не ги превземале. Верувам дека и Судот е заинтересиран да се утврди правата вистина во поглед на тоа како е возможно бремена жена да влезе здрава права во операциона сала, а потоа да излезе без три органи. Тоа е мистерија, изјави по рочиштето адвокатот на Веапоска, Сашо Јанев.

Оштетената Веапоска, пак го поставува прашањето како лекарите во Болницата во Струга и го спасиле животот, кога во кома била пренесена на скопските клиники каде подлежела на нов хирушки зафат.

Вештакот појаснува дека докторите обвинети ми го спасиле животот со тоа што ги извадиле моите органи и ме оставиле половина човек, но како ми го спасиле животот кога мене ме пратиле во Скопје и повоторно сум била принудена да влезам во операциона сала да се прави ревизија во Скопските клиники. Мојата битка траеше 14 дена во кома. Потоа незнам како застанав на нозе, но јас за мојот живот што го спасиле сум им благодарна на докторите на Клиниката во Скопје и докторот Скендер Саиди. Овие доктори не ми го спасија животот, овие доктори ми го упропастија животот, ме направија инвaлид, не можам повеќе да раѓам и не можам повеќе да имам деца, изјави Веапоска.

Адвокатот на третообвинетата, доктор Лилјана Јованоска, Александар Новаковски вели дека на следното рочиште ќе следува усогласување на двете вештачења, а потоа ќе се одлучува за дополнителни предлози. Не ја исклучива ниту опцијата за супер вештачење.

Многу е битно дали ќе се усогласат вештаците за да не се одолговлекува постапката, а дали ќе предложам јас дополнителни докази ќе зависи од тоа усогласување. Има јаз меѓу двете вештачења, медицински различни се спротиставени тврдењата за тоа дали било неопходно да се направи хистериктомија или не и како настанале повредите. Сметам дека до сега за третообвинетата не гледам никакви докази за вина, рече Новакоски.

Следното рочиште е закажано за 23 април за кога треба да бидат повикани сите вештаци од судска медицина и професорот Дабески со цел да ги усогласат вештачењата.

The post Вештачењето побарано од одбраната на обвинетите за случајот Веапоска тврди дека нема вина, родилката вели ме направија инвалид! appeared first on Република.

]]>

Со вкрстено испрашување на вештакот, професор доктор Драге Дабески, кој на барање на обвинетите го изработи вештиот наод за отстранувањето на матка, јајник и бубрег по породувањето со царски рез на Јилдз Веапоска од Дебар, денеска во Основниот суд во Струга продолжи јавната расправа во судскиот процес против тројцата лекари од струшката Болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска. Според вештакот, обвинетите лекари не направиле пропуст при лекувањето на родилката, туку спасиле еден млад живот. Тој тврди дека согласно доставената документација за вештачење, лекарите во струшката Болница постапиле правилно кога ги извадиле органите за санирање на крварењето предизвикано од бубрежната артерија. Тоа вештачење е спротивно на првото изработено од судска медицина и бранителот на оштетената не го признава.
Вештачењето на Судска медицина укажува дека се пропуштени многу работи при операцијата и скоро е невозможно поинаку да размислуваме. Обвинетите ќе мора да одговараат за дејствијата кои ги превзеле, односно што не ги превземале. Верувам дека и Судот е заинтересиран да се утврди правата вистина во поглед на тоа како е возможно бремена жена да влезе здрава права во операциона сала, а потоа да излезе без три органи. Тоа е мистерија, изјави по рочиштето адвокатот на Веапоска, Сашо Јанев.
Оштетената Веапоска, пак го поставува прашањето како лекарите во Болницата во Струга и го спасиле животот, кога во кома била пренесена на скопските клиники каде подлежела на нов хирушки зафат.
Вештакот појаснува дека докторите обвинети ми го спасиле животот со тоа што ги извадиле моите органи и ме оставиле половина човек, но како ми го спасиле животот кога мене ме пратиле во Скопје и повоторно сум била принудена да влезам во операциона сала да се прави ревизија во Скопските клиники. Мојата битка траеше 14 дена во кома. Потоа незнам како застанав на нозе, но јас за мојот живот што го спасиле сум им благодарна на докторите на Клиниката во Скопје и докторот Скендер Саиди. Овие доктори не ми го спасија животот, овие доктори ми го упропастија животот, ме направија инвaлид, не можам повеќе да раѓам и не можам повеќе да имам деца, изјави Веапоска.
Адвокатот на третообвинетата, доктор Лилјана Јованоска, Александар Новаковски вели дека на следното рочиште ќе следува усогласување на двете вештачења, а потоа ќе се одлучува за дополнителни предлози. Не ја исклучива ниту опцијата за супер вештачење.
Многу е битно дали ќе се усогласат вештаците за да не се одолговлекува постапката, а дали ќе предложам јас дополнителни докази ќе зависи од тоа усогласување. Има јаз меѓу двете вештачења, медицински различни се спротиставени тврдењата за тоа дали било неопходно да се направи хистериктомија или не и како настанале повредите. Сметам дека до сега за третообвинетата не гледам никакви докази за вина, рече Новакоски.
Следното рочиште е закажано за 23 април за кога треба да бидат повикани сите вештаци од судска медицина и професорот Дабески со цел да ги усогласат вештачењата.

