интимни односи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/intimni-odnosi/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Jul 2024 20:32:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png интимни односи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/intimni-odnosi/ 32 32 Како до подобри интимни односи во средовечните години, советува д-р Милојевиќ https://arhiva3.republika.mk/intima/kako-do-podobri-intimni-odnosi-vo-sredovechnite-godini-sovetuva-d-r-milojevik/ Sat, 20 Jul 2024 20:29:47 +0000 https://republika.mk/?p=790133

Одредени студии покажуваат дека жените и мажите во средовеќни години не се возбудуваат сексуално толку лесно. Главните виновници за ова се менопаузата, машкиот и женски климактериум, либидото, како и физичката неактивност. Меѓутоа, работите можат да се сменат кога се во прашање интимните врски, рече гинекологот Дејана Милојевиќ зборувајќи за подобувањето на интимните односи во средните години на гостување на ТВ Прва.

Таа потенцира дека менопаузата постои и кај мажите и кај жените, односно тоа е периодот кога се јавува дисфункција на хормоните, односно нивно опаѓање.

Всушност, ние сме она што од нас го прават нашите хормони. Затоа треба да правиме нешто за нашата благосостојба, она што ни ги лачи хормоните на среќа, пример слушање музика и пешачење. Доволно е секој ден да попешачиме одредено растојание за хормонот на среќата да има одредена динамика во своето лачење и некако да го балансира хормоналниот милје, предлага гинекологот.

Според Милојевиќ, сексуалноста е когнитивно искуство, а физичката активност, квалитетниот сон и животот без стрес и тоа како влијаат на нивото на хормоните. Потенцира дека сексуалниот апетит може да се подобри со физичка активност.

Кога станува збор за женскиот хормон, естрогенот, доктор Милојевиќ откри како можеме да го „вратиме“.

На прво место, можеме да го измериме и да разбереме на кој аспект од нашиот живот најмногу ни влијае неговото немање, дали се работи за сексуалната активност, вазомоторните симптоми, промените во расположението... Кога знаеме како тие влијаат на нас, полесно можеме да примениме одредена техниката на нивното нормално функционирање, советува докторката.

The post Како до подобри интимни односи во средовечните години, советува д-р Милојевиќ appeared first on Република.

]]>

Одредени студии покажуваат дека жените и мажите во средовеќни години не се возбудуваат сексуално толку лесно. Главните виновници за ова се менопаузата, машкиот и женски климактериум, либидото, како и физичката неактивност. Меѓутоа, работите можат да се сменат кога се во прашање интимните врски, рече гинекологот Дејана Милојевиќ зборувајќи за подобувањето на интимните односи во средните години на гостување на ТВ Прва.
Таа потенцира дека менопаузата постои и кај мажите и кај жените, односно тоа е периодот кога се јавува дисфункција на хормоните, односно нивно опаѓање.
Всушност, ние сме она што од нас го прават нашите хормони. Затоа треба да правиме нешто за нашата благосостојба, она што ни ги лачи хормоните на среќа, пример слушање музика и пешачење. Доволно е секој ден да попешачиме одредено растојание за хормонот на среќата да има одредена динамика во своето лачење и некако да го балансира хормоналниот милје, предлага гинекологот.
Според Милојевиќ, сексуалноста е когнитивно искуство, а физичката активност, квалитетниот сон и животот без стрес и тоа како влијаат на нивото на хормоните. Потенцира дека сексуалниот апетит може да се подобри со физичка активност. Кога станува збор за женскиот хормон, естрогенот, доктор Милојевиќ откри како можеме да го „вратиме“.