The post Вештачењето побарано од одбраната на обвинетите за случајот Веапоска тврди дека нема вина, родилката вели ме направија инвалид! appeared first on Република.

]]>
По случајот со казнетиот инвалид во Скопје, може да се самораспуштиме како држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-sluchajot-so-kaznetiot-invalid-vo-skopje-mozhe-da-se-samoraspushtime-kako-drzhava/ Sun, 19 Mar 2023 10:05:26 +0000 https://republika.mk/?p=621189

Билјана Гаврилова Станковска од Велес објави статус на Фејсбук зашто беше револтирана од дискриминацијата која како лице со посебни потреби, ја доживеала во Скопје, по што со свој став излезе и „Ина Многуфина“.

После искуството на инвалид казнет дека се паркирал на место за инвалиди иако платил паркинг ама не му важи дека не е од Скопје, како да на влезот во Скопје инвалидите од другите градови престануваат да бидат инвалиди, можеме слободно да се самораспуштиме и како систем и како општество и како локална самоуправа и како држава. Ако стигнавме да ги малтретираме немоќните, болните и луѓето со посебни потреби, сме го допреле дното другари, напиша „Ина Многуфина“.

The post По случајот со казнетиот инвалид во Скопје, може да се самораспуштиме како држава appeared first on Република.

]]>

Билјана Гаврилова Станковска од Велес објави статус на Фејсбук зашто беше револтирана од дискриминацијата која како лице со посебни потреби, ја доживеала во Скопје, по што со свој став излезе и „Ина Многуфина“. После искуството на инвалид казнет дека се паркирал на место за инвалиди иако платил паркинг ама не му важи дека не е од Скопје, како да на влезот во Скопје инвалидите од другите градови престануваат да бидат инвалиди, можеме слободно да се самораспуштиме и како систем и како општество и како локална самоуправа и како држава. Ако стигнавме да ги малтретираме немоќните, болните и луѓето со посебни потреби, сме го допреле дното другари, напиша „Ина Многуфина“.

The post По случајот со казнетиот инвалид во Скопје, може да се самораспуштиме како држава appeared first on Република.

]]>
Полиција пукаше во човек со две ампутирани нозе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/politsija-pukashe-vo-chovek-so-dve-amputirani-noze/ Tue, 31 Jan 2023 20:16:29 +0000 https://republika.mk/?p=603118

Човек на кој му биле ампутирани двете нозе бил застрелан и убиен од група полицајци од Калифорнија додека се обидел да побегне од нив откако скокнал од својата инвалидска количка.

Тројца полицајци од полицискиот оддел во Хантингтон Парк биле снимени како пукаат  во Ентони Лоу Џуниор, 36-годишен татко на две деца.

Лоу Џуниор избодел непознато лице со нож пред да биде застрелан неиспровоцирано, според полицијата, и се обидувал да побегне од двајца полицајци, пишува Дејли мејл.

На видеото од инцидентот се гледа како тој стои пред двајца полицајци покрај својата инвалидска количка од која скокна.Се свртел и се обидел набрзина да им се оттргне, држејќи во едната рака голем месарски нож.

The post Полиција пукаше во човек со две ампутирани нозе appeared first on Република.

]]>

Човек на кој му биле ампутирани двете нозе бил застрелан и убиен од група полицајци од Калифорнија додека се обидел да побегне од нив откако скокнал од својата инвалидска количка. Тројца полицајци од полицискиот оддел во Хантингтон Парк биле снимени како пукаат  во Ентони Лоу Џуниор, 36-годишен татко на две деца.